GHP 5-55 Professional - високопритисен чистач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GHP 5-55 Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Термички чистач под висок притисок |
| Бренд | Bosch |
| Модел | GHP 5-55 Professional |
| Димензии (Д × Ш × В) | 850 × 600 × 900 mm |
| Тежина | 55 kg |
| Напојување | Бензин (4-тактен мотор) |
| Моќност на моторот | 5,5 КС |
| Максимален притисок | 180 bar |
| Максимален проток на вода | 500 l/h |
| Максимална температура на вода | 60 °C |
| Технологија на чистење | Ротирачка млазница, систем за пена |
| Тип на шасија | Количка со тркала и кормило |
| Водоводен приклучок | Брз приклучок 3/4" |
| Должина на црево | 10 m |
| Одржување и чистење | Исчистете ги филтрите, испуштете ја пумпата, исцедете го моторното масло |
| Безбедност | Автоматско исклучување на моторот, сигурносен вентил, заштита од мраз |
| Резервни делови и поправка | Млазници, црева, заптивки, филтри достапни на интернет |
| Општи информации | Ниво на бучава 98 dB(A), ниво на вибрации 2,5 m/s² |
Frequently Asked Questions - GHP 5-55 Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GHP 5-55 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот високопритисен чистач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GHP 5-55 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GHP 5-55 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GHP 5-55 Professional BOSCH
Македонски ...... Страна 209
Srpski....Strana 218
Slovensko .... Stran 226
Hrvatski.... Stranica 234
Eesti Lehekülg 242
Безбедносни напомени Символи на уредот

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките
настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Општи безбедносни правила.

Никогаш не насочувајте ја пералката директно кон луге, животни, електрични уреди или компоненти. Внимание: Високопритисните пералки можат да бидат опасни, ако се користат несоодветно.

Во склад со важечките прописи уредот не смее да се користи прикачен директно на водоводната на без системски сепаратор. гете системски сепаратор ЕЦ 61770 Вид БА.
Водата којашто минува низ системски сепаратор веке не е погодна за пиење.
Стојте на оддалеченост од 3 метра (F 016 800 335).
Потребни квалификации и заштитна опрема
▶Личности со смалени физички, сензорни или ментални способности, како и личностите без искусство смеат да го користат уредот доколку им е обезведен адекватен надзор или упатства за безбедно користење на уредот и коишто го разбираат ризикот од таквото ракување.
▶ Уредот не треба да го користат деца и млади. Внимавајте децата да не си играат со уредот.
▶ Уредот треба да го користат само лица коишто се обучени да располагаат со него и коишто можат да приложат доказ за таквата обука.

