GBH 36 V-EC Compact Professional - бура BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBH 36 V-EC Compact Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Бежичен перфоратор-длето |
| Бренд | Bosch |
| Модел | GBH 36 V-EC Compact Professional |
| Номинален напон | 36 V |
| Тип на батерија | Литиум-јон (систем Bosch Professional 36 V) |
| Држач за алат | SDS-plus |
| Енергија на удар (EPTA 05/2016) | 1,9 J |
| Број на удари без оптоварување (макс. брзина) | 4500 удари/мин |
| Брзина на ротација (макс. брзина) | 0–4500 врт/мин |
| Макс. дијаметар на дупчење во бетон | 22 mm |
| Макс. дијаметар на дупчење во метал | 13 mm |
| Макс. дијаметар на дупчење во дрво | 30 mm |
| Тежина | 2,6 kg (без батерија) |
| Димензии (Д × В) | 321 × 191 mm |
| Главни функции | Перфорирање, длетање, дупчење без удар |
| Контрола на вибрации | Да, антивибрациона рачка |
| Електронска прецизна контрола (EPC) | Да, постепен старт и променлива брзина |
| Реверзибилност | Да, напред/назад |
| Заштита од преоптоварување | Да, сигурносен спојник |
| Ниво на бучава (акустичен притисок) | 88 dB(A) |
| Ниво на бучава (акустична моќ) | 99 dB(A) |
| Одржување и чистење | Чистете ги отворите за вентилација со сува четка; редовно проверувајте го држачот за алат |
| Резервни делови и поправка | Четки, држач за алат, прекинувач, склоп на запченици достапни во Bosch сервис |
Frequently Asked Questions - GBH 36 V-EC Compact Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GBH 36 V-EC Compact Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот бура во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBH 36 V-EC Compact Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBH 36 V-EC Compact Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBH 36 V-EC Compact Professional BOSCH
Македонски ...... Страна 169
Srpski Strana 177
Slovensko.... Stran 184
Hrvatski....Stranica 191
Eesti Lehekülg 197
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за електричните апарати

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.






170 | Македонски
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исключен електричниот апарат, пред да го прилучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го прилучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
▶ Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го включите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој одделовите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
▶ Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин їе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
▶ Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
He користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
▶ Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
▶ Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.









Македонски | 171
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој mefy контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за чекани
▶ Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.
▶ Користете ги дополнителни дршки, доколку се испорачани заедно со електричниот алат. Губењето на контролата може да доведе до повреди.
Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува или шрафот може да наиде на скриени електрични кабли. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консуптирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвikuва оштетување.
▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, орган, вода или влага. Постои опасност од експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата їе се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушки чад, експлодира или да се прегрее.
Опис на производот и мокноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и камен. Тој исто така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните апарати со електронска регулација и тек лево/десно се исто така погодни за зашрафување/одвртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Граничник за длабочина
2 Прифат на алат SDS-plus
3 Капак за заштита од прав
4 Чаура за заклучување
5 Амортизација на вибрациите
6 Рачка (изолирана површина на дршката)
7 Прекинувач за менување на правецот на вртење
8 Прекинувач за включување/исклучување
9 Прекинувач „Дупчење/ударно дупчење“
10 Копче за подесување на граничникот за длабочина
11 Пеперутка-завртка за подесувањ е на дополнителната дршка
12 Батерија*









