GRA 18V2-46SP Professional - кошачка за трева BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GRA 18V2-46SP Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GRA 18V2-46SP Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GRA 18V2-46SP Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GRA 18V2-46SP Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GRA 18V2-46SP Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navpdila
hr Originalne upute za rad
Безбедносни напомени
Објаснување на символите на косилката

Општи безбедносни правила.

Прочитајте го упатството за употреба.

Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените парчиња.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги посматрачите понастрана.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги рацете и стапалата подалеку од запците/сечилото.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Тргнете ја батеријата пред сервисирање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Отстранете го уредот за заклучување пред да започнете работи околу одржувањето.

Почекајте сите компоненти на косачката да застанат пред да ги допрете. Сечилата на косачката можат да предизвикаат повреда и кога мируваат.

Не употребувајте го овој производ кога има дожд.

За чистење на уредот не употребувајте високопритисна пералка или гумено црево.

Внимателно проверете го полето на коешто їе работи уредот да нема диви или домашни животни. Дивите и домашните животни можат да бидат повредени за време на
употреба на машината. Проверете го детално полето на работа на машината и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други предмети. При ракувањето со машината внимавајте во густата трева да нема скриени диви или домашни животни, како ни стебла.
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВА
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
212 | Македонски
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ће ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
▶ Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни упатства за тримери за трева
He користете ја колилката во лоши временски услови, особено кога постои ризик од гром. Со тоа ље го намалите ризикот и веројатноста да бидете погодени од гром.
▶ Темелно проверувајте ја областа каде то косилката ће се користи поради евентуални диви животни.
Дивите животни може да бидат повредени од косилката за време на работата.
▶ Детално проверете го просторот каде што кр
работи уредот и отстранете ги сите камења,
гранчиња, жици и други препреки. Фрлените
предмети може да предизвикаат телесна повреда.
▶ Пред да ја користите косилката, секогаш визуелно проверувајте ја за да се уверите дека склопот на сечилото и сечилото не се истрошени или оштетени. Изабените или оштетените делови го зголемуваат ризикот од повреди.
▶ Проверувајте го често делот за фаќање на тревата да ли е изабен или оштетен. Истрошениот или оштетен фаќач за трева може да го зголеми ризикот од повреда.
▶ Монтирајте ги сите sawтитини помагала на предвиденото место. Заштитните помагала мора да
бидат функционални и правилно наместени. Штитиникот кога е лабав, оштетен или не работи правилно може да предизвика повреда.
Чувајте ги сите отвори за вентилација без нечистотија. Запушените отвори и остатоци може да предизвикаат прегревање или опасност од пожар.
Koga работите со косилка, секогаш носете нелизгави и заштитни обувки. Не ракувајте со косилката боси или со отворени сандали. Ова го намалува ризикот од повреда на стапалото при контакт со сечилото кое е во движење.
Секогаш носете долги панталони кога ракувате со косилката. Незаштитената кожа носи зголемен ризик од повреда од отфрлени предмети.
▶ Не ракувајте со косилката на влажна трева. Одете, никогаш не трчајте. Ова го смалува ризикот од лизгање или паѓање, што може да резултира со повреда.
▶ Не ракувајте со косилката на многу стрмни падини.
Ова го намалува ризикот од губење контрола, лизгање или паѓање, што може да резултира со повреда.
Koga работите на падини, секогаш погрижете се вашето подножје да е безбедно, секогаш работете преку нагибот, никогаш по угорнина или удолница и бидете исключително внимателни кога го менувате правецот. Ова го намалува ризикот од губење контрола, лизгање или пафање, што може да резултира со повреда.
▶ Бидете внимателни кога ја потпирате или влечете косилката кон себе. Секогаш бидете свесни за вашето окружување. Ова го намалува ризикот од сопнување за време на работата.
▶ Не допирајте ги сечилата и другите опасни подвижни делови додека се уште се во движење.
Ова го намалува ризикот од повреда од подвижните делови.
Koga отстранувате заглавен материјал или ја чистите косилката, погрижете се сите прекинувачи да се наоғаат во положба OFF и батеријата да биде извадена. Неочекуваното стартување на косилката може да предизвика сериозни повреди.
▶ Овој уред содржи магнети - Не ставајте го магнетот во близина на импланти и други медицински уреди, како што се пејсмејкери или инсулински пумпи, магнетни носачи на податоци и магнетно чувствителни уреди. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на овие видови медицински уреди или да предизвика неповратно губенје на податоци.
▶ Бидете исключително внимателни при промена на насоката на стрмнини.
- Избегнувајте тргнување и запирање на стрмнини. Избегнувајте ненадејни промени на брзината или насоката. Свртете во кривини полека и постепено.
214 | Македонски
▶ Кога го прилагодувате уредот, внимавајте да не ги заглавите вашите прсти помеѓу подвижните сечила и фиксираните делови на машината.
▶ Проверете го производот дали е оштетен како удрил во тврд предмет или кога има прекумерни вибрации.
▶ Секогаш оставете го производот да се излади пред складирање.
Испразнете го собирают на трева пред да го складирате.
Ракување
▶ Препорачуваме да носите слушалки за заштита на слухот.
▶ Стопирајте ги сечилата кога треба да ја пренесете машината, преку површини коишто не се трева и кога ја носите машината до и од местото на косењето.
▶ Не наведнувајте го уредот при вклучување или додека моторот работи.
▶ Моторот исклучувајте го стоејки со стапалата подалеку од ротирачките сечила.
▶ Не доближувајте ги рацете и стапалата до ротирачките делови.
▶ Кога косите, стоите што е можно подалеку од косачката.
▶ Не носете ја косачката и не влечете ја додака моторот работи.
▶ Кога ја преклопувате рачката во положба за складирање, проверете ја положбата на кабелот за да избегнете негово оштетување или приклештување.
▶ Косилката нема да стартува кога рачките се преклопени во положбата за складирање.
▶ Внимавајте, кога ја складирате косилката во
хоризонтална положба, акумулаторот да биде изваден.
▶ Внимавајте, кога ја складирате косилката во вертикална положба, ножевите да бидат целосно запрени и акумулаторот да биде изваден.
▶ Уредот носете го само за рачката за носење. Ракувајте внимателно со рачката.
Напомени за оптимално користење на батериите
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Постои опасност од експлозија.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спајалици, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
▶ Полнете ги батериите само со полначи одобрени од Bosch.
Ознаки
Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ће ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.
Ознака Значење
![]() | Правец на движење |
![]() | Насока на реакција |
![]() | Носете заштитни ракавици |
![]() | Носете заштитни обувки |
| [Sevači] | Тежина |
| [Saoči] | Вклучување |
![]() | Исклучување |
| [Othná] | Дозволено дејство |
![]() | Забрането дејство |
| CLICK | Звучен шум |
| [Sevači] | Ножот не се врти |
Ознака Значење






