GGC 18V-12 Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GGC 18V-12 Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GGC 18V-12 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GGC 18V-12 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GGC 18V-12 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GGC 18V-12 Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
Македонски...... Страница 201
Shqip.... Faqe 210
Srpski Strana 218
Slovenščina ....Stran 226
Hrvatski....Stranica 234
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или
вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широко облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврствување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се
предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
▶ Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасности од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни упатства за рачни електрични алати кога се користат на високи позиции
▶ При користење на електричниот алат во висока позиција, следете ги препораките на производителот на алатот за прицврстување на алатот и за додатоците. Употребата на непрепорачани методи на прицврстување или додатоци може да го зголеми ризикот од паѓање од висина, што може да резултира со сериозни повреди на минувачите.
▶ При користење на електричниот алат во висока работна позиција, не прикачувајте додатоци на алатот што би го надминале капацитетот на оптоварување [kg (lb(s))] на површината за прикачување. Доколку тежината на алатот, батеријата, додатоците и опремата го надминува максимальниот капацитет на оптоварување на површината за прицврстување на уредот за заштита од паѓање на електричниот алат, таа може да откаже доколку падне алатот, што може да резултира со сериозни повреди на минувачите.
Безбедносни напомени за секач на навојни шипки

Носете заштитни очила. Вашите очи на тој начин се заштитени од распарчени делчиња од материјалот.

Држете ги рацете подалеку од вилиците за сечење и подвижните делови. Прстите може да се заглават во механизмот за сечење и да се предизвикаат сериозни
повреди.
▶ Држете го лицето подалеку од механизмот за сечење. Делови од напојната шипка може да се исфрлат за време на сечењето и да предизвикаат повреди.
▶ Не работете на материјали под напон и држете го електричниот алат за изолираните површини за држење. Контактот со материјали под напон може да ги стави металните делови на уредот под напон и да доведе до електричен удар.
▶ Носете ракавици кога работите со навојни шипки. Рабовите и исечоците од делот за обработка се остри и може сё уште да бидат жешки веднаш по обработката.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
За безбедно обработување долги или големи навојни шипки, електричниот алат може да се постави на хоризонтална површина користејки ги потпорните површини. Тој не смее да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.
▶ Не ставајте го електричниот алат на исечоците од делот што се обработува. Електричниот алат може да се оштети и да не функционира.
▶ Секогаш погрижете се да стоите безбедно, особено кога работите во крената положба. Цврсто држете ја навојната шипка за време и по сечењето за да не падне. Исечена навојна шипка може да предизвика сериозни лични повреди.
Koga работите во подигната положба, соодветно прицврстете го електричниот алат со опрема за заштита од пафање и погрижете се да нема лица под работната површина. Носете заштита за глава кога работите над глава. Ова спречува материјални штети и лична повреда ако електричниот алат случајно падне.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење навојни шипки.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Предна страна
(2) Подвижен прифат
(3) Челуст за сечење (2x)
(4) Неподвижен прифат
(5) Водилка за навојна шипка
(6) Батерија ^a)
(7) Копче за отклучување на батерија ^a)
(8) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(9) Копче за приспособување на граничникот за длабочина
(10) Граничник за длабочина
(11) Референтна површина на граничникот за длабочина
(12) Потпорна површина (3 x)
(13) Прекинувач (сечење, заклучување, отворање)
(14) Прекинувач за активирање
(15) Куки за закачување
(16) Работно светло
(17) Рачка (изолирана површина на рачката)
(19) Линија за сечење
(20) Навојна прачка ^b)
(21) Поле на прицврстување на делот за заштита од пагање за електричниот алат
(22) Дел за заштита од пагање ^b)
(23) Фиксна точка на спојување на делот за заштита од пагање ^b)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.
