ATM1042 - Спојувач Ferm - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ATM1042 Ferm во PDF формат.
| Тип на производ | Пневматски спојувач |
| Бренд | Ferm |
| Модел | ATM1042 |
| Категорија | Спојувач |
| Работен притисок | 4-7 бари (60-100 psi) |
| Максимални димензии на спојниците | 1.05 x 5.1 x 0.58 mm |
| Тип на напојување | Компримиран воздух |
| Содржина на пакувањето | 1 воздушен спојувач, 1 шише масло, 22 мм ленти за прицврстување, 1 DIN приклучок, упатства, гарантна картичка, безбедносни упатства |
| Подмачкување | Масло за пневматски алати (Mobil Velocite #10 или еквивалент) |
| Ниво на вибрации | Измерено според EN 60745 |
| Безбедност | Потребни заштитни очила ANSI Z87.1; не насочувајте кон луѓе или животни |
| Механизам за ослободување на спојници | Црвена рачка на предниот заштитен капак |
| Поврзување | QD приклучок (брзо откачување) за воздушно црево |
| Препорачан максимален притисок | 10 бари (не надминувајте) |
| Редовно одржување | Редовно чистете го сепараторот масло/вода; подмачкувајте пред секоја употреба |
| Употреба во студено време | Користете специјално зимско подмачкување или антифриз (гликол) |
| Гаранција | Видете ја приложената гарантна картичка |
| Безбедносни стандарди | Во согласност со европските директиви (CE) |
| Рециклирање | Пакувањето е рециклирачко; не фрлајте го алатот со домашниот отпад |
Frequently Asked Questions - ATM1042 Ferm
Прашања на корисниците за ATM1042 Ferm
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Спојувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ATM1042 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ATM1042 на марката Ferm.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ATM1042 Ferm
Благодариме за купувањето на овој FERM производ.
Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа. Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија е обезбедување на одличен срвис за клиентите, со поддршка со нашите сеопфатни гаранции. Се надеваме дека їе уживате користејки го овој производ многу наредни години.
Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2-3.

Внимателно прочитајте ги упатствата за работа пред да го користите уредот. Запознајте се со функциите и основните операции. Сервисирајте го уредот според инструкциите, за да се осигурате дека секогаш правилно їе функционира . Упатствата за ракување и придружната документација треба да се чуваат во близина на уредот.
Содржина
1 Технички податоци
2 Безбедносни упатства
3 Приклучоци за довод на воздух
4 Полнење на пневматска спојувалка
5 Ракување со пневматска спојувалка
6 Одржување на пневматска спојувалка
Max. големина на спајалка 1.05x5.1x0.58 mm
Содржина на пакувањето
1 Пневматска спојувалка
1 Шише машинско масло
1 Спајалки во лента 22 mm
1 DIN спојка
1 Упатства за користење
1 Гарантна картичка
1 Упатствата за безбедност
Објаснување на символите.

Означува потенцијални телесни повреди, фаталност или ризик од оштетување на машина, во случај да се игнорираат инструкциите во упатството.

Носете заштита за уши и очи.

