Rotak 18V2-43 - кошачка за трева BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Rotak 18V2-43 BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за Rotak 18V2-43 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Rotak 18V2-43 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Rotak 18V2-43 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Rotak 18V2-43 BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
s.l.izirma navodila
hr Originalne upute za rad
Македонски.... Страница 191
Srpski ...... Strana 199
Slovenščina ....Stran 206
Hrvatski ....Stranica 213
Безбедносни напомени
Објаснување на симболите на косилката

Општи безбедносни правила.

Прочитајте го упатството за употреба.

Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените парчиња.

ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ: Држете ги посматрачите понастрана.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги рацете и стапалата подалеку од запците/сечилото.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Тргнете ја батеријата пред сервисирање.

Не применливо.

Почекајте сите компоненти на косачката да застанат пред да ги допрете. Сечилата на косачката можат да предизвикаат повреда и кога мируваат.

Не употребувајте го овој производ кога има дожд.

Не применливо.

Не применливо.

За чистење на уредот не употребувајте високопритисна пералка или гумено црево.

Внимателно проверете го полето на коешто їе работи уредот да нема диви или домашни животни. Дивите и домашните животни можат да бидат повредени за време на
употреба на машината. Проверете го детално полето на работа на машината и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други предмети. При ракувањето со машината внимавајте во густата трева да нема скриени диви или домашни животни, како ни стебла.
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е ислучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо їе ја извршите работата за која е наменет.
He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни упатства за тримери за трева
He користете ја колилката во лоши временски услови, особено кога постои ризик од гром. Со тоа їе го намалите ризикот и веројатноста да бидете погодени од гром.
▶ Темелно проверувајте ја областа каде то косилката ће се користи поради евентуални диви животни.
Дивите животни може да бидат повредени од косилката за време на работата.
▶ Детално проверете го просторот каде што їр работи уредот и отстранете ги сите камења, гранчиња, жици и други препреки. Фрлените предмети може да предизвикаат телесна повреда
▶ Пред да ја користите косилката, секогаш визуелно проверувајте ја за да се уверите дека склопот на
сечилото и сечилото не се истрошени или оштетени. Изабените или оштетените делови го зголемуваат ризикот од повреди.
▶ Проверувајте го често делот за фаќање на тревата да ли е изабен или оштетен. Истрошениот или оштетен фаќач за трева може да го зголеми ризикот од повреда.
Монтирајте ги сите sawтитини помагала на предвиденото место. Заштитните помагала мора да бидат функционални и правилно наместени.
Штитиникот кога е лабав, оштетен или не работи правилно може да предизвика повреда.
▶ Чувајте ги сите отвори за вентилација без нечистотија. Запушените отвори и остатоци може да предизвикаат прегревање или опасност од пожар.
Koga работите со косилка, секогаш носете нелизгави и заштитни обувки. Не ракувајте со косилката боси или со отворени сандали. Ова го намалува ризикот од повреда на стапалото при контакт со сечилото кое е во движење.
▶ Секогаш носете долги панталони кога ракувате со косилката. Незаштитената кожа носи зголемен ризик од повреда од отфрлени предмети.
He ракувајте со косилката на влажна трева. Одете, никогаш не трчајте. Ова го смалува ризикот од лизгање или паѓање, што може да резултира со повреда.
▶ Не ракувајте со косилката на многу стрмни падини.