b) комерцијално (не е содржано во обемот на испорака)
Технички податоци
| Секач за навојни шипки GGC 18V-12 | |
| Број на дел | 3 601 JM8 0.. |
| Номинален напон V= 18 | |
| Капацитет на сечење | |
| – Мек челик M 6 x 1 | M 8 x 1,25M 10 x 1,5M 12 x 1,75 |
| – Нерғосувачки челик M 6 x 1 | M 8 x 1,25M 10 x 1,5 |
| Димензии (Д x Ш x В) mm 221 x 133 x 272 | |
| Тежина ^A) kg 3,4 | |
Секач за навојни шипки GGC 18V-12
| препорачана околнатемпература при полнење | °C 0 ... +35 |
| дозволена околнатемпература при полнење ^8) и при складирање | °C -20 ... +50 |
| компатибилниакумулаторски батерии | GBA18V...GBA 18V...ProCORE18V...EXPERT18V...EXBA18V...CORE18V... |
| препорачани полначи GAL18... | GAL 18...GAL 36...GAL12V/18...GAL 12V/18...GAX 18...EXAL18... |
A) Без батерија (тежината на батеријата може да ја видите во www.bosch-professional.com)
В) ограничена мокност на температури < 0 °C
Вредностите може да варираат во зависност од производот и
ависат од примената и условите на животната средина. Повеќе
информации може да најдете на
www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-1.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 83 dB(A); ниво на звучна јачина 91 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вредности на вибрации a_h (континуирани вибрации), p_r (повторени ударни вибрации) и несигурност К утврдени според EN 62841-1:
$$ a _ {n} = 1, 1 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, p _ {F} = 2 1 0 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2} (K = 1 3 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}) $$
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Заштита од преоптоварување
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. Ако оптоварувањето е превисоко или е надминат температурниот опсег на батеријата, тој автоматски се ислучува. Потоа исключете го електричниот алат и прекинете ја работата што предизвика преоптоварување на електричниот алат. Потоа повторно включете го електричниот алат за да го рестартирате работниот процес.
Напомена: Заштитата од преоптоварување ќе се активира ако се обидете да ги исечете следните видови навојни шипки.
– Навојна шипка што е поголема од големината на челустите за сечење.
– Навојна шипка што има поголема цврстина отколку што дозволува капацитетот за сечење на електричниот алат.
Ако електричниот алат се прегрее, тој автоматски се исклучува. Оставете го електричниот алат да се излади пред повторно да го включите.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, елили , вада се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
| Трајно светло 5 × зелено 80–100 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Откривање ризик од дефект на батеријата
EXPERT18V... | EXBA18V...
LED-светилките на приказите за наполнетост на батеријата, покрај статусот на наполнетост на батеријата, може да укажат и на ризик од дефект на батеријата. За да ја активирате функцијата, притиснете и задржете го копчето за приказот за наполнетост вдесекунди. Анализата на батеријата се сигнализира со включено светло на приказот за наполнетост на батеријата. Резултатот се прикажува на приказот за наполнетост на батеријата.

1 LED-светилка: батеријата има висок ризик од дефекти. Перформансите и времето на
траење можеби веке се намалени. Се препорачува да се замени батеријата.

5 LED-светилки: Батеријата е во добра состојба со низок ризик од дефекти.
Напомена: проценката на ризикот од дефект на батеријата работи во две фази и нуди поедноставена проценка на Costaјбата. Батеријата или е оценета во добра Costaјба или има зголемен ризик од дефекти. Не се прикажува процентот на здравјето на батеријата.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачет за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Пред да ја вметнете батеријата во електричниот алат, секогаш проверувајте дали прекинувачот за активирање (14) работи правилно и се враćа во положбата OFF кога ће се активира.
Монтирање на челустите за сечење (види слики A-E)
Секогаш монтирајте ги челустите за сечење (3) во правилна насока и безбедно прицврстени. Неправилната или лабава инсталација може да предизвика кршење на челустите за сечење, што може да доведе до лична повреда од летечки делови (види слика A).
Отстранете ги сите испакнатини од челустите за сечење со турпија (3).
