Ferm ETM1004 - Телбод

ETM1004 - Телбод Ferm - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ETM1004 Ferm во PDF формат.

📄 80 страници Македонски MK 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice Ferm ETM1004 - page 75
SKIP

Frequently Asked Questions - ETM1004 Ferm

Прашања на корисниците за ETM1004 Ferm

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

L'email reste privé : il sert seulement à vous prévenir si quelqu'un répond à votre question.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Телбод во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ETM1004 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ETM1004 на марката Ferm.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ETM1004 Ferm

Благодариме за купувањето на овој FERM производ. Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа. Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофијае обезбедување на одличен сервис за клиентите, со поддршка со нашите сеопфатни гаранции. Се надеваме дека їе уживате користејки го овој производ многу наредни години.

Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2.

Ferm ETM1004 - Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2. - 1

Внимателно прочитајте ги упатствата за работа пред да го користите уредот. Запознајте се со функциите и основните операции. Сервисирајте го уредот според инструкциите, за да се осигурате дека секогаш правилно ће функционира. Упатствата за ракување и придружната документација треба да се чуваат во близина на уредот.

Вовед

Спојувалката ви овозможува спојување на различни материјали, како ткаенина, дрво, газа, картон и кожа. Поради тоа, алатот е погоден за тапацирање на мебел, завтикување на предмети или поправање на чевли.

Содржина

  1. Податоци за машината
  2. Безбедносни упатства
  3. Користење
  4. Одржување

1. ПОДАТОЦИ ЗА МАШИНАТА

Технички характеристики

Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 60745; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации

  • користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност
  • времето кога алатот е ислучен или кога работи, но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност

Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните навики.

Содржина на пакувањето

1 Тркалце за контрола на удар
2 Лизгач
3 Дршка за касета
4 Прекинувач
5 On/off прекинувач

Објаснување на симболите

Ferm ETM1004 - Објаснување на симболите - 1

Означува ризик од повреда, губење на живот или оштетување на алатот во случај на непочитување на упатствата

Ferm ETM1004 - Објаснување на симболите - 2

Укажува на присуство на електричен напон.

Ferm ETM1004 - Објаснување на симболите - 3

Носете заштита за очите.

Посебни безбедносни упатства

  • Секогаш да проверувате дали има спајалки во алатот. Невнимателно ракување со спојувалката може да доведе до неочекувано испкување и повреди.
  • Не го насочувајте алатот кон себе или кон други во близина. Ненајденото испукување ке ги испразни спајалките и ке предизвика повреди.
    Алатот не смеете да го активирате додека силно не го притиснете врз работното парче. Ако алатот не е во контакт со работното парче, спајалката може да одлета на страна од метата.
  • Исклучете го алатот од струја ако во него се заглави спајалка. Додека ја отстранувате заглавената спајалка, спојувалката би можела ненајдено да се активира ако е включена.
  • Не го користете алатот за стегање на електрични кабли. Тој не е конструиран за инсталација на кабли и може да ја оштети изолацијата, со што ќе предизвика струен удар или пожар.

Пред користење на спојувалката

• Проверете ги следните точки:
- Проверете дали напонот на моторот и напонот на мрежата се соодветни (апарати за мрежен напон од 220-240 V);
- Дали е кабелот во добра состојба: цел, без лабави завршетоци или оштетување.
- Секогаш кога го користите алатот носете заштита за очите.
• Одржувајте го алатот грижливо.
- Проверете неправилности или спојувања на подвижни делови, скршени делови и било која друга состојба која може да влијае врз работата на алатот. Ако е оштетен, алатот да се поправи пред да се користи.
- Проверете дали е исправно стегната лизгачката касета.
- Не го користете алатот за стегање на електрични кабли.
- Не обработувајте материјали кои содржат азбест.

Користење на алатот

- Не го користете алатот ако прекинувачот не се вклучува или не се исклучува.

  • При стартување држете го алатот со две раце.
  • Чувајте го кабелот подалеку од подвижните делови на машината.
  • Држете ги рацете подалеку од работното парче.
  • Во случај на заглавување на шајки или спајалки веднаш исключете ја машината и извадете го кабелот од струја.
  • Никогаш не го насочувајте алатот кон луге или животни.
  • Користете спајалки и шајки кои се наменети за овој алат.
  • Бидете сигурни дека нема да оштетите некаков вод при користење на алатот.

