BOSCH GLI 18V300 Professional - Ламба

GLI 18V300 Professional - Ламба BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLI 18V300 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 226 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GLI 18V300 Professional - page 165
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLI 18V300 Professional

Категорија : Ламба

Преземете ги упатствата за вашиот Ламба во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLI 18V300 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLI 18V300 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLI 18V300 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Безбедносни напомени за батериската светилка Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. u Ракувајте внимателно со батериската светилка. Батериската светилка создава јака топлина, која може да доведе до зголемена опасност од пожар или експлозија. u Со батериската светилка не работете во околина каде има опасност од експлозија. u По автоматското исклучување на батериската светилка не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали батериската светилка е изладена пред повторно да ја вклучите. u Користете само оригинална Bosch опрема. u Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата батериска светилка. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се

Bosch Power Tools 1 609 92A 7NT | (21.04.2022)166 | Македонски u Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. u Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар. u Пред каква било интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од батериската светилка. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. u Не ги користете батериските светилки во сообраќајот. Батериските светилки не се дозволени за осветлување во сообраќајот. u Не ја покривајте главата на светилката, доколку батериската светилка работи. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина. u Не им дозволувајте на децата да ја користат батериската светилка. Таа е наменета за професионална употреба. Децата можат од невнимание да се заслепат себеси или други лица. Опис на производот и перформансите Наменета употреба Батериската светилка е наменета за преносливо, просторно и временски ограничено осветлување во внатрешен и надворешен простор и не е погодна за вообичаено осветлување на простории. 1 609 92A 7NT | (21.04.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 167 Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на батериската светилка на графичката страница. (1)

(2) Копче за отклучување на батеријата

(3) Глава на светилката (4) Прекинувач за вклучување/исклучување (5) Кука за закачување (6) Рачка (изолирана површина на рачката)

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Батериски светилки GLI 18V-300 Број на дел 3 601 DA1 1.. Номинален напон V 18 Времетраење на светлината, околу min/Ah 300 Макс. вкупен светлосен флукс Im 300 Препорачана околна температура при

Полнење на батеријата (опрема) u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се совпаѓаат со литиум-јонската батерија што се користи за вашата батериска светилка. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку батеријата е испразнета, батериските светилки се исклучуваат со заштитен прекинувач. u По автоматското исклучување на батериската светилка не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали батериската светилка е изладена пред повторно да ја вклучите. За да ја извадите батеријата (1) притиснете на копчињата за отклучување (2) и извлечете ја батеријата од батериската светилка. Притоа не употребувајте сила. Внимавајте на напомените за отстранување. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку батериската светилка е исклучена. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. 1 609 92A 7NT | (21.04.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 169 Тип на батерија GBA 18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60−100% Трајно светло 2× зелено 30−60% Трајно светло 1× зелено 5−30% Трепкаво светло 1× зелено 0−5% Тип на батерија ProCORE18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80−100 % Трајно светло 4× зелено 60−80 % Трајно светло 3× зелено 40−60 % Трајно светло 2× зелено 20−40 % Трајно светло 1× зелено 5−20 % Трепкаво светло 1× зелено 0−5 %

Ставање во употреба Ставање на батеријата Ставете ја наполнетата батерија (1) во прифатот за батерија , додека не почувствувате да се вклопи. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на батериската светилка, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(4). За да ја исклучите батериската светилка, одново притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(4). Bosch Power Tools 1 609 92A 7NT | (21.04.2022)170 | Македонски Совети при работењето Куки за закачување (видисликаA) Со куките за закачување(5) можете да ја прицврстите батериската светилка на

Навалување на главата на светилката (видисликаB) Соодветно на употребата, главата на светилката(3) може да се навали во 6 степени. Можни употреби се на пример: – осветлување на просторијата – осветлување на работниот простор без отсјај – осветлување на подот Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред каква било интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од батериската светилка. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Батериската светилка не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат. Исчистете го стаклото на батериската светилка со сува, мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не користете средства за чистење или раствори. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема. За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10- цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје 1 609 92A 7NT | (21.04.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 171 Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под: www.bosch-pt.com/serviceaddresses

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални

Отстранување Батериските светилки, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте батериските светилки и батериите во домашната канта за

Само за земјите од ЕУ: Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, батериските светилки Bosch Power Tools 1 609 92A 7NT | (21.04.2022)172 | Srpski што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.