MAKITA CF100D - вентилатор

CF100D - вентилатор MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CF100D MAKITA во PDF формат.

📄 188 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice MAKITA CF100D - page 141

Прашања на корисниците за CF100D MAKITA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот вентилатор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CF100D - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CF100D на марката MAKITA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CF100D MAKITA

Този уред е предназначен само за домашна употреба.

ДОПЪЛНИТЕЛНИ ПРАВИЛА ЗА БЕЗОПАСНОСТ

Овој уред може да се користи од деца кои имаат 8 години или повеće и од лица кои се со намалени психички, сензорни или умствени способности или со недоволно искусство и знаење ако се под надзор или добивают упатства во врска со користењето на овој уред на безбеден начин и ги разбираат включените опасности. Деца не треба да играат со уредот. Чистењето и корисничкото одржување не треба да се вршат од деца без надзор.

За да спречите сериозна повреда, прочитајте ги и разберете ги сите предупредувања и упатства предупотребата.

Ова упатство ќе ви биде потребно за безбедносни предупредувања и мерки на претпазливост, склопување, работење, проверка, постапки на одржување и чистење, список на делови. Чувајте го ова упатство на безбедно и суво место за идна употреба.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И БЕЗБЕДНОСНИ ПРОПИСИ

ВАЖНО

Секогаш кога користите електричен уред, треба да се следат основните мерки на претпазливост, вклучувајки ги следниве:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ- За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреда:

  1. Не изложувајте го на дожд. Чувајте го внатре.
  2. Не дозволувајте да се користи како играчка. Потребно е непосредно внимание кога се користи од или во близина на деца.
  3. Користете го само како што е опишано во ова упатство. Користете ги само препорачаните додатоци на производителот.
  4. Не користете го со оштетена батерија. Ако уредот не работи правилно откако паднал, е оштетен, стоел надвор или паднал во вода, вратете го во сервисен центар.
  5. Не ракувајте со уредот со влажни раце.
  6. Не ставајте никаков предмет во отворите.
  7. Внимавајте косата, широката облека, прстите и сите делови од телото да ви бидат настрана од отворите и деловите што се движат.
  8. Исклучете ги сите контроли пред вадењето на батеријата.
  9. Користете само адаптер за електрично напојување или полнач доставени од производителот. Додатоците што се соодветни за еден безжичен вентилатор може да претставуваат опасност кога се користат со други.
  10. Не менувајте ја батеријата надвор.
  11. Не изложувајте ја на орган или високи температури.
  12. Не користете ја во близина на отворен орган, зажарен јаглен или експлозивни атмосфери, како во присуство на запаливи течности, гасови или прав. Безжичните вентилатори создаваат искри што може да ја запалат правта или испарувањата.

Овој уред е наменет за домашна употреба.

  1. Внимателно прочитајте го ова упатство за работа и упатството за работа со полначот пред употребата.
  2. Веднаш запрете со работа ако забележите нешто невообичаено.

  3. Ако го испуштите или го удрите вентилаторот, внимателно проверете дали има пукнатини или оштетувања пред работењето.

