MAKITA DML818 - Ламба

DML818 - Ламба MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DML818 MAKITA во PDF формат.

📄 154 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice MAKITA DML818 - page 134
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за DML818 MAKITA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Ламба во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DML818 - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DML818 на марката MAKITA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DML818 MAKITA

1Телескопска кука2LED светлосна трака3Когче 4Касета на батерија5Црвен индикатор6Сијалички на индикаторот7Копче за проверка8Фиксен дел за светлина (LED-24 бр.)
9Склоплив дел за светлина (LED-18 бр.)10ППрекинувач 11Избор на режим12Индикатор за ниска батерија13Движлив дел14Метална кука15Ремен16Алка
17Отвор за врвка18Позиција за постаување на носачот19ГГлавен дел 20Внатрешен дел21Носачки клип22Кука за држач23Позиција со клип

СПЕЦИФИКАЦИИ

Модел:DML818
СветлинаСветлосен поток (В/С/Н) 1.700 лумена / 800лумена / 400 лумена
Димензии (Н × Ш × В)(без батеријска касета)975 mm × 80 mm × 101 mm
Номинален напон D.C. 14,4 V / 18 V
Нето тежина(без касета за батерија)1,1 kg
Телескопска кукаДимензии (Н × Ш × В)(со клипси)1.181 mm × 99 mm × 259 mm
Нето тежина(со клипси)1,5 kg
Достапна широчина *1.130 mm - 1.900 mm

- Спецификациите може да се разликуват од држава до држава.

- Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите што се тука опишани се предмет на промена без најава.

* Вистинската достапна широчина може да се разликува во зависност од местото и обликот.

Специјална касета на батеријата и полнач

Касета на батерија14,4 VBL1415N / BL1430B / BL1440 / BL1460B
18 VBL1815N / BL1820B / BL1830B / BL1840B / BL1850B / BL1860B
ПолначDC18RC / DC18RD / DC18RE / DC18SD / DC18SE / DC18SF / DC18SH / DC18WC
  • Некои од касетите на батерии наведени погоре, може да не бидат достапни во зависност од вашиот регион на живеење.

MAKITA DML818 - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете ги само касетите на батерии коишто се погоре наведени.

Користењето на било кои други касети на батерии може да предизвика повреда и/или пожар.

Време на работење

Применлива касета на батеријатаВреме на работење (приближно)
Цела светлина (LED-42 бр.)
ВисокоСреденНиско
BL1415N1,0 часа2,2 часа4,0 часа
BL1430B1,6 часа3,5 часа7,0 часа
BL14402,6 часа5,5 часа11 часа
BL1460B3,3 часа7,0 часа15 часа
BL1815N1,3 часа2,8 часа5,5 часа
BL1820B1,7 часа3,5 часа7,5 часа
BL1830B2,4 часа5,0 часа10 часа
BL1840B3,0 часа7,0 часа15 часа
BL1850B4,0 часа9,5 часа19 часа
BL1860B5,0 часа11 часа23 часа

- Времињата на работење дадени во горенаведената табела се само грубо упатство. Тие може да се разликуват од вистинските времиња на работење.

- Касетата на батеријата може да се разликува од земја до земја.

- Времето на работење може да се разликува во зависност од видот на батеријата, статусот на полнење и условите на користење.

Симболи

Следните прикажуваат символите кои може да се користат за опремата. Осигурете се дека сте го разбрале нивното значење пред употребата.

MAKITA DML818 - Симболи - 1

MAKITA DML818 - Симболи - 2

MAKITA DML818 - Симболи - 3

- Прочитајте го упатството за користење.

- Само за земјите од ЕУ Поради присуството на опасни компоненти во опремата, отпадот од електрична и електронска опрема, акумулатори и батерии може да има негативно влијание врз животната средина и здравјето на луғето. Не фрлајте ги електричните и електронските апарати или батериите со домашен отпад! Во согласност со Европската директива за отпадна електрична и електронска опрема и за акумулатори и батерии и отпадни акумулатори и батерии, како и нивното прилагодување кон националното законодавство, отпадната електрична опрема, батериите и акумулаторите треба д се складираат посебно и да се доставуваат до посебна собирна точка за комунален отпад кој работи согласно прописите за заштита на животната средина. Тоа го покажува символот на пречкртаната корпа со тркала поставена на опремата.

- Оптичко зрачење (ултравиолетово-UV и инфрацирвено-IR).

Смалете ја колку што е можно изложеноста на очите или кожата.

MAKITA DML818 - Симболи - 4

MAKITA DML818 - Симболи - 5

MAKITA DML818 - Симболи - 6

- Не гледајте во ламбата за работа.