172 | Македонски
13 Копче за отклучување на батеријата
14 Приказ за контрола на температурата
15 Приказ за наполнетоста на батеријата
16 Копче за приказот за наполнетост на батеријата
17 Дополнителна дршка
(изолирана површина на дршката)
18 Брзозатегачка глава*
19 Предна чаура на брзозатезната глава за дупчење*
20 Задна чаура на брзозатезната глава за дупчење*
21 Отвор за вшмукување Saugfix*
27 Универзален држач SDS-plus-вратило за прифат*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Чекани за дупчење | GBH 36 V-EC Compact | |
| Број на дел/артикл | 3 611 J03 R.. | |
| Контрола на бројот на вртежи | ● | |
| Тек десно/лево | ● | |
| Номинален напон | V= 36 | |
| Номинална јачина | W | 430 |
| Излезна мој | W | 320 |
| Број на удари | min-1 | 0–4850 |
| Јачина на поединечен удар согласно | ||
| EPTA-Procedure 05/2009 | J | 1,8 |
| Број на вртежи | min-1 | 0–1500 |
| Прифат на алатот | SDS-plus | |
| Дијаметар на грлото на вретеното | мм 48 | |
| Дијаметар на дупката макс: | ||
| – Б е т о н | мм | 18 |
| – Челик | мм | 13 |
| – Дрво | мм | 30 |
| макс. дијаметар на шрафовите | мм | 6 |
| Тежина согласно | ||
| EPTA-Procedure 01:2014 | кг 2,7–3,3* | |
| * во зависност од употребената батерија | ||
Акумулатор
| Дозволена температура наоколината | ||
| – при полнење | °C | 0...+45 |
| – при работа* и при складирање | °C | -20...+50 |
| Препорачани батерии | GBA 36V x,xAh H-. | |
| * ограничена јачина при температури < 0 °C | ||
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-6.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 91 dB(A); ниво на звучна јачина 102 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-6:
Ударно дупчење во бетон: ah=16m/s2 , K=1,9 m/s 2
Дупчење во метал: ah<2,5m/s2,K=1,5m/s2
Зашрафување: ah<2,5m/s2 , K=1,5 m/s 2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите што се наведени на страницата со опрема. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска заштита на ѕелиите („Electronic Cell Protection [ECP]“) од длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе се ислучи со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.









Македонски | 173
▶ По автоматското ислучување на електричниот апарат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Вадење на батеријата
Батеријата 12 има два степени на заклучување кои спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отворање на батеријата 13. Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа се држи во позиција со помош на федер.

За да ја извадите батеријата 12:
- Притиснете ја батеријата наспроти основата на електричниот апарат (1.) и истовремено на копчето за отворање 13 (2.).
– Извлечете ја батеријата од електричниот апарат, додека не се појави една црвена лента (3.). - Уште еднаш притиснете го копчето за отворање 13 и целосно извадете ја батеријата.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на батеријата 15 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 12. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот апарат е во мирување.
- Притиснете го копчето 16, за да се прикаже наполнетоста на батеријата (ова исто така е возможно и кога е извадена батеријата). По околу 5 секунди приказот за наполнетост сам се гаси.
ЛЕД светло Капацитет
| Трајно светло 3 x зелено | ≥ 2/3 |
| Трајно светло 2 x зелено | ≥ 1/3 |
| Трајно светло 1 x зелено <1/3 | |
| Трепкаво светло 1 x зелено Резерва | |
Доколку по притискањето на копчето 16 не свети LED, батеријата е дефектна и мора да се замени.
За време на процесот на полнење трите зелени LED светла светнуват едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е целосно наполнета, доколку трите зелени LED светла постојано светат. Околу 5 минути откако ће се наполни целосно батеријата, трите зелени LED светла повторно се гасат.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата, што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и 45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на траење на батеријата.
Дополнителна дршка
▶ Користете го вашиот електричен апарат само со дополнителна дршка 17.
Свртете ја дополнителната дршка (види слика А)
Дополнителната дршка 17 може да ја вртите по желба, за да си овозможите безбедна и неуморна работа.
- Вртете ја пеперутка-завртката за подесување на дополнителната дршка 11 во правец спротивен на стрелките од часовникот и свртете ја дополнителната дршка 17 во саканата позиција. Потоа свртете ја пеперутка-завртката 11 повторно во правец на стрелките на часовникот.
Подесување на длабочина на дупчење (види слика В)
Со граничникот за длабочина 1 може да се утврди длабочината на дупчење X.
- Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина 10 и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната дршка 17.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина 1 мора да покажува надолу.
- Вметнете го SDS-plus-alatот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus 2. Инаку, доколку SDS-plus-alatот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.
- Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен, да одговара на растојанието на саканата длабочина на дупчење међу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина X.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење потребен ви е SDS-plus-alat, што їе се вметне во SDS-plus-глава за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за заштафување/одвртување се користат алати без SDS-plus (напр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие алати потребна ви е брзозатегачка глава за дупчење одн. запчеста глава за дупчење.
Менување на брзозатезната глава за дупчење
За да може да работите со алати без SDS-plus (напр. со дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатезна глава за дупчење, опрема).
Вметнете ја брзозатегачката глава за дупчење (види слика С)
- Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го.
- Брзозатезната глава за дупчење 18 со вратилото за прифат ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се заклучи.
- Проверете дали е заклучена со влечење на истата.
Вадење на брзозатезната глава за дупчење
- Турнете ја чаурата за заклучување 4 наназад и извадете ја брзозатезната глава за дупчење 18.






