STIGA SP 426 - Пила

SP 426 - Пила STIGA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SP 426 STIGA во PDF формат.

📄 630 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice STIGA SP 426 - page 367
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за SP 426 STIGA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SP 426 - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SP 426 на марката STIGA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SP 426 STIGA

3.1.1 Предвидена употреба

Повредените или нечетливите

Резервоар за горивна смес

3.1 Опис на машината и предвидена употреба 5
3.2 Ознаки за безбедност 5
3.3 Етикета за идентификација на производот 6
3.4 Главни делови....6

  1. МОНТИРАЊЕ 7

4.1 Делови за монтирање....7
4.2 Монтирање на лостот за наведување и на синцирот со запци....7

  1. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА......8

5.1 Прекинувач за палење/гасење на моторот 8
5.2 Команда при ризици (стартер) 8
5.3 Копче за командата на уредот за поттикнување (пример) 8
5.4 Команда за вентилот за декомпресија (само за моделот SP 526) ....8
5.5 Команда на рачката за забрзувачот...... 8
5.6 Рачка за блокирање на забрзувачот ...... 8
5.7 Рачка за рачно палење 8
5.8 Сопирачка за синцирот.... 8

  1. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА 9

6.1 Воведни операции....9
6.2 Безбедносни контроли 10
6.3 Палење.... 11
6.4 Работа 12
6.5 Совети за работа....14
6.6 Застанување.... 14
6.7 По работата.... 15

  1. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ.....15

7.1 Општо.... 15
7.2 Подготовка на мешавината 15
7.3 Полненье гориво 16
7.4 Полнење на резервоарот со масло за синцирот .... 16
7.5 Чистење на машината и на моторот ..... 17
7.6 Чистење на синцирот.... 17
7.7 Клин за блокирање на синцирот...... 17
7.8 Навртки и шрафови за фиксирање...... 17

  1. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАНЬЕ 17

8.1 Отвори за подмачкување на машината и на лостот 17
8.2 Чистење на филтерот за воздух.... 17
8.3 Лежиште со фрикција 18
8.4 Клин за пренос на синцирот.... 18
8.5 Контрола на свекичката 18
8.6 Јаже за палење ...... 18
8.7 Одржување на синцирот со запци ...... 18
8.8 Одржување на лостот за наведување ..... 19
8.9 Регулација на минимум 19
8.10 Регулација на карбураторот 19

  1. ОДЛОЖУВАНЬЕ 19

  2. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ ...... 20

  3. ПОМОШ И ПОПРАВКА 20
  4. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА 20
  5. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАНЬЕ 21
  6. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАНЬЕ НА СИНЦИРОТ ..... 22
  7. НЕСООДВЕТНА РАБОТА....22
  8. ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА 23

1. ОПШТО

Во ова упатство одредени поглавја содржат информации со одредена важност во однос на безбедноста и на функционалноста и се евидентирани на различни начини согласно овој критериум:

ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО даваат

прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета.

Символот посочува на опасност. Непочитувањето на мерките за претпазливост доведува до можност за лични или повреди и оштетувања на трети лица.

Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел.

Сите индикации "напред", "назад", "десно" и "лево" се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.

1.2 НАСОКИ

1.2.1 Слика

Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и така натаму. Компонентите посочени на сделките се означени со буквите А, В, С и така натаму. Насоката за компонентата С на сделката 2 се означува со изразот: "Видете на сл. 2. С", или поедноставно "(слика 2.С)". Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сделката.

1.2.2 Наслови

Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус "2.1 Обука" е заменето со "2. Безбедносни мерки". Насоките за насловите или пасусите се означени со

кратенки погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: "погл. 2" или "пас. 2.1".

2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

2.1 ОБУКА

Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да ја запирате машината Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди.

  • Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, или други лица што не се запознаени со основните упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
  • Никогаш не користете ја машината доколку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или внимание,
  • Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спаға и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
  • Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се содржани во ова упатство.
  • Употребата на машината за сечење и кастрење бара специфична обука.
  • Носете соодветна заштитна облека посочена како облека за заштита при косење, ракавици против вибрации, шлем, заштитни очила, заштита од прав, акустична заштита и чевли со заштита од сечење и лизгање.
  • Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, облека со лелеави делови

или со врвки и врски и слични додатоци што висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или за предмети и материјали кои се производ на работата.

- Соодветно приберете ја косата доколку е долга.

Мотор со согорување: гориво

ОПАСНОСТ! Бензинот и мешавината се лесно запаливи!

  • Конзервирајте ги бензинот и мешавината во соодветни контејнери за таа намена, на безбедно место, подалеку од извор на топлина или отворен орган.
  • Чувајте ги контејнерите и просторот за чување гориво без остатоци од лисја или трева.
  • Не оставајте го контејнерот на дофат на деца.
  • Не пушете додека ја подготвувате мешавината, додека полните или дополнувате гориво и секојпат кога работите со горивото.
  • Дополнувајте гориво со инка и на отворено.
  • Избегнувајте да ги вдишувате испарувањата од горивото.
  • Никогаш не отворајте го капачето на резервоарот или не дополнувајте гориво додека моторот работи или е уште загреан.
  • Полека отворете го капачето на резервоарот оставајки внатрешниот притисок постепено да испари.
  • Не приближувајте извори на отворен орган до резервоарот за да ја проверите содржината.
  • Ако се истури del carburante, немојте да го палите моторот, туку прво отстранете ја машината од местото на истурање и избегнувајте палење на орган додека не не испари целото истурено гориво.
  • Веднаш исчистете го секој остаток од истуреното гориво од машината или од местото на истурање.
  • Секогаш докрај затворајте го капачето на резервоарот и на садовите со со гориво.
  • Не палете ја повторно машината на место каде се долевало гориво; включувањето на моторот треба да се одвива на најмалку 3 метри оддалеченост од местото каде се извршило полнењето на горивото.
  • Избегнувајте контакт на горивото со делови од облеката и, доколку тоа се случа, пресоблечете се пред да го запалите моторот.
  • Не палете го моторот во затворен простор каде може да се соберат опасни јаглерод моноксидни гасови. Операциите за палење треба да се изведат на отворено или во простор којшто добро се проветрува. Запомнете дека издувните гасови се отровни.
  • Кога ја палите машината, не насочувајте го придушувачот, а со тоа и издувните гасови кон запаливи материи.
  • Не користете ја машината во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните контакти или механичките делови може да генерираат искри кои може да ги запалат правот или испарувањата.
  • Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление и при услови на добра видливост.
  • Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за работа. Неопходно е децата да бидат под надзор на друго возрасно лице.
  • Проверете дали други лица се наогаат најмалку на 15 метри оддалеченост од опсегот на работа на машината;
  • Избегнувајте кога е можно да работите на мокар и лизгав терен или на терени кои се многу нерамни или закосени и не гарантираат стабилност на корисникот при работата;
  • Обрнете особено внимание на нерамнините на теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени опасности и на присуството на дадени опасности коишто може да ја попречат видливоста.
  • Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки или препреки.
  • Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи во близина на пат.
  • За да се избегне ризикот од инциденти, не оставајте ја машината со топол мотор во лисја и сечена трева, или меѓу други запаливи материјали.

Однесување

  • Во текот на работата, машината секогаш мора да се држи цврсто со двете раце (со тоа што левата рака е поставена на предниот ракофат, а десната на задниот независно дали операторот е левучар или десничар) и подалеку од телото..
  • Заземете цврста позиција и одржувајте внимателен пристап.

  • Избегнувајте користење на скалила или нестабилни платформи.

  • Избегнувајте да работите сами или целосно изолирани за да може да побарате помош во случај на инцидент.
  • Никогаш не трчајте, туку одете.
  • Обрнете внимание да не удирате силно во страни тела/пречки со лостот заради можна проекција на струготини предизвикани од оштетување на синцирот. Ако лостот удри во пречка, може да предизвика контраудар. Повратен удар се добива кога крајните точки на синцирот се судруваат со предмет или кога дрвото го притиска или блокира синцирот при сечење. Овој контакт на крајните делови на синцирот може да предизвика многу брзо отскокнување во разни правци, буткајки го водечкиот лост нагоре и кон корисникот, а тоа се случаува кога синцирот се блокира долж предниот дел на лостот. Во обата случаја, противударот може да предизвика губење контрола врз моторната пила со можни тешки последици. За да избегнете противудар, преземете ги следните одредени мерки на претпазливост:

– Држете ја пилата цврсто, со палците и прстите околу рачките на пилата со синцир и ставајки ги телото и рацете во позиција која ви дозволува да ги издржите ударите на противударот.
– Не држете ги рацете многу далеко и не сечете над висината на рамениците.
– Користете ги водилките на лостот и синцирот само за работи што ги посочил производителот.
– Придржувајте се до упатствата на производителот во однос на острењето и одржувањето на пилата со синцирот.

