BOSCH GEX 150 AVE - брусилка

GEX 150 AVE - брусилка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GEX 150 AVE BOSCH во PDF формат.

📄 221 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GEX 150 AVE - page 157
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GEX 150 AVE BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GEX 150 AVE - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GEX 150 AVE на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GEX 150 AVE BOSCH

3 – 4 средна честота на вибрации

5 – 6 висока честота на вибрации

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

BOSCH GEX 150 AVE - Општи предупредувања за безбедност за електрични алати - 1

ПРЕДУПРЕДУВА ЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни

предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат.

Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.

▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или ислучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.

▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.

▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под

дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широко облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни

Употреба и чување на електричните алати

158 | Македонски

безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.

Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

Безбедносни напомени за брусилки

▶ Користете го електричниот алат само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Внимавајте на тоа лицата да не се во опасност поради искри што летаат. Тргнете ги запаливите материјали од близина. При брусење на материјали постои опасност од искрите што летаат.
▶ Внимание опасност од пожар! Избегнувајте прегревање на парчето што се бруси и брусилката. Пред да направите пауза во работата, секогаш испразнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето во торбата за прав, микро честичките, хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав) може да се запали при неповолни услови, како на пр. летање на искри при брусење на метали. Особена опасност постои, доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од лак, полиуретан или други хемиски материјали и доколку

парчето што се бруси се вжешти по долготрајна работа.

▶ Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот влече прав во кукиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрични опасности.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GEX 150 AVE - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или

тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за суво брусење на дрво, пластика, метал, шпахтел маса како и лакирани површини.

Електричните алати со електронска контрола исто така се погодни за полирање.

Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(2) Завртка за дополнителна рачка ^4
(3) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на осцилации
(4) Прекинувач за включување/исклучување
(5) Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување
(6) Филтер (микро-фильтер систем) ^4
(7) Целосна кутија за прав (микро-филтер систем) A)
(8) Брусен диск
(9) Рачка (изолирана површина на рачката)
(10) Сечило за пила ^4

(11) Завртка за брусниот диск
(12) Млазници за издувување
(13) Црево за всисување ^A)

A) Ипустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Ексцентрична брусилка GEX 125 AVE GEX 150 AVE GEX 125-150 AVE
Број на дел/артикл3 601 C7B 0.. 3 601 C7B 1.. 3 601 C7B 1..
Брусни дискови во испорачаната пратка
– Дијаметар 125 мм ● – ●
– Дијаметар 150 мм – ● ●
Претходен избор на бројот на осцилации ● ● ●
Номинална јачина W 400 400 400
Број на вртежи во празен од n_o мин^-1 5500 -12000 5500 -12000 5500 -12000
Број на осцилации во празен од мин ^-1 11000 -24000 11000 -24000 11000 -24000
Дијаметар на осцилаторниот круг mm 4 4 4
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014kg2,42,4
Класа на заштита / II / II

Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-4.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: 82 dB(A); ниво на звучна јачина 93 dB(A). Несигурност K = 1,5 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-4:

ПрименаСтепен на број на осцилацииСила на притискање [N] a_h [m/s2]K [m/s2]
Мерење според EN 62841-2-4за брусилки (со брусна хартија гранулација 180):
Брусење со максимален капацитет на отстранување6502,51,5
Меfyбрусење на лакирани површини5-610-202,51,5
Фино брусење на меко дрво5-60-102,51,5
Фино брусење на цврсто дрво5-610-202,51,5
Фино брусење на фурнир5-610-202,51,5
Брусење на стари бои и лазури5-630-402,51,5
Брусење на метали5-630-402,51,5
Брусење на шпахтел маса5-620-302,51,5
Брусење на рабови на дрво и фурнир3-40-105,51,5
Меfyбрусење на лакирани површини на рабовите3-40-105,51,5
Брусење на термопластични материјали1-20-107,51,5
Мерење според EN 62841-2-4за алат за полирање (со јагнешко крзно за полирање):
Полирање10-103,52,5

