GLL 2-50 Professional - Далнометар BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLL 2-50 Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Ласерски далечинар со вкрстени линии |
| Бренд | Bosch |
| Модел | GLL 2-50 Professional |
| Димензии (Д x Ш x В) | 120 x 65 x 115 mm |
| Тежина | 0,35 kg (со батерии) |
| Напојување | 2 AA батерии (1,5 V) |
| Мерен опсег | До 50 m (со приемник) |
| Прецизност на нивелирање | ± 0,3 mm/m |
| Автонивелирање | Да, опсег на нивелирање ± 4° |
| Број на зраци | 2 вкрстени линии (хоризонтална и вертикална) |
| Ласерска класа | Класа 2 (635 nm, < 1 mW) |
| Главни функции | Мерење на растојание, нивелирање, цртање линии |
| Одржување и чистење | Чистење со мека и сува крпа, избегнувајте растворувачи |
| Безбедност | Не гледајте директно во ласерскиот зрак |
| Резервни делови и поправка | Батериите се заменливи од корисникот; поправка од овластен сервис на Bosch |
| Општи информации | Внатрешна и надворешна употреба (со приемник) |
Frequently Asked Questions - GLL 2-50 Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GLL 2-50 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Далнометар во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLL 2-50 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLL 2-50 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLL 2-50 Professional BOSCH
Македонски ...... Страна 136
Srpski....Strana 142
Slovensko ....Stran 147
Hrvatski....Stranica 152
Безбедносни напомени

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со овој мерен ured. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените
инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЛЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со натпис за предупредување (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна со број 10).

▶ Доколку текстот на налепницата за предупредување не е на вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.

Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или животни и не погледнувајте директно во него или неговата рефлексија. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските очила како заштитни очила. Ласерските очила служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во сообрајают. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Merниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Може да ги заслепат другите лица поради невнимание.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.

Не го принесувајте мерниот уред во близина на пејсмејкери. Магнетот во внатрешноста на мерниот уред создава поле, кое може да ја наруши функцијата на пејсмејкерите.
▶ Држете го мерниот уред подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетот, може да дојде до неповратно губење на податоците.
Опис на производот и мокноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии.
Технички податоци
| Ласер со вкрстени линии GLL2-50 | |
| Број на дел/артикл | 3 6 0 1 K 6 3 1 |
| Работно поле | |
| – стандардно | 20 м |
| – со импулсна функција | 15 м |
| – со ласерски приемник | 50 м |
| Точност при нивелирање | ± 0,3 мм/м |
| Типично поле на самонивелирање | ± 4^ |
| Типично време на нивелирање | <4с |
| Температура при работа | -10^...+50^ |
| Температура при складирање | -20^...+70^ |
| релативна влажност на воздухот макс. | 90 % |
| Класа на ласер | 2 |
| Серискиот број 9 на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на вашиот мерен уред. | |









Македонски|137
Ласер со вкрстени линии GLL2-50
| Тип на ласер | 635 nm,<1 mW |
| C_6 | 1 |
| најкратко времетраење на импулсот | 1/1600 с |
| Отстапување на ласерската линија | 0,5 mrad(целосен агол) |
| Прифат за стативот | 1/4" |
| Батерии | 3 x 1 , 5 V L R 6 ( A A ) |
| Времетраење на работа околу | 12 ч |
| Автоматика за ислучување по околу | 30 мин |
| Тежина согласно | |
| EPTA-Procedure 01:2014 | 0,45 кг |
| Димензии | 118 x 57 x 89 мм |
| Вид на заштита | IP 54 (заштита одправ и прскање навода) |
Серискиот број 9 на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на вашиот мерен уред.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерните апарати на графичката страница.
1 Излезен отвор за ласерскиот зрак
2 Приказ за импулсна функција
3 Копче за импулсна функција
4 Копче за начин на работа
5 Приказ на батеријата
6 Прифат на стативот 1/4"
7 Прекинувач за включување/исклучување
8 Поклопец на преградата за батеријата
9 Сериски број
10 Натпис за предупредување на ласерот
11 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија
12 Диск за израмнување*
13 Помош при израмнување 0° на дискот за израмнување
14 Помош при израмнување 90° на дискот за израмнување
15 Помош при израмнување 45° на дискот за израмнување
16 Клин на дискот за израмнување
17 Заштитна ташна*
18 Kyфер*
19 Ласерски очила*
20 Мерна плоча со ногарка*
21 Ласерски приемник*
* Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака.
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За да го отворите капакот од преградата за батерии 8 притиснете на механизмот за заклучување 11 во правец на стрелката и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги испорачаните батерии. Притоа внимавајте на половине во согласност со приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Доколку приказот за батерија трепка 5 црвено, тогаш мора да ги замените батериите.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеке време, извадете ги батериите. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете проверка на точноста (види „Точност при нивелирање“).
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
„on“ (за работење без автоматиката за нивелирање) или во позиција „on“ (за работење со автоматика за нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори 1.
▶ Не го насочујве зракот светлина на лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција „off“. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.