Носете заштитна опрема на пример заштитни очила и маска што штити од прскање вода, делчиња и аеросоли. Не вдишувајте аеросоли, ако водата доаға од надворешен извор може да содржи штетни материи.
210 | Македонски
▶ Не употребувајте ја високопритисната пералка на луге, освен ако тие носат заштитна опрема.
Приклучување на струја
▶Волтажата прикажана на
натписната плочка мора да биде
иста со волтажата на електричната
мрежа.
▶Работниот напон изнесува 230 V AC (во земјите вон Европа 220 V или 240 V).
▶ Овој уред со заштитна класа I треба да се користи со правилно заземјени извори на енергија.
▶ Приклучувањето на електрично напојување треба да го изврши квалификуван електричар во склад со нормата IEC 60364-1.
▶Советуваме овој уред да биде приключен на струја преку утикач со заштитен уред за заостаната струја што се активира при промена на јачината на струјата од 30 mA.
▶ Продолжниот кабел мора да има проводник за заземјување. Утикачот и приклучокот на продолжниот кабел мора да бидат отпорни на вода, да бидат заштитени и обезбедени за надворешна употреба од прскање на вода. Ако не сте сигурни, побарајте помош од квалификуван електричар или во Бош сервисот.
▶Се бараат следните пресеци: до 20 м должна 2,5 mm ^2 , до макс. 50 m должна 4,0 mm ^2 .
▶ Ако струјниот приключок не е соодветен, мора да се отстрани и замени од страна на овластен сервисер со соодветен приключок. Ако оригиналниот приключок има вграден осигурувач, при негова замена новиот приключок мора да има осигурувач со иста вредност. Откинатиот приключок мора да се уништи за да избегнете ризик од електричен удар и не смее да може да се стави во никаков утикач.
▶ Само за уреди кои се продаваат во Велика Британија: Уредот е опремен со кабел со вграден осигурач според BS1363/A (ASTA одобрени според BS1362).
▶Исклучувајте ја машината од напојување секогаш кога не ја користите, па макар и само на кратко.
▶ Не допирајте го кабелот или утикачот со мокри раце.
▶ Не извлекувајте го кабелот од утикачот додека машината работи.
▶Конекторот помеѓу напојниот и продолжниот кабел мора да остане сув и не смее да лежи на земјата (60 см растојание).
▶ Не користете ја машината ако се оштетени некои важни делови, како на пример високопритисното црево, пиштолот или некој од сигурносните прекинувачи.
▶ Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги напојниот или продолжниот кабел, бидејки на тој начин можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од топлина, масло и оштри рабови.
Македонски | 211
Приклучок на вода
▶ Почитувајте ги правилата на претпријатието за водоснабдување.
▶ Уредот никогаш не треба да се користи споен директно на водоводната мрежа без повратен вентил. Водата што поминала низ повратниот вентил повеке не е исправна за пиење.
Високопритисно црево
▶ Високопритисните црева, фитинзи и спојки се важни за безбедно ракување со уредот. Употребувајте само црева, фитинзи и спојки коишто ги препорачува произведувачот на уредот.
▶ Оштетеното високопритисно црево може да попушки и мора веднаш да се замени. Никогаш не влечете го високопритисното црево преку оштри рабови. Не тргајте го високопритисното црево ако е сплеткано.
Употреба на детергенти
▶ Употребувајте само детергенти
коишто ги препорачува
произведувачот на уредот и
следете ги упатствата за употреба,
одлив и безбедност дадени од
произведувачот на детергентот.
▶ Ви препорачуваме да употребувате неразредени детергенти. Ваквите производи се безбедни ако не содржат киселини, алкали или материи опасни по животната средина. Препорачуваме средствата за чистење да ги држите вон дофат на деца. При контакт на детергентот со очите, обилно
исплакнете со вода и веднаш обратете се кај лекар.
▶ Не користете го уредот со течни растворувачи, неразредени киселини, ацетон или други средства како бензин, разредувачи или горивна нафта, бидејки нивните испарувања се лесно запалливи, експлозивни и отровни.
Мерки на претпазливост пред пуштање во работа
▶ Ракувают мора да ракува со уредот во склад со прописите. При ракувањето со уредот мора да ги земе пред вид конкретните услови. При работата мора да внимава на другите личности, а посебно на децата.
▶ Пред употреба проверете дали уредот и дополнителната опрема се во функционална состојба и дали се безбедни за употреба. Не користете го уредот доколку не е во одлична состојба.
▶ Внимавајте високопритисната пералка да лежи на рамна површина.
▶ Сите компоненти во работниот простор коишто пренесуваат струја мора да бидат заштитени од прскање на вода.

Млазот што излегува од млазницата произведува повратен удар на пиштолот за
прскање. Затоа држете го пиштолот за прскање цврсто со двете раце.

Не насочувајте го млазот кон високопритисната пералка.
212 | Македонски

Не насочувајте го млазот кон себе или кон други со цел за чистење на облеката или обувките.
▶Чкрапалото на пиштолот за прскање не може привремено или трајнода биде стегнато во позицијата «ON».
▶ После долга употреба, металлите делови можат да се вьештат. По потреба носете заштитни ракавици.
▶ Не работете со високопритисната пералка при невреме, јак дожд или кога постои можност за грмотевици.
▶Доколку уредот се користи на места со намалена безбедност (на пример на нафтно преточувалиште) следете ги соодветните безбедносни мерки. Употребата е забранета на места на коишто постои опасност од експлозија.
▶ Не обработувајте површини кои содржат штетни материи (на пример Азбест).

