STIGA CS 300e - Пила

CS 300e - Пила STIGA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CS 300e STIGA во PDF формат.

📄 583 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice STIGA CS 300e - page 338

Прашања на корисниците за CS 300e STIGA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CS 300e - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CS 300e на марката STIGA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CS 300e STIGA

MK Моторна пила за градинарство со батерија УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА

ВНИМАНИЕ: прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината.

3.1.1 Предвидена употреба

Повредените или нечетливите стикерий

• 0°C - 60°C за 1 месец
• 0°C - 45°C за 3 месеца
• 0°C - 25°C за 1 година

3.1 Опис на машината и предвидена употреба....7
3.2 Главни делови....7
3.3 Етикета за идентификација......8
3.4 Безбедносна сигнализација......8

  1. МОНТИРАЊЕ ......9

4.1 Распакување 9
4.2 Монтирање ОСНОВА ЗА НАПОЈУВАЊЕ (сл. 3)....9
4.3 Монтирање НА ШИНАТА ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА СИДОТ (сл.4) .....9
4.4 Монтирање на лостот за наведување и на синцирот со запци....9

  1. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА .....9

5.1 Команда на РАЧКАТА за забрзувачот (сл. 14.A)....9
5.2 КОПЧЕ за блокада на забрзувачот (сл. 14.В)....10
5.3 Сопирачка за синцирот.....10

  1. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА....10

6.1 Воведни операции....10
6.2 Безбедносни контроли .....10
6.3 Паленье....11
6.4 Работа....11
6.5 Шумски работи....12
6.6 Застанување....13
6.7 По работата....13

  1. РЕДОВНО ОДРЖУВАНЬЕ.....14

7.1 Општо....14
7.2 Полнење на резервоарот со масло за синцирот ....14
7.3 Копче за блокирање на синцирот......14
7.4 Отвори за подмачкување на машината и на лостот....15
7.5 Навртки и шрафови за фиксирање.....15
7.6 Чистенье....15
7.7 Акумулатор .....15

  1. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАНЬЕ .....16

8.1 Клин за пренос на синцирот.....16
8.2 Одржување на синцирот со запци .....16
8.3 Одржување на лостот за наведување..16

  1. ОДЛОЖУВАНЬЕ.....16

9.1 Одложување на машината .....16
9.2 Одложување на батеријата .....17

  1. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ .....17

  2. ПОМОШ И ПОПРАВКА .....17

  3. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА....17
  4. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАНЬЕ.....18
  5. НЕСООДВЕТНА РАБОТА....18
  6. ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ПО ИЗБОР .....20

15.1 Батерии (сл. 35) .....20
15.2 Полнач за батерија (сл. 36)......20
15.3 Ланци и синцири....20

1. ОПШТО

Во ова упатство одредени поглавја содржат информации со одредена важност во однос на безбедноста и на функционалноста и се евидентирани на различни начини согласно овој критериум:

ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО даваат

прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета.

Символот посочува на опасност.

Непочитувањето на мерките за претпазливост доведува до можност за лични или повреди и оштетувања на трети лица.

Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел.

Сите индикации „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.

1.2 НАСОКИ

1.2.1 Слика

Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и така натаму.

Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, В, С и така натаму.

Насоката за компонентата С на сликата 2 се означува со изразот: "Видете на слика 2. С", или поедноставно „(слика 2.С)“.

Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сликата.

1.2.2 Наслови

Упатството е поделено на поглавја и пасуси.

Насловот на пасус „2.1 Обука“ е заменето со „2. Безбедносни мерки“. Насоките за насловите или

пасусите се означени со кратенки погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1”.

2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

2.1 ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АПАРАТИ

⚠️ ВНИМАНИЕ Прочитајте ги сите предупредувања во однос на безбедноста и целосното упатство. Непридржување кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат електричен удар, изгореници и сериозни повреди.

Сочувајте ги предупредувањата заедно со упатството за идна консултација.

Терминот „електричен апарат” наведен во предупредувањето се однесува на вашиот апарат со напојување на батерии (без кабел).

1) Обезбедување на работната средина

а) Одржувајте ја работната средина чиста и добро осветлена. Пренатрупаните темни средини може да доведат до инциденти.
b) Не користете ги електричните апарати во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
с) Децата и другите кои што се во близина треба да се оддалечат кога се користат електричните апарати. Одвлекување внимание може да предизвика губење контрола.

2) Електрична безбедност

a) Приклучоците за електричните алати мора да одговараат на штекерот. Никогаш немојте да го модицирате приклучокот на кој било начин. Не користете приклучоци за адаптер со заземјени електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте контакт на телото со заземјени површини, нако цевки, радијатори, ладилници и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар доколку вашето тело е заземјено.
с) Не изложувајте ги електричните алати на дожд или на влага. Водата што може да навлезе во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.

d) Не користете го кабелот за други намени. Никогаш не користете го кабелот за носење, влечење или исклучување на електричниот алат. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови. Оштетен или заплеткан кабел го зголемува ризикот од електричен удар.

e) Кога работите со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел погоден за надворешна употреба. Употребата на соодветен кабел за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен удар.

f) Доколку работењето со електричниот алат на влажна локација е неизбежно, користете заштитено напојување со уред за преостаната струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од електричен удар.

3) Лична безбедност

a) Бидете внимателни, контролирајте што се случаува и со целосно внимание служете се со електричните апарати. Не користете ги електричните апарати кога сте уморни или под влијание на лекови, алкохол или дрога. При растроеност, не користете го електричниот апарат бидејки може да предизвика тешки телесни оштетувања.
b) Користете заштитна облека. Секогаш ставајте заштитни очила. Носење на заштитна опрема како што се маска против прав, чевли против лизгање, заштитен шлем и заштита за уши го намалуваат ризикот од телесни повреди.
с) Избегнувајте нестандардизирани приклучоци. Проверете дали уредот е исключен пред да ја ставите батеријата, го зафаќате или транспортирате електричниот апарат. Транспортирање на електричниот апарат со прстот на прекинувачот или поставување на батеријата кога прекинувачот е во позиција „ON“ (включено) со леснотија доведува до инциденти.
d) Отстранете ги сите клучеви или алатки за регулација пред да го включите електричниот апарат. Ако некој клуч или алатка останат во контакт со некој ротирачки дел може да предизвика тешки телесни оштетувања.
e) Не губете рамнотежа. Секогаш имајте сигурна потпора и соодветна рамнотежа. На тој начин најдобро Ѽе го контролирате електричниот апарат во непредвидени ситуации.
f) Облечете се соодветно. Не носете широки алишта или накит. Косата, облеката и

ранавиците треба да се држат настрана од деловите што се движат. Широка облека, накит или долга коса може да се закачат за деловите во движење.

g) Ако имате уреди за поврзување на апарати за издвојување и собирање на нечистотии, проверете дали се поврзани и се користат на правилен начин. Употребата на овие апарати може да ги намали ризиците што се поврзани со нечистотиите.

h) Не дозволувајте слободата стекната од честата употреба на алатки да ви овозможи да бидете самоуверени и да ги игнорирате принципите за безбедност на алатката. Несовесно постапување може да предизвика сериозна повреда за дел од секундата.

4) Употреба и безбедносно ракување со електричниот апарат

a) Не прегревајте го електричниот апарат. Користете го електричниот апарат прилагоден на работните услови. Правилно користење на апаратот обезбедува најдорба и најсигурна работа, според моќноста за која е создаден.

b) Не користете го електричниот апарат ако прекинувачот не е правилно поставен во позиција за вклучување или исклучување. Ако електричниот апарат не може да се вклучи со прекинувачот, тој е опасен за употреба и треба да се поправи.

