MAKITA DCF102Z - вентилатор

DCF102Z - вентилатор MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DCF102Z MAKITA во PDF формат.

📄 236 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice MAKITA DCF102Z - page 178
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за DCF102Z MAKITA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот вентилатор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DCF102Z - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DCF102Z на марката MAKITA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DCF102Z MAKITA

Овој уред може да се користи од деца кои имаат 8 години или повеće и од лица кои се со намалени психички, сензорни или умствени способности или со недоволно искусство и знаење ако се под надзор или добивают упатства во врска со користењето на овој уред на безбеден начин и ги разбираат включените опасности. Деца не треба да играат со уредот. Чистењето и корисничкото одржување не треба да се вршат од деца без надзор.

За да спречите сериозна повреда, прочитајте ги и разберете ги сите предупредувања и упатства предупотребата.

Ова упатство ќе ви биде потребно за безбедносни предупредувања и мерки на претпазливост, склопување, работење, проверка, постапки на одржување. Чувајте го ова упатство на безбедно и суво место за идна употреба.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И БЕЗБЕДНОСНИ ПРОПИСИ

Секогаш кога користите електричен уред, треба да се следат основните мерки на претпазливост, вклучувајки ги следниве:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ- За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреда:

  1. Не изложувајте го на дожд. Чувајте го внатре.
  2. Не дозволувајте да се користи како играчка. Потребно е непосредно внимание кога се користи од или во близина на деца.
  3. Користете го само како што е опишано во ова упатство. Користете ги само препорачаните додатоци на производителот.
  4. Не користете го со оштетена батерија. Ако уредот не работи правилно откако паднал, е оштетен, стоел надвор или паднал во вода, вратете го во нашиот сервисен центар.

  5. Не ракувајте со уредот со влажни раце.

  6. Не ставајте никаков предмет во отворите.

  7. Внимавајте косата, широката облека, прстите и сите делови од телото да ви бидат настрана од отворите и деловите што се движат.

  8. Исключете ги сите контроли пред вадењето на батеријата.

  9. Користете само адаптер за електрично напојување и полнач (опционален прибор) доставени од производителот. Додатоците што се соодветни за еден безжичен вентилатор може да претставуваат опасност кога се користат со други.

  10. Не менувајте ја батеријата надвор.

  11. Не изложувајте го на орган или високи температури.

  12. Не користете го во близина на отворен орган, зажарен јаглен или експлозивни атмосфери, како во присуство на запаливи течности, гасови или прав. Безжичните вентилатори создаваат искри што може да ја запалат правта или испарувањата.

  13. Никогаш не користете го безжичниот вентилатор на влажни места како во бања.

  14. Овој безжичен вентилатор е само за внатрешна употреба. Никогаш не користете го безжичниот вентилатор надвор.

  15. Овој уред е наменет за домашна употреба.

  16. Внимателно прочитајте ти ова упатство за работа и упатството за работа за полначот пред употребата.

  17. Веднаш запрете со работа ако забележите нешто невообичаено.

  18. Ако го испуштите или го удрите вентилаторот, внимателно проверете дали има пукнатини или оштетувања пред работењето.

  19. Не приближувајте го безжичниот вентилатор блиску до шпорети или други извори на топлина.

  20. Не употребувајте го ако има скршени, свиткани, напукнати или оштетени делови. Секој безжичен вентилатор кој е оштетен на каков било начин или работи невообичаено веднаш мора да се отстрани од употреба. Проверувајте го пред секое работење.

  21. Не оставајте го безжичниот вентилатор включен и без надзор.

  22. Кога го користите адаптерот за електрично напојување (опционален прибор), не злоупотребувајте го. Никогаш не користете го кабелот на адаптерот за да го носите вентилаторот или да го исклучите приклучокот од приклучницата. Чувајте го адаптерот за електрично напојување подалеку од топлина, масло, остри рабови или делови што се движат. Веднаш заменете го оштетениот адаптер. Оштетениот адаптер може да го зголеми ризикот од струен удар.

