BOSCH UniversalAquatak 130 - високопритисен чистач

UniversalAquatak 130 - високопритисен чистач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UniversalAquatak 130 BOSCH во PDF формат.

📄 290 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH UniversalAquatak 130 - page 194
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
SKIP

Frequently Asked Questions - UniversalAquatak 130 BOSCH

Прашања на корисниците за UniversalAquatak 130 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот високопритисен чистач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UniversalAquatak 130 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UniversalAquatak 130 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UniversalAquatak 130 BOSCH

Македонски ...... Страна 194

Srpski. Strana 203

Slovensko .... Stran 210

Hrvatski.... Stranica 218

Безбедносни напомени

Толкување на символите

BOSCH UniversalAquatak 130 - Толкување на символите - 1

Општи безбедносни правила.

BOSCH UniversalAquatak 130 - Толкување на символите - 2

Никогаш не насочувајте ја пералката директно кон луге, животни, електрични уреди или компоненти.

Внимание: Високопритисните пералки можат да бидат опасни, ако се користат несоодветно.

BOSCH UniversalAquatak 130 - Толкување на символите - 3

Во склад со важечките прописи уредот не смее да се користи прикачен

директно на водоводната мрежа без системски сепаратор.

Користете системски сепаратор како ИЕЦ 61770 Вид БА.

Водата којашто минува низ системски сепаратор веке не е погодна за пиење.

Безбедносни правила за високопритисната пералка

BOSCH UniversalAquatak 130 - Безбедносни правила за високопритисната пералка - 1

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките

настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимателно прочитајте ги упатствата и предупредувањата, бидејки содржат важни информации за безбедна работа.

Освен информациите дадени во упатството за ракување, почитувајте ги и општите безбедносни правила и прописите за превенција на незгоди.

Приклучување на струја

▶Волтажата прикажана на натписната плочка мора да биде иста со волтажата на електричната мрежа.
▶Советуваме овој уред да биде приключен на струја преку утикач со заштитен уред за заостаната струја што се активира при промена на јачината на струјата од 30 mA.
▶Исклучувајте ја машината од напојување секогаш кога не ја користите, па макар и само на кратко.
▶Електричната инсталација мора да биде во склад со стандартот IEC 60364-1.

Македонски | 195

▶ Ако кабелот е оштетен, мора да биде заменет од страна на произведувают, неговиот овластен сервисер или подеднакво квалификуван сервис, со цел да се избегне незгода.
▶Ниикогаш не допирајте го утикачот со мокри раце.
▶ Не извлекувајте го кабелот од утикачот додека машината работи.
▶ Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги напојниот или продолжниот кабел, бидејки на тој начин можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од топлина, масло и оштри рабови.
▶ Не користете ја машината ако се оштетени некои важни делови, како на пример високопритисното црево, пиштолот или некој од сигурносните прекинувачи.
▶Внимание: Несоодветните продолжни кабли можат да бидат опасни.
▶ Ако користите продолжен кабел, врската меѓу продолжниот и напојниот кабел мора да биде водоотпорна. Продолжниот кабел мора да има попречен пресек според спецификациите во упатството за работа и да биде заштитен од вода. Врската не смее да се наога во вода.
▶Кога се менува напојниот кабел или некој негов дел, заштитата од вода или механичката стабилност на машината мора во потполност да се чувват.

Приклучок на вода

▶ Почитувајте ги важечките прописи на Вашиот снабдевич.
▶ Сите приключни црева мораат да имаат соодветни непропусни спојки.
▶Доводното црево мора да биде со минимална големина од 12,7 mm (1/2").
▶ Уредот никогаш не треба да се користи споен директно на водоводната мрежа без повратен вентил. Водата што поминала низ повратниот вентил повеке не е исправна за пиење.
▶ Високопритисното црево не смее да се користи ако е оштетено (опасност од пукање). Оштетеното високопритисно црево мора веднаш да се замени. Користете само црева и спојки коишто ги препорачува произведувачот на уредот.
▶ Високопритисните црева, фитинзи и спојки се важни за безбедно ракување со уредот. Употребувајте само црева, фитинзи и спојки коишто ги препорачува произведувачот на уредот.
▶За напој користете само чиста или филтрирана вода.

