0700 AA - метла BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 0700 AA BOSCH во PDF формат.
Frequently Asked Questions - 0700 AA BOSCH
Прашања на корисниците за 0700 AA BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот метла во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 0700 AA - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 0700 AA на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 0700 AA BOSCH
- Овој алат е наменет за отстранување коров од тераси и меѓу плочки
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Проверете дали пакувањето ги содржи сите делови коишто се прикажани на сликата ②
- Контактирајте со продавачот ако недостасуваат делови или истите се оштетени
- Внимателно прочитајте го упатството за работа пред употреба и зачувајте го за идни осврти ③
- Обрнете особено внимание на безбедносните упатства и предупредувања; недоследноста може да доведе до сериозна повреда
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ①
ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ ②
A Штитник при сечење
В Тркало
С Копче за заклучување на вретеното
D Навртка за обрачот
E Клуч
F Четка
G Индикатор за четката
Н Глава за стегање
J Телескопска цевка
К Дршка
L Водилка за кабелот
М Прекинувач за активирање
N Отвори за вентилација
Р Шина за складирање (шрафовите не се доставуваат)
БЕЗБЕДНОСТ
- Запознајте се со контролите и со правилната употреба на косилката
- Норисникот е одговорен за несреїните случаи или штетите што ће се предизвикаат кај други лица или на нивниот имот
- Користете ја машината само ако температурата на воздухот е меѓу 0°C и 40°C
- Никогаш не поставувајте елементи за сечење метал на оваа машина
- Не користете го овој алат за отстранување мокар коров ЛИЧНА ЗАШТИТА
-
Овој алат е наменет за употреба за лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сензорски или ментални способности или со помало искусство и знаење, и доколку лицето задолжено за нивна безбедност не им даде соодветна помош и упатство за за тоа како да се користи алатот
-
Обезбедете децата да не си играат со алатот
- Никогаш не дозволувајте деца или други лица коишто не ги знаат упатствата за работа да ја користат машината
- Секогаш носете заштита за очите, долги пантолони и цврсти чевли кога работите со машината
- Никогаш не работете со машината ако е оштетен штитникот при косење или без поставен штитник
- Никогаш не работете со машината во непосредна близина на луге; престанете да работите со неа ако во близина има други лица (особено деца) или галеничиња
- Никогаш не работете со алатот ако сте уморни, болни или под влијание на лекови, алкохол или медикаменти
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
- Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот (алатите за напон од 230V или 240V исто така може да се поврзат и на напон од 220V)
- Проверувајте го кабелот од време на време и повикајте квалификувано лице да го смени ако е оштетен
- Проверувајте го продолжниот кабел од време на време и сменете го ако е оштетен (несоодветните продолжни кабли се опасни)
- Користете само продолжен кабел којшто е наменет за работа на отворено и е опремен со водоотпорен приклучок и штекер во форма на запалка
- Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
- Користете уред за преостанат напон (RCD) со максимальен напон за активирање од 30 mA кога ја користите косилката
- Не преминувајте преку кабелот (продолжниот) не превиткувајте или не влечете го
- Заштитете го (продолжниот) кабел од топлина, масло и остри рабови
- Држете го кабелот (и продолжниот) подалеку од ротирачката четка
- Секогаш исключете ја машината и исключете го приключокот од штекерот ако кабелот за напојување со ел. енергија или продолжниот кабел се пресечени, оштетени или заплеткани (не допирајте го кабелот пред да го исключите приключокот)
ЧЕТКИ
- SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор
- Ставајте само четки чијашто максимална брзина („RPM“) е поголема од ротацијата во минута што е означена на алатот
- Користете само четки со максимален дијаметар од 100 мм
- Не користете изабени четки
- Дамки од р'ға или други знаци за хемиски или механички промени на материјалот што ги држат нишките на четката може да предизвикаат предвремено расипување на четката
- Чувајте ги четките на соодветно место така што ће бидат заштитени од следните влијанија:
- голема атмосферска влага, жештина, вода или други течности што може да ја оштетат четката
-
киселини или киселински испарувања што може да ја оштетат четката
-
ниски температури во средината што ће предизвикаат кондензација на четката кога ће се остави на место со повисока температура
- деформација на кој било дел на четката
ПРЕД УПОТРЕБА
- Користете ја машината само на дневно светло или со соодветно вештачко осветлување
- Проверувајте ја функционалноста на машината пред секоја употреба и во случај на удар, повикајте квалификувано лице да ја поправи (никогаш не отворајте ја машината сами)
- Извадете ги сите клучеви за местење или винтови пред да го включите алатот (оставените клуч или винт на ротирачки дел од алатот може да доведе до лична повреда)
- Пред употреба, темелно проверете ја областа за сечење и остранете ги сите предмети што машината може да ги отфрли при сечењето (како камења, паднати гранки и сл.)