Секогаш користете пар челусти за сечење (3). Ова се состоит од челуст за сечење означена со една точка и челуст за сечење означена со две точки (види слика D). Парот челусти за сечење може да се разменуваат меѓу подвижниот прифат (2) и неподвижниот прифат (4). Проверете дали прифатите (2) и (4) од челустите за сечење (3) се целосно отворени. Ако не се, вметнете ја батеријата и притискајте го прекинувачот за активирање (14), додека прифатот не се отвори целосно. Отстранете ја батеријата повторно. Поставете го прекинувачот (13) на положбата за заклучување (види слика C).
Одвртете ги завртките (18) со испорачаниот внатрешен шестаголен клуч (8).
Вметнете ги челустите за сечење (3) во правилната положба во прифатите (2) и (4). Повторно прицврстете ги челустите за сечење (3) со завртките (18).
Напомена: Парот челусти за сечење (3) може да се навртуваат во електричниот алат само ако означените предни страни се свртени една кон друга. Насоката на челустите за сечење мора да биде според големината на навојот што треба да се исече (види слика D).
Работа
Заменете ги челустите за сечење (3), ако рабовите за сечење се исечени или деформирани (види слика E). Внимавајте на следниве напомени (види „Замена на челустите за сечење“, Страница 209).
▶ Челустите за сечење (3) се исключително остри. Затоа, секогаш држете ги рацете подалеку од рабовите за сечење и подвижните делови. Не сечете кратки делови за обработка каде што вашите раце би можеле да дојдат во допир со челустите за сечење. Постои ризик од сериозни повреди или отсекување на екстремитетите.
Погрижете се челустите за сечење (3) да се со правилна големина и поставени на електричниот алат и двете челусти за сечење да се ориентирани во правилната положба. Пред сечењето, проверете ја големината на навојот испечатена на челустите за сечење.
▶ Пред да го активирате прекинувачот за активирање (14), вметнете ја навојната шипка така што нејзините навои да се совпајаат со оние на неподвижната челуст за сечење. Неправилното порамнување на навоите може да доведе до кршење на челустите и да предизвика лична повреда поради исфрлените делови.
Употреба со опрема за заштита од пагање
▶ Безбедносни упатства за употреба на високи работни позиции. Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Непочитувањето на упатствата и предупредувањата може да резултира со сериозни повреди.
▶ Прочитајте ги сите безбедносни упатства и упатства за уредот за заштита од паѓање (22) и системот за заштита од паѓање. Непочитувањето на упатствата и предупредувањата може да резултира со сериозни повреди.
▶ Секогаш користете систем за заштита од пагање на висина на работа од 1,8 m и поголема.
▶ Прицврстете го алатот само на цврсти, стабилни точки за прицврстување (на пр. потпори за скелиња). Необезведените предмети како скали, кутии со алати итн. не можат да заштитат од пад. Носивоста на точката за прицврстување мора да биде еднаква или поголема од носивоста на местото за
прицврстување на уредот за заштита од пагање на електричниот алат.
| Носивоста на точката за прицврстување на уредот за заштита од паѓање на електричниот алатA) | 6 kg (13.2 lbs) |
| Максимална должна на уредот за заштита од паѓање | 1,1 m (3.6 ft) |
A) Ова го вклучува електричниот алат заедно со сите дополнителни делови и додатоци.
За да го користите системот за заштита од пагање, прикачете го уредот за заштита од пагање (22) на местото за прицврстување на уредот за заштита од пагање на електричниот алат (21). За уреди за заштита од пагање со јамка, прикачете го околу местото на прицврстување, како што е прикажано на сликата В. Цврсто повлечете ја јамката и проверете дали не е извиткана.
Упатства за употреба
– Системот за заштита од пагање е наменет за употреба од страна на квалификувани и компетентни лица.
– Прикачувајте го уредот за заштита од паѓање само на означената место на прицврстување на електричниот алат.
