MAKITA DMP180Z - Компресор

DMP180Z - Компресор MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DMP180Z MAKITA во PDF формат.

📄 296 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice MAKITA DMP180Z - page 216
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за DMP180Z MAKITA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Компресор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DMP180Z - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DMP180Z на марката MAKITA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DMP180Z MAKITA

Коефициент на неопределеност (K): 3 dB(A)

- Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на промена без најава.

- Спецификациите и касетата за батеријата може да се разликуваат од држава до држава.

- Тежината може да се разликува во зависност од додатоците, вклучувајки ја и касетата за батерија. Најлесната и најтешката комбинација, согласно процедурата на ЕПТА 01/2014 (Европската асоцијација за електрични алати), се прикажани во табелата.

Применлива касета за батерија и полнач

Касета за батеријаBL1815N / BL1820B / BL1830B / BL1840B / BL1850B / BL1860B
ПолначDC18RC / DC18RD / DC18RE / DC18SD / DC18SE / DC18SF / DC18SH
  • Некои од касетите за батерии и полначите наведени погоре може да не се достапни зависно од регионот во кој живеете.

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете ги само касетите за батерии и полначите наведени погоре.

Користењето какви било поинакви касети за батерии и полначи може да создаде ризик од повреда и/или пожар.

Симболи

Долунаведените ги прикажуваат симболите што може да се користат кај опремата. Пред употребата, проверете дали го разбирате нивното значење.

MAKITA DMP180Z - Симболи - 1

MAKITA DMP180Z - Симболи - 2

Прочитајте го упатството за користење.

Опасност од распукување.

MAKITA DMP180Z - Симболи - 3

Ni-MH Li-ion

Само за земјите на ЕУ

Поради присуство на опасни компоненти во опремата, отпадната електрична и електронска опрема, акумулаторите и батериите може да влијаат негативно врз животната средина и човековото здравје.

Не фрлајте ги електричните и електронските апарати или батериите во домашниот отпад!

Во согласност со Европската директива за фрлање електрична и електронска опрема, акумулатори, батерии и отпадни акумулатори и батерии, како и нивната адаптација во државниот закон, отпадната електрична опрема, батериите и акумулаторите треба да се чуваат одделно и да се достават на посебно место за собирање општински отпад, во согласност со прописите за заштита на животната средина.

Ова е означено со символот на пречкртана корпа за отпадоци ставен на опремата.

Наменета употреба

Алаткава е наменета за пумпање гуми, спортски топки или мали гуми за пловење.

Бучава

Типична А-вредност за ниво на бучавата одредена во согласност со EN62841-1:

Ниво на звучниот притисок ( L_pA ): 70 dB (A)

Отстапување (K): 3 dB (A)

НАПОМЕНА: Номиналната вредност(и) за емисија на бучава е измерена во согласност со стандардни методи за испитување и може да се користи за споредување алати.

НАПОМЕНА: Номиналната вредност(и) за емисија на бучава може да се користи и како прелиминарна процена за изложеност.

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Носете заштита за ушите.

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Емисијата на бучава при фактичкото користење на алатот може да се разликува од номиналната вредност(и), зависно од начинот на којшто се користи алатот, особено од тоа како вид работен материјал се обработува.

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Погрижете се да ги утврдите безбедносните мерки за заштита на лицето кое ракува со алатот врз основа на процена на изложеноста при фактичките услови на употреба (земајки ги предвид сите делови на работниот циклус, како периодите кога електричниот алат е ислучен и кога работи во празен од, не само кога е активен).

Вибрации

Вкупна вредност на вибрациите (векторска сума на три оски) одредена во согласност со EN62841-1:

Отстапување (K): 1,5 м/с²

НАПОМЕНА: Вкупната вредност(и) на номиналната јачина на вибрациите е измерена во согласност со стандартни методи за испитување и може да се користи за споредување алати.

НАПОМЕНА: Вкупната вредност(и) на номиналната јачина на вибрациите може да се користи и како прелиминарна процена за изложеност.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Јачината на вибрациите при фактичкото користење на алатот може да се разликува од номиналната вредност(и), зависно од начинот на којшто се користи алатот, особено од тоа како вид работен материјал се обработува.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Погрижете се да ги утврдите безбедносните мерки за заштита на лицето кое ракува со алатот врз основа на процена на изложеноста при фактичките услови на употреба (земајки ги предвид сите делови на работниот циклус, како периодите кога електричниот алат е исклучен и кога работи во празен од, не само кога е активен).

