BOSCH GBH 18V-28 D Professional - приклучок

GBH 18V-28 D Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBH 18V-28 D Professional BOSCH во PDF формат.

📄 293 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GBH 18V-28 D Professional - page 196
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GBH 18V-28 D Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBH 18V-28 D Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBH 18V-28 D Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBH 18V-28 D Professional BOSCH

Македонски.... Страница 195

Shqip.... Faqe 204

Srpski Strana 212

Slovenščina ....Stran 220

Hrvatski....Stranica 228

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати

создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.

Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.

Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреји се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.

▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помощ. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисиране

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за чекани

Безбедносни упатства за сите типови работа

▶ Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
▶ Користете дополнителни рачки, доколку се испорачани со алатот. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди.
Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за опремата за сечење и прицврступачат од на дојдат во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење и прицврступачете дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.

Безбедносни упатства при користење на долги бургии со ротирачки хилти

▶ Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Притискајте само во директна линија со бургијата и не вршете преголем притисок. Бургиите може да се искриват и скршат, со што може да изгубите контрола и да се повредите.

Дополнителни безбедносни напомени

Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со

198 | Македонски

надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.

▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GBH 18V-28 D Professional - | Македонски - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Kratko по употребата не ги допирајте алатите за вметнување или соседните делови на куќиштето. За време на работата тие може да бидат многу жешки и да предизвикаат изгореници.
▶ Алатот за вметнување може да се заглави за време на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и цврсто држете го електричниот алат со двете раце. Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз електричниот алат.
▶ Бидете внимателни за време на кршењето со длето. Деловите што пајаат од материјалот за кршење може да ги повредат присутните или себе си.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GBH 18V-28 D Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и камен како и за фино и умерено длетување. Тој исто така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните алати со електронска регулација и тек на десно/лево се исто така погодни за завртување.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) SDS plus-глава за дупчење
(2) Прифат на алат SDS plus
(3) Капак за заштита од прав
(4) Чаура за заклучување
(5) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(6) Рачка (изолирана површина на рачката)

(7) Прекинувач за включување/исклучување
(8) Батерија ^a)
(9) Работно светло
(10) Копче за отлучување за прекинувачот за запирање на удари/вртежи
(11) Прекинувач за запирање на удари/вртежи
(12) Копче за подесување на граничникот за длабочина
(13) Граничник за длабочина
(14) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(15) Копче за отклучување на батерија ^3)
(16) Куки за закачување
(17) Безбедносна завртка за запчестата глава за дупчење ^a)
(18) Запчеста глава за дупчење ^a)
(19) SDS plus вратило за прифат на главата за дупчење ^a)
(20) Клуч за затегнување на главата за дупчење
(21) Универзален држач со SDS plus вратило за прифат ^a)
(22) Поле на прицврстување на делот за заштита од пајање за електричниот алат
(23) Дел за заштита од паганье ^b)
(24) Фиксна точка на спојување на делот за заштита од пагање ^b)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.
b) Овие додатоци не се включени во стандартниот опсег на испорака и од програмата за опрема на Bosch.

Технички податоци

Батериски чекан за дупчењеGBH 18V-28 D
Број на дел3 611 J19 0..
Номинален напон V= 18
Број на удари ^A) min ^-1 0–4250
Број на вртежи во празен од
– Тек надесно min ^-1 0–950
– Тек налево min ^-1 0–950
Прифат на алатот SDS plus
Дијаметар на грлото на вретенотоmm 50
Макс. дијаметар на дупката
– Бетон mm 28
– Сидни конструкции (со крунеста бургија)mm 68
– Челик mm 13
– Дрво mm 30
Тежина ^B) kg 3,0
Батериски чекан за дупчењеGBH 18V-28 D
Препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35
Дозволена околна температура при работење ^c) и при складирање°C -20 ... +50
Компатибилни акумулаторски батерииGBA 18V...ProCORE18V...
Препорачани акумулаторски батерииGBA 18V... ≥4,0 AhProCORE18V...
Препорачани полначи GAL 18...GAX 18...GAL 36...

A) Мерено при 20-25 °C со батерија ProCORE18V 4.0Ah.
В) Тежина без батерија
(за тежината на батеријата видете http://www.bosch-professional.com)
C) ограничена мокност на температури < 0 °C
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-6.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 95 dB(A); ниво на звучна јачина 103 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски эбир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-6:

Ударно дупченье во бетон: a_h = 10, 1 m/s^2, K = 1, 5 m/s^2 , Длетување: a_h = 7, 2 m/s^2, K = 1, 5 m/s^2 ,

Дупчење во метал: a_n=2,5 m/s^2 , K=1,5 m/s^2 , Завртување: a_n=2,5 m/s^2 , K=1,5 m/s^2 .

