GCM 305-254 D Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCM 305-254 D Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип | Радијална пила за косење |
| Марка | Bosch |
| Модел | GCM 305-254 D Professional |
| Номинална моќност | 1500 W |
| Брзина во празен од | 4500 вртежи/мин |
| Тежина (според EPTA) | 19,8 kg |
| Дијаметар на сечилото | 254 mm |
| Отвор на сечилото | 30 mm (или 25,4 mm во зависност од верзијата) |
| Опсег на агол на косење (хоризонтално) | 48° лево до 48° десно |
| Опсег на агол на наклон (вертикално) | 47° лево до 47° десно |
| Максимални димензии на дел (0°/0°) | 90 x 305 mm (висина x ширина) |
| Максимална длабочина на сечење | 90 mm |
| Ласер за сечење | Класа 2, 650 nm, <1 mW |
| LED осветлување | Да |
| Меко стартување (Soft Start) | Да |
| Радијална функција | Да |
| Систем за вшмукување | Адаптер за правосмукалка (∅ 35 mm) и вклучена кеса за прашина |
| Безбедност | Заштитен капак со нишање, безбедност за транспорт, блокирање на вретеното |
| Одржување | Редовно чистење, замена на штитниците за издробување, проверка на ласерот |
| Приложени додатоци | Кеса за прашина, стегач, шестоаголен клуч, прилагодлив ограничувач, 2 потпирачи за дел |
Frequently Asked Questions - GCM 305-254 D Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GCM 305-254 D Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCM 305-254 D Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCM 305-254 D Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCM 305-254 D Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
s.l.izirma navodila
hr Originalne upute za rad
Македонски...... Страница 281
Srpski ...... Strana 294
Slovenščina ....Stran 305
Hrvatski ....Stranica 316
(31) Предпазна пластина
(32) Режещия лист
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност на електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите прилучоци и соодветните приклучници
го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори,
метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни предупредувања за аголни пили
- Аголните пили се наменети за сечење дрво или слични производи, не може да се употребуваат со абразивни дискови за сечење на обоени метали, како на пр. шипки, прачки, шајки и др. Абразивната прашина предизвикува блокирање на ротирачките делови, како што е долниот штитник. Искрите од абразивно сечење го горат долниот штитник, засекот и пластичните делови. - Користете стегачи за држење на делот што се обработува кога постои можност. Ако го потпирате делот што се обработува со рака, раката постојано мора да биде на оддалеченост од најмалку 100 mm од двете страни на сечилото од пилата. Не ја користете оваа пила за сечење на многу мали парчиња што не може безбедно да се зацврстат или да се држат со рака. Ако раката ја ставите премногу блиску до сечилото на пилата, постои голема опасност од повреда ако го допрете сечилото.
▶ Делот што се обработува мора да биде статичен и прицврстен, или да се држи и за граничникот и за масата. Не го ставајте делот што се обработува во сечилото или жлебот со слободна рака. Слободен или неприцврстен дел што се обработува може да се отфрли со голема брзина и да предизвика повреда.
▶ Притиснете ја пилата низ делот што се обработува. Не ја влечете пилата низ делот што се обработува. За да пресечете, подигнете ја главата на пилата и повлечете ја преку делот што се обработува без сечење, включете го моторот, притиснете ја главата на пилата надолу и турнете ја пилата низ делот. Со повлекување на пилата додека сечете сечилото може да се искачи на врот на делот што се обработува и силно да го отфрли склопот на сечилото кон операторот.
▶ Не ги прекrstувајте раçете врз одредената линија за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење на делот што се обработува со вкрстени раце т.е. држење на делот на десната страна од сечилото на пилата со лева рака или обратно е многу опасно.
He посегнувајте зад граничникот на растојание помало од 100 mm од двете страни на сечилото за да ги отстраните дрвените остатоци или заради друга причина додека сечилото ротира. Може да не забележите колку блиску е сечилото до вашата рака и може сериозно да се повредите.
▶ Разгледајте го делот што се обработува пред да започнете со сечење. Ако делот што се обработува е накривен или навален, прицврстете ја надворешната навалена страна на граничникот. Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу
делот што се обработува, граничникот и масата покрај линијата на сечење. Накривен или навален дел што се обработува може да се извитка или помести и да предизвика виткање на сечилото кое ротира при сечење. Не смее да има шајки или други надворешни предмети во делот што се обработува.
