AdvancedRotak 36V-40-650 - кошачка за трева BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AdvancedRotak 36V-40-650 BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за AdvancedRotak 36V-40-650 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AdvancedRotak 36V-40-650 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AdvancedRotak 36V-40-650 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AdvancedRotak 36V-40-650 BOSCH
Македонски.... Страница 179
Srpski ...... Strana 187
Slovenščina ....Stran 195
Hrvatski ....Stranica 202
Eesti Lehekülg 210
Безбедносни напомени
Објаснување на символите на косилката

Општи безбедносни правила.


Прочитајте го упатството за употреба.

Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените парчиња.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги посматрачите понастрана.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги рацете и стапалата подалеку од запците/сечилото.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Тргнете ја батеријата пред сервисирање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Отстранете го уредот за заклучување пред да започнете работи околу одржувањето.

Не применливо.

Почекајте сите компоненти на косачката да застанат пред да ги допрете. Сечилата на косачката можат да предизвикаат повреда и кога мируваат.

Не употребувајте го овој производ кога има дожд.

Не применливо.

Не применливо.

Полначот е опремен со безбедносен трансформатор.

Полначот употребувајте го само во суви простории.

За чистење на уредот не употребувајте високопритисна пералка или гумено црево.

Внимателно проверете го полето на коешто їе работи уредот да нема диви или домашни животни. Дивите и домашните животни можат да бидат повредени за време на
употреба на машината. Проверете го детално полето на работа на машината и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други предмети. При ракувањето со машината внимавајте во густата трева да нема скриени диви или домашни животни, како ни стебла.
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или включување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и ислучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасности од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни упатства за тримери за трева
▶ Не користете ја колилката во лоши временски услови, особено кога постои ризик од гром. Со тоа ље го намалите ризикот и веројатноста да бидете погодени од гром.
▶ Темелно проверувајте ја областа каде то косилката ће се користи поради евентуални диви животни.
Дивите животни може да бидат повредени од косилката за време на работата.
▶ Детално проверете го просторот каде што їр
работи уредот и отстранете ги сите камења,
гранчиња, жици и други препреки. Фрлените
предмети може да предизвикаат телесна повреда
▶ Пред да ја користите косилката, секогаш визуелно проверувајте ја за да се уверите дека склопот на сечилото и сечилото не се истрошени или оштетени. Изабените или оштетените делови го зголемуваат ризикот од повреди.
▶ Проверувајте го често делот за фаќање на тревата да ли е изабен или оштетен. Истрошениот или оштетен фаќач за трева може да го зголеми ризикот од повреда.
Монтирајте ги сите sawтитини помагала на предвиденото место. Заштитните помагала мора да бидат функционални и правилно наместени.
Штитиникот кога е лабав, оштетен или не работи правилно може да предизвика повреда.
▶ Чувајте ги сите отвори за вентилација без нечистотија. Запушените отвори и остатоци може да предизвикаат прегревање или опасност од пожар.
Koga работите со косилка, секогаш носете нелизгави и заштитни обувки. Не ракувајте со косилката боси или со отворени сандали. Ова го намалува ризикот од повреда на стапалото при контакт со сечилото кое е во движење.
