Vitamix Ascent A3500i - Блендер

Ascent A3500i - Блендер Vitamix - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Ascent A3500i Vitamix во PDF формат.

📄 160 страници Македонски MK 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice Vitamix Ascent A3500i - page 105
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Vitamix

Модел : Ascent A3500i

Категорија : Блендер

SKIP

Frequently Asked Questions - Ascent A3500i Vitamix

Преземете ги упатствата за вашиот Блендер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Ascent A3500i - Vitamix и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Ascent A3500i на марката Vitamix.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Ascent A3500i Vitamix

Vitamix ANZ Pty Limited 167 King St Newcastle NSW 2300 Austrálie Tel. č.: 1 800 766437 (AUS) Tel. č.: 050 853 0697 (NZ) www.vitamix.com.au www.vitamix.co.nzблендери со Високи перф о рма н с и A3300i и A3500i Серија Ascent Be Inspiredvitamix.com VM0185 си мб О л и сп ец и ф и к а ци и Напон: 220-240 V Висина (со сад од 64 унци (2 л) на базата): 17 инчи (43,18 см) Фреквенција: 50 - 60 Hz Ширина: 8 инчи (20,32 см)Вати: 1200-1400 W Длабочина: 11 инчи (27,94 см)I/O Вклучување/Исклучување Старт/СтопПулсирањеСимболи за програми (одговараат на рецептите од Vitamix) - Забелешка: Ascent A3300i нема програми Напитоци Замрзнати десерти Супи ПреливиСамостојно чистење VM0195C VM0195 Некои модели не се достапни во сите земји• Фреквентен опсег за пренос преку Bluetooth = 2402–2480 MHz/Максимална радиофреквентна моќност = 0,001 W• Работна фреквенција за комуникација со блиско поле = 13,56 MHz

  • Со овој документ, Vita-Mix Manufacturing Corporation изјавува дека овој производ е во согласност со Директивата 2014/53/ЕУ. Целосниот текст на Изјавата за сообразност на ЕУ се наоѓа на следниве интернет-адреси: https://www.vitamix.com/Corporate-Information/Corporate-Policies/EU-Declaration-of-Conformity https://www.vitamix.co.uk/Corporate-Information/Corporate-Policies/EU-Declaration-of-Conformity https://www.vitamix.de/Informationen-zum-Unternehmen/Unternehmensgrundsaetze/EU-Declaration-of-Conformity

Промените или измените кои не се изречно одобрени од одговорните органи за усогласеност може да го поништат овластувањето на корисникот за работа со оваа опрема. Предупредување и вниманиеНИКОГАШ не допирајте ги деловите што се движат. Држете ги рацете и приборот надвор од садотОпасност од струен ударВисока температура кога блендирате жешки течностиИсклучете го од струја кога не го користите, пред чистење и менување на додатоците или кога ги допирате деловите што се движат при употребаКористете го со капакот и малиот капак поставени на местоПрочитајте го и разберете го упатството за употребаНЕ потопувајте го Деловите ќе се загреат кога се користат подолго. НЕ допирајте ја вртливата основа во базата на моторот, ниту спојката со жлебови во механизмот со сечилоНЕ користете ја чашата од 20 унци (0,6 л) или од 8 унци (240 мл) за да загревате состојки или за да блендирате жешки течности. За да избегнете штета или лична повреда, НЕ користете ги чашите (вклучувајќи ги основата на сечилата и капаците) во микробранова печка.106 Ва ж н и у п аТс Т В а з а б е з б е д н а у п О Т р е б а ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да го избегнете ризикот од сериозна повреда при користењето на блендерот Vitamix®, треба да ги следите основните мерки на претпазливост, вклучувајќи ги и следните. ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УПАТСТВА, БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА ПРЕД ДА РАБОТИТЕ СО БЛЕНДЕРОТ. 1. Прочитајте ги сите упатства.2. Не користете го блендерот за други намени освен за таа за којашто е наменет.3. Овој апарат не е наменет за употреба од или во близина на деца или лица со намалени психички, сетилни или ментални способности или со недостаток на искуство или знаење. Неопходен е непосреден надзор кога кој било блендер се употребува од деца или немоќни лица, или во нивна близина. Децата треба да бидат под надзор за да не си играат со блендерот.4. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да избегнете случајно вклучување, исклучете го уредот и исклучете го кабелот од штекер кога не го користите, пред ставање или вадење на деловите и пред чистење.5. ВНИМАНИЕ: За да се избегне опасноста од случајно ресетирање на термалната склопка, блендерот не смее да добива напојување преку надворешен уред-прекинувач, како што е тајмер и не смее да биде поврзан на струјно коло што редовно се вклучува и исклучува од апаратот.6. За да се заштитите од ризик од струен удар, не ставајте ја базата на блендерот во вода или во друга течност.7. Секогаш проверувајте дали блендерот е ИСКЛУЧЕН пред да го вклучите приклучокот во штекерот. За да го исклучите од штекерот, исклучете го блендерот и извадете го приклучокот од штекерот.8. Осветлените икони и бројки на контролната табла покажуваат дека блендерот е подготвен за работа. Избегнувајте случаен контакт со екранот на допир.9. Избегнувајте контакт со деловите што се движат. 10. Не ракувајте со ниту еден блендер кој има оштетен кабел или приклучок или откако блендерот имал дефект, бил испуштен или оштетен на друг начин. Веднаш контактирајте со Службата за корисници на Vitamix на телефонските броеви 1.800.848.2649 или 1.440.235.4840 или адресата на е-пошта service@vitamix.com за проверка, поправка, замена или приспособување. Ако е купен надвор од САД или Канада, контактирајте со локалниот продавач на Vitamix.