Автомобилските гуми и нивните вентили се чистат на оддалеченост од најмалку
30 цм. Во спротивно високиот притисок на млазот може да ги оштети. Прв знак на оштетување на гума или вентил е промена на нивната боја. Оштетените автомобилски гуми и нивните вентили се опасни по живот.
Мерки на претпазливост пред сервисирање
▶Згаснете го уредот и исключете го од напојување пред секое чистење или одржување.
▶ Поправките на уредот се вршат само во овластен Бош сервис.
▶Може да се користат само додатна опрема и резервни делови одобрени од произведувачот на уредот. Оригиналната додатна опрема и оригиналните резервни делови гарантираат дека уредот може да се користи безбедно и без расипување.
Символи во упатството
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.
Ознака Значење

Правец на движење

Правец на реакција

Тежина

Вклучено

Исклучено
Lo Низок притисок
Hi Висок притисок

Опрема
Употреба со соодветна намена
Уредот е наменет за професионално чистење површини околу кујки и објекти, за чистење алатки, возила и бродови, со употреба на соодветни додатоци, на пример детергенти одобрени од Бош.
Работната температура изнесува меѓу 0 °C und 50 °C.
Македонски | 213
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на графичките страници.
1 Активатор
2 Прекинувач на дедукцијата
3 Пиштол за прскање
4 Заптивен прстен на копјето за прскање
5 Нергосувачко копје за прскање
6 Млазница
7 Врска за високопритисното црево (Пиштол за прскање)
8 Дршка
9 Дополнителен складишен простор (GHP 5-55/GHP 5-65/GHP 5-75)
10 Горна дршка за копјето за прскање
11 Прекинувач за напојување
12 Долна дршка за копјето за прскање
13 Конектори за високопритисното црево (GHP 5-55/GHP 5-65/GHP 5-75)
14 Довод на вода
15 Дополнителна рачка
16 Тркала за транспорт
17 Педала
18 Завртка за дозирање детергент
19 Црево за довод на детергент
20 гумена ногалка
21 Складишен просто
22 Задна рачка за носење
23 Држач за кабел
24 Рачка на калемот за кабелот
(GHP 500 X/GHP 5-65 X/GHP 5-75 X)
25 Калем за кабелот
(GHP 500 X/GHP 5-65 X/GHP 5-75 X)
26 Прилагодување на притисокот (GHP 5-75/GHP 5-75 X)
27 Манометар (GHP 5-75 X)
28 Високопритисно црево
(GHP 5-55/GHP 5-65/GHP 5-75)
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандариот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Високопритисна пералка | GHP 5-55 | GHP 500X | GHP 5-65 | GHP 5-65X | GHP 5-75 | GHP 5-75X | |
| Број на дел/артикл | 3 600 ... | J10 4.. | J10 9.. | J10 5.. | J10 6.. | J10 7.. | J10 8.. |
| Номинална јачина | kW 2,2 2,2 2,4 2,4 2,6 2,6 | ||||||
| Влезна тепература макс. | °C | 50 | 50 | 50 | 50 | 50 | 50 |
| Номинален проток | l/h | 500 | 500 | 485 | 485 | 560 | 560 |
| Номинален притисок | MPa | 11,5 | 11,5 | 13,0 | 13,0 | 14,0 | 14,0 |
| Работен притисок | MPa | 13,0 | 13,0 | 16,0 | 16,0 | 18,5 | 18,5 |
| Проток | l/h | 520 | 520 | 520 | 520 | 570 | 570 |
| Максимален влезен притисок | MPa | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 |
| Јачина на отфрлање на раката при максимален притисок | H | 19,71 | 19,71 | 20,46 | 20,46 | 24,37 | 24,37 |
| Изолација на моторот | Класа Ф | Класа Ф | Класа Ф | Класа Ф | Класа Ф | Класа Ф | |
| Заштита на моторот | IPX5 | IPX5 | IPX5 | IPX5 | IPX5 | IPX5 | |
| Аутостоп функција | ● | ● | ● | ● | ● | ● | |
| Манометар | – | – | – | – | – | ● | |
| Прилагодување на притисокот | – | – | – | – | ● | ● | |
| Калем за кабелот | – | ● | – | ● | – | ● | |
| Нето импеданса | Ω | 0,153 | 0,153 | 0,153 | 0,153 | 0,153 | 0,153 |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003 | кг | 22,0 | 24,8 | 23,5 | 25,0 | 26,7 | 28,2 |
| Класа на заштита | ± /I | ± /I | ± /I | ± /I | ± /I | ± /I | |
Сериски број
Видете го серискиот број (натписна плочка) на високопритисната пералка
Процесот на вклучување создава краткотрајно пајање на напонот. Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки на другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,153 омови нема пречки.
214 | Македонски
