UniversalGrassCut 18V-260 - тример за трева BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UniversalGrassCut 18V-260 BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за UniversalGrassCut 18V-260 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот тример за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UniversalGrassCut 18V-260 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UniversalGrassCut 18V-260 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UniversalGrassCut 18V-260 BOSCH
Македонски.... Страница 330
Srpski ...... Strana 345
Slovenščina ....Stran 358
Hrvatski ....Stranica 372
Безбедносни напомени
Предупредување! Ве молиме прочитајте ги следниве упатства.
Запознајте се со контролите и правилната употреба на производот. Чувајте го упатството за идни консултации.
Толкување на символите на уредот

Општи безбедносни правила.


Прочитајте го упатството за употреба.

Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените
парчиња.

Предупредување: Одржувајте безбедн растојание од уредот додека
работи.


Не е применливо.

Извадете ја батеријата пред чистење, поправање или складирање на машината.

Носете заштитни слушалки и очила.

Не употребувајте го производот кога врне и не оставајте го на дожд.

text_image
360°Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените парчиња.
Предупредување: Држете се на безбедно растојание од косачката додека таа работи.

Внимателно проверете го полето на коешто єе работи уредот да нема диви или домашни животни. Дивите и домашните животни можат да бидат повредени за време на употреба на машината. Проверете го детално полето на работа на машината и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други предмети. При ракувањето со машината внимавајте во густата трева да нема скриени диви или домашни животни, како ни стебла.

За чистење на уредот не употребувајте
високопритисна пералка или гумено црево.
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
▶ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат.
Непридржувањето до сите
упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
▶ Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
▶ Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен.
Преполни или темни простории
може да доведат до несрека.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери
со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници.
Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, Ѽе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба.
Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD).
Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работе разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е ислучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот.
Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
▶ Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
- Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат.
Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот.
Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема.
Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат,
дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во
согласност со ова упатство,
внимавајте на работните услови
и работата која ја вршите.
Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
▶ Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
Извадете ја батеријата:
– кога го оставате уредот без
надзор
– пред отстранување на пречки
– пред дрегледување, чистење или работа врз уредот
– после удар во тврд предмет, за да го прегледате уредот
– кога уредот одеднаш почнува да
вибрира, веднаш проверете го
▶ Батеријата полнете ја само со полначи препорачани од Bosch.
Полнач што е погоден за полнење на еден вид батерии може да предизвика пожар кога се користи за полнење на некој друг, несоодветен вид на батерии.
Затоа користете само батерии кои се предвидени за уредот.
Користењето на други батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите.
Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт
со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, дополнително побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Не употребувајте комплет со батерии или алат кој е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте комплетот со батерии или алатот на орган или висока температура.
Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите инструкции за полнење и не го полнете комплетот со батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во инструкциите.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени
Ракување
Ракувачот мора да ракува со производот во склад со прописите. При ракувањето со уредот мора да ги земе пред вид конкретните услови. При работата мора да внимава на другите личности, а посебно на децата.
▶ Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
▶ Децата треба да бидат под надзор да не си играат со уредот.
Примена
▶ При работа држете го уредот цврсто со двете раце и стојте на сигурна подлога. Со уредот безбедно се ракува со две раце.
▶ Почекајте уредот потполно да застане пред да го спуштите.
▶ Никогаш не користете го уредот со дефектен заштитен капак или друга заштита, или без заштита. Внимавајте сите заштитни елементи да се правилно монтирани. Никогаш не употребувајте го уредот ако не е комплетен или ако на него се извршени неовластени поправки.
▶ Никогаш не употребувајте го уредот ако кабелот е оштетен или дотрошен.
▶ Никогаш не менувајте ги неметалните елементи за сечење со метални.
▶ Никогаш не поправајте го уредот сам, дури ни кога сте за тоа квалификувани.
▶ Другите лица и животни мораат да бидат оддалечени на соодветно растојание кога уредот работи. Ракувачот е одговорен за трети лица во полето на работа.
▶ Почекајте главата за сечење во потполност да застане пред да ја допрете. Главата за сечење продолжува да се врти и по гасењето на моторот и може да предизвика повреди.
▶ Работете само при дневна светлина или при добро осветлување.
▶ Не работете со тримерот при лоши временски услови, а посебно при грмотевици.
▶ Ако го користите уредот на влажна трева, тоа може да влијае врз ефикасноста на тримерот.
▶ За транспорт исключете го уредот и извадете ја батеријата.
▶ При работа со тримерот секогаш внимавајте на безбедно растојание. Нозете и рацете држете ги подалеку од ротирачките делови на уредот.
▶ При работа одржувајте рамнотежа за да не паднете.
▶ Внимавајте да не го згазите уредот кој лежи на земја.
▶ Пред замена на макарата извадете ја батеријата.
▶ Редовно проверувајте го и одржувајте го тримерот.
▶ Секогаш кога го чистите уредот или го менувате конецот, носете заштитни ракавици.
▶ Внимавајте да не се повредите на ножето со кое се сече конецот за косење. После дополнување на конецот за косење, секогаш ставете го уредот со сечилото во хоризонтална положба пред да го включите.
Исклучете го уредот и извадете ја батеријата:
– секогаш кога уредот го оставате
без надзор на извесно време
– за замена на макарата
– за чистење или поправка
– при складирање на тримерот
▶ Чувајте го уредот на суво и затворено место, вон дофат на
деца. Не ставајте други предмети на производот.
▶ Не употребувајте го уредот како бастум.
Напомени за оптимално користење на батериите
▶ Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување
на сончеви зраци, орган, вода и влага. Постои опасност од експлозија.
▶ Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа.
Внесете свеж воздух и доколку има повредени побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот.
Само на тој начин батеријата ке се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да
дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее.
▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Безбедносни напомени за полначи

