PSB Easy - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PSB Easy BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за PSB Easy BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PSB Easy - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PSB Easy на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PSB Easy BOSCH
Македонски ...... Страна 119
Srpski. Strana 125
Slovensko .... Stran 129
Hrvatski.... Stranica 134
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за електричните апарати

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
120 | Македонски
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Држете ги децата и другите лица подапеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај на смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
▶ Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е ислучен електричниот апарат, пред да го приключите на
напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
▶ Извадете ги апатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој одделовите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
- Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин їе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широко облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасности од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
▶ Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
- Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
▶ Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреći својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Македонски | 121
▶ Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејности што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за дупчалки
- Носете заштита за слухот при ударното дупчење. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.
- Користете ги дополнителни дршки, доколку се испорачани заедно со електричниот алат. Губењето на контролата може да доведе до повреди.
- Држете го уредот за изопираните површини на дршката, доколку извршувате работи, каде електричниот апарат може да наиде на скриени струјни кабли или на сопствениот мрежен кабел.
Контактот со кабли кои спроведуваат напон може да ги стави металните делови на уредот под напон и да доведе до електричен удар.
▶ Алатите за вметнување може да се загреат при работење! Постои опасност од изгореници при замена на алатот за вметнување. Користете заштитни ракавици, за да го извадите алатот за вметнување.
▶ За да спречите ненамерно вклучување на електричниот алат, секогаш олабавувајте го копчето за подесување. За тоа, кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консультирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување или може да предизвика електричен удар.
Доколку се блокира алатот што се вметнува, исключете го електричниот апарат. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, доколку: – се преоптовари електричниот алат или – е накривен во однос на парчето што се обработува.
▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
- Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. - Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
Опис на производот и мокноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во цигли, бетон и камен, како и задупчење во дрво, метал, керамика и пластика. Уредите со електронска регулација и тек лево/десно се исто така погодни за завртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Предна чаура
2 Задна чаура
3 Брзозатегачка глава
4 Прекинувач „Дупчење/ударно дупчење“
5 Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување
6 Прекинувач за менување на правецот на вртење
7 Прекинувач за вклучување/исклучување
8 Копче за подесување на граничникот за длабочина*
9 Пеперутка-завртка за помошната рачка за прицврстување*
10 Помошна рачка со граничник за длабочина *
11 Граничник за длабочина*
12 Рачка (изолирана површина на дршката)
13 Дополнителна дршка (изолирана површина на дршката)*
14 Универзален држач за битови*
15 Бит за одвртувач/зашрафувач*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
122 | Македонски
Технички податоци
| Вибрациони дупчалки PSB Easy PSB Easy | |||
| Број на дел/артикл | 3 603 A30 0.. | 3 603 A30 1.. | |
| Номинална јачина | W | 550 | 570 |
| макс. излезна моќ | W | 3 | 7 |
| Број на празни вртежи | min^-1 | 50 - 3000 | 50 - 3000 |
| Номинален број на вртежи | min^-1 | 50 - 3000 | 50 - 3000 |
| Број на удари | min^-1 | 33000 | 33000 |
| Номинален вртежен момент | Nm | 1,2 | 1,5 |
| Вртежен момент на блокирањето според EN 60745 | Nm | 11 | 12 |
| Тек десно/лево | ● | ● | |
| Целосно автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock) | - | ● | |
| Дијаметар на грлото на вретеното | MM | 43 | 43 |
| макс. дупка ∅ | |||
| – Сид | MM | 10 | 10 |
| – Бетон | MM | 10 | 10 |
| – Челик | MM | 8 | 8 |
| – Дрво | MM | 25 | 25 |
| Затегање на главата | MM | 2 - 13 | 2 - 13 |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | кг | 1,5 | 1,6 |
| Класа на заштита | ☐ /II | ☐ /II | |
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-1.
| PSB Easy PSB Easy | |||
| Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува | |||
| Ниво на звучен притисок | dB(A) | 96 | 97 |
| Ниво на звучна јачина | dB(A) | 107 | 108 |
| Несигурност К | dB(A) | 3 | 3 |
| Носете заштита за слухот! | |||
| Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-1: | |||
| Дупчење во метал: | |||
| ah | m/s ^2 | 7,5 | 6,5 |
| K | m/s ^2 | 1,5 | 1,5 |
| Ударно дупчење во бетон: | |||
| ah | m/s ^2 | 32 | 28 |
| K | m/s ^2 | 4,0 | 2,0 |
| Зашрафување/отшрафување: | |||
| ah | m/s ^2 | <2,5 | <2,5 |
| K | m/s ^2 | 1,5 | 1,5 |
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
1 609 92A 2LX | (28.9.16) Bosch Power Tools
Македонски | 123
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Користете го вашиот електричен алат само со помошна рачка 10.
▶ Пред да извршите било што, проверете дали е зацврстена пеперутка-завртката 9. Губењето на контролата може да доведе до повреди.
Завртете ја пеперутка-завртката 9 во правец спротивен од стрелките на часовникот и вметнете ја помошната рачка 10 врз главата за дупчење на грлото на вретеното на електричниот алат.
Можете да ја вртите помошната рачка 10, за безбедно и неуморно да работите.
Свртете ја помошната рачка 10 во саканата позиција и повторно затегнете ја пеперутка-завртката 9 во правец на стрелките на часовникот.
Подесување на длабочина на дупчење (види слика В)
Со граничникот за длабочина 11 може да се утврди длабочината на дупчење X.
Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина 8 и поставете го граничникот за длабочина во помошната рачка 10.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина 11 мора да покажува надолу.
Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен, да одговара на растојанието на саканата длабочина на дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина X.
Вшмукувач за прав
▶ Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
-
Погрижете се за добра проветреност на работното место.
-
Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.








Замена на алатот
Држете ја цврсто задната чаура 2 на брзозатегачката глава 3 и свртете ја предната чаура 1 во правец Ⓞ, додека не се вметне алатот. Вметнете го алатот.
Цврсто држете ја задната чаура 2 на брзозатегачката глава 3 и рачно затегнете ја предната чаура 1 во правец на вртење ②.
Доколку прекинувают за вклучување/исклучување 7 не е притиснат, вретеното за дупчење їе се фиксира. Ова овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатезната глава за дупчење 3 со вртење во правец Ⓞ, додека не се стави алатот. Вметнете го алатот.
Чаурата на брзозатезната глава 3 свртете ја цврсто ја во правец ②, додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Блокадата се отлучува, откако је ја свртите чаурата во спротивен правец за да го извадите алатот.
Алати за зашрафување
При користење на битови за одвртувачот 15 секогаш треба да користите универзален држач за битови 14. Користете само битови што се соодветни на главата за зашрафување.
Поставувајте го прекинувачот 4 „Дупчење/ударно дупчење“ секогаш на ознаката „Дупчење“, доколку одвртувате.
Менување на главата за дупчење
- Кај електричните апарати без заклучување на вретеното за дупчење, главата за дупчење мора да биде заменета од страна на овластена сервисна служба за електрични апарати од Bosch.

Главата за дупчење мора да биде зацврстена со вртежен момент со затегање од 30-35Nm.
124 | Македонски
Употреба
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Поставете го правецот на вртење (види слика К)
Со прекинувают за менување на правецот за вртење 6 може да го промените правецот на вртење на електричниот апарат. Доколку прекинувают за вклучување/исклучување 7 е притиснат ова не е возможно.
Тек на десно: За дупчење и зашрафување на шрафови притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење 6 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење 6 на десно до крај.
Подесување на начинот на работа

Дупчење и одвртување
Поставете го прекинувачот 4 на ознаката „Дупчење“.

Ударно дупчење
Поставете го прекинувают 4 на ознаката „Ударно дупчење“.
Прекинувачот 4 ке се вклопи и може да се активира и додека работи моторот.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 7 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за включување/исклучување 7 притиснете го копчето за фиксирање 5.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го прекинувают за вклучување/исклучување 7 одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање 5, кратко притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување 7 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на включениот електричен апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку їе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување 7.
Со нежно притискање на прекинувают за вклучување/исклучување 7 се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот само доколку е ислучен. Доколку апаратот е включен и се врти, тој може да се преврти и падне.
По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот апарат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови їе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!
Srpski | 125
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски uredи и нивна национална употреба, елек- тричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се реци- клираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Opšta upozorenja za električne alate
UPOZORENJE
Čitajte sva upozorenja i uputstva.
Propusti kod pridržavanja upozo-