Ова го намалува ризикот од губење контрола, лизгање или паѓање, што може да резултира со повреда.
Koga работите на падини, секогаш погрижете се вашето подножје да е безбедно, секогаш работете преку нагибот, никогаш по угорнина или удолница и бидете ислучително внимателни кога го менувате правецот. Ова го намалува ризикот од губење контрола, лизгање или паѓање, што може да резултира со повреда.
▶ Бидете внимателни кога ја потпирате или влечете косилката кон себе. Секогаш бидете свесни за вашето окружување. Ова го намалува ризикот од сопнување за време на работата.
▶ Не допирајте ги сечилата и другите опасни подвижни делови додека се уште се во движење. Ова го намалува ризикот од повреда од подвижните делови.
Koga отстранувате заглавен материјал или ја чистите косилката, погрижете се сите прекинувачи да се наоғаат во положба OFF и батеријата да биде извадена. Неочекуваното стартување на косилката може да предизвика сериозни повреди.
▶ Овој уред содржи магнети - Не ставајте го магнетот во близина на импланти и други медицински уреди, како што се пејсмејкери или инсулински пумпи, магнетни носачи на податоци и магнетно
чувствителни уреди. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на овие видови медицински уреди или да предизвика неповратно губенје на податоци.
▶ Кога го прилагодувате уредот, внимавајте да не ги заглавите вашите прсти помеѓу подвижните сечила и фиксираните делови на машината.
▶ Проверете го производот дали е оштетен како удрил во тврд предмет или кога има прекумерни вибрации.
▶ Секогаш оставете го производот да се излади пред складирање.
- Испразнете го собирают на трева пред да го складирате.
Ракување
▶ Препорачуваме да носите слушалки за заштита на слухот.
▶ Стопирајте ги сечилата кога треба да ја пренесете машината, преку површини коишто не се трева и кога ја носите машината до и од местото на косењето.
▶ Не наведнувајте го уредот при вклучување или додека моторот работи.
▶ Моторот исклучувајте го стоејки со стапалата подалеку од ротирачките сечила.
▶ Не доближувајте ги рацете и стапалата до ротирачките делови.
▶ Кога косите, стоите што е можно подалеку од косачката.
▶ Не носете ја косачката и не влечете ја додака моторот работи.
▶ Кога ја преклопувате рачката во положба за складирање, проверете ја положбата на кабелот за да избегнете негово оштетување или приклештување.
▶ Косилката нема да стартува кога рачките се преклопени во положбата за складирање.
▶ Внимавајте, кога ја складирате косилката во
хоризонтална положба, акумулаторот да биде изваден.
▶ Уредот носете го само за рачката за носење. Ракувајте внимателно со рачката.
▶ Не вршете промени на уредот. Неовластените модификации можат да доведат до нарушување на безбедноста на косачката или да ја зголемат бучавата или вибрациите.
Отстранување батерија
– Секогаш кога ја оставате косачката без надзор.
– Пред отстранување на пречка.
– Пред прегледување, чистење и поправка на машината.
– Веднаш по удирање во тврд предмет. Веднаш по оштетување прегледајте ја машината и извршете ги неопходните поправки.
– Ако косачката почне да вибрира неконтролирано (проверете веднаш).
- Пред да го складирате уредот.
Напомени за оптимално користење на батериите
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Постои опасност од експлозија.
Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спајалици, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
▶ Полнете го уред само со полнач содржан во испораката.
Ознаки
Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ће ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.
| Ознака Значење | |
| Правец на движење | |
| Правец на реакција | |
| Носете заштитни ракавици | |
| Тежина | |
| Вклучување | |
Ознака Значење
| Исклучување | |
| Дозволена функција | |
| Забранети акции | |
| CLICI | Чујна бучава |
| Додатна опрема/резервни делови |
Опис на производот и ракување