Ножот се врти
Контролата на погон е исклучена
висока максимальна брзина
Опис на производот и ракување

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Видете ги илустрациите на крајот на упатството.
Употреба со соодветна намена
Градинарскиот алат е погоден и наменет за косење тревници.
Уредот не е наменет за режење и поткастрување огради.
Уредот е наменет за косење на висина на подлогата земја, трева.
Технички податоци
| Косилка GRA18V2-46SP | |
| Број на дел | 3 600 HC8 2.. |
| Номинален напон ^A) | V 36 V (2 x 18 V) |
| Ширина на сечење см 46 | |
| Висина на сечење mm 30–70 | |
| Волумен на собирают за трева | 60 | |
| Бесстепени поставки на брзина km/h 2,0–6,4 | |
| Тежина според IEC 62841-1/ IEC 62841-4-3 ^A) | kg 31,5 |
| Сериски број видете ја спецификационата плочка на градинарскиот уред | |
| Препорачана околна температура при полнење °C 0 ... +35 | |
| дозволена околна температура при работа ^B) и при складирање °C -20 ... +50 | |
| компатибилни батерии | GBA 18V XLProCORE18V...EXPERT18V |
| препорачани батерии за целосна мокност | GBA 18V XL... ≥ 3,0 AhProCORE18V... ≥ 4,0 AhEXPERT18V... ≥ 4,0 Ah |
| Препорачани полначи | GAL 18...GAX 18...EXAL18... |
A) во зависност од користените батерии
В) ограничена мокност на температури < 0 °C
Информации за бучава/вибрации
Вредности за емисија на бучава утврдени според EN IEC 62841-4-3.
Стандардно косење
Ниво на бучава на електричниот алат оценето со А е типично: ниво на звучниот притисок 85 dB(A); ниво на звучниот притисок 91 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Мулчирање
Ниво на бучава на електричниот алат оценето со А е типично: ниво на звучниот притисок 81 dB(A); ниво на звучниот притисок 91 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вредностите на вибрации a_h (континуирани вибрации), p_F (повторени ударни вибрации) и несигурност К се утврдени според EN IEC 62841-4-3:
$$ a _ {n} = 1, 8 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2} (K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}), p _ {F} = 8 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2} (K = 1 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}) $$
216 | Македонски
Бидејки декларираната(е) вкупна вредност(и) на вибрации и декларираната(е) вредност(и) на емисија на бучава се измерени според стандардизиран тест метод и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг.
Навередната/-ните вкупна(и) вредност(и) на вибрации и наведената/-ните вредност(и) за емисија на бучавост(а) исто така може да се користат за прелиминарна проценка на изложеноста.
Емисиите на вибрации и бучава за време на реалната употреба на алатот може да се разликуват од декларираните вредности, во зависност од начинот на кој се користи електричниот алат, особено од типот на предметот што се обработува; и потребата да се воспостават безбедносни мерки за заштита на операторот, врз основа на проценка на изложеноста на вибрации за време на реалните услови на употреба (земајки ги предвид сите делови од работниот циклус, како што се временињата кога електричниот алат е ислучен и времето кога е включен, но работи без оптоварување).
Акумулатори
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батериите
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Забелешка: Поради меѓународните транспортни регулативи, Li-ion батериите се испорачуваат делумно наполнети. За да обезбедите максимален капацитет на батеријата, пред првата употреба наполнете ја целосно.
Вметнување на батериите
▶ Уредот е дизајниран само за работа со 2 батерии и нема да работи ако една од батериите е целосно испразнета. Секогаш користете батерии со иста состоитјба на полнење и никогаш не комбинирајте полни и делумно наполнети батерии, бидејки времето на работа секогаш се одредува според најмалку наполнетата батерија.
Забелешка: Користењето на несоодветни батерии може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на уредот.
Вметнувајте наполнети батерии. Уверете се дека батериите се правилно вклопени.
Ставете ги наполнетите батерии во држачот за батерии додека не кликнат на своего место.
Одстранување батерии
Батериите имаат 2 нивоа на заклучување како би се спречило испагјање на батериите ако копчето за
ослободување на батеријата ненамерно ће се притисне. Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа се држи во позиција со помош на федер.