- Избегнувајте изложување на прашина и на пилевина што ги произведува синцирот при сечењето.

- Не допирајте ги деловите на моторот што се загреваат во текот на работата. Ризик од опекотини.

• Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исключете го моторот и оддалечете ја машината внимавајки да не предизвикате други оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето

што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.

• Продолжена изложеност на вибрации може да предизвика повреди и невроваскуларни пореметувања (познати и како "Рејнодов синдром" или "бела рака") особено кај onие што се изложени на циркуларни влијанија. Симптомите може да се покажат на рацете, на рачните зглобови или на прстите и се манифестираат со губење на осет, вкочанетост, чешање, болка, обезбојување и структурални промени на кожата. Овие ефекти може да се зголемат со ниски надворешни температури и / или од прекумерен притисок врз рачките. При појава на овие симптоми, треба да го намалите времето на користење на машината и да се советувате со лекар.

Ограничување при употреба

  • Машината не треба да ја користат лица што не се во состојба да ја држат цврсто со обете раце и/или да одржуваат стабилна рамнотежа на нозете во текот на работата.
  • Никогаш не користете ја машината со оштетена заштита, ако недостасува или ако не правилно поставена.
  • Не користете ја машината ако дополнителната/помошната опрема не се поставени на дадените точки.
  • Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете ги манометарот и безбедносните системи/микропрекинувачи.
  • Не менувајте ги регулациите на моторот и не доведувајте го моторот во голем режим на работа. Ако моторот почне да работи со прекумерен број на вртежи, ризикот од лични повреди се зголемува.
  • Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не користете мала машина за изведување тешки работи; адекватно користење на машината го намалува ризикот и го подобрува квалитетот на работата.

2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ

Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.

Одржување

- За да го намалите ризикот од пожар, редовно проверувајте дали има пролеано масло и/или гориво.

- Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се максимальни вредности при употреба на машината. Употребата на елемент за косење којшто не е стабилен, движењето со преголема брзина, неодржувањето на машината, значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава или значителни вибрации. Редовно одржувајте ја машината, носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.

Одлагање

  • Никогаш не чувајте ја машината со гориво во резервоарот во просторија каде испарувањата од горивото може да допрат до отворен пламен, искра или до извор на топлина.
  • За намалување на ризикот од орган, не оставајте полни контејнери во затворен простор.

2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на граганските погодности и на просторот во кој живееме.

  • Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите лугето).
  • Во текот на работата доаға до одредено распрскување на маслото во средината, кое пак е неопходно за подмачкување на синцирот. Заради тоа, користете само биоразградливи масла, специфични за вакво користење. Употребата на минерално масло или моторно масло предизвикува тешки штети на околината.
  • Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, маслата, горивото, акумулаторот, филтрите, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смее да се фрлаат во эубре туку треба да се селектираат и однесат во соодветни собирни центри кои рециклираат материјали.
  • Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето.

- При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.

3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА

3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА

Оваа машина е шумски уред или поточно моторна пила со синцир што се напојува со батерија и е наменета за работа во шума.

Машината се состоит од двотактен мотор со внатрешно согорување, се напојува со мешавина од масло и бензин којашто се лади со воздух и лост за наведување којшто служи да го пренесува движењето на моторот врз синцирот со запци за правилно и точно сечење. Движењето на моторот со синцир се пренесува преку фрикција на центрифугална маса и предизвикува движење на синцирот кога моторот е на минимум.

Операторот ја држи машината со двете раце за предната и задната рачка и ги активира главните команди одржувајки секогаш безбедно растојание од уредот со сечивото.

3.1.1 Предвидена употреба

Оваа машина е проектирана и конструирана за:

– соборување, сечење и кастрење на дрвја со димензии што се дадени по должината на лостот за наведување или дрвени предмети со аналогни характеристики.

– Само еден оператор може да ја користи.

3.1.2 Несоодветна употреба

Која и да е друга употреба, поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):

– регулација на жива ограда,

– обликување,

– сечкање гранки, сандаци и дрвени амбалажи од секаков вид,

– сечење мебел или што било друго што содржи клинци, шрафови и секој друг вид на метални компоненти,

– месарски работи,

– употреба на машината за сечење материјали коишто не се од дрво (пластика, градежен материјал),

– употреба на машината како рачка за подигнување, спуштање или кршење предмети,

– употреба на машината кога е блокирана врз фиксна потпора.

– употреба на уреди со сечива што не се наведени во табелата "Технички податоци". Опасност од сериозни повреди и оштетувања.

– употреба на машината од страна на повеće луге.

ВАЖНО Несоодветната употреба

на машината доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, префрлувајки ги на корисникот произлезените обврски предизвикани од повреди или оштетувањата лично или на трети лица.

Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за "домашна употреба".

3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

На машината има символи (сл.). 2). Нивната задача е да го потсетуваат операторот на постапките што треба да ги следи внимателно и со задолжителни мерки за претпазливост.

Оваа машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно.

STIGA SP 426 - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 1

ВНИМАНИЕ! Пред да ја користите оваа машина, прочитајте го упатството за употреба.

STIGA SP 426 - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 2

Корисникот кој е одговорен за оваа машина, при секојдневно и континуирано користење во нормални услови, може да биде изложен на бука еднаква или поголема од 85 dB (A). Користете акустичка заштита и заштита за очите и ставајте шлем за заштита.

STIGA SP 426 - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 3

Носете ракавици и заштитни чевли!

STIGA SP 426 - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 4

STIGA SP 426 - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 5

Контраударот предизвикува ненадејно движење без контрола врз моторната пила кон операторот. Секогаш работете безбедно. Користете синцир со безбедносни запци што го попречуваат контраударот.

STIGA SP 426 - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 6

Не користете никогаш ја машината со една рака! Држете ја цврсто машината со двете раце за да имате контрола врз неа и да го намалите ризикот од контраудар.

ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети од соодветен центар или од овластениот сервисер.

3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ

Етикетата за идентификација на производот ги содржи следните податоци (сл. 1):

  1. Ниво на акустична моїност
  2. Ознака за усогласеност
  3. Година на производство
  4. Тип на машина
  5. Сериски број
  6. Име и адреса на производителот
  7. Код на производ
  8. Број на емисии

Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.

ВАЖНО Користете ги дадените податоци за идентификација секојпат кога контактирате со овластен центар.

ВАЖНО Примерот за изјавата за усогласеност се наога на последната страница во упатството.

3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ

Машината се состоит од следните главни делови (сл. 1):

A. Мотор: обезбедува движење на уредот со сечивото.
В. Предна рачка: рачка за потпора поставена во предниот дел на моторната пила. Се држи со левата рака.
С. Задна рачка: рачка за потпора поставена во задниот дел на моторната пила. Се држи со десната рака. Тука се поставени главните команди за забрзување.
D. Предна заштита за раката: уред за заштита поставен меѓу предната рачка и синцирот со запци за да ја заштити раката од повреди во случај да се лизне од рачката. Оваа заштита се користи и како уред за активирање на сопирачката за синцирот (пасус 5.7).
E. Задна заштита за раката: уред за заштита на местото поставена на задниот дел од рачката оддесно за да ја заштитува раката од пилата со синцир во случај на дефект или излегување на лостот за наведување.
F. Лост за наведување: на него се наога и го управува синцирот со запци.
G. Синцир со запци: елемент предвиден за сечење којшто се состоит од преносник со мали сечива наречени "запци" и странични поврзувања со чивии.
Н. Клин за сопирање на синцирот: безбедносен уред којшто спречува неконтролирани движења на синцирот со апци во случај на дефект или разлабавување.
I. Харпун: уред поставен напред, на местото за монтирање на лостот за наведување којшто служи како потпора кога е закачен за дрво или трупец.
J. Заштита за харпунот: уред за покривање на харпунот којшто помага при преместување, транспорт или одложување на машината. Оваа заштита се вади во текот на работата.