Подмачкувајте го уредот.
Внимавајте на следните дополнителни точки за безбедно ракување со пневматска спојувалка, како и на други мерки на претпазливост во упатството.
- Кристете ја спојувалката за предвидената намена.
- Никогаш да не ја користите спојувалката на начин кој може да доведе до испукување во корисникот или присутните.
• Не ја користите спојувалката како чекан. - Спојувалката носете ја држејки ја за дршката. Никогаш да не ја носите држејки ја за црево.
- Никогаш не правате неовластени измени на конструкцијата или функцијата на спојувалката.
- Во секое време бидете свесни дека неправилната употреба можете да ве повреди вас или другите.
- Никогаш не ја оставајте спојувалката без надзор со поврзано црево за воздух.
- Никогаш не ја користете спојувалката ако нема читливи лепенки со предупредувања, залепени на апаратот.
Посебни упатства за безбедност за воздушни алати и компресори
- За правилно функционирање на машината со полно непрекинато оптеретување, под максимален работен притисок, уверете се дека температурата на работната средина во затворен простор не е повисока од + 25°C.
-
Се препорачува компресорот да се користи со максимальна работа од 70% за еден час под целосно оптоварување, што овозможува соодветно функционирање на производот.
-
Проверете дали е резервоарот целосно декомпресиран пред да ги одвртувате прилучоците од него.
- Забрането е да се дупчи или да се заварува или намерно да се нарушува компримираниот воздух во резервоарот.
- Не правете никакви дејствија врз компресорот, без да го извадите кабелот од струја.
- Немојте да насочувате воден млаз или запаливи течности кон компресорот.
- Не ставајте запаливи предмети во близина на компресорот.
- Поставете го регулаторот на притисок во положба „0” (OFF) за време на неработење.
- Никогаш не го насочувајте воздухот кон луге или животни.
- Немојте да го транспортирате компресорот со резервоар под притисок.
- Забелешка: некои делови од компресорот, како главата и цевките, можат да достигнат висока температура. Не ги допирајте тие делови да не се изгорите.
- Транспортирајте го компресорот со подигање или со користење на посебни или негови дршки.
- Децата и животните треба да бидат подалеку од областа на работењето на машината.
- Ако го користите компресорот за распрескување на боја:
a) Не работе во затворени простории или во близина на отворен пламен.
b) Осигурајте се дека средината во која работите има вентилација.
с) Заштитете го носот и устата со соодветна маска.
- Не го користете компресорот ако кабелот или приключокот се оштетени и обратете се во овластен сервис да ги заменат деловите со оригинални.
- Ако компресорот е поставен врз површина повисока од подот, обезбедете го од пагање во тек на работењето.
- Не ставајте предмети или раце во заштитните капаци, за да избегнете повреди и оштетување на компресорот.
- Компресорот не може да се користи како тап предмет против лица, предмети или животни. Ризик од сериозни повреди.
- Ако компресорот не се користи подолго време, извлечете го кабелот од струја.
- Секогаш да бидете сигурни дека користите црева за компримиран воздух, со максимален притисок прилагоден со компресорот. Не се обидувајте да го поправате оштетеното црево.
Никогаш не користете кислород, запаливи гасови или компримиран воздух од боци за гас за снабдување на уредот со притисок, поради опасност од експлозија и потенцијал за сериозни повреди.
Брзо одвоиви спојки
Поврзете го цревото за воздух на уредот користејки QD (брзо-монтажна) спојка. QD спојката го ослободува притисокот од уредот кога е исключена.
Црева за воздух
Цревата за воздух треба да бидат способни да издржат работен притисок од најмалку 10 bar. Цревото за довод на воздух треба да биде опремено со QD спојка за да овозможи „брзо раздвојување” од спојувалката.
Компримиран воздух
За овој алат користете чист, регулиран компримиран воздух.
Регулатор на притисок
За безбедно работење со пневматската спојувалка, потребен е регулатор за притисокот со работен опсег од 4-7 bar. Не ја поврзувајте спајалката на притисок кој може да надмине 10 bar, бидејки со тоа можете да ја оштетите спојувалката, а можете да се повредите.
Работен притисок
Никогаш не го надминувајте максимальниот притисок, со што би предизвикале значително абење. Дотокот на воздух мора да биде доволен за одржување на работниот притисок на уредот. Ако притисокот се намали, Ѽе се намали моćноста на спојувалката. Види „ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ” за правилен работен притисок на спојувалката.
Нечистотијата и водата во доведениот воздухот се главна причина за абење на пневматските алати. Сепараторот на масло и вода помага да се обезбеди чист воздух за најдобри перформанси и најмало абење на спојувалката. Сепараторот на масло и вода мора редовно да се чисти, за ефикасно да функционира при доведување на чист компримиран воздух до алатот. Консултирајте ги упатствата од производителот за правилно одржување на сепараторот на масло и вода. Загаден и затнат филтер će предизвика намалување на притисокот, што će има негативно влијание врз ефикасноста на спојувалката.
Кога се користи, секогаш да носите заштитни очила, кои ги исполнуваат ANSI барањата и нудат предна и странична заштита од разлетани објекти. Летечки спајалки и деланки можат да предизвикаат сериозни повреди.
Работодавецот или корисникот мораат да инсистираат на соодветна заштита за очите. Заштитната опрема за очите треба да ги исполнува спецификациите на американскиот Национален институт за стандарди, ANSI Z87.1-1979 и мора да пружа заштита од предна и од двете страни.
Забелешка: Очила без страничен браник и заштита за лицето не нудат доволна заштита.
Полнење со спајалки
Сл.5
• Исклучете го цревото за воздух.
- Ослободете ја бравата за спајалките и повлечете ја долж водилката за спајалките.
• Во магацинот вметнете 1 лента со спајалки.

