Uv Sanitizer HX6907 - некатегоризирано PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Uv Sanitizer HX6907 PHILIPS во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот некатегоризирано во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Uv Sanitizer HX6907 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Uv Sanitizer HX6907 на марката PHILIPS.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Uv Sanitizer HX6907 PHILIPS
Важни безбедносни информации Користете го производот само за неговата намена. Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите производот и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди.
- Чувајте го стерилизаторот подалеку од вода. Не поставувајте го и не складирајте го уредот каде што може да падне или да биде повлечен во када или лавабо. - Не потопувајте го стерилизаторот во вода или друга течност. - По чистењето, проверете дали стерилизаторот е целосно сув пред да го поврзете со ѕидниот штекер. ПРЕДУПРЕДУВАЊА - Овој уред може да го користат деца и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостиг на искуство и знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор. - Децата не треба да си играат со уредот. - Чувајте го стерилизаторот надвор од дофатот на деца во секое време. - Престанете со користење на стерилизаторот ако УВ-сијалицата останува вклучена кога вратата е отворена. УВ-светлото може да биде штетно за човечките очи и кожа. - Уредот не содржи делови што корисникот може да ги сервисира. Ако уредот се оштети, престанете да го користите и контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава (видете 'Гаранција и поддршка'). Ако кабелот е оштетен, заменете го полначот и/или стерилизаторот со нов. - Не користете го стерилизаторот надвор или во близина на загреани
- Секогаш заменувајте го стерилизаторот со друг од оригинален тип со цел да се избегне опасност. - Не користете други глави на четката освен оние што ги препорачал Philips Sonicare. - Ако имате прашања од медицинска гледна точка, консултирајте се со доктор пред да го користите уредов. - Уредов е уред за лична нега и не е наменет за користење на повеќе пациенти во стоматолошка ординација или институција.135
- Полнете го, користете го и чувајте го производот на температура помеѓу 0°C и 40°C.
- Ракувајте со стерилизаторот само со заштитен екран. - УВ-сијалицата на стерилизаторот е жешка за време и веднаш по циклусот на стерилизација. Не допирајте ја УВ-светилката кога е
- Ако сте го користеле стерилизаторот 3 последователни циклуси на УВ- чистење, исклучете го најмалку 30 минути пред да почнете нов циклус на УВ-чистење. - Немојте да чистите ниту еден дел од производот во машината за миење садови. Електромагнетни полиња (EMF) Овој Philips уред е во согласност со сите важечки стандарди и регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.
Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips! За целосно да ја искористите поддршката која ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome. Општ опис (Сл. 1) 1 Копче за вклучување/исклучување 2 Процеп на вратата 3 Прозорец 4 Полнач за електрична четка за заби Sonicare 5 Кабел Стерилизација на главите на четката Со УВ-стерилизаторот може да ја чистите главата на четката по секоја
Забелешка: УВ-светлото може да биде штетно за човечките очи и кожа.
По четкањето, исплакнете ја главата на четката и истресете го вишокот вода (Сл. 3). Предупредување: Не ставајте го капачето за патување врз главата на четката за време на стерилизацијата.
Ставете го прстот во процепот на вратничката на горниот дел од стерилизаторот и отворете ја вратничката со влечење (Сл. 4).136
Поставете ја главата на четката на еден од 2 клинови на стерилизаторот со влакната свртени кон светилката (Сл. 5). Забелешка: Во стерилизаторот, чистете ги само главите на четка на Philips Sonicare што се прикачуваат. УВ-стерилизаторот е направен да одговара на сите глави за четки Sonicare.
Проверете дали стерилизаторот е приклучен во штекер со соодветна
Затворете ја вратата и притиснете го еднаш зеленото копче за вклучување/исклучување за да го изберете циклусот на УВ-чистење (Сл. 6). - Стерилизаторот работи кога светлото свети низ прозорецот. Забелешка: стерилизаторот може да го вклучите само ако вратата е затворена правилно. Забелешка: стерилизаторот ќе престане да работи ако ја отворите вратата за време на циклусот на стерилизација. Забелешка: циклусот на стерилизација работи 10 минути, а потоа се исклучува автоматски. Полнење на електричната четка за заби Sonicare Забелешка: Вашиот полнач е компатибилен само со четките за заби Philips Sonicare кај кои влезот за полнење е најдолу (Сл. 7).
Поставете ја рачката на полначот.
За приказот и статусот на полнењето погледнете во упатството за четката за заби. Забелешка: Погледнете ги упатствата за полнење на електричната четка за заби Sonicare и времето на полнење во упатството за четката за заби. Чистење на стерилизаторот Предупредување: не потопувајте го стерилизаторот во вода и не плакнете го под чешма. Предупредување: не чистете го стерилизаторот кога УВ- сијалицата е жешка. За оптимална ефикасност, се препорачува да го чистите стерилизаторот еднаш неделно.
Откачете го приклучокот на стерилизаторот.137
Извлечете го послужавникот за капење право нанадвор (Сл. 8). Исплакнете го послужавникот за капење и избришете го со влажна
Исчистете ги сите надворешни површини со влажна крпа.
Отстранете го заштитникот пред УВ-светилката. За да го отстраните заштитникот, фатете ги рабовите веднаш до прицврстувачите, нежно притиснете ги и извлечете го заштитникот (Сл. 9).
Отстранете ја УВ-сијалицата. За да ја отстраните сијалицата, фатете ја и извлечете ја од металната
Исчистете ја заштитната мрежа и УВ-сијалицата со влажна крпа.
Повторно вметнете ја УВ-сијалицата. За повторно да ја вметнете светилката, порамнете го нејзиниот долен дел со металниот прицврстувач и турнете ја светилката во прицврстувачот.
Повторно вметнете ја заштитната мрежа. За повторно да го вметнете заштитникот, порамнете ги клиновите на заштитникот со отворите на рефлектирачката површина во близина на УВ-светилката. Турнете ја мрежата директно во отворите на стерилизаторот.
Вратете го послужавникот за капење во УВ-стерилизаторот.
По чистењето, проверете дали стерилизаторот е целосно сув пред да го поврзете со напојувањето.
Ако не планирате да го користите производот подолго време, исклучете го од електричниот штекер, исчистете го и складирајте го на ладно и суво место подалеку од сончева светлина.
УВ-светилки за замена се достапни преку сервисниот центар за корисници на Philips Sonicare. Посетете ја локацијата:www.philips.com/support за да контактирате со вашиот локален центар за грижа на корисници на Philips.138
Гаранција и поддршка За информации за производот, поддршка и упатства за корисникот онлајн, посетете ја: www.philips.com/support или прочитајте ја брошурата за меѓународна гаранција. Условите од меѓународната гаранција не го покриваат следново: - Оштетување предизвикано од користење неовластени резервни
- Оштетување предизвикано од погрешно користење, запоставување, промени или неовластени поправки. - Нормално трошење и абење, вклучувајќи скршени делчиња, гребаници, абразии, промена на бојата или избледување. - УВ-светилка. Рециклирање - УВ-светилката на стерилизаторот содржи жива. Не фрлајте ја УВ- светилката заедно со обичниот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Однесете ја на официјално место за отпад за рециклирање. - Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични и електронски производи. Правилното отстранување помага да се спречат негативни последици за животната средина и здравјето на човекот.Русский
Notice-Facile