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и
упатства. Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства за идни консултации.
▶ Користете го полначот само откако ке ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако ке ги добиете потребните упатства.
▶ Не дозволувајте им на деца,
личности со ограничени физички,
сензорни или психички
ограничувања и/или недостаток на
знаење или на личности
незапознаени со ова упатство да го
употребуват уредот. Државните
прописи можат да ја ограничат
возраста на ракувачот.
▶ Надгледувајте ги децата. Така ће се осигурате дека децата нема да си играат со полначот.
▶ Полнете само Bosch литиум-јонски акумулатори со капацитет од 1,5 Ah (од 5 акумулаторски келии). Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на батеријата на полначот. Не пробувајте да полните батерии кои не се полниви. Во спротивно, постои ризик од пожар и од експлозија.

Полначот држете го подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на вода во полначот го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.
▶ Пред секое користење,
проверете ги полначот, кабелот
и приключокот. Не го користете
полначот, доколку забележите
оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на
поправка кај квалификуван
стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни
делови. Оштетениот полнач, кабел
и приключок го зголемува ризикот
за електричен удар.
▶ Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при полнењето.
▶ Не ги покривајте отворите за проветрување на полначот.
Инаку полначот може да се
прегрее и да не функционира
правилно.
▶ За зголемена електрична безбедност, препорачуваме употреба на уред за резидуална струја со макс. јачина на струја од 30 mA. Секогаш проверете ја Физаштитната склопка пред употреба.
Ознаки
Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ће ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.
Ознака Значење
![]() | Носете заштитни ракавици |
| [x74X] | Правец на движење |
| [2KOZ] | Правец на реакција |
| Тежина | |
| Вклучување | |
| Исклучување | |
| Дозволена функција | |
![]() | Забранети акции |
| CLICK | Чујна бучава |
| Додатна опрема/резервни делови | |
![]() | Препорачани подесувања за косење трева |
Ознака Значење