He ja употребувајте пилата ако на масата, освен делот што се обработува, има алати, дрвени остатоци и др. Мали остатоци или расфрлани парчиња дрво или други предмети ако се допрат до ротирачкото сечило може да се расфрлат со голема брзина.
▶ Сечете само еден дел истовремено. Повеќе парчиња не може соодветно да се зацврстат или поврзат и може да се фатат за сечилото или да се изместат во текот на сечењето.
▶ Проверете дали пилата за сечење под агол е монтирана или наместена на рамна, цврста работна површина пред да ја користите. Рамна и цврста работна површина го намалува ризикот пилата за сечење под агол да стане нестабилна.
Испланирајте ја работата. Кога ће ја промените косината или подесениот агол на закосување, проверете дали граничникот кој се подесува е правилно поставен за држење на делот што се обработува и дека нема да го попречува сечилото или заштитниот систем. Без вклучување на алатот на „ON“ и без делот што се обработува на масата, движете го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек за да проверите дали има некакви пречки или опасност да се пресече граничникот.
▶ Обезбедете соодветен потпирач, како на пр., додаток на масата, ногарки за потпора на пилата и др., за дел што се обработува кој е поширок или подолг од горниот дел на масата. Ако деловите што се обработуваат се подолги или пошироки од пилата за сечење под агол може да се навалат доколку не се зацврстени. Ако отсечен дел или дел што се обработува се навали, може да го подигне долниот штитник или да биде отфрлено од ротирачкото сечило.
▶ Не користете друго лице како замена за додаток на масата или како дополнителен држач. Нестабилен држач за делот што се обработува може да предизвика зафаќање на сечилото или поместување на делот што се обработува во текот на сечењето и да ве повлече вас и помошникот кон ротирачкото сечило.
Отсечен дел не смее да се заглави или притиска кон ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош на граничниците за должна, исечениот дел може да се заглави на сечилото и силно да се отфрли.
Постојано користете стега или прицврстувач правилно дизајниран за држење на тркалезен материјал, како на пр., прачки или цевки. Прачките се склони кон вртење додека се сечат и предизвигуваат сечилото да го засекува и влече делот со вашата рака кон сечилото.
▶ Оставете сечилото да достигне целосна брзина пред да го допре делот што се обработува. Со ова ќе се намали ризикот делот што се обработува да биде отфрлен.
▶ Ако делот што се обработува или сечилото се заглави, исключете ја аголната пила. Почекајте сите подвижни делови да застанат и исключете го приключокот од струја и/или извадете го пакувањето со батерии. Потоа извадете го заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете со заглавен дел што се обработува може да изгубите контрола или да ја оштетите пилата.
Откако ће завршите со сечењето, ослободете го копчето, држете ја главата на пилата надолу и почекајте сечилото да застане пред да го извадите исечениот дел. Приближување на раката до сечило кое сё уште врти е опасно.
Држете ја рачката цврсто кога правите нецелосен засек или кога го ослободувате копчето пред пилата да биде ставена во целосна надолна позиција. Сопирањето на пилата може да предизвика главата на пилата ненадејно да биде повлечена надолу и да предизвика опасност или повреда.
He отпуштајте ја рачката ако главата на пилата ја има достигнато најдолната позиција. Секогаш враćajте ја рачно главата на пилата до најгорната позиција. Ако главата на пилата се движи неконтролирано, тоа може да доведе до ризик од повреди.
▶ Одржувајте ја чистотата на работното место.
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта од лесен метал може да се запали или експлодира.
He користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени листови за пила. Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, заради претесниот резен процеп, предизвикуваат зголемено триење и заглавување на листот на пилата или повратен удар.
▶ Не користете листови за пила од високо легиран брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
▶ Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што ќе предизвика губење на контрола.
▶ Никогаш не ги отстранувајте остатоците од сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за сечење, додека е включен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на мирување и потоа исключете го електричниот апарат.
▶ Не го факајте листот од пилата по работата, додека не се олади. Листот за пилата за време на работата се вжештува.
▶ Електричниот алат се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (види табела „Ознаки и нивно значење“).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.
He ja oштетувајте ознаката за предупредување на електричниот алат.

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
Можностите за подесување опишани во ова упатство за употреба можете безбедно да ги користите.
▶ Не ги оставајте децата да го користат електричниот алат без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Ласерски зрак Не гледајте во зракот Потрошувачки ласерски уред од класа 2 EN 50689:2021

Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда.

Носете маска за заштита од прав.

