UniversalRotak 37-570 - кошачка за трева BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UniversalRotak 37-570 BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за UniversalRotak 37-570 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UniversalRotak 37-570 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UniversalRotak 37-570 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UniversalRotak 37-570 BOSCH
Македонски...... Страница 158
Srpski ...... Strana 165
Slovenščina ....Stran 171
Hrvatski ....Stranica 177
Безбедносни напомени
Објаснување на символите на косилката

Општи безбедносни правила.


Прочитајте го упатството за употреба.

Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените парчиња.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги посматрачите понастрана.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги рацете и стапалата подалеку од запците/сечилото.

Не применливо

Не применливо.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Исключете го кабелот за напојување пред сервисирање или кога кабелот е оштетен.

Почекајте сите компоненти на косачката да застанат пред да ги допрете. Сечилата на косачката можат да предизвикаат повреда и кога мируваат.

Не употребувајте го овој производ кога има дожд.

Чувајте се од електричен удар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Напојниот кабел чувајте го понастрана од запците/сечилото.

За чистење на уредот не употребувајте високопритисна пералка или гумено црево.

Внимателно проверете го полето на коешто їе работи уредот да нема диви или домашни животни. Дивите и домашните животни можат да бидат повредени за време на
употреба на машината. Проверете го детално полето на работа на машината и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други предмети. При ракувањето со машината внимавајте во густата трева да нема скриени диви или домашни животни, како ни стебла.
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат.
Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ће доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е ислучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и ислучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни упатства за тримери за трева
▶ Не користете ја колилката во лоши временски услови, особено кога постои ризик од гром. Со тоа
ke go намалите ризикот и веројатноста да бидете погодени од гром.
▶ Темелно проверувајте ја областа каде то косилката ље се користи поради евентуални диви животни.
Дивите животни може да бидат повредени од косилката за време на работата.
▶ Детално проверете го просторот каде што їр работи уредот и отстранете ги сите камења, гранчиња, жици и други препреки. Фрлените предмети може да предизвикаат телесна повреда.
▶ Пред да ја користите косилката, секогаш визуелно проверувајте ја за да се уверите дека склопот на сечилото и сечилото не се истрошени или оштетени. Изабените или оштетените делови го зголемуваат ризикот од повреди.
▶ Пред употреба, проверете го кабелот за напојување и продолжниот кабел да ли покажуваат знаци на оштетување или остареност. Не употребувајте ја косилката за трева доколку кабелот се оштети или излиже во време додека работите со него. Ако кабелот е оштетен или излижан, исключете ја косилката и не допирајте го кабелот пред да го исключите од штекерот.
Оштетениот кабел за напојување или продолжен кабел може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
▶ Проверувајте го често делот за фаќање на тревата да ли е изабен или оштетен. Истрошениот или оштетен фаќач за трева може да го зголеми ризикот од повреда.
Монтирајте ги сите sawтитини помагала на предвиденото место. Заштитните помагала мора да бидат функционални и правилно наместени.
Штитиникот кога е лабав, оштетен или не работи правилно може да предизвика повреда.
Чувајте ги сите отвори за вентилација без нечистотија. Запушените отвори и остатоци може да предизвикаат прегревање или опасност од пожар.
Koga работите со косилка, секогаш носете нелизгави и заштитни обувки. Не ракувајте со косилката боси или со отворени сандали. Ова го намалува ризикот од повреда на стапалото при контакт со сечилото кое е во движење.
▶ Секогаш носете долги панталони кога ракувате со косилката. Незаштитената кожа носи зголемен ризик од повреда од отфрлени предмети.
▶ Не ракувајте со косилката на влажна трева. Одете, никогаш не трчајте. Ова го смалува ризикот од лизгање или паѓање, што може да резултира со повреда.
▶ Не ракувајте со косилката на многу стрмни падини.
Ова го намалува ризикот од губење контрола, лизгање или паѓање, што може да резултира со повреда.
Koga работите на падини, секогаш погрижете се вашето подножје да е безбедно, секогаш работете преку нагибот, никогаш по угорнина или удолница
и бидете исключително внимателни кога го менувате правецот. Ова го намалува ризикот од губење контрола, лизгање или пагање, што може да резултира со повреда.
▶ Бидете внимателни кога ја потпирате или влечете косилката кон себе. Секогаш бидете свесни за вашето окружување. Ова го намалува ризикот од сопнување за време на работата.
▶ Држете го кабелот за напојување подалеку од запците/сечилата. Оштетениот кабел за напојување може да предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
▶ Ако кабелот е заплеткан или оштетен, исключете го уредот и исключете го кабелот за напојување од штекерот. Заплетканите или оштетените кабли може да го зголемат ризикот од електричен удар.
▶ Не допирајте ги сечилата и другите опасни подвижни делови додека се уште се во движење.
Ова го намалува ризикот од повреда од подвижните делови.
Koga отстранувате заглавен материјал или ја чистите косилката, погрижете се сите прекинувачи да се напојаат во положба OFF и кабелот за напојување да биде исклучен. Неочекуваното стартување на косилката може да предизвика сериозни повреди.
▶ Овој уред содржи магнети - Не ставајте го магнетот во близина на импланти и други медицински уреди, како што се пејсмејкери или инсулински пумпи, магнетни носачи на податоци и магнетно чувствителни уреди. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на овие видови медицински уреди или да предизвика неповратно губенје на податоци.
▶ Кога го прилагодувате уредот, внимавајте да не ги заглавите вашите прсти помеѓу подвижните сечила и фиксираните делови на машината.
▶ Проверете го производот дали е оштетен како удрил во тврд предмет или кога има прекумерни вибрации.
▶ Секогаш оставете го производот да се излади пред складирање.
Испразнете го собирают на трева пред да го складирате.
Ракување
▶ Препорачуваме да носите слушалки за заштита на слухот.
▶ Стопирајте ги сечилата кога треба да ја пренесете машината, преку површини коишто не се трева и кога ја носите машината до и од местото на косењето.
▶ Не наведнувајте го уредот при вклучување или додека моторот работи.
▶ Моторот исклучувајте го стоејки со стапалата подалеку од ротирачките сечила.
▶ Не доближувајте ги рацете и стапалата до ротирачките делови.
▶ Кога косите, стоите што е можно подалеку од косачката.
▶ Не носете ја косачката и не влечете ја додака моторот работи.
▶ При складирање на уредот, внимавајте тој да стои на подот со сите 4 тркала.
▶ Уредот носете го само за рачката за носење. Ракувајте внимателно со рачката.
He вршете промени на уредот. Неовластените модификации можат да доведат до нарушување на безбедноста на косачката или да ја зголемат бучавата или вибрациите.
Електрична безбедност