с) Извадете ја батеријата од лежиштето пред каква било регулација или менување делови или пред складирање на апаратот. Овие безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот апарат.

d) Одложете го електричниот апарат кога не го користите подалеку од дофат на деца и не давајте апаратот да го користат лица што не се запознале со истиот и не го прочитале ова упатство. Електричните апарати се опасни во рацете на неискусни корисници.

e) Редовно извршувајте проверка на електричниот апарат. Проверете дали подвижните делови се наместени правилно и слободни за движење, дека не се оштетени и елиминирајте ја секоја друга можност што може да повлијае врз функционалноста на овој апарат. Во случај на оштетувања, електричниот апарат треба да се поправи пред повторна употреба. Многу инциденти се предизвикани заради невнимателно користење.

f) Одржувајте го апаратот наострен и исчистен од остатоци при сечењето.

Адекватно одржување од остатоци при сечењето, со наострени сечива носи помалку случаи на заглавување и полесно е за контролирање.

g) Користете го електричниот апарат и дополнителната опрема согласно дадените упатства, одржувајки ги работните услови и типот на работа што треба да се изврши. Употребата на овој електричен апарат за работи што се разликуваат од превидените може да предизвикаат опасни ситуации.

h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без масло и маснотии. Лизгави рачки и површини за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

5) Употреба и мерки на претпазливост при употреба на деловите за батеријата

a) Полнете само со полнач што го одредува производителот. Адаптираниот полнач за одредена група батерии може да доведе до ризик од пожар ако се користи за друга група батерии.

b) Користете електрични делови само со специфично утврдена група батерии. Употребата на каква било друга група батерии може да создаде ризик од повреди или инциденти.

с) Кога групата со батеријата не се користи, треба да се чува подалеку од други метални ситни предмети како спајалки, монети, шајки, игли, шрафови и други ситни метални предмети коишто може да создадат врска меѓу двете клеми. Создавањето врска меѓу клемите на батеријата може да предизвика изгореници или искри.

d) Ако е во лоша сostoјба, батеријата може да протече: избегнувајте секаков контакт. Ако има случаен контакт, исплакнете веднаш со вода. Ако течноста ви навлезе во очи, веднаш побарајте медицинска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика иритација на кожата и изгореници.

e) Не користете батерија или алатка која е оштетена или модифицирана. Оштетените или модифицирани батерии може да покажат непредвидливо однесување што резултира со пожар, експлозија или ризик од повреда.

f) Не изложувајте батерија или алатка на орган или прекумерна температура. Изложеноста на орган или на температура над 130 °C може да предизвика експлозија. ЗАБЕЛЕШКА. Температурата „130 °C“ може да се замени со температурата „265 °F“.

g) Следете ги сите упатства за полнење и не полнете ги батеријата или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температури надвор од одредениот опсег, може да ја оштети батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.

6) Помош

a) Електричниот апарат треба да го поправа квалификувано лице со примена на само оригинални резервни делови. На тој начин се одржува безбедноста на електричниот апарат.
b) Никогаш не сервисирајте оштетени батерии. Сервисирањето на батериите треба да го врши само производителот или овластени даватели на услуги.

а) Држете ги сите делови на телото подалеку од назабениот синцир додека сечивото на синцирот работи. Пред да ја включите пилата со синцир, проверете дали назабениот синцир не е во контакт со ништо. Еден момент на невнимание додека работи пилата со синцир може да доведе до закачување на облеката или телото за назабениот синцир.
b) Десната рака мора секогаш да ја држи задната рачка, а левата рака предната рачка. Никогаш не смее да се сменат рацете за држење на пилата со синцир бидејки доведува до ризик од инциденти за даденото лице.
с) Фаќајте го електричниот дел само за изолираните површини на рачките бидејки синцирот со запци може да дојде во контакт со сокриените кабли. Контакт на синцирот со запци со кабел под напон може да ги електризира металните делови на машината и да предизвика електричен удар.
d) Носете заштитни очила и акустична заштита. Се препорачува носење и друга заштита за главата, рацете, стапалата и нозете. Носењето соодветна заштитна облека ги намалува повредите на телото што се предизвикани од иверките што се разлетуваат при случаен контакт со назабената пила.
e) Не ракувајте со моторната пила на дрво, скала, покрив или која било друга нестабилна потпора. Користењето на моторната пила на овој начин може да резултира со сериозни повреди.
f) Одржувајте секогаш правилна точка на потпора на нозете и вклучувајте ја пилата со синцир само ако стоите на стабилна, сигурна и рамна површина. Лизгавите или нестабилни површини, како што се скалите,

може да предизвикаат губење на рамнотежата или губење контрола врз пилата со синцир.
g) Кога се сече гранка што се наоға под нивото, треба да се обрне внимание на ризикот од контраудар. Кога отпорот на структурата на дрвото їе се разлабави, гранката што се сече може да го повреди операторот и / или да се изгуби контролата врз пилата со синцир.
h) Користете ја со ислучително внимание кога се сечат грмушки и млади честаци. Меките материјали може да се заглават во назабениот синцир и да се исфрлат во ваш правец и / или да предизвикаат губење на рамнотежата.
i) Транспортирајте ја пилата со синцир за предната рачка кога е исключена, држејни ја подалеку од телото. Кога се транспортира или се одложува, пилата треба секогаш да се става со заштита за лостот за водење. Правилно ракување со пилата со синцир ја намалува можноста за случаен контакт со назабениот синцир во движење.
j) Придржувајте се до соодветните упатства за подмачкување, за затегнување на синцирот и за резервните делови. Синцир чие затегнување и подмачкување не се правилни може да се скине што придонесува до ризик од контраудар.
k) Сечете единствено дрво. Не користете ја пилата со синцир за употреби што не се предвидени. Не користете ја пилата за сечење пластични и метални материјали, материјали за градба или материјали што не се направени од дрво. Користењето на синцирот за други работи што не се предвидени може да доведе до опасни ситуации.
I) Не обидувајте се да сечете дрво додека не ги разберете ризиците и не научите како да ги избегнете. При сечење на дрво може да дојде до сериозна повреда на операторот или случајните минувачи.
m) Следете ги сите инструкции за отстранување на заглавен материјал или одржување на моторната пила. Проверете дали прекинувачот е ислучен и батеријата е отстранета. Неочекуваното активирање на моторната пила при чистење на заглавениот материјал или при сервисирање може да доведе до сериозни повреди.
n) Се препорачува, корисник кој прв пат ракува со моторната пила, да вежба сечење дрва на магаре за дрва или држач.
о) Се препорачува острењето и одржувањето на ланецот на пилата да се извршува од овластени сервисни центри.
р) Одржувајте ги рачките суви, чисти и без траги од масло или масти. Замастените или мрсни рачки може да предизвикаат губење на контролата.

Може да дојде до контраудар кога крајната точка на лостот за водење ќе удри во предмет или кога дрвото ќе го стисне назабениот синцир за време на сечењето.

Контакт со врвот може во дадени случаи да предизвика ненадејна повратна реакција вртејки го лостот за наведување нагоре или наназад кон операторот.

Затегнувањето на назабениот синцир за горниот дел на лостот за наведување може да предизвика нагло движење наназад на назабениот синцир насочен кон операторот.

Која било од овие реакции може да предизвика губење контрола врз пилата со што се предизвикуваат тешки повреди по лицата. Не потпирајте се само на уредите за безбедност што се содржани во пилата.

Како оператор на пилата, мора да преземете различни мерки за елиминирање на ризични ситуации или телесни повреди во текот на сечењето. Контраударот е резултат на неправилна употреба на машината и / или постапка или услови на работа што не се правилни и може да се избегнат со следење на соодветните, посочени мерки за заштита:

а) Држете ја пилата цврсто со двете раце, со палците и прстите околу рачките на пилата со синцир и ставајки го телото и рацете во позиција која ви дозволува да ги издржите ударите на противударот. Силата на противударот може да ги контролира операторот ако посочи исключително внимание на ситуацијата. Не оставајте ја пилата со синцир.
b) Не држете ги рацете многу далеку и не сечете над висината на рамениците. Така се избегнуваат неконтролирани контакти со екстремитетите и се овозможува најдобра контрола врз пилата во предвидените ситуации.
с) Користете ги водилките на лостот и синцирот само за работи што ги посочил производителот. Резервните делови за лостот и за синцирот што не се соодветни може да предизвикаат расипување на синцирот и / или контраудар.
d) Придржувајте се до упатствата на производителот во однос на острењето и одржувањето на пилата со синцирот. Намалување на нивото на темелноста може да доведе до зголемување на контраударот.

