Twinclip 950 VR - кошачка за трева STIGA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Twinclip 950 VR STIGA во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Twinclip 950 VR - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Twinclip 950 VR на марката STIGA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Twinclip 950 VR STIGA
Тревокосачка со оператор на нозе - УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА ВНИМАНИЕ: прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината.
3.1.1 Предвидена употреба
ВНИМАНИЕ: ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО ОВА УПАТСТВО ПРЕД ДА ЈА КОРИСТИТЕ МАШИНАТА. Зачувајте за секое идно навраќање
Во ова упатство одредени поглавја содржат информации со одредена важност во однос на безбедноста и на функционалноста и се евидентирани на различни начини согласно овој критериум: ЗАБЕЛЕШКА ИЛИ ВАЖНО даваат прецизни или други информации како што е претходно наведено за да не се оштети машината или да не се предизвика штета.
посочува на опасност. Непочитувањето на мерките за претпазливост доведува до можност за лични или повреди и оштетувања на трети лица. Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел. Сите индикации „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата на операторот којшто управува со машината.
Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да го запирате моторот. Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди.
- Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, или други лица што не ги знаат основните упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
- Никогаш не користете ја машината доколку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или внимание,
- Не пренесувајте деца или други патници
- Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спаѓа и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
- Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се содржани во ова упатство.
- Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон против лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте ја машината со боси нозе или отворени сандали. Носете заштитни слушалки за слухот.
- Употребата на акустична заштита ја намалува можноста да ги слушнете можните предупредувања (повикување или аларми). Обрнувајте исклучително внимание на она што се случува околу областа за работа.
- Не оставајте го контејнерот на дофат на деца.
- Не пушете додека полните или дополнувате гориво и секојпат кога работите со горивото.
- Дополнувајте гориво со инка и на отворено.
- Избегнувајте да ги вдишувате испарувањата од горивото.
- Никогаш не отворајте го капачето на резервоарот или не дополнувајте гориво додека моторот работи или е уште загреан.
- Полека отворете го капачето на резервоарот оставајќи внатрешниот притисок постепено да испари.
- Не приближувајте извори на отворен оган до резервоарот за да ја проверите содржината.
- Секогаш докрај затворајте го капачето на резервоарот и на садовите со гориво.
- Не палете ја повторно машината на место каде се долевало гориво; вклучувањето на моторот треба да се одвива на најмалку 3 метри оддалеченост од местото каде се извршило полнењето на горивото.
- Избегнувајте контакт на горивото со делови од облеката и, доколку тоа се случи, пресоблечете се пред да го запалите моторот.
- Кога ја палите машината, не насочувајте го придушувачот, а со тоа и издувните гасови кон запаливи материи.
- Не користете ја машината во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
- Избегнувајте да работите на мокра трева, кога врне и кога ризик од временска непогода, особено грмотевици.
- Обрнете особено внимание на нерамнините на теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени опасности и на присуството на дадени опасности коишто може да ја попречат видливоста.MK - 3
- Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки или препреки. Машината може да се преврти ако едното тркало поминува преку раб или ако работ е закосен.
- Работете секогаш надолжно во однос на косината, во правец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајќи при тоа на менувањето на правецот одржувајќи правилна потпора и да избегнувате тркалата да удираат на пречки (камења, гранки, корења и сл.) со што може да се предизвика странично лизгање, превртување или загуба на контролата врз машината.
- Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи во близина на пат.
- Никогаш не трчајте, туку одете.
- Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
- Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку од уредот со сечивото, особено при палење на моторот и додека работите со машината..
- Внимание: делот со сечивото продолжува да се врти уште неколку секунди откако ќе се исклучи или откако ќе го изгаснете моторот.
- Секогаш стојте оддалечено од испустот за празнење.
- Не допирајте ги деловите на моторот коишто се загреваат во текот на работата. Ризик од опекотини. Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исклучете го моторот и оддалечете ја машината внимавајќи да не предизвикате други оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината. Ограничување при употреба
- Не користете ја машината никогаш кога има оштетени делови, ако недостасуваат или не се правилно поставени (вреќата за собирање, заштитата на страничниот испуст, заштитата на задниот испуст).
- Не користете ја машината ако дополнителната/помошната опрема не е поставена на дадените точки.
- Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете ги манометарот и поставените безбедносни системи/микропрекинувачи.
- Не менувајте ги регулациите на моторот и не доведувајте го моторот во голем режим на работа. Ако моторот почне да работи со прекумерен број на вртежи, ризикот од лични повреди се зголемува.
- Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не користете мала машина за изведување тешки работи; адекватно користење на машината го намалува ризикот и го подобрува квалитетот на работата.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛАГАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.
- Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат.
- За да го намалите ризикот од пожар, редовно проверувајте дали има пролеано масло и/или гориво.