▶ Секогаш носете долги панталони кога ракувате со косилката. Незаштитената кожа носи зголемен ризик од повреда од отфрлени предмети.
▶ Не ракувајте со косилката на влажна трева. Одете, никогаш не трчајте. Ова го смалува ризикот од лизгање или паѓање, што може да резултира со повреда.
▶ Не ракувајте со косилката на многу стрмни падини.
Ова го намалува ризикот од губење контрола, лизгање или паѓање, што може да резултира со повреда.
Koga работите на падини, секогаш погрижете се вашето подножје да е безбедно, секогаш работете преку нагибот, никогаш по угорнина или удолница и бидете исключително внимателни кога го менувате правецот. Ова го намалува ризикот од губење контрола, лизгање или пагање, што може да резултира со повреда.
▶ Бидете внимателни кога ја потпирате или влечете косилката кон себе. Секогаш бидете свесни за вашето окружување. Ова го намалува ризикот од сопнување за време на работата.
▶ Не допирајте ги сечилата и другите опасни подвижни делови додека се уште се во движење. Ова го намалува ризикот од повреда од подвижните делови.
Koga отстранувате заглавен материјал или ја чистите косилката, погрижете се сите прекинувачи да се наоғаат во положба OFF и батеријата да биде извадена. Неочекуваното стартување на косилката може да предизвика сериозни повреди.
▶ Кога го прилагодувате уредот, внимавајте да не ги заглавите вашите прсти помеѓу подвижните сечила и фиксираните делови на машината.
▶ Секогаш оставете го производот да се излади пред складирање.
- Испразнете го собирают на трева пред да го складирате.
Ракување
▶ Препорачуваме да носите слушалки за заштита на слухот.
▶ Стопирајте ги сечилата кога треба да ја пренесете машината, преку површини коишто не се трева и кога ја носите машината до и од местото на косењето.
▶ Не наведнувајте го уредот при вклучување или додека моторот работи.
▶ Моторот исклучувајте го стоејки со стапалата подалеку од ротирачките сечила.
▶ Не доближувајте ги рацете и стапалата до ротирачките делови.
▶ Кога косите, стоите што е можно подалеку од косачката.
▶ Не носете ја косачката и не влечете ја додака моторот работи.
▶ При складирање на уредот, внимавајте тој да стои на подот со сите 4 тркала.
▶ Уредот носете го само за рачката за носење. Ракувајте внимателно со рачката.
Исклучете го уредот од струја
- Секогаш кога ја оставате косачката без надзор.
– Пред отстранување на пречка.
– Пред прегледување, чистење и поправка на машината.
– Веднаш по удирање во тврд предмет. Веднаш по оштетување прегледајте ја машината и извршете ги неопходните поправки.
– Ако косачката почне да вибрира неконтролирано (проверете веднаш).
Собирање лисја
Сечилото за собирање лисја е така проектирано, за со него да можат да се собираат есенски суви лисја. За да се постигне максимален ефект на оваа функција, направете го следново:
– Собирајте лисја при подесеност на максимальна висина на косење.
– Собирајте лисја само на тревник.
– Пред да почнете со собирање на лисјата, прегледајте на теренот да нема луге, животни, предмети од стакло и автомобили.
Напомени за оптимално користење на батериите
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Постои опасност од експлозија.
Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спајалици, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој међу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
▶ Наполнете го мерниот уред со испорачаниот полнач.
Ознаки
Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ће ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.
Ознака Значење
![]() | Правец на движење |
![]() | Правец на реакција |
![]() | Носете заштитни ракавици |
| [УТВК] | Тежина |
| [ОКИТ] | Вклучување |
![]() | Исклучување |
![]() | Дозволена функција |
![]() | Забранети акции |
| CLICK | Чујна бучава |
| [ЕФИ] | Додатна опрема/резервни делови |
Опис на производот и ракување