К. Заштита за лостот: уред за покривање на пилата со синцир којшто се става врз лостот за наведување којшто се користи при носење, транспорт и преместување на машината.

4. МОНТИРАЊЕ

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината не се монтирани во фабриката, туку треба да се монтираат по вадење на амбалажата следејки ги следните упатства.

⚠️ Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејни секогаш соодветни алати. Не користете ја машината пред да завршите со сите постапки наведени во поглавјето "МОНТИРАЊЕ".

4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ

Во амбалажата има и делови за монтирање наведени на следната табела:

Опис
Лост за наведување со заштита
Синцир со запци
Клуч (се наога под задниот дел на машината) (сл. 1.M)
Турпија за острење на синцирот
Документација

4.1.1 Распакување

  1. Отворете го пакувањето внимателно за да не ги расфрлите деловите.
  2. Прочитајте ја документацијата во кутијата каде се наведени овие упатства.
  3. Извадете ги од кутијата сите делови што не се монтирани.
  4. Извадете ја машината од кутијата.
  5. Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно локалните одредби.

4.2 МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ ЗА НАВЕДУВАЊЕ И НА СИНЦИРОТ СО ЗАПЦИ

⚠️ Секогаш носете масивни ракавици за работа кога ракувате со лостот и со синцирот. Обрнете максимально внимание при составување на лостот и синцирот за да не се нарушат безбедноста и ефикасноста на машината; во случај на несигурност, контактирајте со дистрибутерот.

⚠️ Спроведете ги сите операции со изгасен мотор.

⚠️ Пред да го поставите лостот, уверете се дека сопирачката за синцирот не е вметната (пасус 5.7).

  1. Одвртете ги навртките (сл. 3.A) и извадете го картерот на фрикцијата (сл. 3.B), за да дојдете до клинот за преносот и до лежиштето за лостот.
  2. Извадете го пластичниот разделник (сл. 3.С). Овој разделник служи единствено за транспорт на спакувана машина и не треба повеće да се користи.
  3. Поставете го лостот (сл. 4.A) ставајки ги клиновите (сл. 5.B) на нивното место (сл. 4.C) и свртете кон задниот дел на машината.
  4. Поставете го синцирот (сл. 5.A) околу запците за влечење (сл. 5.B) и долж водилките на лостот (сл. 5.C), внимавајки да го почитувате правецот на монтирање (сл. 5.D).

STIGA SP 426 - МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ ЗА НАВЕДУВАЊЕ И НА СИНЦИРОТ СО ЗАПЦИ - 1

Правец на монтирање на синцирот

Ако крајот на лостот е опремен со запци за одложување, внимавајте почетокот на влечењето за синζирот да се вметне правилно во празнините на запците (сл. 6).

  1. Проверете дали клинот за држење на клинот (сл. 7.A) е правилно ставен на свое место во отворот на лостот. Ако не е така, тогаш вртете го шрафот за задршка на синцирот со шрафцигер (сл. 7.B) додека клинот не се постави докрај.

  2. Поставете го повторно преносникот без да ги затегнете на навртките докрај.

  3. Или вртете го шрафот за задршка на синцирот (сл. 8.А) додека не постигнете правилна затегнатост на синцирот.

  4. Држејки го лостот подигнат, зашрафете ги шрафовите на картерот докрај со помош на приложениот клуч (сл. 9).

Проверете ја затегнатоста на синцирот. Затегнатоста е правилна кога, држејки го синцирот на средината на лостот, носачите на преносот не излегуваат од лежиштето (сл. 10).

5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА

Овозможува застанување и палење на моторот (сл. 11.С).

STIGA SP 426 - КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА - 1

моторот може да се запали и да работи.

STIGA SP 426 - КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА - 2

Моторот застанува.

Откако ће ја притиснете командата за застанување, прекинувачот автоматски се враćа во позицијата за палење, "I".

Се користи кога се пали студен мотор. Командата за стартерот има две позиции:

STIGA SP 426 - КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА - 3

Позиција А (сл. 11 А) - стартерот е исключен (нормална работа и палење со загреан мотор).

STIGA SP 426 - КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА - 4

Позиција В (сл. 11.В) - стартерот е активиран (за палење на моторот на ладно).

5.3 КОПЧЕ ЗА КОМАНДАТА НА УРЕДОТ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ (ПРИМЕР)

STIGA SP 426 - КОПЧЕ ЗА КОМАНДАТА НА УРЕДОТ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ (ПРИМЕР) - 1

Со притискање на гуменото копче за уредот за поттикнување, се иницира гориво во колекторот за повлекување на горивото со што се олеснува палењето на моторот (сл. 12.A).

5.4 КОМАНДА ЗА ВЕНТИЛОТ ЗА ДЕКОМПРЕСИЈА (САМО ЗА МОДЕЛОТ SP 526)

Ако го притиснете вентилот (сл. 13.E) компресијата во цилиндарот се намалува и палењето на машината се одвива полесно.

5.5 КОМАНДА НА РАЧКАТА ЗА ЗАБРЗУВАЧОТ

Овозможува регулација на брзината на синцирот.

Рачката со командата за забрзување може да се активира (сл. 12.В) само со истовремено притискање на рачката за управување со блокадата на забрзувачот (сл. 12.С).

Правилната брзина на работа се постигнува кога рачката со командата за забрзувачот (сл. 12.В) е притисната докрај..

5.6 РАЧКА ЗА БЛОКИРАЊЕ НА ЗАБРЗУВАЧОТ

Рачката за блокирање на забрзувачот (сл. 12.С) овозможува активирање на командата за забрзување (сл. 12.В).

Овозможува рачно палење на моторот (сл. 11.D).

5.8 СОПИРАЧКА ЗА СИНЦИРОТ

Систем за безбедно сопирање којшто го блокира движењето на синцирот во случај на повратен удар (контраудар) во текот на работата. Во случај на повратен удар за време на работата, како резултат на ненормален контакт на врвот на лостот и со насилно движење нагоре на лостот што ја носи раката да се удри во предната заштита (сл. 1.D). Треба рачно да ја деблокирате за да ја исключите сопирачката за синцирот.

STIGA SP 426 - СОПИРАЧКА ЗА СИНЦИРОТ - 1

Исклучена сопирачка за синцирот. Ова се постигнува кога задната заштита за раката (сл. 1.D) е целосно повлечена назад предната рачка додека не се заглави.

STIGA SP 426 - СОПИРАЧКА ЗА СИНЦИРОТ - 2

Активирана сопирачка за синцирот. Ова се постигнува кога предната заштита за раката (сл. 1.D) е целосно турната напред.

Не користете ја машината ако сопирачката за синцирот не работи правилно и контактирајте со застапникот за неопходна проверка.

6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

Пред да започнете со работа, неопходно е да спроведете серија контроли и операции за да обезбедите дека работата ње се одвива на ефикасен начин и со максимальна безбедност.

ВАЖНО Машината се доставува со празен резервоар за мешавина и без масло за подмачкување на синцирот.

Пред да ја користите машината, наполнете гориво. За начините за подготвување на мешавината и за безбедните начини за дополнување на гориво (видете пасус. 7.3.

6.1.2 Дополнување масло и подмачкување на синцирот

Пред да ја користите машината, дополнете масло за подмачкување на синцирот. За начинот и постапката при дополнување масло, видете пасус 7.4.

6.1.3 Контрола на затегнатоста на синцирот

⚠️ Спроведете ги сите операции со изгасен мотор.

⚠️ Носете секогаш заштитни ракавици за работа.

Проверете ја затегнатоста на синцирот. Затегнатоста е правилна кога, држејки го синцирот на средината на лостот, носачите на преносот не излегуваат од лежиштето (сл. 10).

За регулација на затегнатоста на синцирот:

  1. разлабавете ги шрафовите на картерот со помош на приложениот клуч,
  2. вртете го шрафот за задршка на синцирот (сл. 8.А) додека не постигнете правилна затегнатост на синцирот
  3. држејки го лостот подигнат, зашрафете ги шрафовите на картерот докрај со помош на приложениот клуч (сл. 9).

⚠️ Не работете со олабавен синцир за да не предизвикате опасни Costoјби во случаи нога синцирот може да излезе од запците.

ВАЖНО Во текот на првата употреба, неопходна е честа проверка заради проверка на лежиштето на синцирот.