Информации за бучава/вибрации
| Вредностите на емисија на бучава одредениво согласност со EN 60335-2-79. | 3 600 ... | J 10 4.. | J10 5.. | J10 6.. | J10 7.. | J10 8.. | J10 9.. |
| Измерените А-вредности на врева изнесуваатпросечно:Звучна јачина | dB(A) | 78 | 78 | 78 | 78 | 77 | 77 |
| Звучен притисок | dB(A) | 92 | 92 | 92 | 92 | 91 | 91 |
| Несигурност К | dB | = 2,5 | = 2,5 | = 2,5 | = 2,5 | = 2,3 | = 2,3 |
| Носете звучна заштита! | |||||||
| Вкупната вредност на вибрациите ah(векторски збир на трите правци) инесигурноста К утврдени се во согласност состандардот EN 60335-2-79:Вкупна вредност на вибрациите ah | m/s^2 | =1,841 | =1,841 | =1,841 | =1,841 | =1,841 | =1,841 |
| Несигурност К | m/s^2 | =1,5 | =1,5 | =1,5 | =1,5 | =1,5 | =1,5 |
Изјава за сообразност СЕ
| 3 600 ... | J 10 4.. | J10 5.. | J 10 6.. | J10 7.. | J10 8.. | J10 9.. | |
| Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во «Технички податоци» соодветствува на сите применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до 19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016: 2014/30/EU, 2006/42/EC, 2000/14/EC включително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 60335-1, EN 60335-2-79.2000/14/EC: Гарантирана јачина на звук: Процедура за верификација на конформитетот V. | dB(A) | 92 92 92 92 91 91 |
Категорија на производ: 27
Техничка документација (2006/42/EC, 2000/14/EC) при: Bosch Lawn and Garden Ltd., PT-HG/ENS-PA2, Stowmarket, Suffolk IP14 1EY, England
Henk Becker
е дијаметар од 19 мм (3/4"). Свртете го копчето за вода до крај. Сите врски мора да бидат цврсти. Чистете го филтерот за вода редовно (види Одржување на деловите)
- Препорачуваме секогаш да користите надворешен филтер за вода (по желба). Осигурајте се дека филтерот за вода е затегнат.
- По потреба ставете редукција за цревото (не е приключено).
- Поврзете соодветно црево по можност со дијаметар од 13 мм (1/2") или 19 мм (3/4").
- Одвртете ја славината до крај и проверете ги сите спојки дали има истекување.
Напомена: Наведениот притисок може да се постигне само ако има довольно вода. Снабдувањето со вода е довольно ако кофа од 10 литри се полни за помалку од една минута.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Континуираната работа без вода може да ја оштети пумпата.
ЗАБЕЛЕШКА: За соодветно напојување со вода користете што е можно пократко црево со дијаметар од најмалку 13 mm (1/2"). На цевка со должна од 10 м, задолжителен
ЗАБЕПЕШКА: Наведената моќност е достатна само кога има стабилно електрично напојување. Долгите продолжни кабли со мал пресек или неодмотаните макари за кабел, вклучувањето на повеće уради истовремено или осцилации на напонот може да доведе до намалени перформанси на високопритисната пералка.
Македонски | 215
Обезвоздушување на високопритисната пералка и цревото (види слика G)
ЗАБЕПЕШКА: Обезвоздушете ја високопритисната пералка при секое приклучување на водоснабдувањето во следните чекори:
Притиснете го прекинувачот за струја на OFF (0). Отстранете го копјето од пиштолот за прскање.
- Кога е притиснат активаторот се слуша како минува воздух и вода од пиштолот. Држете го активаторот притиснат се додека водата не почне рамномерно да тече. Пуштете го активаторот
- Монтирајте го копјето.
– Приклучете ја високопритисната пералка на струја.
– Притиснет го прекинувачот за вклучување, а потоа притиснете го активаторот на пиштолот.
Користење на алтернативни извори на вода (види слика I)
Високопритисната пералка може да црпи вода од природни резервоари или извори на вода. Само е ВАЖНО водата да биде чиста и внатрешниот и надворешниот филтер да се монтирани и чисти (види Одржување на делови).
Употребувајте го додатокот за самостояно дозирање, кој се состои од:
– Влезна цедилка со неповратен вентил
- 3 м ојачано црево
– Универзална спојка за чистење под притисок
Со овој додаток високопритисната пералка може да црпи вода од 0,5 м над нивото на водата. Тоа може да трае 25 – 50 секунди.