Примена

▶ Пред употреба проверете дали уредот и дополнителната опрема се во функционална Costaјба и дали се безбедни за употреба. Не користете го уредотдоколку не е во одлична Costaјба.

196 | Македонски

▶ Не насочувајте го млазот кон себе или кон други со цел за чистење на облеката или обувките.
▶ Не користете го уредот со течни растворувачи, неразредени киселини, ацетон или други средства како бензин, разредувачи или горивна нафта, бидејки нивните испарувања се лесно запалливи, експлозивни и отровни.
▶Доколку уредот се користи на места со намалена безбедност (на пример на нафтно преточувалиште) следете ги соодветните безбедносни мерки. Употребата е забранета на места на коишто постои опасност од експлозија.
▶ Уредот мора да се стави на цврста подлога.
▶ При употреба во затворено обезбедете доволна проветреност. Пред секое чистење осигурајте се дека уредот е исклучен (моторот згаснат).
▶ Уредот се употребува држејки го со обете раце. Не работете на скали. На балкони и други издигнати површини работете така да секогаш можете да ги видите сите агли.
▶ Употребувајте само детергенти коишто ги препорачува произведувачот на уредот и следете ги упатствата за употреба, одлив и безбедност дадени од произведувачот на детергентот.

▶ Сите компоненти во работниот простор коишто пренесуваат струја мора да бидат заштитени од прскање на вода.
▶ При користењето на уредот, прекинувачот пиштолот не смее да биде заглавено на позицијата «ON».
▶ Носете соодветно заштитно одело од прскање на вода. Не работете со уредот во близина на луге коишто не носат заштитно одело.
▶ Ако е неопходно, носете хемискотехничко заштитна (ХТЗ) опрема, на пример наочари или маска што штити од прскање на вода, честички или аеросоли.
▶ При употреба од чистење со висок притисок можат да настанат аеросоли. Вдишувањето на аеросоли е штетно по здравјето.
▶ Некои предмети можат да отскокнат поради високиот притисок на млазот. Ако е потребно, носете лична заштита, на пример заштитни наочари.
▶Автомобилските гуми и нивните вентили се чистат на оддалеченост од најмалку 30 цм. Во спротивно високиот притисок на млазот може да ги оштети. Прв знак на оштетување на гума или вентил е промена на нивната боја. Оштетените автомобилски гуми и нивните вентили се опасни по живот.
▶ Не прскајте азбестни и други материјали коишто се штетни по здравјето.

Македонски | 197

▶ Не мористете нерастворени детергенти. Безбедни средства за работа се оние што не содржат киселини, алкали или состојки штетни по околината. Препорачуваме детергентите да се чуваат вон дофат на деца. Ако детергентот дојде во контакт со очите, веднаш исплакнете ги со многу вода; ако се проголта детергент, веднаш обратете се кај лекар.
▶Никогаш не користете го уредот без филтер или со оштетен или валкан филтер. Користењето на уредот без филтер, или со оштетен или валкан филтер, може да ја поништи гаранцијата.
▶ После долга употреба, металлите делови можат да се вцештат. По потреба носете заштитни ракавици.
▶ Избегнувајте перење со вода под висок притисок при лоши временски услови, на пример кога постои ризик од грмотевици.

Ракување

▶Ракувают мора да ракува со уредот во склад со прописите. При ракувањето со уредот мора да ги земе пред вид конкретните услови. При работата мора да внимава на другите личности, а посебно на децата.
▶ Уредот може да го употребуваат само личности коишто се обучени за работа со уредот и коишто можат да приложат потврда за тоа. Уредот не смеат да го употребуваат деца и млади.

▶ Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
▶Децата треба да бидат под надзор да не си играат со уредот.
▶ Вклучениот уред никогаш не треба да биде оставен без надзор.
▶ Високопритисниот млаз вода којшто излегува од пиштолот предизвивува отфрлање на раката. Затоа пиштолот и копјето за прскање треба да се држат цврсто со двете раце.
▶Никогаш не употребувајте го ротирачкиот додаток или точкастиот сноп за чистење на моторни возила.