  4. Не приближувајте го блиску до шпорети или други извори на топлина.
  5. Не употребувајте го ако има скршени, свиткани, напукнати или оштетени делови. Секој безжичен вентилатор кој е оштетен на каков било начин или работи невообичаено веднаш мора да се отстрани од употреба. Проверувајте го пред секое работење.
  6. Не оставајте го безжичниот вентилатор включен и без надзор.
  7. Не користете го неправилно адаптерот за електрично напојување. Никогаш не користете го кабелот на адаптерот за да го носите вентилаторот или да го ислучите приклучокот од приклучницата. Чувајте го адаптерот за електрично напојување подалеку од топлина, масло, остри рабови или делови што се движат. Веднаш заменете го оштетениот адаптер. Оштетениот адаптер може да го зголеми ризикот од струен удар.
  1. Користете го соодветниот безжичен вентилатор за вашата примена. Не користете го вентилаторот за цел за која не е наменет.
  2. Безжичниот вентилатор може да работи со доставениот адаптер за електрично напојување или со батерија 10,8 V / 10,8 V–12 V макс. Li-ion koја е доставена од Makita. Употребата на какви било други батерии може да создаде ризик од пожар. Полнете ги батериите само со наведениот полнач.
  3. Складирајте го безжичниот вентилатор што е во мирување надвор од дофат на деца и други необучени лица.
  4. Исклучете ја батеријата или адаптерот за електрично напојување од напојувањето пред да го складирате вентилаторот. Ваквите превентивни безбедносни мерки може да го намалат ризикот од несакано вклучување на вентилаторот. Секогаш исклучувајте го вентилаторот од неговата електрична приклучница пред да вршите каква било постапка на проверка, одржување или чистење.
  5. Кога батеријата не се користи, чувајте ја подалеку од други метални предмети. Предизвикување на краток спој со спојување на половите на батеријата може да предизвика искри, изгореници или пожар.
  6. Исклучете го уредот и дозволете да се излади пред да вршите какво било чистење или одржување.

СЕРВИС

  1. Сервисот на безжичниот вентилатор мора да се извршува само од квалификуван сервисен персонал. Сервисот или одржувањето извршени од страна на неквалификуван перонал може да доведат до ризик од повреда.
  2. Кога сервисирате безжичен вентилатор, користете само идентични резервни делови. Користењето на неовластени делови или неуспехот да се следат упатствата за одржување може да создадат ризик од струен удар или повреда.

СИМБОЛИ

Следните се символи што се користат за опремата. Осигурете се дека го разбирате нивното значење предупотребата.

MAKITA CF100D - СИМБОЛИ - 1

- Прочитајте го упатството за употреба.

MAKITA CF100D - СИМБОЛИ - 2

- Само за земјите на ЕУ

Поради присуство на опасни компоненти во опремата, отпадната електрична и електронска опрема, акумулаторите и батериите може да влијаат негативно врз животната средина и човековото здравје.

Не фрлајте ги електричните и електронските апарати или батериите во домашниот отпад!

Во согласност со Европската директива за фрлање електрична и електронска опрема, акумулатори, батерии и отпадни акумулатори и батерии, како и нивната адаптација во државниот закон, отпадната електрична опрема, батериите и акумулаторите треба да се чувват одделно и да се достават на посебно место за собирање општински отпад, во согласност со прописите за заштита на животната средина.

Ова е означено со символот на пречертана корпа за отпадоци ставен на опремата.

СПЕЦИФИКАЦИИ

  • Тежината може да се разликува во зависност од додатоците, вклучувајки ја и касетата за батерија. Најлесната и најтешката комбинација, согласно процедурата на ЕПТА 01/2014 (Европската асоцијација за електрични алати), се прикажани во табелата.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА

Се однесува само на следните типови на батерија обезбедени од Makita.

Проценетото времетраење на целосно наполнета батерија е покажано подолу:

  1. Копче за вклучување/ исклучување

  2. Индикатор за брзина 3. Копче за менување на брзина

  3. Отвор за ремче 5. Рачка

  4. Отвор за батерија

  5. Закачалка

  6. Приклучок за еднонасочна струја од 12 V

  7. Адаптер за електрично напојување

  8. Копче

  9. Црвен индикатор

  10. Батерија

  11. Ламбичка на индикатор

  12. Копче за проверка

  13. Отвор за шраф A (5/8"-11 UNC)