- Користете соодветен заштитен штит или заштита за очите.

MAKITA DML818 - Симболи - 7

MAKITA DML818 - Симболи - 8

- Само за внатрешна употреба

За намалување на ризикот од повреда, не гледајте во работење на уредите. Може да настане сериозна повреда на очите.

MAKITA DML818 - Симболи - 9

ВНИМАНИЕ:

При користењето на апаратите, основните мерки на претпазливост треба секогаш да се следат, за да се намали ризикот од пожар, електричен удар и лични повреди, вклучувајки ги и следните нешта:

  1. За намалување на ризикот од повреди, е потребен надзор кога уредот се користи во близина на деца.
  2. За намалување на ризикот од електричен шок, не ставајте го уредот во вода или други течности. Не ставајте го или не го чувајте уредот таму каде може да падне или да се потегне во када или чесма.
  3. Не го покривајте уредот со крпа или картон, итн. Во спротивно може да предизвика пламен.
  4. Не допирајте ја внатрешноста на апаратот со пинцети, метални алатки итн.

  5. Не го изложувајте апаратот на дожд или снег. Не мијте ја во вода.

  6. Не допирајте ја внатрешноста на апаратот со пинцети, метални алатки итн.
  7. Не допирајте ги вруците делови.
  8. Кога апаратот не е во употреба, секогаш исклучете го и извадете ја касетата на батеријата од апаратот.
  9. Не изложувајте ја апаратот на шок од отпуштање од раце, удар инт.
  10. Користете само приклучоци кои се препорачани или продавани од производителот.
  11. Чувајте го производот во затворена просторија кога не се користи. Држете го подалеку од дофат на децата.
  12. Безбедносни информации за преносливи осветлувачи со батерии.
  13. Фрлањето на батериите треба да биде во склад со вашите локални прописи што се однесуваат на отстранувањето на опасни материјали.
  14. Не ја палете батеријата.
  15. Дополнителни информации за осветлувачи.
  16. Изворот на светлина на овој светилник не може да се замени; кога изворот на светлина ће дојде до крајот на својот животен век, целата светилка ће се замени.
  17. Употреба и грижа за батериската алатка.
  18. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги упатства и предупредувања за безбедност. Доколку не ги следите предупредувањата или упатствата, може да предизвикате електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
  19. Спречете ненамерно стартување на апаратот. Осигурете се дека прекинувачот е во ислучена позиција пред да се поврзете со батерискиот пакет, пред да го подигнете или носите апаратот. Носете го апаратот така што Ѽе го држите прстот на прекинувачот или на енергетскиот апарат што има прекинувач за несреćни случаи.
  20. Ислучете го батерискиот пакет од апаратот пред да направите било какви прилагодувања, да промените додатоци или да го ставите некаде апаратот. Ваквите превентивни безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на апаратот.
  21. Полнете ги единствено со полнач одреден од страна на производителот. Полначот што е погоден за еден вид на батериски пакет може да предизвика ризик од пожар ако се користи со некој друг батериски пакет.
  22. Користете апарати единствено со специјално одредени батериски пакети. Користењето на било кои други батериски пакети може да создаде ризик од повреди или пожар.
  23. Кога батерискиот пакет не е во употреба, чувајте го подалеку од други метални објекти, како што се спојувалки, монети, клучеви, клинци, шрафови или други мали метални предмети што можат да предизвикаат конекција на еден терминал со друг. Краткиот спој помеѓу терминалите може да предизвика изгореници или пожар.
  24. Во услови на злоупотреба, течноста може да излезе од батериите; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, веднаш исплакнете со вода. Ако дојде до контакт на течноста со очите, дополнително побарајте и медицинска помош. Течноста исфрлена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
  25. Не користете го батерискиот пакет или апарат што се оштетени или изменети. Оштетените или изменети батерии можат да покажат непредвидливо однесување, што може да резултира со пожар, експлозија или ризик од повреда.
  26. Не изложувајте го батерискиот пакет или апаратот на прекумерна температура. Изложеноста на пожар или на температури над 130 °C (265 °F) може да предизвика експлозија.

- Следете ги сите упатства за полнење на батериите и не полнете го батерискиот пакет или апаратот надвор од температурниот опсег одреден во упатствата. Неправилното полнење или полнењето на температури надвор од одредениот температурен опсег, може да ја оштети батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.

- Сервисирањето треба да биде изведено од страна на квалификувано лице за поправка, кое што користи само идентични делови за замена. Со ова ќе се осигура дека се одржува безбедноста на производот.

- Не менувајте, ниту обидувајте се да го поправите апаратот или батерискиот пакет, освен на начинот којшто е наведен во упатствата за користење и грижа.

