AdvancedPrune 18V-45 - електричен градинарски алат BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AdvancedPrune 18V-45 BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за AdvancedPrune 18V-45 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот електричен градинарски алат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AdvancedPrune 18V-45 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AdvancedPrune 18V-45 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AdvancedPrune 18V-45 BOSCH
Безбедносни напомени
Толкување на символите

Општи безбедносни правила.

Прочитајте го упатството за употреба.

Не употребувајте го овој производ кога има дожд.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Тргнете ја батеријата пред сервисирање.

ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ: Држете ги посматрачите понастрана.

Носете заштита за очи и глава.

Носете чевли кои не се лизгави.

Носете заштитни ракавици.

Држете ги рацете понастрана од сечилото.

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите
упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ће ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни упатства за ножици за кастрење
▶ Не користете ги ножиците при невреме, особено кога постои опасност од удар на гром. Со тоа їе ја намалите веројатноста да Ве удри гром.
▶ Сите струјни кабли чувајте ги понастрана од полето на режење. Во грмушките кои ги режете може да има скриени струјни кабли и жици и така случајно сечилото од ножиците да дојде во контакт со нив и случајно да ги исече.
▶ Држете ги ножиците само за изолираните рачки, зошто сечилото може да дојде во допир со скриени електрични инсталации. Контактот на сечилото со кабли може да ги наелектризира металните делови од ножиците за кастрење и да доведе до струен удар.
Чувајте ги сите делови на своего тело подалеку од сечилото. Не обидувајте се да ги отстраните заглавените отпадоци од сечилото додека машината е включена. Еден момент на невнимание при работа со електричните ножици за режење може да резултира со сериозни тешки повреди.
▶ Обавезно исключете ги сите прекинувачи за вклучување-/исклучување, одстранете ја или извадете батеријата кога сакате да отстраните заглавени исечоци или го сервисирате уредот. Случајното стартување на ножиците при отстранување на заглавен отпадок или за време додека го сервисирате уредот може да доведе до сериоизни и тешки повреди.
Ножиците за режење држете ги за рачките додека сечилото мирува и внимавајте да не го притиснете копчето за вклучување-/исклучување.
Внимателното држење на ножиците го намалува ризикот од случајно вклучување и повреди кои можат да настанат како последица од тоа.
▶ Кога ги пренесувате или складирате електричните ножици секогаш ставете ја заштитната футрола на
сечилото. Внимателното ракување со машината го намалува ризикот од повреда од сечилата.
За да го смалите ризикот од струен удар, никогаш не користете го ножици за ограда со долга рачка како не би биле на дофат на далноводи. Контакт со далноводи или употреба во близина на далноводи може да предизвика повреда или електричен удар, што може да резултира со смрт.
▶ Секогаш користете две раце кога ги употребувате ножиците за кастрење кои имаат подолг дофат.
Држете гу ножиците со продолжен дофат со двете раце при проширен дофат со двете раце, за да избегнете губење контролата врз нив..
▶ Секогаш користете тврда капа, кога работите со ножиците за жива ограда со подолг опсег и преку глава. Паѓањето на непознати предмети може да предизвика сериозни повреди.
▶ Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со ограничени физички, сензорни или душевни можности, со недостаток на искусство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за употреба на машината од страна на личност одговорна за нивната безбедност.
Децата треба да бидат под надзор да не си играат со уредот.
▶ Не дозволувајте им на деца да го користат уредот; не оставајте го уредот без надзор и кога не го користите уредот, чувајте го на безбедно место вон дофат на деца.
▶ Проверете ги дрвјата и грмушките оти можеби има некои непознати предмети, на пр. жичени огради и кабли. Отстранете ги тие елементи.
Слободната рака држете ја на безбедно растојание од местото на работа. Не допирајте ги сечилата. Тие се многу оштри и можат да пресечат.
▶ Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со уредот или извршувате чистење или одржување или отстранувате што е нечисто/отсечено.
▶ Уредот користете го само за предвидените работинаменети за него.
▶ Не менувајте ниту еден дел од уредот. Постои ризик од повреди.
▶ Не треба да носите отворени чевли кога го користите уредот.
▶ Користете само оригинална Bosch опрема.
Безбедносни напомени за оптимално користење на батериите
▶ Уверете се дека тримерот е ислучен пред да ја ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека уредот работи може да предизвика несреќа.
Употребувајте само Бош батерии наменети за овој уред. Употребата на некои други батерии може да предизвика повреда или пожар.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Постои опасност од експлозија.
Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спајалици, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Заштитете ја батеријата од влага и вода.
▶ Складирајте ја батеријата во граници на температура од –20 °C до 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил на лето.
▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Ознаки
Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.
Ознака Значење

Полначот употребувајте го само внатре, во суви услови.