– Не користете други делови од електричниот алат за да го прикачите уредот за заштита од пагање и не модифицирајте го електричниот алат за да создадете места на прицврстување.
– Користете само опрема за заштита од пагање со носивост еднаков или поголем од носивоста наведена погоре за местото на прицврстување на опремата за заштита од пагање на електричниот алат.
– Користете само уред за заштита од пагање со крај со јамка или карабинери.
– По можност користете уред за заштита од пагање со амортизација од пад.
– Користете само уред за заштита од пагање што е во согласност со ANSI ISEA 121:2018. Не користете јажиња, жици, челични кабли или кабли како уред за заштита од пагање.
– Пред да започнете со работа во висока работна позиција, проверете дали уредот за заштита од пагање е безбедно прицврстен на двата краја.
– Не користете го уредот за заштита од пагање на начин што го нарушува нормалното функционирање на заштитните капаци, прекинувачите и механизмите за заклучување.
– Не користете повеće од еден алат за секој уред за заштита од пагање.
– Користете го системот за заштита од пагање така што електричниот алат ће се оддалечи од корисникот доколку падне. Електричните алати што пагаат се нишаат додека пагаат во системот за заштита од пагање. Ова може да доведе до повреди или губење на рамнотежа.
- Не растегнувајте ги амортизирачките уреди за заштита од пагање за време на употребата. Секогаш користете ги уредите за заштита од пагање во нерастегната сostoјба.
– Не го користете уредот за заштита од пагање за подигање или влечење на електричниот алат нагоре.
– Не користете го уредот за заштита од пагање за обезбедување лица.
– Не менувајте додатоци кога работите на висока позиција.
– Користете само додатоци кои се наменети за работа на висока позиција и кои се наведени во ова упатство за работа.
– Држете го уредот за заштита од пагање подалеку од високонапонски места или електрични водови. Во спротивно постои опасност од струен удар.
– Не менувајте го местото на прицврстување на уредот за заштита од паѓање на електричниот алат и не користете го на начин различен од оној опишан во ова упатство за работа.
– Не користете го системот за заштита од пагање во близина на подвижни делови. Уредот за заштита од пагање може да се заплетка, што може да резултира со повреди од згмечување.
– Држете го уредот за заштита од пагање подалеку од остри рабови, сечила, струготини, искри и други работи што би можеле да предизвикаат штета.
– Избегнувајте заплеткување во уред за заштита од пагање.
– Не носете го електричниот алат за уредот за заштита од пагање или за местото на прицврстување. - Менувајте го електричниот алат од едната во другата рака само кога стоите стабилно.
– Не обидувајте се да го фатите електричниот алат што пага. - Проверувајте го местото на прицврстување на уредот за заштита од паћање и самоот уред за заштита од паћање пред секоја употреба, како и по пад, да не има евентуални оштетувања, со цел да се обезбеди исправна функција. Не користете го електричниот алат и уредот за заштита од паћање во случај на оштетувања (пукнатини, оштетувања на шевовите итн.) или при неправилна работа. Оштетувањата на местото на прицврстување на уредот за заштита од паћање вклучуваат, међу другото, бели пукнатини на пластичните делови, пукнатини, кршења и деформации.
– Доколку електричниот алат паднал од висина во системот за заштита од пагање, тој мора да се означи и да се извади од активна употреба.
– Ако користите уред за заштита од пагање со индикатор за активирање и индикаторот е видлив, тој исто така повеке не е подготвен за употреба.
Ставање во употреба
▶ Секогаш поставувајте го прекинувачот (13) за промена на положбата за заклучување кога не го користите електричниот алат.
▶ Проверете дали прекинувачот е во правилната положба пред да почнете со работа (13).
▶ Не поместувајте го прекинувачот (13) за промена кога е включен прекинувачот за активирање (14). Ова може да го оштети електричниот алат.