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Видете ги илустрациите на крајот на упатството.
Употреба со соодветна намена
Косачката е наменета за употреба на домашни тревници. Уредот не е наменет за режење и поткастрување огради. Уредот е наменет за косење на висина на подлогата земја, трева.
Технички податоци
| Косилка за трева AdvancedRotak 36V-40-650 AdvancedRotak 36V-44-750 | ||
| Број на артикл | 3 600 HB9 F.. 3 600 HB9 G.. | |
| Номинален напон V 36 36 | ||
| Ширина на шишање см 40 44 | ||
| Висина на косење мм 25 - 80 25 - 80 | ||
| Волумен, корпа за трева | 50 50 | ||
184 | Македонски
| Косилка за трева AdvancedRotak 36V-40-650 AdvancedRotak 36V-44-750 | ||
| Тежина според IEC 62841-1 / IEC 62841-4-3 | кг 16,7 16,6 | |
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0... +35 0... +35 | |
| Дозволена температура во околниот амбиент за време на работењето и при складирање | °C -20... +50 -20... +50 | |
| Тип на батерија GBA 36V 2,0 Ah, 4,0 Ah, 6,0 | Ah | GBA 36V 4,0 Ah, 6,0 Ah |
Сите вредности во ова упатство се измерени при употреба под 2000 метри надморска висина.
Информации за бучава/вибрации
AdvancedRotak 36V-40-650 AdvancedRotak 36V-44-750
3 600 HB9 F.. 3 600 HB9 G..
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN IEC 62841-4-3:2021
А-пондерираното односно измереното А ниво на бучавата изнесува обично:
| – Звучен притисок dB(A) | 73 76 | |
| – Звучна јачина dB(A) | 89 92 | |
| – Несигурност K dB | = 3,0 = 3,0 | |
| Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN IEC 62841-4-3:2021 | ||
| – Вредност на емисијата на вибрации ah | m/s ^2 | 2,5 3,0 |
| – Несигурност K m/s | ^2 | 1,5 1,5 |
Бидејки декларираната(е) вкупна вредност(и) на вибрации и декларираната(е) вредност(и) на емисија на бучава се измерени според стандардизиран тест метод и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг.
Навередната/-ните вкупна(и) вредност(и) на вибрации и наведената/-ните вредност(и) за емисија на бучавост(а) исто така може да се користат за прелиминарна проценка на изложеноста.
Бидејки емисите на вибрации и бучава за време на вистинската употреба на електричниот алат може да се разликуваат од декларираните вредности, во зависност од начинот на кој се користи електричниот алат, особено од типот на предметот што се обработува; и потребата да се воспостават безбедносни мерки за заштита на операторот, врз основа на проценка на изложеноста на вибрации за време на реалните услови на употреба (земајки ги предвид сите делови од работниот циклус, како што се времињата кога електричниот алат е исклучен и времето кога е включена е, но работи без оптоварување).
Монтажа и користење
| Цел на акцијата односно цел при ракувањето | Слика Страна | |
| Обем на испоракаA) | A | 249 |
A) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
| Цел на акцијата односно цел при ракувањето | Слика Страна | |
| Отворање на рачката | B | 250 |
| Прилагодување на работната висина | ||
| Вметнување/отстранување на корпата за трева | C | 251 |
| Подесување на висината на косење | D | 251 |
| Вметнување на батеријата | E | 252 |
| Употреба- Вметнете го електричниот прекинувач- Вклучете- Косете- Исклучете- Извадете го електричниот прекинувач | F | 253 |
| Извадете ја батеријата | G | 254 |
| Упатство за работа „косење“ | H | 255 |
| Свети знакот за корпата за прифат трева празна/полна | I | 256 |
| Преклопете ја корпата за прифат на трева | J | 256 |
| Склопување на рачката за ракување | K | 257 |
| Одржување/замена на сечилата | L | 258 |
| Избор на опрема | M | 258 |
Вклучување
За Ваша безбедност
▶ Предупредување: Исклучете ја косачката, извадете го клучот за изолација и батеријата пред секое прилагодување или чистење. Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.
▶ По исключувањето на косачката, сечилата вртат уште неколку секунди.
▶ Предупредување: Внимание – не допирајте ги ротирачките сечила.
▶ Користете ги само оние полначи коишто се наведени во Технички податоци. Само овие полначи се компатибилни со Li-ion батериите што треба да се користат во вашиот производ.
Полнење на батеријата
Батеријата е опремена со температурен монитор кој дозволува полнење само на температури од 0 °C до 35 °C степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. При празна батерија производот е опремен со заштита од вклучување: Машината повеće не работи.
По автоматското ислучување на уредот, не притискајте на прекинувачот за вклучување/ислучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Вметнување/вадење на батеријата
Забелешка: Користењето на несоодветни батерии може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на уредот.
Повторно ставете ја наполнетата батерија. Проверете дали батеријата е правилно вклопена.
За вадење на батеријата од уредот, притиснете го копчето за вадење на батеријата и извадете ја батеријата.
Совети при работењето
Косна површина (траење на батеријата)
Учинокот при косењето (траењето на батеријата) ќе зависи од својствата и условите на тревникот, густината, влагата и должената на тревата, како и од висината на косење.
Со чести вклучувања и исклучувања на косачката се намалува просечната моćност (траењето на батеријата).
За да постигнете оптимална моїност (траење на батеријата), подигнете ги сечилата и косете со разумно темпо.
Долниот пример ја покажува взаемноста на условите на тревникот и трањето на батеријата.
Услови за косење
| 6cm |
| 4cm |
Многу слаба, сува трева
| Висина на косење | |
| Батерија со 2,0 Ah до 250 m | ^2 |
| Батерија со 4,0 Ah до 500 m | ^2 |
| Батерија со 6,0 Ah до 750 m | ^2 |
За да го продолжите времетрањето на работа, можете да купите дополнителна батерија преку овластен сервис.
Отстранување грешки