Предупредување! Пред чистење или редовно одржување, уредот исключете го од електрично напојување. Истото важи и ако
кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.
Вашиот уред е со двојна изолација и не му е потребно заземјување. Работниот напон е 230 V AC, 50 Hz (за земји вон ЕУ 220 V или 240 V 50 Hz). Употребувајте само одобрени продолжни кабли. За подетални информации обратете се во Вашиот Бош сервис.
За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД) кој се активира на отстапување од 30 мА. Резидуалниот уред треба да се проверува пред секоја употреба
Чувајте го напојниот и продолжниот кабел понастрана од подвижните делови, за да се избегне оштетување на кабелот и негов контакт со металните делови.
Кабелските врски (приклучник и приклучница) треба да бидат суви и да не лежат на теренот.
Напојниот и продолжниот кабел мора редовно да се проверуваат за евентуални оштетувања и да се користат само кога се во беспрекорна состојба.
Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се поправи од страна на овластен сервис на Бош. Употребете само одобрен продолжен кабел.
Користете само продолжни кабли кои ги задоволуваат стандардите EN 61242 / IEC 61242 или IEC 60884-2-7.
Ако сакате да користите продолжен кабел при употреба на уредот, потребни ви се следните димензии на кабли: – Пресек 1,25 mm ^2 или 1,5 mm ^2
– Максимална должна 30 m за продолжниот кабел или 60 m за кабел на навој со ФИ-заштитна склопка
Совет: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките прописи.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните продолжни кабли можат да бидат опасни. Продолжниот кабел, утикачот и спојот со
продолжниот кабел мораат да бидат водоотпорни.
162 | Македонски
Ознаки
Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ће ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.
Ознака Значење
![]() | Правец на движење | |
![]() | Правец на реакција | |
![]() | Носете заштитни ракавици | |
![]() | Тежина | |
| [wejst] | Вклучување | |
| [conel] | Исклучување | |
| [canl] | Дозволена функција | |
Ознака Значење
![]() | Забранети акции |
| CLICK | Чујна бучава |
![]() | Додатна опрема/резервни делови |
Опис на производот и ракување