- Техники за употреба на пила со синцир на струја (со напојување на батерија)

Секогаш следете ги предочувањата за ваша безбедност и применувајте ги техниките за сечење што најдобро одговараат на работата во согласност со индикациите и со прикажаните примери и упатства.

- Безбедно движење на пилата со синцир на струја (со напојување на батерија)

Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на машината, треба:

– да се ислучи моторот, да се смири синцирот и да се ислучи машината од довод на ел. енергија;
– да се стави заштитата за лостот;
– да се држи машината само за држачите и да се насочи лостот во правец спротивен од правецот на движење.

Кога машината се транспортира со возило, треба да се постави на начин да не претставува опасност за никој и да се блокира цврсто.

- Препораки за почетници

Пред да започнете со сечење и кастрење за првпат, неопходно е:

– да имате соодветна обука за користење на овој вид апарати;
– да сте ги прочитале безбедносните предочувања и упатството за користење што се составен дел на овој прирачник;
– да сте вежбале на мали грмушки на земја или фиксирани на соодветни потпори на начин што ње доведе до неопходната запознаеност со машината и со најчестите техники за сечење.

- Правилна работа и употреба на електричните апарати и батеријата

a) Проверете дали апаратот е ислучен пред да ја ставите батеријата. Ставање батерија во включен електричен апарат може да предизвика инциденти.

b) Користете само полначи за полнење на батериите што ги препорачува производителот. Полначите на батериите генерално се специфични за типот на батеријата, ако се користат со други типови, постои ризик од пламен.

с) Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да предизвика повреди и ризик од пламен.

d) Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки и други мали метални предмети што може да предизвикаат краток спој на контактите. Краток спој на контактите на батеријата може да доведе до експлозија и пламен.

e) Батерија во неисправна состојба може да предизвика истекување на течноста. Избегнувајте контакт со течноста. Во случај

на случаен контакт, исплакнете со вода.

Во случај на контакт на течноста со очите, консултирајте се со доктор. Истечената течност од батеријата може да предизвика иритација на кожата и изгореници.

f) Проверете дали батеријата е во добра состојба и дали има знаци од оштетување. Не користете ја машината со оштетена или користена батерија.

Следните безбедносни мерки ги опфаќаат безбедносните одредби коишто се претставени во даденото упатство за полначот на батеријата кое што се доставува со машината.

  • Користете само полначи за полнење на батериите што ги препорачува производителот. Несоодветен полнач за батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање или протекување на корозивната течност од батеријата.
  • Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да предизвика повреди и ризик од пламен.
  • Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки и други мали метални предмети што може да предизвикаат краток спој на контактите. Краток спој на контактите на батеријата може да доведе до експлозија и пламен.
  • Не користете го полначот за батеријата на места каде има гасови, запаливи супстанци или лесно запаливи површини, како што се хартија, ткаенина и лично. За време на полнењето, батеријата се загрева и може да предизвика орган.
  • За време на транспорт на акумулаторите, обрнете внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и не користете метални кутии за транспорт.

2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме.

  • Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите лугето).

- Во текот на работата доаға до одредено распрскување на маслото во средината, кое пак е неопходно за подмачкување на синцирот. Заради тоа, користете само биоразградливи масла, специфични за вакво користење. Употребата

на минерално масло или моторно масло предизвикува сериозни штети на околината.

  • Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во ўубре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
  • Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето.
  • При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.

STIGA CS 300e - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 1

Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/UE, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на еко-компатибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на губриште или на земја, штетните Costaјки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синцирот на исхрана, со што ње се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.

STIGA CS 300e - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2
Li-ion

Откако ће ј помине рокот на употреба, извадете ја батеријата обрнувајки внимание на животната средина. Батеријата содржи материјал што е опасен за вас и за средината. Треба да се извади и расклопи во засебен сад што може да содржи литиумски јони.

STIGA CS 300e - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 3

Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.

3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА

STIGA CS 300e - ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА - 1

ВНИМАНИЕ

Оваа алатка може да предизвика синдром на вибрации на рака доколку со неа не се управува соодветно.

Поточно, проценката на нивото на изложеност во реалните услови на употреба треба да ги земе предвид и сите делови од работниот циклус, како

што се времињата кога алатката е исключена и кога работи во мирување, но всушност не врши работа. Ова може значително да го намали нивото на изложеност во текот на вкупниот работен период. Помага да се минимизира ризикот од вибрации и изложеност на бучава.

Секогаш користете остри длета, дупчалки и сечила. Одржувајте ја оваа алатка во согласност со овие упатства и чувајте ја добро подмачкана (каде што е соодветно).

Доколку алатката треба да се користи редовно, тогаш инвестирајте во додатоци против вибрации и бучава.

3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА

Машината се состоит од мотор што се напојува на батерии и лост за наведување којшто служи да го пренесува движењето на моторот врз синцирот со запци за правилно и точно сечење.

Операторот ја држи машината со двете раце за предната и задната рачка и може да ги активира главните команди одржувајки секогаш безбедно растојание од уредот со сечивото.

3.1.1 Предвидена употреба

Оваа машина е проектирана и конструирана за:

– сечење и расчистување на зеленилото на високите дрвја;
– сечење грмушки, трупци или дрвени греди чијшто дијаметар зависи од должената на лостот за наведување;
– Само за сечење на дрво;
– Само еден оператор може да ја користи.

3.1.2 Несоодветна употреба

Која и да е друга употреба,поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):

– регулација на жива ограда;
– обликување;
– сечкање гранки, сандаци и дрвени амбалажи од секаков вид;
– сечење мебел или што било друго што содржи клинци, шрафови и секој друг вид на метални компоненти;
– месарски работи;
– употреба на машината за сечење материјали коишто не се од дрво (пластика, градежен материјал);
– употреба на машината како рачка за подигнување, спуштање или кршење предмети;

– употреба на машината кога е блокирана врз фиксна потпора;
– употреба на уреди со сечива што не се наведени во табелата „Технички податоци“. Опасност од сериозни повреди и оштетувања; – употреба на машината од страна на повеće луге.

ВАЖНО Несоодветната употреба на машината доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, префрлувајки ги на корисникот произлезените обврски предизвикани од повреди или оштетувањата лично или на трети лица.

Оваа машина е наменета за користење само од страна на обучени оператори за одржување на дрвја.

3.2 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ

Машината се состоит од следните главни делови, коишто се наменети за следни функции (сл. 1):

A. Мотор: обезбедува движење на уредот со сечивото.
В. Предна рачка: рачка за потпора поставена во предниот дел на моторната пила. Се држи со левата рака.
С. Задна рачка: рачка за потпора поставена во задниот дел на моторната пила. Се држи со десната рака. Тука се наогаат главните команди за забрзување.
D. Предна заштита за раката: уред за заштита поставен меѓу предната рачка и синцирот со запци за да ја заштити раката од повреди во случај да се лизне од рачката. Оваа заштита се користи и како уред за активирање на сопирачката за синцирот.
E. Лост за наведување: на него се наога и го управува синцирот со запци.
F. Синцир со запци: елемент предвиден за сечење којшто се состоит од преносник со мали сечива наречени „запци“ и странични поврзувања со чивии.
G. Клин за сопирање на синцирот: безбедносен уред којшто спречува неконтролирани движења на синцирот со запци во случај на дефект или разлабавување.
Н. Харпун: уред поставен напред, на местото за монтирање на лостот за наведување којшто служи како потпора кога е закачен за дрво или трупец.
I. Прстен за брзо затегнување на синцирот: (ако е предвидено).