Декларација за сообразност од ЕУ

Само за земјите во Европа

Декларацијата за сообразност од ЕУ е включена во Додаток А од упатствата за корисникот.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Општи упатства за безбедност за електричните алати

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации дадени со електричниот алат. Ако не се почитуваат сите упатства наведени подолу, може да дојде до струен удар, пожар и/или сериозни повреди.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за да може повторно да ги прочитате.

Под терминот „електричен алат“ во предупредувањата се мисли на вашиот електричен алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии (безжично).

Безбедност на работната област

  1. Користете чист и добро осветлен работен простор. Ако просторот е натрупан и темен, полесно може да се случаи незгода.

  2. Не работете со електричните алати во експлозивни атмосфери, на пример, ако има запаливи течности, гасови или прав. Електричните алати искрат и можат да ги запалат правот или испарувањата.

  3. Децата и набљудувачите нека стојат понастрана кога работите со електричен апарат. Ако нешто го одвлекува вашето внимание, може да изгубите контрола.

Електрична безбедност

  1. Електричните приклучоци на електричните алати треба да одговараат на штекерот. Никогаш и никако не менувајте го електричниот приклучок. Не користете електрични приклучоци-адаптери со заземјени електрични алати. Немодифицираните електрични приклучоци и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен удар.
  2. Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар ако вашето тело е заземјено.
  3. Не изложувајте ги електричните алати на дожд или на врнежливи услови. Ако вода влегува во електричниот алат, тоа го зголемува ризикот од електричен удар.
  4. Не злоупотребувајте го кабелот. Никогаш не користете го кабелот за носење, влечење или за исклучување на електричниот алат. Кабелот држете го настрана од топлина, масло, остри агли или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од електричен удар.
  5. Кога го користите електричниот алат на отворено, користете кабел наменет за отворен простор. Ако користете кабел соодветен за отворен простор, се намалува ризикот од електричен удар.
  6. Ако мора со електричниот алат да работите во влажен простор, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD), заштитена серија. Ако користите заштитен уред за диференцијална струја, се намалува ризикот од електричен удар.
  7. Електричните алати може да создаваат електромагнетни полиња (ЕМП) што не се штетни за корисникот. Сепак, пред да работат со овој електричен алат, корисниците на пејсмејкери и други слични медицински уреди треба да контактираат со производителот на нивниот уред и/или лекарот за совет.

Лична безбедност

  1. Бидете внимателни, гледајте што правите и размислувајте разумно кога работите со електричниот алат. Не користете го електричниот алат кога сте уморни или кога сте под дејство на дрога, алкохол или на лекови. Момент на невнимание додека работите со електричниот алат, може да предизвика сериозна физичка повреда.
  2. Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очите. Заштитната опрема, како на пример маска за прав, заштитни чевли што не се лизгаат, тврда капа или заштита за слухот, што се користи за соодветни услови, їе ги намали физичките повреди.

  3. Спречете ненамерно стартување. Уверете се дека прекинувачот е во ислучена положба пред поврзување во извор на електрична енергија и/или на батерија, пред подигање или носење на алатот. Ако електричните алати ги носите, а прстот ви е на прекинувачот или тој е включен, може да дојде до несреќа.

  4. Отстранете ги клиновите или клучевите за нагодување пред да го включите електричниот алат. Ако оставите клин или клуч во ротирачкиот дел од електричниот алат, може да дојде до физичка повреда.
  5. Не посегнувајте предалеку. Одржувајте добра стабилност и рамнотежа со нозете цело време. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во неочекувани ситуации.
  6. Носете соодветна облека. Не носете широко облека или накит. Косата и облеката држете ги понастрана од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се заплеткаат во подвижните делови.
  7. Ако има уреди за поврзување на делови за извлекување и собирање прав, проверете дали тие се правилно поврзани и дали се користат соодветно. Ако користите уред за собирање прав, може да ги намалите опасностите што може да ги предизвика правот.
  8. Не дозволувајте познавањето стекнато од честата употреба на алатите да ве направи безгрижни и да ги игнорирате принципите за безбедност на алатката. Невнимателното дејство за дел од секунда може да предизвика сериозна повреда.
  9. Секогаш носете заштитни очила за да ги заштитите очите од повреда кога користите електрични алати. Очилата мора да се усогласени со ANSI Z87.1 во CAD, EN 166 во Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така постои законска обврска за носење штитник за лице за да си го заштитите лицето.