Полнете со врвовите од спајалките свртени нагоре.
- Притиснете ја назад во магацинот водилката на спајалките и забравете ја бравата.
- Повторно поврзете го цревото за воздух со спојувалката.
5. РАКУВАЊЕ СО ПНЕВМАТСКАТА СПОЈУВАЛКА

Кога се користи, секогаш да носите заштитни очила, кои ги исполнуваат ANSI барањата и нудат предна и странична заштита од разлетани објекти. Летечки спајалки и деланки можат да предизвикаат сериозни повреди.
Пред користење на пневматската спојувалка
- Внимателно прочитајте ги општите безбедносни упатства и предупредувања во ова упатство.
- Претходно погледнете ги карактеристиките во упатството за правилни работни услови за спојувалката.

Осигурајте се дека спојувалката е правилно подмачкана пред првото користење.
Основно ракување со пневматска спојувалка
Сл.1 - 4
Клип погонуван со компримиран воздух ја движи спојувалката. Илустрациите 1 - 4 на стр. 2 + 3 покажуваат како работи спојувалката
Ракување
Активирање со чкрапец
Со притискање на чкрапецот се активира спојувалката. Секојпат кога їе се притисне чкрапецот, спајалката исфрла спајалка во работно парче.

Чувајте ги раçете и главата од спајалките. Во никој случај да не ја вперувате спојувалката во луге или животни.
Посебни упатства за безбедност за воздушни алати и компресори
Отстранување на блокирани спајалки Сл. 6
На предниот дел од спојувалката е капак со црвена рачка.
Овој капак може да се отстрани кога ће се заглави спајалка во вретеното.

Предупредување! Да се избегне повреда: Исключете го цревото за воздух.
Ослободете ја бравата за спајалките и повлечете ја долж водилката за спајалките. Отстранување на капакот, додека системот е под притисок, може да предизвика сериозни повреди: спајалките можат да скокнат надвор од спојувалката!
Следете ги постапките:
- Извадете ги спајалките од водилната единица.
- Повлечете ја надолу црвената рачка од капакот (преден дел) и извадете го капакот.
• Заглавената спајалка може да се отстрани. - После монтирањето на капакот, може да се стави бравата за спајалките.
Проверка на работењето на пневматската спојувалка

Отстранете ги сите спајалки од спојувалката, пред да направите проверка.
- Држете го алатот цврсто за рачка, без поставен прст врз чкрапецот.
- Поставете ја спојната глава врз работна површина.
- Притиснете го чкрапецот за да се активира ударната чивија. Ослободете го чкрапецот и циклусот е завршен.