J. Заштита за лостот: уред за покривање на пилата со синцир којшто се става врз лостот за наведување којшто се користи при носење, транспорт и преместување на машината.
К. Батерии (доколку не е доставен со машината, погледнете го пас. 15.1 "дополнителна опрема на барање): уред којшто овозможува електрично напојување за машината; нејзините одлики и условите за употреба се опишани во засебно упатство.
L. Полнач за батерија (доколку не е доставен со машината, погледнете го пас. 15.2 "дополнителна опрема на барање): уред што се користи за полнење на батеријата.
М. Копче за заегнување
N. Шина
О. Основа за напојување
Р. Отвор за предмети
Q. Доставени навртки

ВАЖНО Машината работи само кога се ставени двете батерии.

ВАЖНО Батериите може да се полнат директно на машината преку основата за напојување.

Етикетата за идентификација ги содржи следните податоци (сл. 2):

  1. Ниво на акустична моїност
  2. Ознака за усогласеност
  3. Месец / година на производство
  4. Тип на машината
  5. Напон на напојување
  6. Сериски број
  7. Име и адреса на производителот
  8. Код на производ
  9. Должина на лостот за наведување
  10. Опис на производот

Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.

ВАЖНО Користете ги дадените податоци за идентификација секојпат кога контактирате со овластен центар.

3.4 БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА

На машината има символи (сл. 2). Нивната задача е да го потсетуваат операторот на постапките што треба да ги следи внимателно и со задолжителни мерки за претпазливост.

Прочитајте го упатството пред да ја користите машината.

STIGA CS 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 1

Опасност! Оваа машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно.

STIGA CS 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 2

Внимание! Користетезаштита за уши, заштитни очила и заштитна кацига.

STIGA CS 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 3

Внимание! Носете ракавици и заштитни чевли!

STIGA CS 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 4

Опасност! Не изложувајте ја на дожд или влага.

STIGA CS 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 5

Опасност од контраудар! Контраударот предизвикува ненадејно движење без контрола врз моторната пила кон операторот. Секогаш работете безбедно. Користете синцир со безбедносни запци што го попречуваат контраударот.

STIGA CS 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 6

Внимание! Не држете ја никогаш машината само со една рака! Држете ја цврсто машината со двете раце за да имате контрола врз неа и да го намалите ризикот од контраудар.

STIGA CS 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 7

STIGA CS 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 8

Должина на лостот за наведување

STIGA CS 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 9

Извадете ја батеријата пред да извршите каква било контрола, чистење или интервенција за одржување/регулација на машината.

STIGA CS 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 10

Внимание! За батеријата и полначот за батерии, погледнете го приложениот прирачник

ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети од соодветен центар или од овластени сервисер.

4. МОНТИРАЊЕ

⚠️ Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината веројатно не се монтирани во фабриката, туку треба да се монтираат по вадење на амбалажата следејки ги следните упатства.

⚠️ Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејни секогаш соодветни алати. Не користете ја машината пред да завршите со сите постапни наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ“.

4.1 РАСПАКУВАЊЕ

  1. Отворете го пакувањето внимателно за да не ги расфрлите деловите.
  2. Прочитајте ја документацијата во кутијата каде се наведени овие упатства.
  3. Извадете ги од кутијата сите делови што не се монтирани.
  4. Извадете ја машината од кутијата.
  5. Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно локалните одредби.

⚠️ Пред да започнете со монтирање, проверете дали батериите не се поставени на своего место.

4.2 МОНТИРАЊЕ ОСНОВА ЗА НАПОЈУВАЊЕ (СЛ. 3)

ЗАБЕЛЕШКА Алатката може да биде обесена на сидот.

Батериите може да се полнат директно на машината преку основата за напојување (сл. 3. А).

ЗАБЕЛЕШКА Основата за напојување може да се прицврсти на сидот (сл. 3.B) (со доставените навртки, сл. 1.K).

4.3 МОНТИРАЊЕ НА ШИНАТА ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА СИДОТ (СЛ.4)

Штом ја поставите шината (сл. 1.H) на sidот (со доставените навртки), лизнете ја основата за напојување (сл. 4.A) и отворот за предмети (сл. 4.B)

4.4 МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ ЗА НАВЕДУВАЊЕ И НА СИНЦИРОТ СО ЗАПЦИ

⚠️ Секогаш носете масивни ракавици за работа нога ракувате со лостот и со синцирот. Обрнете максимально внимание при составување на лостот и синцирот за да не се нарушат безбедноста и ефикасноста на машината; во случај на несигурност, контактирајте со дистрибутерот.
Извршувајте ги сите операции откако ће ја извадите батериите.
⚠️ Пред да го поставите лостот, уверете се дека сопирачката за синцирот не е вметната (пас. 5.3).

  1. Завртете го копчето за напојување (сл. 5.A) и извадете го картерот на синцирот (сл. 5.B) за да дојдете до дискот за преносот и до лежиштето за лостот.

  2. Поставете го лостот (сл. 6.А) ставајки го клинот (сл. 6.В) на место (сл. 6.С) и свртете кон задниот дел на машината.

  3. Закосете ја машината за да обезбедите вметнување на синцирот околу запците (сл. 7).

  4. Поставете го синцирот (сл. 8.A) околу запците за влечење (сл. 8.B) и долж водилките на лостот (сл. 8.C), внимавајки да го почитувате правецот на монтирање.

STIGA CS 300e - МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ ЗА НАВЕДУВАЊЕ И НА СИНЦИРОТ СО ЗАПЦИ - 1

Правец на монтирање на синцирот

  1. Ако крајот на лостот е опремен со запци за одложување, внимавајте почетокот на влечењето за синцирот да се вметне правилно во празнините на запците (сл. 9).
  2. Ставете го картерот (сл. 10.A), без целосно да ја зацврстите навртката или копчето (сл. 10.B).
  3. Или вртете го прстенот (сл. 11.А) додека не постигнете правилна затегнатост на синцирот (сл.12) (пас. 6.1.3).
  4. Држејки го лостот подигнат, зашрафете го докрај регулаторот (сл.13.A).

5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА

5.1 КОМАНДА НА РАЧКАТА ЗА ЗАБРЗУВАЧОТ (сл. 14.А)

Дозволува активирање на синцирот. Активирањето на рачката за забрзувачот е можно само откако їе се притисне копчето за блокирање на забрзувачот (сл. 14.В).

Уредот со сечивото застанува автоматски со пуштање на рачката за забрзување.

5.2 КОПЧЕ ЗА БЛОКАДА НА ЗАБРЗУВАЧОТ (сл. 14.В)

Овозможува активирање на командата за забрзување (сл. 14.A).

5.3 СОПИРАЧКА ЗА СИНЦИРОТ

Систем за безбедно сопирање којшто го блокира движењето на синцирот во случај на повратен удар (контраудар) во текот на работата. Во случај на повратен удар за време на работата, како резултат на ненормален контакт на врвот на лостот и со насилно движење нагоре на лостот што ја носи раката да се удри во предната заштита (сл. 1.D). Треба рачно да ја деблокирате за да ја исключите сопирачката за синцирот.

STIGA CS 300e - СОПИРАЧКА ЗА СИНЦИРОТ - 1

Активирана сопирачка за синцирот. Ова се постигнува кога предната заштита а раката е целосно притисната напред.

STIGA CS 300e - СОПИРАЧКА ЗА СИНЦИРОТ - 2

Исклучена сопирачка за синцирот. Ова се постигнува кога задната заштита за раката е целосно повлечена назад кон телото на машината додека не се заглави.

He користете ја машината ако сопирачката за синцирот не работи правилно и контактирајте со застапникот за неопходна проверка.

6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

⚠️ Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

Пред да започнете со работа, неопходно е да спроведете серија контроли и операции за да обезбедите дека работата ће се одвива на ефикасен начин и со максимальна безбедност.

Пред секоја употреба, проверете го статусот на полнење на батериите следејки ги инструкциите посочени во упатството за батеријата.

ВАЖНО Машината работи само кога се ставени двете батерии.