  1. Користете го соодветниот безжичен вентилатор за вашата примена. Не користете го вентилаторот за цел за која не е наменет.
  2. Безжичниот вентилатор може да работи со Makita Li-ion батерија назначена во делот „СПЕЦИФИКАЦИИ“ на ова упатство за работа или со адаптер за електрично напојување доставен како опционален прибор. Употребата на какви било други батерии може да создаде ризик од пожар. Полнете ги батериите само со наведениот полнач. Полнач што може да биде соодветен за еден тип батерија може да предизвика ризик од пожар кога се користи со друга батерија.
  3. Складирајте го безжичниот вентилатор што е во мирување надвор од дофат на деца и други необучени лица.
  4. Исклучете ја батеријата и адаптерот за електрично напојување (опционален прибор) од напојувањето пред да го складирате вентилаторот. Ваквите превентивни безбедносни мерки може да го намалат ризикот од несакано вклучување на вентилаторот. Секогаш вадете ја батеријата и исклучувајте го вентилаторот од неговата електрична приклучница пред да вршите каква било постапка на проверка, одржување или чистење.
  5. Кога батеријата не се користи, чувајте ја подалеку од други метални предмети. Предизвикување на краток спој со спојување на половите на батеријата може да предизвика искри, изгореници или пожар.
  6. Исключете го уредот и дозволете да се излади пред да вршите какво било чистење или одржување.
  7. Не дозволувајте познавањето на начинот на работа со уредот да ве направи невнимателеи. Запаметете дека невнимателноста во дел на секунда е доволна за да предизвика сериозна повреда.
  8. Кога ја ставате/вадите батеријата или го включувате/ислучувате адаптерот за електрично напојување (опционален прибор), секогаш ставајте го безжичниот вентилатор на рамна и стабилна подлога.
  9. Не користете никакви батерии, додатоци или прибор што не се препорачани од производителот на овој уред. Користењето на батерии, додатоци или прибор што не се препорачани може да доведе до сериозна лична повреда.

СЕРВИС

  1. Сервисот на безжичниот вентилатор мора да се извршува само од квалификуван сервисен персонал. Сервисот или одржувањето извршени од страна на неквалификуван перонал може да доведат до ризик од повреда.
  2. Кога сервисирате безжичен вентилатор, користете само идентични резервни делови. Користењето на неовластени делови или неуспехот да се следат упатствата за одржување може да создадат ризик од струен удар или повреда.
  3. Не палете го овој вентилатор, дури и ако е многу оштетен. Батериите може да експлодираат во орган. Фрлете го вентилаторот во отпад согласност со локалните прописи.

БАТЕРИЈА

  1. Спречете несакано стартување. Осигурете се дека прекинувачот е во положба исключено пред да го поврзете со батеријата, да го подигнете или да го носите уредот. Носењето на уредот со вашиот прст на прекинувачот или напојување уред чиј прекинувач е на включено предизвикува нескреки.
  2. Исклучете ја батеријата од уредот пред да правите какви било прилагодувања, да менувате прибор или да го складирате уредот. Ваквите превентивни безбедносни мерки го намалуваат ризикот од несакано вклучување на уредот.
  3. Полнете само со полнач наведен од производителот. Полнач што е соодветен за еден тип на батерија може да предизвика ризик од пожар кога се користи со друга батерија.
  4. Користете уреди само со посебно одредена батерија. Употребата на каква било друга батерија може да создаде ризик од повреда и пожар.
  5. Под насилни услови, течност може да биде исфрлена од батеријата; избегнувајте контакт. Ако случајно дојде до контакт, исплакнете со вода. Ако течноста навлезе во очите, дополнително побарајте медицинска помош. Течноста исфрлена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
  6. Не користете батерија или уред што се оштетени или модификувани. Оштетени или модификувани батерии може да покажат непредвидливо однесување што би довело до пожар, експлозија или ризик од повреда.
  7. Не изложувајте ја батеријата или уредот на орган или прекумерни температури. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија. Температура од 130°C може да се замени со температура од 265°F.

  8. Следете ги сите упатства за полнење и не полнете ја батеријата или уредот надвор од температурен опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или полнење на температури надвор од посочениот опсег може да ја оштети батеријата и го зголемува ризикот од пожар.