Правец на движење

Правец на реакција
Вклучување
Ознака Значење
![]() | Исклучување |
![]() | Дозволена функција |
![]() | Забранети акции |
| CLICK | Чујна бучава |
![]() | Закочување |
| [ССС1] | Откочување |
| [7A28] | Тежина |
| [ССИТ6] | Дополнителна опрема/резервни делови |
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Видете ги илустрациите на крајот на упатството.
Употреба со соодветна намена
Уредот е наменет за режење, за приватни потреби, гранки и растенија со пресек до 45 mm (35 mm Тврдо дрво).
Може да се користи само една продолжена шипка.
(1) Сечило
(2) Кука
(3) Резна глава
(4) Прицврстување
(5) Дополнителна рачка
(6) Затворач бленда од 360°
(7) Приказ за наполнетост на батеријата
(8) Продолжеток (1 x)
(9) Капак на сечилото
(10) Копче за отворање на батеријата
(11) Батерија ^a)
(12) Полнач ^a)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
190 | Македонски
Технички податоци
| Ножици за гранки AdvancedPrune 18V-45 | |
| Број на артикл | 3 600 НС5 ... |
| Номинален напон V 18 | |
| Максимален резултат на сечење мм 45 (Меко дрво) | |
| мм 35 (Тврдо дрво) | |
| Должина на производот без продолжетокот м 1,2 | |
| Должина на производот со продолжетокот м 1,8 | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | |
| – Со продолжетокот ^AJB) | кг 2,3 (1,5 Ah) - 2,8 (6,0 Ah) |
| Сериски број Види го серискиот број (сервисна плочка) на уредот | |
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0... +35 |
| препорачаната температура на околината при складирање | °C -20... +50 |
| Дозволена температура во околината додека уредот работи ^C) | °C 0... +40 |
| Тип на батерија PBA 18V...W-. | 1,5 Ah, 2,0 Ah, 2,5 Ah, 3,0 Ah, 4,0 Ah, 5,0 Ah, 6,0 Ah |
A) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури < 0 °C
Информации за бучава/вибрации
3 600 HC5 ...
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-1
А-пондерираното односно измереното А ниво на бучавата изнесува обично:
| - Звучен притисок | dB(A) | 70 |
| - Несигурност К | dB | 3 |
| - Звучна јачина | dB(A) | 78 |
| - Несигурност К | dB | 3 |
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-1
| – Вредност на емисијата на вибрации a_h | m/s^2 | 0,5 |
| – Несигурност K | m/s^2 | 1,5 |
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Монтажа
▶ Kora ja отстранувате цевката/главата за сечење, прифатете го додатокот.
▶ Секогаш ставајте го капакот на сечилото за време на сите монтажни работи.
▶ Пред работа, изведете целосен циклус на сечење за да проверите дали е целосно поврзувањето на спојката.
Монтажа/Демонтажа на сечилото (види слики В - С)
Како што е на сликата В прикажано, турнете ја главата за сечење (3) во уредот и порамнете ги стрелките една со друга.
Цврсто притиснете ја главата за сечење (3) во уредот. Завртете го додатокот (4) цврсто надесн, за да ја прицврстите главата (3) за режење.
Како би ја извадиле (3) главата за режење, одвртете го прицврстувачот (4) и фатете го црвеното прицврстување на завртката (4) и извлечете ја главата (3) нагоре.
Расклопувањето се врши во обратен редослед.
Забелешка: Кога ја отстранувате главата за сечење, држете ја цврсто и повлечете го додатоко (4).
Монтажа/Демонтажа на сечилото (види слики D - E)
▶ Секогаш користете само еден продолжен столб со уредот.
Отстранете ја главата за режење.
Лизгајте го продолжетокот на шипката (8) во уредот.
Цврсто притиснете го продолжетокот (8) во уредот.
Завртете го додатокот (4) цврсто надесно, за да ја фиксирате (8) продолжната шипка.
Лизнете ја главата за реćeње (3) на продолжната шипка (8).
Цврсто притиснете ја главата за сечење (3) во продолжната шипка (8).
Завртете го додатокот (4) цврсто надесно, за да ја можете главата (3) на продложната шипка убаво да ја (8) фиксирате.
Расклопувањето се врши во обратен редослед.
Забелешка: Кога го отстранувате телескопскиот клизач, држете го цврсто и повлечете го додатокот (4).
Не носете го уредот со инсталирана продолжена шипка. (8). Држете го уредот со помош на дополнителната рачка (5) цврсто.
Пуштање во погон
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов дефект или транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Совет: Користењето на несоодветни батерии може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на уредот.
Повторно ставете ја наполнетата (11) батерија.
Проверете дали батеријата е правилно вклопена.
За вадење на батеријата (11) од уредот, притиснете го копчето за вадење на батеријата (10) и извадете ја батеријата.
Индикатор за нивото на наполнетост на батеријата (види слика Н)
Приказот за наполнетост на батеријата (7) при включен електричен апарат го сигнализира расположливиот батериски капацитет одн. преоптоварувањето.
ЛЕД светло Капацитет
| Постојано светло за 5 секунди 3 x зелено | ≥60 % |
| Постојано светло за 5 секунди 2 x зелено | 30 - 60 % |
| Постојано светло за 5 секунди 1 x зелено | 10 - 30 % |
| Бавно трепкање на светлото 1 x зелено | <10 % |
| Трепкаат 3 LED диоди Преоптоварува | ње /прегревање /дефект |
Употреба
Ракување со копчето од 360° (види слика I)
Активирајте го чкрапалото за 360° (6) вртејки го во насока на стрелките на часовникот, а потоа нежно повлечете го чкрапалото за 360° (6) внимателно наназад за да ги активирате сечилата и да направите рез.
Кога копчето за 360° ke ro (6) пуштите, тогаш сечилата (1) се отвораат и се подготовени за следното сечење.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов дефект или транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Не употребувајте го уредот во непријатна и неповолна положба на телото. Ова може да резултира со сериозни повреди ако сте без ракавици или при тоа и со вметната батерија.
Секогаш работете на уредот со двете раце. Никогаш не ги допирајте сечилата без ракавици или со вметната батерија.
Тримерот за жива ограда е наменет за употреба додека корисникот стои на земја, а не на скали или други нестабилни подлоги.
192 | Македонски
Со помош на чкрапалото за 360°. (6) можете да го држите уредот на различни работни позиции.
Со активација на чкрапалото за 360° (6) овозможува целосна ротација на алатот за да се прилагоди главата за сечење на задачата што треба да се изврши.
Користете ја куката (2), за да повлечете веке исечени, заплеткани гранки кон себе.
Ако сечилото се заглави во гранка, нежно замавнете ја алатката напред-назад во насока на кастрењето..
Секогаш носете препорачана лична заштитна опрема кога сечете дрвја.
За да се обезбеди здрав повторен раст, никогаш не сечете премногу блиску до стеблото.
Гранките сечете ги поединечно, како што е прикажано.
Можете да го проредите слабото или ниско растиње.
Одстранете ги сувите, оштетени и болни гранки.
Отстранување грешки

Следната табела содржи општи информации за одстранување грешки. Индикаторот за наполнетост дава дополнителни информации, кои можат да помогнат при идентификација на грешки и проблеми.
Симптоми Можно причина Помош
| LED диодите трепкаат Гранката е премногу тешка за сечење Пробајте да ја сечете гранката на потенко место | ||
Симптоми Можно причина Помош
| Продолжувањето или резната глава не може да се извадат | Конекцијата со внатрешен погон не е отлучена | Проверете дали прицврстувачот е (4)повлечен нагоре за време на вадењето |
| Прекумерна топлина од моторот | Прекумерна употреба Пуштете уредот да се олади | |
| Процепите за вентилација се затнати Отстранете ја нечистотијата | ||
| Потребно е подмачкување Нанесете препорачан спреј за подмачкување | ||
| Прекумерна бучава/вибрации | Батерија дефектна Побарајте помош од сервис | |
| Блендата од 360° не може да се ротира или притисне/влече | Затворач бленда од 360° Побарајте помош од сервис | |
| Уредот работи со прекини | Батеријата не е правилно вметната Отстранете ја батеријата и повторно вметнете ја | |
| Батерија дефектна Побарајте помош од сервис | ||
| Уредот не работи Батеријата е слаба Наполнете ја батеријата | ||
| Батеријата не е правилно вметната Отстранете ја батеријата и повторно вметнете ја | ||
| Батеријата е дефектна Побарајте помош од сервис | ||
Одржување и сервис
Одржување, чистење и чување
Извадете ја батеријата од машината пред да работите на неа (на пример пред редовно одржување, замена на делови и слично), како и пред транспорт и складирање. Постои ризик од повреда ако прекинувачот за вклучување/исклучување се активира ненамерно.
▶ Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа.
Користете влажна крпа за чистење на сечилото после употреба.
За да обезбедите безбедно и ефикасно работење, чувајте ги чисти производот и отворите за вентилација.
Нанесете спреј за подмачкување пред и по употреба. Не вдишувајте аеросоли од спрејот за подмачкување додека прскате. Нанесувајте спреј на добро проветрено место. Никогаш не прскајте го уредот со вода.
Никогаш не потопувајте го уредот во вода.
Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир на деца.
Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот.
Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови. Не го модификувајте уредот.
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
– Заштитете ја батеријата од влага и вода.
– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во уредот.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат за повторна употреба.

Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луфето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 194).
Srpski
Sigurnosne napomene
Objašnjenja simbola

Opšte uputstvo o opasnosti.

Pročitajte uputstvo za rad.

Ne koristiti na kiši.

UPOZORENJE: Pre radova održavanja odvojite akumulator.

UPOZORENJE: Udaljite posmatrače.




