BOSCH

GKM 18 VLI Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GKM 18 VLI Professional BOSCH во PDF формат.

📄 269 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GKM 18 VLI Professional - page 183
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GKM 18 VLI Professional

Категорија : Пила

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GKM 18 VLI Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GKM 18 VLI Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GKM 18 VLI Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

Bosch Power Tools 1 609 92A 5YV | (16.09.2021)184 | Македонски u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од

u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за кружни пили Постапки на сечење u ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку од површината за сечење и од сечилото. Доколку ја држите пилата со двете раце, нема да се исечете со

u Не посегнувајте под делот што се обработува. Заштитниот поклопец не може да ве заштити од 1 609 92A 5YV | (16.09.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 185 сечилото доколку посегнете под делот што се обработува. u Прилагодете ја длабочината на сечење според дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува треба да се гледа помалку од половина запчаник од сечилото. u Никогаш не го држете делот што се обработува во рака, и не го поставувајте преку нога за време на сечењето. Поставете го делот што се обработува на стабилна платформа. Многу е важно правилно да ја изведувате работата, за да ја минимизирате изложеноста на телото, заглавувањето на сечилото или губењето контрола. u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за сечилото да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со жица под напон, може да ги изложи металните делови на електричниот алат под напон и операторот може да добие струен удар. u При процесот на сечење по должина, секогаш користете паралелен граничник или аголен граничник. Ова ја подобрува прецизноста на сечењето и ги намалува шансите за извиткување на

u Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупките. Сечилата што не се совпаѓаат со монтираниот тврд дел на пилата, ќе се поместат надвор од центарот и ќе изгубите контрола. u Никогаш не користете оштетени или неправилни подлошки за сечила или гвинтови. Подлошките за сечила и гвинтовите се специјални изработени за вашата пила, за оптимално и безбедно работење. Одбивање и слични предупредувања - одбивањето е ненадејна реакција на делот што се обработува заради приклештено, заглавено или нерамномерно сечило на пилата, предизвикувајќи пилата да излезе од лежиштето и да отскокне кон операторот; - кога сечилото цврсто се приклештува или заглавува поради затворање на лежиштето, тоа се гаси и моторната реакција брзо ја враќа единицата кон операторот; –доколку сечилото се превитка или се измести за време на сечењето, запчаниците на задниот раб од сечилото може да се закопаат во горниот дел на дрвото предизвикувајќи тоа да излезе од лежиштето и да отскокне кон операторот. Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки наведени подолу. u Цврсто држете ја пилата и поставете ги рацете така што ќе бидат отпорни на силите на одбивањето. Поставете го телото на едната страна од сечилото, но никако паралелно со него. Одбивањето може да предизвика пилата да отскокне наназад, но операторот може да ги контролира силите на одбивање доколку ги преземе соодветните мерки за претпазливост. u Кога сечилото се навалува или кога прекинува сечењето од која било причина, отпуштете го активаторот и држете го уредот неподвижен сѐ додека сечилото целосно не запре. Никогаш не ја отстранувајте пилата или не ја вметнувајте додека сечилото е во движење бидејќи може да дојде до одбивање. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за навалување на сечилото. u При рестартирање на пилата додека се наоѓа во делот што се обработува, насочете ја кон центарот на засекот така што запците да не го зафаќаат материјалот. Ако пилата се навали, може да се приближи или да се одбие од работното парче додека е во процес на рестартирање. u Потпрете ги големите делови што се обработуваат за да го намалите ризикот од приклештување или одбивање на сечилото. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под двете страни на делот што го обработувате, покрај линијата на засекот и покрај работ на делот што го обработувате. u Не користете тапи или оштетени сечила. Ненаострени или несоодветно поставени сечила прават тесни засеци создавајќи прекумерно триење, извиткување на сечилото или одбивање. u Длабочината на сечилото и рачките за прилагодување на косината мора да се прицврстат и да се осигураат пред да се направи засекот. Ако прилагоденото сечило се подигне за време на сечењето, може да предизвика навалување и

