BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - тример за трева

UniversalGrassCut 18V-23-450 - тример за трева BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UniversalGrassCut 18V-23-450 BOSCH во PDF формат.

📄 274 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - page 192
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за UniversalGrassCut 18V-23-450 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот тример за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UniversalGrassCut 18V-23-450 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UniversalGrassCut 18V-23-450 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UniversalGrassCut 18V-23-450 BOSCH

Македонски.... Страница 191

Srpski ...... Strana 200

Slovenščina ....Stran 207

Hrvatski ......Stranica 215

▶ Режете тревата на етапи, за да постигнете равномерен резултат.

Безбедносни напомени

Толкување на символите на уредот

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Толкување на символите на уредот - 1

Општи безбедносни правила.

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Толкување на символите на уредот - 2

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Толкување на символите на уредот - 3

Прочитајте го упатството за употреба.

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Толкување на символите на уредот - 4

Носете заштита за видот- и слухот.

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Толкување на символите на уредот - 5

Носете заштитни ракавици.

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Толкување на символите на уредот - 6

Не употребувајте го овој производ кога има дожд.

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Толкување на символите на уредот - 7

ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ: Држете ги посматрачите понастрана.

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Толкување на символите на уредот - 8

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пазете се од делчиња кои се исфрлаат.

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Толкување на символите на уредот - 9

Не применливо

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Толкување на символите на уредот - 10

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Тргнете ја батеријата пред сервисирање.

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Толкување на символите на уредот - 11

За чистење на уредот не употребувајте високопритисна пералка или гумено црево.

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Толкување на символите на уредот - 12

Внимателно проверете го полето на коешто ќе работи уредот да нема диви или домашни животни. Дивите и домашните животни можат да бидат повредени за време на

употреба на машината. Проверете го детално полето на работа на машината и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други предмети. При ракувањето со машината внимавајте во густата трева да нема скриени диви или домашни животни, како ни стебла.

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАI

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.

▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.

▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.

▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под

дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.

▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.

▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.

▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.

▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.

▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.

▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни

безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.

Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
▶ Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да

предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.

▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни упатства за косилка за трева и косилка за рабови од тревникот

▶ Не користете го уредот при невреме, особено не кога има грмотевици. Со тоа єе ја намалите опасноста од удар на гром.
▶ Темелно проверете ја областа и површината каде єе работите да не има диви животни. Дивите животни можат да бидат повредени кога машината е во погон.
▶ Проверете го детално полето каде єе работите и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други предмети. Исфрлените делови може да предизвикаат повреди.
▶ Пред да ја користите машината, секогаш проверувајте кај алатката за сечење и делот за режење да не се оштетени. Оштетените делови го зголемуваат ризикот од повреда.
▶ Оставете ги заштитните поклопци на нивното место. Заштитните капаци мора да бидат оперативни и правилно прицврстени. Лабава, оштетена или неисправна заштитна покривка може да предизвика повреда.
Чувајте ги отворите за влез на воздух без наслаги. Запушените отвори или остатоци во доводите за воздух може да предизвикаат прегревање или опасност од пожар.
▶ Носете заштита за видот и слухот. Соодветна лична заштитна опрема їе ги намали можните повреди.
Секогаш носете заштитни чевли што не се лизгаат додека работите со уредот. Никогаш не работете боси или со отворени сандали. Ова ће го намали ризикот од повреди на стапалото при случаен контакт со ротирачкиот лист на пилата.
▶ Кога се ракува со машината, секогаш треба да се носи облека како на пример панталони што ги

покриваат нозете на корисникот. Контакт со ротирачкиот дел за сечење или нитката може да предизвика повреда.

▶ Држете се понастрана од случајните минувачи кога ракувате со машината. Исфрлените делови може да предизвикаат сериозни повреди.

▶ Не ракувајте со машината над нивото на вашиот струк, односно половината. Ова помага да се избегне случаен контакт со резната единица и овозможува подобра контрола врз машината во неочекувани ситуации.

▶ Бидете внимателни кога работите со машината на влажна трева. Одете, не трчајте. Ова го смалува ризикот од лизгање или паѓање, што може да резултира со повреда.

▶ Не ракувајте со машината на премногу стрмни падини. Ова го смалува ризикот од губење контрола, лизгање и паѓање, се што може да доведе до повреда.

Koga работите на косини, проверете дали имате сигурна основа; секогаш работете преку нагибот, никогаш нагоре или надолу и бидете исключително внимателни кога го менувате работниот смер. Ова го смалува ризикот од губење контрола, лизгање и пафање, се што може да доведе до повреда.

▶ Чувајте ги сите кабли за напојување подалеку од сечилото. Каблите за напојување може да бидат скриени во жива ограда или грмушки и случајно да се оштетат или бидат исечени со делот за сечење.