Носете заштитни очила.
Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона.

При транспорт држете го електричниот алат само на овие означени места (жлебови за држење) или за транспортната дршка.

При сечење на вертикални агли на закосување подесливите гранични водилки мора да се повлечат сосема нанадвор одн. целосно да се отстранат.
3 601 M49 1..

Внимавајте на димензиите на сечилото за пила. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно
3 601 M49 1B.
користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирни делови.

Дијаметарот на сечилото за пила мора да одговара на податоците на ознаката.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински и напречни резови на цврста подлога со прав рез во дрво, како фиксен уред. Притоа можни се хоризонтални агли на закосување од -48° до +48° како и вертикални агли на закосување од 47° (лево) до 47° (десно).
Капацитетот на електричниот алат е предвиден за сечење на тврдо и меко дрво, како и иверки и лесонит.
Со користење на соодветни сечила за пила, можно е и сечење на алуминиумски профили и пластика. Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN 50689.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Завртка за фиксирање на механизмот за влечење
(2) Механизам за влечење
(3) Транспортна рачка
(4) Заштитен капак
(5) Прекинувач за вклучување/исклучување за ласер (означување на линијата на сечење)
(6) Прекинувач за включување/исклучување за работното светло
(7) Блокада при включување на прекинувачот за включување/исклучување
(8) Прекинувач за включување/исклучување
(9) Дршка
(10) Заштитно капаче за ласерот
(11) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(12) Осцилаторен заштитен капак
(13) Лизгачки валјак
(14) Маса за сечење
(15) Отвори за монтажа
(16) Плоча за вметнување
(17) Стега за фиксирање
(18) Копче за фиксирање на саканиот агол на закосување (хоризонтално)
(19) Лост за претходно поставување на аголот на закосување (хоризонтално)
(20) Заштита од превртување
(21) Натпис за предупредување на ласерот
(22) Жлебови за стандарден агол на закосување (хоризонтално)
(23) Скала за аголот на закосување (хоризонтално)
(24) Завртка за затворање на продолжетокот на масата за пила
(25) Продолжеток за маса за сечење
(26) Основа на делот за обработка (Флексибилно прилучување)
(27) Фиксирана гранична водилка
(28) Подеслива гранична водилка
(29) Скала за аголот на закосување (вертикално)
(30) Агломер за аголот на закосување (вертикално)
(31) Одбивач на струготини
(32) Сечило за пила
(33) Блокада за вретеното
(34) Транспортен осигурувач
(35) Држач за заштита од превртување
(36) Граничник за должна
(37) Кеса за прав
(38) Завртка за подесување на граничникот за длабочина
(39) Граничник за длабочина
(40) Навојна прачка
(41) Столарска стега
(42) Отвори на столарската стега
(43) Клуч со внатрешна шестаголна глава//плоснат одвртувач
(44) Завртка за блокада на подесливата гранична водилка
(45) Тркало за стегање за аголот на закосување (вертикално)
(46) Лост за блокада за аголот на закосување (вертикално)
(47) Прифат за основата на делот за обработка (на електричниот алат)
(48) Прифат за втората основа на делот за обработка (на основата на делот за обработка)
(49) Навојни болцни
(50) Адаптер за всисување
(51) Завртка со внатрешна шестаголна глава за прицврстување на сечилото за пила
(52) Стезна прирабница
(53) Внатрешна стезна прирабница
(54) Завртки за прицврстување за плочата за вметнување
(55) Завртка за заштитниот капак на ласерот
(56) Завртка за прицврстување на кујиштето на ласерот
(57) Ку́киштето на ласерот
(58) Агломер за аголот на закосување (хоризонтално)
(59) Завртка за показателот на агли (хоризонтално)
(60) Завртка за агломерот (вертикално)
(61) Жлебови за држење
Технички податоци
Пила за оплата GCM 305-254 D GCM 305-254 D
Број на дел
3 601 M49 1.. 3 601 M49 1B.