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за работа.
Употреба со соодветна намена
Косачката е наменета за употреба на домашни тревници. Уредот не е наменет за режење и поткастрување огради. Уредот е наменет за косење на висина на подлогата земја, трева.
Технички податоци
| Косилка ROTAK18V2-38 ROTAK18V2-43 | ||
| Број на дел | 3 600 HB9 M.. 3 600 HB9 L.. | |
| Номинален напон V 36 V (2 x 18 V) 36 V (2 x 18 V) | ||
| Ширина на сечење см 38 43 | ||
| Висина на сечење mm 30–75 30–75 | ||
| Волумен на собирают за трева | 40 50 | ||
| Тежина според IEC 62841-1/IEC 62841-4-3A) | kg 15,8 19,6 | |
| Сериски број видете ја | спецификационатаплочка наградинарскиот уред | видете јаспецификационатаплочка наградинарскиот уред |
| Препорачана околна температура при полнење °C 0 ... +35 0 ... +35 | ||
| Дозволена околна температура при работаB) и прискладирање | °C -5 ... +50 -5 ... +50 | |
| Тип на батерија | PBA 18V...W-C4,0 Ah, 5,0 Ah, 6,0 Ah | PBA 18V...W-C4,0 Ah, 5,0 Ah, 6,0 Ah |
| Препорачани полначиC) | AL18.. | AL18.. |
A) Без батерија (тежината на батеријата може да ја видите во www.bosch-diy.com)
В) ограничена мокност на температури < 0 °C
C) Следните полначи не се компатибилни со РВА батерија: AL 1814 CV, AL 1820 CV, AL 1860 CV
Информации за бучава/вибрации
Вредности за емисија на бучава утврдени споредEN IEC 62841-4-3.
ROTAK18V2-38
Стандардно косење:
Ниво на бучава на електричниот алат оценето со А е типично: ниво на звучниот притисок 79 dB(A); ниво на звучниот притисок 87 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Мулчирање:
Ниво на бучава на електричниот алат оценето со А е типично: ниво на звучниот притисок 77 dB(A); ниво на звучниот притисок 84 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
ROTAK18V2-43
Стандардно косење:
Ниво на бучава на електричниот алат оценето со А е типично: ниво на звучниот притисок 83 dB(A); ниво на звучниот притисок 90 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Мулчирање:
Ниво на бучава на електричниот алат оценето со А е типично: ниво на звучниот притисок 81 dB(A); ниво на звучниот притисок 87 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вредностите на вибрации a_h (континуирани вибрации), p_F (повторени ударни вибрации) и несигурност К се утврдени според EN IEC 62841-4-3:
ROTAK18V2-38
$$ a _ {n} = 1 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2} (K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}), p _ {F} = 7, 2 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2} (K = 0, 6 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}) $$
ROTAK18V2-43
$$ a _ {n} = 1, 2 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2} (K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}), p _ {F} = 1 1, 6 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2} (K = 0, 6 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}) $$
Бидејки декларираната(е) вкупна вредност(и) на вибрации и декларираната(е) вредност(и) на емисија на бучава се измерени според стандардизиран тест метод и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг.
Навередната/-ните вкупна(и) вредност(и) на вибрации и наведената/-ните вредност(и) за емисија на бучавост(а) исто така може да се користат за прелиминарна проценка на изложеноста.
Емисиите на вибрации и бучава за време на реалната употреба на алатот може да се разликуват од декларираните вредности, во зависност од начинот на кој се користи електричниот алат, особено од типот на предметот што се обработува; и потребата да се воспостават безбедносни мерки за заштита на операторот, врз основа на проценка на изложеноста на вибрации за време на реалните услови на употреба (земајки ги предвид сите делови од работниот циклус, како што се временињата кога електричниот алат е ислучен и времето кога е включен, но работи без оптоварување).
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на акумулаторската батерија на акумулаторската батерија
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
LED-светилките на приказот за наполнетост на акумулаторската батерија го покажуваат нивото на
наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето за приказот за наполнетост на батеријата за да се прикаже нивото на наполнетост. Ова е можно и со отстранета батерија.
| LED-светилка на акумулаторската батерија | Ниво на наполнетост на батеријата |
| Трајно светло 4 × зелено ≈ 75–100 % | |
| Трајно светло 3 × зелено ≈ 50–75 % | |
| Трајно светло 2 × зелено ≈ 25–50 % | |
| Трајно светло 1 × зелено ≈ 5–25 % | |
| Трепкачко светло 1 × зелено ≈ 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа и ракување
| Оперативна цел Слика Страна | ||
| Обем на испорака ^A) | A1-A2 | 3-4 |
| ROTAK18V2-38 | B-C | 5 |
| Отворање на рачката | ||
| Приспособување на работната висина | ||
| ROTAK18V2-43 | F | 8 |
| Монтирање на рачката | ||
| Приспособување на работната висина | ||
| Склопување/поставување/отстранување на собирачот за трева | G | 9 |
| Приспособување на висината на сечење | H | 10 |
| Вметнување батерија | I | 10 |
| Ракување- Вклучување- Косење- Исклучување | J1-J2 | 11-12 |
| Вадење батерија | K | 13 |
| Работна насока „косење“ | L | 13 |
| Работна насока „мулчирање“ | M | 14 |
| Одржување/замена на ножот | N | 14 |
| Складирање | O1-O2 | 15-16 |
A) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.
Вклучување
За Ваша безбедност
▶ Внимание! Исключете го градинарскиот алат и извадете ги акумулаторите пред да вршите работи за одржување или чистење. Истото важи и ако кабелот на прекинувачот е оштетен, засечен или заплеткан.
▶ По ислучувањето на косачката, сечилата вртат уште неколку секунди.
▶ Предупредување: Внимание – не допирајте ги ротирачките сечила.
▶ Користете ги само оние полначи коишто се наведени во Технички податоци. Само овие полначи се компатибилни со Li-ion батериите што треба да се користат во вашиот производ.
Функција за мулчирање
Извадете го собирачот за трева и вметнете го адаптерот за мулчирање во отворот за исфрлање. Затворете ја клапната за исфрлање.
Отстранете го адаптерот за мулчирање кога повторно їе го користите собирачот за трева.
Најдобро време за мулчирање на тревата е доцна попладне, кога тревата е сува и свежо покосената површина не е изложена на директна сончева светлина.
За да се постигне најдобар ефект од мулчирањето, приспособете ја висината на косење така што да се отстрани околу една третина од должината на тревните стебленца, идеално не повеće од 10–20 мм одеднаш.
Косна површина (траење на батеријата)
Косната површина (трањето на батеријата) зависи од условите на тревникот, густината, влагата и должината на тревата, како и од висината на косење.
Со чести вклучувања и исклучувања на косачката се намалува просечната моćност (траењето на батеријата).
За да постигнете оптимална мокност (траење на батеријата), подигнете ги сечилата и косете со разумно темпо.
Долниот пример ја покажува взаемноста на условите на тревникот и трањето на батеријата.
Услови за косење