15.Важни безбедносни упатства за касетата на батеријата.

- Пред да ја користите касетата на батеријата, прочитајте ги сите упатства и ознаки за предупредување за (1) полночат на батерии, (2) батеријата и (3) производот што користи батерии.

- Не ја расклопувајте и не ја оштетувајте касетата на батеријата. Тоа може да предизвика пламен, преголемо загревање или експлозија.

- Ако времето на работење станало многу кратко, веднаш престанете со работењето. Тоа може да резултира со ризик од прегревање, можни изгореници, па дури и експлозија.

- Ако електролитот ви влезе во очите, исплакнете ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска помош. Тоа може да резултира со губење на видот.

- Не скратувајте ја касетата на батеријата.

- Не складирајте и користете го апаратот и касетата на батеријта на места каде што температурата може да достигне или надмине 50 °C (122 °F).

- Не палете ја касетата на батеријата дури и ако е сериозно оштетена или целосно истрошена. Касетата на батеријата може да експлодира во пожар.

- Немојте да ја заковувате, сечете, кршите, фрлате или удирате касетата на батеријата од тврд предмет. Тоа може да предизвика пламен, преголемо загревање или експлозија.

- Не користете оштетена батерија.

- Содржаните литијум-јонски батерии подлежат на законските барања за опасни материи. За комерцијалните транспорти, на пример за трети страни, агентите за шпедиција, мораат да се почитуваат посебните барања за пакување и еткетирање. За подготовка на предметот којшто се испорачува, потребна е консултација со експерт за опасни материјали. Ве молиме почитувајте ги и евентуално подеталните национални регулативи. Залепете ги со лента или маскирајте ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на таков начин, што нема да може да се движи во пакувањето.

- Користете ги батериите единствено со производите одредени од Makita. Инсталирањето на батериите во несоодветни производи може да резултира со пожар, прекумерна топлина, експлозија или истекување на електролитот.

- Ако алатот не се користи подолг временски период, батеријата мора да се отстрани од него.

- За време на употребата и после употребата, касетата на батеријата може да поприми топлина која може да предизвика изгореници. Внимавајте кога ги допирате загреаните касети на батериите.

- Не допирајте го терминалот на касетата веднаш по употреба бидејки може да биде толку загреан што ќе ви предизвика изгореници.

- Не дозволувајте деланки, прав или нечистотија да навлезе во трминалите и отворите на касетата на батеријата. Тоа може да предизвика слаби перформанси или расипување на уредот или на касетата на батеријата.

- Освен ако уредот не е наменет за употреба во близина на високонапонска струја, не ја користете касетата на батеријата во близина на високонапонска струја. Тоа може да предизвика лошо функционирање или расипување на уредот или на касетата на батеријата.

- Чувајте ја батеријата подалеку од деца.

⚠️ ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални Makita батерии. Користењето на неоригинални Makita батерии, или батерии што биле изменети, може да резултира со пукање на батеријата што ќе предизвика пожар, лични повреди и оштетувања. Тоа исто така ќе ја поништи Makita гаранцијата за Makita алатот и полначот.

  1. Совети за одржување на максималниот рок на траење на батеријата.

- Наполнете ја касетата на батеријата пред целосно да се испразни.

Секогаш запрете го работењето на алатката и наполнете ја касетата на батеријата, кога ње забележите помала моćност на алатката.

- Никогаш не полнете ја до крај касетата на батеријата.

Преполнувањето го скратува работниот век на батеријата.

- Касетата на батеријата полнете ја на собна температура на 10 °C - 40 °C (50 °F - 104 °F). Пред полнењето оставете ја врелата касета на батеријата да се излади.

- Кога не ја користите касетата на батеријата, извадете ја од уредот или од полначот.

- Наполнете ја касетата на батеријата ако не планирате да ја користите подолг временски период (повеće од шест месеци).

ОПИС НА ФУНКЦИЈАТА

ВНИМАНИЕ:

Секогаш осигурете се дека апаратот е ислучен и касетата на батеријата е отстранета, пред да ја прилагодите или проверите функцијата на апаратот.

Инсталирање или отстранување на касетата на батеријата (Fig. 2)

ВНИМАНИЕ:

Секогаш исключете го уредот пред да ставите или отстраните батеријска касета.

ВНИМАНИЕ:

Држете ги цврсто апаратот и касетата на батеријата, кога ње ја инсталирате или отстранувате касетата на батеријата.

Неисполнувањето на условот за цврсто држење на апаратот и касетата на батеријата, може да предизвика нивно лизгање од вашите раце и да резултира со оштетување на апаратот и касетата на батеријата и лична повреда.

