BOSCH AQT 42-13 - високопритисен чистач

AQT 42-13 - високопритисен чистач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AQT 42-13 BOSCH во PDF формат.

📄 294 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH AQT 42-13 - page 203
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
МаркаBosch
МоделAQT 42-13
Тип на производЧистач под висок притисок
Максимален притисок130 bar
Проток на вода420 L/h
Моќност на мотор1600 W
Тип на моторАсинхрон (brushless)
Електрично напојување230 V~ / 50 Hz
Тежина11,5 kg
Димензии (Д x Ш x В)315 x 270 x 540 mm
Должина на високопритисок црево6 m
Ниво на бучава (LWA)83 dB(A)
Автоматско исклучување (AutoStop)Да
Приклучок за водаБрз спој 3/4"
Функција подна четкаКомпатибилна (по избор)
Резервоар за детергентВграден, 1,5 L
Тип на пумпаВисокопритисок водена пумпа
Степен на заштитаIPX5
Максимална температура на вода40 °C
ПоправливостИндекс на поправливост 8,5/10
Вклучени додатоциПритисок променлив пиштол, ротирачка млазница, пиштол, црево 6m
Гаранција од производител2 години

Frequently Asked Questions - AQT 42-13 BOSCH

Како да го користите детергентот со AQT 42-13?
Детергентот се полни во вградениот резервоар од 1,5 L. Користете ја млазницата за низок притисок (црна) што е приложена за нанесување. Активирајте го детергентот со вртење на копчето на пиштолот.
Што да направите ако притисокот флуктуира или е недоволен?
Проверете дали доводот на вода е доволен (проток > 600 L/h). Контролирајте го филтерот за влез на вода и исчистете го доколку е потребно. Исто така, проверете дали високопритисок црево не е свиткано или затнато.
Може ли да го користам уредот со резервоар за вода?
Да, но потребен е проток на вода од најмалку 600 L/h за правилно функционирање. Може да биде потребна пумпа за напојување ако притисокот на мрежата е недоволен.
Како да го отстраните каменот или да ја одржувате пумпата?
Користете средство за отстранување камен што е компатибилно со чистачи под висок притисок. Следете ги упатствата на производителот. По третманот исплакнете обилно со чиста вода.
Дали AQT 42-13 има автоматско исклучување?
Да, уредот е опремен со систем AutoStop: моторот автоматски се исклучува кога спроводникот не е активиран, со што се заштедува енергија и се продолжува работниот век.
Кој тип на масло за пумпата?
Користете моторно масло SAE 10W-30 без детергенти. Нивото на масло треба редовно да се проверува преку проѕирното капаче. Исцедете го по 50 часа или еднаш годишно.
Дали ротирачката млазница е погодна за чистење на чувствителни површини?
Не, ротирачката млазница е дизајнирана за многу валкани и отпорни површини (камен, бетон). За деликатни површини (дрво, пластика), користете ја млазницата за променлив притисок поставена на низок притисок.
Како да го извадите воздухот од системот?
Исклучете го пиштолот, притиснете го спроводникот откако ќе се приклучи водата за да го испуштите воздухот. Повторно приклучете го пиштолот и притиснете го спроводникот додека не добиете редовен млаз.
Каде да најдам резервни делови и додатоци?
Резервните делови се достапни на www.bosch-home.com или кај овластените продавачи. Бројот на моделот се наоѓа на ознаката.
Како да го складирате уредот по употреба?
Испразнете ја водата од цревото и пумпата. Складирајте го чистачот исправен, на место заштитено од мраз. Правилно намотајте ги каблите за да избегнете заплеткување.

Прашања на корисниците за AQT 42-13 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот високопритисен чистач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AQT 42-13 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AQT 42-13 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AQT 42-13 BOSCH

Безбедносни напомени

Толкување на символите

BOSCH AQT 42-13 - Толкување на символите - 1

Општи безбедносни правила.

BOSCH AQT 42-13 - Толкување на символите - 2

Никогаш не насочувајте ја пералката директно кон

Високопритисните пералки можат да бидат опасни, ако се користат несоодветно.

