NA540 - фритеза PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот NA540 PHILIPS во PDF формат.

📄 999 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice PHILIPS NA540 - page 945
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : PHILIPS

Модел : NA540

Категорија : фритеза

Преземете ги упатствата за вашиот фритеза во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник NA540 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. NA540 на марката PHILIPS.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК NA540 PHILIPS

Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.

Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински шпорет, каков било електричен шпорет и електрични грејни плочи или во загреана рерна (сл. 1).

Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете

За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга течност во апаратот.

Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да не дојдат во допир со грејните елементи.945

Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи апаратот.

Немојте да го полните садот со масло бидејќи тоа може да предизвика

Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат.

Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот додека

Никогаш немојте да ставате количина на храна што го надминува максималното ниво означено во корпата.

Секогаш проверувајте дали грејачот е чист и дали има заглавено храна во грејачот.

Бидете внимателни кога го чистите горниот дел од комората за готвење: Жежок греен елемент, раб на металните делови. Предупредување

Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени компанијата Philips, нејзин сервисер или други лица со слични квалификации за да се избегне опасност.

Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер, заштитен со земјоспојно реле.

Секогаш проверувајте дали приклучокот правилно сте го вметнале во

Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со засебен систем за далечинско управување.

Површините што се допираат може да се вжештат додека работи апаратот (сл. 2).

Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности.

Децата не смеат да си играат со апаратот.

Чистење и корисничко одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно лице.

Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други апарати. Оставете најмалку 15 cm слободен простор од задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.

За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез на воздух се ослободува врела пареа. Држете ги рацете и лицето на безбедно растојание од пареата и од отворите за излез на воздух. Исто така, внимавајте на врелата пареа и воздухот кога го вадите садот од

Никогаш не користете лесни состојки или хартија за печење во апаратот.

Складирање компири: температурата мора да биде соодветна на складираната сорта компир и мора да биде над 6 °C за да се минимизира ризикот од изложеност на акриламид во подготвената храна.946

Бидејќи овој Airfryer има голема комора, неговата електрична моќност е голема. Не користете други моќни апарати на исто струјно коло во исто време (на пр. апарати за варење вода, електрични скари и слично). Во спротивно, може да се случи сигурносниот прекинувач во инсталацијата на вашата куќа да се активира и да го прекине напојувањето во овој

При користење на апаратот Airfryer, внимавајте кога ја отворате, затворате или протресувате големата и тешка фиока. Секогаш ракувајте безбедно за да спречите лизгање или паѓање, што може да предизвика

Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални температури помеѓу 5 °C и 40 °C.

Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.

Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки површини.

Апаратот употребувајте го единствено за намените опишани во ова упатство за да избегнете потенцијални повреди и користете само оригинални додатоци од Philips.

Не оставајте апаратот да работи без надзор.

Тавата, корпата и додатоците ставени во комората за готвење стануваат врели во текот на и по користењето на апаратот, секогаш ракувајте со нив внимателно.

Пред првото користење на апаратот темелно исчистете ги деловите што доаѓаат во допир со храната. Погледнете ги упатствата во прирачникот.

Не ставајте ги тавата и корпата на таблата со корисничкиот интерфејс бидејќи може да паднат и да предизвикаат повреда.

Кога готвите храна на пареа, внимавајте кога ја извлекувате тавата за да спречите изгореници од пареата што излегува.

Немојте да го насочувате отворот за пареа на апаратот кон штекерот.

Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не е наменет за употреба во опкружувања како што се кујни за персонал во продавници, канцеларии, фарми или други работни опкружувања. Не е наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови сместување.

Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или

Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и стабилна површина.

Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета.

Ако е потребна проверка или поправка на апаратот, секогаш носете го во овластен сервисен центар на Philips. Не обидувајте се сами да го поправате апаратот, во спротивно гаранцијата ќе биде поништена.

Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето.947

Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути пред да ракувате со него или да го чистите.

Внимавајте состојките подготвени во овој апарат да бидат златножолти, а не темни или кафени.

Отстранете ги загорените остатоци. Не пржете свежи компири на температура поголема од 180 °C (со цел создавањето на акриламид да се сведе на минимум).

Секогаш проверувајте дали храната е целосно испржена во апаратот Airfryer.

Погрижете се секогаш да имате контрола над вашиот Airfryer.

Кога пржите мрсна храна, апаратот Airfryer може да испушта дим.

Немојте да го притискате копчето за отпуштање на корпата додека ја тресете и поместувате тавата.

Кога ќе засвети иконата за отстранување бигор, продолжете со процесот на отстранување бигор.

Внимавајте кога ја истурате зготвената храна и внимавајте да не испаднат додатоците.

Поставете го уредот така што задната страна ќе биде оддалечена најмалку 15 cm од ѕидот, а предната страна 2 cm од работ на работната површина. Исто така, погрижете се отворот за излез на воздух да не е насочен кон штекер.

Не поставувајте го апаратот Airfryer во близина на друг апарат за готвење, кујнски ѕид или под кујнски ормани бидејќи пареата може да кондензира и да се слее по површините.

При нормална употреба, мора да има добра вентилација околу производот.

Ако пареата се акумулира во или околу површината на отворот за пареа, избришете ја со мека и сува крпа.