Чувајте ги сите делови од телото подалеку од ротирачкиот елемент за сечење или нитката. Не отстранувајте материјал од машината пред да ја исклучите од напојувањето со струја. Ротирачкиот елемент за режење или конецот може да предизвика сериозни повреди.

▶ Носете ја машината исключена и свртена настрана од вашето тело. Правилното ракување со машината ће ја намали веројатноста за случаен контакт со конецот и делот за режење.

Користете само заменски глави за режење, линии за сечење и ножеви за тример направени од пластика според спецификациите на производителот. Не заменувајте ги пластичните навои или лопатки со метални жици или ножеви.

Неадекватните резервни делови може да резултираат со губење на контролата, кршење и повреда.

Специјални безбедносни информации

▶ Бидете внимателни дури и кога не го користите уредот. Може да стане камен на сопнување.

He дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.

▶ Децата треба да бидат под надзор да не си играат со уредот.

▶ Проверете го производот дали е оштетен како удрил во тврд предмет или кога има прекумерни вибрации.
▶ Кога ја скратувате линијата за сечење, внимавајте да не се исечете.
▶ Режете ја тревата во фази за постојан резултат.
Koga ja ставате батеријата, внимавајте ножот за сечење да не дојде во контакт со вашето тело или други предмети, включително и земјиштето односно тлото. Може да се врти при стартување и да предизвика повреда или оштетување на производот и/или обкетот.
Избегнувајте неправилно држење на телото и секогаш одржувајте стабилна равнотежа. На коси површини чекорете внимателно и стабилно. Одете полека мирно, не трчајте.
▶ Се препорачува да се прават соодветни паузи при подолготрајно користење на уредот.
▶ При подолга работа со производот (или со други машини) ракувачот е изложен на влијанието на вибрации, што може да доведе до појава на болеста Бели прсти (Рејноов феномен) или Синдром на карпален тунел.
▶ Овие состојби го оштетуваат сетилото за допир и терморегулацијата на дланките, предизвикуваат чувство на трнење и горење, како и нервни или циркуларни оштетувања и некроза на ткивото.
▶ Ако имате симптоми на преголема изложеност на вибрации, обратете се кај лекар. Овие симптоми вклучуваат трнење, губење на сетилото за допир, вкочанетост, пецкање, боцкање, болка, загуба на сила, промени на бојата или состојбата на кожата. Овие симптоми најчесто се јавуваат во прстите, рацете или зглобовите (видете исто така информации за звук/вибрации).

Напомени за оптимално користење на батериите

▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Напомени за оптимално користење на батериите - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Постои опасност од експлозија.

Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спајалици, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.

▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
▶ Наполнете го мерниот уред со испорачаниот полнач.

Ознаки

Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.

Ознака Значење

Правец на движење
Правец на реакција
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
CLICK!Чујна бучава
Тежина

Опис на производот и перформансите

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Опис на производот и перформансите - 1

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Опис на производот и перформансите - 2

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства. Непочитувањето на безбедносните

предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.

Видете ги илустрациите на крајот на упатството.

Употреба со соодветна намена

Уредот е наменет за домашна употреба, за косење ниски треви и плевел кои се ниско и блиску со почвата. Дизајниран е за косење трева која расте на нагиби, на ивици и агли околу рабовите на тревниците каде косачка не досега и кои не можат да се искосат со неа. Оваа градинарска алатка НЕ е дизајнирана да се употребува како моторна коса. Уредот не е наменет за комерцијална и индустриска употреба.

Извадете го уредот од пакувањето и проверете дали се включени следните компоненти:

- Тример за трева

- Заштитна хауба

- Батерија**

- Полнач**

– Упатство за употреба

Ако нешто недостига или е оштетено, обратете се кај својот продавач.

** во зависност од државата

Нумерирањето на напишаните компоненти се однесува на приказот на уредот на страните со цртежи.

(1) прилагодлива рачка
(2) Копче за косење на трева/косење на рабови
(3) Клуч на прекинувачот за включување/исклучување
(4) Прекинувач за включување/исклучување
(5) Копче за отворање на батеријата

(6) Батерија ^a)