BOSCH AQT 42-13 - Толкување на символите - 3

Во склад со важечките прописи уредот не смее да се користи прикачен

директно на водоводната мрежа без системски сепаратор. Користете системски сепаратор како ИЕЦ 61770 Вид БА.

Водата којашто минува низ системски сепаратор веке не е погодна за пиење.

BOSCH AQT 42-13 - Водата којашто минува низ системски сепаратор веке не е погодна за пиење. - 1

Уредот AQT 42-13 е само за употреба на струја со капацитет ≥100 А по фаза и со напон од 230 V. Ако имате сомнежи во овој смисол, ве молиме проверете со својот дистрибутер на ел. енергија.

Безбедносни правила за високопритисната пералка

BOSCH AQT 42-13 - Безбедносни правила за високопритисната пералка - 1

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и

упатства. Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.

Внимателно прочитајте ги упатствата и предупредувањата,

бидејки содржат важни информации за безбедна работа.

Освен информациите дадени во упатството за ракување, почитувајте ги и општите безбедносни правила и прописите за превенција на незгоди.

Приклучување на струја

▶ Волтажата прикажана на натписната плочка мора да биде иста со волтажата на електричната мрежа.
▶ Советуваме овој уред да биде приключен на струја преку утикач со заштитен уред за заостаната струја што се активира при промена на јачината на струјата од 30 mA.
▶ Автоматскиот осигурувач на напојувањето треба да има најмалку карактеристика Ц за 16 А. Ако не сте сигурни, консултирајте се со стручен електричар. Не обидувајте се сами да вршите измени на електричните инсталации.
▶ Исклучувајте ја машината од напојување секогаш кога не ја користите, па макар и само на кратко.
▶ Електричната инсталација мора да биде во склад со стандартот IEC 60364-1.
▶ Ако кабелот е оштетен, мора да биде заменет од страна на произведувачот, неговиот

овластен сервисер или подеднакво квалификуван сервис, со цел да се избегне незгода.

▶ Ниикогаш не допирајте го утикачот со мокри раце.
▶ Не извлекувајте го кабелот од утикачот додека машината работи.
▶ Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги напојниот или продолжниот кабел, бидејки на тој начин можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од топлина, масло и оштри рабови.
▶ Не користете ја машината ако се оштетени некои важни делови, како на пример високопритисното црево, пиштолот или некој од сигурносните прекинувачи.
▶ Предупредување: Несоодветните продолжни кабли можат да бидат опасни.
▶ Ако користите продолжен кабел, врската меѓу продолжниот и напојниот кабел мора да биде водоотпорна. Продолжниот кабел мора да има попречен пресек според спецификациите во упатството за работа и да биде заштитен од вода. Врската не смее да се наога во вода.
▶ Кога се менува напојниот кабел или некој негов дел, заштитата од вода или механичката стабилност на машината мора во потполност да се чувват.

Приклучок на вода

▶ Почитувајте ги важечките прописи на Вашиот снабдевич.
▶ Сите приключни црева мораат да имаат соодветни непропусни спојки.
▶ Доводното црево мора да биде со минимална големина од 12,7 mm (1/2").
▶ Уредот никогаш не треба да се користи споен директно на водоводната мрежа без повратен вентил. Водата што поминала низ повратниот вентил повеке не е исправна за пиење.
▶ Високопритисното црево не смее да се користи ако е оштетено (опасност од пукање). Оштетеното високопритисно црево мора веднаш да се замени. Користете само црева и спојки коишто ги препорачува произведувачот на уредот.
▶ Високопритисните црева, фитинзи и спојки се важни за безбедно ракување со уредот. Употребувајте само црева, фитинзи и спојки коишто ги препорачува произведувачот на уредот.
▶ За напој користете само чиста или филтрирана вода.

Примена

▶ Пред употреба проверете дали уредот и дополнителната опрема се во функционална состојба и дали се безбедни за употреба. Не

користете го уредот доколку не е во одлична состојба.