Електрична безбедност

При користење на електрични машини почитувајте ги безбедносните правила во вашата земја, за да го намалите ризикот од пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги следните безбедносни упатства и приложените безбедносни упатства.

Ferm ETM1004 - Електрична безбедност - 1

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката.

Ferm ETM1004 - Електрична безбедност - 2

Машина со II класа на заштита. Вашата машина е двојно излирана, поради тоа не е потребно заземјување.

Замена на кабли или приклучници

Веднаш да ги фрлите старите кабли или приклучници, кога ќе ги замените со нови. Опасно е да ја включите приклучницата ако кабелот е лабав.

Користете само одобрени продолжни кабли погодни за влезната моćност на машината. Најмал попречен пресек е 1.5 mm2. Кога се користи кабел во ролна, секогаш целосно да го одмотате.

Ferm ETM1004 - Замена на кабли или приклучници - 1

После секоја употреба да ги отстранувате спајалките/шајките од магацинот

3. КОРИСТЕЊЕ

Намена

Сл. 2

За овој алат користете ги следните видови спајалки и шајки:

• U Тип 55: 8, 9, 10, 12, 13 14, 15, 16 mm
• Т Тип 48: 15-16 mm

Полнење на спојувалката

Ferm ETM1004 - Полнење на спојувалката - 1

Пред отварање, проверете дали е исклучен алатот.

Како се полни спојувалката

Сл. 3 - 5

Одбравување на лизгачот

- Притиснете го копчето (2) за одбравување на лизгачот.

  • Извлечете го лизгачот од машината.
  • Ставете спајалки (сл. 4) или шајки (сл. 5) во касетата
    • Турнете го лизгачот во машината.
  • Забравете го лизгачот со лизгање нанапред, додека не забрави на место.

Користење на спојувалката

  • Притиснете го On/Off прекинувачот (5) за включување на машината.
  • Притиснете го On/Off прекинувачот (5) за ислучување на машината.
  • Вртете го тркалцето за контрола на удар, за да ја изберете ударната моćност.

Поставување на алатот

  • Поставете го алатот на работно парче, на место на кое треба да се испука спајалка или шајка.
    • Притиснете го силно алатот.

Спојување

• Притиснете го прекинувачот (4).

Ferm ETM1004 - Спојување - 1

Алатот произведува повратен удар, поради силата со која делува. Имајте го тоа на ум.

4. ОДРЖУВАНЬЕ

Ferm ETM1004 - ОДРЖУВАНЬЕ - 1

Уверете се дека машината е исключена кога го одржувате моторот.

Оваа машина е конструирана да работи долг период со минимално одржување. Непрекинатото успешно работење зависи од грижата на машината и редовното чистење.

Дефект

Ако машината не функционира правилно, можните причини и соодветните решенија се дадени подолу:

- Ако во алатот се заглави спајалка или шајка, постапете на следниот начин

- Исклучете го алатот.

- Внимателно отстранете ја спајалката или шајката од алатот, со тенок предмет (нпр. нож).

Ferm ETM1004 - Дефект - 1

Поправките и сервисирањето треба да ги изведува само квалификувано лице или сервис.

Чистење

Редовно чистете го ку́киштето со мекана крпа, по можност после секое користење. Чувајте ги отворите за вентилација чисти, без прашина. Отстранете ја тврдокорната нечистотија со мекана крпа, натопена во сапуница. Не користете растворувачи како што е бензен, алкохол, амонијак итн. кои можат да ги оштетат пластичните делови.

Дефекти

Ако дефект настанува поради абење на дел, обратете се во сервисен центар од гарантната картичка. На крајот од овие упатства даден е експозиционен преглед на делови кои можат да се нарачат.

ОКОЛИНА

За да се спречи оштетување за време на транспортот, уредот се испорачува во тврдо пакување кое се состоит од материјал за еднократна употреба. Затоа ве молиме да ги користите опциите за рециклирање на амбалажата.

Ferm ETM1004 - ОКОЛИНА - 1

Оштетени и/или искористени електрични и електронски уреди мора да се депонираат во станици за клирање.

Само за земји од ЕУ

Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веке не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.

ГАРАНЦИЈА

Прочитајте ги гарантните услови во приложената гарантна картичка.

Политиката на нашата компанијата е постојано подобрување на производите и поради тоа го задржуваме правото за измени на карактеристиките на производот, со претходна најава.

Exploded view

Ferm ETM1004 - Exploded view - 1

Асистент за прирачник
Powered by Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Ferm

Модел : ETM1004

Категорија : Телбод