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните
предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за работа.
Употреба со соодветна намена
Косачката е наменета за употреба на домашни тревници. Уредот не е наменет за режење и поткастрување огради.
Уредот е наменет за косење на висина на подлогата земја, трева.
Технички податоци
| Косилка за трева UniversalRotak 34-400 | UniversalRotak 34-405 | UniversalRotak 37-550UniversalRotak 37-555UniversalRotak 37-570 | |
| Број на артикл | 3 600 HA6 1.. | 3 600 HA6 2.. | |
| Номинална јачина W 1300 1400 | |||
| Ширина на шишање см 34 37 | |||
| Висина на косење мм 25 - 70 25 - 70 | |||
| Волумен, корпа за трева I 40 40 | |||
| Тежина според IEC 62841-1 /IEC 62841-4-3 | кг 12,5 13 | ||
| Сериски број види ја плочката со податоци на | види ја плочката со податоци на | ||
| апаратот | апаратот | ||
| Заштитна класа | ☐/II/II | ☐ | |
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Процесот на вклучување создава краткотрајно паћање на напонот. Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки на другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,36 oma, нема пречки.
Информации за бучава/вибрации
3 600 HA6 1.. 3 600 HA6 2..
Измереното А просечно ниво на бучава на уредот изнесува обично:
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN IEC 62841-4-3:2021+A11:2021
| – Ниво на звучен притисок dB(A) | 80 75 | ||
| – Звучна јачина | dB(A) | 91 88 | |
| – Несигурност K | dB | = 0,8 | = 1,5 |
3 600 HA6 1.. 3 600 HA6 2..
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN IEC 62841-4-3:2021+A11:2021
| – Вредност на емисијата на вибрации ah | m/s2 | < 2,5 < 2,5 |
| – Несигурност K m/s | 2 | = 1,5 = 1,5 |
Бидејки декларираната(е) вкупна вредност(и) на вибрации и декларираната(е) вредност(и) на емисија на бучава се измерени според стандардизиран тест метод и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг.
Навередната/-ните вкупна(и) вредност(и) на вибрации и наведената/-ните вредност(и) за емисија на бучавост(а) исто така може да се користат за прелиминарна проценка на изложеноста.
Емисиите на вибрации и бучава за време на реалната употреба на алатот може да се разликуват од декларираните вредности, во зависност од начинот на кој се користи електричниот алат, особено од типот на предметот што се обработува; и потребата да се воспостават безбедносни мерки за заштита на операторот, врз основа на проценка на изложеноста на вибрации за време на реалните услови на употреба (земајки ги предвид сите делови од работниот циклус, како што се временињата кога електричниот алат е ислучен и времето кога е включен, но работи без оптоварување).
Монтажа и користење
| Цел при ракувањето Слика Страна | ||
| Обем на испорака ^A) | A | 3 |
| Монтажни тркала | B – C | 4 |
Цел при ракувањето Слика Страна
| Монтажа на рачката | D | 5 |
| Склопување на корпата за трева | E | 6 |
| Вметнување/отстранување на корпата за трева | E | 6 |
| Подесување на висината на косење | F | 6 |
| Вклучување | G | 7 |
| Исклучување | H | 7 |
| Упатства за работа | I – J | 8 |
| Одржување на сечилата | K | 9 |
| Избор на опрема | L | 9 |
A) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.
Вклучување
За Ваша безбедност
▶ Пред било какви интервенции уредот исключете го од напојување.
По ислучувањето на косачката, сечилата вртат уште неколку секунди.
▶ Предупредување: Внимание – не допирајте ги ротирачките сечила.
Отстранување на грешки

| Моторот не севклучува | Нема снабдување со струја Проверете и включете | |
| Утикачот е неисправен Користете друг утикач | ||
| Продолжниот кабел е оштетен Проверете го кабелот и ако е потребно заменете го | ||
| Прегорен осигурувач Заменете го осигурувачот | ||
| Можни се блокирања Проверете под косачката и по потреба исчистете ја (секогаш носете заштитни ракавици) | ||
| Активирана е заштитата на моторот од прегревање | Пуштете да се олади моторот и подигнете ги сечилата | |
| Висината на сечењето е прениска за моменталните услови | Поставете поголема висина на сечење | |
| Уредот работи со прекини | Продолжниот кабел е оштетен Проверете го кабелот и ако е потребно заменете го | |
| Неисправни внатрешни инсталации во косачката | Побарајте помош од сервис | |
| Активирана е заштитата на моторот од прегревање | Пуштете да се олади моторот и подигнете ги сечилата | |
| Уредот коси нерамномерно и/или моторот работи тешко | Сечилата поставени прениско Подигнете ги сечилата | |
| Тапо сечило Заменете го сечилото | ||
| Можни се блокирања Проверете под косачката и по потреба исчистете ја (секогаш носете заштитни ракавици) | ||
| Сечилото монитрано наопаку Монтирајте го сечилото од правилната страна | ||
| По вклучувањето на косачката сечилото не се врти | Сечилото е заплеткано со трева Исклучете ја косачката | |
| Отстранете ја пречката (секогаш носете заштитни ракавици) | ||
| Лабава навртка/-завртка Затегнете ја навртката/-завртката (17 Nm)(види слика K) | ||
| Јаки вибрации/бучава | Лабава навртка/-завртка Затегнете ја навртката/-завртката (17 Nm)(види слика K) | |
| Сечилото е оштетено | Заменете го сечилото (види слика K) | |
Одржување и сервис
Одржување, чистење и чување
▶ Пред било какви интервенции уредот исключете го од напојување.
▶ Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа.
Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти, за да функционираат добро и безбедно.
Никогаш не прскајте го уредот со вода.
Никогаш не потопувајте го уредот во вода.
Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир на деца.
Не ствајате други предмети врз уредот.
Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот. Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови. Не го модификувајте уредот.
При складирање на уредот, внимавајте тој да стои на подот со сите 4 тркала.
Не го модификувајте уредот. Неовластени модификации може да ја загрозат безбедноста на вашиот производ и да го зголемат ризикот од лична повреда.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вавиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и
информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:
Опремата, додатоците и пакувањето треба да се рециклираат на еколошки начин.

Не фрлајте го уредот во эубре!
Само за земји во рамки на ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.
Srpski
Sigurnosne napomene
Objašnjenje simbola kosilice za travu

Opšta napomena o opasnosti.