(7) Отклучување на рачката за прилагодување

(8) Подесување на висината

(9) Прилагодување на аголот на нагибот

(10) Заштитна хауба

(11) Штитник

(12) Полнач

(15) Прифат на конецот

(16) Дупче за водење на конецот

(17) Копче за водилката на конецот

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Тример за трева/тример за рабови UniversalGrassCutUniversalGrassCut
18V-23-45018V-26-500
Број на артикл3 600 HC1 G..3 600 HC1 F..
Номинален напон ^A) V 18 18
Број на вртежи ^A) min ^1 85008500
Пречник на линијата за косење мм 1,6 1,6
Пречник на кругот за косење см 23 26
Капацитет на конецот за косење м 4,0 4,0
прилагодлива рачка ● ●
раб функција ● ●
функција на навалување ● ●
Тежина соодветно IEC 62841-4-4 ^A)
– со батерија (1,5 Ah – 6,0 Ah) кг 2,3 – 2,7 2,3 – 2,7
– без батерија кг 2,0 2,0
Сериски број види ја плочката со податоци на апаратот
Препорачана околна температура при полнење°C0 ... +350 ... +35
Дозволена околна температура при работење ^B) и при складирање°C-20 ... +50-20 ... +50
Тип на батеријаPBA 18V...W-.1,5 Ah, 2,0 Ah, 2,5 Ah, 4,0 Ah, 6,0 AhPBA 18V...W-.1,5 Ah, 2,0 Ah, 2,5 Ah, 4,0 Ah, 6,0 Ah

A) во зависност од употребената батерија
B) ограничена јачина при температури < 0 °C

Информации за бучава/вибрации

3 600 HC1 G..3 600 HC1 F..

Тример за трева/тример за рабови

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат соодветно IEC 62841-4-4 и EN 50636-2-91

А-пондерираното односно измереното А ниво на бучавата изнесува обично:

– Звучен притисокdB(A)7677
– Несигурност КdB3,03,0

Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со IEC 62841-4-4 и EN 50636-2-91

– Вредност на емисијата на вибрации a_h m/s^2 5,15,7
– Несигурност K m/s^2 1,51,5

Бидејки декларираната(е) вкупна вредност(и) на вибрации и декларираната(е) вредност(и) на емисија на бучава се измерени според стандардизиран тест метод и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг.

Навередната/-ните вкупна(и) вредност(и) на вибрации и наведената/-ните вредност(и) за емисија на бучавост(а) исто така може да се користат за прелиминарна проценка на изложеноста.

Бидејки емисите на вибрации и бучава за време на вистинската употреба на електричниот алат може да се разликуват од декларираните вредности, во зависност од начинот на кој се користи електричниот алат, особено од типот на предметот што се обработува; и потребата да се воспостават безбедносни мерки за заштита на операторот, врз основа на проценка на изложеноста на вибрации за време на реалните услови на употреба (земајки ги предвид сите делови од работниот циклус, како што се времињата кога електричниот алат е

ислучен и времето кога е включена е, но работи без оптоварување).

Монтажа и користење

Цел при ракувањето Слика Страна
Илустрација на компонентиA265
Обем на испоракаB266
Прилагодување на рачкатаC266
Монтирање на заштитната хаубаD267
Прилагодување на висинатаE269
Прилагодете го аголот на навалувањеG269
Менување опции за косење на трева/косење на рабовиH270
Наполнете ја и вметнете батеријатаI271
Вклучување/исклучувањеJ271
Отстранување на макаратаK272
Извлекување на конецот од макаратаL272
Монтажа на макаратаM273
Надополнување на конецотN273
Одржување, чистење и чувањеO274
ОпремаP274

Монтажа

▶ Предупредување: Пред да го склопувате уредот, исклучете го и извадете му ја батеријата.

Монтажа и прилагодување на рачката (види слика С)

Рачката (1) може да менува положби. За да ја промените положбата на рачката, притиснете ги копчињата (7) и наместете ја рачката во саканата положба. Пуштете ги копчињата (7) за да ја прицврстите рачката.

Пред да ја поставите заштитната хауба повлечете го држачот за да ги заштитите растенијата од позицијата за испорака до позицијата за складирање.

Ставете ја заштитната хауба (10) на главата на тимерот и прицврстете ја со приложените завртки.

Кога ће е штитникот монтиран, не смее повеке да се размонтирува.

Потоа, ставете го држачот во работната позиција за да ги заштитите растенијата.

Вклучување

▶ Предупредување: Пред да го прилагодувате или чистите уредот, исключете го и извадете му ја батеријата.
По исклучувањето на безжичниот тример сечилото продолжува да врти уште неколку секунди. Почекајте моторот и сечилото потполно да престанат со работа пред повторно да го включите тримерот.
▶ Не допирајте го сечилото пред да престане да се врти.
▶ Не вклучувајте и исклучувајте го тримерот кратко повекепати едноподруго.
▶ Користете само делови за сечење одобрени од Бош. При употреба на други елементи, квалитетот на сечењето може да варира.

Совет: Користењето на несоодветни батерии може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на уредот.

Повторно ставете ја батеријата (6). Проверете дали батеријата е правилно вклопена.