MAKITA DMP180Z - Лична безбедност - 1

Работодавачот е одговорен дали операторите со алатот и другите лица во непосредната работна околина носат соодветна безбедносна заштитна опрема.

Користење и грижа за електричниот алат

  1. Не форсирајте го електричниот алат. Користете правилен електричен алат за конкретната примена. Со правилниот електричен алат, подобро и побезбедно їе ја завршите работата, како и со предвидената брзина.

  2. Не користете го електричниот алат ако не можете да го включите и исключите со прекинувачот. Ако електричниот алат не може да се контролира со прекинувачот, тогаш тој е опасен и мора да се поправи.

  3. Исключете го приклучокот од напојувањето и/или извадете ги батериите, ако може да се откачат, од електричниот алат пред да правите измени, да менувате додатоци или да ги складирате електричните алати. Овие превентивни безбедносни мерки їе го намалат ризикот електричниот алат да почне да работи случајно.

  4. Електричните алати во режим на мирување држете ги подалеку од дофатот на децата и не дозволувајте лица што не се запознаени со електричниот алат или овие упатства да ракуваат со електричниот алат. Електричните алати се опасни во рацете на необучените корисници.

  5. Одржувајте ги електричните алати и приборот. Проверете дали подвижните делови се изместени или заглавени, скршени или во некоја друга состојба што може да влијае врз работењето на електричниот алат. Ако е оштетен, поправете го електричниот алат пред да го користите. Многу незгоди се случауваат поради слабо одржувани електрични алати.

  6. Одржувајте ги алатите остри и чисти. Правилно одржувани алати за сечење, со остри сечила, помалку е веројатно дека ће се заглават и полесно се контролираат.

  7. Користете ги електричниот алат, додатоците и длетата на алатот, итн. во согласност со овие упатства, земајки ги предвид работните услови и работата што треба да се изврши. Ако го користите електричниот алат за работи различни од оние за кои тој е наменет, може да ве доведе во опасност.

  8. Рачките и површините за фаќање нека бидат суви, чисти и без масло и маснотии. Лизгавите рачки и површини за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

  9. Кога го користите алатот, не носете платнени работни ракавици што може да се заплеткаат. Заплеткувањето на платнените работни ракавици во подвижните делови може да резултира со телесна повреда.

Користење и грижа за алатот на батерии

  1. Полнете само со полночат одреден од страна на производителот. Полнач што е соодветен за еден тип батерија може да создаде ризик од пожар кога се користи со друга батерија.

  2. Ислучиво користете ги електричните алати со конкретно наменети батерии. Користењето други батерии може да создаде ризик од повреда или пожар.

  3. Кога батеријата не се користи, држете ја настрана од други метални предмети, како што се спојувалки, монети, клучеви, шрафови или други мали метални предмети што можат да послужат како врска од еден на друг приклучок. Краткиот спој на батериските приклучоци може да доведе до изгореници или пожар.

  4. При случаи на злоупотреба, од батеријата може да истече течност. Избегнувајте контакт со неа. Ако дојде до ненамерен контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде во допир со очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течноста што истекла од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.

  5. Не користете батерии или алат што се оштетени или менувани. Оштетените или менуваните батерии може да прикажуваат непредвидливо однесување што резултира со орган, експлозија или опасност од повреда.

  6. Не изложувајте ги батериите или алатот на орган или прекумерна температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.

  7. Следете ги сите упатства за полнење и не полнете ги батериите или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатството. Неправилното менување или менувањето на температури надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од орган.

Сервисирање

  1. Вашиот електричен алат сервисирајте го кај квалификувано лице за поправки, кое користи само идентични резервни делови. Така ќе бидете сигурни дека електричниот алат и понатаму е безбеден.

  2. Никогаш не сервисирајте оштетени батерии. Сервисирањето на батериите треба да ги извршува само производителот или овластените сервисери.

  3. Следете ги упатствата за подмачкување и за менување на додатните делови.

Безбедносни предупредувања за безжичниот компресор

  1. При пумпање предмети, цврсто поврзете ги главата за воздух, адаптерот и вентилот. Во спротивно, може да дојде до оштетување на предметот, цревото, главата за воздух или адаптерот и може да се повредите.