6.1.4 Подготовка на машината за работа

- Уред против смрзнување

Ако ја користите моторната пила на температури пониски од + 5°C, треба да го поставите уредот против смрзнување пред да ја запалите машината за да избегнете формирање на мраз во карбураторот што потоа ће ја намали моćноста на моторот, а со тоа ће дојде и до неправилна работа на машината.

Машината се доставува со отвор за вентилација поставен на капакот за цилиндарот за да овозможува проток на топол воздух во моторот.

Во нормални услови, (температури повисоки од +5° C), треба да ја користите машината на нормален начин, т.е. како што е регулирана во моментот на производството.

За да преминете од нормалниот режим во режимот против замрзнување ( и обратно):

  1. застанете ја машината (пасус 6.6):
  2. извадете ги капакот на филтерот за воздух и филтерот за воздух (пасус 8.2);

3.a кај моделите SP 386, SP 426:

– отшрафете го капачето против смрзнување од своето место оддесно на капакот за цилиндарот (сл. 14.A); – свртете го капачето против смрзнување така што симболот за снег će се наога одоздола така што отворот за вентилација će биде отворен (сл. 14.B);

3.b кај моделите SP 466, SP 526:

– извадете ги шрафовите што го фиксираат капакот на цилиндарот (сл. 15.A) (2 шрафа однатре и еден однадвор на капакот) и извадете го капакот на цилиндарот (сл. 15.B); – отшрафете го капачето против смрзнување од своето место (сл. 16.A), поставено централно и одзади на капакот за цилиндарот (сл. 16.B); – свртете го капачето против смрзнување така што симболот за снег ће се наога одоздола (сл. 17.A) така што отворот за вентилација ће биде отворен (сл. 17.B); – поставете го капакот на цилиндарот.

5. Поставете го филтерот за воздух и соодветниот капак (пасус 8.2).

ЗАБЕЛЕШКА Ако ја користите машината во режим против смрзнување на температури повисоки од а +5° C, може да наидете на потешкотии при палење на моторот и работата на моторот со неправилна брзина. Затоа, секогаш проверувајте дали сте ја поставиле машината во режим за нормална работа (капачето против смрзнување свртено накај симболот за сонце и затворен отвор за вентилација) ако веке нема опасност за формирање мраз.

6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ

Спроведете ги следните безбедносни контроли и проверете дали результатите соодветствуваат со даденото во табелата.

⚠️ Секогаш извршувајте ги безбедносните контроли пред работа.

⚠️ Секогаш извршувајте дневна проверка на машината пред работата, по едно соборено дрво и по други потреби за да ги утврдите значителните штети или дефекти.

Предмет Резултат
Рачки и заштити (сл. 1.В - 1.Е)Исчистени ,суви и без траги на масло и маст, фиксирани правилно и цврсто на машината.
Шрафови на машината и лостотдобро зашрафени (не разлабавени)
Лост за наведување (сл. 1.Ф)Правилно поставено.
Синцир (сл. 1.Г) Наострен, неоштетен или изабен, поставен со правилна затегнатост.
Филер за воздух (сл. 38.В)Чист
Електрични кабли и кабел за свекичкатаКомплетни за да се избегне искрење.
Капаче на свекичката (сл. 31.А)Цело и правилно поставено на свекичката
Дејство Резултат
Запалете ја машината (пасус 6.3)Синцирот (сл. 1.G)не треба да седвижи кога моторотработи во режимна минимум.⚠️ Не користетеја машината когамашината е ворежим на минимум.Во тој случај, требада се обратите кај застапникот.
Активирајте ги истовремено рачката за команда назабрзувачот (сл. 12.B) и рачката за блокирање на забрзувачот (сл. 12.C).Рачките треба да седвижат слободно и без примена на сила.Синцирот се движи.
Пуштете ги рачката за команда на забрзувачот (сл. 12.В) и рачката за блокирање на забрзувачот (сл. 12.С)Рачките треба автоматски и бргу да се вратат во неутрална позиција, моторот треба бргу да се врати во работа со минимален режим и синцирот треба да застане.
Активирајте ја рачката за командата на забрзувачот (брз да ја притиснете рачката за блокирање) (Fig. 12.В)Рачката за командата на забрзувачот останува блокирана.
Активирајте го прекинувачот за палење/гаснење на моторот (сл. 11.С)Прекинувачот треба да остане во другата позиција и ако го пуштите, треба автоматски да се врати во позицијата за палење.
ПРОВЕРКА НА СОПИРАЧКАТА ЗА СИНЦИРОТ1. Запалете ја машината (пасус 6.3 ):2. Фатете ги цврсто рачките со двете раце.3. Стиснете ја командата за да го одржувате синцирот во движење, турнете ја напред предната заштита за раката со горната страна од дланката на десната рака (пасус 5.7 ).3. Синцирот треба да застане веднаш.Кога синцирот е застанат, пуштете ја веднаш рачката за командата на забрзувачот и откачете ја сопирачката за синцирот (пасус 5.7).

⚠️ Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено во табелата, не смеете да ја користите машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.

6.3 ПАЛЕЊЕ

ВАЖНО На машината има етикета (сл. 2) каде се дадени основните чекори на палењето. Етикетата има функција да ве насочува набрзина и не ја заменува постапката што е тука објаснета.

Пред палење на машината:

  1. Поставете ја машината во стабилна позиција на теренот.
  2. Извадете ги заштитата на лостот (сл. 1.К) и заштитата за харпунот (сл. 1.J) (ако е ставена).
  3. Проверете дали лостот и синцирот го допираат теренот или други предмети.
  4. Проверете дали сопирачката за синцирот е вметната (пасус 5.7).

ВАЖНО За да избегне кинење, не влечете го јажето за палење по целата должна, не виткајте го по работ на отворите на водилката и постепено ослободувајте го ракофатот со тоа што ће избегнувате враćање на неконтролиран начин.

ВАЖНО Не мотајте го јажето за палење околу раката.

⚠️ Никогаш не палете ја моторната пила ако ви паднала, држејки ја за јажето за палење. Тоа е многу опасно бидејки може да ја загубите комплетната контрола врз машината и синцирот.

ЗАБЕЛЕШКА Прекинувачот секогаш се наоға во позиција за палење (пасус 5.1).

6.3.1 Палење на ладно

⚠️ За палење на "ладно" треба да се изведе палење најмалку по 5 минути од смирување на моторот или по полнење гориво.

  1. Включете го стартерот, носејки ја рачката во позиција «В» (сл. 11.В).
  2. Притиснете го копчето за командата на уредот за поттикнување (сл. 12.A) 6 пати за да го поттикнете горивото.

  3. Само за моделот SP 526: Притиснете го вентилот за декомпресија (сл. 13.E).

ЗАБЕЛЕШКА Веднаш по палењето на моторот, вентилот автоматски се враćа во првичната позиција.

  1. Цврсто држете ја машината на теренот со една рака на предната рачка и со стапалото ставено во задната рачка за да не изгубите контрола во текот на палењето (сл. 18).

⚠️ Ако машината не се држи цврсто, искра од моторот може да предизвика загуба на рамнотежата кај операторот или да го насочи лостот кон пречка или кон самоот оператор.

  1. Полека влечете го ракофатот за палење 10–15 см. сè додека не почувствувате извесен отпор и тогаш решително повлечете 4 пати сè додека не се слушнат првите звуци. Во оваа фаза моторот не се пали.

ВАЖНО Не влечете го ракофатот за палење повеće од 4 пати.

  1. Исключете го стартерот (сл. 11.A), ставајки ја рачката во позиција «А».
  2. Одново повлечете го ракофатот за палење сё додека не постигнете правилно палење на моторот.
  3. Кога моторот ће се запали, притиснете ги истовремено и решително рачката за командата за забрзување (сл. 12.В) и рачката за блокирање (сл. 12.С) на забрзувањето за да го исключите уредот за првично забрзување. Оставете го моторот да работи 10-15 секунди.
  4. Извадете ја сопирачката за синцирот (пасус 5.7).

ВАЖНО Избегнувајте да го оставате моторот да врти со голем број вртежи со поставена сопирачка за синцирот. Ова може да доведе до прегревање или оштетување на фрикцијата.

  1. Оставете моторот да работи на минимум најмалку 1 минута пред да ја користите машината.

ВАЖНО Доколку ракофатот на јажето за палење се скине при влечење со притиснат стартер, моторот може да се задуши и да се предизвикаат потешкотии при палење. Во случај на задушување на моторот (видете пасус 15.5).

