EasyImpact 12 - бура BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EasyImpact 12 BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Бежична ударна дупчалка-шрафцигер |
| Марка | Bosch |
| Модел | EasyImpact 12 |
| Номинален напон | 12 V |
| Тип на батерија | Литиум-јонска (Li-Ion) |
| Капацитет на батеријата | 2,0 Ah |
| Брзина без оптоварување | 0 - 1300 врт/мин |
| Максимален вртежен момент | 30 Nm |
| Стегач | 10 mm, без клуч |
| Број на брзини | 1 |
| Удар | Да |
| Макс. дијаметар на дупчење (дрво) | 20 mm |
| Макс. дијаметар на дупчење (челик) | 10 mm |
| Макс. дијаметар на дупчење (ѕидарница) | 10 mm |
| Тежина (со батерија) | 1,2 kg |
| Димензии (Д × Ш × В) | 220 × 60 × 190 mm |
| Ниво на бучава | 70 dB(A) |
| Вибрации (дупчење во метал) | 2,5 m/s² |
| Напојување | Батерија 12 V |
| Вклучен полнач | Да |
| Време на полнење | Околу 1 час |
| Главни функции | Регулатор на брзина, блокирање на вратило, LED осветлување, вклучување/исклучување |
| Одржување и чистење | Чистење со сува крпа, избегнувајте растворувачи |
| Безбедност | Безбедносна кочница, заштита од преоптоварување |
| Резервни делови и поправка | Достапни преку сервисната служба на Bosch |
| Гаранција | 2 години |
| Сертификати | CE, RoHS |
Frequently Asked Questions - EasyImpact 12 BOSCH
Прашања на корисниците за EasyImpact 12 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот бура во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EasyImpact 12 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EasyImpact 12 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EasyImpact 12 BOSCH
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАИ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
▶ Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ће ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
▶ Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни предупредувања за дупчалки
Безбедносни упатства за сите типови работа
▶ Носете штитници за уши кога извршувате ударно дупчење. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Безбедносни упатства при користење на долги бургии
▶ Никогаш не користете поголема брзина од максимальната означена брзина на бургијата. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Притиснете во директна линија со бургијата, и без прекумерен притисок. Бургијата може да се искриви и да се скрши, или да изгубите контрола и да се повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исключете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува.
▶ Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за завртување и одвртување на завртки, како и за дупчење во дрво, метал и пластика и за ударно дупчење во цигли, бетон и камен.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Брзозатегнувачка глава за дупчење
(2) Прстен за подесување на режимите на работа
(3) Приказ за режимите на работа
(4) Приказ за правец на вртење со десен тек (дупчење и завртување на завртки)
(5) Приказ за правец на вртење со лев тек (одвртување на завртки)
(6) Приказ за наполнетост на батеријата
(7) електронски прекинувач за менување на правецот на вртење
(8) Рачка (изолирана површина на дршката)
(9) Копче за отклучување на батеријата
(10) Батерија A)
(11) Прекинувач за включување/исклучување
(12) Работно светло
(13) Универзален држач за битови 4
(14) Бит за одвртувач A)
(15) Дупчалка A)
A) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Вибрациона дупчалка EasyImpact 12 | ||
| Број на дел/артикл | 3 603 JB6 1.. | |
| Номинален напон V 12 | ||
| Број на вртежи во празен од | ||
| - 1. брзина min | -1 | 0 - 400 |
| - 2. брзина min | -1 | 0 - 1300 |
| Број на удари во празен од bpm 19500 | ||
Вибрациона дупчалка EasyImpact 12
| макс. вртежен момент призавртување во цврсти/мекиматеријали споредISO 5393 | Nm 15/30 | |
| Степени на вртежен момент 12 (11+Макс) | ||
| Опсег на вртежнitemоменти за затегнување | Nm мин. 0,7 - макс.2,8 | |
| макс. дупка-∅ (1./2. брзина) | ||
| – Челик mm 8 | ||
| – Дрво mm 20 | ||
| – Цигли/варовник mm 6 | ||
| макс. завртување-∅ mm 6 | ||
| макс. затегнување наглавата за дупчење | mm 10 | |
| Тежина согласноEPTA-Procedure 01:2014 | kg 1,0 | |
| дозволена околна температура | ||
| – при полнење °C 0...+45 | ||
| – при работење A) и прискладирање | °C | -20... +50 |
| препорачаниакумулаторски батерии | PBA 10,8V...PBA 12V... | |
| препорачани полначи | AL 11.. CVAL 1220GAL 12..GAL 12V.. | |
A) ограничена јачина при температури <0 °C
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-1.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: 85 dB(A); ниво на звучна јачина 96 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации an (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-1:
Дупченье во метал: ah<2,5\ m/s2 , K=1,5\ m/s2 ,
Ударно дупчење во бетон: ah=19\ m/s2 , K=1,5 m/ s2 .
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Користете ги само полначите што се наведени на страницата со опрема. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ї наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат їе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
За да ја извадите батеријата (10) притиснете на копчето за отклучување (9) и извлечете ја батеријата надолу од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
▶ При менување на алатот носете заштитни ракавици.
Доколку го допирате алатот за вметнување, постои опасност од повреда.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) со вртење во правец Ⓞ, додека не се стави алатот. Вметнете го алатот.
Чаурата на брзозатезната глава за дупчење (1) свртете ја цврсто со рака во правец ②. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
▶ Користете само оригинални Boschлитиум-јонски батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот електричниот алат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на истиот.
Наполнетата батерија (10) вметнете ја во рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на рачката.
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (11) е притиснат ова не е возможно.
Приказот за правец на вртење (4)/(5) свети доколку е активиран прекинувают за вклучување/исклучување (11), прекинувают за менување на правец (7) и доколку моторот работи.
За дупчење и завртување на завртки поставете на десен тек. Притиснете го електронскиот прекинувач за менување на правец (7) надолу
додека не светне приказот за правец на вртење (4).
за олабавување одн. одвртување на завртки и навртки поставете на лев тек. Притиснете го електронскиот прекинувач за менување на правец (7) надолу додека не светне приказот за правец на вртење (5).
Претходно избирање на вртежниот момент / подесување на режимот на работа
▶ Вртете го прстенот за подесување (2) само кога електричниот алат е во празен од.
Со прстенот за подесување (2) можете да го изберете поставите потребниот вртежен момент од „Min“ на „Max“, како и режимот на работа.
Режим на завртување
MIN...MAX При претходно избран вртежен момент (MIN...MAX) електричниот алат е во 1. брзина.