6.1.2 Дополнување масло и подмачкување на синцирот

Пред да ја користите машината, дополнете масло за подмачкување на синцирот. За начинот и постапката при дополнување масло, видете пасус 7.3.

6.1.3 Контрола на затегнатоста на синцирот

Извршете ги сите операции со ислучен мотор и извадете ги батериите од нукиштето.

Носете секогаш заштитни ракавици за работа.

Затегнатоста е правилна кога, држејки го синцирот на средината на лостот, носачите на преносот не излегуваат од лежиштето (сл. 12).

За регулација на затегнатоста на синцирот:

  1. разлабавете го ракофатот (сл. 5.A);
  2. вртете го прстенот (сл. 11.А) додека не постигнете правилна затегнатост на синцирот;

STIGA CS 300e - Контрола на затегнатоста на синцирот - 1

  1. држејки го лостот подигнат, зашрафете го докрај регулаторот (сл. 13.A).

He работete со олабавен синцир за да не предизвикате опасни состојби во случаи кога синцирот може да излезе од запците.

ВАЖНО Во текот на правата употреба (или по замена на синцирот), неопходна е честа проверка заради проверка на лежиштето на синцирот.

6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ

Спроведете ги следните безбедносни контроли и проверете дали резултатите соодветствуваат со даденото во табелата.

⚠️ Секогаш проверувајте ги безбедносните контроли пред работа.

⚠️ Секогаш извршувајте дневна проверка на машината пред работата, по едно соборено дрво и по други потреби за да ги утврдите значителните штети или дефекти.

6.2.1 Општи безбедносни контроли

Предмет Резултат
Рачки и заштити Исчистени ,суви и без траги на масло и маст, фиксирани правилно и цврсто на машината.
Шрафови на машината и сечивото.Добро зашрафени (не разлабавени).
Отвори за воздух за ладењеБез пречки.
Лост за наведување Правилно поставен.
Синцир Наострен, неоштетен или изабен, поставен со правилна затегнатост.
Заштити Цели и без оштетувања.
Акумулатор Без никаквиоштетувања на кујиштето и без протекување на течност.
Машина Никаков знакна оштетување или изабеност.
Рачка за командата на забрзувачот, безбедносно копчеТреба да се движат слободно, без напор.
Пробна работаНема чудни вибрации. Нема чудни звуци
ДејствоРезултат
Вметнете ги батериите во куќиштето и активирајте ја команда на рачката за забрзувачот (сл. 14.А) (без да го притиснете копчето за блокада на забрзувачот (сл. 14.В).Рачката за командата на забрзувачот останува блокирана.
Притиснете го копчето за блокада на забрзувачот (сл. 14.В) и рачката за командата за забрзувачот (сл. 14.А).Рачките треба да се движат слободно и без примена на сила. Синцирот се движи.
Пуштете ја рачката за команда на забрзувачот (сл. 14.А) или притиснете го копчето за блокада на забрзувачот (сл. 14.В).Рачката се враćа автоматски и брзо во неутрална позиција. Синцирот застанува.
ПРОВЕРКА НА СОПИРАЧКАТА ЗА СИНЦИРОТ1. Запалете ја машината (пасус 6.3).2. Фатете ги цврсто рачките со двете раце.3. Стиснете ја командата за да го одржувате синцирот во движење, турнете ја напред предната заштита за раката со горната страна од дланката на десната рака (пасус 5.3).3. Синцирот треба да застане веднаш. Кога синцирот е застанат, пуштете ја веднаш рачката за командата на забрзувачот и откачете ја сопирачката за синцирот (пасус 5.3).

⚠️ Ако некој од резултатите не е ист нако што е посочено во табелата, не користете ја машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.

6.3 ПАЛЕЊЕ

ЗАБЕЛЕШКА Се препорачува користење на машината на температура помегу -10°C и 60°C.

ЗАБЕЛЕШКА Пред секоја употреба, осигурајте се дека капачето е вметнато (сл.16.А). Ова спречува прашината (струготините) да влезе во терминалот за полнење

He стартувајте ја машината кога е во состојба на полнење.

  1. Извадете ја заштитата за лостот (сл. 1.J).
  2. Проверете дали лостот и синцирот го допираат теренот или други предмети.
  3. Ставете ги батериите правилно (сл. 17.К) на своето место докрај сё додека не слушнете звук на кликнување што ја блокира на место и обезбедува електричен контакт.

ВАЖНО Машината работи само кога се ставени двете батерии.

  1. Извадете ја сопирачката за синцирот (пасус 5.3).
  2. Притиснете го копчето за блокада на забрзувачот (сл. 14.В) и рачката за командата за забрзувачот. (сл. 14.А).

6.4 РАБОТА

Пред да започнете со сечење и кастрење за првпат, неопходно е:

– да имате соодветна обука за користење на овој вид апарати;

– да сте ги прочитале безбедносните предочувања и упатството за користење што се составен дел на овој прирачник;

– да сте вежбале на мали грмушки на земја или фиксирани на соодветни потпори на начин што ње доведе до неопходната запознаеност со машината и со најчестите техники за сечење.

За да работите се машината, постапете како што следи:

  • Секогаш исклучувајте ја сопирачката за синцирот пред да го активирате забрзувачот.
  • Во текот на работата, машината секогаш мора да се држи цврсто со двете раце, со тоа што левата рака е поставена на предниот ракофат, а десната на задниот независно дали операторот е левучар или десничар.

STIGA CS 300e - РАБОТА - 1

Застанете ја веднаш машината ако ирот се блонира во текот на работата.

ЗАБЕЛЕШКА За време на работата, батеријата е заштитена од комплетно празнење преку заштитниот уред кој што ја ислучува машината и ја блокира работата.

ЗАБЕЛЕШКА Ако моторната пила престане да работи при сечењето, почекајте 15 минути- машината да се олади, а потоа рестартирајте ја.

  • Контрола на затегнатоста на синцирот
    При работа, синцирот подлежи на прогресивно издолжување и затоа треба често да ја проверувате неговата затегнатост (пасус 6.1.3).
  • Контрола на степенот на масло

ВАЖНО Не користете ја машината ако подмачкување!

STIGA CS 300e - Застанете ја веднаш машината ако ирот се блонира во текот на работата. - 1

Проверете дали лостот и синцирот се во позиционирани нога се врши контрола тепенот на масло.

Запалете го моторот (пасус 6.3) и проверете дали истуреното масло за синцирот се разнесува како што е прикажано на (сл. 18).

6.5 ШУМСКИ РАБОТИ

6.5.1 Кастрење дрво

STIGA CS 300e - Кастрење дрво - 1

Уверете се дека на просторот каде ће ат гранките нема луге.

  1. Поставете се од обратната страна во однос на гранката што ње ја сечете.
  2. Почнете со гранките што се најниско, продолжувајки кон највисоките гранки.
  3. Извршете го првото сечење одоздола нагоре (сл. 19.А). Кастрењето вршете го одозгора надолу, како што е прикажано на (сл. 19.В).

6.5.2 Сечење дрво

ВАЖНО Кога две или повеће лица истовремено изведуваат работи за сечење и цепкање, таквите операции треба да се изведуваат во засебни зони на растојание на 2,5 пати од висината на исеченото дрво. Не соборувајте го дрвото ако постои ризик да загрозите други лица, да удрите електричен вод или да предизвикате друга материјална штета. Во случај кога дрвото ће допре на далновод, препорачува веднаш да се повика компанијата што е надлежна за дистрибуција на ел. енергија.

Пред да сечете:

– потребно е да се земе во предвид природното закосување на дрвото, од страната на кој гранките се многу големи, како и правецот на ветрот, така што ќе се процени начинот на кој ќе пага дрвото,
- исчистете го дрвото од нечистотии, парчиња кора, клинци и метални парчиња и жици,
– исчистете ја областа околу дрвото и обезбедете добра потпора за нозете,
– подгответе соодветни патеки за повлекување без пречки. Патеките за повлекување треба да се подготвени за околу 45° во спротивниот правец од пагањето на дрвото (сл. 20) и треба да дозволуваат оддалечување на операторот во безбедна зона подалеку за 2,5 пати од висината на дрвото што треба да се собори;
– Стојте нагорно од теренот каде веројатно ће се изврти или падне дрвото по соборувањето.