  2. Пуштајте го притисокот за воздух полека. Кога ќе го отстранувате цревото по пумпање предмети, цврсто држете ги предметот, цревото и главата за воздух. Предметот, главата за воздух или адаптерот може да отскокнат поради испуштање на воздухот и да предизвикаат повреда.

  3. Не пумпајте го предметот повеće од неговиот максимален притисок. Во спротивно, може да дојде до оштетување на алатот или предметот и може да се повредите.

  4. Не користете го алатот повеće од неговиот максимальен излезен притисок. Тоа може да предизвика пукање на предметот или алатот.
  5. Пумпајте ги само оние предмети што производителот назначил дека треба да се пумпаат, како што се гуми, спортски топки или мали гуми за пловење. Пумпање други предмети може да ги оштети и да предизвика повреда.
  6. При пумпање предмети, проверете ги манометарот, статусот на алатот и предметот и проверете дали некаде истекува воздух. Во спротивно, може да дојде до оштетување на алатот или предметот и може да дојде до повреда.
  7. Кога го носите алатот, држете го за рачката. Не држете го и не извлекувајте го цревото. Алатот може да се оштети и да предизвика повреда.
  8. По пумпање на предметите, проверете го притисокот на воздухот со помош на доверлива и калибрирана опрема за мерење. Користете го манометарот на алатот само како референца.
  9. По користење на алатот 10 минути континуирано, престанете со користење 5 минути за да се излади. Не користете го алатот повеće од дозволеното континуирано време на работење. Во спротивно, алатот може да се оштети и да предизвика повреда.
  10. Не користете го алатот на песок или правлива површина. Туғи предмети може да навлезат во алатот и да предизвикаат дефект.
  11. Не насочувајте го излезот на цревото кон вас или кон други лица. Предметите може да се оддуваат и да предизвикаат повреда.
  12. Не насочувајте го излезот на цревото кон прав или слично. Правот може да се раздува и да предизвика повреда.
  13. Не пумпајте предмети со голем капацитет. Ако пумпате предмети со голем капацитет, алатот може екстремно да се загрее и да ви ја изгори кожата.
  14. Не допирајте ги алатот, цревото, главата за воздух или адаптерот веднаш по пумпањето предмети. Металните делови може да бидат многу жешки и може да ви ја изгорат кожата.
  15. Не користете го алатот со влажни раце.
  16. Осигурете дека цревото не е заплеткано. Заплетканото црево може да предизвика загуба на рамнотежа и да предизвика повреда.
  17. Никогаш не оставајте го алатот без надзор кога цревото е прикачено на предмет или за време на работењето.
  18. Не користете го алатот како уред за дишење.
  19. Не користете го алатот за прскање хемикалии. Може да ви се оштетат белите дробови од вдишување токсични испарувања.

  20. Работете се алатот на отворено најмалку 50 см подалеку од сид или предмети што може да го попречат струењето на воздухот во вентилациските отвори.

  21. Не расклопувајте го алатот.
  22. Користете само стандартни додатоци на Makita. Со користење друг прибор или додатоци може да се изложите на ризик од телесни повреди.
  23. Пред да пумпате гума, осигурете се дека нема гребнатини или напукнувања во гумата. Оштетената гума може да пукне кога е напумпана и да предизвика повреда.
  24. Додека пумпате гума, не стојте пред нејзината странична гума.

Важни безбедносни упатства за касетата за батеријата

  1. Пред користење на касетата за батеријата, прочитајте ги сите упатства и ознаки за претпазливост на (1) полначот за батеријата, (2) батеријата и (3) производот што ја користи батеријата.
  2. Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте со касетата за батеријата. Тоа може да резултира со орган, прекумерна топлина или експлозија.
  3. Ако оперативното времето станало прекумерно кратко, престанете веднаш со работа. Тоа може да резултира со ризик од прегревање, можни изгореници, па дури и експлозија.
  4. Ако електролит навлезе во вашите очи, измијте ги со чиста вода и побарајте медицинска нега веднаш. Тоа може да резултира со губење на вашиот вид.
  5. Не предизвикувајте спој на касетата за батеријата.

(1) Не допирајте ги контактите со никаков проводлив материјал.
(2) Избегнувајте да ја чувате касетата за батерија во сад со други метални предмети како што се шајки, монети и сл.
(3) На изложувајте ја касетата за батеријата на вода или дожд. Краткиот спој на батеријата може да предизвика голем проток на електрична енергија, прегревање, можни изгореници, па дури и пад на напојувањето.