  14. Отвор за шраф В

  15. Отвор за монтирање на сид

  16. Отвор за закачување

  17. Пеперутка - навртка

  • Не дозвопувајте познавањето на начинот на работа со алатот да ве направи невнимателен. Запаметете дека невнимателноста во дел на секунда е доволна за да предизвика сериозна повреда.
  • Не користете никакви батерии, додатоци или прибор што не се препорачани од производителот на овој алат. Користењето на батерии, додатоци или прибор што не се препорачани може да доведе до сериозна лична повреда.
  • Не ракувајте со кабелот и батеријата со влажни или масни раце.
  • Никогаш не користете го безжичниот вентилатор кога кабелот или приключокот е оштетен.
  • Не оставајте го адаптерот за електрично напојување ислучен од безжичниот вентилатор додека истовремено пренесува електрична енергија од напојувањето. Мали деца може да го стават приклучокот низ кој минува струја во уста и да настане повреда.
  • Кога ја ставате/вадите батеријата или го вклучувате/исклучувате адаптерот за електрично напојување, секогаш ставајте го безжичниот вентилатор на рамна и стабилна подлога.

Овој вентилатор е опремен со контрола со 3-брзини со користење на копче за брзини. Напојувањето со електрична енергија може да се врши со адаптер за електрично напојување или батерија (ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР).

КОРИСТЕЊЕ АДАПТЕР ЗА ЕЛЕКТРИЧНО НАПОЈУВАЊЕ

Ставете го приклучокот за еднонасочна струја од 12 V од адаптерот за електрично напојување во приклучокот за еднонасочна струја од 12 V (Сл. 2), па включете ги игличките за електрично напојување во електрична приклучница. Осигурете се дека номиналниот напон на електричната приклучница одговара со оној на адаптерот.

Откако адаптерот за електрично напојување їе се поврзе, на безжичниот вентилатор може да му се потребни 3–5 секунди за да започне со работа.

Адаптерот може да крцка додека се користи за електрично напојување. Тоа не влијае на вообичаената употреба.

Доставениот адаптер за електрично напојување не ја полни батеријата ставена во безжичниот вентилатор.

КОРИСТЕЊЕ БАТЕРИЈА

ЗА ДА СЕ ОСИГУРА МАКСИМАЛНА ИЗВЕДБА НА БАТЕРИЈАТА, СЕ ПРЕПОРАЧУВА БАТЕРИЈАТА ДА СЕ НАПОЛНИ ПРЕД ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ПРВ ПАТ.

  1. Пред користењето на батеријата, прочитајте ги сите упатства и ознаки за предупредување на (1) полначот за батерии, (2) батеријата и (3) производот што ја користи батеријата.
  2. Не расклопувајте ја батеријата.
  3. Доколку времето на работа стане прекратко, веднаш престанете со работа. Тоа може да доведе до ризик од прегревање, можни изгореници, па дури и до експлозија.
  4. Доколку електролит ви навлезе во очите, исплакнете ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска помош. Тоа може да доведе до губење на вашиот вид.
  5. Не предизвикувајте краток спој на батеријата:

(1) Не допирајте ги половите со материјал кој е проводник.
(2) Избегнувајте чување на батеријата во сад со други метални предмети како што се шајки, парички и спично.
(3) Не изложувајте ја батеријата на вода или дожд.

Краткиот спој на батеријата може да предизвика голем проток на електрична енергија, прекумерно загревање, можни изгореници, па дури и распагање на истата.

  1. Не складирајте ги алатот и батеријата на места каде што температурата може да достигне или надмине 50°C.
  2. Не палете ја батеријата дури и ако е сериозно оштетена или потполно истрошена. Батеријата може да експлодира во орган.
  3. Внимавајте да не ја испуштите или удрите батеријата.
  4. Не користете оштетена батерија.
  5. Никогаш не полнете целосно наполнета батерија. Прекумерното полнење го скратува работниот век на батеријата.
  6. Батериите што содржат литиум-јон се подложни на барањата на легислативата за опасни материи. За комерцијален превоз, на пример, од други лица, шпедитери, мора да се почитуваат посебни барања за пакување и означување. За подготовка на предметот што се испорачува потребно е да се консултира експерт за опасни материи. Исто така придржувајте се и до веројатно подеталните национални прописи. Залепете ги или покријте ги отворените полови на батеријата и спакувајте ја батеријата на таков начин што да не може да се движи низ пакувањето.
  7. Следете ги вашите локални прописи во врска со фрлањето на батеријата во отпад.