u Обрнете дополнително внимание при сечење во постоечки ѕидови или други празнини. Испакнато сечило може да пресече предмети кои може да предизвикаат одбивање. Функција на долен заштитен поклопец u Пред секоја употреба проверете дали е правилно затворен долниот штитник. Не работете со пилата доколку долниот штитник не може слободно да се движи и веднаш се затвора. Никогаш не го стегајте или не го врзувајте долниот штитник додека е отворен.Ако пилата случајно падне, долниот штитник може да се извитка. Подигнете го долниот штитник со повлекување на рачката, и уверете се дека слободно се движи, и не го допирајте сечилото ниту некој друг дел, на аглите и длабочината на засекот. u Проверете ја работата на пружината на долниот заштитен поклопец. Доколку заштитниот поклопец и пружината не функционираат правилно, мора да се сервисираат пред употреба. Долниот заштитен поклопец може побавно да работи поради оштетени делови, лепливи наслаги или наталожена нечистотија. Bosch Power Tools 1 609 92A 5YV | (16.09.2021)186 | Македонски u Долниот штитник може рачно да се повлече за одредени засеци, како што се „убодни засеци“ и „аголни засеци”. Подигнете го долниот штитник со повлекување на рачката, и кога сечилото ќе го пробие материјалот, долниот штитник мора да се отпушти.За сите останати засеци, долниот штитник автоматски ќе работи. u Секогаш внимавајте долниот штитник да го покрива сечилото пред да ја спуштите пилата на работна маса или на под.Незаштитено, разлабавено сечило ќе предизвика враќање на пилата наназад, и сечење на сѐ со што ќе дојде во допир. Внимавајте на времето што му е потребно на сечилото откако прекинувачот ќе се ослободи. Дополнителни безбедносни напомени u Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови. u Не работете со пилата над глава. Тогаш немате доволна контрола врз електричниот алат. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u Не го фиксирајте електричниот алат. Тој не е предвиден за работа на маса за сечење. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат. u Носете маска за заштита од прав. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за сечење на црни метали до длабочина на сечење од 50mm. Електричниот алат не е наменет за обработка на дрвени материјали. При мешање на жешки метални и дрвени струготини постои опасност од пожар. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Копче за блокирање на вретеното (2) Заштитен капак со сад за собирање струготини (3) Куки за закачување (4) Скала за подесување на длабочината на сечење (5) Клуч со внатрешна шестаголна глава (6) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) Прекинувач за вклучување/исклучување (8) Копче за отклучување на батерија

(10) Затезен лост за претходно бирање на длабочината

(11) Куќиште на моторот (12) Ознака на резот 0° (13) Основна плоча (14) Паралелен граничник

(15) Рачка (изолирана површина на рачката) (16) Затезна завртка со подлошка (17) Стезна прирабница (18) Сечило за кружна пила

(19) Приклучна прирабница (20) Вретено на пилата 1 609 92A 5YV | (16.09.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 187 (21) Осцилаторен заштитен капак (22) Лост за подесување на осцилаторен заштитен

(24) Капак на садот за собирање струготини (25) Механизам за заклучување на садот за собирање

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Рачна кружна пила GKM 18V-50 Број на дел 3601FB80.. Номинален напон V 18 Број на вртежи во празен

макс. длабочина на резот

– при агол на косо сечење

mm 105x200 макс. дијаметар на сечилото за пила mm 136 макс. дебелина на сечилото

Мерено при 20−25°C со батеријаGBA 18V 5.0Ah. B) Ако се користи батеријата ProCORE18V 12.0Ah, за време на обработката таа налегнува на делот што се обработува. Тогаш не може да се достигне максималната длабочина на

C) Ограничена јачина при температури <0 °C. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN62841-2-5. Нивото на звук на електричниот алат оценето соА типично изнесува: ниво на звучен притисок 97dB(A); ниво на звучна јачина 108dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со EN62841-2-5: Сечење метал: a

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

u Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен

Bosch Power Tools 1 609 92A 5YV | (16.09.2021)188 | Македонски Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен алат. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе. u По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се

Внимавајте на напомените за отстранување. Вадење на батеријата Батеријата (9) има два степени на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата (8). Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. За да ја извадите батеријата (9) притиснете на копчињата за отклучување (8) и извлечете ја батеријата наназад од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Тип на батерија GBA 18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60−100% Трајно светло 2× зелено 30−60% Трајно светло 1× зелено 5−30% Трепкаво светло 1× зелено 0−5% Тип на батерија ProCORE18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80−100 % Трајно светло 4× зелено 60−80 % Трајно светло 3× зелено 40−60 % Трајно светло 2× зелено 20−40 % Трајно светло 1× зелено 5−20 % Трепкаво светло 1× зелено 0−5 % Ставање/менување на сечилото за кружната

u Пред било каква интервенција на електричниот алат извадете ја батеријата. u При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда. u Користете само сечила за пила со дијаметар од мин. 130mm и макс. 136mm. u Во никој случај не користете дискови за брусење како алат за вметнување. u Користете само листови на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN847-1 и се соодветно означени. Бирање на сечилото за пила Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство. Демонтирање на сечилото за пила (види слика A) При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на

– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (1) и држете го притиснато. u Копчето за блокирање на вретеното (1) активирајте го само доколку вретеното на пилата е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се

– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (5) одвртете ја затезната завртка (16) во правец на вртење ➊. – Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (21) и држете го цврсто. – Извадете ја стезната прирабница (17) и сечилото за пилата (18) од вретеното на пилата (20). Монтирање на сечилото за пила (видисликаA) При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на