  1. Не складирајте и не користете ги алатот и касетата за батеријата на места каде што температурата може да достигне или надминува 50 °C (122 °F).
  2. Не палете ја касетата за батеријата дури и кога е многу оштетена или целосно потрошена. Касетата за батеријата може да експлодира ако се стави во орган.
  3. Не заковувајте ја, сечете ја, фрлајте ја, испуштајте ја касетата за батерија, ниту удирајте ја од тврд предмет касетата за батеријата. Таквото однесување може да резултира со орган, прекумерна топлина или експлозија.

  4. Не користете оштетена батерија.

  5. Содржаните батерии со литиумови јони се подложни на условите во Правилата за опасни предмети.
    За комерцијален транспорт на пр. од трети лица и посредници, мора да се следат посебните услови на пакувањата или ознаките.
    При подготовка на предметот кој треба да се испрати, консултирајте се со експерт за опасни материјали. Исто така, следете ги потенцијално подеталните национални правила.
    Залепете ги со леплива лента или маскирајте ги отворените контакти, а батеријата спакувајте ја, така што нема да се движи слободно во пакувањето.

  6. Кога ја фрлате во отпад касетата за батеријата, извадете ја од алатот и фрлете ја на безбедно место. Почитувајте ги локалните законски прописи што се однесуваат на фрлање во отпад на батеријата.

  7. Користете ги батериите само со производите назначени од Makita. Монтирањето батерии на неусогласените производи може да резултира со пожар, прекумерна топлина, експлозија или истекување на електролитот.

  8. Доколку алатот не се користи подолг временски период, батеријата мора да се извади од алатот.

  9. Пред и по употребата, касетата за батеријата може да прими топлина што може да предизвика изгореници или изгореници од ниска температура. Внимавајте како ракувате со жешките касети за батерии.

  10. Не допирајте го терминалот на алатот непосредно по употребата бидејки може да се загрее довольно за да предизвика изгореници.

  11. Не дозволувајте деланки, прав или земја да се заглават во терминалите, отворите и жлебовите на касетата за батерија. Тоа може да резултира со слаба изведба или пад на напојувањето на алатот или касетата за батерија.

  12. Освен ако алатката не поддржува употреба на електричните далноводи со висок напон во близина, не користете ја касетата за батерија во близина на електричните далноводи со висок напон. Тоа може да резултира со дефект или пад на напојувањето на алатот или касетата за батерија.

  13. Држете ја батеријата подалеку од деца.

⚠️ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални батерии на Makita. Користењето неоригинални батерии на Makita или батерии што се изменети може да резултира со распукување на батеријата, предизвивувајки пожар, телесна повреда и оштетување. Тоа исто така ће ја поништи гаранцијата на Makita за алатот и полначот на Makita.

Совети за одржување максимален работен век на батеријата

  1. Заменете ја касетата за батеријата пред целосно да се испразни. Секогаш запирајте ја работата со алатот и заменете ја касетата за батеријата кога їе забележите дека алатот дава помала моćност.
  2. Никогаш немојте да полните целосно полна касета за батерија. Прекумерното полнење го скратува работниот век на батеријата.
  3. Полнете ја касетата за батеријата на собна температура од 10°C - 40°C. Дозволете загреаната касета за батерија да се олади пред да ја ставите на полнење.
  4. Кога не ја користите касетата за батерија, извадете ја алатот или полначот.
  5. Полнете ја касетата за батеријата доколку не ја користите подолго време (повеќе од шест месеци).

ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ

⚠️ ВНИМАНИЕ: Пред секое нагодување или проверка на алатот, проверувајте дали е исклучен и батеријата е извадена.

Монтирање или отстранување на касетата за батеријата

⚠️ ВНИМАНИЕ: Секогаш исклучувајте го алатот пред ставањето или вадењето на касетата за батеријата.

⚠️ ВНИМАНИЕ: Држете ги алатот и касетата за батеријата цврсто кога ја монтирате или вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно оштетување, како и до телесна повреда.

▶ Сл.1: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за батерија

За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете ја од алатот додека го лизгате копчето на предната страна на касетата.

За монтирање на касетата за батерија, порамнете го јазичето на касетата за батерија со жлебот во кукиштето и лизнете го во место. Вметнете ја докрај додека не се блокира во место при што ќе се слушне звук. Ако можете да го видите црвениот индикатор како што е прикажано на сликата, не е целосно блокирана во место.