За да започнете со сечење, поставете го прекинувачот (13) во положбата за сечење (положба a, ✗) и притиснете го прекинувачот за активирање (14). За да ја смените насоката на движење, поставете го прекинувачот (13) во обратна положба (положба b, ✗) и држете го прекинувачот притиснат во оваа положба додека не го притиснете прекинувачот за активирање. Кога ће ги отпуштите прекинувачот и прекинувачот за активирање, електричниот алат автоматски се префрла во положбата за заклучување ✗Ако непрекинато го притискате прекинувачот за активирање (14), електричниот алат ће помине низ цел циклус и автоматски ће запре на целосно отворената положба. За да го заклучите прекинувачот за активирање (14), поставете го прекинувачот (13) во положбата за заклучување ✗Во оваа положба, прекинувачот за активирање (14) не може да се активира.
Напомена: Не сечете навојни шипки ако насоката на движење е обратна! Ова ќе го оштети електричниот алат. Работете со електричниот алат само во обратна насока на движење кога е во празен од и целосно да ги отворите челустите за сечење (3).
Напомена: Ако го ослободите прекинувают за активирање (14) по сечењето додека челустите за сечење (3) се отвораат и го поставите прекинувают (13) во обратна положба, челустите за сечење ће се затворат. Тие повторно ће се отворат кога повторно ће го притиснете прекинувают за активирање.
Вклучување/исклучување
Користете го водилката за навојната шипка (5) за да ја поставите големината на навојот на навојната шипка што треба да се исече. Ова ја доведува потпорната површина М6/М8 и М10/М12 за навојната шипка во правилна насока.
Пред да работите со прекинувачот за активирање (14), вметнете ја навојната шипка така што нејзините навои да се совпајаат со оние на челуста за сечење (3) на неподвижниот прифат (4). Неправилното порамнување на навоите може да предизвика кршење на челустите за сечење (3) и да предизвика лична повреда поради исфрлените фрагменти или да го оштети навојот на навојната шипка и веке да не може да се навртува навртката.
Пред сечењето, поставете ја навојната шипка под прав агол на линијата за сечење (19) (види слика G) и проверете дали навојната шипка е во соодветен контакт
со претходно приспособената водилка за шипката. За да започнете со сечење, проверете дали прекинувачот (13) е во положба за сечење (положба а, ✗, види слика с) и постојано притискајте го
прекинувают за активирање (14). Челуста за сечење на подвижниот прифат (2) се преклопува со челуста за сечење на неподвижниот прифат (4) и потоа се враја. Ако го ослободите прекинувают за активирање (14) пред да го завршите сечењето, челустите за сечење (3) їе сопрат.
Напомена: Ако исечете навојна шипка изработена од еластичен метал, како што е нергосувачки челик, може да се создадат нерамни делови на крајот од сечењето. Во овој случај, отстранете ги нерамните делови со турпија.
Функција за автоматско сопирање
Ако непрекинато го притискате прекинувают за активирање (14), прифатите (2) и (4) челустите за сечење (3) се затвораат еднаш пред да се вратите во целосно отворена положба и потоа да застанете. Ослободете го прекинувают за активирање (14) и притиснете го повторно за да започне следниот циклус на сечење.
Чување на внатрешниот шестаголен клуч
Испорачаниот внатрешен шестаголен клуч (8) може безбедно да се чува на електричниот алат. За да го извадите внатрешниот шестаголен клуч, извадете ја батеријата и извлечете го клучот. По користењето, вратете го внатрешниот шестаголен клуч во електричниот алат и вметнете ја батеријата.
Работно светло
Работното светло (16) ја осветлува работната област при несоодветни услови на осветлување.
Внимание: Не гледајте директно во светилката!
Лесно притиснете го прекинувачот за активирање (14) за да го включите работното светло (16) без да го включите моторот. Целосно притиснете го прекинувачот за активирање кога сечете навојни шипки. Работното светло се вклучува автоматски за време на работата. Светилката свети се додека е притиснат прекинувачот за активирање. Работното светло ће се исклучи приближно 15 секунди откако ће го отпуштите прекинувачот за активирање.
За да направите прецизни засеци, поставете ја водилката за навојна шипка (5) во зависност од дијаметарот на навојната шипка што треба да се исече (M6/M8 или M10/M12).
Пред сечењето, поставете ја навојната шипка нормално на линијата за сечење (19). Проверете дали навоите на навојната шипка и навоите на неподвижната челуст за сечење се во контакт (види слика K). Исто така, проверете дали навојната шипка има соодветен контакт со двете површини на водилката на шипката (види слика G) и прицврстете ја навојната шипка во оваа положба. Процесот на сечење создава реакциона сила што може да ја навалува навојната шипка. Навалувањето
на навојната шипка може да доведе до слаб квалитет на сечење, заглавување на навојната шипка, оштетување на челустите за сечење или на навојната шипка. Затоа, држете ја навојната шипка во насоката опишана за време на сечењето.
Поставување граничник за длабочина (види слики H-I)
Користете го граничникот за длабочина (10) ако сакате да исечете навојни шипки со иста должна или ако сакате да исечете навојни шипки со дефинирана проекција од површина.
Притиснете го копчето (9) и вметнете го граничникот за длабочина. Проверете дали назабената страна на граничникот за длабочина е свртена кон назабената страна на копчето. Граничникот за длабочина (10) има две мерни скали (милиметри и инчи). Може да го ротирате граничникот за длабочина (10) за да ја користите саканата скала. Порамнете ја вредноста на саканата должина на граничникот за длабочина (10) со референтната површина на граничникот за длабочина (11) (види слика I). За да го заклучите граничникот за длабочина, отпуштете го копчето (9). Не носете го електричниот алат до граничникот за длабочина (10). Во спротивно, електричниот алат може да падне и да предизвика лична повреда и/или оштетување на електричниот алат.
Предвремено прекинување на сечењето
Никогаш не обидувајте се со сила да го отстраните електричниот алат од навојната шипка. Ова може да предизвика неочекувано започнување, што може да резултира со лична повреда или оштетување на челустите за сечење (3) и електричниот алат.
Ако сакате предвреме да го запрете сечењето, отпуштете го прекинувачот за активирање (14). Електричниот алат ќе се исклучи. Поставете го прекинувачот (13) во обратна положба (положба b, щи држете го притиснат додека ракувате со прекинувачот за активирање (14) додека навојната шипка целосно не се ослободи од челустите за сечење (3) и електричниот алат автоматски не застане во целосно отворена положба.
Со куката за закачување (15) може да го закачите електричниот алат на пр. на скала. За да го направите ова, завртете ја куката за закачување (15) нанадвор. Кога го користите електричниот алат, преклопете ја куката за закачување (15) наназад додека не кликне на своето место.
Куката за закачување (15) не е погодна за прикачување на електричниот алат на човек (на пр. на ремен). Никогаш не закачувајте го електричниот алат на ветровито место или на потенцијално нестабилна површина.
Следете ги овие чекори ако сакате да исечете навојна шипка што е трајно фиксирана (на пр. навојна шипка монтирана на таванот или сидот на зградата).
Проверете дали водилката за навојната шипка (5) е приспособена за да одговара на големината на навојот што треба да се исече и дали челустите за сечење (3) се целосно отворени. Поставете го електричниот алат така што навојната шипка да биде меѓу челустите за сечење (3). Додека навојната шипка ја допира водилката за навојна шипка (5), тие го порамнуваат навојот на навојната шипка со оној на неподвижната челуст за сечење.
Со слободна рака фатете го делот од навојната шипка бидејки може да падне по процесот на сечење. Држете го електричниот алат цврсто и очекувајте реакција. Држете го прекинувачот за активирање (14) притиснат додека не заврши сечењето.