  9. Сервисирањето треба да го извршува квалификуван сервисер со користење само на идентични резервни делови. Ова ќе осигури одржување на безбедноста на производот.
  10. Не модификувајте го и не обидувајте се да го поправите уредот или батеријата освен како што е наведено во упатствата за употреба и грижа.
  11. Пред користењето на батеријата, прочитајте ги сите упатства и ознаки за предупредување на (1) полначот за батерии, (2) батеријата и (3) производот што ја користи батеријата.
  12. Не расклопувајте ја батеријата.
  13. Доколку времето на работа стане прекратко, веднаш престанете со работа. Тоа може да доведе до ризик од прегревање, можни изгореници, па дури и до експлозија.
  14. Доколку електролит ви навлезе во очите, исплакнете ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска помош. Тоа може да доведе до губење на вашиот вид.
  15. Не предизвикувајте краток спој на батеријата:

(1) Не допирајте ги половите со материјал кој е проводник.

(2) Избегнувајте чување на батеријата во сад со други метални предмети како што се шајки, парички и слично.

(3) Не изложувајте ја батеријата на вода или дожд.

  1. Краткиот спој на батеријата може да предизвика голем проток на електрична енергија, прекумерно загревање, можни изгореници, па дури и распагање на истата.
  2. Не складирајте ги уредот и батеријата на места каде што температурата може да достигне или надмине 50°C.
  3. Не палете ја батеријата дури и ако е сериозно оштетена или потполно истрошена. Батеријата може да експлодира во орган.
  4. Внимавајте да не ја испуштите или удрите батеријата.
  5. Батериите што содржат литиум-јон се подложни на барањата на легислативата за опасни материи. За комерцијален превоз, на пример, од други лица, шпедитери, мора да се почитуваат посебни барања за пакување и означување. За подготовка на предметот што се испорачува потребно е да се консултира експерт за опасни материи. Исто така придржувајте се и до веројатно подеталните национални прописи. Залепете ги или покријте ги отворените полови на батеријата и спакувајте ја батеријата на таков начин што да не може да се движи низ пакувањето.
  6. Следете ги вашите локални прописи во врска со фрлањето на батеријата во отпад.
  7. Користете ги батериите само со производите наведени од Makita. Монтирањето на батериите на несоодветни производи може да доведе до пожар, исключително ослободување топлина, експлозија или истекување електролити.

MAKITA DCF102Z - БАТЕРИЈА - 1

ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални батерии на Makita.

Користењето неоригинални батерии на Makita или батерии кои се изменети може да доведе батериите да експлодираат предизвикувајки пожар, лична повреда и штета. Тоа исто така ће ја поништи гаранцијата на Makita за производот и полначот на Makita.

Совети за одржување максимально времетраење на батеријата:

  1. Сменете ја батеријата пред целосно да се испразни. Секогаш престанувајте со работа и сменете ја батеријата кога ќе забележите помала сила.
  2. Никогаш не полнете целосно наполнета батерија. Прекумерното полнење го скратува работниот век на батеријата.
  3. Менувајте ја батеријата на собна температура од 10°C–40°C. Дозволете жешката батерија да се излади пред да ја полните.
  4. Наполнете ја батеријата ако не ја користите долго време (повеќе од шест месеци).

ЗА ДА СЕ ОСИГУРА МАКСИМАЛНА ИЗВЕДБА НА БАТЕРИЈАТА, СЕ ПРЕПОРАЧУВА БАТЕРИЈАТА ДА СЕ НАПОЛНИ ПРЕД ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ПРВ ПАТ.

Овој вентилатор е опремен со контрола со 3 брзини, осцилирање на главата на вентилаторот и функции на тајмер за автоматско ислучување. Напојувањето со струја може да биде со батерија на Makita или адаптер за електрично напојување (опционален прибор).