6.3.2 Палење на топло

  1. Притиснете го копчето за командата на уредот за поттикнување (сл. 12.A) 6 пати за да го поттикнете горивото.

  2. Само за моделот SP 526:

Притиснете го вентилот за декомпресија (сл. 13.E).

ЗАБЕЛЕШКА Веднаш по палењето

на моторот, вентилот автоматски се враćа во првичната позиција.

  1. Активирајте ја командата за придушување (позиција „Б“ - пасус 5.2) и веднаш пуштете ја (позиција „А“ - пасус 5.2). Така се активира уредот за првично забрзување.
  2. Следете ги точките 4 - 7 - 8 - 9 во претходната процедура (сл. 6.3.1).

6.4 РАБОТА

Пред да започнете со сечење и кастрење за првпат, неопходно е:

– да имате соодветна обука за користење на овој вид апарати, – да сте ги прочитале безбедносните предочувања и упатството за користење што се составен дел на овој прирачник, – да сте вежбале на мали грмушки на земја или фиксирани на соодветни потпори на начин што ње доведе до неопходната запознаеност со машината и со најчестите техники за сечење.

За да работите се машината, постапете како што следи:

  • Секогаш исклучувајте ја сопирачката за синцирот пред да го активирате забрзувачот.
  • Во текот на работата, машината секогаш мора да се држи цврсто со двете раце, со тоа што левата рака е поставена на предниот ракофат, а десната на задниот независно дали операторот е левучар или десничар.

Застанете ја веднаш машината ако синцирот се блокира во текот на работата.

6.4.1 Проверки што треба да се прават во текот на работата

При работа, синцирот подлежи на прогресивно издолжување и затоа треба често да ја проверувате неговата затегнатост (пасус 6.1.3).

6.4.1.b Контрола на степенот на масло

ВАЖНО Не користете ја машината ако нема подмачкување! Резервоарот со масло треба да се празни докрај секогаш кога горивото ће се потроши. Полнете го резервоарот за масло секојпат кога дополнувате гориво за машината (пасус 7.4).

STIGA SP 426 - 6.4.1.b Контрола на степенот на масло - 1

Проверете дали лостот и синцирот се добро позиционирани кога се врши контрола на степенот на масло.

Запалете го моторот (пасус 6.3), држете го моторот под среден режим на работа и проверете дали истуреното масло за синцирот соодветствува со приказот на сликата (сл. 19).

Протокот на масло за синцирот може да се регулира со шрафцигер на соодветните навртки за регулација на пумпата (сл. 20.A), поставена на долниот дел на машината.

Ова е символ којшто го идентификува регулаторот на пумпата за маслото:

STIGA SP 426 - 6.4.1.b Контрола на степенот на масло - 2

Свртете го со шрафцигер кон позицијата "+" за да го зголемите протокот на масло низ синцирот. Вртете го кон позиција "-" за да го намалите протокот.

6.4.2 Техника на работа

6.4.2.a Кастрење дрво

STIGA SP 426 - 6.4.2.a Кастрење дрво - 1

Уверете се дека на просторот каде ње пагаат гранките нема луге.

  1. Поставете се од обратната страна во однос на гранката што ње ја сечете.
  2. Почнете со гранките што се најниско, продолжувајки кон највисоките гранки.
  3. Сечете одгоре надолу за да избегнете заглавување на лостот (сл. 21).

6.4.2.b Сечење дрво

ВАЖНО

Кога две или повеќе лица

истовремено изведуваат работи за сечење и цепкање, таквите операции треба да се изведуваат во засебни зони на растојание

на 2.5 пати од висината на исеченото дрво. Не соборувајте го дрвото ако постои ризик да загрозите други лица, да удрите електричен вод или да предизвикате друга материјална штета. Во случај кога дрвото ње допре на далновод, се препорачува веднаш да се повика компанијата што е надлежна за дистрибуција на ел. енергија.

Пред да сечете:

– потребно е да се земе во предвид природното закосување на дрвото, од страната на кој гранките се многу големи, како и правецот на ветрот, така што ће се процени начинот на кој ће пага дрвото,
– исчистете го дрвото од нечистотии, парчиња кора, клинци и метални парчиња и жици,
– исчистете ја областа околу дрвото и обезбедете добра потпора за нозете,
– подгответе соодветни патеки за повлекување без пречки. Патеките за повлекување треба да се подготвени за околу 45° во спротивниот правец од пагањето на дрвото (сл. 22) и треба да дозволуваат оддалечување на операторот во безбедна зона подалеку за 2,5 пати од висината на дрвото што треба да се собори,
– Стојте нагорно од теренот каде веројатно ће се изврти или падне дрвото по соборувањето.

• Сечење во основа

  1. Следете ги знаците за насока на моторната пила (сл. 23.А), работе обратно од целта на теренот каде треба да се собори дрвото (сл. 23.В).

  2. Поставете се оддесно на дрвото и зад моторната пила.

  3. Извршете го сечењето до 1/3 од дијаметарот на дрвото, вертикално во правецот на пагањето (сл. 24.A).

• Задно сечење за соборување

  1. Спроведете задно сечење за соборување на горно ниво на приближно 5 см од хоризонталното засекување (сл. 24.В).

  2. Извршете го задното сечење за соборување на начин да се ослободи довольно дрвна маса за навалување (сл. 24.С). Дрвната маса за навалување спречува движење со триење на дрвото и негово пагање во погрешен правец. Не сечете наспроти навалувањето.

  3. Без да го извадите лостот, постепено намалувајте ја постепено навлезеноста на дрвната маса додека не падне дрвото.

  4. Ако постои каков било ризик дрвото да падне во несакан правец или ако изгуби рамнотежа наназад и го превитка назабениот синцир, престанете со сечење пред завршување на задното сечење за соборување и употребете дрвени, пластични или алуминиумски клинови за да го отворите засекувањето и за да падне дрвото долж саканата линија за пагање (сл. 24.D) за да го отворите засекот. Оставете дрвото да падне долж саканата линија за соборување удирајки со чекан врз клинот.

  5. Кога дрвото ће почне да паға, треба да ја извлечете машината, да ја застанете (пасус 6.6), да ја ставите на земја и потоа да се оддалечите преку предвидениот пат за излез. Треба да внимавате на пағањето на гранките од висина и да внимавате каде стапнувате.

6.4.2.c Кастрење на гранките на дрвото

Кастрење значи сечење на гранките од паднатото дрво.

Обрнете внимание за точките на потпора за гранките на теренот, ако е можно да има отпор во правецот што може гранката да го заземе при сечењето и за можната нестабилност на дрвото по сечење на гранките.

Кога се кастри, треба да се остават задните поголемите гранки, за да го подржуваат стеблото на почвата. Исечете ги малите гранки со еден потег (сл. 25.A).

Најдобро е да се сечат гранките под отпорот и да се започне од дното кон нагоре за да се избегне превиткување на пилата со синцирот (сл. 25.В).

Сечењето значи сечење на стеблото по должна.

Важно е да се обезбеди потпората под стапалата да биде цврста и тежината да биде распоредена еднакво на двете нозе. Ако е можно, се препорачува подигнување и одржување на стеблото на половина висина на гранките, стеблата и ластарките.

Сечењето на стеблото се олеснува со користење на харпунот (сл. 1.1):

  1. Забодете го харпунот во стеблото и од страната на харпунот изведете закривено движење со машината кое што ње дозволува лостот да навлезе во дрвото (сл. 26);
  2. Повторете ја операцијата неколку пати ако тоа е потребно преместувајки ја точката на забодување на харпунот.

- Стебло положено на земја

Кога стеблото е положено на целата своја должина, треба да се сече одозгора (горно сечакње) (сл. 27.A).

– Засечете за половина од дијаметарот, потоа свртете го стеблото и завршете го сечењето од спротивната страна.

- Стебло положено на едниот крај

кога стеблото е положено само на едниот крај:

– треба да се сече 1/3 во дијаметар на страната што е наога долу (задно сечкање) (сл. 28.A);
– последователно треба се изврши финалното сечење, започнувајки со сечкање одгоре за да се дојде со првото сечење (сл. 28.В).

кога стеблото е положено на двата краја:

– треба да се сече 1/3 во дијаметар на страната што е наога горе (горно сечкање) (сл. 29.A); – последователно треба се изврши финалното сечење, започнувајки со сечкање одоздола за 2/3 подолу за да се дојде со првото сечење (сл. 29.B).