⚠️ВНИМАНИЕ: Секогаш монтирајте ја касетата за батеријата целосно додека црвениот индикатор не се изгасне. Во

спротивно, може ненадејно да испадне од алатот предизвикувајки ви повреда вам или на некој другоколу вас.

⚠️ВНИМАНИЕ: Немојте да ја монтирате касетата за батеријата на сила. Ако касетата

не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е поставена правилно.

Укажување на преостанатиот капацитет на батеријата

Само за батерии со индикатор

▶ Сл.2: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за проверка

Притиснете го копчето за проверка на касетата за батеријата за укажување на преостанатиот капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички светнуват неколку секунди.

Индикаторски ламбички Преостанаткапацитет
Запалено Исклучено Трепка
MAKITA DMP180Z - Само за батерии со индикатор - 175% до 100%
MAKITA DMP180Z - Само за батерии со индикатор - 250% до 75%
MAKITA DMP180Z - Само за батерии со индикатор - 325% до 50%
MAKITA DMP180Z - Само за батерии со индикатор - 40% до 25%
MAKITA DMP180Z - Само за батерии со индикатор - 5Наполнете јабатеријата.
MAKITA DMP180Z - Само за батерии со индикатор - 6Батеријатаможеби енеисправна.
MAKITA DMP180Z - Само за батерии со индикатор - 7

НАПОМЕНА: Во зависност од условите на користење и амбиенталната температура, индикацијата може да се разликува во мала мера од реалниот капацитет.

НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на индикаторот їе трепка кога работи системот за заштита на батеријата.

Систем за заштита на алатот/батеријата

Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/ батеријата. Овој систем автоматски го прекинува напојувањето за да го продолжи работниот век на алатот и на батеријата. Алатот автоматски ќе се ислучи за време на работењето ако тој или батеријата се најдат под еден од следниве услови:

Заштита од преоптоварување

Оваа заштита работи кога со алатот/батеријата се ракува на начин што предизвигува тој да повлекува ненормално висока електрична енергија. Во оваа ситуација, исключете го алатот и прекинете ја апликацијата која предизвикала преоптоварување на алатот. Потоа, включете го алатот за да го рестартирате.

Оваа заштита работи кога алатот/батеријата се прегреани. Ламбичката трепка, а иконата за предупредување за прегревање се прикажува на манометарот. Во оваа ситуација, исключете го алатот и оставете ги алатот и батеријата да се оладат. Потоа, повторно включете го алатот.

Заштита од прекумерно празнење

Оваа заштита работи кога преостанатиот капацитет на батеријата ће дојде на ниско ниво. Во оваа ситуација, извадете ја батеријата од алатот и наполнете ја.

Прекинувач за главно напојување

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Секогаш исклучувајте го прекинувачот за главно напојување кога не се користи.

⚠️ ВНИМАНИЕ: При носење на алатот, исключете го прекинувачот за главно напојување. Во спротивно, ненамерното повлекување на прекинувачот за стартување може да предизвика повреда.

▶ Сл.3: 1. Прекинувач за главно напојување

За да го включите алатот, притиснете го прекинувачот за главно напојување. За да го исключите алатот, повторно притиснете го прекинувачот за главно напојување.

НАПОМЕНА: Овој алат има вградена функција за автоматско ислучување. За избегнување на ненамерното стартување, прекинувачот за главно напојување автоматски їе се исклучи кога прекинувачот за стартување не се повлекува определено време по вклучување на прекинувачот за главно напојување.

Вклучување

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја ставите батеријата во алатот, проверете го прекинувачот дали функционира правилно и дали се враќа во положбата „OFF“ кога ће се отпушки.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Не прикачувајте лента или слично за да го држите прекинувачот за стартување во позиција „ON“.

За вклучување на алатот, едноставно повлечете го прекинувачот за стартување. Отпуштете го прекинувачот за стартување за да сопре.

▶ Сл.4: 1. Прекинувач

Манометар

▶ Сл.5

1 Икона запредупредување за прегревање
2 Режим на пумпање
3 Копче [-]
4 Копче [M]
5 Копче [+]
6 Индикатор за напредок на пумпањето
7 Вредност на тековниот притисок
8 Вредност на целниот притисок
9 Единица за вредност на притисокот

Ако предметот што треба да се пумпа е поврзан со алатот, вредноста на тековниот притисок на предметот се прикажува на манометарот кога єе го включите алатот. Ако ништо не е поврзано на алатот, манометарот прикажува „0“.