Модел: CF101D DCF102
[Номинален напон]Батерија[10,8 V / 10,8 V - 12 V макс.]BL1015, BL1016, BL1020B,BL1021B, BL1040B, BL1041B[14,4 V]BL1415, BL1415N, BL1430, BL1430B,BL1440, BL1450, BL1460B[18 V]BL1815, BL1815N, BL1820, BL1820B,BL1830, BL1830B, BL1840, BL1840B,BL1850, BL1850B, BL1860B
Адаптер за електрично напојување(опционален прибор)Влез 100–240V, 50/60 Hz, 0,6 А макс
Излез 12 V 15 A
Димензии (Д x Ш x В) 185 x 260 x 284mm 185 x 272 x 284 mm
Нето тежина (без батерија) 1,3 kg

MAKITA DCF102Z - Совети за одржување максимально времетраење на батеријата: - 1

ВНИМАНИЕ

Користете ги само батериите наведени погоре. Користењето на кои било други батерии може да предизвика повреда и/или пожар.

Времетраење на батеријата

Следната табела се однесува на некои од батериите од Makita. Проценетото времетраење на целосно наполнета батерија е покажано:

Модел БатериаБрзина на воздух
Ниска СреднаВисока
CF101D BL1040B, BL1041B 630 мин 380 мин275 мин
DCF102 BL1460B860 мин465 мин 365 мин
BL1860B1270 мин705 мин 575 мин

Симболи

Следните се символи што се користат за опремата. Осигурете се дека го разбирате нивното значење предупотребата.

MAKITA DCF102Z - Симболи - 1

MAKITA DCF102Z - Симболи - 2

Прочитајте го упатството за употреба.

MAKITA DCF102Z - Симболи - 3

Само за земји-членки на ЕУ.

Не фрлајте ја електричната опрема или батеријата заедно со отпадот од дома Kinството.

Согласно со европейските директиви за отпад од електрична и електронска опрема и батерии и акумулатори и отпад од батерии и акумулатори, и нивната примена во согласност со националните закони, електричната опрема и батериите и батериските пакувања што го завршиле работниот век мора да бидат собрани издвоено и однесени во капацитет за рециклирање компатибилен со животната средина.

  1. Копче за вклучување/ исклучување
  2. Копче за менување на брзина на струење
  3. Копче на тајмер за автоматско исклучување
  4. Копче за осцилирање 5. Индикатор за брзина на струење
  5. Индикатор на тајмер за автоматско исклучување
  6. Отвор за ремче 8. Копче за ослободување (само DCF102)
  7. Отвор за батерија
  8. Закачалка 11. Приклучок за еднонасочна струја од 12 V
  9. Адаптер за електрично напојување
  10. Црвен индикатор 14. Копче 15. Батерија
  11. Ламбичка на индикатор 17. Копче за проверка 18. Отвор за шраф (5/8"-11 UNC)

Монтирање или вадење на батеријата (Сл. 3)

MAKITA DCF102Z - Монтирање или вадење на батеријата (Сл. 3) - 1

ВНИМАНИЕ:

  • Цврсто држете ги уредот и батеријата кога ја монтирате или вадите батеријата. Доколку уредот и батеријата не се држат цврсто, тие може да се лизнат од вашите раце и да настане оштетување на уредот и батеријата и лична повреда.
  • Монтирајте ја целосно батеријата за црвениот индикатор (13) да не може да се види. Во спротивно, таа може случајно да падне од уредот предизвикувајки ви повреда вам или на некој околу вас.

За да ја извадите батеријата, лизнете ја од уредот додека го лизгате копчето (14).

За да ја монтирате батеријата, порамнете го јазичето на батеријата со жлебот во куќиштето и наместете ја на соодветното место. Ставете ја до крај сè додека не се намести на своето место со мало кликнување. Ако може да го видите црвениот индикатор (13) на горната страна на копчето, таа не е целосно заклучена.

Не употребувајте сила кога ја монтирате батеријата. Доколку батеријата не се вклопи лесно, таа не е соодветно поставена.

Прикажување на преостанатиот капацитет на батеријата (Сл. 4)

Само за батерии со индикатор

Притиснете го копчето за проверка (17) на батеријата за да се прикаже преостанатиот капацитет на батеријата. Ламбичките на индикаторот (16) светнуваат неколку секунди.