Користењето неоригинални батерии на Makita или батерии кои се изменети може да доведе батериите да експлодираат предизвикувајки пожар, лична повреда и штета. Тоа исто така єе ја поништи гаранцијата на Makita за алатот и полначот на Makita.

Совети за одржување максимально времетраење на батеријата:

  1. Сменете ја батеријата пред целосно да се испразни. Секогаш престанувајте со работа со алатот и сменете ја батеријата кога ќе забележите помала сила на алатот.
  2. Никогаш не полнете целосно наполнета батерија.

Прекумерното полнење го скратува работниот век на батеријата.

  1. Менувајте ја батеријата на собна температура од 10°C–40°C. Дозволете жешката батерија да се излади пред да ја полните.

  2. Наполнете ја батеријата ако не ја користите долго време (повеće од шест месеци).

Монтирање или вадење на батеријата (Сл. 3)

За да ја извадите батеријата, лизнете ја од алатот додека го лизгате копчето (10). Држете го безжичниот вентилатор кога ја лизгате батеријата.

За да ја монтирате батеријата, порамнете го јазичето на батеријата со жлебот во куќиштето и наместете ја на соодветното место. Ставете ја до крај сё додека не се намести на своето место со мало кликнување.

Ако може да го видите црвениот индикатор (11) на горната страна на копчето, таа не е целосно заклучена.

Монтирајте ја целосно за црвениот индикатор (11) да не може да се види. Во спротивно, таа може случајно да падне од алатот предизвикувајки ви повреда вам или на некој околу вас.

Не употребувајте сила кога ја монтирате батеријата. Доколку батеријата не се вклопи лесно, таа не е соодветно поставена.

За да работите со безжичниот вентилатор користејки батерија, погледнете го упатството за адаптерот за електрично напојување.

Прикажување на преостанатиот капацитет на батеријата (Сл. 4)

Само за батерии со индикатор

Притиснете го копчето за проверка (14) на батеријата за да се прикаже преостанатиот капацитет на батеријата. Ламбичките на индикаторот (13) светнуваат неколку секунди.

Ламбички на индикаторПреостанат капацитет
Осветлено Ислучено
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%

ЗАБЕЛЕШКА:

- Во зависност од условите за користење и амбиенталната температура, прикажувањето може малку да се разликува од конкретниот капацитет.

- Заштитата од прекумерно празнење за батеријата ће функционира кога капацитетот на батеријата ће се намали. Во ваков случај, безжичниот вентилатор автоматски запира. Ако безжичниот вентилатор не функционира дури и кога ће се вклучи прекинувачот, извадете ја батеријата од алатот и заменете ја батеријата.

Вклучување / исклучување на вентилаторот (Сл. 1)

Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (1) за да го включите вентилаторот. Повторно притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исключите вентилаторот.

Менување на брзината на струење (Сл. 5)

Притиснете го копчето за менување на брзина (3) додека вентилаторот работи. Брзината на струење се зголемува секогаш кога ќе го притиснете копчето. Брзината на струење ќе се врати на најниското ниво кога работи со најголема брзина.

Безжичниот вентилатор їе започне со истата брзина како претходната поставка.

Прилагодување на аголот на главата на вентилаторот (Сл. 6)

Аголот на главата на вентилаторот може да се прилагодува. Опсегот на движење на главата на вентилаторот е како што е прикажано на сликата.

ЗАБЕЛЕШКА:

- Не вртете ја главата на вентилаторот повеće од неговиот опсег на движење.

Закачување на вентилаторот (Сл. 7)

Користете ја закачалката на рачката да го закачите безжичниот вентилатор на сталак или на други практични места. За да спречите безжичниот вентилатор случајно да падне, прикачете ремче користејки го отворот за ремче (4) и прицврстете го.