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според

мерни постапки нормирани во EN 62841 и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така

160 | Македонски

може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во

моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни листови:

Материјал Примена Гранулација
best ▲Paint– Боја– Лак– Материјал за полнење– Шпахтел масаЗа брусење на боја грубо 4060
За брусење на претходно намачкана боја (на среден 80пр. за израмнување на нерамнини одчетката, капки боја и извалкани места)100120
За крајно брусење на основната боја пред лакирање240320400
best ▲WoodExpert for Wood– Сите дрвени материјали (на пр. цврсто, меко дрво, иверки, градежни плочи)Best for Wood– Цврсто дрво– Иверки– Градежни плочи– Метални материјалиЗа претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даскигрубо 4060
За рамно брусење и израмнување на мали нерамнини100120
За завршно и фино брусење на дрво фино 180240320400
best ▲Stone– Авто лак– Камен– Мермер– Гранит– Керамика– Стакло– Плексиглас– СтаклопластикаЗа претходно брусење грубо 80120
За обликување и кршење на рабови среден 100
За фино брусење при обликување фино 180
Мазно брусење и обликување на рабови многу фино6001200

За вадење на сечилото за пила (10) подигнете го странично и извлечете го од брусниот диск (8).

Пред да ставите ново сечило за пила, отстранете ја нечистотијата и правта од брусниот диск (8), на пр. со четкичка.

Површината на брусниот диск (8) се состоит од лепенка, така што сечилата за пила со лепенка може брзо и едноставно да се прицврстат.

Цврсто притиснете го сечилото за пила (10) на долната страна на брусниот диск (8).

За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на сечилото за пила да одговараат со дупките на брусниот диск.

Во зависност од употребата, електричниот алат може да се опреми со брусни дискови со различна цврстина:

– Екстра меки брусни дискови: соодветни за полирање и удобно брусење, и на заoblени површини.

– Меки брусни дискови: соодветни за сите брусења, се поставуваат универзално.

– Цврсти брусни дискови: соодветни за висок брусен капацитет на рамни површини.

Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни дискови (8).

Извлечете го брусниот лист одн. алатот за полирање. Целосно одвртете ја завртката (11) извадете го брусниот диск (8). Ставете го новиот брусен диск (8) и повторно затегнете ја завртката.

Напомена: При поставувањето на брусниот диск внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во отворите на брусниот диск.

Напомена: Оштетениот носач на брусен диск смее да се замени само од овластена сервисна служба за електрични алати на Bosch.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

Сопствено всисување со кутија за прав (види слики C-G)

Ставете ја кутијата за прав (7) на млазниците за издувување (12). Притоа завртете ја така што жлебовите на кутијата за прав ће налегнат во млазниците за издувување и ће слушнете кога кутијата за прав се вклопи.

Нивото на наполнетост на кутијата за прав (7) може лесно да се контролира преку транспарентниот резервоар.

За да ја испразните кутијата за прав (7) извлечете ја со лесно вртење наназад.

Одвртете го филтерот (6) и извлечете го од кутијата за прав (7). Испразнете ја кутијата за прав.

Лесно тропнете со филтерот (6) на цврста подлога, за да падне правта. Исчистете ги ламелите на филтерот (6) со мека четка.

Напомена: За да овозможите оптимално всисување на прав, редовно празнете ја кутијата за прав (7) и редовно чистете го филтерот (6).

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што кутијата за прав (7) ке покажува надолу.

Надворешно всисување (види слика Н)

Ставете едно црево за всисување (13) на млазниците за издувување (12). Ставете го цревото за всисување (како што е прикажано на сликата) на млазниците за издувување, така што страничните отвори на млазниците за издувување ће останат слободни. Со тоа се спречува блокирање на електричниот алат за време на брусењето на делот што се обработува и се спречува оштетувањето на квалитетот на површината на истиот.

Поврзете го цревото за всисување (13) со всисувач за прашина (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав їе го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што цревото за всисување їе покажува надолу.