За да ги отстраните батериите, притиснете го копчето за ослободување на батеријата и извлечете ги батериите.
Притоа не употребувајте сила.
Приказ на состојбата на наполнетост на батеријата на електричниот алат
Приказот за состојбата на наполнетост на батеријата светнува при вклучување на електричниот алат. Корисникот може да го следи нивото на наполнетост за време на работата, бидејки приказот се наоға на рачката.
| Состојба на наполнетост | LED |
| A [IMAGE] | Батерии +20 % и при работата (зелена) |
| A [IMAGE] | првата батерија под 20 % (жолта) |
| A [IMAGE] | првата батерија под 1 % (црвена) |
| A [IMAGE] | две батерии под 20 % (жолта) |
| A [IMAGE] | две батерии под 20 %, а една од нив под 1 % (црвена) |
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , вада се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Откривање ризик од дефект на батеријата
EXPERT18V... | EXBA18V...
LED-светилките на приказите за наполнетост на батеријата, покрај статусот на наполнетост на батеријата, може да укажат и на ризик од дефект на батеријата.
За да ја активирате функцијата, притиснете и задржете го копчето за приказот за наполнетост взсекунди. Анализата на батеријата се сигнализира со включено светло на приказот за наполнетост на батеријата. Резултатот се прикажува на приказот за наполнетост на батеријата.
1 LED-светилка: батеријата има висок ризик од дефекти. Перформансите и времето на траење можеби веке се намалени. Се препорачува да се замени батеријата.
5 LED-светилки: Батеријата е во добра состојба со низок ризик од дефекти.
Напомена: проценката на ризикот од дефект на батеријата работи во две фази и нуди поедноставена проценка на сostoјбата. Батеријата или е оценета во добра сostoјба или има зголемен ризик од дефекти. Не се прикажува процентот на здравјето на батеријата.
Монтажа и користење
| Оперативна цел Слика Страна | ||
| Обем на испорака ^A) | A | 3 |
| Отворање и монтирање на рачката | B–D | 4 – 5 |
| Приспособување на работната висина | ||
| Поставување/отстранување насобирачот за трева | E | 5 |
| Приспособување на висината насечење | F | 6 |
| поставување на двата акумулатори | G | 6 |
| Работа- Вклучување- Исклучување- Самостојно тргнување иприспособување на брзината | H | 7 |
| отстранување на двата акумулатори | I | 8 |
| Работна насока „косење“ | J | 8 |
| Работна насока „мулчирање“ | K | 9 |
| Одржување/замена на ножот | L | 9 |
| Складирање | M | 10 |
| Избирање опрема | N | 11 |
A) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.
Вклучување
За Ваша безбедност
▶ Внимание! Исключете го градинарскиот алат и извадете ги акумулаторите пред да вршите работи за одржување или чистење. Истото важи и ако кабелот на прекинувачот е оштетен, засечен или заплеткан.
По ислучувањето на косачката, сечилата вртат уште неколку секунди.
▶ Предупредување: Внимание – не допирајте ги ротирачките сечила.
▶ Користете ги само оние полначи коишто се наведени во Технички податоци. Само овие полначи се компатибилни со Li-ion батериите што треба да се користат во вашиот производ.
Самооден погон
При косење висока или густа трева, намалете ја брзината за да овозможите поефикасно косење и правилно исфрлање на исечената трева.
Функција за мулчирање
Извадете го собирают за трева и вметнете го адаптерот за мулчирање во отворот за исфрлање. Затворете ја клапната за исфрлање.
Отстранете го адаптерот за мулчирање кога повторно їе го користите собирачот за трева.
Најдобро време за мулчирање на тревата е доцна попладне, кога тревата е сува и свежо покосената површина не е изложена на директна сончева светлина. За да се постигне најдобар ефект од мулчирањето, приспособете ја висината на косење така што да се отстрани околу една третина од должината на тревните стебленца, идеално не повеće од 10 - 20 mm одеднаш.
Совети при работењето
Косна површина (траење на батеријата)
Учинокот при косењето (трањето на батеријата) зависи од својствата и условите на тревникот, густината, влагата и должината на тревата, како и од висината на косење. Со чести вклучувања и исклучувања на косачката се намалува просечната моćност (траењето на батеријата). За да постигнете оптимална моćност (траење на батеријата), подигнете ги сечилата и косете со разумно темпо.
218 | Македонски
Услови на сечење