Ако има кондензирана вода на приклучокот, ви препорачуваме да ја приспособите положбата на апаратот или да го користите капачето за прав на приклучокот за да избегнете акумулирање на кондензација во приклучоците.

Овој апарат се испорачува со краток кабел за напојување за да се намали ризикот од заплеткување или сопнување што може да се случи со подолг кабел за напојување.

Продолжителни кабли може да се користат доколку сте внимателни за време на употребата. Доколку користите продолжителен кабел:

Означената електрична моќност на кабелот мора да биде иста со моќноста на апаратот.

Кабелот треба да биде поставен така што нема да виси од работ на полица или маса каде што децата може да го повлечат или да се сопнат од него.

Продолжителниот кабел треба да биде заземјен кабел со 3 жици.

Овој апарат има поларизиран приклучок (едниот контакт е поширок од другиот). За да се намали ризикот од струен удар, овој приклучок е наменет за вметнување во поларизиран штекер само на еден начин. Ако приклучокот не се вметнува целосно во штекерот, свртете го приклучокот обратно. Ако сè уште не се вметнува, контактирајте со квалификуван електричар. Не обидувајте се да го модифицирате приклучокот на каков било начин.948

За да избегнете оштетување на апаратот, немојте да користите алкални средства за чистење. Наместо тоа, исчистете со мека крпа и благ

За да избегнете оштетување на апаратот, немојте да користите тврда вода. Наместо тоа, користете пречистена вода за пареа, пржење со пареа и отстранување бигор.

Немојте да го насочувате студениот воздух од вентилаторите или климатизерите кон отворот за излез на воздух на апаратот Airfryer.

Ве молиме користете само средство за отстранување бигор од Philips. Никогаш немојте да користите средство за отстранување бигор на база на сулфурна киселина, хидрохлорна киселина, сулфамична или оцетна киселина (оцет) бидејќи може да го оштети системот за вода на машината и да не го отстрани бигорот докрај. Ако не го користите средството за отстранување бигор од Philips, ќе се поништи вашата гаранција. Ако не го отстранувате бигорот од апаратот, ќе се поништи вашата гаранција.

Површината на грејниот елемент задржува топлина по користењето. Електромагнетни полиња (EMF) Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња. Автоматско исклучување

Овој апарат има функција за автоматско исклучување. Ако не притиснете копче во рок од 20 минути, апаратот автоматски ќе се исклучи. За рачно исклучување на апаратот, притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Рециклирање

Овој симбол означува дека електричните производи не смее да се фрлаат со обичниот отпад од домаќинствата.

Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните производи. Гаранција и поддршка Versuni нуди две годишна гаранција по купувањето на овој производ. Таа гаранција не е важечка доколку дефектот се должи на неправилно користење или лошо одржување. Нашата гаранција не ги ограничува вашите законски права како потрошувач. За повеќе информации или за949

активирање на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.home.id/warranty. Информации за EcoDesign Информации за EcoDesign за идентификатор(и) на моделот: NA540, NA541, NA543, NA547 Опис Симбол Вредност Единица Потрошувачка на енергија во исклучен режим P off 0,3 W Потрошувачка на енергија во режимот на подготвеност

/ W Период пред автоматското префрлување во режим на подготвеност

20 Мин. Стандард за мерење на индексот на ефикасност EN 50564:2011 Податоци за контакт за да добиете повеќе

DAP B.V. Tussendiepen 4a, 9206AD Drachten, The Netherlands Апаратот е усогласен со барањата за еколошки дизајн во COMMISSION REGULATION (EU) 2023/826.

Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка што ја нудиме, регистрирајте го вашиот производ на www.home.id.950

Преглед на производот

1 Контролна табла2 Кабел за напојување3 Тава4 Корпа5 Копче за отпуштање на корпата6 Резервоар за вода7 Капак на резервоарот за водаКопче за отпуштање на корпатаТурнете го капачето за дапристапите до копчето заотпуштање на корпата.Притиснете го копчето заотпуштање на корпата иподигнете ја корпата за да јаизвадите од тавата.951

Преглед на контролната табла Напојување и основни операции Копче за вклучување/исклучување Допрете за да го вклучите/исклучите апаратот Airfryer. Копче за започнување/паузирање Допрете за да започнете или да паузирате со готвење. Копче за готвење со врел воздух Допрете за да започнете пржење со циркулација на врел воздух за крцкави резултати. Копче за пржење со пареа Допрете за да започнете со готвење на пареа и пржење со врел воздух за влажна внатрешност и крцкава надворешност. Копче за пареа Допрете за да готвите храна со употреба на пареа за нежно и рамномерно загревање. Копчиња за зголемување/намалување Допрете за да ги зголемите или намалите температурата и времето на готвење. Копче за температура Допрете за да влезете во режимот за приспособување на температурата. Копче за време Допрете за да влезете во режимот за приспособување на времето.952

Претходно поставени програми Замрзнат помфрит Користете ја оваа претходно поставена програма за да готвите замрзнат помфрит, пекарски компири или компири во стил „hash browns“ сѐ додека не добијат крцкав и златен изглед. Свежи компири Користете ја оваа однапред поставена програма за крцкав помфрит или пекарски компир од свежо исечени компири. Месни котлети Користете ја оваа однапред поставена програма за да печете бифтек со ниво на подготвеност што го претпочитате и со испечена надворешност.