Манометарот исто така ја прикажува вредноста на целниот притисок, единицата за вредност на притисокот и режимот на пумпање. Тие се исти како и последниот пат.

Кога єе започне пумпањето, се прикажува индикатор за напредок на пумпањето. Пумпањето завршува кога индикаторот за напредок на пумпањето е дојде до десниот крај.

Поставување на вредноста на целниот притисок

Притиснете го копчето [M] и изберете ја единицата за вредност на притисокот. Единицата за вредност на притисокот се менува секојпат кога ќе го притиснете копчето [M]. Може да изберете една од следниве единици: PSI, BAR или KPA. За да ја зголемите вредноста на целниот притисок, притиснете го копчето [+]. За да ја намалите вредноста на притисокот, притиснете го копчето [-]. Може да ја поставите вредноста на целниот притисок помећу 35 kPa (5 PSI) и 1.100 kPa (160 PSI).

Поставување на режимот на пумпање

Притиснете го копчето [M] 3 секунди. Режимот на пумпање се менува секојпат кога їе го притиснете и држите копчето [M]. Може да изберете еден од следниве режими.

НАПОМЕНА: Осигурете се дека сте го избране режимот на топка кога пумпате топка со игла за спортски топки. Доколку изберете друг режим, пумпањето нема да може да се изврши правилно.

НАПОМЕНА: Осигурете се дека сте го избране режимот со мала брзина кога пумпате предмет со адаптер за англиски вентил. Доколку изберете друг режим, пумпањето нема да може да се изврши правилно.

Вклучување на предната ламба

Кога ќе го включите алатот со притискање на прекинувачот за главно напојување, ламбичката се вклучува. Кога ќе го исклучите алатот со притискање на прекинувачот за главно напојување, ламбичката се исклучува.

▶ Сл.6: 1. Ламба 2. Прекинувач за главно напојување

⚠️ ВНИМАНИЕ: Не гледајте директно во светлината или во изворот на светлина.

ЗАБЕЛЕШКА: Кога алатот е прегреан, ламбичката трепка. Исключете го алатот и оставете го да се олади пред да работите повторно со него.

НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја избришете нечистотијата од леката на ламбата. Внимавајте да не ја изгребете леката на ламбата затоа што тоа може да го намали осветлувањето.

Складирање на адаптерот

Адаптерите може да се чуваат во држачот за адаптери на алатот. Вметнете ја иглата за спортска топка во адаптерот за преста-вентилот пред да ги прикачите на држачот за адаптери.

▶ Сл.7: 1. Игла за спортски топки 2. Адаптер за преста-вентил 3. Држач на адаптерот
4. Конусен адаптер

Складирање на цревото

Цревото може да се прикачи на држачот за црево на алатот.

▶ Сл.8: 1. Држач за црево 2. Црево

Копче за отпуштање на воздухот

ЗАБЕЛЕШКА: Кога адаптерот за англиски вентил е поставен на алатот, воздухот не излегува дури и кога їе го притиснете копчето за отпуштање на воздухот.

Кога предметот ке се напумпа премногу, притиснете го копчето за отпуштање на воздухот.

▶ Сл.9: 1. Копче за отпуштање на воздухот

РАБОТЕЊЕ

НАПОМЕНА: Стандардните адаптери варираат во зависимост од земјата.

Користење на адаптерот за англискиот вентил

ЗАБЕЛЕШКА: Осигурете се дека сте го избране режимот со мала брзина кога пумпате предмет со адаптер за англиски вентил.

Доколку изберете друг режим, пумпањето нема да може да се изврши правилно.

  1. Вметнете го адаптерот за англискиот вентил во главата за воздух.
  2. Прикачете го адаптерот за англискиот вентил на телото на вентилот додека го отворате адаптерот за англиски вентил.

▶ Сл.10: 1. Адаптер за англиски вентил 2. Глава за воздух 3. Тело на вентилот

  1. Включете го алатот.

  2. Пумпајте ја гумата со повлекување на прекинувачот за стартување додека го проверувате статусот на гумата.