– Исчистете го сечилото за пила(18) и сите стезни делови што се монтираат. 1 609 92A 5YV | (16.09.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 189 – Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак(21) и држете го цврсто. – Поставете го сечилото за пила (18) на приклучната прирабница (19). Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да одговара на стрелката за правец на вртење на осцилаторниот заштитен капак (21). – Поставете ја стезната прирабница(17) и затегнете ја затезната завртка(16) во правец на вртење ➋. Внимавајте на правилна положба на монтирање на приклучната прирабница (19) и стезната прирабница (17). – Притиснете го копчето за блокада на вретеното(1) и држете го притиснато. – Со клуч со внатрешна шестаголна глава(5) затегнете ја стезната завртка(16) во правец на вртење ➋. Затезниот момент треба да изнесува 6–9Nm, што одговара на рачно затегање плус 1/8 вртење. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. боја што содржи олово, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички на метал важат како опасни, особено во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Начини на работа Подесување на длабочината на сечење (видисликаB) u Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запците. Олабавете го затезната рачка (10). За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (13), а за поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча (13). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезната рачка (10). Затезната сила на затезната рачка (10) може дополнително да се подеси. Притоа одвртете ја затезната рачка (10) и повторно затегнете ја поместена за најмалку 30° во правец спротивен на стрелките на часовникот. Напомена: Ако се користи батеријата ProCORE18V 12.0Ah, за време на обработката таа може евентуално да налегне на делот што се обработува. Тогаш не може да се достигне максималната длабочина на сечење. Ознаки за сечење

Ознаката на резот(12) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при правоаголно сечење. За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез. Куки за закачување (видисликаC) Со куката за закачување(3) може да го закачите електричниот алат напр. на скала. Склопете ги куките за закачување(3) во саканата позиција. u При закачен електричен уред, внимавајте сечилото за пила да е заштитено од невнимателно допирање. Постои опасност од повреда. Повторно склопете ги куките за закачување(3) кога ќе сакате да работите со електричниот алат. Сад за собирање струготини (види сликиF–G) Внимание: Не допирајте го садот за собирање струготини(2) и металните струготини со голи раце веднаш по работењето. Овие делови може да се многу жешки и да предизвикаат изгореници на кожата. Не сечете материјал на којшто се нанесени разредувачи, бензин, маснотии или други хемикалии. Металните струготини од такви материјали може да го оштетат заштитниот капак со садот за собирање струготини(2) и да доведат до кршење или лични повреди. Металните струготини се собираат во садот за собирање струготини со заштитен капак(2). Редовно празнете го садот за собирање струготини. За тоа турнете го механизмот за заклучување на садот за собирање струготини(25) нагоре. Отворете го капакот на садот за собирање струготини(24) и преклопете го во страна, за да го испразните истиот. По празнењето затворете го капакот на садот за собирање струготини(24) и повторно заклучете го. Bosch Power Tools 1 609 92A 5YV | (16.09.2021)190 | Македонски Ставање во употреба u Пред секоја работа со електричниот алат проверете дали садот за собирање струготини е затворен и заклучен. Никогаш не користете го електричниот алат без одн. со дефектен заштитен капак/капак на садот за собирање струготини. Вметнување на батеријата Вметнете ја наполнетата батерија (9) во електричниот алат, додека не се заклучи. Вклучување/исклучување u Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката. За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (6) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и држете го притиснат. За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7). Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (7) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата. Сопирачка за исфрлување од брзина Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го намалува вибрирањето на сечилото за пила по исклучување на електричниот алат. Заштита од длабинско празнење Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе. Вклучување на LED-работното светло Светлото (26) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (7) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови. Совети при работењето u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Ширината на сечењето варира во зависност од користениот сечило за пила. Заштитете ги сечилата за пила од удари. Водете го електричниот алат рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина значително го намалува рокот на употреба на електричниот алат и му штети на истиот. Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително зависат од состојбата и формата на запците на сечилото за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила за пила за делот што го обработувате. Сечење со паралелен граничник (видисликаD) Паралелниот граничник (14) овозможува прецизни резови по должината на делот што се обработува, како на пример сечење на ленти со исти димензии. Сечење со помошен граничник (види слика E) За обработка на големи парчиња или за сечење на прави рабови, на делот што се обработува може да зацврстите една даска или лајсна како помошен граничник и да ја водите кружната пила со основната плоча по должината на помошниот граничник. Напомени за оптимално користење на батериите Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

u Заменете го капакот на садот за собирање струготини(24) во случај на оштетување. Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш слободно да се движи и да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде чист. Отстранете ги прашината и струганиците со четка. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. 1 609 92A 5YV | (16.09.2021) Bosch Power ToolsSrpski | 191 Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Рачна кружна