- Стебло на закосен терен

Кога се сече стебло на закосен терен, треба да се стои одгоре (сл. 30).

Во текот на работата, кога сечењето е завршено, за да се одржи контролата, притисокот на сечењето треба да се намали без да се ослободи притисокот врз рачките на машината. Треба да се спречи машината да дојде во контакт со почвата.

ЗАБЕЛЕШКА Во текот на првите 6–8 часа од работа на машината, користете го моторот на максимум вртежи.

ВАЖНО Застанете ја машината (пасус 6.6) при менување на локацијата на работа.

6.6 ЗАСТАНУВАЊЕ

За да ја исключите машината:

  1. Пуштете ги рачката за команда на забрзувачот (сл. 12.В) и оставете го моторот да работи со минимум вртежи уште малку.
  2. Притиснете го прекинувачот (сл. 11.С) во позиција «О».
  3. Почекајте да застане синцирот.

⚠️ Штом ће го ставите забрзувањето на минимум, потребни се неколку секунди пред да застане синцирот.

⚠️ Моторот може да е многу врел веднаш по гаснење. Не допирајте го. Постои опасност од опекотини.

6.7 ПО РАБОТАТА

– Отстранете го капачето на свекичката (сл. 31.A).
– Ставете ја заштитата за лостот.
– Оставете ја машината да се излади.
– Разлабавете ги навртките за фиксирање на лостот за да се намали затегнатоста на синцирот.
– Убаво исчистете ја машината од прашина и нечистотии и отстранете ги сите остатоци од сечењето и талозите од маслото од синцирот (пасус 7.5; пасус 7.6).
– Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки.

ВАЖНО Застанете ја машината (пасус 6.6), отстранете го капачето на свекичката (сл. 31.A) и ставете ја заштитата секојпат кога ја оставате машината без надзор или кога нема да ја користите.

7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

7.1 ОПШТО

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

⚠️ Пред да извршите каква било контрола, исчистете или интервенирајте кај одржувањето/ регулацијата на машината:

• Застанете ја машината;
- Почекајте синцирот да застане целосно;
- Ставете ја заштитата за лостот дури и при интервенција на самоот лост или на синцирот;
- Отстранете го капачето на свекичката (сл. 31.A);
- Проверете дали моторот е соодветно изладен;
- прочитајте ги соодветните упатства;
- Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.

- Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во "Табелата за одржување" (видете поглавје 12). Табелата го прикажува опсегот што ће ви помогне при одржување на ефикасноста и безбедноста на машината. Во неа се прикажани главните интервенции и предвидените интервали за секоја од ставките. Извршете ја соодветната постапка пред првата појава.

- Употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални, може да доведе до несакани ефекти врз работата и безбедноста на машината. Производителот ја отфрла сета одговорност во случај на штети или поврди предизвикани од такви производи.

- Оригиналните резервни делови се набавуваат во сервисните центри или кај авторизираните застапници.

- Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените делови се заменуваат, никогаш не се поправаат.

ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација коишто несе опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.

Оваа машина има двотактен мотор и работи на мешавина од бензин и масло за подмачкување.

ВАЖНО Употребата на само бензин се оштетува моторот и се изнудува губење на гаранцијата.

ВАЖНО Користете само гориво и подмачкувачи со висок квалитет за одржување на машината и за да гарантирате траење на механичките делови.

7.2.1 Карактеристики на бензинот

Користете само безоловен бензин (зелен бензин) со број на октани не помал од 90 N.O.

ВАЖНО Зелениот бензин создава талог во резервоарот ако се чува пове́ке од два месеци. Секогаш користете свеж бензин!

7.2.2 Карактеристики на маслото

Ставајте само синтетичко масло од врвен квалитет, наменет за двотактни мотори со специфичен минимум JASO FC. Кај застапникот може да ги најдете соодветните масла, создадени за овој вид мотор, до оној степен кој гарантира поголема заштита. Користењето на овие масла дозволува составување на една мешавина од 2,5%, што значи 1 дел масло се меша со секои 40 дела од бензин.

7.2.3 Подготовка и конзервација на мешавината

Табелата ги посочува количините бензин и масло што треба да се користат за да ја подготвите мешавината.

  1. Ставете во еден сад приближно половина од количината бензин.
  2. Додајте го целото масло.
  3. Додајте го остатокот од бензинот.
  4. Затворете го капакот и измешајте енергично.

ВАЖНО Мешавината подлежи

на стареење. Не подготвувајте

големи количини на мешавина за да се избегне формирање талог.

ВАЖНО Чувајте ги добро обезбедени и идентификувани контејнерите со мешавината и со бензинот за да се избегне замена во моментот на користење.

ВАЖНО Од време навреме чистете ги контејнерите за бензин и за мешавина за да се отстранат евентуалните талози.

7.3 ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО

Полнењето гориво се извршува кога машината не работи и со извадено капаче на свейичката.

Пред полнење:

  1. Протресете го енергично резервоарот за мешавина.
  2. Поставете ја машината на рамна површина, во стабилна позиција со капачето на резервоарот за мешавината одгоре.

ЗАБЕЛЕШКА На капачето за резервоарот за мешавината (сл. 32.A) го има следниот символ:

STIGA SP 426 - Полнењето гориво се извршува кога машината не работи и со извадено капаче на свейичката. - 1

Резервоар за мешавина

  1. Исчистете го капачето на резервоарот во круг за да се избегне навлегување нечистотии при полнењето.
  2. Отворете го внимателно капачето на резервоарот за мешавина за да се испушки притисокот постепено.
  3. Наполнете со инка и не ставајте од мешавината до грлото на резервоарот.

ЗАБЕЛЕШКА Додека ја користите машината, може да го проверувате нивото на горивото во резервоарот преку соодветното прозорче (сл. 32.B).

7.4 ПОЛНЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ СО МАСЛО ЗА СИНЦИРОТ

ЗАБЕЛЕШКА На капачето за резервоарот за маслото за синцирот (сл. 32.С) го има следниот символ:

STIGA SP 426 - ПОЛНЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ СО МАСЛО ЗА СИНЦИРОТ - 1

Резервоар за масло за синцирот

наменето за моторни пили или масло со адитиви за моторни пили. Не користете масло што содржи нечистотии за да не го запушите филтерот во резервоарот и трајно да ја оштетите пумпата за масло.

Користење масло од врвен квалитет е важен предуслов за одржување ефикасна подмачканост на сите делови за сечење; користење масло со лош квалитет го спречува подмачкувањето и го намалува времетраењето на синцирот и на лостот.

– Дополнете го докрај резервоарот за масло (со инка) секојпат кога дополнувате гориво: имајте предвид дека капацитетот на резервоарот за масло се пресметува согласно потрошувачката на горивото. Така се избегнува ризикот да ја включувате машината без подмачкување.

7.5 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА И НА МОТОРОТ

На крајот на секоја работа, исчистете ја машината детално од прав и остатоци при работа.

• За да го намалите ризикот од пожар:
– одржувајте ја машината, а особено моторот и зоната на придушувачот без остатоци од сечењето, гранки, листови и прекумерно масло, – често чистете ги крилцата на цилиндарот со компримиран воздух (сл. 33).

- За да избегнете прегревање и дефект на моторот: – решетката за вшмукување воздух за ладење (сл. 34) треба да биде секогаш чиста и без остатоци од сечењето или ўубре.

- Одржувајте го одделот кај фрикцијата без остатоци од сечењето или губре (сл. 35) вадете го картерот на фрикцијата (пасус 4.2) и поставете го одново правилно кога ће завршите со работа. Секои 30 часа, треба да го подмачкате внатрешното перниче кај застапникот.

7.6 ЧИСТЕЊЕ НА СИНЦИРОТ

По секоја употреба, отстранете ги од синцирот сите траги од сечењето или талози од масло.

Во случај на големи нечистотии или замастеност, извадете го синцирот и оставете го да постои во сад со одреден детергент неколку часови. Потоа, исперете го во чиста вода и испрскајте го со соодветен спреј против корозија пред да го поставите на машината.

7.7 КЛИН ЗА БЛОКИРАЊЕ НА СИНЦИРОТ

Пред секоја употреба, проверувајте ја costојбата на клинот за запирање на синцирот (сл.1.H) и обновете го кога резултатите не се задоволителни.

7.8 НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ

  • Пред секоја употреба, проверете го затегнувањето на сите шрафови и навртки за да се уверите дека машината е во состојба за безбедна работа.
  • Пред секоја употреба, проверувајте дали рачките се цврсто фиксирани.

8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ

8.1 ОТВОРИ ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ НА МАШИНАТА И НА ЛОСТОТ

Пред секојдневната работа, извадете го картерот од фрикцијата (пасус 4.2), извадете го лостот и проверете дали отворите за подмачкување на машината (сл. 36.A) и на лостот за наведување (сл. 36.B) се блокирани.

ВАЖНО Чистењето на филтерот за воздух е битно за добра работа и векот на самата машина. Не работете без филтер или со оштетен филтер за да не предизвикате непоправливи оштетувања на моторот.

Чистењето треба да се спроведува секои 8– 10 часови работа.

За чистење на филтерот:

  1. Откачете го крилцето (сл. 37.A) и извадете го капакот (сл. 37.B).
  2. Притиснете цврсто на металниот дел од филтерот за воздух додека не слушнете звук на кликнување (сл. 38.A).
  3. Извадете го филтерот за воздух (сл. 38.В), потчукнувајки го малку за да ја истресете нечистотијата и исчистете го со мека четка.
  4. Ако филтерот се затне целосно, измијте го со чист бензин. Во случај на употреба на воздух под притисок, насочете го воздухот од внатре кон надвор(сл. 39).
  5. Ставете го филтерот (сл. 40.В), повлечете го металниот дел (сл. 40.А), треба да слушнете звук дека филтерот се блокирал на своего место.
  6. Ставете го капачето (сл. 41.A) внимавајки дека сите делови се правилно поставени врз цилиндарот (сл. 41.B).
  7. Закачете го крилцето вметнувајки го прво долниот дел и потоа притискајки врз горниот дел додека не слушнете звук (сл. 41.С).

8.3 ЛЕЖИШТЕ СО ФРИКЦИЈА

Еднаш месечно, проверувајте го интегритетот на металниот ремен кој што се обвиткува околу лежиштето за фрикцијата кај застапникот. Ременот треба да се замени кога ље се изаби или деформира.

8.4 КЛИН ЗА ПРЕНОС НА СИНЦИРОТ

Со помош на застапникот, редовно контролирајте ја состојбата на запците и заменете ги кога ње бидат изабени.

⚠️ Не монтирајте нов синцир со стар забец или обратно.

8.5 КОНТРОЛА НА СВЕКИЧКАТА

До свейичката (сл. 31.A) може да се пристапи ако го извадите капакот за филтерот за воздух (сл. 37.B).

Повремено, откачете ја и исчистете ја свекичката за да ги отстраните евентуалните талози со метална шпатула (сл. 42.A). Проверете ја и обновете ја точната оддалеченост меѓу електродите (сл. 42.B). Поставете ја свекичката наместо прицврстувајки ја со приложените клучеви. Свекичката треба да се замени со друга со аналогни карактеристики во случај кога електродите се прегорени

или неправилно изолирани, или на секои 100 часа функционирање.

8.6 ЈАЖЕ ЗА ПАЛЕЊЕ

Застапникот треба да г осмени јажето за палење при првите знави на оштетување.

8.7 ОДРЖУВАЊЕ НА СИНЦИРОТ СО ЗАПЦИ

⚠️ Од безбедносни причини и поради ефикасност во работата, многу е важно уредот со сечивото да биде добро наострен.

Острењето на синцирот е неопходно кога:
– струготините личат на прашина,
– сечењето се одвива со многу сила,
– сечењето не е линеарно,
– вибрациите се зголемени.
– Потрошувачката на гориво е зголемена.

⚠️ Ако синцирот не е довольно наострен, постои ризик од противудар.

ВАЖНО Препорачуваме острењето на синцирот да се одвива во специјализиран центар, може да се изведе со соодветни апарати кои обезбедуваат минимално распрскување на материи и острење константно за сите видови сечења.

8.7.1 Острење на синцирот

Острењето на синцирот се изведува со помош на приложените турпии со заoblени секции чијшто дијаметар е специфичен за сите видови синцири (видете "Табела за одржување на синцирот", поглавје 14) и бара одлична стручност и искусство за да се избегне предизвикување оштетувања на сечивата.

За острење на синцирот:

  1. Застанете ја машината (пасус 6.6).
  2. Извадете ја сопирачката за синцирот (пасус 5.7).
  3. Блокирајте го цврсто лостот со поставен синцир со соодветниот блокатор (сл. 43.A), проверувајки дали синцирот може слободно да се движи.
  4. Затегнете го синцирот дотаму тој да остане лабав (пасус 6.1.3).

  5. Вметнете ја турпијата во отворот за забецот, одржувајки постојана закосеност согласно профилот на забецот (сл. 43.В). Употребата на плочка за острење ја олеснува работата со турпијата (сл. 43.С).

  6. Изведувајте само слаби движења со турпијата исключиво нанапред и повторете ја операцијата врз сите сечива со иста ориентација (десни и леви).
  7. Превртете го лостот од другата страна на менгемето и повторете ги операциите на преостанатите сечива.
  8. Проверете дали граничниот забец (сл. 43.D) ги има нивоата дадени во Табелата за одржување на синцирот (поглавје 14) и израмнете ги нерамнините со рамна турпија, околу профилот.
  9. По острењето, отстранете ги сите траги од струготини, исчистете го и подмачкајте го синцирот обилно со масло.

8.7.2 Замена на синцирот со запци

Синцирот треба да се смени кога:

– должината на сечивата ке се намали за најмалку 5 мм, (сл. 43.E),
– движењето на запците е тешко,
– брзината на сечење е бавна и повторените острења не ја подобруваат брзината на сечење. Синцирот е изабен.

треба често да ја проверувате затегнатоста на синцирот за да го проверите лежиштето на синцирот.

8.8 ОДРЖУВАЊЕ НА ЛОСТОТ ЗА НАВЕДУВАЊЕ

ЗАБЕЛЕШКА Сите операции што се

однесуваат на лостот за наведување се работи што бараат специфична компетентност со ангажирање соодветна опрема за да може работата да се изведе правилно; од безбедносни причини, секогаш е најдобро да се контактира продавачот.

За да се избегне асиметрично користење на лостот, потребно е тој периодично да се проверува.

За ефикасно одржување на лостот треба:

  1. да се подмачкуваат перничињата за одложување на запчаникот со приложениот шприц (ако има);

  2. да се исчисти жлебот на лостот со соодветна гребалка (не се доставува) (сл. 44.A);

  3. да се чистат отворите за подмачкување (сл. 44.В);
  4. со рамна турпија, (не се доставува), да се извадат страничните талози и да се порамнат евентуалните разлики во висината меѓу водилките.

8.8.1 Замена на лостот

Лостот треба да се смени кога:

– длабочината на запците їе биде пониска од висината на почетната точка на преносникот (кои никогаш не смее да допрат до долната страна); – внатрешниот сид на водилката е искористен до точка на допирање врз ланецот.

8.9 РЕГУЛАЦИЈА НА МИНИМУМ

⚠️ Ако уредот за сечење се движи кога моторот є на минимум, треба да контактирате со застапникот за правилна работа на моторот (пасус 8.11).

8.10 РЕГУЛАЦИЈА НА КАРБУРАТОРОТ

Карбураторот се регулира во фабрика во режим да дава максимальни резултати во секоја ситуација на користење, со минимално емитирање на штетни гасови и во согласност со важечките закони.

Во случај на лоша изведба, обратете се кај застапникот да ги провери карбураторот и моторот.

Регулации на карбураторот:

T = регулација на минимум

L = регулација на горивото при мала сила

H = регулација на горивото при голема сила

9. ОДЛОЖУВАЊЕ

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да се следат во текот на ракување се наведени во пас. 2.4. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

Аконема да ја користите машината повеće од 2-3 месеци, треба да се применат неколку решенија за да се избегнат

потешкотии при обновување на работата или трајни оштетувања на моторот.

Пред одлагање на машината:

  1. Отшрафете ги двете навртки на картерот за фрикцијата, извадете го картерот и тргнете ги синцирот и лостот.

  2. Испразнете го резервоарот за масло, ставете околу 100-120 сс соодветен течен детергент и ставете го капачето.

  3. Поставете го картерот без да ги затегнете на навртките докрај.