Користете ја оваа однапред поставена програма за брз, избалансиран појадок со златно печен тост и ровки

Користете ја оваа однапред поставена програма за печење меки и рамномерно испечени мафини. Пилешки батаци Користете ја оваа претходно поставена програма за темелно да зготвите копани со крцкава кожа. Мешан зеленчук Користете ја оваа претходно поставена програма за рамномерно да испечете или испржите зеленчук со минимална количина масло.953

Користете ја оваа претходно поставена програма за нежно готвење филети од риба или морска храна, а притоа да ја задржите влажноста и мекоста.

Користете ја оваа однапред поставена програма за рамномерно готвење кнедли со крцкава надворешност и нежен фил.954

Дополнителни функции Одржување топлина Можете да го активирате режимот за одржување топлина во секое време - пред или за време на готвењето - со допирање на копчето Одржување

Кога е активирана функцијата Одржување топлина, апаратот автоматски ќе се префрли на режимот за одржување топлина кога ќе заврши готвењето. Потсетник за протресување Овој модел има потсетник за протресување. За оптимални резултати, веднаш протресете или превртете ја храната кога ќе се вклучи алармот за потсетување. Притиснете го копчето Потсетник за протресување за да ги вклучите или исклучите предупредувањата. Кога е овозможено, ќе слушнете звучен сигнал и ќе видите како трепка копчето - потсетувајќи ве да ја протресете или превртите храната за време на готвењето со цел да добиете порамномерни резултати.

Вклучете или исклучете го светлото во комората за

Чистење со пареа Ефикасно ги раствора масните наслаги и овозможува длабинско чистење на корпата и на тавата.

Вашиот Airfryer има функција за зачувување омилени за брз пристап до претпочитаните поставки. - Поставете ја саканата температура и време на

- Притиснете и задржете го копчето Омилени сè додека не слушнете звучен сигнал - ова потврдува дека поставката е зачувана. - За да ги ажурирате вашите омилени, повторете ги горенаведените чекори со новите поставки.955

Приказ на време/температура Екранот се префрлува меѓу прикажување на времето на готвење и температурата. Индикатор дека нема вода Свети кога во резервоарот нема доволно вода. Индикатор за отстранување бигор Свети кога овозможените функции со пареа се користени 20 часа.956

Пред првото користење Важно: Апаратот Airfryer може да произведе чад и мирис при првата употреба. Ова е нормално и тие треба да исчезнат по неколку минути. Внимание: Ова е Airfryer којшто пржи со врел воздух. Немојте да ја полните тавата со масло, маст за пржење или друга течност. Внимание: Не допирајте ги жешките површини. Носете заштитни ракавици кога ракувате со врелата тава. Внимание: Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства. Забелешка: Не е потребно претходно загревање на апаратот. 1 Отстранете ја целата амбалажа. 2 Отстранете ги налепниците или ознаките (ако ги има) од апаратот. 3 Темелно исчистете го апаратот пред првата употреба. Подготовки пред употреба 1 Ставете го апаратот на стабилна и рамна површина што е отпорна на топлина. Проверете дали има доволно простор на масата за издолжената шина кога ќе ја извлечете тавата. 2 Оставете најмалку 15 cm слободен простор од задната страна на

Забелешка: За време на користењето, од отворите за излез на воздух се ослободува врела пареа. Немојте да ги приближувате рацете или лицето до пареата и до отворите за излез. Поставете го апаратот на растојание од 15 cm од ѕидот и не поставувајте ги отворите за излез на воздух директно пред

Забелешка: Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа може да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето. Забелешка: Не поставувајте го апаратот Airfryer во близина на друг апарат за готвење, кујнски ѕид или под кујнски ормани бидејќи пареата може да кондензира и да се слее по површините. Користење на апаратот Овој апарат со функција за пареа нуди три повеќенаменски режими на готвење, дизајнирани за широк спектар на потреби за готвење.957

Режимот Готвење со врел воздух овозможува крцкави резултати со минимална количина масло, совршен за закуски и за омилените пржени

Режимот Пржење со пареа комбинира врел воздух и пареа за да ја задржи влагата, а притоа постигнувајќи златен изглед - идеален за деликатна храна како домашен леб и риба.

Режимот Пареа користи чиста пареа за нежно готвење на состојките, зачувувајќи ги хранливите материи и текстурата, што го прави совршен за зеленчук и морска храна. Режим Готвење со врел воздух 1 Ставете ја корпата во тавата. 2 Додајте ги состојките во корпата и вратете ја тавата во апаратот. Забелешка: Апаратот Airfryer може да готви голем број состојки. За најдобри резултати, погледнете во „Табела за храна“ за препорачани количини и времиња на готвење. Забелешка: Не надминувајте ги предложените количини и не полнете ја корпата над линијата „MAX“ бидејќи тоа може да влијае на перформансите на готвењето. 3 Допрете го копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите

4 Допрете го копчето за готвење со врел воздух за да влезете во режимот Готвење со врел воздух.958

5 Допрете го копчето Температура, а потоа користете го копчето Зголеми или Намали за да ја изберете саканата температура на

6 Допрете го копчето Време, а потоа користете го копчето Зголеми или Намали за да го изберете саканото време на готвење. Забелешка: Покрај рачното избирање на температурата и времето на готвење, може да изберете и од однапред поставените програми наменети за практичност и оптимални резултати. 7 Притиснете го копчето Започни/паузирај за да го започнете процесот на готвење. Забелешка: Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина од времето на готвење (видете „Табела за храна“). За да го направите ова:

Внимателно извлечете ја тавата.