Дополнителна рачка

Дополнителната рачка (1) овозможува удобно ракување и оптимална распределба на јачината, пред се при отстранување на голема количина материјал при брусење.

Прицврстете ја дополнителната рачка (1) со завртката (2) на кукиштето.

162 | Македонски

Употреба

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.

Вклучување/исклучување

▶ Проверете дали можете да го притиснете прекинувают за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (4).

За фиксирање на прекинувают за вклучување/ исклучување (4) држете го истиот притиснат и дополнително притиснете на копчето за фиксирање (5).

За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувают за вклучување/исклучување (4). При фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (4), најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.

Претходно избирање на број на осцилации

Со копчето за подесување на бројот на осцилации (3) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.

1 – 2 низок број на осцилации

3 – 4 среден број на осцилации

5 – 6 висок број на осцилации

Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Кочница на брусниот диск

Вградената кочница на брусниот диск го намалува бројот на осцилации при празен од, така што при ставањето на електричниот апарат на делот што се обработува, се спречува создавањето на гребнатини.

Доколку бројот на осцилации при празен од постојано се накачува со текот на времето, тоа значи дека брусниот диск е оштетен и мора да се замени или пак значи дека кочницата на брусниот диск е истрошена. Истрошената кочница на брусниот диск мора да се замени од страна на овластена сервисна служба за Bosch-електрични алати.

Совети при работењето

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.

▶ Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.

Брусење на површини

Включете го електричниот алат, поставете го со целата површина за брусење на подлогата што се обработува и движете го со благ притисок преку парчето што го обработувате.

Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на избраниот број на осцилации и притисокот на површината.

Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат.

Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.

Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусниот лист.

Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.

Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.

Грубо брусење

Поставете брусен лист со груба гранулација.

Лесно притиснете го пневматскиот алат, за да работи со поголем број на осцилации и да се постигне поголем капацитет на отстранување на материјалот.

Фино брусење

Поставете брусен лист со фина гранулација.

Со мала варијација на притисокот одн. промена на степенот на број на осцилации може да го намалите бројот на осцилации на брусниот диск, при што се задржува ексцентричното движење.

Движете го електричниот алат со рамномерен притисок кружно по површината или наизменично по должна или попречно на делот што се обработува. Не го накосувајте електричниот алат, за да го избегнете брусењето низ делот што се обработува, на пр. фурнир.

По завршување на работниот процес исключете го електричниот алат.

Полирање

За полирање на лакови оштетени од времето или полирање на гребнатини (на пр. акрилно стакло) електричниот алат може да се опреми со соодветните алати за полирање како јагнешко крзно за полирање, филц или сунʃер за полирање (опрема).

При полирањето изберете низок број на осцилации (степен 1 –2), за да избегнете прекумерно загревање на површината.

Доколку сакате да полирате, нанесете ја политурата на помала површина. Средството за полирање нанесете го со соодветен алат за полирање со вкрстени и кружни движења и масивен притисок.

Оставете да се осуши средството за полирање на површината, инаку таа би можела да се оштети. Никогаш не ја изложувајте исполираната површина на директно сончево зрачење.

Редовно чистете ги алатите за полирање, за да обезбедите добри резултати од полирањето. Исперете ги

алатите за полирање со нежно средство за перење и топла вода, не користете средства за разредување.

Табела на примена

Податоците во приложената табела се препорачани вредности.

Најдобрата комбинација за обработка може да ја одредите со практичен обид.

Примена Гранулација(грубо брусење / фино брусење)Степен на број на осцилации
Меѓубрусење на лакирани површини 120/400 5/6
Лак/лазура 40/80 5/6
Меко дрво 40/240 5/6
Цврсто дрво 60/320 5/6
Фурнир 240/320 5/6
Алуминиум 80/240 5
Челик 60/240 5
Отстранување на 'ríата од челикот 40/120 6
челик без 'ríа 120/240 5
Камен 80/200 6

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Македонија

Д.Д.Електрис

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GEX 150 AVE - Македонија - 1

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според Европската регулатива 2012/19/EY за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GEX 150 AVE

Категорија : брусилка