GBH 6-42 C Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBH 6-42 C Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GBH 6-42 C Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBH 6-42 C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBH 6-42 C Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBH 6-42 C Professional BOSCH
Македонски.... Страница 191
Srpski ...... Strana 200
Slovenščina ....Stran 208
Hrvatski ....Stranica 216
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и
192 | Македонски
спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или ислучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не
користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или включување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни
Употреба и чување на електричните алати
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за чекани
Безбедносни упатства за сите типови работа
▶ Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
▶ Користете дополнителни рачки, доколку се испорачани со алатот. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Безбедносни упатства при користење на долги бургии со ротирачки хилти
▶ Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да
се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Притискајте само во директна линија со бургијата и не вршете преголем притисок. Бургиите може да се искриват и скршат, со што може да изгубите контрола и да се повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување и може да предизвика електричен удар.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Кратко по употребата не ги допирајте алатите за вметнување или соседните делови на куќиштето. За време на работата тие може да бидат многу жешки и да предизвикаат изгореници.
▶ Алатот за вметнување може да се заглави за време на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и цврсто држете го електричниот алат со двете раце. Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз електричниот алат.
▶ Бидете внимателни за време на кршењето со длето. Деловите што пајаат од материјалот за кршење може да ги повредат присутните или себе си.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Внимание! При користењето на електричниот алат со Bluetooth ^® може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се ислучи можноста за повреда на луфе и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth ^® во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете електричниот алат со Bluetooth ^® во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.
Вербалниот жиг Bluetooth® како и логоата се регистрирани трговски марки и се сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секоја употреба на овој вербален
194 | Македонски
жиг/лого се извршува со Robert Bosch Power Tools GmbH лиценца.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
За промена на алатот за вметнување повлечете ја наназад чаурата за заклучување.

Зачувувањето на податоците е активирано во алатот за вметнување.

Поврзан електричен алат со вградена Bluetooth® технологија
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за дупчење во бетон, зид и камен како и за длетување.
Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth ^® Low Energy модул GCY 301-42 со помош на Bluetooth ^® -безжичната технологија помеѓу електричниот алат и мобилниот уред.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Капак за заштита од прав
(2) Чаура за заклучување
(3) Прекинувач за запирање на вртењето
(4) Амортизација на вибрациите
(5) Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување
(6) Прекинувач за включување/исклучување
(7) Рачка (изолирана површина на рачката)
(8) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(9) Кориснички интерфејс
(10) Приказ на работен режим „Favorite“ (Кориснички интерфејс): индивидуална конфигурација преку апликацијата на паметниот телефон
(11) Приказ на работен режим „Soft“ (Кориснички интерфејс):
намалена мојност за обработка на чувствителни материјали
(12) Приказ за брзото ислучување (Кориснички интерфејс)
(13) Приказ за одржување (Кориснички интерфејс)
(14) Приказ на потсетник за пауза (Кориснички интерфејс)
(15) Приказ за статусот на електричниот алат (кориснички интерфејс)
(16) Копче за ресетирање (кориснички интерфејс)
(17) Приказ на предупредување за вибрации (кориснички интерфејс)
(18) Копче за работен режим (кориснички интерфејс)
Технички податоци
| Чекани за дупчење GBH 6-42 C | ||
| Број на дел | 3 611 B78 0.. | |
| Номинална јачина W 1300 | ||
| Номинален број на вртежи min | ^-1 | 0–360 |
| Број на удари min | ^-1 | 0–3100 |
| Прифат на алатот SDS max | ||
| Подмачкување Централно трајно | подмачкување | |
| макс. дупка-∅ | ||
| – Бетон (со ударна бургија) | mm 42 | |
| – Бетон (со пробивна бургија) | mm 55 | |
| – Бетон (со шуплива крупнеста бургија) | mm 100 | |
| Тежина ^A) | kg 7,7 | |
| Класа на заштита | / II | |
| Пренос на податоци | ||
| Bluetooth ^ | Bluetooth ^ 4.2(Low Energy) ^B) | |
Чекани за дупчење GBH 6-42 C
Растојание на сигналот s 1
| максимален опсег насигналот ^c) | m | 30 |
A) Тежина без кабел за струја и без приклучок за струја
B) Мобилните уреди мора да се компатибилни со Bluetooth® Low Energy уредите (верзија 4.2) и да го поддржуваат Generic Access Profile (GAP).
C) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, включително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. сидови, ормари, куфери итн.) опсегот на Bluetooth ^® може значително да се намали.
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN IEC 62841-2-6.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 99 dB(A); ниво на звучна јачина 107 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN IEC 62841-2-6:
Ударно дупчење во бетон: a_h = 14,6 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2 , Длетување: a_h = 9,1 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2 ,
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Активирање на Bluetooth® Low Energy модул GCY 301-42
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 301-42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Дополнителна рачка
▶ Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (8).
Осигурајте се дека дополнителната рачка е секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на работата може да ја изгубите контролата врз вашиот електричен алат.
Навалување на дополнителната рачка
Дополнителната рачка (8) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.
– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (8) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (8) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (8) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (1) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (1) е оштетен.
▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Ставање на алатот за вметнување (види слика А)
Co SDS max прифатот за алат можете едноставно и лесно, без користење на дополнителни алати, да го замените алатот што се вметнува.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
– Притиснете ја чаурата за заклучување (2) наназад и поставете го алатот за вметнување вртејки во прифатот за алат. Повторно отпуштете ја чаурата за заклучување (2) за да го фиксирате алатот за вметнување.
– Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.
Вадење на алатот за вметнување (види слика В)
– Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
▶ Електричниот алат со вграден Bluetooth Low Energy Module GCY 301-42 е опремен со радио интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Подесување на режимот на работа
Со прекинувач за запирање на вртењето (3) изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За промена на режимот на работа свртете го прекинувачот за запирање на вртежи (3) во саканата позиција.