- Во текот на операциите за регулирање на машината, обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви се наоѓаат заглавени во уредот со сечивото во движење и фиксните делови на машината. Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се максимални вредности при употреба на машината. Употребата на елемент за косење којшто не е стабилен, движењето со преголема брзина, неодржувањето на машината значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава или значителни вибрации. Редовно одржувајте ја машината, носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.
- Никогаш не чувајте ја машината со гориво во резервоарот во просторија каде испарувањата од горивото може да допрат до отворен пламен, искра или до извор на топлина.
Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на граѓанските погодности и на просторот во кој живееме.
- Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите луѓето).
- Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распаѓање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во ѓубре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
- Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето.
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА Оваа машина е тревокосачка со оператор на нозе Машината во основа се состои од мотор којшто придвижува уредот со сечивото со запци сместени во картер и има тркала и ракофат. Операторот е во позиција да управува со машината и да ги вклучува главните команди држејќи се секогаш зад ракофатот и на безбедно растојание од ротирачкиот уред со сечивото. Оддалечувањето на операторот од машината предизвикува запирање на и на ротирачкиот уред по неколку секунди.
3.1.1 Предвидена употреба
Оваа машина е дизајнирана и произведена за косење (и собирање) трева во градини и на тревни површини со опсег наведен кај капацитетот за косење што се спроведува во присуство на оператор којшто оди. Општо, оваа машина може:
1. Да ја коси тревата и да ја собира
во вреќата за собирање.
2. Да ја коси тревата и да ја распостила на
земјата одзади (ако е предвидено).
теренот (ефект на „сечкање“ - ако е предвидено). Употребата на одредена дополнителна опрема којашто ја предвидел производителот како оригинална опрема и делови што се набавуваат засебно, дозволуваат да ја завршите оваа работа на различни работни начини, претставени во ова упатство и во упатството што се доставува со дадената дополнителна опрема.
3.1.2 Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба,поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):
- Транспорт на други лица, деца или животни со машината, кои може да паднат и да се здобијат со тешки повреди или да го попречат безбедното управување.
- Вклучување на уредот со сечивото врз терени на кои нема трева.
- Употреба на машината за собирање лисја или гранки.
- Употреба на машината за порамнување огради или за сечење вегетација што не е трева.
- Употреба на машината од страна на повеќе луѓе. ВАЖНО Несоодветната употреба на машината доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, префрлувајќи ги на корисникот произлезените обврски предизвикани од повреди или оштетувањата лично или на трети лица.
3.1.3 Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за „домашна употреба“. ВАЖНО Машината може да се користи само со оператор.
3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има симболи (сл.2.0). Нивната задача е да го потсетуваат операторот на постапките што треба да ги следи внимателно и со задолжителни мерки за претпазливост. Значење на симболите: Внимание. Прочитајте го упатството пред да ја користите машината. Предупредување! Никогаш не ставајте ги рацете или нозете во внатрешноста каде што е сместен уредот со сечивото. Извадете го капачето на свеќичката и прочитајте го упатството пред да изведувате какви било дејства за одржување или поправка. Опасност! Ризик од исфрлени предмети. Оддалечете ги луѓето што е можно подалеку од местото на работа кога ја користите машината. Опасност! Ризик од посекотини. Уред со сечиво во движење. Никогаш не ставајте ги рацете или нозете во внатрешноста каде што е сместен уредот со сечивото. ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети од соодветен центар или од овластениот сервисер.
Тежина на машината со празен резервоар во кг. Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.MK - 5 ВАЖНО Користете ги дадените податоци за идентификација секојпат кога контактирате со овластен центар. ВАЖНО Примерот за изјавата за усогласеност се наоѓа на последната страница во упатството.
Машината се состои од следните главни делови коишто соодветствуваат на следните функции (сл.1.0): A. Шасија: куќиште што го содржи уредот со ротирачкото сечиво. B. Мотор: обезбедува движење на уредот со сечивото и движење на тркалата (ако е предвидено). C. Уред со сечивото: соодветен елемент за косење на тревата. D. Заштита на заден испуст: безбедносен уред којшто спречува дадени собрани предмети со сечивото да се отфрлат далеку од машината. E. Дефлектор со заден испуст (ако има): покрај функцијата за исфрлање одзади на тревата врз теренот, има и безбедносен елемент којшто спречува дадени собрани предмети со уредот со сечивото да се отфрлат далеку од машината. F. Заштита на страничен испуст (ако има): безбедносен уред којшто спречува дадени собрани предмети со сечивото да се отфрлат далеку од машината. G. Дефлектор со страничен испуст (ако има): покрај функцијата за странично исфрлање на тревата врз теренот, има и безбедносен елемент којшто спречува дадени собрани предмети со уредот со сечивото да се отфрлат далеку од машината. H. Вреќа за собирање: покрај функцијата за собирање на покосената трева, има и безбедносен елемент којшто спречува дадени собрани предмети со уредот со сечивото да се отфрлат далеку од машината.