174 | Македонски
Замена на алатот
Капакот за заштита од прав 3 го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали капакот за заштита од прав 3 е оштетен.
- Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Ставете SDS-max алат за вметнување (види слика D)
Co SDS-plus-главata за дупчење можете едноставно и лесно без користење на дополнителни алати да го замените алатот што се вметнува.
- Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
- Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самоот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Co SDS-plus-alatot што се вметнува може слободно да се маневрира, условено од системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејки дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Извадете го SDS-max алатот за вметнување (види слика E)
- Турнете ја чаурата за заклучување 4 наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.
Ставање на алат за вметнување без SDS-plus (види слика F)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ће се оштетат при ударното дупчење или длетување.
- Поставете ја брзозатезната глава за дупчење 18.
- Држете ја цврсто задната чаура 20 на брзозатезната глава за дупчење 18 и свртете ја предната чаура 19 во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека не се вметне алатот. Вметнете го алатот.
- Држете ја цврсто задната чаура на брзозатезната глава за дупчење 18, а предната чаура свртете ја цврсто со рака во правец на стрелките на часовникот додека целосно не се вклопи. Со тоа, главата за дупчење автоматски се заклучува.
- Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај, при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува, а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура 19 во правец спротивен на стрелките на часовникот. Потоа може да се затвори алатот за прифат.
- Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 11 во позиција „Дупчење“.
Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus (види слика G)
- Држете ја цврсто задната чаура 20 на брзозатезната глава за дупчење и свртете ја предната чаура 19 на истата во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека не се извади алатот.
Вшмукување на прав со Saugfix (опрема)
▶ Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
За вшмукување на правта потребен ви е Saugfix (опрема). При дупчењето Saugfix амортизира наназад, така што главата на Saugfix секогаш стои припиена на подлогата.
- Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина 10 и извадете го граничникот за длабочина 1. Одново притиснете го копчето 10 и вметнете го Saugfix однапред во дополнителната дршка 17.
- Приключете едно црево за вшмукување (дијаметар 19 мм, опрема) на отворот за вшмукување 21 од Saugfix.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален вшмукувач.
Подесување на длабочината на дупчење на Saugfix (види слика I)
Саканата длабочина на дупчење X може да се утврди и при монтиран Saugfix.
- Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus 2. Инаку, доколку SDS-plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.









Македонски | 175
- Олабавете ја пеперутка-завртката 25 на Saugfix.
- Поставете го електричниот апарат без да го включувате на местото каде треба да дупчите. SDS-plus-alatot за вметнување притоа мора да легне на површината.
- Водечката цевка 26 на Saugfix поставете ја во држачот, така што главата на Saugfix ќе легне на површината за дупчење. Не ја туркајте водечката цевка 26 над телескопската цевка 24 повеće одошто е потребно, довольно е да се гледа што е можно поголем дел на сликата од телескопската цевка 24.
- Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката 25. Олабавете го шрафот за затворање 22 на граничникот за длабочина од Saugfix.
- Поместете го граничникот за длабочина 23 на телескопската цевка 24, така што растојанието прикажано на сликата X ће одговара на длабочината на дупчење што сакате да ја постигнете.
- Зацврстете го шрафот за затворање 22 во оваа позиција.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
▶ Користете само оригинални Bosch литиум-јонски батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
- Прекинувачот за правец на вртење 7 поставете го во средната позиција, за да го заштитите електричниот апарат од невнимателно вклучување.
- Наполнетата батерија 12 притиснете ја однапред навнатре во подножјето на електричниот апарат. Целосно вметнете ја батеријата во подножјето, додека црвената линија не исчезне и додека батеријата не се заклучи.
Подесување на начинот на работа
Со прекинувачот „Дупчење/ударно дупчење“ 9 изберете го начинот на работа на електричниот апарат.
Напомена: Променете го начинот на работа само доколку електричниот апарат е ислучен! Инаку електричниот апарат може да се оштети.
- За промена на начинот на работа свртете го прекинувачот „Дупчење/ударно дупчење“ 9 во саканата позиција.

Позиција за ударно дупчење во бетон или камен

Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за зашрафување/одвртување
Поставете го правецот на вртење (види слика J)
Ω Тек десно: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење 7 налево до крај.
Ω Тек лево Притиснете го прекинувачот за правец на вртење 7 надесно до крај.
Правецот на вртење при ударно дупчење и дупчење секогаш поставувајте го на десен тек.
Вклучување/исклучување
- 3 а вклучување на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 8.
При првото вклучување на електричниот апарат може да дојде до одложување на стартот на апаратот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите. - За Исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 8.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на включениот електричен апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување 8.
Со нежно притискање на прекинувачот за включување/исклучување 8 се постигнуват мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ће се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот апарат секогаш држете го, поради јачината со која работи, цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба.
- Ислучете го електричниот апарат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот апарат. Доколку включите блокиран алат за дупчење настануваат моменти на блокирање.
Приказ за контрола на температурата
Црвеното LED светло на приказот за контрола на температурата 14 сигнализира, дека батеријата или електрониката на електричниот апарат (со вметната батерија) не е во оптималните граници на температурата. Во овој случај електричниот апарат не работи или не работи со полна јачина.
Контрола на температурата на батеријата:
- Црвеното LED светло 14 свети постојано при вметнувањето на батеријата во полначот: Батеријата е надвор од границите на температурата за полнење од 0 °C до 45 °C и не може да се наполни.
- Црвеното LED светло 14 трепка при притискање на копчето 16 или на прекинувачот за вклучување/исклучување 8 (при ставена батерија): Батеријата е надвор од границите на работна температура.









176 | Македонски
- При температура на батеријата од над 70 °C електричниот апарат се исклучува, додека батеријата не се врати во оптималните граници на температура.
Контрола на температурата на електрониката на електричниот апарат:
- Црвеното LED светло 14 постојано свети при притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување 8: Температурата на електрониката на електричниот апарат изнесува помалку од 5 °C или повеće од 75 °C.
- При температура од над 90 °C електрониката на електричниот апарат се ислучува, додека не се врати повторно во границите на температурата за работа.
Амортизација на вибрациите

Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на работењето.
Меката дршка ја зголемува заштитата од лизгање и обезбедува подобро држење и ракување на електричниот апарат.
- Електричниот апарат држете го на горниот дел од дршката, за да може оптимално да се искористи амортизацијата на вибрациите.

Вметнување на битови за одвртувач/зашрафувач (види слика К)
▶ Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот само доколку е ислучен. Доколку апаратот е включен и се врти, тој може да се преврти и падне.
За користење на битовите за одвртувач/зашрафувач потребен ви е универсален држач 27 со SDS-plus вратило за прифат (опрема).
- Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи. - Проверете дали е заклучена со влечење на университетный држач.
- Ставете еден бит за одвртувач/зашрафувач на университеталниот држач. Користете само битови што се соодветни на главата за зашрафување.
- За вадење на универсалниот држач вметнете ја чаурата за заклучување 4 наназад и извадете го универсалниот држач 27 од прифатот за алат.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од -20 °C до 50 °C. нја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат 2 по секоја употреба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови ће најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ke ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.









Srpski|177
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ўубре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:

Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт“, страна 176.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Opšta upozorenja za električne alate
UPOZORENJE
Čitajte sva upozorenja i uputstva.
Propusti kod pridržavanja upozo-