11. Во кујната може да имате заштитни осигурувачи. Побарајте ги во штекерите во близина на

мијалниците. Ако блендерот не сака да работи, исклучете го. Ресетирајте го штекерот или заштитниот осигурувач. Ако заштитниот осигурувач продолжи да се исклучува, исклучете го блендерот од штекерот. Оставете го блендерот да мирува 24 часа пред да се обидете да го користите повторно. Контактирајте со Службата за корисници на Vitamix ако проблемот продолжи да се јавува.12. Промената или измената на кој било дел или компонента од блендерот, вклучувајќи и користење на кој било дел или делови што не се оригинални и одобрени од Vitamix може да предизвика пожар, струен удар или повреда и ќе ја поништи гаранцијата.13. Употребата на додатоци што не се стриктно одобрени или продадени од Vitamix за употреба со овој блендер, вклучувајќи и тегли за конзервирање, може да предизвика пожар, струен удар или повреда. Тоа ќе ја поништи гаранцијата.14. Не користете го надвор. 15. Не дозволувајте кабелот да виси преку работ од масата или пултот.

16. Не ставајте ги базата на моторот или садот на или во близина на топол шпорет на гас или

електричен шпорет, во или на загреана рерна.17. Држете ги рацете и приборот надвор од садот додека блендирате за да го намалите ризикот од повреда на лица или оштетување на блендерот. Може да се користи гумена стругалка или шпатула, но само кога блендерот не работи. 18. Доставената мешалка мора да се користи само кога е ставен главниот дел од капакот. 19. Сечилата се остри. Многу внимателно исчистете околу механизмот со сечило во садот за да не се повредите. За да го намалите ризикот од повреда, никогаш не поставувајте го механизмот со сечило на базата на моторот освен ако не е составен со садот на Vitamix.20. Треба да се внимава при работата со острите сечила, при празнењето на садот и при чистењето.21. Не оставајте други предмети, како што се лажици, виљушки, ножеви или малиот капак во садот затоа што тоа ќе ги оштети сечилата и другите делови при стартувањето на блендерот и може да предизвика повреда.22. Никогаш не обидувајте се да го вклучите блендерот со оштетени сечила. 23. Никогаш не обидувајте се да го вклучите блендерот без подлогата за центрирање.24. Секогаш користете го блендерот со капакот и малиот капак поставени цврсто на место. Отстранете го малиот капак само за да додадете состојки и да ја користите мешалката.

25. НЕ отстранувајте го капакот кога сечилата ротираат. Отстранете го малиот капак само за да

додадете состојки и да ја користите мешалката. Ако капакот се отстрани додека апаратот работи, базата на моторот ќе запре и нема да работи сè додека капакот и малиот капак не се стават на садот.26. НЕ оштетувајте го механизмот за затворање на капакот.

27. Не полнете ги садот од 64 унци (2 л), чашата од 20 унци (0,6 л) или садот од 8 унци (240 мл)

над означената линија за максимален капацитет за да избегнете ризик од повреда поради оштетување на капакот и садот.

28. Бидете внимателни кога блендирате жешка течност или состојки во големиот сад од 64 унци

(2 л) затоа што прскањето или пареата што излегува може да предизвикаат изгореници. Секогаш почнувајте со обработка со најниска брзина, а контролата за променлива брзина поставена на 1. Држете ги рацете и непокриената кожа подалеку од отворот на капакот за да избегнете можни изгореници.

29. НЕ користете ја чашата од 20 унци (0,6 л) или од 8 унци (240 мл) за да загревате состојки или за

да блендирате жешки течности. Загреаните состојки и течности може да создадат внатрешен притисок што може да доведе до распрснување на садот и да предизвика повреда.30. НЕ користете го апаратот без прекин подолго од 75 секунди кога блендирате со чаша и основата на сечилата.

31. Ако чашата стане топла на допир, ако се замагли или ако излегува пареа од неа, веднаш

престанете со блендирањето на состојките и исклучете го блендерот или извадете го кабелот од штекерот. Оставете ги чашата и состојките да се изладат до собна температура пред да ја отстраните основата на сечилата.32 НЕ користете ги чашите (ниту основата на сечилата или капаците) во микробранова печка.33. Кога правите путер од јаткасти плодови или мрсна храна, не обработувајте ја подолго од една минута откако мешавината ќе започне да циркулира во садот. Обработувањето подолго време може да предизвика опасно прегревање.34. Уверете се дека садот или чашата и основата на сечилата се порамнети со подлогата за центрирање за да бидете сигурни дека спојката со жлебови е прицврстена на вртливата основа пред да го користите блендерот.35. Не заборавајте да ја користите гумичката на основата на сечилата и да ја прицврстите чашата правилно на основата на сечилата пред да блендирате.

36. Никогаш не ставајте ја основата на сечилата на основата на моторот без прицврстена чаша.

37. Блендерот ќе се ресетира во случај на проблем со напојувањето и бројачот ќе се ресетира

на „0“. Ова е нормално однесување на овој блендер за да се избегне опасност ако се користи според намената. Тајмерот е само за референца за корисникот и не се смета за неопходна функција за работата на блендерот.ВАЖНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНА УПОТРЕБА Овој производ е наменет САМО ЗА КОРИСТЕЊЕ ВО ДОМАЌИНСТВАТА и не е наменет да се користи за комерцијалницели. Не оставајте го блендерот Vitamix без надзор додека работи. Секоја поправка, сервисирање или замена на делови мора да ја изврши Vitamix или овластен претставник за сервисирање на Vitamix. НАПОМЕНА: НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА КОИ БИЛО ОД ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ И ВАЖНИТЕ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНА УПОТРЕБА ПРЕТСТАВУВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВАШИОТ БЛЕНДЕР VITAMIX КОЈА МОЖЕ ДА ЈА ПОНИШТИ ГАРАНЦИЈАТА И ДА ДОВЕДЕ ДО РИЗИК ОД СЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За да избегнете повреда. Прочитајте го и разберете го упатството за употреба пред да започнете со користење на апаратот. ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од струен удар. Користете само заземјен штекер.НЕ отстранувајте го заземјувањето. НЕ користете адаптер. НЕ користете продолжен кабел.Секогаш исклучувајте го кабелот од струја кога ја чистите базата на моторот или кога не го користите блендерот.Не ставајте ја базата на моторот во вода или друга течност.Непочитувањето на упатствата може да предизвика смрт или струен удар.107 де л О В и и к а ра к Т е р и с Т и к и

Копче за вклучување/ исклучување Контролна табла на A3500i

Технологија – Блендерот, садовите и чашите комуницираат преку безжична технологија. Секој сад е програмиран да работи на базата за оптимални резултати според неговата големина и функционалност. Стари садови од Vitamix – Старите садови од Vitamix нема да работат со базата на блендерот Ascent. Стари апарати се серијата C, серијата G и серијата S на Vitamix. За повеќе информации за производите на Vitamix, посетете ја vitamix.com. Копче за вклучување/исклучување (I/O) - Копчето за вклучување/исклучување (I/O) се наоѓа на десната страна од базата. Копчето за вклучување/исклучување го контролира напојувањето на апаратот. Режим на мирување - Блендерот ќе влезе во режим на мирување ако контролната табла не се користи 60 секунди. Екранот ќе се затемни, а на контролната табла ќе се прикаже вртлог. Допрете некоја икона или свртете го тркалцето за брзина на контролната табла за да излезе од режимот на мирување. Работа со два допира - Контролната табла е дизајнирана да бара две интеракции на контролите за да го активира циклусот на блендирање. Откривање сад - Овој симбол ќе се прикаже на контролната табла додека на базата на блендерот не се постави сад со капак. Блендерот нема да работи додека садот со правилно прикачен капак не се постави на базата на моторот. На контролната табла ќе се прикаже променлива брзина 1 кога ќе биде подготвен за користење. Старт/Стоп ( I ) - Запрете го блендерот во секое време со притискање Старт/Стоп ( I ) Контрола за променлива брзина - Контролата за променлива брзина ви дава рачна контрола од променлива брзина 1 (најбавна) до 10 (најбрза). Пулсирање ( ) - Кога ќе се притисне, сечилата ќе ротираат со брзината прикажана на контролната табла. Користење на тајмерот - Тајмерот ќе почне да брои нагоре кога се користи променлива брзина додека не се притисне копчето за Старт/Стоп. Секој сад е програмиран со одредено максимално време на работа. Блендерот ќе се исклучи автоматски кога ќе го достигне максималното време на работа. Програмирање време за блендирањето: оваа функција е достапна само кога се користи променлива брзина. Времињата на програмите не можат да се менуваат со функцијата за тајмер. Оваа функција ќе одбројува од поставеното време и блендерот ќе се исклучи автоматски. Притиснете ја иконата + за да го зголемите времето на блендирање. За да го намалите времето, притиснете ја иконата -. Иконите + и - не работат за време на блендирањето. За да го прекинете, притиснете Старт/Стоп. Програми - Иконите се наведени во рецептите на Vitamix. Блендерот ќе запре автоматски на крајот од програмата. Програмите можат да се прекинат со притискање на Старт/Стоп во секое време. Времињата на програмите не можат да се менуваат со функцијата за тајмер. Кога ќе се притисне Старт/Стоп во текот на некоја програма, блендерот ќе запре и ќе се прикаже променлива брзина 1. Ако сакате да активирате некоја програма, изберете ја програмата и притиснете Старт/Стоп. Напитоци Замрзнати десерти Супи Сосови и преливи Самостојно чистење Кодови за грешка - Ако забележите код за грешка на екранот, запишете ги броевите што се покажуваат на екранот по кодот за грешка. Повикајте ја Службата за корисници на Vitamix или продавачот за да ви помогнат да го решите проблемот. Мотор - Моторот е направен да се заштити од прегревање. Ако блендерот не започне веднаш, проверете дали сте го вклучиле во штекер и дали копчето за вклучување/исклучување е поставено на вклучување. Ако моторот се прегрее, оставете го да се излади околу 20-45 минути. Совети за да спречите „преоптоварување“ на блендерот:

  • Обработувајте само рецепти од Vitamix додека учите да го користите блендерот.
  • Не обработувајте рецепти на помали брзини од препорачаните.
  • Не обработувајте рецепти на поголеми брзини од препорачаните.
  • Не обработувајте рецепти подолго од препорачаното.
  • Користете ја мешалката за да обработувате погусти мешавини и за да овозможите движење на состојките околу и низ сечилата. Мешалка - Капаците и мешалките не може да се користат кај различни стилови, типови и големини на садови. Користете ја мешалката што била доставена со блендерот. Садот не смее да се полни повеќе од две третини кога се користи мешалка при блендирањето. За да избегнете прегревање, НЕ користете ја мешалката подолго од 30 последователни секунди.108 Сад, капак, мал капак и мешалка

Достапни се додатоци за креативно создавање рецепти. Посетете го vitamix.com за понуда на производи и инспирација.Сад од 64 унци (2 л)Дводелен капак Подлога за центрирање МешалкаКапак ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НЕ користете ја чашата од 20 унци (0,6 л) или од 8 унци (240 мл) за да загревате состојки или за да блендирате жешки течности. Загреаните состојки и течности може да создадат внатрешен притисок што може да доведе до распрснување на садот и да предизвика повреда. НЕ користете го апаратот без прекин подолго од 75 секунди кога блендирате со чаша и основата на сечилата. Ако чашата стане топла на допир, ако се замагли или ако излегува пареа од неа, веднаш престанете со блендирањето на состојките и исклучете го блендерот или извадете го кабелот од штекерот. Оставете ги чашата и состојките да се изладат до собна температура пред да ја отстраните основата на сечилата. Оставете ги чашата и состојките да се изладат до собна температура пред да ја отстраните основата на сечилата. Деловите ќе се загреат кога се користат подолго. НЕ допирајте ја вртливата основа во базата на моторот, ниту спојката со жлебови во основата на сечилата. За да избегнете штета или лична повреда, НЕ користете ги чашите (вклучувајќи ги основата на сечилата и капаците) во микробранова печка.

Ротирачките сечила може да предизвикаат оштетување.Капаците и мешалките не може да се користат кај различни стилови, типови и големини на садови. Користете ја мешалката што била доставена со блендерот. де л О В и и к а ра к Т е р и с Т и к и

  • Секогаш користете ги капакот и малиот капак кога блендерот работи.• Никогаш не користете го блендерот без да проверите дали капакот е безбедно прицврстен.• На малиот капак има ознаки за да може да се користи како мерилка.
  • Ставете го малиот капак во отворот на капакот. Прицврстете го така што ќе го свртите надесно. За да го извадите, свртете го налево и подигнете го.• Извадете го малиот капак за да ја користите мешалката или за да додадете состојки.• Старите садови од Vitamix (серии C, G и S) нема да работат на базата од блендерот Ascent.Јазиче (порамнето со устинката на садот)Устинка на сад109 бл е н д и ра њ е ВАЖНО! Секогаш користете го капакот и малиот капак на големиот сад кога блендерот работи. Никогаш не користете го блендерот без да проверите дали капакот и малиот капак се безбедно прицврстени. По блендирањето, почекајте додека сечилата не запрат сосема пред да го извадите капакот или садот/чашата од базата на блендерот.

1. Копчето за вклучување/исклучување се наоѓа на десната страна од базата. Притиснете го копчето за

вклучување/исклучување на положба вклучено (I). Откако блендерот ќе се вклучи, на контролната табла ќе се појави „Vitamix“. Симболот ќе се прикаже на контролната табла кога на базата на блендерот

2. Наполнете го садот според рецептот или според редоследот на полнење прикажан подолу.