За да ја инсталирате касетата на батеријата, порамнете го јазичето на касетата на батеријата со жлебот на кукиштето и лизнете ја на своето место. Вметнете ја целосно, сё додека не легне на своето место и не се чуе мало кликнување. Ако можете да го видите црвеното светло прикажано на сликата, заклучувањето не е целосно.

За да ја отстраните касетата на батеријата, лизнете ја од апаратот додека го лизгате копчето на предната страна од касетата.

MAKITA DML818 - ВНИМАНИЕ: - 1

ВНИМАНИЕ:

Секогаш инсталирајте ја во целост касетата на батеријата, сё додека црвениот индикатор не може да биде виден. Ако не постапите така, таа може случајно да испадне од апаратот, предизвикувајки повреда кај вас или на некој кој што е околу вас.

MAKITA DML818 - ВНИМАНИЕ: - 1

ВНИМАНИЕ:

Немојте со сила да ја инсталирате касетата на батеријата. Ако касетата на батеријата не лизне лесно внатре, тогаш не е правилно вметната.

Означување на преостанатиот капацитет на батеријата (Fig. 3)

Притиснете го копчето за проверка на касетата на батеријата, за да се означи преостанатиот капацитет на батеријата. Сијаличките на индикаторот светнуваат во текот на неколку секунди.

Сијалички на индикаторотПреостанат капацитет
ОсветленоИсклученоТрепкање
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполни ја батеријата.
↑↓Батеријата може да има дефект.

ЗАБЕЛЕШКА:

Во зависност од условите за користење и температурата на околината, индикаторот може малку да се разликува од вистинскиот капацитет.

ЗАБЕЛЕШКА:

Првата (лево на крај) светилка на индикаторот ће светка кога ће работи заштитниот систем на батеријата.

Систем за заштита на апарати / батеријата

Апарат е опремена со систем за заштита, којшто автоматски ја прекинува излезната моćност, заради постигнување на долг работен век.

Заштита од преголемо празнење

Кога капацитетот на батеријата ће биде низок, уредот автоматски ће престане да работи. Во тој случај, извадете ја батеријата од апаратот и наполнете ја.

Заштитниот систем е дизајниран и за други причини кои би можеле да го оштетат апаратот и дозволуваат апаратот автоматски да запре. Земете сите од следниве чекори за да ја избришете причини, кога апаратот е доведена до привремен прекин или станица во работењето.

  1. Исключете го апаратот, а потоа повторно включете го за да се рестартира.
  2. Наполнете ги акумулаторите или заменете ги со наполнети батерии.

  3. Оставете го апаратот и батеријата да се оладат.

Ако не може да се најде подобрување со обновување на системот за заштита, тогаш контактирајте го вашиот локален сервисен центар на Makita.

Вклучување на изборот на режим на светлина и осветленост (Fig. 4)

MAKITA DML818 - Вклучување на изборот на режим на светлина и осветленост (Fig. 4) - 1

ВНИМАНИЕ:

Не гледајте директно во светлото или изворот на светлина.

  1. Прекинувач: Секвенцата на осветленост е: Висок режим (Включено) / Среден режим / Нисок режим / Исклучено за секое притискање.
  2. Изборник на режим: Секвенцата на светлосниот режим е: Цела светлина / Фиксен дел за светлина / Склоплив дел за светлина за секое притискање кога прекопчувачот е включен.

ЗАБЕЛЕШКА:

Кога ќе го включите уредот, тој ќе биде включен во истиот светлосен режим како последниот пат кога сте го користеле.

Кога батеријата станува ниска, светлата на LED исчезнуваат освен една LED светилка како што е илустрирано. Потоа, приближно пет до десет минути подоцна, уредот автоматски се исклучува.

РАБОТЕЊЕ

MAKITA DML818 - РАБОТЕЊЕ - 1

ВНИМАНИЕ:

Ротирајте го LED светилото и склопете го склопливиот дел за светлина за да стабилизирате балансот на уредот кога го ставате уредот во вертикална позиција како што е прикажано на fig.4. Во спротивно, уредот може да падне и да предизвика лични повреди.

Агол на LED светлосната трака (Fig. 6, Fig. 7)

MAKITA DML818 - Агол на LED светлосната трака (Fig. 6, Fig. 7) - 1

ВНИМАНИЕ:

Внимавајте да не заглавите прст(и) при прилагодувањето на аголот на осветлувањето.

MAKITA DML818 - ВНИМАНИЕ: - 1

ВНИМАНИЕ:

Обезбедете се дека фиксниот и склопливиот дел за светлина се затегнати здружени во склопување и расклопување позиции, соодветно.