Може да го користите граничникот за длабочина (10) за да ја исечете навојната шипка на одредено растојание од површината. Пред да го доведете граничникот за длабочина (10) во контакт со површината, проверете дали врвот на граничникот за длабочина (10) и предната страна (1) на електричниот алат се чисти. Во спротивно може да ја извалкате површината.
Приспособете го граничникот за длабочина (10) на саканата димензија. Поставете го електричниот алат така што врвот на граничникот за длабочина да биде во контакт со површината од која излегува навојната шипка и продолжете со работата на сечењето како што е опишано погоре.
За едноставни работи, може да исечете навојни шипки држејки го електричниот алат во едната рака и насочувајки ја навојната шипка да се сече со другата рака. За да го направите ова, постапете на следниов начин.
Проверете дали водилката за навојната шипка (5) е приспособена за да одговара на големината на навојот што треба да се исече и дали челустите за сечење (3) се целосно отворени.
Поставете го електричниот алат така што навојната шипка да биде меѓу челустите за сечење (3). Додека навојната шипка ја допира водилката за навојна шипка (5), тие го порамнуват навојот на навојната шипка со оној на неподвижната челуст за сечење. Запомнете дека делот їе падне по процесот на сечење. Држете го електричниот алат и навојната шипка цврсто и очекувајте реакција.
Држете го прекинувают за активирање (14) притиснат додека не заврши сечењето. Кога сечете шипки со долги навои или големи навои што тешко се држат со рака, поставете го електричниот алат со страничните потпорни површини (12) на хоризонтална површина (види слика M).
Ракувајте со електричниот алат со едната рака, а со другата рака цврсто држете ја навојната шипка што треба да ја исечете. За да го направите ова, посталете на следниов начин. Проверете дали водилката за навојната шипка (5) е приспособена за да одговара на големината на навојот што треба да се исече и дали челустите за сечење (3) се целосно отворени. Поставете ја навојната шипка да биде меѓу челустите за сечење (3). Додека навојната шипка ја допира водилката за навојна шипка (5), тие го порамнуваат навојот на навојната шипка со оној на неподвижната челуст за сечење. Држете го електричниот алат и навојната шипка цврсто и очекувајте реакција. Држете го прекинувачот за активирање (14) притиснат додека не заврши сечењето. За да исечете лабави навојни шипки до претходно поставена должна, направете ги следниве дополнителни чекори. Приспособете го граничникот за длабочина (10) на саканата димензија. Поставете соодветен предмет така што ќе го допира граничникот за длабочина (10). Поставете навојна шипка на електричниот алат како што е опишано погоре и погрижете се да го допира предметот. Внимавајте да не го поместите поставениот предмет.
Складирање на електричниот алат
Кога го складирате електричниот алат, извадете ја батеријата (6).
Отстранете ја нечистотијата од челустите за сечење (3) и подвижните делови.
Замена на челустите за сечење
Еден пар челусти за сечење секогаш се состоит од две челусти за сечење (3), од кои едната челуст за сечење е означена со една точка, а другата челуст за сечење со две точки. Секогаш заменувајте ги истрошените или оштетените челусти за сечење во парови (види „Монтирање на челустите за сечење (види слики A-E)“, Страница 205).
Парот челусти за сечење може да се разменуваат меѓу подвижниот прифат (2)и неподвижниот прифат (4).
Напомена: Проверете дали двете челусти за сечење (3) се ориентирани според големината на навојот што треба да се исече (види слика D). Челуста за сечење (3) за метрички големини на навои има по еден раб за сечење за секоја големина на навој. Ова се наоћа на означената страна на челуста за сечење (3). Челустите за сечење (3) може да се навртуваат само во правилната положба, со двете означени страни свртени една кон друга.
Одржување и сервис
Сервисна служба и совети при користење
Северна Македонија
Тел.: 02/2467610
Линкот до нашите адреси за сервис и гарантни услови може да ги најдете на последната страница.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
210 | Shqip
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.