Транспорт

▶ Пред транспорт исключете го и обезбедете го уредот.

Одржување

▶ Пред секое чистење, одржување или замена на делови, искачете го уредот. Ако уредот работи приключен на електрична мрежа, извадете го напојниот кабел од утикачот.
▶ Поправките на уредот се вршат само во овластен Бош сервис.

198 | Македонски

▶Може да се користат само додатна опрема и резервни делови одобрени од произведувачот на уредот. Оригиналната додатна опрема и оригиналните резервни делови гарантираат дека уредот може да се користи безбедно и без расипување.

Ознаки

Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.

Ознака Значење

Правец на движење
Правец на реакција
Тежина
Влучено
Исклучено
Опрема

Употреба со соодветна намена

Уредот е наменет за чистење на површини и објекти на отворено, за опрема, возила и пловила, под услов да се користат соодветните додатоци прозведени од Бош. Уредот е наменет да се користи на амбиентална температура од 0 °C до 40 °Степени Целзиусови. Овој производ не е наменет за професионална употреба.

Технички податоци

Високопритисна пералка UniversalUniversalAquatak 125UniversalAquatak 130UniversalAquatak 135
Број на дел/артикл3 600 HA7 A..3 600 HA7 B..3 600 HA7 C..
Номинална јачинаkW 1,5 1,7 1,9
Влезна тепература макс.°C 40 40 40
Прилив на вода мин.l/min 6 77,5
Дозволен притисокMPa 7,5 99,2
Номинален притисокMPa 12,513 13,5
Протокl/min 5,3 66,4
Максимален влезен притисокMPa 1 11
Аутостоп функција
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014кг 6,8 7,8 7,9
Класа на заштита☐/II☐/II☐/II
Сериски бројВидете го серискиот број (натписна плочка)на високопритисната пералка

Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овне податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Процесот на вклучување создава краткотрајно пагање на напонот. Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки на другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,153 омови нема пречки. Ако имате сомнежи во овој смисол, ве молиме проверете со својот дистрибутер на ел. енергија.

Македонски | 199

Информации за бучава/вибрации

Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60335-2-79.

3 600 ... HA7 A.. HA7 B.. HA7 C..

Измерените А-вредности на врева изнесуваат просечно:
Звучна јачинаdB(A)777374
Звучен притисокdB(A)908687
Несигурност КdB333
Носете звучна заштита!
Вкупната вредност на вибрациите ah (векторски эбир на трите правци) и несигурноста К утверждени се во согласност со стандартот EN 60335-2-79:
Вкупна вредност на вибрациите ahm/s ^2 1,31,51,3
Несигурност Кm/s ^2 0,60,60,6

Монтажа и користење

Цел на користењетоСликаСтрана
Обем на испорака1 272
Склопена рачка2 273
Подесете ја рачката3 273
Приклучок на вода4 274
Монтирајте/демонтирајте го копјето на пиштолот за прскање5 274
Високопритисното црево/пиштолот за прскање монтирајте го6275
Високопритисното црево/пиштолот за прскање демонтирајте го7 275
Вклучување/исклучување8 276
Прицврстување на млазницата Регулација на млазот9-10277-278
Прикачување на садот со детергент11 279
Чистење на копјето12 280
Чистење на филтерот13 280
Поставување на цревото во отворот за црево 14 281
Складирање15 281
Чување на пиштолот/копјето/млазницата за време на употреба16 281
Бирање на опрема17 282

Вклучување

Безбедност од електричен удар

BOSCH UniversalAquatak 130 - Безбедност од електричен удар - 1

Внимание! Извадете го напојниот кабел од утикач пред да ја прегледувате или чистете машината. Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.

Вашиот уред е со двојна изолација и не му е потребно заземјување. Работниот напон е 230 V AC, 50 Hz (за земји вон ЕУ 220 V или 240 V).

За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД) кој се активира на отстапување од 30 мА. Резидуалниот уред треба да се проверува пред секоја употреба.

Напојниот и продолжниот кабел мора редовно да се проверуваат за евентуални оштетувања и да се користат само кога се во беспрекорна состојба.

Доколку е потребно користење на прилучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.

Користете само одобрени продолжни кабли.

BOSCH UniversalAquatak 130 - Безбедност од електричен удар - 2

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните продолжни кабли можат да бидат опасни. Продолжниот кабел, утикачот и спојот со продолжниот кабел мораат да бидат водоотпорни.

Користете само продолжни кабли кои ги задоволуваат стандардите EN 61242 / IEC 61242 или IEC 60884-2-7.

Ако сакате да користите продолжен кабел, потребни ви се следните димензии на кабли:

- Попречен пресек 1,5 mm ^2 за продолжен кабел до максимальна должна 20 m

Кабелските врски (приключник и приклучница) треба да бидат суви и да не лежат на теренот.

Препорачуваме во таа цел да користите калем за кабел, на кој струјниот приклучок е најмалку 60 mm над земја.

Забелешка: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките прописи.

Придржувајте се до упатството за употреба на произведувачот на продолжниот кабел, како и до националните прописи за нивна употреба.

За дополнителни информации контактирајте лиценциран електричар или најблискиот Bosch сервис.

Предупредување за производите кои не се за Британски пазар предвидени:

ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност потребно е уредот да е поврзан со продолжниот кабел преку соодветен утикач. Спојот со продолжниот кабел мора да биде заштитен од прскање, направлен од гума или обложен со гума.

Продолжниот кабел мора да се користи со автоматски намотувач.

200 | Македонски

Употреба

Вклучување

Монтирајте го доводното црево (не е включено со самата машина) на славина и на уредот.

Осигурајте се дека прекинувачот е во положба «О» и поврзете го уредот на струја.

Отворете ја славината.

Откочете го безбедносниот откочувач (на задната страна од дршката на пиштолот) за до го ослободите чкрапалото, местејки го на позиција. Притиснете го чкрапалото и држете го така се додека водата не протече непрекинато и додека се не истисне целиот воздух од уредот и од високопритисното црево. Пуштете го чкрапалото. Притиснете го безбедносниот закочувач (на предната страна од дршката на пиштолот).

Свртете го главниот прекинувач. Насочете го пиштолот надолу. Притиснете го безбедносниот откочувач за да го ослободите чкрапалото. Притиснете го чкрапалото до крај.

Аутостоп функција

Моторот на уредот автоматски се исклучува кога се отпушта чкрапалото.

Совети при работењето

Општи упатства

Осигурајте се дека притисната пералка е на ниво со подот. Не тегнете го високопритисното црево и не влечете ја високопритисната пералка за цревото. Во таков случај пералката не е стабилна и може да се преврти.

Не газете го високопритсното црево и не возете преку него. Заштитете го високопритисното црево од оштри агли и рабови.

▶ Никогаш не употребувајте го ротирачкиот додаток или точкастиот сноп за чистење на моторни возила.

Совети за работа со детергенти

▶ Користете само детергенти соодветни за употреба со високопритисни пералки.

Препорачуваме штедлива употреба на детергент, со цел на заштита на животната средина. Прочитајте го упатството за растворање на детергентот.

Со оваа високопритисна пералка включено се продава и лизгач за дозирање на детергентот. Регуллирањето се врши според потребата.

Препорачан начин на чистење

Чекор 1: Ставете ја млазницата на дозерот 3 во 1 и со тоа отстранете ја крупната валканштина.

Чекор 2: Монтирајте го садот за детергент и ставете малку детергент.

Чекор 3: Исплакнете ја омекнатата валканштина и детергент со млазницата со дозерот 3 во 1.

Користење на алтернативни извори на вода

Оваа високопритисна пералка е самостоячка и дава можност за црпенье вода од резервари и извори. Многу е ВАЖНО Бош филтерот да е исчистен и да се употребува само чиста вода.

Отворени резервари и природни извори

Употребувајте го додатокот за самостојно дозирање, кој се состои од:

– Влезна цедилка со неповратен вентил

- 3 м ојачано црево

– Универзална спојка за чистење под притисок

Со овој додаток високопритисната пералка може да исфрла вода 0,5 м над нивото на водата. Ова може да трае 15 секунди.

Целосно потопете го трометражното црево во вода за да излезе од него сиот воздух. Поврзете го трометражното црево со високопритисната пералка и осигурајте се дека влезната цедалка останува во вода.

Оставете ја високопритисната пералка да работи без пиштолот за пркање, додека од цревото не потече рамномерен млаз вода. Ако таков млаз не се постигне за 25 секунди, престанете и проверете ги сите спојки. Ако водата истекува, згаснете ја високопритисната пералка и монтирајте го пиштолот и копјето.

Важно е цревото и спојките да се квалитетни, во добра состојба, цврсто и правилно монтирани. Неприцврстените спојки можат да предизвикаат лошо функционирање.

Резервари со чешми

Ако високопритисната пералка се поврзува со резервоарот преку чешма, прво монтирајте го соодветното црево на чешмата од резерварот (не е приложено). Отворете ја чешмата, пуштете да излезе целиют воздух од цревото, па потоа поврзете го цревото во високопритисната пералка.

Македонски | 201

Отстранување грешки

Проблем Можно причина Решение
Моторот не се вклучуваУредот не е включен на струјаВключете го уредот на струја
Утикачот е неисправенКористете друг утикач
Прегорен осигурувачЗаменете го осигурувачот
Продолжниот кабел е оштетенПробајте без продолжен кабел
Активирана е заштитата на моторот од прегревањеОставете го моторот да се лади 15 минути
ЗамрзнувањеПуштете да се одмрзнат пумпата, доводното црево и останатите делови.
Моторот престанува со работаПрегорен осигурувачЗаменете го осигурувачот
Погрешна волтажаПроверете на натписната плочка дали волтажата на напојната мрежа е соодветна
Активирана е заштитата на моторот од прегревањеОставете го моторот да се лади 15 минути
Погрешен мрежен напонПроверете дали мрежниот напон одговара со спецификациите на спецификационата плочка.
Прегорен осигурувачПреслаб осигурувачПоврзете ја високопритисната пералка на електрично коло со соодветна јачина
Моторот работи, но нема притисокМлазницата е делумно запушена или заглавенаЧистење на копјето
Се слушадека моторот работи, но нема ниедна функцијаНесоодветно снабдување со енергијаПроверете на натписната плочка дали волтажата на напојната мрежа е соодветна.
Губење на напонот поради несоодветен проболжен кабелПроверете дали продолжниот кабел е соодветен
Уредот не е користен долго времеОбратете се кај овластениот застапник на Бош
Проблеми со автостоп функцијатаОбратете се кај овластениот застапник на Бош
Проблеми со TSS-уредот (Total Stop System)Обратете се кај овластениот застапник на Бош
Пулсирачки притисокВоздух во пумпата или во цревотоВключете ја пералката со отворен пиштол, отворена млазница, отворена славина и со низок притисок, се додека не се воспостави стабилен притисок
Несоодветен довод на водаПроверете дали доводот на вода одговара со спецификациите. Големината на пресекот на доводното црево треба да изнесува најмалку 1/2" односно 13 мм
Запушен воден филтерИсчистете го водениот филтер
Притиснато или свиткано доводно цревоИсправете го доводното црево
Предолго високопритисно цревоОткачете го продолжетокот на високопритисното црево. Должината на цревото треба да изнесува најмногу 7 м
Равномерен, но пренизок притисокЗабелешка: Некои додатоци можат да предизвикаат низок притисокИстрошена млазницаЗаменете ја млазницата
Истрошен старт/стоп вентилПет пати брзо притиснете го чкрапалото
Моторот работи, но има мал или нема никаков притисокУредот не е поврзан на водаПуштете ја водата
Запушен воден филтерЧистење на филтерот
Запушена млазницаИсчистете ја млазницата

Bosch Power Tools F 016 L81 568 | (26.4.17)

202 | Македонски

Проблем Можно причина Решение
Пералката се вклучува самата од себеПумпата или пиштолот пропуштаат водаОбратете се кај овластениот застапник на Бош
Уредот пропушта водаПумпата пропушта водаМало пропуштање е дозволено; при поголеми пропуштања контактирајте го овластениот застапник
Машината не го впива детергентотДетергентот е премногу густ Растворете го со вода
Остатоци или стеснување во дозерот за детергентИсчистете го со чиста вода иотстранете ги остатоците. Ако проблемот не се реши, обратете се во Вашиот Бош сервисен центар.

Одржување и сервис

Одржување

▶ Згаснете ги сите функции на уредот, исключете го од електрично напојување и од довод на вода.

Напомена: Следниве операции извршувајте ги редовно, за да обезбедите долготрајна и сигурна употреба на уредот.

Редовно проверувајте го уредот за очигледни недостатоци, како што се лабави фитинзи и истрошени или оштетени делови.

Проверете дали се неоштетени и исправно поставени сите штитници и капаци. Пред употреба извршете ги неопходните поправки и замени.

Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.

Исклучете го главниот прекинувач и притиснете го чкрапалото за да го испразните високопритисното црево.

Исчистете ја пералката однадвор користејки мека четка или крпа. Не употребувајте вода, разредувачи или полирпасти. Отстранете ги сите отпадоци, особено оние на филтерот за воздух на моторот.

Складирање на крај на употребната сезона: Отстранете ја цела вода од пумпата, додека моторот работи неколку секунди и држете го притиснато чкрапалото.

Не држете други предмети на уредот.

Уредот чувајте го на место каде што не може да замрзне.

Осигурајте се при складирањето кабелот не е притиснат. Не притискајте го високопритисното црево.

Сервисна служба и совети при користење www.bosch-do-it.com

Секогаш при кореспонденција или нарачка на резервни делови наведете го десетцифрениот сериски број што се наога на натписната плочка.

Македонија

Д.Д.Електрис

Заштита на околината

Хемикалии опасни по животната средина не смее да се испуштаат во почвата, подземните води, бари, реки и слично.

При користењето детергенти прочитајте го упатството за употреба и почитувајте го размерот препорачан за нивното разредување.

При миењето на моторни возила треба да се почитуваат важечките прописи: Моторно масло и други мазива не смее да се испуштаат во подземните води.

Отстранување

Високопритисната пералка, додатната опрема и амбалажата треба да се сортираат за рециклажа.

BOSCH UniversalAquatak 130 - Отстранување - 1

Високопритисната пералка не се фрла со комуналниот отпад!

Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема и нејзината имплементација во државното право, отпадната електрична и електронска опрема мора посебно да се сортира и да се складишти на еколошки прифатлив начин.

Се задржува правото на промена.

Srpski | 203

Srpski

2000/14/EC: Измерено ниво на звучна јачина 90 dB(A), несигурност K = 2 dB, загарантирано ниво на звучна јачина 91 dB(A); постапка за процена на сообразноста според прилог V. Категорија на производ: 27

UniversalAquatak 130

2000/14/EC: Измерено ниво на звучна јачина 86 dB(A), несигурност K = 1 dB, загарантирано ниво на звучна јачина 87 dB(A); постапка за процена на сообразноста според прилог V. Категорија на производ: 27

UniversalAquatak 135

2000/14/EC: Измерено ниво на звучна јачина 87 dB(A), несигурност K = 2 dB, загарантирано ниво на звучна јачина 88 dB(A); постапка за процена на сообразноста според прилог V. Категорија на производ: 27 Техничка документација кaj:

sr UniversalAquatak 125

2000/14/EC: izmereni nivo ostvarene buke 90 dB(A), nepouzdanost K = 2 dB, garantovani nivo ostvarene buke 91 dB(A); postupak ocenjivanja usaglašenosti prema prilogu V. Kategorija proizvoda: 27

UniversalAquatak 130

2000/14/EC: izmereni nivo ostvarene buke 86 dB(A), nepouzdanost K = 1 dB, garantovani nivo ostvarene buke 87 dB(A); postupak ocenjivanja usaglašenosti prema prilogu V. Kategorija proizvoda: 27

UniversalAquatak 135

2000/14/EC: izmereni nivo ostvarene buke 87 dB(A), nepouzdanost K = 2 dB, garantovani nivo ostvarene buke 88 dB(A); postupak ocenjivanja usaglašenosti prema prilogu V. Kategorija proizvoda: 27 Tehnička dokumentacija kod: *

sl UniversalAquatak 125

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : UniversalAquatak 130

Категорија : високопритисен чистач