Големи садовиТечностиСуви состојкиЛиснат зеленчукОвошје и зеленчукМраз и замрзнати состојки Чаша од 20 унци (0,6 л) ТечностиСуви состојкиЛиснат зеленчукОвошје и зеленчукМраз и замрзнати состојки ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За да избегнете можни изгореници, никогаш не започнувајте со брзини над 1 кога обработувате жешки течности во голем сад. Пареата што излегува, истекувањата или содржината можат да ве попарат. Секогаш започнете со променлива брзина 1, апотоа полека зголемувајте до 10. НЕ користете ја чашата од 20 унци (0,6 л) или од 8 унци (240 мл) за да загревате состојки или за да блендирате жешки течности. Загреаните состојки и течности може да создадат внатрешен притисок што може да доведе до распрснување на садот и да предизвика повреда. НЕ користете го апаратот без прекин подолго од 75 секунди кога блендирате со чаша и основата на сечилата. Ако чашата стане топла на допир, ако се замагли или ако излегува пареа од неа, веднаш престанете со блендирањето на состојките и исклучете го блендерот или извадете го кабелот од штекерот. Оставете ги чашата и состојките да се изладат до собна температура пред да ја отстраните основата на сечилата. Деловите ќе се загреат кога се користат подолго. НЕ допирајте ја вртливата основа во базата на моторот, ниту спојката со жлебови во основата на сечилата. За да избегнете штета или лична повреда, НЕ користете ги чашите (вклучувајќи ги основата на сечилата и капаците) во микробранова

Забелешка: чашите и садовите што се спомнати овде се дополнителни додатоци за блендерите Ascent. За повеќе информации, посетете ја www.vitamix.com.

3. Направете нешто од следново:

  • Големи садови - Ставете го капакот на садот. Порамнете едно јазиче од капакот со устинката на садот за да овозможите правилно порамнување на капакот и гумичката. Притиснете го капакот додека двете јазичиња не се прицврстат на работ од садот. Ставете го малиот капак. Свртете го малиот капак надесно за да се прицврсти.
  • Чаши - Ставете гумичка на долниот навој од основата на сечилата. Гумичката треба да легне правилно и еднакво на навојот. Најдете ги двете стрелки на основата на сечилата. Навртете ја основата на сечилата на чашата надесно и порамнете ги стрелките во рамките на опсегот означен на чашата. НЕ стегајте го премногу.

4. Ставете го садот (или чашата и основата на сечилата) на базата од блендерот. Кога ќе се открие сад/чаша

и блендерот е подготвен за работа, ќе се прикаже променлива брзина 1.

5. Направете нешто од следново:

  • За да ги користите променливите брзини: а. Свртете ја контролата за променлива брзина налево додека на контролната табла не се појави променлива брзина 1. б. За да одредите време на блендирање, користете ги иконите +/- на контролите. в. Притиснете Старт/Стоп. Сечилата ќе почнат да се вртат, а тајмерот ќе ги брои минутите и секундите додека се обработува мешавината. г. Вртете ја контролата за променлива брзина помеѓу 1 и 10 при блендирањето за да ја зголемите или намалите брзината на сечилата. д. На крајот од блендирањето, свртете ја контролата за променлива брзина налево додека не се прикаже променлива брзина 1, па притиснете Старт/Стоп.
  • За да ги користите програмите: Забелешка: програмата за супа не е достапна за користење со чашите. НЕ блендирајте жешки течности во чашите. а. Притиснете ја иконата за саканата програма. (На контролната табла ќе се прикажат стандардното време на програмата и поставката за променлива брзина). б. Притиснете Старт/Стоп за да ја стартувате програмата. (Блендерот автоматски ќе запре на крајот од програмата.) Притиснете Старт/Стоп во секое време за да ја прекинете програмата.

6. Ако мешавината престане да циркулира:

  • Големи садови - Ставете ја мешалката низ отворот на малиот капак и мешајте додека не излезе вишокот воздух. Ако ова не функционира, притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите моторот. Тргнете го садот од базата на блендерот и користете гумена шпатула за да ги истиснете воздушните меури настрана од сечилата. Додајте течност ако е потребно. Ставете ги големиот и малиот капак. Вратете го садот на базата на блендерот и продолжете со блендирањето.
  • Чаши - Притиснете Старт/Стоп за да го запрете моторот. Почекајте додека сечилата не престанат да ротираат. Извадете ги чашата и основата на сечилата од базата на блендерот. Превртете ја чашата. Одвртете ја основата на сечилата од чашата. Промешајте ги состојките. Додајте течност ако е потребно. Повторно прицврстете ја основата на сечилата, ставете ја на базата на блендерот и продолжете со блендирањето. Забелешка: состојките за чашите треба да се ставаат по обратен редослед од редоследот за големите садови. НЕ блендирајте жешки течности во чашата од 0,6литри! ОпсегОпсег110 Гр и ж а и ч и с Т е њ е Самостојно чистење: (чаша од 20 унци (0,6 л) или сад од 8 унци (240 мл))

1. Наполнете го садот до половина со вода и додајте неколку капки течен детергент за миење садови.

НЕ БЛЕНДИРАЈТЕ ЖЕШКА ВОДА. 2. Ставете гумичка на долниот навој од основата на сечилата. Гумичката треба да легне правилно и еднакво на навојот. Навртете ја основата на сечилата на чашата вртејќи надесно додека не се стегне. 3. Ставете ги чашата и основата на сечилата на базата.4. Притиснете Старт / Стоп. Полека зголемувајте ја променливата брзина до 10.5. Пуштете го апаратот да работи од 30 до 60 секунди.6. Свртете ја контролата за променлива брзина до 1. Притиснете Старт / Стоп.7. Исплакнете ги и исушете ги сите делови.За дезинфекција: (белило) (чаша од 20 унци (0,6 л) или сад од 8 унци (240 мл))1. Следете ги упатствата за чистење погоре.2. Наполнете го садот до половина со вода и 1/2 лажиче течно белило. НЕ БЛЕНДИРАЈТЕ ЖЕШКА ВОДА. 3. Ставете гумичка на долниот навој од основата на сечилата. Гумичката треба да легне правилно и еднакво на навојот. Навртете ја основата на сечилата на чашата вртејќи надесно додека не се стегне. 4. Ставете ги чашата и основата на сечилата на базата.5. Притиснете Старт / Стоп.6. Полека зголемувајте ја променливата брзина до 10.7. Пуштете го апаратот да работи од 30 до 60 секунди.8. Свртете ја контролата за променлива брзина до 1. Притиснете Старт / Стоп.9. Оставете ја мешавината да отстои во садот уште 1 ½ минута.

10. Истурете ја мешавината со белило. Оставете го садот да се исуши на воздух. Не плакнете го по дезинфицирањето.

Дезинфекција на чашата од 20 унци (0,6 л) или садот од 8 унци (240 мл) со оцет (минимум киселост од 5%): Забелешка: Ако киселоста е поголема, количеството на вода може да се зголеми за да се добие раствор од минимум 2,5%. На пример, за киселост од 10% користете 1 дел оцет и 3 дела вода.1. Следете ги упатствата за чистење погоре. 2. Во садот, наполнете 5 унци (150 мл) вода и 5 унци (150 мл) бел оцет (2 унци (600 мл) вода и 2 унци (600 мл) бел оцет). НЕ БЛЕНДИРАЈТЕ ЖЕШКА ВОДА. 3. Ставете гумичка на долниот навој од основата на сечилата. Гумичката треба да легне правилно и еднакво на навојот. Навртете ја основата на сечилата на чашата вртејќи надесно додека не се стегне. Ставете ги чашата и основата на сечилата на базата.4. Користење на променливата брзина:а. Притиснете Старт / Стоп.б. Полека зголемувајте ја променливата брзина до 10.в. Пуштете го апаратот да работи 60 секунди.г. Свртете ја контролата за променлива брзина до 1. Притиснете Старт / Стоп.5. Оставете ја мешавината да отстои во садот уште 4 минути (вкупно 5 минути време на контакт).

6. Истурете ја мешавината со оцет. Оставете го садот да се исуши на воздух. Не плакнете го по дезинфицирањето.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од струен удар.Секогаш исклучувајте го кабелот од струја кога ја чистите базата на блендерот или кога не го користите.Не ставајте ја базата на блендерот во вода или друга течност.Непочитувањето на упатствата може да предизвика смрт или струен удар. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За да избегнете повреда и оштетување.За да избегнете случајно вклучување, исклучете го и исклучете го блендерот од струја пред чистење.ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА: 1. Избришете ја базата со топла, мокра крпа, па избришете ја со сува, мека крпа. Измијте ги садот, чашите, капаците, малиот капак и мешалката со топла вода со детергент. Исплакнете ги сите делови. Избришете ги со сува, мека крпа.

2. Изберете место на работната површина што е рамно, суво и чисто. Вклучете го блендерот во заземјен штекер со три игли.

Забелешка: садот Vitamix е направен да може да се чисти целосно без отстранување на завртката за прицврстување и механизмот со сечило. НЕ обидувајте се да ги отстраните завртката за прицврстување и механизмот со сечило од садот. Нашите постапки за Нормално чистење и дезинфекција или миењето во машина за садови обезбедуваат целосно и детално чистење на садот и неговите делови. Ако садот е оштетен, не користете го. ВЕДНАШ контактирајте со Службата за корисници на Vitamix.Грижа и чистење на големите садови:За чистење:

1. Наполнете го садот до половина со топла вода и додајте неколку капки течен детергент за миење садови.

2. Прицврстете го или наместете го комплетниот дводелен капак во заклучена позиција. 3. Направете една од следниве постапки:• Променлива брзина: а. Притиснете Старт / Стоп. б. Полека зголемувајте ја променливата брзина до 10. в. Пуштете го апаратот да работи од 30 до 60 секунди. г. Свртете ја контролата за променлива брзина до 1.

  • Модел A3500i, притиснете ја иконата за Самостојно чистење ( ) за да изберете. Притиснете Старт/Стоп. Програмата автоматски ќе запре кога ќе заврши.4. Исплакнете ги и исушете ги сите делови.За дезинфекција: (белило) (големи садови)

1. Следете ги упатствата за чистење погоре.