нема

• Сечење во основа

  1. Поставете се оддесно на дрвото и зад моторната пила.
  2. Извршете го сечењето до 1/3 од дијаметарот на дрвото, вертикално во правецот на пагањето (сл. 21.A).

• Задно сечење за соборување

  1. Спроведете задно сечење за соборување на горно ниво на приближно 5 см од хоризонталното засекување (сл. 22.В).

  2. Извршете го задното сечење за соборување на начин да се ослободи довольно дрвна маса за навалување (сл. 22.С). Дрвната маса за навалување спречува движење со триење на дрвото и негово пагање во погрешен правец. Не сечете наспроти навалувањето.

  3. Без да го извадите лостот, постепено намалувајте ја постепено навлезеноста на дрвната маса додека не падне дрвото.

  4. Ако постои каков било ризик дрвото да падне во несакан правец или ако изгуби рамнотежа наназад и го превитка назабениот синцир, престанете со сечење пред завршување на задното сечење за соборување и употребете дрвени, пластични или алуминиумски клинови за да го отворите засекувањето и за да падне дрвото долж саканата линија за пагање (сл. 23.D) за да го отворите засекот. Оставете дрвото да падне долж саканата линија за соборување удирајки со чекан врз клинот.

  5. Кога дрвото їе почне да пага, треба да ја извлечете машината, да ја застанете (пасус 6.6), да ја ставите на земја и потоа да се оддалечите преку предвидениот пат за излез. Треба да внимавате на пагањето на гранките од висина и да внимавате каде стапнувате.

6.5.3 Кастрење на гранките на дрвото

Кастрење значи сечење на гранките од паднатото дрво.

⚠️ Обрнете внимание за точките на потпора за гранките на теренот, ако е можно да има отпор во правецот што може гранката да го заземе при сечењето и за можната нестабилност на дрвото по сечење на гранките.

Кога се кастри, треба да се остават задните поголемите гранки, за да го подржуваат стеблото на почвата.

Исечете ги малите гранки со еден потег (сл. 24.A). Најдобро е да се сечат гранките под отпорот и да се започне од дното кон нагоре за да се избегне превиткување на пилата со синцирот (сл 24.B).

6.5.4 Сечење стебло

Сечењето значи сечење на стеблото по должина.

Важно е да се обезбеди потпората под стапалата да биде цврста и тежината да биде распоредена еднакво на двете нозе. Ако е можно, се препорачува подигнување и одржување на стеблото на половина висина на гранките, стеблата и ластарките.

Сечењето на стеблото се олеснува со користење на харпунот (сл. 1.H):

  1. Забодете го харпунот во стеблото и од страната на харпунот изведете закривено движење со машината кое што ће дозволува лостот да навлезе во дрвото (сл. 25);
  2. повторете ја операцијата неколку пати ако тоа е потребно преместувајки ја точката на забодување на харпунот.

- Стебло положено на земја

Кога стеблото е положено на целата своја должна, треба да се сече одозгора (горно сечакње) (сл. 26.A).

– Засечете за половина од дијаметарот, потоа свртете го стеблото и завршете го сечењето од спротивната страна.

- Стебло положено на едниот крај

кога стеблото е положено само на едниот крај:

– треба да се сече 1/3 во дијаметар на страната што е наога долу (задно сечкање) (сл. 27.A);
– последователно треба се изврши финалното сечење, започнувајки со сечкање одгоре за да се дојде со првото сечење (сл. 27.В).

кога стеблото е положено на двата краја:

– треба да се сече 1/3 во дијаметар на страната што е наоға горе (горно сечкање) (сл. 28.A);
– последователно треба се изврши финалното сечење, започнувајки со сечкање одоздола за 2/3 подолу за да се дојде со првото сечење (сл. 28.B).

- Стебло на закосен терен

Кога се сече стебло на закосен терен, треба да се стои одгоре (сл. 29).

Во текот на работата, кога сечењето е завршено, за да се одржи контролата, притисокот на сечењето треба да се намали без да се ослободи притисокот врз рачките на машината. Треба да се спречи машината да дојде во контакт со почвата.

6.6 ЗАСТАНУВАЊЕ

За да ја запрете машината, ослободете ја командната рачка за забрзување (сл. 14.A).

⚠️ Нога ће ја пуштите рачката за командата на забрзувачот, ће поминат неколку секунди пред да застане синцрот со запците.

Секогаш запирајте ја машината кога се поместувате помеѓу зони на работа.

⚠️ При преместување, никогаш не држете го прстот врз безбедносното копче за да избегнете случајно палење.

6.7 ПО РАБОТАТА

  1. Кога машината не се полни, извадете ги батериите од ку́киштето;
  2. поставете ја заштитата на лостот (сл. 1.J);
  3. оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија;

  4. разлабавете го регулаторот за да се намали затегнатоста на ланецот (пасус 6.1.3);

  5. убаво исчистете ја машината од прашина и нечистотии и отстранете ги сите остатоци од сечењето и талозите од маслото од синцирот (пасус 7.6);
  6. проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки.

ВАЖНО Секогаш вадете ги батериите и ставете ја заштитата за сечилото секојпат кога ја оставате машината без надзор или нема да работите.

6.7.1 Отстранување на батериите

За да ги извадите батериите, притиснете го Ткопчето за блокирање за батеријата (сл. 30. С).

7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

7.1 ОПШТО

⚠️ Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

⚠️ Пред да извршите наква било контрола, исчистете или интервенирајте кај одржувањето/регулацијата на машината:

  • Запрете ја машината и исключете го моторот;
  • Почекајте да застане синцирот;
  • Извадете ги батеријата од лежиштето;
  • Ставете ја заштитата за лостот дури и при интервенција на самоот лост или на синцирот;
  • Проверете дали моторот е соодветно изладен;
  • Прочитајте ги соодветните упатства;
  • Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.

  • Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во „Табелата за одржување“. Табелата го прикажува опсегот што ќе ви помогне при одржување на ефикасноста и безбедноста на машината. Во неа се прикажани главните интервенции и предвидените интервали за секоја од ставките. Извршете ја соодветната постапка пред првата појава.

  • Употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални и/или не се правилно поставени, може да доведе до несакани ефекти врз работата и безбедноста

на машината. Производителот ја отфрла сета одговорност во случај на штети, инциденти или повреди предизвикани од такви производи.

- Оригиналните резервни делови се набавуваат во сервисните центри или кај авторизираните застапници.

ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација коишто не се опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.

7.2 ПОЛНЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ СО МАСЛО ЗА СИНЦИРОТ

ЗАБЕЛЕШКА Во близина на капачето за резервоарот со маслото за синцирот (сл. 31.А) го има следниот символ:

STIGA CS 300e - ПОЛНЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ СО МАСЛО ЗА СИНЦИРОТ - 1

Резервоар за масло за синцирот

ВАЖНО Користете ислучиво масло наменето за моторни пили или масло со адитиви за моторни пили. Не користете масло што содржи нечистотии за да не го запушите филтерот во резервоар трајно да ја оштетите пумпата за масло.

Користење масло од врвен квалитет е важен предуслов за одржување ефикасна подмачканост на сите делови за сечење; користење масло со лош квалитет го спречува подмачкувањето и го намалува времетраењето на синцирот и на лостот.

ВАЖНО Никогаш не вклучувајте го синцирот без довольно масло зашто така може да се оштети моторната пила и да ја загрози безбедноста.

Проверувајте ја количината масло во моторната пила со помош на индикаторот за ниво на маслото (сл. 31.B).