Перформанси на сечење
Услови на сечење
| Акумулатор со 4,0 Ah | до 300 m^2 |
| Акумулатор со 5,5 Ah | до 500 m^2 |
| Акумулатор со 8,0 Ah | до 700 m^2 |
| Акумулатор со 15,0 Ah | до 1000 m^2 |
Отстранување грешки

| Моторот не севклучува | Внатрешното поврзување на градинарскиоталат е дефектно | Обратете се до сервисот на Bosch |
| Еден или два акумулатори се испразнети Наполнете ги акумулаторите | ||
| Еден или два акумулатори се премногустудени/прегреани | Оставете ги акумулаторите да се загреат/изладат | |
| Тревата е предолга Максимално дозволената висина на тревата е20 см со најголемата поставка на висина насечење | ||
| Заштитата на моторот е активирана Оставете моторот да се олади и поставетепоголема висина на сечење | ||
| Еден или два акумулатори не се правилновметнати | Вметнете ги акумулаторите така што да сеобезбеди контакт | |
| Рачката е во положба за складирање Преклопете ја рачката во работна положба | ||
| Градинарскиот алатработи со прекини | Внатрешното поврзување на градинарскиоталат е дефектно | Обратете се до сервисот на Bosch |
| Заштитата на моторот е активирана Оставете моторот да се олади и поставетепоголема висина на сечење | ||
| Градинарскиот алатостава неправиленрези/илимоторот работи тешко | Висината на сечење е прениска Поставете поголема висина на сечење | |
| Ножот е тап | Заменете го ножот (види слика L) | |
| Можни се блокирања Проверете ја долната страна на градинарскиоталат и, ако е потребно, исчистете ја (секогашносете градинарски ракавици) | ||
| Ножот е монтиран наопаку Монтирајте го ножот правилно | ||
| Низок капацитет на акумулаторот Уверете се дека акумулаторите се целоснонаполнети пред употреба | ||
| Тревата е превисока Зголемете ја висината на сечење и/илинамалете ја брзината на погонот | ||
| Тревата е влажна/росна Почекајте тревата да се исуши или намалете јабрзината на погонот | ||
| Не собира Проверете дали адаптерот за мулчирање еотстранет | ||
| По вклучувањето наградинарскиоталат,ножот не се врти | Ножот е заглавен од трева Исклучете го градинарскиот алат | |
| Отстранете ја блокадата (секогаш носетеградинарски ракавици) | ||
| Навртката/шрафот на ножот е олабавен Затегнете ја навртката/шрафот на ножот(25-30 Nm) | ||
| Моторот за сечење не е активиран Активирајте го моторот со копчето за ножот | ||
| Силни вибрации/шумови | Навртката/шрафот на ножот е олабавен Затегнете ја навртката/шрафот на ножот (25-30 Nm) | |
| Ножот е оштетен | Заменете го ножот (види слика L) | |
| Собирачот за трева не е целосно наполнет | Можно е запушување Исчистете го текстилниот собирач за трева за да ги отстраните затнатите дупчиња и да го подобрите протокот на воздух. | |
| Погонот не функционира | Тревата е превисока Зголемете ја висината на сечење или помогнете рачно | |
| Мал капацитет на акумулаторот Проверете го приказот за состојбата на наполнетост | ||
| Моторот не е активиран Активирајте го моторот со копчето Power | ||
Одржување и сервис
Одржување, чистење и чување
Отстранете ги батериите од градинарскиот алат пред било каква активност врз него (на пр. одржување, менување алатки итн.) и кога го транспортирате и складирате. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување, постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа.
Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти, за да функционираат добро и безбедно.
Никогаш не прскајте го уредот со вода.
Никогаш не потопувајте го уредот во вода.
Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир на деца.
Не ствајате други предмети врз уредот.
Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот. Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови. Не го модификувајте уредот.
Не го модификувајте уредот. Неовластени модификации може да ја загрозат безбедноста на вашиот производ и да го зголемат ризикот од лична повреда.
Одржување на батеријата
За да се обезбеди оптимална употреба на батериите, ве молиме имајте ги следниве упатства и мерки:
- Заштитете ги батериите од влага и вода.
– Електричниот алат и батериите чувајте ги само на температури помеѓу -20 °C до 50 °C. На пример, не оставајте ги батериите во автомобил кога е лето.
– Чувајте ги батериите одделно, а не во градинарскиот алат.
– Не ги оставајте батериите внатре во градинарскиот алат при тоа заедно изложени и на директна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C.
- Од време навреме исчистете ги отворите за
проветрување на батеријата со мека, чиста и сува
четка.
Ако значително се намалеи времето на работа после полнењето тоа покажува дека батеријата е истрошена и треба да се замени.
Сервисна служба и совети при користење
Северна Македонија
Тел.: 02/246 76 10
Линкот до нашите адреси за сервис и гарантни услови може да ги најдете на последната страница.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.
Srpski
Sigurnosne napomene
Objašnjenje simbola kosilice za travu

Opšta napomena o opasnosti.