Ламбички на индикаторПреостанат капацитет
Осветлено Ислучено Трепкање
75 % до 100 %
50 % до 75 %
25 % до 50 %
0 % до 25 %
Сменете ја батеријата.(Само за батерии од 18 V и 14,4 V)
Батеријата може да не функционирала правилно.(Само за батерии од 18 V и 14,4 V)

ЗАБЕЛЕШКА:

- Во зависност од условите за користење и амбиенталната температура, прикажувањето може малку да се разликува од конкретниот капацитет.

Систем за заштита на уред / батерија

Уредот е опремен со систем за заштита. Овој систем автоматски го прекинува напојувањето до моторот за да го продолжи работниот век на уредот и батеријата. Уредот автоматски їе запре во текот на работењето ако уредот или батеријата се најдат под еден од следниве услови.

  • Заштита од преоптоварување: Кога уредот се употребува на начин што предизвивува да влече абнормално висока струја, уредот автоматски запира без никакво укажување. Во оваа ситуација, исключете го уредот и запрете ја примената што предизвикала уредот да се преоптовари. Потоа включете го уредот да рестартира.
  • Заштита од прекумерно загревање: Кога уредот е прекумерно загреан, тој автоматски запира. Дозволете уредот да се излади пред повторно да го включите.
  • Заштита од прекумерно празнење: Кога капацитетот на батеријата се намалува, уредот автоматски запира. Ако уредот не функционира дури и кога се работи со прекинувачите, извадете ја батеријата од уредот и заменете ја.

Вклучување / исклучување на вентилаторот (Сл. 1, 2)

Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (1) за да го включите вентилаторот. Повторно притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исключите вентилаторот.

Менување на брзината на струење (Сл. 5)

Притиснете го копчето за менување на брзина на струење (2) додека вентилаторот работи. Брзината на струење се зголемува секогаш кога ќе го притиснете копчето. Брзината на струење ќе се врати на најниското ниво кога работи со најголема брзина.

Безжичниот вентилатор їе започне со истата брзина како претходната поставка.

Прилагодување на аголот на главата на вентилаторот (Сл. 6, 7)

Аголот на главата на вентилаторот може да се прилагодува рачно. Опсегот на движење на главата на вентилаторот е како што е прикажано на сликата.

За DCF102, притиснете го и задржете го копчето за ослободување (8) кога го прилагодувате аголот на главата на вентилаторот.

ЗАБЕЛЕШКА:

Не вртете ја главата на вентилаторот повеće од неговиот опсег на движење.

Осцилирање на главата на вентилаторот (Сл. 8)

Притиснете го копчето за осцилирање (4) за да осцилира главата на вентилаторот. Повторно притиснете го копчето за да запре осцилирањето.

Главата на вентилаторот започнува да осцилира од моменталната положба кога е притиснато копчето за осцилирање. Главата на вентилаторот осцилира со опсег на агол од 90 степени.

MAKITA DCF102Z - Осцилирање на главата на вентилаторот (Сл. 8) - 1

ВНИМАНИЕ:

  • Кога главата на вентилаторот осилира, отстранете ги пречките од опсегот на движење на главата на вентилаторот. Безжичниот вентилатор може да биде турнат и да падне од осцилацијата.
  • Не запирајте ја осцилацијата со држење на главата на вентилаторот. Секогаш притискајте го копчето за осцилирање за да запре.

ЗАБЕЛЕШКА:

Во зависност од положбата на главата на вентилаторот, можно е главата на вентилаторот да не осцилира набрзо по притиснувањето на копчето за осцилирање поради механизмот за осцилирање.

Тајмер за автоматско ислучување (Сл. 9)

Притиснете го копчето на тајмерот за автоматско ислучување (3) додека вентилаторот работи. Траењето на активацијата на тајмерот за автоматско ислучување се менува секогаш кога ќе го притиснете копчето (1 час / 2 часа / 4 часа / исключено).

Бројот под секој индикатор на тајмер за автоматско ислучување ги покажува преостанатите час(ови) за ислучување на вентилаторот. Индикаторот на тајмерот за автоматско ислучување Ѽе се исклучи со времето.

ЗАБЕЛЕШКА:

Во зависност од типот на батерија и нејзиниот преостанат капацитет, тајмерот за автоматско исклучување може да се активира порано од поставеното време.