Ако нивото на маслото е ниско, дополнете следејки ги следните чекори:

  1. Отшрафете и извадете го капачето (сл. 31.A) на резервоарот за масло.
  2. Ставајте масло во резервоарот и следете го нивото преку индикаторот (сл. 31.В).
  3. Во резервоарот за масло не смее да навлезе нечистотија додека полните.
  4. Ставете го капачето за маслото и зашрафете го.

7.3 КОПЧЕ ЗА БЛОКИРАЊЕ НА СИНЦИРОТ

Проверете го клинот за запирање на синцирот пред секоја употреба (сл. 1.G) и проверете ја работата ако има оштетување.

7.4 ОТВОРИ ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ НА МАШИНАТА И НА ЛОСТОТ

Пред секојдневната работа, извадете го картерот (сл. 5.B), извадете го лостот и проверете дали отворите за подмачкување на машината (сл. 32.A) и на лостот за наведување (сл. 32.B) се блокирани.

7.5 НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ

  • Одржувајте ги шрафовите и навртките затегнати за да бидете сигурни дека машината е секогаш безбедна за работа.
  • Редовно проверувајте дали рачките се цврсто фиксирани.

7.6 ЧИСТЕЊЕ

7.6.1 Чистење на машината и на моторот

На крајот на секоја работа, исчистете ја машината детално од прав и остатоци при работа.

  • За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ги машината, а особено моторот од остатоци од лисја, гранки и прекумерно масло.
  • Секогаш чистете ја машината по употребата со чиста и мокра крпа потопена во неутрален детергент.
  • Отстранете ги сите траги на влага со мека и сува крпа. Влагата остава простор за ризик од електричен удар.
  • Не користете абразивни детергенти и растворувачи да ги исчистите пластичните делови или рачките.
  • Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
  • За да избегнете прегревање или оштетување на моторот и на батеријата, секогаш проверувајте дали решетката за воздух за ладење е чиста и без остатоци.

7.6.2 Чистење на синцирот

По секоја употреба, отстранете ги од синцирот сите траги од сечењето или талози од масло.

Во случај на големи нечистотии или замастеност, извадете го синцирот и оставете го да постои во сад со одреден детергент неколку часови. Потоа, исперете го во чиста вода и испрскајте го со соодветен спреј против корозија пред да го поставите на машината.

7.7 АКУМУЛАТОР

7.7.1 Автономија на батеријата

Автономијата на батеријата главно е условена со:

a. факторите на средината на работа коишто предизвикуваат најголема потрошувачка на батеријата:
– сечење на грмушки чии гранки се многу големи.
b. однесувањето на операторот кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во текот на работата;
– употреба на несоодветна техника за сечење во однос на работата што треба да се заврши (пасус 6.5).

За да се зголеми автономијата на батеријата, секогаш треба:

• сечете ја грмушката кога е сува;
- користете ја најсоодветната техника за работа.

Во случај да сакате да ја користите машината за многу долга работа и користите стандартни батерии, може:

- да набавите други две стандардни батерии да за да ги замените веднаш потрошените батерии без да треба да ја прекинувате работата.

7.7.2 Полнење на батериите директно на машината (сл. 33).

ЗАБЕЛЕШКА Пред полнење, отстранете го капачето (сл.16.B).

Батериите може да се полнат директно на машината поврзувајки го конекторот (сл. 33.A) со машината (сл. 33.B) преку основата за напојување.

Машината може да биде обесена на сидот:

  • прицврстувајки ја основата за напојување директно на сидот (сл. 33.I).
  • прицврстувајки ја шината на која се лизга основата за полнење и држачот за предмети на сидот (сл. 33.II).

⚠️ Поставете ја заштитата за лостот и активирајте ја сопирачната за синцирот пред да ја обесите машината на сидот.

Батеријата е опремена со заштита што го прекинува полнењето доколку температурата во средината не е помеѓу 0°C и 40°C.

ВАЖНО Батеријата може да се полни во с момент, дури и делумно, без ризик од оштетување.

Батериите се полнат делумно последователно, според дијаграмот:

ЗАБЕЛЕШКА Делумното полнење овозможува

користење на машината за да се заврши работата без да се чека целосно да се наполни.

8.2.1 Замена на синцирот со запци

Синцирот треба да се смени кога:

– должината на сечивата ће се намали за најмалку 5 мм;
– движењето на запците е тешко;
– брзината на сечење е бавна и повторените острења не ја подобруваат брзината на сечење. Синцирот е изабен.

з ВАЖНО По замената на синцирот, треба често да ја проверувате затегнатоста на синцирот за да го проверите лежиштето на синцирот.

ЗАБЕЛЕШКА

He

вадете

ГИ

батериите

додека.3

ОДРЖУВАЊЕ НА ЛОСТОТ ЗА НАВЕДУВАЊЕ

машината се полни.

ЗАБЕЛЕШКА Не стартувајте ја машината кога е во состојба на полнење.

8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ

8.1 КЛИН ЗА ПРЕНОС НА СИНЦИРОТ

Со помош на застапникот, редовно контролирајте ја состојбата на запците и заменете ги кога ње бидат изабени.

STIGA CS 300e - КЛИН ЗА ПРЕНОС НА СИНЦИРОТ - 1

Не монтирајте нов синцир со стар забец обратно.

8.2 ОДРЖУВАЊЕ НА СИНЦИРОТ СО ЗАПЦИ

STIGA CS 300e - ОДРЖУВАЊЕ НА СИНЦИРОТ СО ЗАПЦИ - 1

Од безбедносни причини и поради

ефикасност во работата, многу е важно уредот со сечивото да биде добро наострен.

STIGA CS 300e - ОДРЖУВАЊЕ НА СИНЦИРОТ СО ЗАПЦИ - 2

Секогаш носете масивни ракавици за

работа нога ракувате со лостот и со синцирот.

Острењето на синцирот е неопходно кога:

– струготините личат на прашина,
– сечењето се одвива со многу сила,
– сечењето не е линеарно,
– вибрациите се зголемени.

STIGA CS 300e - ОДРЖУВАЊЕ НА СИНЦИРОТ СО ЗАПЦИ - 3

Ако синцирот не е довольно наострен, постои ризик од противудар.

ЗАБЕЛЕШКА

Сите операции што се однесуваат

на лостот за наведување се работи што бара специфична компетентност со ангажирање соодветна опрема за да може работата да се изведе правилно; од безбедносни причини, секогаш е најдобро да се контактира продавачот.

За да се избегне асиметрично користење на лостот, потребно е тој периодично да се проверува.

За ефикасно одржување на лостот треба:

  1. да се подмачкуваат перничињата за одложување на запчаникот со приложениот шприц (ако има);
  2. да се исчисти жлебот на лостот со соодветна гребалка (не се доставува) (сл. 34.A);
  3. да се чистат отворите за подмачкување (сл. 34.B);
  4. со рамна турпија, да се извадат страничните наталожувања и да се порамнат евентуалните разлики во висината меѓу водилките.

8.3.1 Замена на лостот

Лостот треба да се смени кога:

– длабочината на запците ке биде пониска од висината на почетната точка на преносникот (кои никогаш не смее да допрат до долната страна);
– внатрешниот сид на водилката е искористен до точка на допирање врз ланецот.

9. ОДЛОЖУВАЊЕ

ВАЖНО

Препорачуваме острењето на синцирот

може 9.1а

ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА

да се одвива во специјализиран центар, се изведе со соодветни апарати кои обезбедуваат Minimalно распрскување на материи и с константно за сите видови сечења.

Кога машината треба да се одложи:

  1. Извадете ги батеријата од лежиштето.
  2. Ставете ја заштитата за лостот.
  3. Проверете дали моторот е соодветно изладен.

  4. Исчистете ја машината (пасус 7.4).

  5. Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте со овластен сервисер.
  6. Одложете ја машината:

– во сува просторија;
– и засолнета од лоши временски услови;
– и на место надвор од дофатот на децата;
– увервајки дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето;
– на собна температура помеѓу -20°C и 85°C.

  1. Машината може да биде обесена на сидот, директно (сл.33.1 - II).