Секојпат кога е притиснат чкрапецот, спојувалката го прави комплетниот циклус
6. ОДРЖУВАЊЕ НА ПНЕВМАТСКАТА СПОЈУВАЛКА

Кога се одржува спојувалката, обрнете внимание на предупредувањата дадени во овие упатства и бидете посебно внимателни при решавање на проблемите со спојувалката.
Замена на делови
Се препорачуваат оригинални делови кога е неопходна замена на делови. Не користете никакви алтернативни делови како замена за оригиналните делови во уредот.
Работна практика при одржување
Секогаш кога ја поправате спојувалката, исчистете ги и подмачкајте ги внатрешните делови. Користете Parker „O-Lube” или слично за сите О-прстени. Намачкајте ги сите О-прстени со O-Lube пред монтажа. Нанесете малку масло на сите подвижни површини и чивии. Конечно, спроведете комплетна монтажа, ставете неколку капки масло за пневматски алати во влезниот приклучок за воздух, пред да почнете со тестирањето.
Воздушен притисок и волумен
Волуменот на воздух е важен како и притисокот. Волуменот на воздух што се испорачува до спојувалката може да биде недоволен поради неисправни спојки и свиткани црева или поради загадување и вода во системот. Како последица на намален проток на воздух спојувалката добива несоодветен волумен на воздух, иако воздушниот притисок е висок. Ова води кон неисправно работење, поради намалена сила на движење.
Пред да почнете со дефектажа, проверете ги ограничените врски на патеката од компресорот до спојувалката, извртените црева и се друго што може да предизвика недоволен проток на воздух до апаратот.
Подмачкување
Често, но не претерано, подмачкувањето е од суштинско значење за оптимално функционирање. Масло вбризгано од
распрскувачот на масло постојано їе ги подмачкува внатрешните делови. Користете подмачкувач за пневматски алати Mobil Velocite #10 или еквивалентен. Не користете масла за чистење или адитиви, зашто овие средства предизвикуваат забрзано абење на заптивките и рабовите во уредот, што резултира со лоши перформанси и почесто одржување на алатот.

Користете масла за подмачкување на пневматски водови, на влезот за воздух на рачката на спојувалката.
Ако немате распрскувачко средство за подмачкување, еднаш или двапати дневно додадете масло преку QD спојката. Доволни се само неколку капки масло при секое подмачкување. Прекумерно масло ће се акумулира во уредот, што ће стане забележливо при испукување.
Користење на студено време
При работа на студено време, блиску или испод точката на мрзнење, влагата во воздухот во цревото ке замрзне, поради што е невозможно користење на уредот. Препорачуваме специјален лубрикант за пневматски алати за зимски услови или постојано користење на антифриз (гликол), при ниски температури.

Избегнувајте складирање на алатот во студена средина, како превенција од мрзннење на вентилите и механизмите, што ќе предизвика дефект на уредот.
Забелешка: Некои комерцијални дехидрирани течности за воздушни цевководи се штетни за О-прстени и заптивки. Не ги користите овие десиканти за ниски температури без определена компатибилност.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Да се спречи оштетување при транспорт, машината се испорачува во цврсто пакување. Колку што е можно пакувањето е направено од рециклирани материјали. Затоа, превземете секаков чекор за рециклирање на пакувањето.
ГАРАНЦИЈА
За условите на гаранцијата погледнете ја посебно доставената гарантна картичка.
Производот и упатството се предмет на промена. Карактеристиките можат да се променат без натамошно известување.
Spare parts list
| No Description Position | |
| 400500 Cylinder seal set 6 + 8 + 9 + 11 + 12 + 13 + 15 | |
| 400501 Main piston 16 | |
| 400502 Set ref. 21,24,26 21 + 24 + 26 | |
| 400503 Drive guide cover 35 - 37 | |
| 400504 Pusher complete 43-46 + 52-56 |
Exploded view

(MK) Изјавуваме со наша целосна одговорност дека производот е во согласност со Смерницата 2011/65/EU на Европскют парламент и е во согласност според Советот од 9 јуни за ограничување на користење на одредени опасни супстанции во електричната и електронската опрема и дека е според следните стандарди и регулативи:
EN792-13
2006/42/EC
Zwolle, 01-04-2018

H.G.FRosberg
CEO FERM B.V.
FERM B.V. - Lingenstraat 6 - 8028 PM - Zwolle - The Netherlands