Позиција за ударно дупчење
Доколку алатот за вметнување веднаш не се врти, полека движете го електричниот алат, додека не почне и алатот за вметнување да се врти.

Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото

Позиција за Длетување

Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е ислучен! Електричниот алат автоматски се ислучува ако го промените режимот на работа за време на работата.
Вклучување/исклучување
- За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
На ниски температури електричниот апарат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари.
– За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) држете го истиот притиснат и дополнително притиснете на копчето за фиксирање (5).
– За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6). При фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (6) притиснете на копчето за фиксирање (5) па отпуштете го.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку їе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) се постигнува мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
Бројот на вртежи може да го регулирате преку корисничкиот интерфејс одн. преку апликацијата на паметниот телефон.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 12 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.
-
Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на вртењето (3) во позиција „Vario-Lock“. -
Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување.
- Свртете го прекинувачот за запирање на вртењето (3) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат їе се фиксира.
Брзо исклучување (KickBack Control)

Брзото ислучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без
KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се ислучува, а приказот за брзо ислучување (12) свети во црвено и приказот за статус (15) трепка во црвено.
- За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и одново притиснете го.
Корисничкиот интерфејс (9) за избирање на режим на работење, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.
Прикази за состојба
| Приказ за статусот на електричниот алат (15) | Значење/причинаA) | Решение |
| – Електричниот алат е исклучен – | ||
| зелена Електричниот алат е включен и е подготвен за употреба | – | |
| жолта Достигната е критична температура на електрониката.Мо́кта на електричниот алат се намалува за да се спречи оштетување. | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади, додека приказот(15)не свети повторно во зелена боја | |
| жолта– во комбинација со светлечкиот приказ за одржување(13) | Редовно одржување на електричниот алат се очекува наскоро | Испратете ја електричната алатка до сервисната служба |
| жолта– во комбинација со трепкачкиот приказ за одржување(13) | Редовно одржување на електричниот алат се очекува | Веднаш исключете го електричниот алат и испратете го до сервисната служба |
| Трепка сино Електричниот алат е поврзан со мобилен уред или поставките се пренесуваат. | – | |
| црвена Електричниот алат е прегреан.Електричниот алат се исклучува, за да се избегне оштетување на електрониката. | Оставете го електричниот алат да се олади.Електричниот алат не е подготвен за работа додека приказот(15)при вклучувањето не свети во зелена боја. | |
| Заштитата од рестартирање е активирана.Рестартирањето на електричниот алат по прекин на струја (на пр. повлекување на приклучокот за струја за време на работата)е спречено за да се избегнат повреди. | ||
| Активирано е копчето за фиксирање во режимот на работење „Ударно дупчење“ | ||
| Прекинувачот за запирање на вртењето за време на работењето е притиснат | ||
| Општи грешки – Исклучете го и повторно включете гоелектричниот алат– Исключете го електричниот алат од напојувањето и повторно поврзете го | ||
198 | Македонски
| Приказ за статусот на електричниот алат (15) | Значење/причинаA) | Решение |
| Постоечката грешка продолжува:– Испратете ја електричната алатка до сервисната служба | ||
| Трепка црвено– во комбинација со светлечкиот приказ за брзо исклучување (12) | Брзото исклучување е активирано. Притиснете го копчето за фиксирање и отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување | |
A) Прочитајте ги пораките во апликацијата на паметниот телефон.
Изберете режим на работење
Притиснете го копчето (18) за избирање на режимот за работење, додека не светне посакуваниот режим за работење.
Напомена: во режимите за работа Auto и Soft функциите се претходно поставени. Во режимот на работа Favorite претходно поставените функции може да се конфигурираат преку апликацијата на паметниот телефон.
| Работен режим | |||
| Auto Soft Favorite | |||
| Приказ на кориснички интерфејс | - | Приказот (11) свети во бела боја | Приказот (10) свети во бела боја |
| Јачина | 100 % намалена моćност (80 %) за обработка на чувствителни материјали | конфигурација преку апликацијата на паметниот телефон стандардна поставка: 90 % | |
| Мек старт на (Electronic Precision Control) | брзо, контролирано стартување до максимальна моćност | контролирано стартување до намалено, ниско ниво на моćност | индивидуална конфигурација преку апликацијата на паметниот телефон стандардна поставка: брзо стартување |
| Чувствителност на брзото исклучување (KickBack Control) | нормално нормално индивидуална | конфигурација преку апликацијата на паметниот телефон стандардна поставка: нормално | |
| Режим на висина (Компензација на атмосферскиот притисок ако електричниот алат не се вклучи во режимот „Auto“ на голема висина) | искл. искл. индивидуална | конфигурација преку апликацијата на паметниот телефон стандардна поставка: исклучено | |
подолго од 6 секунди, за да го ресетирате работниот режим Favorite на фабричките поставки (Reset).
- Општи информации и подесувања
- Управување
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 301-42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.
функции на поврзување
Во поврзување co Bluetooth® Low Energy GCY 301-42 модулот на располагање ги имате следните Connectivity- функции за електричниот алат:
– Регистрирање и персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
Совети при работењето
▶ Електричниот алат со вграден Bluetooth Low Energy Module GCY 301-42 е опремен со радио интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, їе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
- Исключете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку включите блокиран
алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.
Амортизација на вибрациите

Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на
работеньето.
▶ Не го употребувајте електричниот апарат, доколку е оштетен елементот за придушување.
Функција потсетник за пауза
Функцијата Потсетник за пауза (приказ (14)) ви помага да спречите телесен замор во вашата секојдневна работа. Можете да ја конфигурирате и ресетирате функцијата преку апликацијата на паметниот телефон (стандардна поставка: функцијата е деактивирана).
Напомена: Со копчето (16) може да се ресетира функцијата Потсетник за пауза, кога поставеното времетраење на работа е истечено и приказот за потсетник за пауза (14) свети во црвена боја.
Приказ на потсетник за пауза (14) Значење/причина
| зелена | Функцијата Потсетник за пауза е активирана.Опции за поставување за времетраењето на работа преку апликација на паметен телефон:- 30 минути- 1 час |
| црвена– во комбинација со црвениот светлечки приказ за статусот на електричниот алат (15) | Поставеното времетраење на работа е истечено.Ако истече поставеното времетраење на работа, електричниот алат работи додека моторот не запре или додека не се исклучи електричниот алат.Електричниот алат може повторно да се вклучи по пауза од 10 минути. |
Функција Дневно предупредување за вибрации
Функцијата Дневно предупредување за вибрации (приказ (17)) ви помага при работата, да се придржувате до законски дефинираната гранична вредност на изложеност (ELV). Ова го спречува синдромот на вибрација дланка-рака.
Можете да ја активирате и деактивирате функцијата преку апликацијата на паметниот телефон (стандардна поставка: функцијата е деактивирана).
Напомена: Ако е активирана функцијата Дневно предупредување за вибрации, со притискање на копчето (16) може да се рестартира тајмерот за дневното време на работа.
Приказ на предупредување за вибрации (17) Значење/причина
зелена Функцијата Дневно предупредување за вибрации е активирана.
| црвена | Дневното време на работа ја достигна граничната вредност на изложеност (ELV). |
| – во комбинација со црвениот светлечки приказ за статусот на електричниот алат (15) | Електричниот алат автоматски се исклучува.– Прекинете со работата или замолете некој друг да продолжи. |
Острење на алатот за длетување
Само со остри алати за длетување може да постигнете добри резултати, затоа редовно острете ги истите. Ова овозможува подолг рок на употреба на алатите и добри работни резултати.
Дополнително брусење
Острете ги алатите за длетување на брусните плочи, на пр. корунд, со ист довод на вода. Внимавајте на тоа, на острицата да не се појави боја на отпуштање; ова ја оштетува цврстината на алатите за длетување.
За ковање загрејте го длетото на 850 до 1050 °C (светло црвена до жолта).
За калење загрејте го длетото на околу 900 °C и потопете го во масло. Потоа ставете го во печка околу еден час на 320 °C (боја на жарење светло сина).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат по секоја употреба.
Подмачкување на електричниот алат
Електричниот алат се подмачкува со маст и веднаш е подготовен за употреба.
Менувањето на маста за подмачкување е потребно само во рамки на одржување или поправка од страна на овластена сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Притоа неопходно е да се употребува маст за подмачкување од Bosch.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеке не се употребливи мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.