Протресете или превртете ги состојките врз површина отпорна на

Вратете ја тавата во апаратот за да продолжите со готвење. Забелешка: За да го паузирате процесот на готвење, притиснете го копчето Започни/паузирај. За да продолжите со готвењето, притиснете го повторно копчето. Забелешка: Апаратот автоматски ќе се паузира по отстранување на тавата. Готвењето автоматски ќе продолжи кога ќе ја вратите тавата во

8 Откако ќе заврши готвењето, ќе се чуе ѕвончето на тајмерот. Внимателно извлечете ја тавата. Внимание: По процесот на готвење, корпата, тавата, внатрешноста и состојките се жешки. Секогаш ставајте ги корпата и тавата врз површина отпорна на топлина (на пр. подлога или силиконска подлога) кога ги отстранувате од апаратот. Во зависност од видот на храната, од тавата може да излезе пареа.959

9 Извадете ја зготвената храна од корпата. Забелешка: Вишокот масло или маста од состојките ќе се собере на дното од тавата. Забелешка: Врз основа на типот на храната што се готви, можеби ќе сакате да го истурите вишокот масло или маст меѓу различните количини или пред да ја протресете содржината. За безбедно да го направите тоа, ставете ја тавата на површина отпорна на топлина и носете заштитни ракавици. Внимателно истурете го маслото или маста. Табела за храна за режимот Готвење со врел воздух Долунаведената табела обезбедува основни поставки за подготвување различни видови храна.

Наведените поставки се наменети да бидат насоки. Поради разликите во потеклото, големината, формата и брендот на состојките, не може да се гарантираат оптимални резултати за сите состојки.

Кога готвите поголеми количини на храна (на пр., помфрит, шкампи, копани, замрзнати закуски), протресете ги, завртете ги или промешајте ги состојките 2-3 пати за време на готвењето за да добиете доследна текстура и степен на зготвеност. Прехранбени

Време Забелешка Замрзнати пролетни

Протресете, превртете или измешајте 1-2 пати при

Ролат од месо 1400 g 150 °C 65-70

Протресете, превртете или измешајте 1-2 пати при

Протресете, превртете или измешајте 1-2 пати при

Протресете, превртете или измешајте 1 пат при готвењето960

Режим Пржење со пареа 1 Ставете ја корпата во тавата. 2 Додајте ги состојките во корпата и вратете ја тавата во апаратот. Забелешка: Апаратот Airfryer може да готви голем број состојки. За најдобри резултати, погледнете во „Табела за храна“ за препорачани количини и времиња на готвење. Забелешка: Не надминувајте ги предложените количини и не полнете ја корпата над линијата „MAX“ бидејќи тоа може да влијае на перформансите на готвењето. 3 Наполнете го резервоарот за вода со пречистена вода до ознаката MAX за нивото на вода. 4 Извлечете ја основата на резервоарот за вода од долната страна на

5 Прицврстете го капакот на резервоарот за вода и ставете го резервоарот за вода врз основата.961

6 Допрете го копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите

7 Допрете го копчето за пржење со пареа за да влезете во режимот Пржење со пареа.

8 Допрете го копчето Температура, а потоа користете го копчето Зголеми или Намали за да ја изберете саканата температура на

9 Допрете го копчето Време, а потоа користете го копчето Зголеми или Намали за да го изберете саканото време на готвење. Забелешка: Покрај рачното избирање на температурата и времето на готвење, може да изберете и од однапред поставените програми наменети за практичност и оптимални резултати. 10 Притиснете го копчето Започни/паузирај за да го започнете процесот на готвење. Забелешка: Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина од времето на готвење (видете „Табела за храна“). За да го направите ова:

Внимателно извлечете ја тавата.

Протресете или превртете ги состојките врз површина отпорна на

Вратете ја тавата во апаратот за да продолжите со готвење. Забелешка: За да го паузирате процесот на готвење, притиснете го копчето Започни/паузирај. За да продолжите со готвењето, притиснете го повторно копчето.962

Забелешка: Апаратот автоматски ќе паузира по отстранување на корпата. Готвењето автоматски ќе продолжи откако корпата ќе се врати назад во апаратот. 11 Откако ќе заврши готвењето, ќе се чуе ѕвончето на тајмерот. Внимателно извлечете ја тавата. Внимание: По процесот на готвење, корпата, тавата, внатрешноста и состојките се жешки. Секогаш ставајте ја корпата на површина отпорна на топлина (на пр. пирустија или силиконска подлога) кога ја отстранувате корпата. Во зависност од видот на храната, од корпата може да излезе пареа. 12 Извадете ја зготвената храна од корпата. Забелешка: Вишокот масло или маста од состојките ќе се собере на дното од тавата. Забелешка: Врз основа на типот на храната што се готви, можеби ќе сакате да го истурите вишокот масло или маст меѓу различните количини или пред да ја протресете содржината. За безбедно да го направите тоа, ставете ја тавата на површина отпорна на топлина и носете заштитни ракавици. Внимателно истурете го маслото или маста. Табела за храна за режимот Пржење со пареа Долунаведената табела обезбедува основни поставки за подготвување различни видови храна.