▶ Не насочувајте го млазот кон себе или кон други со цел за чистење на облеката или обувките.
▶ Не користете го уредот со течни растворувачи, неразредени киселини, ацетон или други средства како бензин, разредувачи или горивна нафта, бидејки нивните испарувања се лесно запалливи, експлозивни и отровни.
▶ Доколку уредот се користи на места со намалена безбедност (на пример на нафтно преточувалиште) следете ги соодветните безбедносни мерки. Употребата е забранета на места на коишто постои опасност од експлозија.
▶ Уредот мора да стои на цврста подлога.
▶ При употреба во затворено обезбедете доволна проветреност. Пред секое чистење осигурајте се дека уредот е исклучен (моторот згаснат).
▶ Уредот се употребува држејки го со обете раце. Не работете на скали. На балкони и други издигнати површини работете така да секогаш можете да ги видите сите агли.
▶ Употребувајте само детергенти препорачани од произведувачот. Применувајте ги упатствата за

употреба, нега и безбедност коишто ги дал произведувают.

▶ Користењето на други средства за чистење или хемикалии може да ја загрозат безбедноста на машината.
▶ Сите компоненти во работниот простор коишто пренесуваат струја мора да бидат заштитени од прскање на вода.
▶ При користењето на уредот, прекинувачот пиштолот не смее да биде заглавено на позицијата ON.
▶ При употреба од чистење со висок притисок можат да настанат аеросоли. Вдишувањето на аеросоли е штетно по здравјето.
▶ Покриените млазници можат да ја загрозат ефикасноста на аеросолите. Ако е неопходно, носете хемиско-техничко заштитна (ХТЗ) опрема, на пример наочари или маска што штити од прскање на вода, честички или аеросоли.
▶ Некои предмети можат да отскокнат поради високиот притисок на млазот. Ако е потребно, носете лична заштита, на пример заштитни наочари.
▶ Автомобилските гуми и нивните вентили се чистат на оддалеченост од најмалку 30 цм. Во спротивно високиот притисок на млазот може да ги оштети. Прв знак на оштетување на гума е промена на бојата. Оштетените автомобилски

гуми и нивните вентили се опасни по живот.

▶ Не прскајте азбестни и други материјали коишто се штетни по здравјето.
▶ Не користете нерастворени детергенти. Ваквите производи се безбедни ако не содржат киселини, алкали или материи опасни по животната средина. Препорачуваме средствата за чистење да ги држите вон дофат на деца. При контакт на детергентот со очите, обилно исплакнете со вода и веднаш обратете се кај лекар.

▶ Никогаш не користете го уредот без филтер или со оштетен или валкан филтер. Користењето на уредот без филтер, или со оштетен или валкан филтер, може да ја поништи гаранцијата.

▶ После долга употреба, металлите делови можат да се вцештат. По потреба носете заштитни ракавици.

▶ Избегнувајте перење со вода под висок притисок при лоши временски услови, на пример кога постои ризик од грмотевици.

▶ Носете соодветно заштитно одело од прскање на вода. Не работете со уредот во близина на луге коишто не носат заштитно одело.

Ракување

Ракувачот мора да ракува со производот во склад со прописите. При ракувањето со уредот мора да ги земе пред вид конкретните услови. При работата мора да внимава на другите личности, а посебно на децата.
▶ Уредот може да го употребуваат само личности коишто се обучени за работа со уредот и коишто можат да приложат потврда за тоа. Уредот не смеат да го употребуваат деца и млади.
▶ Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го употребуват уредот. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
▶ Децата треба да бидат под надзор да не си играат со уредот.
▶ Вклучениот уред никогаш не треба да биде оставен без надзор.
▶ Високопритисниот млаз вода којшто излегува од пиштолот предизвикува отфрлање на раката. Затоа пиштолот и копјето за прскање треба да се држат цврсто со двете раце.
▶ Никогаш не употребувајте го ротирачкиот додаток или точкастиот сноп за чистење на моторни возила.

Транспорт

▶ Пред транспорт исключете го и обезбедете го уредот.

Одржување

▶ Пред секое чистење, одржување или замена на делови, искачете го уредот. Ако уредот работи прилучен на електрична мрежа, извадете го напојниот кабел од утикачот.

▶ Поправките на уредот се вршат само во овластен Бош сервис.

▶ Може да се користат само додатна опрема и резервни делови одобрени од произведувачот на уредот. Оригиналната додатна опрема и оригиналните резервни делови гарантираат дека уредот може да се користи безбедно и без расипување.

Ознаки

Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ће ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.