На приказот за режим на работа (3) се појавува ознаката „Режим на завртување“. При правилно подесување, алатот што се вметнува ће се стопира, откако завртката цврсто ће се заврти во материјалот одн. откако ће се постигне поставениот вртежен момент.

При одвртување на завртки евентуално може да одберете повисока поставка одн. со прстенот за подесување (2) да поставите на ознаката „Дупчење“.
Режим на дупчење

Ако прстенот за подесување (2) е поставен на ознаката „Дупчење“, електричниот алат е во 2. брзина.

На приказот за режим на работа (3) се појавува ознаката „Режим на дупчење“.
Користете ја оваа поставка за дупчење во дрво, метал или пластика.
Режим на ударно дупчење

Ако прстенот за подесување (2) е поставен на ознаката „Чекан“, електричниот алат е во 2. брзина.

На приказот за режим на работа (3) се појавува ознаката „Режим на дупчење“.
Користете ја оваа поставка за ударно дупчење во цигли, сид и камен.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (11) и држете го притиснат.
Светлото свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (11) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (11).
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на включениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (11).
Со нежно притискање на прекинувают за вклучување/исклучување (11) се постинуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувают за включување/исклучување (11) не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на алатот їе се фиксира.
Ова овозможува навртување на завртки и при испразнета батерија, одн. користење на електричниот алат како одвртувач.
Сопирачка за исфрлување од брзина
При отпуштање на прекинувают за вклучување/исклучување (11) се закочува главата за дупчење и со тоа се спречува повторното стартување на алатот што се вметнува.
При завртување на завртки, прекинувачот за вклучување/исклучување (11) отпуштете го дури откако завртката цврсто їе биде завртена во материјалот. На тој начин главата на завртката нема да навлезе во материјалот.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата (6) при половично или целосно притиснат прекинувач за включување/исклучување (11) за неколку секунди ја прикажува наполнетоста на батеријата и се состоит од 3 зелени LED светилки.
3-те LED светилки на приказот за наполнетост на батеријата (6) и светилката (12) брзо трепкаат, доколку температурата на батеријата е надвор од опсегот на работна температура од -30 до +70 °C.
| Трајно светло 3 x зелено ≥ 66 % |
| Трајно светло 2 x зелено 33 – 66 % |
| Трајно светло 1 x зелено 11 – 33 % |
| Бавно трепкање на светлото 1 x зелено ≤ 10 % |
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или надминување на дозволената температура на батеријата електрониката го ислучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните граници на температура.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат će се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: електричниот алат не се движи веке.
▶ Електричниот алат ставете го на завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи. При работење во бетон, камен и сид користете дупчалка за цврст метал.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку Bosch програмата за опрема.
Со уредот за острење на бургии (опрема) лесно може да ја наострите спиралната бургија со дијаметар од 2,5–10 mm.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Litiyum-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одденно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 147).