Наведените поставки се наменети да бидат насоки. Поради разликите во потеклото, големината, формата и брендот на состојките, не може да се гарантираат оптимални резултати за сите состојки.

Кога готвите поголеми количини на храна (на пр., помфрит, шкампи, копани, замрзнати закуски), протресете ги, завртете ги или промешајте ги состојките 2-3 пати за време на готвењето за да добиете доследна текстура и степен на зготвеност. Прехранбени

Време Забелешка Свеж компир исечкан на

Филе од риба (приближно 125 g/4 oz) 6 парчиња 160 °C 22 мин. Протресете, превртете или измешајте 1-2 пати при готвењето963

Време Забелешка Домашен леб 500 g 180 °C 30 мин. Растегнете го тестото на рамен, тенок слој за да спречите да нарасне и да го допре грејниот елемент за време на готвењето, што може да го изгори лебот. Цела кокошка 1200 g/42 oz 180 °C 50 мин. Протресете, превртете или измешајте еднаш при готвењето Режим Пареа 1 Ставете ја корпата во тавата. 2 Додајте ги состојките во корпата и вратете ја тавата во апаратот. Забелешка: Апаратот Airfryer може да готви голем број состојки. За најдобри резултати, погледнете во „Табела за храна“ за препорачани количини и времиња на готвење. Забелешка: Не надминувајте ги предложените количини за полнење на корпата над линијата „MAX“ бидејќи ова може да влијае на перформансите за готвење. 3 Наполнете го резервоарот за вода со пречистена вода до ознаката MAX за нивото на вода.964

4 Извлечете ја основата на резервоарот за вода од долната страна на

5 Прицврстете го капакот на резервоарот за вода и ставете го резервоарот за вода врз основата. 6 Допрете го копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите

7 Допрете го копчето за пареа за да влезете во режимот Пареа.

8 Допрете го копчето Време, а потоа користете го копчето Зголеми или Намали за да го изберете саканото време на готвење. Забелешка: Приспособувањето на температурата е оневозможено за Готвење на пареа. Забелешка: Покрај рачното избирање на температурата и времето на готвење, може да изберете и од однапред поставените програми наменети за практичност и оптимални резултати.965

9 Притиснете го копчето Започни/паузирај за да го започнете процесот на готвење. Забелешка: Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина од времето на готвење (видете „Табела за храна“). За да го направите ова:

Внимателно извлечете ја тавата.

Протресете или превртете ги состојките врз површина отпорна на

Вратете ја тавата во апаратот за да продолжите со готвење. Забелешка: За да го паузирате процесот на готвење, притиснете го копчето Започни/паузирај. За да продолжите со готвењето, притиснете го повторно копчето. Забелешка: Апаратот автоматски ќе паузира по отстранување на корпата. Готвењето автоматски ќе продолжи откако корпата ќе се врати назад во апаратот. 10 Откако ќе заврши готвењето, ќе се чуе ѕвончето на тајмерот. Внимателно извлечете ја тавата. Внимание: По процесот на готвење, корпата, тавата, внатрешноста и состојките се жешки. Секогаш ставајте ги корпата и тавата врз површина отпорна на топлина (на пр. подлога или силиконска подлога) кога ги отстранувате од апаратот. Во зависност од видот на храната, од корпата може да излезе пареа. 11 Извадете ја зготвената храна од корпата. Забелешка: Вишокот масло или маста од состојките ќе се собере на дното од тавата. Забелешка: Врз основа на типот на храната што се готви, можеби ќе сакате да го истурите вишокот масло или маст меѓу различните количини или пред да ја протресете содржината. За безбедно да го направите тоа, ставете ја тавата на површина отпорна на топлина и носете заштитни ракавици. Внимателно истурете го маслото или маста. Табела за храна за режимот Пареа Долунаведената табела обезбедува основни поставки за подготвување различни видови храна.

Наведените поставки се наменети да бидат насоки. Поради разликите во потеклото, големината, формата и брендот на состојките, не може да се гарантираат оптимални резултати за сите состојки.

Кога готвите поголеми количини на храна (на пр., помфрит, шкампи, копани, замрзнати закуски), протресете ги, завртете ги или промешајте ги состојките 2-3 пати за време на готвењето за да добиете доследна текстура и степен на зготвеност.966

Време Забелешка Свеж компир исечкан на

При користење на сад за готвење, како сад за печење, силиконски плех итн. Додајте 320 ml вода во садот, со сооднос на ориз-вода од 1:1,2. Јам/Сладок компир (приближно 100 g/3,5 oz) 8 парчиња 100 °C 50-75

Готвење со однапред поставени програми Овој апарат е опремен со голем број однапред поставени програми за готвење дизајнирани за поедноставување на подготовката на храна. Секоја однапред поставена програма е оптимизирана за специфична храна, автоматски поставувајќи ја идеалната температура и време на готвење за испорачување превкусни резултати со минимален напор. 1 Додајте ги состојките во корпата и вратете ја тавата во апаратот. Забелешка: Не надминувајте ги предложените количини и не полнете ја корпата над линијата „MAX“ бидејќи тоа може да влијае на перформансите на готвењето. 2 Допрете го копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите апаратот.967

3 Допрете го копчето за готвење со врел воздух, пареа или за пржење со пареа за да влезете во еден од режимите на готвење. Забелешка: Проверете дали полниот резервоар за вода е поставен кога ги користите режимите на готвење Пареа или Пржење со пареа. 4 Изберете една од однапред поставените програми во зависност од храната што ја готвите. 5 Притиснете го копчето Започни/паузирај за да го започнете процесот на готвење. Забелешка: Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина од времето на готвење (видете „Табела за храна“). За да го направите ова:

Нежно извлечете ја корпата.