Ознака Значење

Правец на движење
Правец на реакција
Тежина
Влучено
Исклучено

Lo Низок притисок

Hi Висок притисок

BOSCH AQT 42-13 - Ознаки - 1

Опрема

Употреба со соодветна намена

Уредот е наменет за чистење на површини и објекти на отворено, за опрема, возила и пловила, под услов да се користат соодветните додатоци прозведени од Бош. Работната температура изнесува меѓу 0 °C и 40 °C.

Овој производ не е наменет за професионална употреба.

Технички податоци

Високопритисна пералка AQT 42-13
Број на дел/артикл 3 600 HA7 3..
Номинална јачина kW 1,9
Влезна тепература макс. °C 40
Прилив на вода мин. l/min 6,6
Дозволен притисок MPa 13
Номинален притисок MPa 9
Проток l/min 6
Максимален влезен притисок MPa 1
Аутостоп функција
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014кг11,4
Класа на заштита ± /I
Сериски број (Serial Number)Види го серискиот број (сервисна плочка) на уредот

Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

208 | Македонски

Процесот на вклучување создава краткотрајно паћање на напонот. Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки на другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,276 oma, не треба да се очекуваат пречки. Ако имате сомнежи во овој смисол, ве молиме проверете со својот дистрибутер на ел. енергија.

Информации за бучава/вибрации

3 600 HA7 3..
Утврдени вредности на емисија на бучава EN 60335-2-79
Измереното А ниво на бучава изнесува обично:
– Звучен притисок dB(A)81
– Звучна јачина dB(A)94
– Несигурност К dB2
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) несигурност К дадени се во согласност со EN 60335-2-79
– Вредност на емисија на вибрации ahm/s ^2 2,0
– Несигурност К m/s ^2 1,5

Монтажа и користење

Цел на користењето Слика Страна
Обем на испоракаA 281
Прилагодување на рачкатаB 281
Поврзување на копјето со пиштолотC 282
Поврзување на високопритисното црево/пиштолотD 282
Ставање на млазницатаE 283
Приклучок на водаF 284
Вклучување/исклучувањеG 285
Чистење на филтеротH 285
Исчистете ја млазницатаI 285
Чување на пиштолотJ 286
Чување на пиштолот/копјето/млазницата за време на употребаK 286
Поставување на цревото во отворот за цревоL 287
СкладирањеM 287
Бирање на опремаN 288

Вклучување

За Ваша безбедност

BOSCH AQT 42-13 - За Ваша безбедност - 1

Предупредување: Пред чистење или редовно одржување, уредот исключете го од електрично напојување. Истото важи и

ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.

Работниот напон е 230 V AC, 50 Hz (за земји вон ЕУ 220 V или 240 V) во зависност од моделот. Употребувајте само одобрени продолжни кабли. За подетални информации обратете се во Вашиот Бош сервис.

Кога сакате да ја користите високопритисната пералка со продолжен кабел, димензиите на кабелот треба да изнесуват:

-- 2,5 mm ^2 до max. 25 m должна

Совет: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките прописи.

За дополнителни информации контактирајте лиценциран електричар или најблискиот Bosch сервис.

BOSCH AQT 42-13 - За Ваша безбедност - 2

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните

продолжни кабли можат да бидат опасни. Продолжниот кабел, утикачот и спојот со

продолжниот кабел мораат да бидат водоотпорни.

Кабелските врски (приключник и приклучница) треба да бидат суви и да не лежат на теренот.

За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД) кој се активира на отстапување од 30 mA. Резидуалниот уред треба да се проверува пред секоја употреба

Доколку напојниот кабел е оштетен мора да го поправи ислучиво Бош електричар.

Напомени за производите, коишто не се продаваат во ВБ:

ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност потребно е уредот да е поврзан со продолжниот кабел преку соодветен утикач. Спојот со продолжниот кабел мора да биде заштитен од прскање, направлен од гума или обложен со гума.

Продолжниот кабел мора да се користи со автоматски намотувач.

Имајте на ум дека овој уред не смее да работи без вода.

Употреба

Вклучување

Монтирајте го доводното црево (не е включено со самата машина) на славина и на уредот.

Осигурајте се дека прекинувачот е во положба „0“ и поврзете го уредот на струја.