Препорачани подесувања за косење агли
Препорачани подесувања за поткастрување грмушки
Употреба со соодветна намена
Уредот е наменет за домашна употреба, за косење треви и корови. Развиен е за косење треба која расте на нагиби, на ивици и агли кои не можат да се искосат со косачка. Уредот не треба да се користи за грмушки и потврди растенија. Уредот не е наменет за комерцијална и индустриска употреба.
Извадете го уредот од пакувањето и проверете дали се включени следните компоненти:
- Тример за трева
- Заштитна хауба капак
- Тркало
- Батерија**
- Полнач**
- Упатство за употреба
Ако нешто недостига или е оштетено, обратете се кај својот продавач.
** во зависност од државата
Нумерирањето на напишаните компоненти се однесува на приказот на уредот на страните со цртежи.
(1) Копче за отворање на батеријата
(2) Батерија ^3)
(3) Расклопна рачка
(4) Педала за подесување на аголот на работа според косењето/поткаструвањето
(5) Заштитна хауба капак
(6) Тркало
(7) Отклучување на рачката за прилагодување
(8) Прекинувач за вклучување/исклучување
(9) Брава на прекинувачот за вклучување / исклучување
(10) Копче за подесување на работната висина
(11) Рачка
(12) Полнач ^a)
(13) Хауба капак за макарата конец
(14) Макара
(15) Прифат на конецот
(16) Прстен за затегнатост
(17) Кука за редење на конецот
(18) Шлиц за водење на конецот
(19) Дупче за водење на конецот
a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Тример за трева/тример за рабови UniversalGrassCut 18V-260 UniversalGrassCut 18V-26
| Број на артикл | 3 600 HC1 D.. 3 600 HC1 E.. | ||
| 3 600 HC1 D03 | |||
| Номинален напон V= 18 18 | |||
| Број на празни вртежи min | -1 | 7300 7300 | |
| Должина на линијата за косење мм 1,6 1,6 | |||
| Пречник на кругот за косење см 26 26 | |||
| Капацитет на конецот за косење м 6 6 | |||
| Подесување на висината см 120 - 140 120 - 140 | |||
| Расклопна рачка | ● | ● | |
| косење на рабови | ● | ● | |
| Заштита за растенија/тркало | ● | ● | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | кг | 2,3 | 2,3 |
| Комплет (со батерија) | кг | 2,7 | 2,7 |
| Сериски број | види ја плочката со податоци на апаратот | ||
| Препорачана околна температура при полнење | °C | 0 ... +35 | 0 ... +35 |
340 | Македонски
Тример за трева/тример за рабови UniversalGrassCut 18V-260 UniversalGrassCut 18V-26
| Дозволена околна температура при работење ^A) и при складирање | °C -20 ... +50 -20 ... +50 | |
| Тип на батерија PBA 18V...W-. | 1,5 Ah, 2,0 Ah, 2,5 Ah,4,0 Ah, 6,0 Ah | PBA 18V...W-.1,5 Ah, 2,0 Ah, 2,5 Ah,4,0 Ah, 6,0 Ah |
A) Ограничена јачина при температури <0 °C.
Полнач AL 1810 CV AL 1820 CV AL 1830 CV AL 1880 CV
Косење трева косење на рабови
Утврдени вредности на емисија на бучава EN 50636-2-91
Измереното А ниво на бучава изнесува обично:
| - Звучен притисок dB(A) | 77 | 76,5 | |
| - Звучна јачина | dB(A) | 87 | 89 |
| - Несигурност K | dB | = 3 | = 3 |
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 50636-2-91
| – Вредност на емисија на вибрации a_1 | m/s ^2 | 7 | 7 |
| – Несигурност К | m/s ^2 | = 1,5 | = 1,5 |
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој уредот е исключен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа и користење
| Цел на користењето | Слика | Страна |
| Илустрација на компоненти | A | 459 |
| Обем на испорака | B | 460 |
| Монтирање на заштитната хауба | C | 460 |
| Прилагодување на работната висина | D | 461 |
