CYBEX Solution S2 iFix - автоседиште

Solution S2 iFix - автоседиште CYBEX - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Solution S2 iFix CYBEX во PDF формат.

📄 127 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice CYBEX Solution S2 iFix - page 94
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за Solution S2 iFix CYBEX

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот автоседиште во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Solution S2 iFix - CYBEX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Solution S2 iFix на марката CYBEX.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Solution S2 iFix CYBEX

возраст од приближно 3

до 12 години

CYBEX Solution S2 iFix - 1

Благодариме што одлучивте да го купите детското седиште Solution S2 i-Fix за вашето дете.

Прочитајте ги внимателно упатствата пред да го инсталирате седиштето во возилото и секогаш чувајте ги овие упатства при рака во специјално наменетиот оддел (1).

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

Без одобрение од Органот за типска хомологација, детското седиште за автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било начин.

Со цел детето да биде заштитено правилно, апсолутно е неопходно да го користите детското седиште како што е опишано во овој прирачник.

Ова детско седиште може да се монтира само на седишта на возило што се одобрени за користење со системи за врзување деца во согласност со прирачникот на возилото.

Соодветно е само за седишта на возила со автоматски кайши со три точки за фиксирање одобрени во согласност со Регулативата 16 на ОН или со споредлив стандарт.

Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани во упатството и означени на системот за врзување деца.

Целата површина на наслонот за грб на детското седиште мора да доаға во допир со наслонот за грб на возилото.

Каишот за рамо мора да минува нагоре и назад дијагонално. Никогаш не смее да минува напред во правец на горната точка на каишот во возилото.

Закопчувалката на кαιшот на возилото никогаш не смее да се вкрстува со водилката на кαιшот на седиштето. Ако фиксниот држач на кαιш е премногу долг, детското седиште е несоодветно за користење во оваа позиција во возилото. Ако не сте сигурни, контактирајте со производителот на системот за врзување.

Каишите со три точки за фиксирање во возилото мора да минуваат

само низ назначените жлебови. Жлебовите за водење на каишот се детално опишани во овој прирачник и означени се на детското седиште со зелена боја.

Скутниот каиш мора да минува што е можно пониско преку слабините на детето за да има максимален ефект при судир.

Яред секоја употреба треба да се погрижите автоматскиот сигурносен каиш за возило со три точки на прицврстување да биде приспособен правилно и дека е добро прицврстен на телото на детето. Никогаш не превиткувајте го каишот!

Само оптимально приспособениот наслон за глава може да му понуди на детето максимальна заштита и удобност, а истовремено да гарантира дека кайшот за рамо се поставува без пречки.

Детското седиште мора секогаш да биде прицврстено правилно со каишот на возилото, дури и кога не се употребува.

Секогаш треба да бидете сигурни дека детското седиште во ниеден момент не е заглавено кога ја затворате вратата на автомобилот или кога го приспособувате задното седиште.

Детското седиште е исто така тестирано и одобрено за користење без линеарните странични заштитници од удар.

Ако го користите седиштето за автомобил на средното седиште на задната клупа на возилото, линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) не смее никогаш да биде во отворена позиција.

Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ автомобилот, што би можело да предизвика смртоносни повреди.

Детското седиште никогаш не смее да се употребува без навлаката на седиште. Погрижете се да се употребува само оригинална навлака на седиште СУВЕХ, бидејки навлаката е клучен елемент за функционирање на седиштето.

Никогаш не оставајте го детето во автомобилот без надзор.

Деловите на системот за врзување деца се загреваат на сонце и може да предизвикаат изгореници на детската кожа. Заштитете ги детето и детското седиште од директно изложување на кончева светлина.

Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на детското седиште што не може да се види со голо око. Заменете го седиштето за автомобил по сообраќајна несреќа. Ако се двоумите, советувајте се со застапникот или со производителот.

Не користете го ова детско седиште подолго од 9 години. Детското седиште е изложено на големо оптоварување за време на рокот на траење на производот, што води до промени во квалитетот на материјалот со текот на времето.

Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење и топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или белила!

На некои седишта на возило изработени од чувствителни материјали, користењето детски седишта може да остави дамки и/или да предизвика бледнеење. За да го спречите ова, можете да ставите кебе, крпа или сличен предмет под детското седиште за да го заштитите седиштето на возилото.

ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ

(1)Оддел за чување на Упатството за корисник(8)Копче за откочување ISOFIX
(2)Наслон за грб(9)Линеарна странична заштита од удари (L.S.P.)
(3)Перниче(10)Оперативно копче на L.S.P.
(4)Рачки за заклучување ISOFIX(11)Приспособлив наслон за глава
(5)Рачка за приспособување ISOFIX(12)Регулатор на висина на наслон за глава
(6)Точки за закотвување ISOFIX(13)Водилка на скутен кайш
(7)Сигурносен показател ISOFIX(14)Водилка на кайш за рамо

Поврзете го наслонот за грб (2) со перничето (3) со прикачување на водилката со кука на осовината на перничето. Наслонот за грб (2) потоа се преклопува нанапред. Кога го отпакувате производот, линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) (9) е активирана на двете страни на седиштето.

ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО

Детското седиште може да се употребува на седишта во возило опремени со автоматски каиш со три точки за фиксирање. Осврнете се на приложениот список со типови возила за одобрените возила. Може да ја добиете најновата верзија на www.cybex-online.com.

Ако вашето возило не е опремено со точки за поврзување ISOFIX, може да го користите седиштето SOLUTION S2 i-FIX со вовлечени рачки за заклучување ISOFIX.

Кога детето ће биде повисоко од 135 см, компатибилноста меѓу SOLUTION S2 i-FIX и возилото може да биде намалена. Разгледајте го списокот со типови возила за да проверите дали детското седиште може да се употребува во сите позиции на наслонот на глава без ограничувања. Во особени случаи, детското седиште за автомобил може, исто така, да се употребува на предното патничко седиште. Секогаш почитувајте ги препораките на производителот на возилото.

МОНТИРАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ВО ВОЗИЛОТО

  1. Секогаш треба да бидете сигурни дека...

  2. наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција.

  3. Кога го монтирате детското седиште на предното патничко седиште, тоа е приспособено што е можно поназад, без да влијае врз жлебовите за водење на кαιшот.

  4. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX (5) под перничето (3) и повлечете ги целосно двете рачки за заклучување ISOFIX (4).

  5. Сега, завртете ги рачките за заклучување ISOFIX (4) 180 степени, така што ће бидат завртени во правец на точките за закотвување ISOFIX (6).
  6. Поставете го детското седиште на соодветното седиште во возилото.
  7. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX (4) во точките за закотвување ISOFIX (6) сё додека не се заклучат во соодветната позиција и додека не слушнете звук на закопчување.
  8. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX (5) и туркајте го седиштето на автомобил кон седиштето на возилото.
  9. Бидете сигурни дека целата површина на наслонот за грб (2) на детското седиште се потпира врз наслонот за грб на седиштето на возилото.

Ако потпирают за глава на возилото претставува препрека, повлечете го целосно нагоре или отстранете го (освен кај седишта во возило завртени наназад).

  1. Бидете сигурни дека седиштето е добро прицврстено, обидувајки се да го извлечете од точките за закотвување ISOFIX (6). Зелените сигурносни показатели (7) мора да бидат јасно видливи на двете страни на седиштето.
  2. Ако седиштето се употребува без ISOFIX, тоа може да се остави на долниот дел на седиштето.

Кота користите ISOFIX, се создава врска со возилото што ја зголемува безбедноста на детето. Детето сепак треба да се врзе со кайшот со три точки за фиксирање на возилото.

  1. Ако „Линеарната странична заштита од удари“ (L.S.P.) (9) претставува пречка за вратата на автомобилот или ако влијае врз просторот на патничкото седиште, L.S.P. може да се затвори. Притиснете го Оперативното копче на L.S.P (10), држете го притиснато и преклопете ја навнатре L.S.P. (9) со благо туркање. Потоа, отпуштете го оперативното копче на L.S.P. (10).