LED светлосната трака може да се ротира во седум стапки за секои 45°. (90° надесно и 180° налево) Склопливиот дел за светлина може да се измрти на 0° или 180°.

Метална кука (Fig. 8)

Подигнете и преместете го металниот кука на централна позиција кога го користите металниот кука.

Ремен (Fig. 9)

MAKITA DML818 - Ремен (Fig. 9) - 1

ВНИМАНИЕ:

Не користете го прстенот и отворот за ремен за никаква цел освен за инсталирање на ременот. Во спротивно, може да се случали лична повреда.

Инсталирајте го ремен на уредот како што е прикажано.

Инсталирање на носачки клипови во телескопска кука (Fig. 10, Fig. 11)

MAKITA DML818 - Инсталирање на носачки клипови во телескопска кука (Fig. 10, Fig. 11) - 1

ВНИМАНИЕ:

Внимавајте да не се уцврстите со прсти кога ги инсталирате носачките клипови во телескопската кука.

Инсталирајте ги носачките клипови во телескопската кука како што е прикажано.

ЗАБЕЛЕШКА:

Проверете дека секој носачки клип се придвижува до отворот за позиционирање на носачкиот клип на главниот дел.

ЗАБЕЛЕШКА:

Проверете дека двата носачки клипови се инсталирани во иста насока.

Инсталирање на уредот на телескопска кука (Fig. 12)

Инсталирајте го уредот на телескопската кука со помош на носачките клипови како што е прикажано.

ЗАБЕЛЕШКА:

Проверете дека секој носачки клип држи во закачената позиција на уредот.

Монтирање на телескопската кука (Fig. 13)

MAKITA DML818 - Монтирање на телескопската кука (Fig. 13) - 1

ВНИМАНИЕ:

Не окачувајте ништо освен уредот на телескопската кука. Инаку, држачките куки може да бидат оштетени и може да се случай лични повреди.

MAKITA DML818 - ВНИМАНИЕ: - 1

ВНИМАНИЕ:

Проверете дека секој дел е засигуран пред употреба.

MAKITA DML818 - ВНИМАНИЕ: - 1

ВНИМАНИЕ:

Управувајте го со држење на главниот дел и држачките куки кога го монтирате телескопската кука. Внимавајте да не се уцврстите со рацете и прстите, бидејки внатрешниот дел се враćа во својата почетна позиција со сила на пружините.

Држете го едната држачка кука за да ја монтирате на местото каде што сакате.

Држете ја другата држачка кука додека го издолжувате телескопската кука за да ја монтирате на желената локација (другата страна).

Включете го уредот и прилагодете го аголот на осветлување на уредот за да осветлите желената локација како што е прикажано.

ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Доколку користите тежоката батерија, ротирајте го само LED светлосниот дел за прилагодување на аголот на осветлување.

ОДРЖУВАЊЕ

MAKITA DML818 - ОДРЖУВАЊЕ - 1

ВНИМАНИЕ:

Секогаш осигурајте се дека апаратот е ислучен и касетата на батеријата е отстранета, пред да се обидете да извршите инспекција или одржување на производот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Никогаш не користете петрол, бензин, разредувач, алкохол или нешто слично. Може да дојде до промена на бојата, деформација или пукнатини.

За да ја одржите БЕЗБЕДНОСТА и ДОВЕРЛИВОСТА на производот, поправките и било какво друго одржување или прилагодување треба да биде изведено од страна на овластените центри на Makita или на фабричките сервисни центри, секогаш користејки ги деловите за замена од Makita.

Чистење

MAKITA DML818 - Чистење - 1

ВНИМАНИЕ:

Никогаш не мијте го апаратот во вода.

Од време на време, испрскајте го надворешниот дел на уредот (телото на уредот) со крпа намокрена во сапунска вода.

ОПЦИОНАЛНИ ДОДАТОЦИ

MAKITA DML818 - ОПЦИОНАЛНИ ДОДАТОЦИ - 1

ВНИМАНИЕ:

Овие дополнителни додатоци или прилози се препорачуваат за користење со вашиот Makita апарат, наведени во ова упатство за употреба. Користењето на било какви други додатоци или прилози, може да претставува ризик од повреда на луғето. Користете ги додатоците или прилозите само за нивната намена.

Ако ви треба помош за повеје детали во врска со овие додатоци, обратете се во вашиот локален сервисен центар на Makita.

Некои предмети од листата може да се включени во опремата како стандартни аксесоари.

Тие можат да се разликуват од држава до држава.

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MAKITA

Модел : DML818

Категорија : Ламба