| Скопување на рачката | E | 462 |
Цел на користењето Слика Страна
| Монтирање на тркалото | F | 462 |
| Полнење и замена на батеријата | G | 463 |
| Вклучување/исклучување | H | 463 |
| Препорачани подесувања за косење трева | I | 464 |
| Препорачани подесувања за косење агли | J | 465 |
| Препорачани подесувања за косење трева и поткастрување грмушки | K | 466 |
| Отстранување на макарата | L | 467 |
| Извлекување на конецот од макарата | M | 468 |
| Монтажа на макарата | N | 469 |
| Одржување, чистење и чување | O | 469 |
| Опрема | P | 470 |
Монтажа
▶ Предупредување: Пред да го склопувате уредот, исклучете го и извадете му ја батеријата.
Туркајте ја заштитната хауба (5) на главата од тримерот додека не слушнете клик. Прицврстете на заштитната хауба (5) со завртката на главата од тримерот. Завртката е при испораката веке монтирана на долното куќиште. Никогаш не користете го тримерот без монтирана заштитна хауба (5). По успешна монтажа, заштитната хауба (5) веке не смее да се отстранува од тримерот.
Подесување на работната висина (види слика D)
Притиснете го копчето (10) и подесете го тримерот на саканата висина. Ослободете го копчето (10).
Тримерот секогаш користете го со работна позиција, никогаш со позиција за монтажа. Позицијата за монтажа е онаа, кога тримерот е во потполност склопен. Внимавајте при подесувањето на работната позиција механизмот за подесување на висината да е во ред. Треба да се слушне клик кога е механизмот во точната позиција.
Притиснете го копчето (7), склопете ја рачката (3) додека не застане на место и ослободете го копчето (7). Внимавајте рачката (3) да е правилно монтирана. Не притискајте ја рачката (3), додека ја монтирате.
Монтирајте го тркалото (6) на главата од тримерот. Внимавајте на правилното поставување на стрелките на
главата на тримерот. Внимавајте куката правилно да влегува во жлебот. Свртете го тркалото (6) додека рачката (11) не легне на своето место со чуен клик. За отстранување, повлечете ја рачката (11) додека не се ослободи тркалото и извадете го тркалото (6) во спротивна насока.
Вклучување
▶ Предупредување: Пред да го прилагодувате или чистите уредот, исключете го и извадете му ја батеријата.
Полнење на батеријата
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот. Батеријата е опремена со температурен монитор кој дозволува полнење само на температури од 0 °C до 35 °C степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. При празна батерија производот е опремен со заштита од вклучување: Машината повеće не работи.
По автоматското ислучување на уредот, не притискајте на прекинувачот за вклучување/ислучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Совет: Користењето на несоодветни батерии може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на уредот.
Повторно ставете ја батеријата (2). Проверете дали батеријата е правилно вклопена.
За вадење на батеријата (2) од уредот, притиснете го копчето за вадење на батеријата (1) и извадете ја батеријата.
Полнење
Полнењето започнува кога полначот е приключен во утикач и батеријата (2) е вметната во полначот (12). Поради интелигентниот процес на полнење, автоматски се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ће биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од температурата и напонот на батеријата. Така се негува батеријата и при чување во полначот постојано е наполнета.
Трепкаво светло на приказот за наполнетост на батеријата