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот

во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Информации за емисија на прашина: co Bosch GDE 28 D Professional

Вредностите за емисија на прав се одредуваат согласно EN 50632-2-6:

алвеоларна прашина: <0,50 mg/m³, K = 0 mg/m³ респирабилна прашина: <0,80 mg/m³, K = 0,2 mg/m³ Кварцна прашина: <0,05 mg/m³

Наведената вредност на емисија на прав е утврдена според следниве услови на работа: Режим на работа: ударно дупчење

Алат што се вметнува: SDS plus-бургиjar, дијаметар 16 mm

Напомена: доколку го користите електричниот алат во друг режим на работа, со други алати што се вметнуваат или ако одржувањето е недоволно, вредноста на емисијата на прашина може да се разликува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на прав во целокупниот период на работење.

Доколку е потребно, применете дополнителни безбедносни мерки за да го заштитите корисникот од ефектите на емисиите на прашина, на пример: носење заштитна маска за дишење со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Батерија

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.

Приказ за наполнетост на батеријата

Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, еили , щада се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Трајно светло 2 × зелено 30–60 %
Трајно светло 1 × зелено 5–30 %
Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 %
Трајно светло 4 × зелено 60–80 %
Трајно светло 3 × зелено 40–60 %
Трајно светло 2 × зелено 20–40 %
Трајно светло 1 × зелено 5–20 %
Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 %

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтажа

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за включување/исклучување постои опасност од повреди.

Дополнителна рачка

▶ Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (14).

Осигурајте се дека дополнителната рачка е секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на работата може да ја изгубите контролата врз вашиот електричен алат.

Навалување на дополнителната рачка (види слика А)

Дополнителната рачка (14) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.

– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (14) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (14) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (14) во правец на стрелките од часовникот. Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на кукиштето.

Бирање на глава за дупчење и алат

За ударно дупчење и длетување потребни ви се SDS plus-алати, кои се вметнуваат во SDS plus-главата за дупчење.

За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за завртување, се користат алати без SDS plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие алати потребна ви е брзозатезната глава за дупчење одн. запчеста глава за дупчење.

Менување на главата за дупчење

Вметнување/вадење на запчестата глава

За да може да работите со алати без SDS plus (на пр. со дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатегнувачка глава за дупчење).

– Завртете го SDS plus-вратилото за прифат (19) во запчестата глава за дупчење (18). Зацврстете ја запчестата глава за дупчење (18) со безбедносната завртка (17). Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој.

– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат (19) и малку намастете го.
- Запчестата глава за дупчење (18) со отворот за прифат (19) ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се заклучи.
– Проверете го заклучувањето со повлекување на запчестата глава за дупчење (18).

Вадење на запчестата глава за дупчење

- Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење (18).

Промена на алат

Капакот за заштита од прав (3) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (3) е оштетен.

Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.

Замена на алат SDS plus

Ставање на SDS plus-алатот за вметнување (види слика C)

Co SDS plus главата за дупчење (1) може едноставно и лесно без користење на дополнителни алати да го замените алатот што се вметнува.

– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.

– Алатот за вметнување ставете го со вртење во прифатот на алат (2) додека самоот не се заклучи.

– Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот. Co SDS plus-алатот за вметнување може слободно да се маневрира поради системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејки дупчалката сама се центрира при дупчењето.

Вадење на SDS plus-алатот за вметнување (види слика D)

– Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.

Замена на алат, запчеста глава за дупчење

Ставање на алатот за вметнување (види слика E)

Напомена: Не користете алати без SDS plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS plus и главата за дупчење што ја користите ће се оштетат при ударното дупчење или длетување.

– Вметнете запчеста глава за дупчење (18).
- Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (18), додека не се отвори за да може да вметне алатот. Вметнете го алатот.
- Клучот за затегнување на главата за дупчење (20) ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење (18) и рамномерно затегнете го алатот.

  • Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во позиција „Дупчење“.
    – Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење (18) со помош на клучот за затегање на главата за дупчење (20) во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека не се извади алатот за вметнување.

Вадење на алатот за вметнување (види слика F)

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

За всисување на прав од бетон и камења, потребен е уред за всисување GDE 28 D или GDE 18V-26 D. Овој систем за вшмукување не е погоден за прав од дрво, метал и пластика, како и за прав, кој є штетен по здравјето (на пр. азбест).

Употреба

Ставање во употреба

Подесување на режимот на работа

Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) изберете го начинот на работа на електричниот алат.

– За да го промените начинот на работа, притиснете го копчето за отклучување (10) и свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во саканата позиција додека не слушнете дека се вклопил.

Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е ислучен! Инаку електричниот алат може да се оштети.

BOSCH GBH 18V-28 D Professional - Подесување на режимот на работа - 1

Позиција за ударно дупчење во бетон или камен

BOSCH GBH 18V-28 D Professional - Подесување на режимот на работа - 2

Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за Завртување

BOSCH GBH 18V-28 D Professional - Подесување на режимот на работа - 3

Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото Во оваа позиција, прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) не се вклопува. Позиција за Длетување

BOSCH GBH 18V-28 D Professional - Подесување на режимот на работа - 4

Поставете го правецот на вртење

Со прекинувают за менување на правецот за вртење (5) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувают за вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е возможно.

Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.

Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек.

BOSCH GBH 18V-28 D Professional - Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од. - 1

– Тек на десно: притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) налево до крај.