138 | Македонски
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се ислучува по 30 мин. работа. За да ја деактивирате автоматиката на ислучување, при вклучување на мерниот уред, држете го притиснато копчето за начин на работа 4 3 с. Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските линии кратко трепкаат по 3 с.
▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
За да го активирате автоматското исклучување, исключете го мерниот уред и повторно включете го (без да биде притиснато копчето за начин на работа 4).
Мерниот уред има три начини на работа, кои може да ги промените во било кое време:
– Режим на вкрстени линии „+“: создава хоризонтална и вертикална ласерска линија.
По вклучувањето, мерниот уред се наога во режим со вкрстени линии. За да го смените начинот на работа, притиснете на копчето за начин на работа 4.
Сите три начини на работа може да се изберат со и без автоматика за нивелирање.
Импулсна функција
За работење со ласерски приемник 21 мора –, независно од избраниот начин на работа –, да биде активирана импулсната функција.
При активирана импулсна функција, ласерските линии трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се најде ласерскиот приемник 21.
За да ја включите импулсна функција, притиснете го копчето 3. При включена импулсна функција приказот свети 2 зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е намалена доколку е включена импулсната функција. За работење без ласерски приемник, исключете ја импулсната функција со одново притискање на копчето 3. Кога е ислучена импулсната функција, се гаси приказот 2.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање (види слика С)
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога или прицврстете го на обичен фото статив.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција „о п“.
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање ± 4°. Штом ке престанат да трепкаат ласерските линии, мерниот уред е изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр. бидејки подлогата на мерниот уред отстапува повеće од 4°
од хоризонталата, ласерските линии трепкаат. Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки.
За работење без автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
„on“. При исключена автоматика за нивелирање, ласерските линии континуирано светат.
При исключена автоматика за нивелирање, мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Во режимот со вкрстени линии, двете ласерски линии повеје не поминуваат принудно вертикално една кон друга.
Точностиря нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејки температурните разлики се најголеми во близина на подот, мерниот уред треба да се монтира секогаш на статив почнувајки од мерната линија од 20 м. Доколку е возможно, поставувајте го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки потреси). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска линија.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го пречекори максимальното мерно отстапување, дајте го на поправка во сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 м на цврста подлога помеѓу два сида А и В.
- Монтирајте го мерниот уред во близина на sidот А на еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Включете го мерниот уред. Изберете го режимот на вкрстени линии со автоматиката за нивелирање.









Македонски|139
– Насочете го ласерот во близина на sidот А и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на sidот (точка 1).

- Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот сид В (точка II).
- Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на сидот В, включете го и оставете го да се нивелира.

– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно їе ја погоди претходно означената точка II на сидот В.

– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на сидот А, така што вертикалната ласерска линија проаға низ веке означената точка 1. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на сидот А (точка III).
- Разликата d на двете означени точки I и III на sidот A го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред.
Максимално дозволеното отстапување d_max може да го пресметате на следниот начин:
d_max = двојно растојание на сидовите x 0,3 мм/м
Пример: При растојание на сидовите од 5 м, максимальното отстапување смее да изнесува
d_max = 2 × 5 мх 0, 3 мм/м = 3 мм. Ознаките смеат далежат најмногу 3 мм една од друга.
Проверка на точноста на нивелирањето на хоризонталната линија
За проверка, потребна ви е слободна површина од околу 5 x 5 м.
– Поставете го мерниот уред на цврста, рамна подлога во средината меѓу сидовите А и В. Оставете го мерниот уред да се нивелира во хоризонтален режим.

- На 2,5 м растојание од мерниот уред, на двата сида означете ја средината на ласерската линија (точка I на sidот А и точка II на sidот В).

- Поставете го мерниот уред, свртен за 180° во 5 м растојание и оставете го да се нивелира.
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што средината на ласерските линии точно је ја погоди претходно означената точка II на sidот В. - На sidot A обележете ја средината на ласерската линија како точка III (вертикално над или под точката I).
- Разликата d на двете означени точки 1 и 11 на sidот А го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од хоризонталата.








140 | Македонски
Максимално дозволеното отстапување d_max може да го пресметате на следниот начин:
d_max= двојно растојание на сидовите x 0,3 мм/м
Пример: При растојание на сидовите од 5 м, максимальното отстапување смее да изнесува
d_max=2×5×0,3mm/m=3mm. Ознаките смеат да најмногу 3 мм една од друга.
Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија
За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од најмалку 2,5 м.
- Поставете го мерниот уред на 2,5 м растојание од отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на статив). Оставете го мерниот уред да се нивелира во режим на вкрстени линии, и насочете ги ласерските линии кон отворот на вратата.

- Означете ја средината на вертикалната ласерска линија на подот од отворот на вратата (точка 1), на 5 м растојание од другата страна на отворот од вратата (точка 11) како и на горниот раб на вратата од отворот (точка 11).

- Поставете го мерниот уред на другата страна на отворот од вратата директно зад точката II. Оставете го мерниот уред да се нивелира и насочете ја вертикалната ласерска линија така што нејзината средина ќе поминува точно низ точките I и II.
- Разликата d помеѓу точката III и средината на ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата го дава точното отстапување на мерниот уред од вертикалата.
– Измерете ја висината на отворот од вратата.
Максимално дозволеното отстапување d_max може да го пресметате на следниот начин:
d_max = двојна висина на отворот од вратата x 0,3 мм/м
Пример: При висина на точките од вратата од 2 м,
максималното отстапување смее да изнесува
d_max = 2 × 2 м × 0, 3 мм/м = 1, 2 мм. Ознаките смеат да лежат најмногу 1, 2 мм една од друга.
▶ За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со диск за израмнување
Со помош на дискот за израмнување 12 може да го израмните мерниот уред на една референтна линија или да ја прикажете вертикалната ласерска линија под агол од 45° или 90° во однос на референтната линија.
Поставете го мерниот уред со прифатот за статив 6 на клинот 16 на дискот за израмнување. Поставете го на дискот за израмнување, така што вертикалната ласерска линија (според саканиот агол) їе поминува низ средината на помошта при израмнување 13, 14 или 15.
Израмнете го дискот за израмнување 12 со соодветната помош при израмнување 13, 14 или 15 на саканата референтна линија.
Работење со мерна плоча (опрема) (видигисликитеE-F)
Со помош на мерната плоча 20 ознаката од ласерот може да ја пренесете на подот, одн. висината на ласерот да ја пренесете на сид.
Со нулта-полето и скалата може да го измерите отстапувањето кон саканата висина и повторно да го пренесете на друго место. На тој начин отпаға точното подесување на мерниот уред на висината на која треба да се пренесе.
Мерната плоча 20 има рефлектирачки слој, кој ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак на големи растојанија одн. при јаки сончеви зраци. Зајакнувањето на осветлувањето може да се препознае само кога гледате паралелно кон ласерскиот зрак на мерната плоча.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со прифатот за статив 6 на 1/4"-навој на стативот и зашрафете го цврсто со шрафот за фиксирање на стативот.
При неповолни светлосни услови (осветлена околина, директни сончеви зраци) и на големи растојанија за подобро наогање на ласерската линија користете го ласерскиот приемник 21. При работата со ласерски приемник користете ја импулсната функција (види „Импулсна функција“, страна 138).








Македонски | 141
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин црвеното светло на ласерот изгледа посветло за окото.
▶ Не ги користете ласерските очила како заштитни очила. Ласерските очила служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во сообрајајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
Примери за работа (види слики Н-К)
Поставување на подни плочи под агол од 45° (види слика J)
Поставете го мерниот уред со прифатот за статив 6 на клинот 16 на дискот за израмнување. Поставете ја на средишниот изданок на дискот за израмнување 12, така што вертикалната ласерска линија ќе поминува низ средината на помошта за израмнување 15. Потоа израмнете го дискот за израмнување со помошта при израмнување 13 или 14 на референтната линија.
При режим на вкрстени линии или вертикален режим, вертикалната ласерска линија покажува на подот агол од 45° во однос на референтната линија. Израмнете ги подните плочи на оваа линија.
Нацртајте две линии кои се вкрстуваат под прав агол низ точката, коишто сакате да ги пренесете на плафонот. Поставете го дискот за израмнување 12 на линисkiот крст и израмнете го со помошта при израмнување 13 како и 14 на линисkiот крст.
Поставете го мерниот уред со прифатот за статив 6 на клинот 16 на дискот за израмнување. Поставете ја на едниот од двата средишни изданоци на дискот за израмнување, така што вертикалната ласерска линија їе поминува низ средината на соодветната помош при израмнување 13 или 14. Изберете вертикален режим и нацртајте ја средината на линијата, којашто поминува над мерниот уред, на плафонот.
Свртете го мерниот уред на дискот за израмнување за 90°. Притоа внимавајте да не го поместите дискот за израмнување. По нивелирањето вцртајте ја линијата на вкрстување на вертикалната ласерска линија со веке нацртаната линија. Точката на вкрстување на двете линии е пренесената точка на вертикалата.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред смее да се складира и транспортира само во заштитна чанта 17 одн. куфер 18.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности. Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Во случај на поправка, оставете го мерниот уред во заштитната чанта 17 одн. куферот 18.
Опрема
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови ће најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според европската регулатива 2012/19/EU мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одденно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Се задржува правото на промена.







142 | Srpski
Srpski
Uputstva o sigurnosti

Morate da pročitate i obratite pažnju na sva uputstva kako biste sa altom radili bez opasnosti i bezbedno. Ako merni alat ne upotrebljavate u skladu sa priloženim uputstvima, možete da ugrozite zaštitne
mere koje su integrisane u merni alat. Nemojte da dozvolite da pločice sa upozorenjima budu nerazumljive. DOBRO SAČUVAJTE OVO UPUTSTVO I PREDAJTE GA ZAJEDNO SA ALATOM, AKO GA PROSLEĐUJETE DALJE.