286 | Македонски
Пила за оплата GCM 305-254 D GCM 305-254 D
| Номинална јачина W 1500 1500 | ||
| Број на вртежи во празен од min | -1 | 4500 4500 |
| Soft Start (Мек старт) ● ● | ||
| Тип на ласер пм 650 650 | ||
| mW < 1 < 1 | ||
| Класа на ласер 2 2 | ||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 19,8 19,8 | ||
Димензии за соодветни сечила за пила
| Дијаметар на сечилото за пила mm 254 254 | ||
| Дебелина на сечилото на пила mm | 1,4-2,5 | 1,4-2,5 |
| Дијаметар на отворот | mm | 30 25,4 |
Податоците важат за номинален напон [U] од 220 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Дозволени димензии на делот што се обработува (максимални/минимални): (види „Дозволени димензии на делот што се обработува“, Страница 291)
Информација за бучава
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN IEC 62841-3-9.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 88 dB(A); ниво на звучна јачина 101 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува на основната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, вредноста на емисијата на бучава може да отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Монтажа
▶ Избегнувајте невнимателно вклучување на електричниот алат. За време на монтажата и при сите интервенции на електричниот алат, струјниот приключок не смее да се приклучува на напојување на струја.
Обем на испорака

За тоа внимавајте на приказот на обемот на испорака на почетокот на упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:
- Пила за оплата со монтирано сечило на пилата
- Тркало за стегање (45)
- Подеслива гранична водилка (28)
- Столарска стега (41)
- Клуч со внатрешна шестаголна глава/плоснат одвртувач (43)
- Кеса за прав (37)
- Основи на делот за обработка (26) (2 парче)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.
Монтажа на поединечните делови
- Внимателно извадете ги сите испорачани делови од амбалажата.
- Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од испорачаната опрема.
- Заради олеснување на работата, при монтажата внимавајте на испорачаните елементи на уредот, бидејки електричниот алат е во транспортна позиција.
Монтирање на основата на делот за обработка (види слика A1)
Основата на делот за обработка (26) може да се позиционира лево, десно или напред на електричниот алат. Флексибилниот систем за приклучување ви овозможува различни опции за продолжување или проширување (види слика G).
– По потреба, приключете ја основата на делот за обработка (26) во прифатите (47) на електричниот алат или во прифатите (48) на втората основа на делот за обработка.
▶ Никогаш не го носете електричниот алат за основите на делот за обработка.
За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт.
Тркалото за стегање (45) го фиксира поставениот вертикален агол на закосување и е потребен за безбедна работа.
– Одвртете ја шестоаголната навртка од навојните болцни (49).
- Завртете го тркалото за стегање (45) во правецот на стрелките на часовникот на навојните болцни (49) и затегнете го.
Подесливата гранична водилка (28) мора да се монтира пред сечењето.
– Турнете ја граничната водилка (28) десно од сечилото за пила во соодветниот жлеб и затегнете ја завртката за блокада (44).
Израмнетиот дел од граничната водилка мора да биде свртен навнатре кон сечилото на пилата.
Фиксна или флексибилна монтажа
▶ За да се овозможи безбедно ракување, електричниот алат мора да се монтира предупотребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки на работната површина. За тоа служат отворите (15). или
- Зацврстете ги ногарките на електричниот алат со обични столарски стеги на работната површина.
GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на електричниот алат на секоја подлога со помош на ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се обработува на работната маса служат како потпора на подолгите делови за обработка.
▶ Прочитајте ги сите напомени за предупредување и упатства што се приложени на работната маса.
Грешките настанати при непридржување до напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го монтирате електричниот алат. Беспрекорната монтажа е важна за избегнување на ризикот од расклопување.
– Монтирајте го електричниот алат во транспортна положба на работната маса.
Доколку, во исключителни случаи, не е возможно да го монтирате електричниот алат на рамна и стабилна работа подлога, може привремено да го поставите со заштита од превртување.
▶ Без заштитата од превртување, електричниот алат нема да биде стабилен и може да се преврти при сечење на максимальни хоризонтални и/или вертикални агли на закосување.
– Свртете ја заштитата од превртување (20) навнатре или нанадвор додека електричниот алат не застане ramно на работната површина.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Всисувают за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.
– Исключете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во costојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено всисување (види слика С)
За едноставно собирање на струготините користете ја испорачаната єеса за прав (37).
– Поставете ја транспортната дршка (3) вертикално.
– Прикачете и свртете ја кесата за прав (37) во адаптерот за всисување (50), така што пинот на кесата за прав ће се вклопи во жлебот на адаптерот за всисување.
За време на сечењето, кесата за прав никогаш не треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја кесата за прав.
▶ Проверете ја и исчистете ја кесата за прав по секоја употреба.
▶ За да избегнете опасност од пожар, при сечење на алуминиум, извадете ја кесата за прав.