2. Наполнете го садот до половина со вода и 1 ½ лажиче течно белило.

3. Прицврстете го или наместете го комплетниот дводелен капак во заклучена позиција.

4. Направете една од следниве постапки:

  • Променлива брзина: а. Притиснете Старт / Стоп. б. Полека зголемувајте ја променливата брзина до 10. в. Пуштете го апаратот да работи од 30 до 60 секунди. г. Свртете ја контролата за променлива брзина до 1.
  • Модел A3500i, притиснете ја иконата за Самостојно чистење ( ) за да изберете. Притиснете Старт/Стоп. Програмата автоматски ќе запре кога ќе заврши.

5. Оставете ја мешавината да отстои во садот уште 1 ½ минута.

6. Истурете ја мешавината со белило. Оставете го садот да се исуши на воздух. Не плакнете го по дезинфицирањето.

За дезинфекција: (оцет) (големи садови)1. Следете ги упатствата за чистење погоре. 2. Подгответе го растворот со оцет: за садот од 64 унци (2 л), растворете 16 унци. (473 мл) оцет и 16 унци (473 мл) вода. 3. Прицврстете го или наместете го комплетниот дводелен капак во заклучена позиција.4. Направете една од следниве постапки:• Променлива брзина:а. Притиснете Старт / Стоп.б. Полека зголемувајте ја променливата брзина до 10.в. Вклучете го апаратот да работи на променлива брзина 10 цели 2 минути.г. Свртете ја контролата за променлива брзина до 1. Притиснете Старт/Стоп. 5. Оставете ја мешавината да отстои во садот уште цели 3 минути. Вкупното време на контакт на растворот од оцет во садот треба да изнесува 5 минути.

6. Истурете го растворот со оцет од садот преку внатрешната површина од дводелниот капак. Повторете ја постапката за

дезинфекција вторпат. 7. Оставете ги садот и капакот да се исушат на воздух. Не плакнете го по дезинфицирањето. Ако е потребно, исплакнете веднаш пред следното користење.Капаци, мал капак, подлога за центрирање и мешалка Деловите може да се мијат во машина за садови. Ако сакате, измијте ги деловите во топла вода со детергент. Исплакнете ги под млаз вода, па избришете ги.База на блендерот1. Исклучете го блендерот и исклучете го од штекер. 2. Измијте ја надворешната површина со влажна, мека крпа или сунѓер, кој е потопен во благ раствор на течен детергент и топла вода. Неставајте ја базата на блендерот во вода. Подлогата за центрирање може да се извади за потемелно чистење. 3. Веднаш исушете ги сите површини и избришете ги со мека крпа.111 Десетгодишна целосна гаранција на машината

1. РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ.

Може да го регистрирате преку интернет на vitamix.com/warranty или со јавување на нашата Служба за корисници на 1.800.848.2649 или 1.440.235.4840. Ако не го регистрирате купувањето на производот, тоа нема да ги поништи вашите права на гаранција. Сепак, регистрирањето на купувањето ќе му овозможи на Vitamix подобро да одговори на сите ваши потреби како купувач.

2. КОЈ МОЖЕ ДА БАРА АКТИВИРАЊЕ НА ГАРАНЦИЈАТА.

Оваа гаранција ја дава Vitamix на сопственикот на овој блендер само за лична, домашна употреба. Оваа гаранција не важи за производи што се користат за комерцијална намена, изнајмување или препродажба. Ако сопственикот на блендерот се промени во текот на десетгодишниот период, ажурирајте ги информациите за сопственикот на блендерот на vitamix.com.

Vitamix му гарантира на сопственикот дека ако овој блендер („блендер“ се состои од база на моторот на блендерот, заедно со сите садови, капаци и мешалки купени заедно) се расипе во рок од 10 години од датумот на купувањето како резултат на дефект на материјалот или изработката или како резултат на нормално абење од вообичаена домашна употреба, во рок од 30 дена по добивањето на вратениот блендер, Vitamix бесплатно ќе го поправи расипаниот блендер или делот од блендерот. Ако, според сопствено наоѓање на Vitamix, расипаниот блендер или дел од блендерот не може да се поправи, Vitamix ќе избере (А) или да го замени блендерот бесплатно или (Б) да му го врати на купувачот износот за кој бил купен блендерот, освен ако Vitamix не добил претходно писмено известување за тоа што претпочита сопственикот.

4. ШТО НЕ Е ПОКРИЕНО.

Гаранцијата не важи за блендери што се користеле за комерцијална намена или надвор од домаќинство. Гаранцијата не покрива козметички промени кои не влијаат на работата, како што се менување на бојата или ефекти од користење на абразивни средства или средства за чистење или наталожување на храна. Гаранцијата важи само ако блендерот се користи и се одржува според упатствата, предупредувањата и заштитните мерки наведени во упатството за употреба. Садови: обработката на одредени билки и зачини во садот/чашата ќе предизвика козметичко оштетување на садот/чашата и може да предизвика предвремено изабување на сечилата. Исто така, и траги од ситен или крупен песок, како и абразивни билки може да предизвикаат предвремено изабување на сечилата. Билките може да содржат испарливи масла кои може да предизвикаат садот/чашата да ги задржи маслата и да предизвикаат трајна промена на бојата. Vitamix нема да биде одговорен за трошокот за неовластени поправки во гарантниот рок. ПОПРАВКАТА, ЗАМЕНАТА ИЛИ ВРАЌАЊЕТО НА ИЗНОСОТ НА КУПУВАЊЕ СЕ ЕКСКЛУЗИВНИ ПРАВНИ ЛЕКОВИ НА КУПУВАЧОТ И ЦЕЛОСНА ОДГОВОРНОСТ НА VITAMIX СПОРЕД ОВАА ГАРАНЦИЈА. НИТУ ЕДЕН ВРАБОТЕН ИЛИ ПРЕТСТАВНИК НА VITAMIX НЕМА ОВЛАСТУВАЊЕ ДА ДАВА КАКВА БИЛО ДОПОЛНИТЕЛНА ГАРАНЦИЈА ИЛИ КАКВА БИЛО ПРОМЕНА НА ОВАА ГАРАНЦИЈА ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ОБВРЗУВАЧКА ЗА VITAMIX. СПОРЕД ТОА, КУПУВАЧОТ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОТПИРА НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИЗЈАВИ ОД КОЈ БИЛО ВРАБОТЕН ИЛИ ПРЕТСТАВНИК НА VITAMIX. ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СЕ ЗАСНОВА НА ДОГОВОР, ОБЕСШТЕТУВАЊЕ, ГАРАНЦИЈА, ПРЕКРШОК (ВКЛУЧУВАЈЌИ И НЕБРЕЖНОСТ), СТРОГА ОДГОВОРНОСТ ИЛИ ДРУГО, VITAMIX НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА НИКАКВА СПЕЦИЈАЛНА, ПОСРЕДНА, СЛУЧАЈНА ИЛИ ПОСЛЕДИЧНА ШТЕТА, ВКЛУЧУВАЈЌИ И, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, ЗАГУБА НА ПРОФИТ ИЛИ ПРИХОД. Некои земји не дозволуваат ограничување на гаранциите. Во тие земји, горенаведените ограничувања може да не важат за вас. Надвор од САД и Канада може да важат други

Злоупотреба, неправилна и невнимателна употреба, измена на блендерот, изложување на невообичаени или екстремни услови или непочитување на упатствата за работа од ова упатство ќе ја поништат оваа гаранција. Гаранцијата е неважечка и ако се извршат поправки на блендерот или на кој било дел од блендерот од страна на некој кој не е Vitamix или сервисер овластен од Vitamix или ако некој дел од блендерот кој е покриен со оваа гаранција се користи во комбинација со база на мотор или сад кои не се изречно одобрени од Vitamix.

6. КАКО ДА ДОБИЕТЕ ДОЗВОЛА ЗА ВРАЌАЊЕ СПОРЕД ОВАА ГАРАНЦИЈА.

Ако ви е потребен сервис или поправка, контактирајте со Службата за корисници на Vitamix на 1.800.848.2649 или 1.440.235.4840. Од вас ќе се побара да го наведете датумот на купувањето и доказ за купувањето за секој блендер што не е регистриран кај Vitamix. За блендери кои се покриени со оваа гаранција, ќе добиете број за дозвола за враќање, најнови упатства за испорака и однапред платена повратна етикета за подигање. Vitamix ќе ги плати стандардните трошоци за испорака при враќањето на блендерот за сервисирање и поправка под гаранција и за испраќање на блендерот до вас откако ќе се изврши сервисирање или замена според гаранцијата. Купувачот е одговорен за трошоците за специјални барања за испорака. Во САД и Канада, оваа гаранција може да се искористи директно преку Vita-Mix Corporation.

Vita-Mix Corporation Vita-Mix Corporation 8615 Usher Road 200-1701 Shepherd Street East Cleveland, Ohio 44138-2199 Windsor, Ontario N8Y 4Y5 1-800-848-2649 1-800-848-2649 service@vitamix.com service@vitamix.com Ќе се смета дека сте го прифатиле вратениот производ „таков каков што е“ по доставувањето освен ако не го известите Vitamix за секој проблем, вклучувајќи и оштетување при испорака, во рок од 48 часа по доставувањето. Гаранција и серВис Га ра н ц и ј а112 ме ѓ у н а р Од н и кО н Та к Т и ©2017 Vita-Mix Corporation. Ниту еден дел од оваа публикација не смее да се репродуцира или пренесе во ниту една форма и преку ниту едно средство, ниту да се зачува во база на податоци или систем за извлекување податоци, без писмена дозвола од Vita-Mix Corporation. 122172_Rev A_MCD 6/17