Протресете или превртете ги состојките врз површина отпорна на

Повторно внесете ја корпата за да продолжите со готвење. Забелешка: За да го паузирате процесот на готвење, притиснете го копчето Започни/паузирај. За да продолжите со готвењето, притиснете го повторно копчето. Забелешка: Апаратот автоматски ќе паузира по отстранување на корпата. Готвењето автоматски ќе продолжи откако корпата ќе се врати назад во апаратот. 6 Откако ќе заврши готвењето, ќе се чуе ѕвончето на тајмерот. Внимателно извлечете ја тавата. Внимание: По процесот на готвење, корпата, тавата, внатрешноста и состојките се жешки. Секогаш ставајте ги корпата и тавата врз површина отпорна на топлина (на пр. подлога или силиконска подлога) кога ги отстранувате од апаратот. Во зависност од видот на храната, од тавата може да излезе пареа.968

7 Извадете ја зготвената храна од корпата. Забелешка: Вишокот масло или маста од состојките ќе се собере на дното од тавата. Забелешка: Врз основа на типот на храната што се готви, можеби ќе сакате да го истурите вишокот масло или маст меѓу различните количини или пред да ја протресете содржината. За безбедно да го направите тоа, ставете ја тавата на површина отпорна на топлина и носете заштитни ракавици. Внимателно истурете го маслото или маста. Табела со однапред поставени програми за Готвење со врел воздух

4 парчиња (190 g/парче) 17 мин. 200 °C 1 пат Јајце и појадок 3 тостови, 4 јајца 12 мин. Додајте тост 6

10 парчиња (125 g/парче) 28 мин. 180 °C 2 пати

Рутинско чистење Предупредување: Почекајте тавата, корпата и внатрешноста на апаратот целосно да се оладат пред да започнете со чистење. Предупредување: корпата е обложена со нелеплив слој. Немојте да користите метален кујнски прибор или абразивни материјали за чистење бидејќи може да го оштетат нелепливиот слој. Исчистете го апаратот по секоја употреба. Отстранете ги маслото и маснотиите од дното на садот по секоја употреба.970

1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите апаратот, извадете го приклучокот од ѕидниот штекер и оставете го апаратот да се олади. 2 Исфрлете ги маснотиите или маслото од дното на садот. 3 Измијте ги корпата, тавата и резервоарот за вода под млаз вода, доколку е потребно со топла вода, течност за миење садови и неабразивен сунѓер (погледнете во „Табела за чистење“). Совет: Ако остатоци од храна се залепат на корпата или тавата, можете да ги потопите во врела вода и течност за миење садови 10-15 минути. Потопувањето ги омекнува остатоците од храната и го олеснува нивното отстранување. Користете течност за миење садови што може да ги раствори маслото и маснотиите. Ако има дамки од маснотии на корпата или тавата и не можете да ги отстраните со врела вода и течност за миење садови, користете течен одмастувач. Совет: Доколку е потребно, остатоците од храна залепени на грејниот елемент може да се отстранат со четка со меки до средни влакна. Не користете четка со челична жица или четка со тврди влакна бидејќи тоа може да го оштети слојот на грејниот елемент. 4 За да избегнете гребнатинки, нежно избришете го надворешниот и внатрешниот дел на апаратот со неистуткана, чиста и мека крпа. Започнете со малку навлажнета крпа и продолжете со сува, ако е

5 Исчистете го грејниот елемент со четка за чистење за да ги отстраните сите остатоци од храна.971

6 Исчистете ја внатрешноста на апаратот со малку навлажнета мека крпа, а потоа избришете ја со сува, доколку е потребно. Чистење со пареа Функцијата за чистење со пареа ефикасно ги раствора масните наслаги и овозможува длабинско чистење на корпата и на тавата. Програмата трае 20 минути и се состои од:

15 минути чистење со пареа за растворање на наслагите.

5 минути сушење за да се подготви тавата за користење. Забелешка: Кога ја стартувате програмата за чистење со пареа, апаратот може да испушта повеќе пареа од задната страна отколку за време на стандардниот режим на пареа. Ова е нормално и може да резултира со поголема кондензација на ѕидовите во близина. Пред да започнете, проверете го следното:

Отворот за излез на воздух да не е директно насочен кон штекер.

Не ставајте други кујнски апарати до апаратот.