ЗАБЕЛЕШКА: Кога го користите адаптерот за англискиот вентил, манометарот нема да прикажува точна вредност поради карактеристиките на вентилот. Кога пумпате гума, не користете ја вредноста на манометарот, туку пумпајте проверувајки ја сostoјбата на гумата.

Ако алатот сопре пред да се постигне саканиот притисок во гумата, нагодете ја вредноста на притисокот, а потоа повторно пумпајте.

Користење на адаптерот за американски (шрадер) вентил

  1. Прикачете ја главата за воздух на телото на вентилот.
    ▶ Сл.11: 1. Тело на вентилот 2. Глава за воздух
  2. Включете го алатот, а потоа поставете ја вредноста на притисокот што е соодветна за гумата со помош на манометарот.
  3. Продолжете да го влечете прекинувачот за стартување додека алатот не сопре. Гумата е напумпана до назначениот притисок.

Користење на адаптерот за преста-вентил

  1. Олабавете ја навртката за блокирање на телото на вентилот.
    ▶ Сл.12: 1. Навртка за блокирање
  2. Прикачете го адаптерот за преста-вентилот на телото на вентилот, а потоа прикачете ја главата за воздух на адаптерот за преста-вентилот.
    ▶ Сл.13: 1. Адаптер за преста-вентил 2. Тело на вентилот 3. Глава за воздух

  3. Включете го алатот, а потоа поставете ја вредноста на притисокот што е соодветна за гумата со помош на манометарот.

  4. Продолжете да го влечете прекинувачот за стартување додека алатот не сопре. Гумата е напумпана до назначениот притисок.
  5. Отстранете ги главата за воздух и адаптерот за преста-вентилот, а потоа затегнете ја навртката за блокирање.

Користење на иглата за спортски топки

ЗАБЕЛЕШКА: Осигурете се дека сте го избрале режимот на топка кога пумпате топка со игла за спортски топки. Доколку изберете друг режим, пумпањето нема да може да се изврши правилно.

За пумпање спортски топки, користете ја иглата за спортски топки.

  1. Прикачете ја иглата за спортски топки на главата за воздух.
    ▶ Сл.14: 1. Глава за воздух 2. Игла за спортски топки
  2. Вметнете ја иглата за спортски топки во отворот на топката.
  3. Включете го алатот.
  4. Поставете го режимот на пумпање во режим на топка и поставете ја соодветната вредност на притисокот за топката со манометарот.
  5. Продолжете да го влечете прекинувачот за стартување додека алатот не сопре. Топката е напумпана до назначениот притисок.

Користење на конусниот адаптер

⚠️ ВНИМАНИЕ: Внимавајте да не ја напумпате премногу гумата за пловење.

За пумпање гуми за пловење, користете го конусниот адаптер.

  1. Прикачете го конусниот адаптер на главата за воздух.
    ▶ Сл.15: 1. Глава за воздух 2. Конусен адаптер
  2. Вметнете го конусниот адаптер во отворот на гумата за пловење.
  3. Включете го алатот.
  4. Пумпајте ја гумата за пловење со повлекување на прекинувачот за стартување додека го проверувате статусот на гумата за пловење.

ЗАБЕЛЕШКА: Кога пумпате гума за пловење не погледнувајте во вредноста на тековниот притисок на манометарот. Манометарот не прикажува вредност на тековниот притисок кога притисокот на гумата за пловење е помал од 35 kPa (5 PSI).

ОДРЖУВАЊЕ

⚠️ВНИМАНИЕ: Пред секоја проверка или одржување, секогаш проверувајте дали алатот е ислучен и касетата за батеријата е извадена.

ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или лично. Тие средства ја вадат бојата и може да предизвикаат деформации или пукнатини.

За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на производот, поправките, одржувањата или дотерувањата треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.

ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР

⚠️ВНИМАНИЕ: Овој прибор или додатоци се препорачуваат за користење со алатот од Makita дефиниран во упатството. Со користење друг прибор или додатоци може да се изложите на ризик од телесни повреди. Користете ги приборот и додатоците само за нивната назначена намена.

Ако ви треба помош за повеće детали за приборот, прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.

НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се включени со алатот како стандарден прибор. Тие може да се разликуват од држава до држава.

ТЕХНИЧКИ ПОДАЦИ

Црево може да се одложи на држач црева на алату.

  1. Олабавите сигурносни навртањ на осовини вентила.

▶ Слика12: 1. Сигурносни навртањ

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MAKITA

Модел : DMP180Z

Категорија : Компресор