- Користете го алатот само во вертикална позиција со четката насочена кон тлото (никогаш не вклучувајте го алатот во друга позиција)
- Работете со алатот само со одење (не трчајте)
- Не поминувајте патишта или плочници кога работи машината
- Не дозволувајте нешто да ви го одвлече вниманиете и секогаш концентрирајте се на работата
- Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација чисти и без отпадоци
ПО УПОТРЕБА
- Четката продолжува да ротира уште извесно време откако машината ће се ислучи (не допирајте ја четката додека се врти)
- Секогаш исклучувајте го приклучокот од штекер
- кога косилката ја оставате без надзор
- пред чистење заглавен материјал
- пред проверка, чистење или работа на косилката
- ако удрите во стран предмет
- секогаш кога косилката ње вибрира невообичаено
- Исключете го моторот пред да го спуштите алатот и проверете дали сите подвижни делови се комплетно застанати
- Чувајте ја машината во затворен простор на суво и затворено место и подалеку од дофат на деца
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
③ Предупредување! Прочитајте го упатството за работа
④ Не изложувајте го алатот на дожд
⑤ Носете заштитни очила и заштита за ушите
⑥ Обрнете внимание на ризикот од повреда што може да го предизвика отфрлениот остаток од косењето (присутните лица да стојат на безбедно растојание од местото на работа)
⑦Секогаш чувајте ги рацете и нозете подалеку од ротирачките делови
⑧ Исключете ја косилката и извадете го приклучокот од штекер пред чистење/одржување или ако кабелот (продолжниот) е оштетен или заплеткан
⑨ Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
⑩ Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од домаćинството
УПОТРЕБА
- Упатство за спојување
! секогаш извадете го приклучокот пред да ја ставате/вадите четката
- лизнете ја заштитата А преку кукиштето на моторот како што е прикажано на сликата за да кликне на своето место ⑪
- поставете го тркалото В на кукиштето на моторот како што е прикажано на сликата за да кликне на своето место ⑫
- притиснете го копчето за заклучување на осовината С и држете го додека ја разлабавувате стегата D со клуч Е ⑬
- поставете ја четката F така што центарот ће се порамни со индикаторот за четката G
- затегајте ја стегата D со клуч E додека го притискате копчето за заклучување на осовината C
! заменете ја четката кога ће се изаби (дополнителна опрема на SKIL, број 2610Z02973)
- Прилагодување на висината ⑭
- разлабавете ја главата Н вртејки ја во правецот на стрелките на часовникот
! кога го користите алатот за првпат, свртете ја рачката за К 90° по разлабавување на главата за заклучување Н
- издолжете ја цевката J до саканата висина
- затегнете ја главата Н вртејки ја обратно од правецот на стрелките на часовникот
! не применувајте сила врз алатот нога ја продолжувате/скратувате цевката на саканата должина
• Водилка за кабелот ⑮
- закачете ја куката на продолжниот кабел над водилката L како што е прикажано
- повлечете цврсто за да го обезбедите продолжниот кабел
- включете го алатот со притискање на прекинувачот за активирање М
- исключете ја машината со пуштање на прекинувачот за активирање М
! по исклучување на алатот, четката продолжува да ротира уште неколку секунди
- оставете четката да престане да се врти пред повторно вклучување
! не исклучувајте и вклучувајте премногу бргу
- Пред користење на електричниот алат
- обезбедете четката F ⑬ да биде правилно поставена и стегата D ⑭ да биде цврсто затегната
- пробно включете го алатот најмалку 30 секунди на најголема брзина во празен од и во сигурна положба
- веднаш престанете со работата доколку дојде до поголеми вибрирања или други неправилности во работата и прегледајте го алатот, за да ја одредите причината