I. Рачка: местото за работа на операторот.
Нејзината должина овозможува операторот секогаш да го одржува безбедното растојание од уредот со ротирачкото сечиво во текот на работата. J. Рачка за запирање на моторот / уредот со сечивото: e рачка којашто овозможува палење и застанување на моторот и истовремено активирање/ исклучување на уредот со сечивото. K. Рачка за вклучување на погонот: е рачка која го активира преносот за движење на тркалата и овозможува движење на машината.
Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности. За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината не се монтирани во фабриката, туку треба да се монтираат по вадење на амбалажата следејќи ги следните упатства. Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со доволно простор за поместување на машината и на амбалажата користејќи секогаш соодветни алати. Не користете ја машината пред да завршите со сите постапки наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ“.
4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
4.2 ПОСТАВУВАЊЕ НА ВРЕЌАТА
Вреќата е веќе закачена. Уверете се дека компонентите се склопени (сл.3.A) (Тип „I“ - „II“).
4.3 ПОСТАВУВАЊЕ НА РАЧКАТА
Внимателно отворете ја рачката во положба за работа (сл.4.А). Вметнете го јажето за палење низ долните и горните спирали и зашрафете ја навртката (сл.4.В).
5.3 КОМАНДА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ
секогаш кога работи машината.
2. Минимум. Cе користи кога моторот е
загреан во текот на фазите на запирање.
3. „Мелењето“ е активирано. Се
користи кога се пали студен мотор. ЗАБЕЛЕШКА За палење на ладно, палењето треба да се направи по околу 5 минути по застанување на моторот или по дополнување гориво.
5.4 КОМАНДА ЗА МЕНУВАЊЕ БРЗИНИ
Менувачот на брзини дозволува регулација на брзината на движење (сл.7.А). Позициите, посочени на табличката, значат:
ВАЖНО Преминот од една во друга брзина треба да се изведе кога моторот е запален и погонот а активиран. Не допирајте ја командата за менувачот кога моторот е изгаснат. Оваа операција може да го оштети менувачот. ЗАБЕЛЕШКА Ако машината не се движи кога командата е во позицијата « », доволно е да ја преместите рачката за командата на «
веднаш потоа да ја поставите во позиција «
5.6 РАЧКА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ПОГОНОТ
Го активира движењето на тркалата и дозволува движење на машината.
1. Активиран погон. Движењето на
тревокосачката се одвива кога ќе ја притиснете рачката кон ракофатот (сл.8.B). Тревокосачката престанува да се движи со пуштање на рачката. Преносот е активен. (Сл.8.B) ВАЖНО Палењето на моторот треба да изведе со исклучен погон. ВАЖНО За да избегнете оштетување на преносот, избегнувајте да ја влечете машината назад со вклучен погон.
5.7 РЕГУЛАЦИЈА НА ВИСИНАТА НА КОСЕЊЕТО
Со подигање и спуштање на шасијата, тревата може да се коси на различни висини. Изведувајте ја операцијата кога уредот со сечивото мирува.
- Регулација на тип „I“. Регулацијата на висината за косење се постигнува со притискање на копчето (сл.9.A) и со подигнување и спуштање на шасијата со помош на ракофатот (сл.9.B) до саканата позиција.
- Регулација на тип „II“. Регулацијата на висината на косење се изведува со помош на соодветната рачка (сл.9.С) којашто ја подигнува или спушта шасијата на саканата висина.
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности. ВАЖНО Погледнете го соодветното упатство во однос на работата на моторот и батеријата (ако има).
6.1.1 Дополнување масло и гориво
ВАЖНО Машината се доставува без масло во моторот и без гориво. Пред да ја користите машината за првпат по купувањето, наполнете гориво и дополнете масло согласно начинот и мерките за претпазливост посочени во упатството за работа со моторот и пасусот 7.2/7.3.MK - 7 Пред секоја употреба Проверете дали има гориво и проверете го нивото на маслото согласно насоките дадени во упатството за работа со моторот и пасусот 7.2/7.3.
6.1.2 Подготовка на машината за работа
ЗАБЕЛЕШКА Оваа машина дозволува косење на тревникот на различни начини. Пред да започнете со работа, потребно е да ја поставите машината во правецот како што имате намера да косите. a. Поставување за косење и собирање на тревата во вреќата за собирање:
2. Вметнете ја вреќата за собирање како што е
и прикачете ја правилно вреќата за собирање поставувајќи ја на страничните шипки на дадените водилки долу на рачката (сл.11.B). b. Подготовка за косење и заден испуст на тревата врз земјата:
1. Извадете ја вреќата за собирање,
2. Подигнете ја заштитата на задниот
испуст (сл.12.А) и закачете го дефлекторот за задниот испуст (сл.12.B) во предвидените отвори, проверувајќи ја притоа стабилноста.
2. Подигнете го дефлекторот за задниот
испуст закачувајќи го за отворите (сл.12.B). c. Подготовка за косење и дробење на тревата (функција „сечкање“):
d. Подготовка за косење и страничен испуст на тревата врз земјата:
2. Турнете ја внимателно безбедносната
4. Затворете ја заштитата со страничниот
излез (сл.14.D) за да може да се блокира дефлекторот со страничниот испуст (сл.14.Е). За да го извадите дефлекторот со страничен испуст:
5. Турнете ја внимателно безбедносната
6.1.3 Регулација на висината на косењето
Регулирајте ја висината на косење како што е посочено во (пасус 5.7).
6.1.4 Регулација на висината на ракофатот
Изведувајте ја операцијата кога уредот со сечивото мирува. Висината на ракофатот се регулира на 3 различни позиции, означени со знак во основата на ракофатот (сл.15.A). Активирајте ги двете рачки на двете страни на ракофатот (сл.15.B) (тип „I“- „II“) за да ја смените висината на ракофатот и задржете ги во таа позиција. Внимателно донесете го ракофатот на саканата висина и пуштете ги рачките. Ракофатот може одново да се свитка и во текот на работата.
6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
Спроведете ги следните безбедносни контроли и проверете дали резултатите соодветствуваат со даденото во табелата. Секогаш проверувајте ги безбедносните контроли пред работа.MK - 8
6.2.1 Општи безбедносни контроли
Предмет Резултат Ракофати Чисти, суви. Рачка Правилно и цврсто фиксирана на машината. Уред со сечивото Чист, не треба да е оштетен или изабен. Заштита на задниот испуст, вреќата за собирање Интегрирани. Нема оштетувања. Правилно
Заштита на страничниот испуст, дефлекторот на страничниот испуст Интегрирани. Нема оштетувања. Правилно
Шрафови/навртки на машината и на уредот со сечивото Добро зашрафени (не разлабавени). Електрични кабли и кабел за свеќичката Без оштетувања за да се избегне појава на искри. Капаче за свеќичката Цело и правилно поставено на свеќичката. Машина Никаков знак на оштетување или
2. Пуштете ја рачката
за запирање на моторот / уредот со сечивото.
1. Уредот со сечивото
3. Пуштете ја рачката
2. Тркалата ја движат
застануваат и четката престанува да се движи. Пробна насока Нема чудни вибрации. Нема чудни звуци. Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено во табелата, не ја користете машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и
ЗАБЕЛЕШКА Вклучувајте ја на рамни површини, исчистени од препреки и висока трева.
6.3.1 Модели со рачка за рачно палење
1. Во случај на палење на студено:
/ уредот со сечивото кон ракофатот (сл.16.A). ЗАБЕЛЕШКА Рачката за запирање на моторот/ уредот со сечивото мора да се држи повлечена за да се избегне застанување на моторот.
3. Зафатете ја рачката за палење и запалете
го моторот влечејќи го решително јажето за палење (сл.16.B).
4. По палењето, донесете го забрзувачот
во позиција на полн режим (ако има). ЗАБЕЛЕШКА Активирањето на командата за придушувачот кога моторот е топол може да ја замасти свеќичката и да доведе до неправилна работа на моторот.
6.3.2 Модели со команда за
електрично палење на копче
1. Ставете ја батеријата во соодветното место
на моторот (сл.17.A.1 / 17.A.2). (Следете ги дадените мерки што се дадени во упатството за употреба на моторот.) Kaj некои модели има мотор со интегрирана батерија што не се вади (сл.17.A.3).
2. Вметнете го безбедносниот
- • Индикатор што не свети = батеријата е Индикатор што не свети = батеријата е речиси целосно испразнета. Следете ги речиси целосно испразнета. Следете ги насоките во упатството за употреба за насоките во упатството за употреба за полнење на моторот во итни случаи преку полнење на моторот во итни случаи преку надвошен УСБ-уред за полнење (што не надвошен УСБ-уред за полнење (што не се испорачува со машината).се испорачува со машината). ЗАБЕЛЕШКА Рачката за запирање на моторот/ уредот со сечивото мора да се држи повлечена за да се избегне застанување на моторот.
ВАЖНО Во текот на работата, секогаш одржувајте безбедно растојание од уредот со сечивото која се определува со должината на ракофатот.
1. Започнете ги движењето и косењето
3. Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед
ако косењето се изведува секогаш на иста висина и наизменично во два правци (сл.19.0). Во случај на „сечкање" или заден испуст на тревата:
- Секогаш избегнувајте да косите огромна количина на трева. Никогаш не косете повеќе од една третина од вкупната висина на едно поминување (сл.18.0).