Процесот на брзо полнење се сигнализира со трепкање на приказот за полнење на батеријата.
Трајно светло на приказот за наполнетост на батеријата

Трајното светло на приказот за наполнетост на батеријата сигнализира, дека батеријата е целосно наполнета или дека температурата на батеријата е надвор од дозволените
граници на температура за полнење и затоа не може да се наполни. Што се постигне дозволената граница на температура, батеријата е наполнета.
Без вметната батерија трајното светло на приказот за полнење на батеријата сигнализира дека струјниот приклучок е приклучен на приклучницата и полначот е подготвен за работа.
Трепка (брзо) зелениот индикатор за наполнетост

Процесот на брзо полнење се сигнализира со брзо трепкање на зелениот приказ за акумулаторот.
Напомена: Брзото полнење е можно само ако температурата на батеријата е во границите на дозволената температура, види го делот „Технички податоци“.
Трепка (полека) зелениот индикатор за наполнетост

При наполнетост на батеријата од околу 80%, зеленото светло трепка полека.
Батеријата може да се извади и веднаш да се користи.
Траен зелен приказ за полнење на батеријата

Трајното светло на зелениот приказ на батеријата сигнализира, дека батеријата е полнета.
Без вметната батерија трајното светло на приказот за полнење на батеријата сигнализира дека струјниот приключок е прилучен на сидната дозна и полначот е подготвен за работа.
Постојано црвено светло на индикаторот за наполнетост

Трајното светло на црвениот приказ за полнење на батеријата сигнализира дека
температурата е надвор од дозволените граници на полнење, видете во делот „Технички податоци“. Веднаш штом се постигнат дозволените граници на температура, полночат се префрла автоматски на брзо полнење.
Трепка индикаторот за наполнетост на батеријата

Трепкање на црвениот индикатор за наполнетост на батеријата сигнализира
друга препрека во процесот на полнење, види во делот „Причини и помош“.
Ракување
▶ Предупредување: Пред да го склопувате уредот, исклучете го и извадете му ја батеријата.
По исклучувањето на безжичниот тример сечилото продолжува да врти уште неколку секунди. Почекајте моторот и сечилото потполно да престанат со работа пред повторно да го включите тримерот.
▶ Не вклучувајте и исклучувајте го тримерот кратко повекепати едноподруго.
▶ Користете само делови за сечење одобрени од Бош. При употреба на други елементи, квалитетот на сечењето може да варира.
Вклучување/исклучување (види слика Н)
За вклучување притиснете го прво клучот за вклучување (9). Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
За исклучување пуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Притиснете го копчето (4) и подесете го на агол од 48° за косење трева.
Движете го тримерот лево-десно и внимавајте при работата со него да одржувате безбедно растојание меѓу тримерот и вашето тело. Повисоката трева косете ја на делови.
Притиснете го копчето (4) и подесете го на агол од 36° за косење рабови. Свртете ја рачката за 180° и потоа свртете го тримерот во насока на стрелките на часовникот во саканата работна позиција.
Движете го тримерот по работ. При употреба на тркалото, избегнувајте контакт со цврсти површини и зидови за да избегнете брзо кинење на конецот.
Притиснете го копчето (4) и подесете го на агол од 24° за косење околу дрва и грмушки.
Косете внимателно околу дрва и грмушки, за да не ги допрете со конецот. Растенијата можат да се исушат ако им се оштети кората.
▶ Пред замена на макарата извадете ја батеријата.
Притиснете ги истовремено двете јазичиња на капакот за конец и извадете го капакот за конец (13). Потоа извадете ја празната макара (14).
Отсечете околу 6 м конец од дополнителната ролна. Провлечете го крајот на конецот на прифатот за конец (15) на макарата. Водете го конецот под куката (17) понатаму. На крајот протнете го конецот низ шлицот (18) на макарата. Потоа намотајте го конецот рамномерно затегнато и распоредено.
Пикнете го другиот крај на конецот низ дупчето (19) во главата на тримерот и повторно ставете ја макарата во главата на тримерот. Фиксирајте ја макарата со поставување на капакот за конец (13).
Капакот за конецот (13) може да се монтира само во една позиција.
Надополнување на конецот
IntelliFEED
Тримерот е опремен со системот ИнтелиФИД, кој автоматски пушта конец за да го одржи дијаметерот на косење.
Отстранување грешки