Оставете најмалку 15 cm простор помеѓу апаратот и ѕидот за да ја минимизирате кондензацијата. 1 Наполнете го резервоарот за вода со пречистена вода до ознаката MAX за нивото на вода. 2 Извлечете ја основата на резервоарот за вода од долната страна на апаратот.972

3 Прицврстете го капакот на резервоарот за вода и ставете го резервоарот за вода врз основата. 4 Допрете го копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите

5 Допрете го копчето за чистење со пареа. 6 Притиснете го копчето Започни/паузирај за да го започнете процесот на чистење со пареа. 7 По 15 минути, апаратот ќе почне да дава непрекинат звучен сигнал, а иконата за чистење со пареа ќе почне да трепка.973

8 Извлечете и исчистете ги тавата и корпата. Внимание: Секогаш носете ракавици отпорни на топлина кога ракувате со жешката тава. Забелешка: Ако останат маснотии во тавата и корпата, избришете ги со вода и сапун или детергент со сунѓер, а потоа повторно исплакнете. 9 Вратете ги корпата и тавата во апаратот. 10 Притиснете го копчето Започни/паузирај за да го започнете процесот

11 По 5 минути се слуша звучен сигнал што означува дека сушењето е

Совет: Пред првото користење или ако апаратот не бил користен долго време, ви препорачуваме да ја употребите функцијата „Чистење со пареа“ за темелно да ја исчистите циркулацијата на вода и комората за готвење. Отстранување бигор На секои 20 часа користење на режимот за пареа, на екранот автоматски ќе се прикаже и ќе трепка потсетникот за отстранување бигор. Тоа значи дека е време да ја вклучите програмата за отстранување бигор. Програмата за отстранување бигор го чисти насобраниот бигор од системот за вода на апаратот Airfryer, што овозможува да се продолжи неговиот работен век.974

60 ml 1 Сипете околу 60 ml од средството за отстранување бигор CA6700 од Philips (се продава посебно) во резервоарот за вода. 2 Наполнете го резервоарот за вода со пречистена вода до ознаката MAX. 3 Измешајте ги водата и средството за отстранување бигор рамномерно во резервоарот за вода. 4 Извлечете ја основата на резервоарот за вода од долната страна на

5 Прицврстете го капакот на резервоарот за вода и ставете го резервоарот за вода врз основата.975

6 Допрете го копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите

2 sec 7 Допрете и задржете го копчето за чистење со пареа во траење од 2

8 Допрете го копчето Започни/паузирај за да започнете со отстранување на бигорот. 9 По 25 минути отстранување бигор, апаратот ќе даде звучен сигнал и ќе ве потсети да ја извадите тавата. 10 Извадете ја тавата и истурете ја преостанатата вода од неа. Внимание: Секогаш носете ракавици отпорни на топлина кога ракувате со жешката тава.976

11 Истурете ја преостанатата вода од резервоарот за вода. 12 Дополнете го резервоарот со пречистена вода. 13 Вратете ги корпата и тавата во апаратот. 14 Притиснете го копчето Започни/паузирај за да продолжите со отстранувањето бигор. 15 Процесот на отстранување на бигор завршува кога повторно ќе слушнете звучен сигнал од апаратот.977

16 Извлечете ги корпата и тавата. 17 Исплакнете ги корпата, тавата и резервоарот за вода под млаз вода. Важно: Никогаш немојте да користите течност за отстранување бигор на база на сулфурна киселина, хидрохлорна киселина, сулфамична или оцетна киселина (оцет) бидејќи може да го оштетат системот за вода на апаратот и да не го отстранат бигорот докрај. Забелешка: Ако често користите тврда вода, може да треба почесто да го отстранувате бигорот од уредот.

1 Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се олади. 2 Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги складирате.

Кога го носите апаратот Airfryer, држете го хоризонтално и држете го садот од предната страна за да спречите случајно навалување и потенцијално оштетување на деловите.

Секогаш проверувајте дали отстранливите делови на Airfryer се прицврстени пред да го носите и/или складирате. Решавање проблеми Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, посетете ја веб-страницата www.home.id/support за да пронајдете листа на најчести прашања или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. Проблем Можна причина Решение Надворешноста на апаратот се вжештува за време на употребата. Топлината од внатрешноста се шири кон надворешните

Тоа е нормално. Сите површини што треба да ги допрете за време на употребата нема да бидат топли на допир.978

Проблем Можна причина Решение Тавата, корпата и внатрешноста на апаратот секогаш се вжештуваат кога апаратот е вклучен за да може храната соодветно да се зготви. Овие делови се секогаш врели на

Ако апаратот е вклучен подолго време, некои делови стануваат врели на допир. Овие делови на уредот се обележани со следната икона: Ако имате предвид дека одредени површини се вжештуваат и не ги допирате, апаратот е безбеден за

Домашниот помфрит не ми излегува како што очекував. Не сте ја користеле соодветната сорта на компир. За да добиете најдобри резултати, користете свеж брашнест компир. Ако треба да ги складирате компирите, немојте да ги чувате во ладна средина како, на пример, во фрижидер. Изберете компири на чие пакување пишува дека се погодни за пржење. Количината на состојки во корпата е преголема. Следете ги упатствата во ова упатство за користење за да подготвите домашен помфрит. Одредени видови состојки треба да се протресат на половина од времето на

Следете ги упатствата во ова упатство за користење за да подготвите домашен помфрит. Апаратот Airfryer не се вклучува. Апаратот не е приклучен. Проверете дали приклучокот е соодветно вклучен во ѕидниот

Во штекерот се приклучени повеќе апарати. Апаратот Airfryer има голема моќност. Приклучете го во друг штекер и проверете ги осигурувачите. Не го допревте копчето за вклучување/исклучување. Допрете го копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите апаратот.979