  4. Запалете ја машината и оставете го моторот да работи додека не согори целиот детергент.

  5. Оставете го моторот да работи на минимум додека не согори целото гориво што останало во резервоарот и во карбураторот.

  6. Оставете го моторот да се излади.

  7. Извадете ја свекичката.

  8. Врз отворите на свекичката полијте една кафена лажичка масло (ново) за двотактни мотори.

  9. Повлечете ја неколку пати рачката за палење за да го дистрибуирате маслото во цилиндарот.

  10. Поставете ја свејичката со навртката на најгорната можна точка (да е видливо низ отворот за свејичката кога навртката е на најгорната позиција).

  11. Исчистете ја темелно машината.

  12. Проверете дали на машина има оштетувања. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисен центар.

  13. Одложете ја машината: – во сува просторија – и засолнета од лоши временски услови – со правилно поставена заштита за лостот – и на место надвор од дофатот на децата, – увервајки дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.

Кога треба да ја запалите машината:

  1. Извадете ја свекичката.

  2. Активирајте ја неколку пати рачката за палење за да го елиминирате прекумерното масло.

  3. Проверете ја свекичката (пасус 8.5).

  4. Подгответе ја машината (пасус 4.2, поглавје. 6).

10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ

Кога ја носите или транспортирате машината:

– Застанете ја машината (пасус 6.6).

– Почекајте да застане синцирот.

– Ставете ја заштитата за лостот.

– Фатете ја машината само за држачите и да се насочи лостот во правец спротивен од правецот на движење.

Кога ја носите машината со возило:

– поставете ја на начин да не претставува опасност за никого

– цврсто блокирајте ја во текот на транспортот со јажиња или синцири за да избегнете превртување и можно оштетување и истекување на горивото.

Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите интервенции за регулација и одржување што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејки знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајки го во предвид првобитниот степен на безбедност и условите на машината. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.

  • Само овластените сервиси за помош може да ги извршуваат поправките и одржувањето што се под гаранција.
  • Овластените сервисни центри користат само оригинални резервни делови. Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
  • Резервните делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални, не се одобрени. Употребата на неоригинални резервни делови и дополнителна опрема ја отфрла гаранцијата.
  • Препорачуваме да ја однесете машината во овластен сервисен центар секојпат кога треба да се работи на одржување, поправка или проверка на безбедносните уреди.

12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА

Гаранцијата ги покрива сите штети на материјалите и производството.

Корисникот треба

внимателно да ги следи сите упатства кои се дадени до приложената документација.

Гаранцијата не ги покрива штетите настанати затоа што:

  • Не сте се запознале со приложената документација.
  • Не сте внимателни.
  • Употребата и монтирањето не се правилни или конзистентни.
  • Се користат резервни делови коишто не се оригинални.

- Се користи дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот.

Гаранцијата не покрива и:

  • нормално абење на потрошните материјали како што уредот со сечивото, безбедносните светла.
  • Нормално абење.

Купувачот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на купувачот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.

  1. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Интервенција Период Пасус
Првпат Последователно секон
МАШИНА
Контрола на сите спојки- Пред секоја употреба 7.8
Безбедносни контроли / проверка на командите- Пред секоја употреба 6.2
контрола на клинот за запирање на синцирот- Пред секоја употреба 7.7
Проверка на отворите за подмачкување на машината и на лостот- Пред секојдневна употреба 8.1
Општо чистење и контрола- На крајот на секоја употреба7.5
Чистење на синцирот- На крајот на секоја употреба7.6
Подмачкување на внатрешното перниче во лежиштето за фрикцијата- 30 часа 7.5*
Проверка на лежиштето за фрикцијата- Еднаш месечно 8.3*
Проверка на клинот за пренос на синцирот- Еднаш месечно 8.4*
Одржување на синцирот- -8.7, 14
Одржување на лостот- -8.8
МОТОР
Контрола/дополнување гориво- Пред секоја употреба 7.3.
Надополнување на нивото на маслото за синцирот- При секое дополнување гориво7.4.
Општо чистење и контрола- На крајот на секоја употреба7.5
Чистење на филтерот за воздух8-10 часа / по секоја сезона8.2
Чистење на свекичката-10 часа / по секоја сезона8.5
Замена на свекичката-100 часа / по секоја сезона8.5

* Работа што треба да ја изведе застапникот или специјализиран центар за сервисирање.

14. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СИНЦИРОТ

⚠️ Табелата ги дава податоците за острење на различни видови синцири и не се соодветни ако користите синцири што не се одобрени и наведени во "Табела за правилна комбинација на лост со синцир".

15. НЕСООДВЕТНА РАБОТА

Контактирајте со застапникот за помощ ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените операции.

НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
1. Моторот не се пали или пак не може да се стави во движењеПроцедурата на палење не е правилнаСледете ги упатствата (пасус 6.3)
Свекичката е нечиста или оддалеченоста меѓу електродите не е точнаПроверете ја свекичката (пасус 8.5).
Филтерот за воздух е затнат Исчиистете го и / или заменете го филтерот (пасус 8.2).
Уредот против замрзнување не е правилно поставенПроверете ја позицијата на поставеноста (пасус 6.1.4)
Проблеми со согорување Контактирајте со овластен сервисен центар
2. Моторот се пали, но со мала моćностФилтерот за воздух е затнат Исчиистете го и / или заменете го филтерот (пасус 8.2).
Проблеми со согорување Контактирајте со овластен сервисен центар
3. Моторот работи неправилно или нема моć врз оптоварувањетоСвекичката е нечиста или оддалеченоста меѓу електродите не е точнаПроверете ја свекичката (пасус 8.5).
Проблеми со лостот и синциротПроверете дали синцирот се движи слободно и дали лостот има деформирани водилки.
Проблеми со согорување Контактирајте со овластен сервисен центар
4. Моторот испушта повеće чадИмало талози од мешавината Подгответе ја мешавината според упатството (пасус) 7.2)
Проблеми со согорување Контактирајте со овластен сервисен центар
5. Задушување на моторотРачката за палење се активира неколку пати со включен стартер,Проверете ја свекичката (пасус 8.5) и повлечете ја внимателно рачката на јажето за палење (сл. 11.D) за да го елиминирате прекумерното гориво. Потоа, исушете ги електродите на свекичката и поставете ја на моторот.
6. Не тече маслоМасло со незадоволителен квалитетСо студен мотор, испразнете го резервоарот. Исплакнете ги резервоарот и цевките со течен детергент и ставете масло.
Затнати отвори за подмачкувањеИсчистете (поглавје 8.1)
7. Синцирот се движи кога моторот работи на минимумПогрешна регулација на палењетоКонтактирајте со овластен сервисен центар
8. Машината почнува да вибрира на ненормален начинОштетување или разлабавени деловиЗапрете ја машината и извадете го кабелот од свекичката (сл. 31.A). Проверете дали има оштетувања Проверете дали деловите се разлабавени и затегнете ги Извршете ги проверките, замените или поправките во авторизиран центар.
9. Машината удрила во страни предмети.Оштетување или разлабавени деловиЗапрете ја машината и извадете го кабелот од свекичката (сл. 31.A). Проверете дали има оштетувања Проверете дали деловите се разлабавени и затегнете ги Извршете ги проверките. замените или поправките во авторизиран центар.

Во Табелата за правилни комбинации на лостови и синцири наведени се сите можни комбинации меѓу лостовите и синцирите со насоки кои од нив треба да се користат со дадена машина каде е даден символот "✓". Оваа табела ги посочува и другите характеристики на синцирите и лостовите соодветни за секоја од машините.

⚠️ Користете ги само лостовите и синцирите дадени во табелата нога треба да ги смените. Употреба на комбинации коишто не се одобрени може да предизвикаат сериозни лични повреди и да ја оштетат машината.

⚠️ Ако изворот, примената и употребата на лостот и синцирот ги направи самоот корисник по сопствен избор, тогаш тој самоот ја презема целата одговорност за последователните оштетувања што произлегуваат од таа постапка. Ако се двоумите или не ги познавате одликите на лостот или синцирот, треба да се обратите кај застапникот или во специјализиран сервисен центар.

INHOUDSOPGAVE

  1. ALGEMEEN.... 1
  2. VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN....2
  3. LEER DE MACHINE KENNEN 5

МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за STIGA S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : STIGA

Модел : SP 426

Категорија : Пила