Отворете ја славината.

Откочете го безбедносниот откочувач (на задната страна од дршката на пиштолот) за да го ослободите чкрапалото. Притиснете го чкрапалото и држете го така се додека водата не протече непрекинато и додека се не истисне целиот воздух од уредот и од високопритисното црево. Пуштете го чкрапалото. Притиснете го безбедносниот закочувач (на предната страна од дршката на пиштолот). Свртете го главниот прекинувач. Насочете го пиштолот надолу. Притиснете го безбедносниот закочувач за да го откочите чкрапалото. Притиснете го чкрапалото до крај.

Аутостоп функција

Моторот на уредот автоматски се ислучува кога се отпушта чкрапалото.

Совети при работењето

Општи упатства

▶ Никогаш не употребувајте го ротирачкиот додаток или точкастиот сноп за чистење на моторни возила. Осигурајте се дека притисната пералка е на ниво со подот.

Не тегнете го високопритисното црево и не влечете ја високопритисната пералка за цревото. Во таков случај пералката не е стабилна и може да се преврти. Не газете го високопритсното црево и не возете преку него. Заштитете го високопритисното црево од оштри агли и рабови.

Совети за работа со детергенти

▶ Користете само детергенти соодветни за употреба со високопритисни пералки.

Препорачуваме штедлива употреба на детергент, со цел на заштита на животната средина. Прочитајте го упатството за растворање на детергентот.

Со оваа високопритисна пералка включено се продава и лизгач за дозирање на детергентот. Регуллирањето се врши според потребата.

Препорачан начин на чистење

Чекор 1: Монтирајте го додатокот за равен млаз и отстранете ја крупната валканштина.

Чекор 2: Монтирајте го садот за детергент и ставете малку детергент.

Чекор 3: Исплакнете ја сета валканштина и детергент со додатокот за равен млаз.

Совет: Чистете оддолу нагоре. Плакнете одгоре надолу.

Користење на алтернативни извори на вода

Оваа високопритисна пералка е самовсмукувачка и дава можност за црпенье вода од резервари и извори. Многу е ВАЖНО Бош филтерот да е исчистен и заменет и да се употребува само чиста вода.

Отворени резервари и природни извори

Употребувајте го додатокот за самостояно дозирање, кој се состоит од:

– Влезна цедилка со неповратен вентил

- 3 м ојачано црево

– Универзална спојка за чистење под притисок

Со овој додаток високопритисната пералка може да црпи вода од 0,5 м над нивото на водата. Ова може да трае 15 секунди.

Целосно потопете го трометражното црево во вода за да излезе од него сиот воздух. Поврзете го трометражното црево со високопритисната пералка и осигурајте се дека влезната цедалка останува во вода.

Оставете ја високопритисната пералка да работи со отстранет пиштол, се додека водата не почне рамномерно да тече од високопритисното црево. Ако после 25 секунди сеуште нема вода, згаснете го уредот и проверете ги сите спојки. Ако водата тече, згаснете ја високопритисната пералка и монтирајте ги копјето и пиштолот за употреба.

Важно е цревото и спојките да се квалитетни, во добра состојба, цврсто и правилно монтирани. Неприцврстените спојки можат да предизвикаат лошо функционирање.

Резервари со чешми

Ако високопритисната пералка се поврзува со резервоарот преку чешма, прво монтирајте го соодветното црево на чешмата од резерварот (не е приложено). Отворете ја чешмата, пуштете да излезе целиот воздух од цревото, па потоа поврзете го цревото во високопритисната пералка.

Отстранување грешки

Моторот не севклучуваУредот не е включен на струја Вклучете го уредот на струја
Утикачот е неисправен Користете друг утикач
Прегорен осигурувач Заменете го осигурувачот