- Одржувајте ја шасијата секогаш убаво исчистена (пасус 7.4.2). Во случај на страничен испуст: се препорачува да се изврши преглед за да се избегне исфрлање на покосената трева на делот од тревникот што треба да се коси.
6.4.2 Совети за одржување убав тревник
- За да одржувате тревник со убав изглед, зелен и мек, потребно е редовно косење. Тревникот може да се состои од повеќе видови трева. Со често косење, најмногу растат треви коишто развиваат многу корени и формираат солидна тревна покривка. Во спротивно, ако косењето се одвива поретко, претежно се развиваат високи треви и коров (детелина, маргаритки и сл.) Зачестеноста на косење треба да се координира со растот на тревата, избегнувајќи при тоа тревата да нарасне премногу меѓу две косења.
- Оптималната висина на тревата на добро одржуван тревник е околу 4-5 см и во едно косење не треба да се оди повеќе од една третина од вкупната висина. Ако тревата е многу висока, подобро е да косите на двапати, со растојание од еден ден. Првиот пат со уредот со сечивото на максимална висина, а вториот пат на саканата висина.
- Mногу ниско косење предизвикува корнење и проретчување на тревната површина со што остануваат „голи места“.
- Во периоди кога времето е студено и врнежливо, тревата треба да се одржува делумно висока за да се намали сушење на теренот.
- Секогаш се претпочита да се коси тревата кога тревникот е сув. Не косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја намали ефикасноста на уредот со сечивото врз тревата бидејќи ќе се лепи и ќе предизвика заглавување со залепена трева,
- Уредот со сечивото треба да е интегрирано и добро наострено за да може сечењето да биде уредно и без шаренила коишто доведуваат до пожолтување наместа.
6.4.3 Вадење на вреќата за собирање
Кога вреќата за собирање (сл.1.H) ќе се наполни, собирањето нема да биде ефикасно и звукот на машината се менува. Во случај кога на вреќа за собирање има сигнализатор за содржината: Подигнат = празно. Спуштен = полно. За време на работата, кога уредот со сечивото се движи, сигнализаторот е подигнат што посочува дека вреќата собира покосена трева. Кога ќе се спушти, посочува дека вреќата е полна и треба да се испразни. За да ја извадите и испразните вреќата за собирање:
1. Пуштете ја рачката за запирање на
моторот / уредот со сечивото (сл.20.A).
2. Почекајте да застане уредот за сечивото.
4. Зафатете ги ракофатите и извадете ја вреќата
за собирање држејќи ја исправено..MK - 10
1. Пуштете ја рачката за запирање на
моторот / уредот со сечивото (сл.20.A).
2. Почекајте да застане уредот за сечивото.
Штом ќе ја застанете машината, потребни се неколку секунди пред да застане уредот со
Моторот може да е многу врел по гаснење. Не допирајте го. Постои опасност од опекотини. ВАЖНО Застанете ја секогаш машината:
- При менување на локацијата на работа.
- При преминување на терени каде нема трева.
- Секојпат кога треба да поминете преку некоја пречка.
- Пред да ја регулирате висината на косење.
- Секојпат кога ја вадите или поставувате вреќата за собирање.
- Секојпат кога го вадите или поставувате дефлекторот за задниот испуст (ако е предвидено).
- Секојпат кога го вадите или поставувате дефлекторот за страничниот испуст (ако е предвидено).
6. Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки. ВАЖНО Секојпат кога машината ја оставате без надзор или не ја користите:
- Извадете го капачето на свеќичката (сл.24.A).
- Извадете го клучот (сл.24.C) или батеријата (кај модели со команда за електрично палење преку копче).
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности. Пред да извршите каква било контрола, чистење или интервенција за одржување/ регулација на машината:
- Застанете ја машината.
- Проверете дали сите делови што се движат се застанати целосно.
- Проверете дали моторот е соодветно изладен.
- Отстранете го капачето на свеќичката, (сл.24.A).
- Извадете го клучот (сл.24.C) или батеријата (кај модели со команда за електрично палење преку копче).
- Прочитајте ги соодветните упатства.
- Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.
- Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во „Табелата за одржување“. Табелата го прикажува опсегот што ќе ви помогне при одржување на ефикасноста и безбедноста на машината. Во неа се прикажани главните интервенции и предвидените интервали за секоја од ставките. Извршете ја соодветната постапка пред првата појава.
- Употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални и/или не се правилно поставени, може да доведе до несакани ефекти врз работата и безбедноста на машината. Производителот ја отфрла сета одговорност во случај на штети, инциденти или повреди предизвикани од такви производи.
- Оригиналните резервни делови се набавуваат во сервисните центри или кај авторизираните застапници. ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација коишто несе опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.
Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот. Полнењето на гориво се прави со застаната машина и со извадено капаче од свеќичката. Извршете го полнењето на гориво согласно начинот и мерките на претпазливост посочени во упатството за работа со моторот. Машините со можност за вертикално одложување (поглавје 9.1.) имаат резервоар за гориво со индикатор за ниво на гориво. Не полнете го резервоарот над дното на индикаторот за ниво (сл.21.A). ВАЖНО Избегнувајте истурање бензин врз пластичните делови на моторот или врз самата машина за да се избегне оштетување и веднаш исчистете ја секоја трага од бензин ако тој случајно се излил. Гаранцијата не ги покрива оштетувањата на пластичните делови предизвикани од бензин. ЗАБЕЛЕШКА Горивото испарува и не треба да се остава во резервоарот повеќе од 30 дена. Пред одложување на подолг период, оставете малку гориво во резервоарот со што ќе го завршите користењето (поглавје 9).MK - 11
7.3 КОНТРОЛА / ДОПОЛНУВАЊЕ
МАСЛО ВО МОТОРОТ Извршете ги контролата/дополнувањето на масло согласно начинот и мерките на претпазливост посочени во упатството за работа со моторот. За да обезбедите правилна работа и долготрајна употреба на машината, редовно менувајте го маслото во моторот согласно посочените периоди во упатството за употреба за овој мотор. Задолжително надополнете масло до посоченото ниво пред повторно да ја користите машината.
Исчистете ја машината по секоја употреба следејќи ги следните упатства.
7.4.1 Чистење на машината
- Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација се ослободени од остатоци од косењето.
- Не користете абразивни течности за чистење на куќиштето.
- За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ги тревокосачката и машината, а особено моторот од остатоци од трева, листови и прекумерно масло.
- Исперете ја машината темелно со вода по секое косење.
7.4.2 Чистење на плочата со
- Отстранете ги остатоците од трева и кал што се наталожиле од внатрешната страна на куќиштето за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии при подоцнежно палење заради исушување.
- Во случај кога треба да се пристапи до долниот дел, закосете ја машината само на страната како што е прикажано во упатството за моторот следејќи ги соодветните упатства, уверувајќи се дека машината е стабилна пред да започнете со каква било интервенција. Во случај на страничен или заден испуст: ако е поставен, треба да го извадите дефлекторот на испустот. За внатрешно перење на комплетот со уредот со сечивото, постапете како што следи:
1. Извадете ја вреќата за собирање.
3. Поставете ја висината на косење
во најниска позиција.
4. Стојте секогаш зад ракофатот на тревокосачката.
5. Запалете го моторот.
Лакот од внатрешниот дел на куќиштето може да отпадне заради абразивното дејство на покосената трева. Во тој случај, треба спремно да интервенирате со премачкување лак против ’рѓосување за да се спречи создавање ’рѓа која го кородира металот.
7.4.3 Чистење на вреќата
1. Испразнете ја вреќата за собирање.
2. Протресете ја за да ги исчистете
остатоците од тревата и земјата.
Одржувајте ги шрафовите и навртките затегнати за да бидете сигурни дека машината е секогаш безбедна за работа.
Батеријата се доставува со модели со команда за електрично палење на копче. Во однос на упатствата коишто се однесуваат на автономијата, полнењето, одлагањето и одржувањето на батеријата, следете ги упатствата коишто се дадени во упатството за моторот. Кај моторите (сл.17.A.3), батеријата не треба да се дополнува. Само во итни случаи, може да се дополни преку надворешен УСБ-уред за полнење (што не се испорачува со машината). Следете ги дадените мерки што се дадени во упатството за употреба на моторот.
ВАЖНО Регулацијата треба да се направи кога моторот е изгаснат. Со рачката (сл.23.А) во позиција « », свртете го регистарот (сл.23.В) за кабелот во правецот посочен со стрелката до соодветното затегнување кога рачката се задржува во дадената позиција.
8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
Пред да извршите каква било контрола, чистење или интервенција за одржување/ регулација на машината:
- Застанете ја машината.
- Проверете дали сите делови што се движат се застанати целосно.
- Проверете дали моторот е соодветно изладен.
- Отстранете го капачето на свеќичката, (сл.24.A).
- Извадете го клучот (сл.24.C) или батеријата (кај модели со команда за електрично палење преку копче).
- Прочитајте ги соодветните упатства.
- Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.MK - 12
8.1 УРЕД СО СЕЧИВОТО
Уредот со сечивото не е доволно наострен и ја кине тревата така што тревникот пожолтува. Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте го извадиле клучот и ако уредот со сечивото не е застанат докрај. Сите операции што се поврзани со уредот со сечивото (вадење, острење, изедначување, поправка, повторно ставање и/или замена) се одговорни работи и изискуваат специфична компетентност покрај соодветни алати. Од безбедносни причини, истите треба секогаш да ги извршува специјализиран сервисен центар. Заменувајте го секогаш уредот со сечивото ако е оштетен, изабен или истрошен, заедно со соодветните шрафови за да ја одржите рамнотежата. ВАЖНО Секогаш користете оригинални уреди со сечива, дадени со код во табелата „Технички податоци“. Заради развојот на производот, уредите со сечивото наведени во табелата „Технички податоци“ треба со време да се заменат со други со соодветни карактеристики за замена и функционална безбедност.
1. Вклучете го моторот на отворено и одржувајте
батеријата (кај модели со команда за електрично палење преку копче).
- На место надвор од дофатот на децата.
- Проверете дали сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.
9.1 ВЕРТИКАЛНО ЧУВАЊЕ
Во случај на неопходност, одредени модели (видете ја табелата со технички податоци) може да се одложуваат вертикално (сл.25.0). Не одложувајте ја машината вертикално со резервоар полн над дното на индикаторот за ниво на гориво (сл.21.A). Постапете како што следи:
1. Спуштете ја шасијата до висина
за косење “3” (пасус 5.7).
2. Од позиција за работа, активирајте ги двете
рачки на двете страни на ракофатот (сл.15.B) (тип „I“- „II“) и задржете ги во таа позиција.
3. Свиткајте ја рачката внимателно
во затворена позиција.
4. Подигнете го предниот дел на
машината (сл.25.0). Одложете ја машината на начин уредот за косење да остане насочен кон ѕид или со соодветна заштита на него за да не претставува опасност во случај на случаен или ненамерен контакт со возрасни лица, деца или животни. Не оставајте ја машината во позиција и под агол поголем од вертикалниот (90°). Во спротивен случај, бензинот може да излезе од резервоарот
Не обидувајте се да ги одложите во вертикална позиција оние машини коишто не се проектирани за таква цел.
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосување на машината:
- Извадете го клучот (сл.24.C) или батеријата (кај модели со команда за електрично палење преку копче).
- Носете заштитни ракавици.
- Фатете ја машината на места кои нудат сигурен зафат, имајќи ја предвид нејзината тежина и распределба на истата.
- Ангажирајте соодветен број луѓе во согласност со тежината на машината и карактеристиките на средството за транспорт или за местото на кое треба да се донесе или земе истата.
- Проверете дали кога работи машината, нема знаци на оштетувања или дефекти. Кога ја носите машината со возило или на приколка:
- Користете пречки за отпор со соодветна должина и ширина.
- Носете ја машината со изгаснат мотор без можност да се вклучи, ангажирајќи соодветен број лица.
- Спуштете ја плочата со уредот со сечивото. (пасус 5.7).
- Поставете ја на начин да не претставува опасност за никого.
- Цврсто блокирајте ја во текот на транспортот со јажиња или синџири за да избегнете превртување.MK - 13 Не транспортирајте ја машината во вертикална позиција со можност за вертикално одложување.
11. ПОМОШ И ПОПРАВКИ
Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите интервенции за регулација и одржување што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејќи знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ќе се заврши правилно, земајќи го во предвид првобитниот степен на безбедност и условите на машината. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.
- Само овластените сервиси за помош може да ги извршуваат поправките и одржувањето што се под гаранција.
- Овластените сервисни центри користат само оригинални резервни делови. Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
- Резервните делови и дополнителната опрема коишто не се одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални ја нарушуваат безбедноста на машината и го ослободуваат производителот од секоја обврска или одговорност.
12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Условите во гаранцијата се наменети исклучиво за потрошувачи, односно оператори, а не професионалци. Гаранцијата ги покрива сите дефекти на квалитетот на материјалите и на изработката коишто настанале во текот на периодот на гаранцијата од страна на давателот или од страна на специјализиран центар. Примената на гаранцијата е ограничува на поправка или замена на дефектниот дел. Препорачуваме да ја однесете машината во овластен сервисен центар секојпат кога треба да се работи на одржување, поправка или проверка на безбедносните уреди. Примената на гаранцијата зависи од редовното одржување на машината. Корисникот треба внимателно да ги следи сите упатства кои се дадени до приложената документација. Гаранцијата не ги покрива штетите настанати кога:
- Не сте се запознале со приложената документација (упатство за работа).
- Ја користите за професионални работи.
- Има невнимание, занемарување.
- Има надворешна причина (грмотевици, удари, присуство на страни тела во внатрешноста на машината) или инциденти.
- Употребата и монтирањето не се правилни и не ги извршил производителот.
- Има нередовно одржување.
- Се користи дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот. Гаранцијата не покрива и:
- Операции за редовно/вонредно одржување (опишани во упатството за работа).