Многу слаба, сува трева
| Висина на косење | ROTAK18V2-38 / ROTAK18V2-43 |
| Батерија со 4,0 Ah до 500/600 m | ^2 |
| Батерија со 5,0 Ah до 600/725 m | ^2 |
| Батерија со 6,0 Ah до 700/850 m | ^2 |
За да го продолжите времетрањето на работа, можете да купите дополнителна батерија преку овластен сервис.
Отстранување грешки




| Моторот не севклучува | Внатрешното поврзување на градинарскиоталат е дефектно | Обратете се до сервисот на Bosch |
| Батеријата е испразнета Наполнете ја батеријата | ||
| Батеријата е премногу ладна/премногу топла Оставете ја батеријата да се загрее/излади | ||
| Тревата е предолга Максимално дозволената висина на тревата е15 см со најголемата поставка на висина насечење | ||
| Заштитата на моторот е активирана Оставете моторот да се олади и поставетепоголема висина на сечење | ||
| Батеријата не е правилно/не е целосновметната | Вметнете ја правилно | |
| Градинарскиот алатработи со прекини | Внатрешното поврзување на градинарскиоталат е дефектно | Обратете се до сервисот на Bosch |
| Заштитата на моторот е активирана Оставете моторот да се олади и поставетепоголема висина на сечење | ||
| Градинарскиот алатостава неправиленрези/илимоторот работи тешко | Висината на сечење е прениска Поставете поголема висина на сечење | |
| Ножот е тап | Заменете го ножот (види слика N) | |
| Можни се блокирања Исклучување на градинарскиот алат иотстранување на батеријата (види слика K)Проверете ја долната страна на градинарскиоталат и, ако е потребно, исчистете ја (секогашносете градинарски ракавици) | ||
| Ножот е монтиран наопаку Монтирајте го ножот правилно | ||
| По вклучувањето наградинарскиоталат,ножот не се врти | Ножот е заглавен од трева Исклучување на градинарскиот алат иотстранување на батеријата (види слика K)Отстранете ја блокадата (секогаш носегеградинарски ракавици) | |
| Навртката/шрафот на ножот е олабавен Затегнете ја навртката/шрафот на ножот(25 Nm) | ||
| Силни вибрации/шумови | Навртката/шрафот на ножот е олабавен Затегнете ја навртката/шрафот на ножот(25 Nm) | |
| Ножот е оштетен | Заменете го ножот (види слика N) | |
Одржување и сервис
Одржување, чистење и чување
Извадете ја батеријата од машината пред да работите на неа (на пример пред редовно одржување, замена на делови и слично), како и пред транспорт и складирање. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување, постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа.
Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти, за да функционираат добро и безбедно.
Никогаш не прскајте го уредот со вода.
Никогаш не потопувајте го уредот во вода.
Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир на деца.
Не ствајате други предмети врз уредот.
Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот. Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови. Не го модификувајте уредот.
При складирање на уредот, внимавајте тој да стои на подот со сите 4 тркала.
Не го модификувајте уредот. Неовластени модификации може да ја загрозат безбедноста на вашиот производ и да го зголемат ризикот од лична повреда.
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
- Заштитете ја батеријата од влага и вода.
– Чувајте ја батеријата во граници на температура од – 20 °C до 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил во летен период.
- Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во уредот.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Сервисна служба и совети при користење
Северна Македонија
Тел.: 02/246 76 10
Линкот до нашите адреси за сервис и гарантни услови може да ги најдете на последната страница.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.
Srpski
Sigurnosne napomene
Objašnjenje simbola kosilice za travu

Opšta napomena o opasnosti.