За вадење на батеријата (6) од уредот, притиснете го копчето за вадење на батеријата (5) и извадете ја батеријата.

Ракување

Вклучување/исклучување (види слика J)

За вклучување притиснете го прво клучот за вклучување (3). Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) и држете го притиснат.

За исклучување пуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).

Завртете ја рачката кон осовината за 180°, за да ја позиционирате главата на тримерот за косење на трева или на рабови. Ако го пуштите копчето (2), ротирачкиот механизам се заглавува. Сега свртете ја целата машина во работна позиција.

Косење трева

Движете го тримерот лево-десно и внимавајте при работата со него да одржувате безбедно растојание меѓу тримерот и вашето тело. Повисоката трева косете ја на слоеви.

Косење на рабови

Движете го тримерот по работ. Избегнувајте контакт со цврсти површини и зидови за да избегнете брзо кинење на конецот.

Косење околу дрва и грмушки

За да избегнете оштетување, косете внимателно околу дрва и грмушки, за да не ги допрете со конецот.

▶ Пред замена на макарата извадете ја батеријата.

Притиснете ги двете јазичиња на капакот за конец и тргнете го (13). Потоа извадете ја празната макара (14). Отсечете околу 4,0 m конец од дополнителната ролна. Пикнете го конецот во прифатот за конец (15) и вртете го конецот така што да биде рамномерно распореден и затегнат.

Другиот крај на конецот пикнете го во дупчето (16) во главата на тримерот и вратете ја макарата во главата на тримерот. Прицврстете ја макарата со враćање на капакот за конец (13).

Полуавтоматско надополнување на конецот

Тримерот е опремен со полуавтоматски систем за надополнување. Со секое притискање на прекинувачот за влкучување и исклучување (4), излегува конец.

Рачно надополнување на конецот

Притиснете го копчето (17), и повлечете го конецот до саканата должна.

Отстранување грешки

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Отстранување грешки - 1

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Отстранување грешки - 2

Моторот не севклучуваПразна батерија Наполнете ја батеријата
Батеријата е преладна/претопла Пуштете батеријата да се загрее/олади
Уредот работи сопрекиниПрекинувачот е расипан Обратете се во Bosch служба за корисници
Неисправни внатрешни инсталации во уредот Обратете се во Bosch служба за корисници
Уредот епреоптоваренТревата е превисока Постепено сечете
Уредот не сече Конецот е прекраток/прекинат Рачно надополнете го конецот за косење
Празна макара Надополнете ја макарата
Конецот за косење несе надополнуваКонецот е заплеткан на макарата Проверете ја макарата и по потреба повторнонамотајте го конецот
Празна макара Надополнете ја макарата
Конецот за сечење есвиткан наназадКонецот е прекраток/прекинат Извадете ја макарата и повторно ставете гоконецот (види слики K – M)
Конецот често се кинеКонецот е заплеткан на макарата Извадете ја макарата и повторно намотајте гоконецот (види слики K – M)
Неправилно ракување со тримерот Косете само со врвот на конецот за косење;избегнувајте допирање со камења, сидови идруги цврсти предмети. Редовнонадополнувајте го конецот за да го користитецелиот пречник на косење.
Силни вибрации Конецот е скинатРачно повлечете го конецот (види слика L)
Системот за косење е оштетен Обратете се во Bosch служба за корисници
Има трева меѓу куќиштето за косење и копчетоза надополнување на конецот
Премногу трева околу системот за сечење
Телескопската шипкасе турка заедноПрилагодувањето на висината не е правилнозатегнато

Одржување и сервис

Одржување, чистење и чување

Извадете ја батеријата од машината пред да работите на неа (на пример пред редовно одржување, замена на делови и слично), како и пред транспорт и складирање. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување, постои опасност од повреди.

▶ Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа.

Не редете други предмети врз уредот.

Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти, за да функционираат добро и безбедно.

Никогаш не прскајте го уредот со вода.

Никогаш не потопувајте го уредот во вода.

Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир на деца.

Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот.

Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.

Не го модификувајте уредот. Неовластени

модификации може да ја загрозат безбедноста на вашиот производ и да го зголемат ризикот од лична повреда.

Не користете батерии или алатки кои се оштетени или

модификувани. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.

Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови.

Одржување на батеријата

За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:

- Заштитете ја батеријата од влага и вода.

– Чувајте ја батеријата во граници на температура од – 20 °C до 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил во летен период.

– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во уредот.

– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина.

- Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C.

– Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви

помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Отстранување - 1

Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат за повторна употреба.

BOSCH UniversalGrassCut 18V-23-450 - Отстранување - 2

Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија

200 | Srpski

врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 199).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : UniversalGrassCut 18V-23-450

Категорија : тример за трева