Целосно потопете го трометражното црево во вода за да излезе од него сиот воздух. Поврзете го трометражното црево со високопритисната пералка и осигурајте се дека влезната цедалка останува во вода.
Оставете ја високопритисната пералка да работи со отстранет пиштол, се додека водата не почне рамномерно да тече од високопритисното црево. Кога после 25 – 50 секунди сеуште нема вода, згаснете го уредот и проверете ги сите спојки. Ако водата тече, згаснете ја високопритисната пералка и монтирајте ги копјето и пиштолот за употреба.
Важно е цревото и спојките да се квалитетни, во добра состојба, цврсто и правилно монтирани. Неприцврстените спојки можат да предизвикаат лошо функционирање.
Ако високопритисната пералка се поврзува со резервоарот преку чешма, прво монтирајте го соодветното црево на чешмата од резерварот (не е приложено). Отворете ја чешмата, пуштете да излезе целиют воздух од цревото, па потоа поврзете го цревото во високопритисната пералка.
▶ Употребувајте само детергенти коишто ги препорачува произведувачот на уредот и следете ги упатствата за употреба, одлив и безбедност дадени од произведувачот на детергентот.
Повлечете го цревото од задната страна на уредот и поврзете го во шише со детергент (не е приложено). Повлечете ја млазницата нанадвор (низок притисок). Притиснете го активаторот. Набрзо од млазницата ће излезе пена.
Прилагодувајте ја количината на детергент со завртката за дозирање на задниот дел од рачката на високопритисната пералка.
Вртете ја млазницата за прилагодување на млазот.
Отстранување грешки
| Моторот не се вклучува | Уредот не е включен на струја | Включете го уредот на струја |
| Утикачот е неисправен | Користете друг утикач | |
| Прегорен осигурувач | Заменете го осигурувачот | |
| Продолжниот кабел е оштетен | Пробајте без продолжен кабел | |
| Активирана е заштитата на моторот од прегревање | Оставете го моторот да се лади 15 минути | |
| Замрзнување | Пуштете да се одмрзнат пумпата, доводното црево и останатите делови. |
Bosch Power Tools F 016 L81 097 | (13.5.15)
216 | Македонски
| Проблем | Можна причина | Решение |
| Моторот престанува со работа | Прегорен осигурувач | Заменете го осигурувачот |
| Погрешна волтажа | Проверете на натписната плочка дали волтажата на напојната мрежа е соодветна | |
| Активирана е заштитата на моторот од прегревање | Оставете го моторот да се лади 15 минути | |
| Прегорен осигурувач | Преслаб осигурувач | Поврзете ја високопритисната пералка на електрично коло со соодветна јачина |
| Моторот работи, но нема притисок | Млазницата е делумно запушена или заглавена | Чистење на копјето |
| Се слуша дека моторот работи, но нема ниедна функција | Несоодветно снабдување со енергија | Проверете на натписната плочка дали волтажата на напојната мрежа е соодветна. |
| Губење на напонот поради несоодветен проболжен кабел | Проверете дали продолжниот кабел е соодветен | |
| Уредот не е користен долго време | Обратете се кај овластениот застапник на Бош | |
| Проблеми со автостоп функцијата | Обратете се кај овластениот застапник на Бош | |
| Пулсирачки притисок | Воздух во пумпата или во цревото | Вклучете ја пералката со отворен пиштол, отворена млазница, отворена славина и со низок притисок, се додека не се воспостави стабилен притисок |
| Несоодветен довод на вода | Проверете дали доводот на вода одговара со спецификациите. Големината на пресекот на доводното црево треба да изнесува најмалку 1/2" односно 13 мм | |
| Запушен воден филтер | Исчистете го водениот филтер | |
| Притиснато или свиткано доводно црево | Исправете го доводното црево | |
| Предолго високопритисно црево | Откачете го продолжетокот на високопритисното црево. Должината на цревото треба да изнесува најмногу 7 м | |
| Равномерен, но пренизок притисок Забелешка: Некои додатоци можат да предизвикаат низок притисок | Истрошена млазница | Заменете ја млазницата |