BOSCH GBH 18V-28 D Professional - Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од. - 2

- Тек на лево: притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) надесно до крај.

Напомена: доколку прекинувают за правец на вртење стои во средна позиција прекинувают за вклучување/исклучување е блокиран.

Вклучување/исклучување

- За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

Работното светло (9) при малку или целосно притиснат прекинувач за включување/исклучување (7) овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.

При првото вклучување на електричниот алат може да дојде до одложување на стартот на алатот.

На ниски температури електричниот апарат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари.

- За да го исключите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

Подесување на бројот на вртежи/удари

Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ње го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) се постинува мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.

Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)

Длетото може да го фиксирате во 44 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.

  • Ставете го длетото во прифатот за алат.
    – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во позиција „Vario-Lock“.
  • Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување.
  • Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат їе се фиксира.
    – Поставете го правецот на вртење за длетување на десен тек.

Совети при работењето

Подесување на длабочината на дупчење (види слика Н)

Со граничникот за длабочина (13) може да се утврди длабочината на дупчење X.

– Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (12) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (14). Избраздениют дел на граничникот за длабочина (13) мора да покажува надолу.

– Вметнете го SDS plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS plus (2). Инаку, доколку алатот за вметнување SDS plus е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.

– Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ће одговара на саканата длабочина на дупчење X.

Спојка за заштита од преоптоварување

и Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ће се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.

Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку включите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.

Брзо исклучување (KickBack Control)

BOSCH GBH 18V-28 D Professional - Брзо исклучување (KickBack Control) - 1

Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и

непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува.

- За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и одново притиснете го.

Брзото ислучување е прикажано со трепкање работното светло (9) на електричниот алат.

Амортизација на вибрациите

BOSCH GBH 18V-28 D Professional - Амортизација на вибрациите - 1

Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во

текот на работењето со помош на вграден контра- осцилатор.

▶ Не го употребувајте електричниот апарат, доколку е оштетен елементот за придушување.

Вметнување на битови за одвртувач (види слика I)

▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.

За користење на битовите за одвртувач потребен ви е университетен држач (21) со SDS plus-вратило за прифат.

– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на университетный држач.
– Ставете еден бит за одвртувач на универсалниот држач. Користете само битови за одвртувачот што се соодветни на главата за завртување.
– За вадење на универсалниот држач вметнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и извадете го универсалниот држач (21) од прифатот за алат.

Закачување на електричниот алат (види слика J)

Со куките за закачување (16) може да го прицврстите електричниот алат на соодветниот уред за закачување.

– Свиткајте ја куката за закачување (16) нагоре.
– Проверете ја куката за закачување (16) да не е оштетена или деформирана. Не ја користете куката за закачување (16) доколку е оштетена, деформирана или не е добро прицврстена на електричниот уред.
- Закачете го електричниот алат со куката за закачување (16) на стабилен уред за закачување. За да избегнете оштетување или повреди, уредот за закачување не смее да биде поставен над тротоарите или во непосредна близина на работни места. Куката за закачување треба да се користи за закачување на електричниот алат и за додатоците за монтажа.
– Склопете ја куката за закачување (16) кога ће работите со електричниот алат.
▶ Никогаш не ја користете куката за закачување (16) за заштита од пагање.

Никогаш не го прицврстувајте додатокот за заштита од пагање на куката за закачување.

Прицврстување на додатокот за заштита од пагање (види слика К)

Напомена: за да се осигурате дека електричниот алат нема да падне, за тежината на системот треба да користите соодветен додаток за заштита од пағање (23).

Максимално дозволената должна на додатокот за заштита од пафање изнесува 1,8 m. Почитувајте го дозволеното поле за прицврстување (22) на електричниот алат.

За да го заштитите уредот од пафање користете врвка со анкер или користете го делот за заштита од пафање со амортизација на пад.

При прицврстувањето на делот за заштита од пагање (23) почитувајте го соодветното упатство за работа.

Спротивните страни на делот за заштита од пагање прикачете ги на стабилна конструкција (на пр. објект или скеле) и никогаш на самоот корисник.

Делот за заштита од паѓање мора да може слободно да се движи и треба да биде прицврстен само на фиксна точка на спојување (24) и во дозволеното поле на прицврстување (22) на електричниот алат.

Изберете ја фиксната точка на спојување (24) така што електричниот алат во случај на пад, ће падне безбедно во безбедносната преграда, без притоа да се замота околу корисникот или да му наштети. Никогаш не ја користете куката за закачување (16) за заштита од паѓање.

Никогаш не го прицврстувајте додатокот за заштита од пагање на куката за закачување. Никогаш не користете додаток за заштита од пагање на електричниот алат со монтирано всисување на прав GDE 18V-26 D или GDE 28 D.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат (2) по секоја употреба.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вавшиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и

204|Shqip

информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:

Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GBH 18V-28 D Professional - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GBH 18V-28 D Professional - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.

Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 204).

Shqip

Udhëzime sigurie

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GBH 18V-28 D Professional

Категорија : приклучок