Закачување на вентилаторот (Сл. 10)

Користете ја закачалката (10) на рачката да го закачите безжичниот вентилатор на сталак или на други практични места. За да спречите безжичниот вентилатор случајно да падне, прикачете ремче користејки го отворот за ремче (7) и прицврстете го.

ВНИМАНИЕ:

  • Никогаш не закачувајте го безжичниот вентилатор на високи места или на површини каде што уредот може да изгуби рамнотежа и да падне.
  • За закачување на безжичниот вентилатор, користете цврст материјал како метален сталак. Дијаметарот на сталакот за закачување треба да биде помал од 24 мм и да издржува 8,0 кг. Не закачувајте го безжичниот вентилатор повисоко од 2,3 м.

Монтирање на троножен држач (Сл. 11)

Безжичниот вентилатор може да се монтира на троножен држач на Makita.

Кога го користите троножниот држач со навојно вратило 5/8"-11 UNC, монтирајте го безжичниот вентилатор користејки го отворот за шраф (18).

Користење на адаптер за електрично напојување (опционален прибор)

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

  • Никогаш не користете го безжичниот вентилатор кога кабелот или приклучокот е оштетен.
  • Не ракувајте со приклучокот со влажни или масни раце.
  • Не оставајте го адаптерот за електрично напојување ислучен од безжичниот вентилатор додека истовремено пренесува електрична енергија од напојувањето. Мали деца може да го стават приклучокот низ кој минува струја во уста и да настане повреда.

Ставете го приклучокот за еднонасочна струја од 12 V од адаптерот за електрично напојување во приклучокот за еднонасочна струја од 12 V (Сл. 1, 2), па включете ги игличките за електрично напојување во електрична приклучница. Осигурете се дека номиналниот напон на електричната приклучница одговара со оној на адаптерот.

ЗАБЕЛЕШКА:

  • Откако адаптерот за електрично напојување єе се поврзе, на безжичниот вентилатор може да му се потребни 3–5 секунди за да започне со работа.
  • Адаптерот може да крцка додека се користи за електрично напојување. Тоа не влијае на вообичаената употреба.
  • Адаптерот за електрично напојување не ја полни батеријата поставена во безжичниот вентилатор.

ОДРЖУВАЊЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

  • Кога го сервисирате, побарајте помош од овластени сервисни центри на Makita и користете само идентични резервни делови. Користење какви било други делови може да предизвика опасност или оштетување на производот.
  • За да избегнете сериозна лична повреда, секогаш вадете ја батеријата или адаптерот за електрично напојување (опционален прибор) од уредот кога го чистите или вршите какво било одржување.
  • Дозволете безжичниот вентилатор целосно да се излади пред вршење какви било постапки на проверка, одржување, чистење или складирање.

Општо одржување

Откако безжичниот вентилатор ће се излади, користете чисти крпи за да отстраните нечистотија, прашина, масло, маст и сл. Никогаш не употребувајте бензин, разредувач, алкохол или слични средства. Може да настанат обезбојување, деформации или пукнатини.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

•Сите делови треба да се заменуваат во овластен сервисен центар.

Складирање

За да се избегне пожар или горење, овозможете безжичниот вентилатор целосно да се излади пред да го складирате.
Не складирајте ја испразнетата батерија долго време бидејки тоа може да го скрати нејзиниот работен век.

За технички прашања, контакрајте го претставникот за продажба.

ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР

MAKITA DCF102Z - ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР - 1

ВНИМАНИЕ:

Овој прибор или додатоци се препорачани за употреба со вашиот производ Makita наведен во ова упатство.

Користењето на каков било друг прибор или додатоци може да претставува ризик за повреда на лица.

Користете само прибор или додаток за неговата наведена цел.

Ако ви е потребна некаква помош за повеće детали во врска со овој прибор, обратете се до вашиот локален Makita сервисен центар.

•Адаптер за електрично напојување

Некои предмети на листата може да се включени во пакувањето на уредот како стандарден прибор. Тие може да се разликуваат од земја до земја.

Српски

Монтирање на статив (сл. 11)

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MAKITA

Модел : DCF102Z

Категорија : вентилатор