| Истрошен старт/стоп вентил | Пет пати брзо притиснете го чкрапалото | |
| Моторот работи, но има мал или нема никаков притисок | Уредот не е поврзан на вода | Пуштете ја водата |
| Запушен воден филтер | Чистење на филтерот | |
| Запушена млазница | Исчистете ја млазницата | |
| Пералката се вклучува самата од себе | Пумпата или пиштолот пропуштаат вода | Обратете се кај овластениот застапник на Бош |
| Уредот пропушта вода | Пумпата пропушта вода | Мало пропуштање е дозволено; при поголеми пропуштања контактирајте го овластениот застапник |
Македонски|217
| Машината не го впива детергентот | Прилагодливата млазница е на позицијата за висок притисок | Поставете ја млазницата на понизок притисок (вовлечете ја) |
| Детергентот е премногу густ | Растворете го со вода | |
| Се употребува продолжеток на високопритисното црево | Поврзете го оригиналното црево | |
| Остатоци од детергент или намален проток на детергент во резервоарот за детергент | Исчистете го со чиста вода иотстранете ги остатоците. Ако проблемот не се реши, обратете се во Вашиот Бош сервисен центар. |
Тргнете го цревото од чешмата
Отстранете го копјето од пиштолот за прскање.
Насочете го пиштолот надолу и включете ја пералката.
Притиснете го активаторот и испразнете го целиот систем.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Високопритисната пералка не смее да работи на суво подолго од 25 секунди.
Чувајте ја високопритисната пералка на суво место.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Штета причинета од замрзнување е исключена од гаранцијата. Водата што е преостаната во пералката ке смрзне ако околната температура падне под 0 °C и може да ја оштети пумпата. Во области кадешто температурата пафа под 4 °C високопритсната пералка треба да се испразни пред почетокот на студената сезона.
Одржување и сервис
Одржување
Згаснете ги сите функции на уредот, исключете го од електрично напојување и од довод на вода.
Напомена: Следниве операции извршувајте ги редовно, за да обезбедите долготрајна и сигурна употреба на уредот.
Прегледајте го уредот дали има некакви очигледни недостатоци, како што се лабави спојки и истрошени или оштетени делови.
Проверете дали се неоштетени и исправно поставени сите штитници и капаци. Пред употреба извршете ги неопходните поправки и замени.
Препорачуваме на секои 200 (GHP 5-55, GHP 5-65, GHP 5-65 X, GHP 500 X)/300 (GHP 5-75, GHP 5-75 X) работни часови производот да се носи на редовен сервис во овластен Бош сервисен центар.
Филтерот чистете го редовно еднаш неделю. Бигорот можете полесно да го отстраните со оцет. Филтерот потопете го во оцет на 30 минути (види ги сликите M-N)
Исчистете ја млазницата.
Секогаш при кореспонденција или нарачка на резервни делови наведете го десетцифрениот сериски број што се наоға на натписната плочка.
Македонија
Д.Д.Електрис
Заштита на околината
Хемикалии опасни по животната средина не смее да се испуштаат во почвата, подземните води, бари, реки и лично.
При користењето детергенти прочитајте го упатството за употреба и почитувајте го размерот препорачан за нивното разредување.
При миењето на моторни возила треба да се почитуваат важечките прописи: Моторно масло и други мазива не смее да се испуштаат во подземните води.
Отстранување
Високопритисната пералка, додатната опрема и амбалажата треба да се сортираат за рециклажа.
Високопритисната пералка не се фрла со комуналниот отпад!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема и нејзината имплементација во државното право, отпадната електрична и електронска опрема мора посебно да се сортира и да се складишти на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
218 | Srpski
Srpski
Uputstva o sigurnosti Simboli na uredjaju

Čitajte sva upozorenja i uputstva. Propusti kod pridržavanja upozorenja i uputstava mogu imati za posledicu električni udar, požar i/ili teške povrede.

Opšte uputstvo o opasnosti.