| Моторот не севклучува | Неисправни внатрешни инсталации вокосачката | Обратете се во Bosch служба за корисници |
| Празна батерија Наполнете ја батеријата | ||
| Батеријата е премногу топла/ладна Пуштете батеријата да се загрее/олади | ||
| Тревата е превисока Макс. дозволена висина на тревата е 30 см со најголема висина на косење | ||
| Активирана е заштитата на моторот од прегревање | Пуштете да се олади моторот и подигнете ги сечилата | |
| Клучот за изолација не е правилно/потполно ставен | Ставете го правилно | |
| Косачката работи со прекини | Неисправни внатрешни инсталации во косачката | Обратете се во Bosch служба за корисници |
| Активирана е заштитата на моторот од прегревање | Пуштете да се олади моторот и подигнете ги сечилата | |
| Уредот коси нерамномерно и/или моторот работи тешко | Сечилата поставени прениско Подигнете ги сечилата | |
| Тапо сечило | Заменете ги сечилата (види слика L) | |
| Можно запушување Згаснете го уредот и исключете го од напојуање | ||
| Проверете под косачката и по потреба исчистете ја (секогаш носете заштитни ракавици) | ||
| Сечилото монитрано наопаку Монтирајте го сечилото од правилната страна | ||
| По вклучувањето на косачката сечилото не се врти | Сечилото е заплеткано со трева Згаснете го уредот и исключете го од напојуање | |
| Отстранете ја пречката (секогаш носете заштитни ракавици) | ||
| Лабава навртка/-завртка Затегнете ја навртката/-завртката (27 Nm) | ||
| Јаки вибрации/бучава | Лабава навртка/-завртка Затегнете ја навртката/-завртката (27 Nm) | |
| Сечилото е оштетено | Заменете го сечилото (види слика L) | |
Одржување и сервис
Одржување, чистење и чување
Извадете ја батеријата од машината пред да работите на неа (на пример пред редовно одржување, замена на делови и слично), како и пред транспорт и складирање. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување, постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа.
Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти, за да функционираат добро и безбедно.
Никогаш не прскајте го уредот со вода.
Никогаш не потопувајте го уредот во вода.
Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир на деца.
Не ствајате други предмети врз уредот.
Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот.
Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови. Не го модификувајте уредот.
При складирање на уредот, внимавајте тој да стои на подот со сите 4 тркала.
Не го модификувајте уредот. Неовластени модификации може да ја загрозат безбедноста на вашиот производ и да го зголемат ризикот од лична повреда.
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
– Заштитете ја батеријата од влага и вода.
– Чувајте ја батеријата во граници на температура од – 20 °C до 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил во летен период.
– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во уредот.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат за повторна употреба.

Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 187).
Srpski
Sigurnosne napomene
Objašnjenje simbola kosilice za travu

Opšte uputstvo o opasnosti.