MAKITA CF100D - Закачување на вентилаторот (Сл. 7) - 1

ВНИМАНИЕ:

  • Никогаш не закачувајте го безжичниот вентилатор на високи места или на површини каде што алатот може да изгуби рамнотежа и да падне.
  • За закачување на безжичниот вентилатор, користете цврст материјал како метален сталак. Дијаметарот на сталакот за закачување треба да биде помал од 24 мм и да може да издржи 5,6 кг. Не закачувајте го безжичниот вентилатор повисоко од 2,3 м.

Монтирање на троножен држач (Сл. 8, Сл. 9)

Безжичниот вентилатор може да се монтира на некои троножни држачи на Makita.

Кога го користите троножниот држач со навојно вратило 5/8"-11 UNC, монтирајте го безжичниот вентилатор користејки го отворот за шраф А (15).

Кога го користите троножниот држач за работно светло Makita, монтирајте го безжичниот вентилатор со фиксирање на пеперутка - навртката (19) во отворот за шраф В (16).

Подгответе два шрафа и фиксирајте ги на сидот како што е прикажано на сликата. Закачете го безжичниот вентилатор користејки ги отворите за монтирање на сид (17).

MAKITA CF100D - Монтирање на троножен држач (Сл. 8, Сл. 9) - 1

ВНИМАНИЕ:

  • Кога безжичниот вентилатор го закачувате на сид, исключете го и извадете ја батеријата.
  • Внимателно изберете стабилен сид за монтирање на безжичниот вентилатор. Осигурете се дека безжичниот вентилатор е безбедно закачен на сидот.
  • Секогаш вадете го безжичниот вентилатор од сидот кога монтирате/вадите батерија. Во спротивно безжичниот вентилатор може да падне и да предизвика повреда.
  • Овој вентилатор е планирано да се монтира на високо ниво и да биде монтиран така што сечилата да бидат повисоко од 2,3 м над подот или прозорците.

ОДРЖУВАЊЕ

MAKITA CF100D - ОДРЖУВАЊЕ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

  • Кога го сервисирате, побарајте помош од овластени сервисни центри на Makita и користете само со идентични резервни делови. Користење какви било други делови може да предизвика опасност или оштетување на производот.
  • За да избегнете сериозна лична повреда, секогаш вадете го адаптерот за електрично напојување или батеријата од уредот кога го чистите или вршите какво било одржување.
  • Дозволете безжичниот вентилатор целосно да се излади пред вршење какви било постапки на проверка, одржување, чистење или складирање.

ОПШТО ОДРЖУВАЊЕ

Избегнувајте користење растворувачи кога ги чистите пластичните делови. Најголем дел од пластичните делови се чувствителни на различни типови на комерцијални растворувачи и може да бидат оштетени од нивната употреба. Откако преносниот вентилатор се изладил, употребете чисти крпи за да ги отстраните нечистотијата, правот, маслото, замастеноста и сл.

MAKITA CF100D - ОПШТО ОДРЖУВАЊЕ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

  • Никогаш не допуштајте течности за кочници, бензин, производи на база на петролеј, продорни масла и слични супстанции да стапат во контакт со пластичните делови. Хемикалиите може да ја оштетат, ослабат или уништат пластиката што може да предизвика сериозна лична повреда.
  • Сите делови треба да се заменуваат во овластен сервисен центар.

СКЛАДИРАЊЕ

За да се избегне пожар или горење, овозможете преносниот вентилатор целосно да се излади пред да го складирате.

Не складирајте ја испразнетата батерија долго време бидејки тоа може да го скрати нејзиниот работен век.

За технички прашања, контактирајте го претставникот за продажба.

Српски

САЧУВАЈТЕ ОВАЈ ПРИРУЧНИК

УПОТРЕБА И ОДРЖАВАЊЕ БЕЖИЧНОГ ВЕНТИЛАТОРА

ЛампицеПреостали капацитет
Светли Искључена
Од 75% до 100%
Од 50% до 75%
Од 25% до 50%
Од 0% до 25%

НАПОМЕНА:

Монтирање на статив (сл. 8, сл. 9)

Монтирање на зид (сл. 8, сл. 9)

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MAKITA

Модел : CF100D

Категорија : вентилатор