- Отстранување коров
! проверете дали областа за косење е без камења, отпадоци и други страни предмети
- обезбедете долната страна на алатот да биде во рамна позиција
- започнете да работите само кога работи моторот
- започнете со работа близу главниот приклучок и постепено оддалечувајте се работејки
- чувајте го алатот подалеку од цврсти предмети и растенија
- не користете го алатот на едно место предолго
- не преотоварувајте ја машината
• Држење и насочување на алатот ⑰
- држете го алатот цврсто со една рака
- водете го алатот со постојана брзина преку површината на којашто треба да се работи
- заземете стабилна позиција за работа
- секогаш држете ја машината далеку од телото
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
- За најдобри резултати, проверете го алатот на мал дел од површината и проверете дали плочките ће се оштетат
- Редовно вадење на коровот помага да се избегне истрајниот коров
- Многу други совети можете да најдете на www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чистиAlways keep tool and cord clean
! пред чистење извадете го алатот од приклучокот
- редовно чистете ги процепите за вентилација N ② со мека крпа
- редовно отстранувајте ја нечистотијата од заштитата за сечење А ② со мека четка
• Чување ⑱
- чувајте ја машината во затворен простор на суво и затворено место и подалеку од дофат на деца
- внимателно поставете ја шината за складирање Р на сид со 4 шрафа (не се доставуваат) и порамнете хоризонтално
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
- Следниот список ги прикажува симптомите за проблемите, можните причини и дејства за поправка (контактирајте со продавачот или сервисерот ако истите не го идентификуваат ниту решаваат проблемот)
! исключете ја машината и извадете го приключокот пред да го истражувате проблемот
★ Машината не работи
- расипан штекер за напојување со ел. енергија -> користете друг штекер
- продолжниот кабел е оштетен -> заменете го продолжниот кабел
- неправилно поставена четка -> поставете ја четката повторно
★ Машината работи со прекини
- оштетување на внатрешното поврзување -> контактирајте со продавачот/ сервисерот
- оштетување на прекинувачот за вклучување/исклучување -> контактирајте со продавачот/сервисерот
★ Коровот не е целосно отстранет
- четката е оштетена/изабена -> заменете ја четката
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното губре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2002/96/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање
- симболот ⑩ ће ве потсетува на ова кога ће дојде време алатот да го фрлите
- Со целосна одговорност изјавуваме дека производот опишан кај "Технички податоци" е усогласен со следните стандарди или документи за стандардизација: EN 60335, EN 61000, EN 55014 во согласност со одредбите во директивите 2006/95/EG, 2004/108/EG, 2006/42/EG, 2000/14/EG, 2011/65/EY
- Технично досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/ENG1), 4825 BD Breda, NL
- Мерено во согласност со EN 60335 нивото на звучен притисок е 68 dB(A) а нивото на звучна моїност 88 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација 3,2 м/с² (hand-arm метода; несигурност K = 1.5 м/с²)
- Измерено во согласност со 2000/14/EG (EN/ISO 3744), гарантираното ниво на бука LWA е пониско од 91 dB(A) (постапка за проценка на усогласеноста согласно Додаток VI)
Овластено лице: KEMA, Arnhem, NL
Број за идентификација на овластеното лице: 0344 - Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 60335; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и
како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени
- користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
- кога алатот е исключен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа