BMGB20212B - BMGB 20212 B - BEKO - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil BMGB20212B - BMGB 20212 B BEKO au format PDF.

Page 168
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : BEKO

Modèle : BMGB20212B - BMGB 20212 B

Catégorie : неопределено

Téléchargez la notice de votre неопределено au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice BMGB20212B - BMGB 20212 B - BEKO et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil BMGB20212B - BMGB 20212 B de la marque BEKO.

MODE D'EMPLOI BMGB20212B - BMGB 20212 B BEKO

Ве молиме најнапред прочитајте го ова упатство! Почитуван кориснику, Ви благодариме што купивте производ од марката Beko. Се надеваме дека добро ќе Ви користи овој апарат, кој е произведен со висок квалитет и според најнова технологија. Затоа Ве молиме внимателно прочитајте го целото упатство за употреба и другата приложена документација пред да го користите апаратот и чувајте ги во случај да Ви затребаат. Ако му го дадете апаратот на некој друг, дајте му го и упатството за употреба. Следете ги сите предупредувања и информации што се дадени во упатството за употреба.

Значење на симболите Во различни делови од ова упатство за употреба се користат следниве симболи:

Важни информации и корисни совети во врска со користењето на апаратот. Предупредувања во врска со опасни ситуации поврзани со безбедноста на човечкиот живот и на материјалниот имот. Предупредување за жешки површини.

Предупредување за струен удар. Предупредување за опасност од пожар.

Овој апарат е произведен во еколошки безбедни и современи фабрики без да ѝ се нанесе штета на природата. Овој апарат е во согласност со WEEE

1 Важни упатства за безбедноста и заштитата на околината Важни упатства за безбедноста Прочитајте внимателно и чувајте во случај да Ви затреба 1.1 Предупредувања за безбедно користење

Овој дел содржи упатства за безбедноста што ќе помогнат да не дојде до пожар, електричен удар, изложеност на пропуштена микробранова енергија, физички повреди или оштетување на материјалниот имот. Ако не се следат овие упатства гаранцијата ќе изгуби важност.

Производите на Beko се во согласност со важечките стандарди за безбедност; затоа, во случај на оштетување на апаратот или на електричниот кабел, треба да ги поправи или замени продажниот салон, сервисниот центар или некое стручно лице или овластен сервис за да не се предизвика некаква штета. Поради погрешни или нестручни поправки може да биде доведен во опасност корисникот на уредот. • Овој уред е наменет за у п от р еба во домаќинството или на места како што се: – Чајни к ујни за в р а б о т е н и т е во п р од а в н и ц и , канцеларии и други работни простории; – Фарми;

Микробранова печка / Упатство за употреба

1 Важни упатства за безбедноста и заштитата на околината – За посетителите во хотелите и во други објекти за сместување; – Пансиони и разни ноќевалишта. • Не е наменет за индустриска или лабораториска употреба. • Не се обидувајте да ја вклучите печката додека вратата е отворена; во спротивно може да бидете изложени на штетна микробранова енергија. Функциите за заклучување поради безбедност не треба да се попречуваат или да се расипуваат. • Микробрановата печка е наменета за загревање на храна и пијалаци. Сушењето на храна или облека и загревањето на електрични перничиња, папучи, сунѓери, мокри крпи и слично може да доведе до опасност од повреди, запалување или пожар. 170 / MK

Не ставајте никакви предмети меѓу предната страна и вратата на м и к р о п еч к ата . Не дозволувајте никаква н еч и с тот и ј а или остатоци од средства за чистење да се насоберат на површините за затворање. Секое сервисирање што вклучува отстранување на к а п а к от ш то обезбедува заштита од изложеност на микробранова енергија мора да ја извршува овластено лице/сервис. Опасно е некој друг да го прави тоа. Овој апарат е наменет за готвење, загревање и одмрзнување на храна дома. Не смее да се користи за комерцијални цели. Микропечката не е наменета за сушење на некое живо суштество.

Микробранова печка / Упатство за употреба

1 Важни упатства за безбедноста и заштитата на околината •

Не ја к ористете микропечката за сушење на алишта или кујнски крпи. Не ја к ористете микропечката надвор, во купатила, влажни средини или на места каде што може да се намокри. Не сносиме никаква одговорност и гаранцијата нема да важи ако настанат оштетувања поради погрешна употреба или неисправно ракување со апаратот. Не се обидувајте да го расклопите апаратот. Гаранцијата нема да важи ако апаратот се оштети поради неисправно ракување. Користете ги само оригиналните делови или деловите што ги препорачува произведувачот.

Не го оставајте апаратот без надзор додека работи. Секогаш користете го апаратот на стабилна, рамна, чиста, сува и нелизгава површина. Со апаратот не треба да се управува со надворешен тајмер или со одвоен систем за далечинско управување. Пред да го користите апаратот за првпат, исчистете ги сите делови. Видете ги упатствата дадени во делот “Чистење и одржување”. Ракувајте со уредот само во склад со неговата намена, како што е опишано во ова упатство. Апаратот многу се загрева додека се користи. Внимавајте да не ги допирате жешките делови во микропечката.

Микробранова печка / Упатство за употреба

1 Важни упатства за безбедноста и заштитата на околината •

Не р а б отете со микропечката додека е празна. Приборот за готвење може да се загрее поради топлината што се пренесува од загреаната храна до приборот. Можеби ќе ви требаат ракавици за рерна за да го фаќате приборот. Треба да се провери дали приборот е погоден за употреба во микробранова печка. Не го ставајте апаратот на печка или на други уреди што создаваат топлина. Во спротивно може да се оштети и гаранцијата нема да важи. Може да излезе пареа кога ќе се тргне капакот или фолијата по готвењето на храната. Апаратот и неговите пристапни површини може да бидат многу жешки додека се користи апаратот.

Вратата и надворешното стакло може да бидат многу жешки додека се користи апаратот. П р о ве р ете дали н а п о ј у в а њ ет о од струјната мрежа е во склад со податоците што се наведени на металната етикета на апаратот. Единствен начин да се исклучи апаратот од струјната мрежа е да се извади приклучокот од штекерот. Користете го апаратот само со заземјен штекер. Не го користете апаратот ако електричниот кабел или самиот апарат се оштетени. Апаратот не смее да се користи со продолжен кабел. Никогаш не го допирајте апаратот или неговиот приклучок со влажни или мокри раце.

Микробранова печка / Упатство за употреба

1 Важни упатства за безбедноста и заштитата на околината •

При поставувањето на уредот водете сметка штекерот секогаш да биде пристапен. За да не се оштети електричниот кабел не треба се гмечи, витка или трие од остри рабови. Кабелот треба да биде што подалеку од жешки површини и од отворен пламен. Внимавајте некој случајно да не го извлече или стапне електричниот кабел додека работи апаратот. Извадете го приклучокот од штекерот пред секое чистење на апаратот и додека не го користите. Не го вл еч ете електричниот кабел на апаратот за да го исклучите од електричната мрежа и не го мотајте околу апаратот.

Не го потопувајте апаратот, електричниот кабел или приклучокот во вода или во некоја друга течност. Не го ставајте под млаз вода. Кога загревате храна во пластични или хартиени садови, држете ја на око микропечката поради тоа што постои можност да се запали. Извадете ги металните жички и/или дршки на хартиените или п л а с т и ч н и те ќеси пред да ги ставите во микропечката. Ако забележите чад, исклучете го апаратот или, ако е безбедно, извадете го приклучокот од штекерот и оставете ја вратата затворена за да се задушат евентуалните пламења.

Микробранова печка / Упатство за употреба

1 Важни упатства за безбедноста и заштитата на околината •

Не ја к ористете микробрановата печка за да чувате нешто во неа. Не оставајте хартиени предмети, материјали за готвење или храна во миккропечката додека не се користи. Содржината на шишенцата и тегличките со бебешка храна треба да се измеша или протресе и да им се провери температурата пред конзумирањето за да не дојде до изгореници. Овој апарат спаѓа во опрема од Група 2 Класа B ISM. Група 2 ја содржи сета ISM (индустриска, научна и медицинска) опрема во која радиофреквенцијата намерно се создава и/ или се користи во облик на електромагнетно зрачење за обработка на материјали и за опрема за ерозија на искра.

Опремата од Класа B е погодна за употрба во домаќинства и установи к ои се дирек тно поврзани со доводна електрична мрежа со низок напон. Не користете масло за го т в е њ е во микропечката. Врелото масло може да ги оштети елементите и материјалите на печката, а може да предизвика и изгореници на кожата. Избоцкајте ја храната што има тенка лушпа, како што се компирите, тиквичките, јаболката и костените. Наместете го апаратот во таква положба што неговата задна страна ќе биде свртена кон ѕидот. Пред да го поместувате апаратот, прицврстете ја вртливата плоча за да не се оштети.

Микробранова печка / Упатство за употреба

1 Важни упатства за безбедноста и заштитата на околината Јајца со лушпа и цели тврдо варени јајца не смеат да се загреваат во микробранови печки бидејќи може да експлодираат, дури и откако микробрановото загревање престанало. П Р Е Д У П Р Е Д У ВА Њ Е : Ако вратата или дихтунзите на вратата се оштетени, микропечката не смее да се користи сѐ додека не ја поправи стручно лице. П Р Е Д У П Р Е Д У ВА Њ Е : Опасно е некој друг освен стручно лице да извршува некакво сервисирање или поправка што вклучува отстранување на капак што обезбедува заштита од изложеност на микробранова енергија. П Р Е Д У П Р Е Д У ВА Њ Е : Течности и друга храна не смеат да се загреваат во запечатени садови бидејќи може да експлодираат. •

Микропечката треба редовно да се чисти и сите остатоци од храна треба да се отстрануваат. Треба да има најмалку 20 cm слободен простор над горната површина на микропечката. Не ја гответе храната премногу долго време бидејќи може да се потпали. Не го чистете апаратот со хемикалии и со средства за чистење со помош на пареа. Потребно е многу да внимавате кога го користите апаратот во близина на деца и лица што имаат намалени физички, сетилни или умствени способности.

Микробранова печка / Упатство за употреба

1 Важни упатства за безбедноста и заштитата на околината •

Овој уред може да го користат деца над 8 години, како и лица со намалени физички, сетилни или умствени способности или не се доволно искусни и упатени, но само ако се под нечиј надзор или ако се запознаени со упатствата во врска со безбедното користење на производот и со опасностите што се вклучени притоа. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не треба да го извршуваат деца освен ако не се под надзор на некој возрасен. Опасност од задушување! Сите материјали од амбалажата треба да бидат подалеку од деца.

Поради преголемата топлина што настанува кога микропечк ата работи на режимот за ск ара и на комбинираниот режим, децата смеат да ги користат овие режими само под надзор на возрасно лице. Апаратот и неговиот ел е к т р и ч е н к а бел не смеат да бидат пристапни за деца под 8 години. Не гответе храна директно на стаклената чинија. Наместете ја храната во соодветен кујнски сад пред да ја ставите во микропечката. Не е дозволено во микробрановата печка да се ставаат метални садови за храна и пијалаци. Во спротивно може да се појават искри.

Микробранова печка / Упатство за употреба

1 Важни упатства за безбедноста и заштитата на околината •

Микробрановата печка не смее да се намести во плакар што не е во склад со упатствата за инсталирање. Микробрановата печка е наменета да се користи само како вграден елемент. Кај вградените апарати што се користат на ниво еднакво или повисоко од 900 mm од подот треба да се внимава да не се измести вртливата плоча кога се вадат садовите од апаратот. Ако вградениот апарат е во плакар со врата, производот мора да користи со отворена врата на плакарот.

Овој симбол покажува дека производот не смее да се фрла заедно со друг отпад од домаќинството на крајот од неговиот век на траење. Користениот уред мора да се врати во одреден собирен пункт за рециклирање на електрични и електронски уреди. Прашајте каде има такви собирни пунктови кај локалните надлежни органи или во продавницата од која сте го купиле производот. Секое домаќинство игра важна улога во рециклирањето на стариот апарат. Соодветното фрлање на користениот апарат помага да се спречат потенцијалните негативни последици по околината и по човечкото здравје.

1.3 Согласност со Директивата за рестрикција на опасни супстанции (RoHS)

Производот што го купивте е во согласност со Директивата на ЕУ за рестрикција на опасни супстанции (2011/65/EU). Не содржи штетни или забранети материјали наведени во Директивата.

1.4 Информации за амбалажата

Материјалите од амбалажата 1.2. Согласност со Директивата на овој производ се произведени за отпадна електрична и од материјали што може да се електронска опрема (WEEE) и рециклираат во склад со фрлање на отпадниот производ: државните прописи за заштита на Овој производ е во согласност со Директивата на ЕУ за отпадна електрична и електронска опрема (2012/19/EU). Овој производ има симбол за класификација за отпадна електрична и електронска опрема.

околината. Не ги фрлајте материјалите од амбалажата заедно со отпадот од домаќинството или со друг отпад. Однесете ги во пунктот за собирање материјали од амбалажа одреден од локалните надлежни органи.

Микробранова печка / Упатство за употреба

2 Вашата микробранова печка 2.1 Општ преглед

1. Безбедносен систем за блокирање на 2.2. Технички податоци вратата Потрошувачка 230 V~50 Hz, 2. Прозорче на микропечката на енергија 1270 W 3. Спојница (микробранови) 4. Подлога на вртливата плоча 1000 W (скара) 5. Копче за отворање на вратата Излез 800 W 6. Контролна табла Работна 2450 MHz – Microwave фреквенција – Grill / Combi. Надворешни 387x594x333 – Weight Defrost димензии (ВxШxД) mm – Time Defrost – Kitchen Timer Clock Капацитет на 20 литри микропечката – Stop / Clear – Start/+30Sec./Confirm Нето тежина 16,5 kg – Time / Weight / Auto Боја Црна 7. Стаклена чинија 8. Решетка за скара (Не може да се Го задржуваме правото на технички користи на микробранов режим и мора промени и промени во дизајнот. да се стави врз стаклената чинија) Ознаките на апаратот или вредностите наведени во другата документација доставена заедно со производот се вредности добиени во лабораториски услови во склад со важечките стандарди. Овие вредности може да се разликуваат во зависност од начинот на користење на апаратот и од условите во околината во која се користи. Вредностите за моќноста се тестирани на 230 V.

Микробранова печка / Упатство за употреба

3 Инсталирање и поврзување 3.1 Упатства за инсталирање

• Следете ги посебните упатства за инсталирање. • Апаратот може да се инсталира во висечки елемент широк 60cm. • Апаратот има приклучок и мора да се поврзе само на исправно инсталиран заземјен штекер. • Напонот на електричната мрежа мора да одговара на напонот наведен на плочката со податоци за производот. • Приклучокот смее да го инсталира и кабелот смее да го замени само електричар. Ако штекерот не е пристапен по инсталирањето, на страната на инсталирањето мора да има повеќеполов изолационен прекинувач со контактно растојание од најмалку 3mm.

• Ако штекерот не е пристапен по инсталирањето, на страната на инсталирањето мора да има повеќеполов изолационен прекинувач со контактно растојание од најмалку 3mm. • При инсталирањето мора да се обезбеди заштита од контакт.

3.3 Апарат во висечки елемент

Елементот во кој ќе се инсталира апаратот не треба да има преграда зад апаратот. Минималната височина за инсталирање е: 850mm. Отворите за вентилација и проток на воздух не смеат да се затвораат. Делови:

ПРЕД УПРЕД УВАЊЕ: Не смеат да се користат адаптери, штекери со повеќе приклучоци и продолжителни кабли. Ако премногу ја наполните микропечката може да дојде до пожар.

3.2 Поврзување на електричната мрежа

• Апаратот има приклучок и мора да се поврзе само на исправно инсталиран заземјен штекер. • Само електричар што ги применува соодветните прописи смее да го инсталира приклучокот или да го замени кабелот за поврзување.

Микробранова печка / Упатство за употреба

3 Инсталирање и поврзување Апарат во висечки елемент

3.4. Апарат во висок елемент

Елементот во кој ќе се инсталира апаратот не треба да има преграда зад апаратот. Минималната височина за инсталирање е: 850mm. Отворите за вентилација и проток на воздух не смеат да се затвораат.

Микробранова печка / Упатство за употреба

3 Инсталирање и поврзување Апарат во висок елемент

Микробранова печка / Упатство за употреба

3 Инсталирање и поврзување 3.5 Инсталирање на микропечката

3.6 Инсталирање на ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не го вртливата плоча потфаќајте и не го превиткувајте електричниот кабел.

• Никогаш не ја ставајте сталкената чинија свртена наопаку. Стаклената чинија никогаш не треба да се вади додека работи апаратот. • И стаклената чинија и вртливата полоча мора да се користат секогаш кога се готви. • Храната и садовите со храна секогаш мора да се ставаат врз стаклената чинија. • Ако стаклената чинија или вртливата плоча пукнат или се скршат, јавете се во најблискиот овластен сервисен центар.

Плотна (одоздола) Göbek (alt kısım)

Микробранова печка / Упатство за употреба

4 Работење со микропечката 4.1 Контролна табла

4.2 Местење на часовникот

Кога микробрановата печка ќе биде вклучена во електрична мрежа, дисплејот ќе покажува “0:00”, ѕвоното ќе заѕвони еднаш. Микропечката ќе влезе во режим за чекање. 1.Притиснете два пати “Kitchen Timer/ Clock” и броевите за часови ќе почнат да трепкаат. 2.Вртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да го наместите часот; внесената вредност треба да биде меѓу 0 и 23. 3.Притиснете “Kitchen Timer/Clock” и броевите за минути ќе почнат да трепкаат. 4.Вртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да ги наместите минутите; внесената вредност треба да биде меѓу 0 и 59. 5.Притиснете “Kitchen Timer/Clock” за да завршите со поставките за времето. Симболот “:” ќе трепка и времето ќе свети.

Ако часовникот не е наместен, нема да работи кога ќе се вклучи апаратот.

4.3 Готвење со микробранови

1.Притиснете еднаш “Microwave” и на дисплејот ќе се појави “P100”. 2.Повторно притиснете “Microwave” или свртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да ја изберете саканата моќност. При секое притискање, на дисплејот ќе се покаже “P100”, “P80”, ”P50”, “P30” или “P10” соодветно. 3.Притиснете “Start/+30 Sec./Confirm” за да ја потврдите саканата моќност.

Микробранова печка / Упатство за употреба

4 Работење со микропечката 4.Вртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да го наместите времето за готвење меѓу 0:05 и 95:00. 5.Повторно притиснете “Start/+30 Sec./Confirm” за да почнете да готвите. 6.Времето на дисплејот ќе почне да одбројува. 7.Кога ќе заврши готвењето ќе се чуе звучен сигнал. Чекорите за местење на времето на копчето за кодирање се следниве: Поставки за времетраење

Табела на микробрановата моќност Микробранова моќност

4.4 Готвење на скара или комбинирано

1.Притиснете еднаш “Grill/Combi.“ и на дисплејот ќе се покаже “G”. 2.Притискајте повеќе пати или вртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да ја изберете саканата моќност, и на дисплејот ќе се покажува “G”,”C-1” или “C-2”. 3.Притиснете “Start/+30Sec./Confirm” за да ја потврдите моќноста. 4.Вртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да го наместите времето за готвење. (Максималното време за готвење е 95 минути) 5.Повторно притиснете “Start/+30Sec./Confirm” за да почнете да готвите. 6.Времето на дисплејот ќе почне да одбројува. 7.Кога ќе заврши готвењето ќе се чуе звучен сигнал.

Упатства за комбинирана моќност Програма

Дисплеј Микробранова моќност

Микробранова печка / Упатство за употреба

4 Работење со микропечката

Ако помине половина од времето за скара, печката ќе заѕвони двапати и тоа е нормално. За поефикасно готвење на скара треба да ја превртите храната, да ја затворите вратата и да притиснете “Start/+30Sec./ Confirm” за да продолжите со готвењето. Ако не извршите никаква операција, печката ќе продолжи да работи.

4.5 Одмрзнување според тежина

1.Притиснете еднаш “Weight Defrost” и на дисплејот ќе се покаже “dEF1”. 2.Вртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да ја изберете тежината на храната. Тежината треба да биде од 100g до 2000g. 3.Притиснете “Start/+30Sec./Confirm” за да почне одмрзнувањето. 4.Времето на дисплејот ќе почне да одбројува. 5.Кога ќе заврши готвењето ќе се чуе звучен сигнал.

Ако помине половина од времето за одмрзнување, печката ќе заѕвони двапати и тоа е нормално. За поефикасно одмрзнување треба да ја превртите храната, да ја затворите вратата и да притиснете “Start/+30Sec./Confirm” за да продолжите со готвењето. Ако не извршите никаква операција, печката ќе продолжи да работи.

4.6 Одмрзнување според време

1.Притиснете еднаш “Time Defrost” и на дисплејот ќе се покаже “dEF2”. 2.Вртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да го изберете времето за готвење. Максималното време е 95 минути. 3.Притиснете “Start/+30Sec./Confirm” за да почне одмрзнувањето. 4.Времето на дисплејот ќе почне да одбројува. 5.Кога ќе заврши готвењето ќе се чуе звучен сигнал.

Ако помине половина од времето за одмрзнување, печката ќе заѕвони двапати и тоа е нормално. За поефикасно одмрзнување треба да ја превртите храната, да ја затворите вратата и да притиснете “Start/+30Sec./Confirm” за да продолжите со готвењето. Ако не извршите никаква операција, печката ќе продолжи да работи.

4.7 Готвење со повеќе фази

Може да се програмираат најмногу 2 фази. Ако една од фазите е одмрзнување, тоа би требало автоматски да биде ставено како прва фаза. Ѕвоното ќе заѕвони еднаш по секоја фаза и потоа ќе почне следната фаза.

Микробранова печка / Упатство за употреба

Автоматско мени и брзо готвење не можат да бидат поставени како една од фазите.

4 Работење со микропечката Пример: Ако сакате да ја одмрзнувате 4.9 Автоматско мени

храната 5 минути, а потоа да готвите со 80% микробранова моќност 7 минути. Следете ги следниве чекори: 1.Притиснете еднаш “Time Defrost” и на дисплејот ќе се покаже “dEF2”. 2.Вртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да го наместите времето на одмрзнување на 5 минути; 3.Притиснете еднаш “Microwave” и на дисплејот ќе се покаже “P100”. 4.Притискајте “Microwave” за да изберете микробранова моќност сѐ додека не се покаже “P80”; 5.Притиснете “Start/+30Sec./Confirm” за да потврдите. 6.Вртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да го наместите времето за готвење на 7 минути; 7.Притиснете “Start/+30Sec./Confirm” за да почнете да готвите. 8.Кога ќе заврши готвењето ќе се чуе звучен сигнал.

1.Во режим за чекање, вртете го надесно копчето “Time / Weight / Auto” за да го изберете менито. На дисплејот ќе се покаже “A 1”. 2.Вртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да го изберете менито што го сакате, ќе се пјавуваат ознаките “A 1” до “A 8”. 3.Притиснете “Start/+30Sec./Confirm” за да го потврдите менито. 4.Вртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да ја изберете тежината на храната. 5. Повторно притиснете “Start/+30Sec./ Confirm” за да почнете да готвите. 6.Времето на дисплејот ќе почне да одбројува. 7.Кога ќе заврши готвењето ќе се чуе звучен сигнал.

Табела за менито: Мени A 1 - Пица

1.Притиснете еднаш “Kitchen Timer/ Clock” и на дисплејот ќе се покаже “ 00:00 “. 2.Вртете го копчето “Time / Weight / Auto” за да го внесете исправното време на тајмерот. (Максималното време за готвење е 95 минути) 3.Притиснете “Start/+30Sec./Confirm” за да потврдите. 4.Времето на дисплејот ќе почне да одбројува. 5.Кога ќе заврши готвењето ќе се чуе звучен сигнал.

Микробранова печка / Упатство за употреба

4 Работење со микропечката 4.11 Заклучување за деца

1 филџан (околу 120ml) A7Пијалаци

притискајте “STOP/Clear” 3 секунди за да го внесете режимот за заклучување за деца и моменталното време ќе се покаже ако бил наместен часовникот, во спротивно на екранот ќе се покаже ”. “

Прекинување на заклучувањето:

3 филџана (околу 360ml) 50 g

Заклучување: Во режим за чекање

1.Во режим за чекање, притиснете “Start/+30Sec./Confirm” за да готвите со 100% моќност 30 секунди. Со секое притискање на истото копче времето се зголемува за 30 секунди. Максималното време за готвење е 95 минути. 2.За време на режим за микробранови, скара, комбинирано готвење и одмрзнување според време, притискајте “Start/+30Sec./ Confirm” за да го зголемите времето за готвење. 3.Во режим за автоматско мени и одмрзнување според тежина, времето за готвење не може да се зголеми со притискање на “Start/+30Sec./Confirm”. 4.Во режим за чекање, вртете го налево копчето “Time / Weight / Auto” за да го изберете времето за готвење. Откако ќе го наместите времето за готвење, притиснете ”Start/+30Sec./Confirm” за да почне готвење со микробранови со 100% моќност.

Во режим за заклучено, притискајте “STOP/Clear” 3 секунди и заклучувањето ќе биде поништено.

4.12 Функција за проверка

1.Во режими за готвење со микробранови, скара или комбинирано. Притиснете “Microwave” или “Grill/Combi.“, моменталната моќност ќе биде покажана на дисплејот 3 секунди. 2.Ако часовникот бил наместен, за време на режимот за готвење притиснете “Kitchen Timer/Clock” за да го проверите моменталното време. Тоа ќе биде покажано на дисплејот 3 секунди.

1.Ако ја отворите вратата додека готвите, затворете ја и потоа притиснете “Start/+30Sec./Confirm” за да продолжите со готвењето. 2.Штом ја поставите програмата за готвење, не треба да притискате “Start/+30Sec./Confirm” 1 минута. Ќе се појави моменталното време. Поставката ќе биде поништена. 3.Ѕвоното ќе заѕвони еднаш ако притиснете добро, но ако не притиснете добро нема да се чуе никаков сигнал.

Микробранова печка / Упатство за употреба

5 Совети за готвење Врз резултатите од готвењето може • Свинското или пилешкото месо да влијаат следниве фактори: немаат траги од крв • Рибата е потемнета и лесно може Распоредување на храната да се расече со вилушка Подебелите парчиња наредете ги на надворешниот дел на чинијата, Тава за микробранова печка а потенките парчиња во средината Кога користите тава за микробранова и распоредете ги рамномерно. Ако печка или сад што го одржува е можно не ставајте парчиња храна јадењето топло, секогаш под него едно врз друго. ставајте изолатор отпорен на температура, како што е порцеланска Времетраење на готвењето Почнете да готвите со поставка чинија, за да не се оштети вртливата за кратко време, проценете дали плоча и спојницата. јадењето е готово откако ќе истече Проѕирна фолија за микропечка времето и ако е потребно продолжете Кога готвите многу масна храна, го времетраењето. Ако предолго ја внимавајте проѕирната фолија да не готвите храната, може да се зачади и ја допира храната бидејќи може да се да загори. стопи

Рамномерно готвење на храната Пластични садови Храна како што е пилешко, хамбургер микробранова употреба

или стек треба да се преврти еднаш додека се готви. Во зависност од видот на храната, ако е потребно промешајте ја од работ кон средината на чинијата еднаш или двапати за време на готвењето

Некои пластични садови за микробранова употреба може да не бидат погодни за готвење храна што содржи многу маснотии и шеќер. Исто така, не смее да се пречекори времето на предзагревање што е наведено во да упатството за користење на садот.

Откако ќе истече времето за готвење, оставете ја храната во печката уште некое време бидејќи така ќе се заврши процесот на готвење и храната постепено ќе се олади

Дали јадењето е готово

Врз основа на бојата и цврстината на храната може да одредите дали е готова, а тоа вклучува: • Излегува пареа од сите делови на храната, а не само од краевите • Пилешкото месо може лесно да се одвојува од коската

Микробранова печка / Упатство за употреба

6 Упатства за приборот 6.1 Материјали што може да се користат во микробранова печка или што не треба да се користат во микробранова печка

Опасност од физички повреди Опасно е некој друг освен стручно лице да извршува некакво сервисирање или поправка што вклучува отстранување на капак кој обезбедува заштита од изложеност на микробранова енергија.

Видете ги упатствата во делот „Материјали што може да се користат во микробранова печка или што не треба да се користат во микробранова печка“. Некои неметални делови од кујнскиот прибор не се безбедни за употреба во микробранова печка. Ако не сте сигурни, може да го тестирате приборот следејќи ги долунаведените чекори.

Тестирање на приборот:

1.Наполнете еден сад за микробранова употреба со 1 чаша ладна вода (250ml) заедно со приборот што сакате да го тестирате. 2.Гответе на максимална моќност 1 минута. 3.Внимателно допрете го приборот. Ако е топол, не го користете за готвење во микробранова печка. 4.Не го пречекорувајте времето на готвење од 1 минута. Материјали што може да се користат во микробранова печка Прибор

Само за покривање. Со мали површини може да се покријат тенки парчиња месо или пилешко за да не се препечат. Може да се појават искри ако фолијата е премногу близу до ѕидовите на печката. Фолијата треба да биде на растојание од најмалку 2,5cm од ѕидовите на печката.

Тава за микробранова печка

Следете ги упатствата на произведувачот. Дното на тавата за микрбранова опечка мора да биде најмалку 5mm над вртливата плоча. При неисправна употреба вртливата плоча може да се скрши.

Само безбедна за микропечка. Следете ги упатствата на произведувачот. Немојте да користите напукнати или поткршени чинии.

Секогаш вадете го капачето. Користете ги само за да ја загреете храната. Повеќето стаклени тегли не се отпорни на високи температури и може да се скршат.

Само стаклени садови отпорни на високи температури. Не треба да имаат метални рабови. Немојте да користите напукнати или поткршени чинии.

Кеси за готвење во рерна

Следете ги упатствата на произведувачот. Не ги затворајте со метална лента. Направете процепи за да излегува пареата.

Микробранова печка / Упатство за употреба

6 Упатства за приборот Хартиени тањири и чаши

Само за краткотрајно готвење/загревање. Не ја оставајте микропечката без надзор додека готвите.

Користете ги за да ја покриете храната што се подгрева и за впивање на маснотиите. Постојано надѕирајте ги додека ги користите само за краткотрајно готвење.

Користете ја за покривање за да нема прскање или за замотување за да нема пареа.

Само безбедна за микропечка. Следете ги упатствата на произведувачот. Треба да има ознака „За микропечка“. Некои пластични садови омекнуваат бидејќи храната во нив станува жешка. На „кесите за вриење“ и цврсто затворените пластични кеси треба да направите процепи, дупчиња или отвори, како што пишува на амбалажата.

Само безбедна за микропечка. Користете ја за покривање на храната додека готвите за да се задржи влагата. Внимавајте проѕирната фолија да не ја допира храната.

Само безбедни за микропечка (термометри за месо и слатки).

Користете ја за покривање за да нема прскање и за да се задржи влагата.

Материјали што не треба да се користат во микробранова печка Алуминиумски сад

Може да предизвика искри. Префрлете ја храната во сад за микробранова употреба.

Картонска кутија за храна со метална рачка

Може да предизвика искри. Префрлете ја храната во сад за микробранова употреба.

Прибор од метал или со метален раб

Металот ја штити храната од микробранова енергија. Металниот раб може да предизвика искри.

Метални лентички за подврзување

Може да предизвикаат искри и пламен во печката.

Може да предизвикаат пламен во печката

Пластичната пена може да се стопи или да ја контаминира течноста внатре кога е изложена на висока температура.

Дрвото ќе се исуши ако се користи во микробранова печка и може да се расцепи или да напукне.

Микробранова печка / Упатство за употреба

7 Чистење и одржување 7.1 Чистење ПРЕД УПРЕД УВАЊЕ:

Немојте да користите бензин, растворувачи, абразивни средства за чистење, метални предмети или тврди четки кога го чистите апаратот.

Не го потопувајте апаратот или кабелот во вода или во некоја друга течност.

1.Исклучете го апаратот и извадете го приклучокот од штекерот на ѕидот. 2.Почекајте апаратот сосема да се олади. 3.Внатрешноста на печката секогаш нека биде чиста. Избришете со влажна крпа кога на ѕидовите на микропечката ќе се залепи испрскана храна или истечени течности. Може да се користи благ детергент ако печката е многу извалкана. Не употребувајте спрејови и други јаки средства за чистење бидејќи може да предизвикаат дамки, белези и заматување на површината на вратата. 4.Надворешните површини на микропечката мора да се чистат со влажна крпа. Не дозволувајте да навлезе вода од отворите за вентилација за да не се оштетат функционалните делови на микропечката. 5.Често бришете ги со влажна крпа двете страни на вратата и стаклото, дихтунзите на вратата и деловите во близина на дихтунзите за да ги отстраните дамките што се направиле од претекување и прскање. Не користете абразивни средства за чистење.

6. Не дозволувајте контролната табла да се намокри. Чистете ја со мека, влажна крпа. Оставете ја отворена вратата на микропечката за да не почне случајно да работи додека ја чистите контролната табла. 7. Ако се насобере пареа во или околу вратата на микропечката, избришете ја со мека крпа. Тоа може да се случи ако микробрановата печка се користи во услови на висока влажност. Тоа е нормална појава. 8. Во некои случаи можеби ќе треба да ја извадите стаклената чинија за да ја исчистите. Измијте ја чинијата со топла насапунета вода или во машина за миење садови. 9. Прстенот на тркалцето и дното на микропечката треба редовно да се чистат за да не испуштаат премногу гласен звук. 10.Ќе биде доволно да се избрише долната површина на печката со благ детергент. Прстенот на тркалцето може да се измие со топла насапунета вода или во машина за миење садови. Кога ќе го извадите прстенот на тркалцето од внатрешното дно на микропечката за да го исчистите, внимавајте да го вратите во исправна положба. 11. За да ги отстраните непријатните миризби од печката, ставете чаша вода и сок и кора од лимон во длабока чинија погодна за употреба во микробранова печка и пуштете ја печката да работи 5 минути на микробранов режим. Добро избришете ја и потоа исушете ја со сува, мека крпа. 12.Јавете се во овластен сервис кога ќе треба да се замени сијаличката на микропечката.

Микробранова печка / Упатство за употреба

7 Чистење и одржување 13.Микропечката треба редовно да се чисти и сите остатоци од храна треба да се отстрануваат. Ако не се одржува чиста, може да настанат оштетувања на површините на микропечката кои може негативно да влијаат врз животниот век на апаратот и да предизвикаат евентуални ризици. 14.Не го фрлајте апаратот заедно со отпадот од домаќинството; старите микропечки треба да се фрлат во посебни пунктови одредени од општината. 15.Кога микробрановата печка ќе се користи на функцијата за скара, може да се појави мало количество чад и миризба, но тие ќе исчезнат откако микропечката ќе се користи извесно време.

• Ако немате намера да го користите апаратот подолго време, внимателно складирајте го. • Проверете дали апаратот е исклучен од штекер, оладен и сосема сув. • Складирајте го апаратот на ладно и суво место. • Апаратоот нека биде вон дофат на деца.

7.3 Ракување и транспорт

• За време на ракувањето и транспортот, носете го апаратот во неговата оригинална амбалажа. • Амбалажата го штити апаратот од физички оштетувања. • Не ставајте тешки работи врз апаратот или врз амбалажата во која е спакуван. Така апаратот може да се оштети.

Микробранова печка / Упатство за употреба

8 Решавање проблеми Нормално Микробрановата печка го попречува приемот на ТВ

Приемот на радио и ТВ може да биде попречен додека работи микробрановата печка. Тоа е слично на попречувањето што го предизвикуваат малите електрични уреди, како што се миксерите, правосмукалките и електричните фенови. Тоа е нормална појава.

Сијаличката на микропечката е замаглена

При готвење со микробранови со ниска моќност, сијаличката може да се замагли. Тоа е нормална појава.

На вратата се собира пареа, од отворите излегува жежок воздух

Додека се готви, од храната може да излегува пареа. Поголемиот дел од пареата ќе излезе од отворите. Но, дел од неа може да се насобере на студена површина како што е вратата на микропечката. Тоа е нормална појава.

Микропечката почнала да работи случајно без храна во неа.

Не е дозволено апаратот да работи без храна во него. Тоа е многу опасно.

Микропечката не може да почне да работи

1) Електричниот кабел не е исправно приклучен во штекерот.

Извадете го од штекерот. Повторно ставете го по 10 секунди.

2) Осигурувачот е прегорен или прекинувачот е активиран.

Заменете го осигурувачот или ресетирајте го прекинувачот (поправен од страна на стручни лица на нашата компанија).

3) Проблем со штекерот.

Проверете го штекерот со други електрични апарати.

4) Вратата не е исправно затворена.

Затворете ја вратата како што треба.

Микропечката не загрева.

Микробранова печка / Упатство за употреба

193 / MK Lees deze handleiding eerst! Beste klant, Dank u voor het kiezen van een product van Beko. We hopen dat u het beste haalt uit uw product, dat vervaardigd is met de modernste technologie van hoge kwaliteit. Lees daarom deze gebruikershandleiding en andere bijgeleverde documenten volledig en zorgvuldig door voordat u het product gaat gebruiken en bewaar deze ter referentie in de toekomst. Als u het product aan iemand anders geeft, overhandig dan ook de gebruikershandleiding. Volg alle waarschuwingen en informatie in de gebruikershandleiding op.