Седиштето за автомобил може исто така да се употребува и без активирана L.S.P ако во возилото нема довольно простор.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ОД ВОЗИЛОТО

Извршете ги чекорите за монтажа по обратен редослед.

  1. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX (4) на двете страни туркајки ги копчињата за откочување ISOFIX (8) и истовремено влечејки ги наназад.
  2. Извлечете го седиштето од точките за закотвување ISOFIX (6).
  3. Отстранете го детското седиште и складирајте го ISOFIX по спротивен редослед на чекорите за монтирање.

ПРИСПОСОБЛИВ НАСЛОН ЗА ГЛАВА

Приспособливиот наслон за глава (11) помага да се спречи опасноста главата на детето да падне нанапред додека спие. Може да се постави во една од 3 позиции. Туркајте го приспособливиот наслон за глава (11) напред сё додека не го поставите во саканата позиција.

Главата на детето секогаш треба да го допира приспособливиот наслон за глава

ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА

Наслонот за глава (11) може да се приспособи со помош на рачката за приспособување на наслонот за глава (12) што се нао'га во задниот дел на наслонот за глава (11). Приспособете го наслонот за глава (11) така што максимальното растојание меѓу рамениците на детето и наслонот за глава да не биде поголемо од 2 см (приближно 2 прста).(11).

Висината на наслонот за глава може да се приспособи додека седиштето се монтира во автомобилот.

MK

ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО

  1. Насочете го каишот на седиштето на возилото околу детето и внесете го јазичето на каиш во закопчувалката. Мора да го закопчате добро и да го слушнете карактеристичниот звук.
  2. Поставете го скутниот каиш во зелените водилки на скутен каиш (13) на детското седиште.
  3. Повлечете го кайшот за рамо за да го притегнете скутниот кайш.

  4. На страната на седиштето за автомобил што се наога до закопчувалката, кαιшот за рамо и скутниот кαιш мора да се внесат заедно во водилката на скутниот кαιш (13).

  5. Влечете го кайшот за рамо низ водилката на кайш за рамо (14) сё додека не влезе во водилката на кайш.
  6. Бидете сигурни дека кайшот за рамо минува преку клучната коска на детето и не го допира вратот на детето. Ако е потребно, приспособете ја висината на наслонот за глава (11) за да ја измените позицијата на кайшот.

ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА НАВЛАКАТА НА СЕДИШТЕ

Навлаката на детското седиште се состоит од 4 дела (наслон за глава (2 дела), наслон за грб и перниче). Тие се прицврстени заедно на неколку места со дрикер-копче. Штом ће ги откопчате сите дрикер-копчиња, ће може да ги отстраните поединечните делови на навлаката.

За да ги поставите повторно навлаките на седиштето, следете ги упатствата за отстранување по обратен редослед.

Навлаката може да се пере само на температура од 30°C, на програма за благо перење, бидејки во спротивно може да се јави бледнење на материјалот на навлаката. Перете ја навлаката одделно од друга облека и не сушете ја во машина за сушење апишта или на директна сончева светлина!

ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ И РЕГУЛАТИВИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ ВО ОТПАД

CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој производ ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во која производот му беше продаден на клиентот од застапник или во малопродажба. Содржината на гаранцијата и сите основни информации потребни за потврдување на гаранцијата може да се најдат на нашата почетна страница: go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-seats. Ако гаранцијата е прикажана во описот на производот, тоа нема да влијае врз вашите законски права кон нас во поглед на дефекти.

Почитувајте ги регулативите за отстранување во отпад во вашата земја.

CERTIFIKACIJA

UN R129/03

CYBEX Solution S2 i-Fix

100 – 150 cm

Preporučuje se za približno od 3 godine do 12 godina

CYBEX Solution S2 iFix - CERTIFIKACIJA - 1

Hvala vam što ste se prilikom izbora auto sjedišta odlučili za Solution S2 i-Fix.

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : CYBEX

Модел : Solution S2 iFix

Категорија : автоседиште