ЗАБЕЛЕШКА Проверете дали sidот може издржи товар од најмалку 20 kg.

9.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА

Батеријата мора да се чува во затворени простории без влага, на температура помеѓу:

• 0°C - 60°C до 1 месец
• 0°C - 45°C до 3 месеци
• 0°C - 25°C до 1 година

ЗАБЕЛЕШКА Ако нема да ја користите подолг период, полнете ја батеријата секои два месеца за да ѯ се продолжи рокот на употреба.

10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ

Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосување на машината:

• Застанете ја машината;
- Почекајте да застане синцирот;
- Извадете ја батеријата од лежиштето и проверете го полнењето;
- Ставете ја заштитата за лостот.
- Проверете дали моторот е соодветно изладен;
- Носете заштитни ракавици;
- Фатете ја машината само за држачите и да се насочи лостот во правец спротивен од правецот на движење.

Кога ја носите машината со возило:

  • обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или синцири;
  • поставете ја на начин да не претставува опасност за никого.

Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите интервенции за регулација и одржување што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејки знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајки го во предвид првобитниот степен на безбедност и условите на машината.

Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот. да

  • Само овластените сервиси за помош може да ги извршуваат поправките и одржувањето што се под гаранција.
  • Овластените сервисни центри користат само оригинални резервни делови. Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
  • Резервните делови и дополнителната опрема што не одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема што не се оригинални ја поништуваат гаранцијата.
  • Препорачуваме да ја однесете машината еднаш годишно во овластен сервис за одржување, помош и контрола на безбедносните уреди.

12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА

Гаранцијата ги покрива сите штети на материјалите и производството. Корисникот треба внимателно да ги следи сите упатства кои се дадени до приложената документација.

Гаранцијата не ги покрива штетите настанати затоа што:

  • Не сте се запознале со приложената документација.
  • Не сте внимателни.
  • Употребата и монтирањето не се правилни или конзистентни.
  • Се користат резервни делови коишто не се оригинални.
  • Се користи дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот.

Гаранцијата не покрива и:

  • нормално абење на потрошните материјали како што се уредот со сечивото, безбедносните светла.
  • Нормално абење.

Купувачот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на купувачот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.

  1. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Интервенција Период
Првпат Последователно секои
МАШИНА
Контрола на сите фиксирања- Предсекоја употреба
Безбедносни контроли / проверка на командите- Предсекоја употреба
контрола на клинот за запирање на синцирот- Предсекоја употреба
Општо чистење и контрола- На крајот на секоја употреба
Чистење на синцирот- На крајот на секоја употреба
Проверка на отворите за подмачкување на машината и на лостот- Предсекоја употреба
Проверка на клинот за пренос на синцирот- Еднаш месечно
Одржување на синцирот--
Одржување на лостот--
Надополнување на нивото на маслото за синцирот- Предсекоја употреба

* Работа што треба да ја изведе застапникот или специјализиран центар за сервисирање.

  1. НЕСООДВЕТНА РАБОТА
НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
1. Со притискање на рачката за контрола на гаста и копчето за заклучување, машината не се вклучува.Нема батерија или не е ставена правилноПроверете дали батериите се правилно поставени.
Празна батерија Проверувајте јасостојбата на наполнетост и наполнете ги батериите.
Машината е оштетена. Не користете ја машината, извадете ги батериите и обратете се во сервисен центар.
2. Моторот се гаси во текот на работатаБатеријата не е правилно вметнатаПроверете дали батериите се правилно поставени.
Празна батерија Проверувајте јасостојбата на наполнетост и наполнете ги батериите.
Машината е оштетена. Не користете ја машината, извадете ги батериитеи обратете се во сервисен центар.
Активатори за заштита на моторотПочекајте 15 минути за да се олади машината, па рестартирајте ја.
3. Синцирот не се движи со активирани копче за блокада на забрзувачот и рачката за командата за забрзувањеПрекумерна затегнатост на синциротКоригирајте ја затегнатоста на синцирот.
Проблеми со лостот и синциротПроверете дали синцирот се движи слободно и дали лостот има деформирани водилки.
Машината е оштетена. Не користете ја машината.Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во овластен сервисен центар.
4. Синцирот на крајниот дел на лосото е врел и испушта дим.Прекумерна затегнатост на синциротКоригирајте ја затегнатоста на синцирот.
Празен резервоар за подмачкување.Наполнете го резервоарот со масло за подмачкување .
5. Моторот работи неправилно или нема моќ врз оптоварувањетоПроблеми со лостот и синциротПроверете дали синцирот се движи слободно и дали лостот има деформирани водилки.
6. Не тече маслоМасло со незадоволителен квалитетСо студен мотор, испразнете го резервоарот. Исплакнете ги резервоарот и цевките со течен детергент и ставете масло.
Затнати отвори за подмачкувањеДа се чистат отворите за подмачкување.
7. Машината удрила во страни предмети.Оштетување или разлабавени деловиЗастанете ја машината.Проверете дали има оштетувања Проверете дали деловите се разлабавени и затегнете ги Извршете ги проверките, замените или поправките во авторизиран центар.
8. Има бучава и/или прекумерни вибрации во текот на работатаРазлабавени или оштетени деловиЗапрете ја машината, извадете ги батериите и:- проверете ги оштетувањата,- проверете дали деловите се разлабавиле и затегнете ги,- обезбедете замена или поправка на оштетените делови со резервни делови со соодветни карактеристики.
9. Машината испушта дим во текот на работатаМашината е оштетена. Не користете ја машината.Веднаш запрете ја машината, извадете ги батериите и обратете се во овластен сервисен центар.
10. Автономијата на батеријата е незадоволителнаУсловите за работа се многу тешки и бараат поголема потрошувачка на енергијатаПодобрете ја употребата
Батеријата не е доволна за работниките потребиКористете други батерии
Намален капацитет на машинатаНабавете нова батерија.
11. Полначот не јаполни батеријатаБатериите не се правилновметнати во полначот илиприключокот не е правилноповрзан со машинатаПроверете далипоставеноста е точна.
Условите во средината заработа не се соодветниВклучете го полнењетово средина со соодветнатемпература (видете гоупатството за употребаза батеријата/полначот забатеријата).
Нечисти контакти Исчистете ги контактите.
Нема напон кај полначотна батеријатаПроверете дали приключокот евметнат и дали има довод на ел.енергија.
Полначот на батеријатаима дефектЗаменете го дефектниотдел со оригинален.
Батеријата е прежешкаили престудена.Доведете ја батеријата наАмбиентална темпераураод 4 до 40°C
Ако истиот опстојува, проверете го упатството за батеријата /полначот за батеријата.

Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените операции.

Има батерии со различен квалитет наменети за одредени работни задачи.

Списокот со батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наога во табелата „Технички податоци“.

15.2 ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИЈА (СЛ. 36)

Има разни уреди за полнење на батериите.

Списокот со полначи за батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наога во табелата „Технички податоци“.

15.3 ЛАНЦИ И СИНЦИРИ

Во „Табелата за правилна комбинација на ланецот и синцирот“ наведени се сите можни комбинации на ланецот и синцирот. Оваа табела ги посочува и другите характеристики на синцирите и лостовите соодветни за секоја од машините.

Користете ги само лостовите и синцирите дадени во табелата кога треба да ги смените. Употреба на комбинации коишто не се

одобрени може да предизвикаат сериозни лични повреди и да ја оштетат машината.

⚠️ Ако изворот, примената и употребата на лостот и синцирот ги направи самиот корисник по сопствен избор, тогаш тој самиот ја презема целата одговорност за последователните оштетувања што произлегуваат од таа постапка. Ако се двоумите или не ги познавате одликите на лостот или синцирот, треба да се обратите кај застапникот или во специјализиран сервисен центар.

INHOUDSOPGAVE

  1. ALGEMEEN .... 1
  2. VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN ....2
  3. LEER DE MACHINE KENNEN....6

МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : STIGA

Модел : CS 300e

Категорија : Пила