Надворешно всисување
За всисување, на адаптерот за всисување (50) може да приключите и црево за всисување на прав (∅ 35 mm).
– Поврзете го со цревото за всисување на прав со адаптерот за всисување (50).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимально дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (12) наназад и држете го во оваа позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (51) со клучот со внатрешна шестаголна глава (6 mm) (43) и истовремено притиснете ја блокадата на вретеното (33), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (33) и одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (51) во правец на стрелките на часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (52).
– Извадете го сечилото за пилата (32).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.
Монтирање на сечилото за пила
▶ При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаға со правецот на стрелката на заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (12) наназад и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница (53).
– Поставете ги стезната прирабница (52) и завртката со внатрешна шестаголна глава (51). Притиснете ја блокадата на вретеното (33) додека не се вклопи и затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава во правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.
Употреба
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Транспортниот осигурувач (34) Ви овозможува лесно ракување со електричниот алат при транспорт на различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (9), за да го ослободи транспортниот осигурувач (34).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот осигурувач (34).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање (1), ако го заглавува механизмот за влечење (2). Извлечете го кракот на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на механизмот за влечење.
– Извлечете го граничникот за длабочина (39) нагоре.
- За фиксирање на масата за сечење (14) затегнете го копчето за фиксирање (18).
- Повлечете го кракот на алатот на рачката (9) надолу, додека транспортниот осигурувач (34) целосно не се притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Подготовка за работа
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искусство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
Продолжување/проширување на масата за пила (види слики F-G)
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се продолжи на левата и десната страна со помош на продолжетоците (25).
- Олабавете ја завртката за затворање (24).
- Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за сечење (25) до саканата должна.
- За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење повторно затегнете ја завртката за затворање (24).
Флексибилниот систем за приклучување на основите на делот за обработка (26) ви овозможува различни опции за продолжување или проширување.
– По потреба, приключете ја основата на делот за обработка (26) во прифатите (47) на електричниот алат или во прифатите (48) на втората основа на делот за обработка.
▶ Никогаш не го носете електричниот алат за основите на делот за обработка.
За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт.
Поместување на граничната водилка (види слика Н)
При сечење на хоризонтални и/или вертикални агли со закосување во зависност од правецот на сечење, мора да ја извлечете нанадвор одн. сосема да ја извадите левата или десната подеслива гранична водилка (28).
| Вертикаленагол назакосување | Хоризонталенагол назакосување | |
| 0^ – 22,5^ (лево/десно) | >0^ | – Олабавете ја левата/десната завртка за блокада (44).– Целосно извлечете ја нанадвор левата/десната подеслива гранична водилка (28). |
| 22,5^ – 47^ (лево/десно) | ≤ 48^ (лево/десно) | – Олабавете ја левата/десната завртка за блокада (44).– Целосно извлечете ја нанадвор левата/десната подеслива гранична водилка (28).– Подигнете ја подесливата гранична водилка нагоре. |
Прицврстување на делот што се обработува (види слика I)
За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот за обработка.
Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за добро да се прицврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (28) и (27).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (41) во отворите предвидени за таа намена (42).
– Прилагодете ја навојната прачка (40) на столарската стега според висината на делот што се обработува.
– Цврсто затегнете ја навојната прачка (40) и со неа фиксирајте го делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
Поставување на хоризонтални стандартни агли на закосување (види слика J)
За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови (22):
лево десно
0^
45^;30^;22,5^;15^15^;22,5^;30^;45^
- Отпуштете го копчето за фиксирање (18), доколку е затегнато.
– Повлечете го лостот (19) и свртете ја масата за пила (14) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (18).
Поставување на саканите хоризонтални агли на закосување (види слика К)
Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 48° (на левата страна) до 48° (на десната страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (18), доколку е затегнато.
– Повлечете ја рачката (19) и истовремено притиснете ја стегата за фиксирање (17), додека таа не се вклопи во жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за пила ќе биде слободно подвижна.
290 | Македонски
– Вртете ја масата за пила (14) со држачот налево или надесно додека агломерот (58) не го покаже саканиот хоризонтален агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (18).
- За повторно да ја олабавите рачката (19) (за поставување на хоризонтални стандартни агли на закосување), повлечете ја рачката нагоре. Стегата за фиксирање (17) скокнува назад во првобитната позиција и рачката (19) може повторно да се вклопи во жлебовите (22).
Подесување на вертикалниот агол на закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 47° (на левата страна) до 47° (на десната страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, предвидени се фиксни позиции за агли од 0°, 22,5° и 45°.
– Осигурете се, дека тркалото за стегање (45) е монтирано (види „Монтирање на тркалото за стегање (види слика A2)“, Страница 287).
Поставување на вертикални стандартни агли на закосување (види слика L)
– Извлечете ја подесливата гранична водилка (28)
целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
- Олабавете го тркалото за стегање (45).
- Извлечете го лостот за блокада (46) нанадвор и фиксирајте го во слободна позиција.
Притоа можете да го користите целиот опсег на аголот на закосување (лево и десно).
– Навалете ја рачката на алатот со дршката (9) кон лево или десно, се додека агломерот (30) не го покажува посакуваниот вертикален стандарден агол на закосување.
– Свртете го лостот за блокада (46). Лостот за блокада мора осетно да се вклопи во положбата на саканиот стандарден вертикален агол на закосување.
– Повторно затегнете го тркалото за стегање (45).
Поставување на вертикален агол на закосување
– Извлечете ја подесливата гранична водилка (28)
целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
- Олабавете го тркалото за стегање (45).
– Извлечете го лостот за блокада (46) нанадвор и фиксирајте го во слободна позиција.
Притоа можете да го користите целиот опсег на аголот на закосување (лево и десно).
– Навалете ја рачката на алатот со дршката (9) кон лево или десно, се додека агломерот (30) не го покажува посакуваниот агол на закосување.
- Повторно затегнете го тркалото за стегање (45).
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
▶ Секогаш затегнувајте ги копчето за фиксирање (18) и тркалото за стегање (45) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.
Вклучување на работното светло
Работното светло ја подобрува видливоста на непосредното работно место. Може да постигнете особено добри резултати од сечењето со користење на работното светло заедно со ознаката на линијата за сечење со ласерските зраци.
– Включете го работното светло со прекинувачот (6).
▶ Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
– За вклучување на електричниот алат најпрво ставете ја блокадата при вклучување (7) на средина и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за включување/исклучување (8) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Исклучување
- За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Soft Start
Soft Start ja ограничува моćноста кога е включен електричниот алат и овозможува работа со осигурувач од 16 А.
Напомена: доколку електричниот алат стартува веднаш по включувањето со полн број на вртежи, Soft Start не функционира. Електричниот алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба.
Сечење
Општи напомени за сечење
▶ Секогаш затегнувајте ги копчето за фиксирање (18) и тркалото за стегање (45) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.
▶ При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека сечилото за пила во ниеден момент нема да ја допре граничната водилка, столарските стеги или другите делови на уредот. Извадете го евентуално монтираниот помошен граничник или соодветно подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок. Сечете само материјали, кои се дозволени за наменската употреба.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора да има секогаш прав раб за поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го водите рачката на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен капак мора да се затвори преку сечилото за пила и да се фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
He застанувајте во една линија со сечилото за пила пред електричниот алат, туку секогаш странично од сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекrstувајте дланките пред рачката на алатот.
Сечење со влечење
- За сечење со помош на механизмот за влечење (2) (широки делови за обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (1), доколку таа е затегната.
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (27) и (28).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите. - Поместете го рачката на алатот од граничните водилки (27), додека сечилото за пила не дојде пред делот што се обработува.
– Включете го електричниот алат. - Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на граничните водилки (27) и (28) и сечете го делот што се обработува со рамномерен притисок.
– Исключете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Сечење без влечење (отсекување) (види слика О)
– За сечење без повлекување (мали делови за обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (1), доколку истата е затегната. Поместете ја рачката на алатот до крај во правец на граничните водилки (27) и повторно затегнете ја завртката за фиксирање (1).
- По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (27) и (28).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
- Включете го електричниот алат.
- Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исключете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Совети при работењето
Означување на линијата за сечење (види слика Р)
Двата ласерски зрака Ви ја покажуваат ширината на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.
– Включете ги ласерските зраци со прекинувачот (5).
– Израмнете ја Вашата ознака на делот за обработка помеѓу двете ласерски линии.
Напомена: Пред сечењето, проверете дали ширината на сечење е точно прикажана Подесување на ласерот. Ласерските зраци може да се поместат на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
| Хоризонталенагол назакосување | Вертикален аголна закосување | Висина х ширина[mm] |
0^0^90× 305
45° (лево/десно) 0° 90 x 215
Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со испорачаната столарска стега (41) лево или десно од сечилото за пила): 100 x 40 mm (должина х ширина)
Максимална длабочина на резот (0°/0°): 90 mm
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на жлеб) (види слика Q)
Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку сакате да исечете жлеб.
– Навалете го граничникот за длабочина (39) кон напред.
– Навалете ја рачката на апаратот на дршката (9) во саканата позиција.
- Свртете ја завртката за подесување (38), додека крајот на завртката не го допре граничникот за длабочина (39).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
292 | Македонски
Сечење делови со еднаква должна (види слика R)
За едноставно сечење на делови со еднаква должна може да го употребите левиот или десниот граничник за должина (36).
- Повлечете го граничникот за должина (36) нагоре.
– Поставете го продолжетокот на масата за пила (25) на саканата должна на делот што се обработува.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот што се обработува, граничната водилка и масата за пила. Доколку е потребно, мора да направите специјални држачи.
Менување на плочата за вметнување (види слика S)
Плочите за вметнување (16) може да го истрошат електричниот алат по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Одвртете ги завртките (54) со обичен крестест одвртувач и извадете ја старата плоча за вметнување (16).
- Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно затегнете ги завртките (54).
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.
▶ Никогаш не го активирајте прекинувачот за вклучување/исклучување за време на подесувањето на ласерот (на пр. при движење на рачката на алатот). Невнимателниот старт на електричниот алат може да доведе до повреди.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Свртете ја масата за пила (14) до жлебот (22) за 0°. Лостот (19) мора осетно да се вклопи во жлебот.
За да обезбедите попрецизни резови мора да ги проверите ласерските зраци по интензивно користење и евентуално одново да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
– На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
- Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот за обработка.
– Включете ги ласерските зраци со прекинувачот (5).
Ласерските зраци мора по целата должна од левата и десната страна да бидат на исто растојание од означената линија на сечење на делот за обработка, дури и кога кракот на алатот се поместува надолу.
Отстранување на заштитното капаче на ласерот (види слика T2)
– Олабавете ги двете завртки (55) на заштитното капаче на ласерот (10) со клучот со внатрешна шестаголна глава/плоснатиот одвртувач (43) и отстранете го заштитното капаче на ласерот.
Поставување на страничното отстапување при движење на рачката на алатот (види слики Т3-Т4)
- Олабавете ја завртката за прицврстување (56) (околу 1–2 вртења). Не ја одвртувајте целосно завртката.
- Поместете го кукиштето на ласерот (57) налево или надесно, додека ласерските зраци, при движење надолу на рачката на алатот, повеće не отстапуваат странично.
- Држете го кукиштето на ласерот (57) во оваа позиција и повторно затегнете ги завртките за прицврстување (56).
– Повторно прицврстете го заштитното капаче на ласерот (10).
Проверка и подесување на основните поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искусство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
Хоризонтално подесување на агломерот (види слика U)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Свртете ја масата за пила (14) до жлебот (22) за 0°. Лостот (19) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка
Агломерот (58) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (23).
Подесување
– Олабавете ја завртката (59) со крестест одвртувач и центрирајте го агломерот по должна на 0°-ознаката.
– Повторно зацврстете ја завртката.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Олабавете го тркалото за стегање (45).
- Извлечете го лостот за блокада (46) нанадвор и поставете вертикален агол на закосување со рачката на алатот од 0°.
– Отпуштете го лостот за блокада (46). Лостот за блокада мора осетно да се вклопи во позицијата
– Повторно затегнете го тркалото за стегање (45).
Проверка
Агломерот (30) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (29).
Подесување
– Олабавете ја завртката (60) со крестест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
– Повторно зацврстете ја завртката.
Транспорт на електричниот алат (види слика W)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање (1), доколку таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина (39) е навален сосема наназад и завртката за подесување (38) при движењето на рачката на алатот не се допира.
– Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат. Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате.
– Поставете ја транспортната дршка (3) вертикално.
– Електричниот алат носете го со транспортната рачка (3) или фатете го за жлебовите за држење (61) странично на масата за пила.
▶ За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди или основите на делот за обработка.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак (13).
Мерки за намалување на бучавата
- Фин старт
– Испорака со сечило за пила специјално развиено за намалување на бучавата
Мерки на корисникот:
– Монтажа без многу вибрации на стабилна работна површина
– Примена на сечила за пила со функција на намалување на бучавата
– Редовно чистење на сечилото за пила и електричниот алат
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.