- Нормално абење на потрошните материјали како што се ремените на преносот, уредот со сечивото, светлата, тркалата, безбедносните навртки и кабли.
- Естетско вложување на машината заради употребата.
- Состојки, масло, бензин, трева.
- Потпори на уредите со сечивото.
- Дополнителните трошоци што може да повлече активирање на гаранцијата како што е пренос на корисникот (превоз на машината кај застапникот, изнајмување на опрема за замена или повикување на друга компанија за сите работи околу одржувањето. Гаранцијата за термичките мотори, со исклучок на моторите „ЅТ“ се покриени со гаранцијата на производителот на дадениот мотор според условите и правилата одредени од производителот. Корисникот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на корисникот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.
13. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Интервенција Период Забелешка
Контрола на сите фиксирања Пред секоја употреба пасус 7.5 Безбедносни контроли / проверка на командите (вклучува рачка за контрола во присуство на оператор) Пред секоја употреба пасус 6.2 Проверка на заштитите на задниот испуст / страничниот испуст. Пред секоја употреба пасус 6.2.1 Проверка на вреќата за собирање, дефлекторот и на станичниот испуст. Пред секоја употреба пасус 6.2.1MK - 14 Проверка на уредот со сечивото Пред секоја употреба пасус 6.2.1 Општо чистење и контрола На крајот на секоја употреба пасус 7.4 Проверка на можни оштетувања на машината. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисен центар. На крајот на секоја употреба - Регулирање на кабелот на менувачот ** пасус 7.7 Замена на уредот со сечивото - пасус 8.1 ***
Контрола/дополнување гориво Пред секоја употреба пасус 6.1.1 / 7.2 * Контрола / дополнување масло во моторот Пред секоја употреба пасус 6.1.1 / 7.3 * Контрола и чистење на филтерот за воздух * * Контрола и чистење на контактите на свеќичката * * Замена на свеќичката * * Полнење на батеријата * пасус 7.6 * * Проверете во упатството за моторот. ** Операции што треба да се спроведат при правите знаци на лоша работа. *** Работа што треба да ја изведе застапникот или специјализиран центар за сервисирање
14. НЕСООДВЕТНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените операции. НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
неправилно, нема моќ врз оптоварувањето или застанува во текот на работата. Филтерот за воздух е затнат. Исчистете и/или заменете го филтерот (погледнете во упатството за моторот). Свеќичката е нечиста или оддалеченоста меѓу електродите не е точна. Проверете ја свеќичката (погледнете во упатството за моторот). Проблеми со согорување. Контактирајте со овластен сервисен центар.MK - 15
на моторот. Рачката за рачно палење е активирана неколку пати со вклучен стартер. Проверете во упатството за моторот. Рачката за рачно палење е активирана неколку пати со извадена свеќичка. Ставете го капачето на свеќичката и обидете се да го запалите моторот. (Проверете во упатството за моторот).
4. Искосената трева
веќе не се собира во вреќата за собирање. Уредот со сечивото наишол на стран предмет и предизвика контраудар. Застанете го моторот и откачете го капачето на свеќичката. Проверете дали има оштетувања и контактирајте со сервисен центар за замена на уредот со сечивото. 8.1). Внатрешноста на шасијата е извалкана. Исчистете ја внатрешноста на шасијата за да го олесните исфрлањето на тревата кон вреќата за собирање (пасус 7.4.2).
5. Тревата тешко се коси. Уредот со сечивото не
е добро поставен. Контактирајте со сервисен центар за да го наострите или замените уредот со сечивото.
6. Има бучава и/или
прекумерни вибрации во текот на работата. Оштетување или разлабавени делови. Оската на уредот на сечивото е излезена од лежиштето. Запрете ја машината и извадете го кабелот од свеќичката (сл.24.0). Проверете дали има оштетувања. Проверете дали деловите се разлабавени и затегнете ги. Извршете ги проверките, замените или поправките во авторизиран центар. Фиксирањето на уредот со сечивото е разлабавено или уредот со сечивото е оштетен. Застанете го моторот и откачете го капачето на свеќичката (сл.24.0). Контактирајте со сервисниот центар за проверка, замена или поправка (пасус 8.1).
Ја дроби ситно покосената трева и ја распределува врз тревникот, што е алтернатива за косење во вреќата за собирање (кај машини каде е предвидено истото) (сл.26.0).NL - 1
Декларација за усогласеност со ЕУ (Директива за машини 2006/42/CE, Анекс II, дел A)
2. изјавува со целосна лична одговорност дека
следната машина: Тревокосачка со оператор на нозе / косење трева а) Тип / основен модел
3. Усогласено со спецификациите според
е) Акустички притисок ж) измерено ниво на звучна моќност з) Ниво на гарантирана звучна моќност н) овластено лице за составување на Техничката
Notice-Facile