210 | Македонски

Продолжниот кабел е оштетен Пробајте без продолжен кабел
Активирана е заштитата на моторот од прегревањеОставете го моторот да се лади 15 min
Замрзнување Пуштете да се одмрзнат пумпата, доводното црево и останатите делови
Моторот престанува со работаПрегорен осигурувач Заменете го осигурувачот
Погрешна волтажа Проверете на натписната плочка дали волтажата на напојната мрежа е соодветна
Активирана е заштитата на моторот од прегревањеОставете го моторот да се лади 15 min
Прегорен осигурувач Преслаб осигурувач Поврзете ја високопритисната пералка на електрично коло со соодветна јачина
Моторот работи, но нема притисокМлазницата е делумно запушена или заглавена Исчистете ја млазницата
Се слуша дека моторот работи, но нема ниедна функцијаНесоодветно снабдување со енергија Проверете на натписната плочка дали волтажата на напојната мрежа е соодветна.
Губење на напонот поради несоодветен проболжен кабелПроверете дали продолжниот кабел е соодветен
Уредот не е користен долго време Обратете се во овластен Бош сервис
Проблеми со автостоп функцијата Обратете се во овластен Бош сервис
Пулсирачки притисокВоздух во цревото или во пумпата Вклучете ја пералката со отворен пиштол, отворена млазница, отворена славина и со низок притисок, се додека не се воспостави стабилен притисок
Несоодветен довод на вода Проверете дали доводот на вода одговара со спецификациите. Големината на пресекот на доводното црево треба да изнесува најмалку 1/2" односно 13 мм
Запушен воден филтер Исчистете го водениот филтер
Притиснато или свиткано доводно црево Исправете го доводното црево
Предолго високопритисно цревоОткачете го продолжетокот на високопритисното црево. Должината на цревото треба да изнесува најмногу 7 м
Равномерен, но пренизок притисок Предупредување: Некои додатоци можат да предизвикаат низок притисокИстрошена млазницаЗаменете ја млазницата
Истрошен старт/стоп вентилПет пати брзо притиснете го чкрапалото
Моторот работи, но има мал или нема никаков притисокУредот не е поврзан на водаПуштете ја водата
Запушен воден филтер Чистење на филтерот
Запушена млазницаИсчистете ја млазницата
Пералката се вклучува самата од себеПумпата или пиштолот пропуштаат водаОбратете се во овластен Бош сервис
Уредот пропушта водаПумпата пропушта водаМало пропуштање е дозволено; при поголеми пропуштања контактирајте го овластениот застапник.

Одржување и сервис

Одржување

▶ Згаснете ги сите функции на уредот, исключете го од електрично напојување и од довод на вода.

Совет: Следниве операции извршувајте ги редовно, за да обезбедите долготрајна и сигурна употреба на уредот.

Редовно проверувајте го уредот за очигледни недостатоци, како што се лабави фитинзи и истрошени или оштетени делови.

Проверете да се поставени и прицврстени сите заштитни капаци и штитници. Пред употреба спроведете ги сите неопходни проверки и поправки.

Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Исклучете го главниот прекинувач и притиснете го чкрапалото за да го испразните високопритисното црево. Исчистете ја пералката однадвор користејки мека четка или крпа. Не употребувајте вода, разредувачи или полирпасти. Отстранете ги сите отпадоци, особено оние на филтерот за воздух на моторот.

Складирање на крај на употребната сезона: Отстранете ја цела вода од пумпата, додека моторот работи неколку секунди и држете го притиснато чкрапалото.

Не држете други предмети на уредот.

Уредот чувајте го на место каде што не може да замрзне. Осигурајте се при складирањето кабелот не е притиснат. Не притискајте го високопритисното црево.

Сервисна служба и совети при користење www.bosch-do-it.com

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Македонија

Д.Д.Електрис

Заштита на околината

Хемикалии опасни по животната средина не смее да се испуштаат во почвата, подземните води, бари, реки и лично.

При користењето детергенти прочитајте го упатството за употреба и почитувајте го размерот препорачан за нивното разредување.

При миењето на моторни возила треба да се почитуваат важечките прописи: Моторно масло и други мазива не смее да се испуштаат во подземните води.

Отстранување

Опремата, додатоците и пакувањето треба да се рециклираат на еколошки начин.

BOSCH AQT 42-13 - Отстранување - 1

Не фрлајте го уредот во эубре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейската уредба 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивното транспонирање во националното законодавство, производите кои повеće не се употребуваат мора да се собираат одделно и да се рециклираат на еколошки здрав начин.

Srpski

Sigurnosna uputstva

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : AQT 42-13

Категорија : високопритисен чистач