Тример за трева/тример за рабови
| Симптом Можно причина Помош | ||
| Моторот не севклучува | Празна батерија Наполнете ја батеријата. | |
| Батеријата е премногу топла/ладна Пуштете батеријата да се загрее/олади. | ||
| Уредот работи сопрекини | Прекинувачот е расипан Обратете се во Bosch служба за корисници. | |
| Неисправни внатрешни инсталации во уредот Обратете се во Bosch служба за корисници. | ||
| Уредот епреоптоварен | Тревата е превисока Косете постепено, на нивоа. | |
| Уредот не сече Конецот е прекраток/прекинат Рачно надополнете го конецот за косење. | ||
| Празна макара Заменете ја макарата. | ||
| Конецот за косење несе надополнува | Конецот е заплеткан на макарата Проверете ја макарата и по потреба повторно намотајте го конецот. | |
| Празна макара Надополнете ја макарата. | ||
| Конецот не е правилно намотан Повторно намотајте го конецот. | ||
| Премногу конец е намотан Скратете го конецот на правилната должна. | ||
| Конецот е сплеткан Проблеми со системот за надополнување наконецот | Обратете се во Bosch служба за корисници. | |
| Конецот за сечење есвиткан наназад | Конецот е прекраток/прекинат Извадете ја макарата и повторно ставете гоконецот (види слики L - N). | |
| Конецот често се кине | Конецот е заплеткан на макарата Извадете ја макарата и повторно намотајте гоконецот (види слики L - N). | |
| Неправилно ракување со тримерот Косете само | со врвот на конецот за косење;избегнувајте допирање со камења, сидови идруги цврсти предмети. Редовно надополнувајте го конецот за да го користите целиот пречник на косење. | |
| Тримерот необичновибрира | Прстенот за затегање или капакот за конецотне се монтирани на макарата | Монтирајте го прстенот за затегање иликапакот за конецот на макарата. |
| Прстенот за затегање е погрешно поставен | Поставете го прстенот повторно. | |
| Системот за косење е оштетен | Обратете се во Bosch служба за корисници. | |
| Прстенот е блокиран | Купете нов прибор за макара со прстен зазатегнување. | |
Батерија и полнач
344 | Македонски
| Трепка црвениот индикатор на батеријатаНе е возможен процес на полнење | Батеријата не е (правилно) вметната Вметнете ја батеријата правилно во уредот. | |
| Контактите на батеријата се извалкани Исчистете ги контактите на батеријата; на пр. повеće пати вметнете ја и извадете ја батеријата, по потреба заменете ја. | ||
| Дефектна батерија Заменете ја батеријата. | ||
| Индикаторот за наполнетост на батеријата не свети | Струјниот приключок на полначот не е (правилно) вметнат | Струјниот приключок (целосно) вметнете го во утикачот. |
| Утикачот, струјниот кабел или полначот се дефектни | Проверете го струјниот напон, а полначот оставете го на проверка во авторизирана сервисна служба за Bosch-електрични алати. | |
Одржување и сервис
Извадете ја батеријата од машината пред да работите на неа (на пример пред редовно одржување, замена на делови и слично), како и пред транспорт и складирање. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување, постои опасност од повреди.
Одржување, чистење и чување
▶ Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа.
Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти, за да функционираат добро и безбедно. Никогаш не прскајте го уредот со вода. Никогаш не потопувајте го уредот во вода. Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир на деца. Не редете други предмети врз уредот. Внимавајте прстенот за затегнување да е при употреба секогаш прицврстен за макарата. Во спротивно можат да настанат силни вибрации.
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпаэливост:
– Заштитете ја батеријата од влага и вода.
- Складирајте ја батеријата во граници на температура од -20 °C - 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил на лето.
– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во уредот.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Litiум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кујкиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат за повторна употреба.

Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 344).
Srpski
Sigurnosne napomene
Pažnja! Pažljivo pročitajte sledeća uputstva. Upoznajte se sa upravljačkim elementima i namenskom upotrebom proizvoda. Molimo spremite uputstvo za upotrebu na sigurno mesto radi buduće upotrebe.