Проблем Можна причина Решение Забележувам лупење на одредени места во внатрешноста на мојот Airfryer. Во тавата на Airfryer може да се појават мали дамки поради случајни допири или гребење на површината (на пример, при чистење со груби алати за чистење и/или при вметнување на корпата). Можете да спречите оштетување со правилно спуштање на корпата во тавата. Ако ја вметнете корпата под агол, нејзиниот страничен дел може да удри во ѕидот на тавата што предизвикува лупење на мали парчиња од површинскиот слој. Во таков случај, имајте предвид дека тоа не е штетно бидејќи сите материјали што се користат се безбедни за храната. Од апаратот излегува бел чад. Готвите масни состојки. Внимателно истурете го вишокот масло или масти од тавата и продолжете со

Тавата сѐ уште содржи масни остатоци од претходна

Белиот чад е предизвикан од масните остатоци што се загреваат во тавата. Секогаш чистете ги тавата и корпата темелно по секоја употреба. Лебните трошки или смесата за панирање не се залепила добро за храната. Ситните честички од смесата за панирање што се пренесуваат во воздухот може да предизвикаат бел чад. Цврсто притиснете ги лебните трошки или смесата за панирање на храната за добро да се залепат. Маринадата, течностите или соковите од месото прскаат во насобраните маснотии. Соберете го вишокот течности од храната со тапкање пред да ја ставите во корпата. Екранот на Airfryer прикажува „E1“. Можеби го чувате вашиот Airfryer на премногу студено

Ако го чувате вашиот уред на ниска амбиентална температура, почекајте да се загрее на собна температура најмалку 15 минути пред повторно да го приклучите. Ако на екранот сè уште се прикажува „E1“, јавете се во сервисниот центар или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.980

Проблем Можна причина Решение Екранот на Airfryer прикажува „E4–E12“. Апаратот може да е неисправен. Обидете се да го исклучите уредот од штекер и повторно да го приклучите. Ако ова не го реши проблемот, јавете се во сервисниот центар или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. Екранот на Airfryer прикажува „E15“. Внатрешната цевка за вода е

Извршете ја постапката за отстранување бигор. Ако ова не го реши проблемот, јавете се во сервисниот центар или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. Слушам чудни звуци од внатрешноста на апаратот. Овој апарат е опремен со вентилатор за циркулација на топлина и пумпа за вода за да се овозможи функцијата за создавање пареа. За време на работењето, може да слушнете звуци од овие компоненти. Тоа е нормално и очекувано. Доколку бучавата стане значително погласна или се промени, контактирајте со центарот за корисничка поддршка за дополнителна

По употребата, во комората за готвење има вода. По готвењето, може да забележите дека останала вода во комората за готвење. Ова се должи на пареата генерирана за време на работењето, којашто кондензира на храната и на внатрешните ѕидови од

Мала количина на кондензација е нормална. Избришете ја со мека, влажна, неабразивна крпа. трепка. Нема вода во резервоарот за

Додајте пречистена вода во резервоарот за вода. Резервоарот за вода не е правилно поставен. Притиснете го резервоарот за вода за да го прицврстите. Внатрешната цевка за вода е

Извршете ја постапката за отстранување бигор. Ако ова не го реши проблемот, јавете се во сервисниот центар или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. трепка. Ова е потсетникот за отстранување бигор. Почнете го процесот за отстранување бигор. Погледнете го поглавјето „Отстранување бигор“.981

Проблем Можна причина Решение На ѕидот се создава кондензација при готвењето на пареа, чистењето со пареа или при отстранувањето бигор. Тоа е нормално. Апаратот може да испушта повеќе пареа од отворот за излез на воздух. Внатрешниот вентилатор може да ја турка оваа пареа кон површините во близина, што доведува до видлива кондензација на ѕидовите. За да овозможите безбедна и оптимална употреба: - Поставете го апаратот на растојание од најмалку 15 cm од ѕидот за да се намали создавањето на кондензација. - Погрижете се отворот за излез на воздух да не е директно насочен кон штекер за да избегнете електрични опасности. - Не ставајте други кујнски апарати блиску до уредот за време на работењето. - Користете џогер или мека крпа за да ја исушите кондензацијата што се создава на површините во

Од апаратот Airfryer протекува

Внатрешно протекување (на пр. цевка за вода или внатрешни компоненти). Пукнатини или оштетување од надворешна сила. Ако апаратот ви паднал или бил деформиран, тоа може да предизвика структурно оштетување што доведува до протекување. За дополнителна помош, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата

Резервоарот за вода може да не е правилно поставен или може да е оштетен. Извадете го резервоарот за вода и повторно безбедно поставете

Проверете дали има видливи пукнатини или оштетувања. Ако забележите оштетување, контактирајте со центарот за корисничка поддршка за дополнителна помош. Апаратот Airfryer не создава доволно пареа. Нема доволно вода во резервоарот за вода. Проверете дали има доволно вода во резервоарот за вода. Резервоарот за вода не е правилно вметнат. Притиснете го резервоарот за вода за да го прицврстите.982

Исчистете и исплакнете го темелно за да го одзатнете. Генераторот за пареа е затнат или цевката протекува. Ако сте го користеле апаратот подолг временски период, можеби ќе биде потребно да извршите одржување на генераторот за пареа. Вклучете ја програмата за отстранување бигор за да го исчистите системот за пареа. Ако проблемот не се отстрани по отстранувањето бигор, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја за дополнителна помош.Русский