GKS 18V57 Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GKS 18V57 Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GKS 18V57 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GKS 18V57 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GKS 18V57 Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. Bosch Power Tools 1 609 92A 9F6 | (28.05.2024)208 | Македонски u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за кружни пили Постапки на сечење u ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку од површината за сечење и од сечилото. Ставете ја другата рака на дополнителната рачка или на куќиштето на моторот. Доколку ја држите пилата со двете раце, нема да се исечете со сечилото. u Не посегнувајте под делот што се обработува. Заштитниот поклопец не може да ве заштити од сечилото доколку посегнете под делот што се обработува. u Прилагодете ја длабочината на сечење според дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува треба да се гледа помалку од половина запчаник од сечилото. u Никогаш не го држете делот што се обработува во рака, и не го поставувајте преку нога за време на сечењето. Поставете го делот што се обработува на стабилна платформа. Многу е важно правилно да ја изведувате работата, за да ја минимизирате изложеноста на телото, заглавувањето на сечилото или губењето контрола. u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за сечилото да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење 1 609 92A 9F6 | (28.05.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 209 дојде во допир со жица под напон, може да ги изложи металните делови на електричниот алат под напон и операторот може да добие струен удар. u При процесот на сечење по должина, секогаш користете паралелен граничник или аголен граничник. Ова ја подобрува прецизноста на сечењето и ги намалува шансите за извиткување на
u Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупките. Сечилата што не се совпаѓаат со монтираниот тврд дел на пилата, ќе се поместат надвор од центарот и ќе изгубите контрола. u Никогаш не користете оштетени или неправилни подлошки за сечила или гвинтови. Подлошките за сечила и гвинтовите се специјални изработени за вашата пила, за оптимално и безбедно работење. Одбивање и слични предупредувања - одбивањето е ненадејна реакција на делот што се обработува заради приклештено, заглавено или нерамномерно сечило на пилата, предизвикувајќи пилата да излезе од лежиштето и да отскокне кон операторот; - кога сечилото цврсто се приклештува или заглавува поради затворање на лежиштето, тоа се гаси и моторната реакција брзо ја враќа единицата кон операторот; –доколку сечилото се превитка или се измести за време на сечењето, запчаниците на задниот раб од сечилото може да се закопаат во горниот дел на дрвото предизвикувајќи тоа да излезе од лежиштето и да отскокне кон операторот. Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки наведени подолу. u Цврсто држете ја пилата со двете дланки и поставете ги рацете така што ќе бидат отпорни на силите на одбивањето. Поставете го телото на едната страна од сечилото, но никако паралелно со него. Одбивањето може да предизвика пилата да отскокне наназад, но операторот може да ги контролира силите на одбивање доколку ги преземе соодветните мерки за претпазливост. u Кога сечилото се навалува или кога прекинува сечењето од која било причина, отпуштете го активаторот и држете го уредот неподвижен сѐ додека сечилото целосно не запре. Никогаш не ја отстранувајте пилата или не ја вметнувајте додека сечилото е во движење бидејќи може да дојде до одбивање. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за навалување на сечилото. u При рестартирање на пилата додека се наоѓа во делот што се обработува, насочете ја кон центарот на засекот така што запците да не го зафаќаат материјалот. Ако пилата се навали, може да се приближи или да се одбие од работното парче додека е во процес на рестартирање. u Потпрете ги големите делови што се обработуваат за да го намалите ризикот од приклештување или одбивање на сечилото. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под двете страни на делот што го обработувате, покрај линијата на засекот и покрај работ на делот што го обработувате. u Не користете тапи или оштетени сечила. Ненаострени или несоодветно поставени сечила прават тесни засеци создавајќи прекумерно триење, извиткување на сечилото или одбивање. u Длабочината на сечилото и рачките за прилагодување на косината мора да се прицврстат и да се осигураат пред да се направи засекот. Ако прилагоденото сечило се подигне за време на сечењето, може да предизвика навалување и
u Обрнете дополнително внимание при сечење во постоечки ѕидови или други празнини. Испакнато сечило може да пресече предмети кои може да предизвикаат одбивање. Функција на долен заштитен поклопец u Пред секоја употреба проверете дали е правилно затворен долниот штитник. Не работете со пилата доколку долниот штитник не може слободно да се движи и веднаш се затвора. Никогаш не го стегајте или не го врзувајте долниот штитник додека е отворен.Ако пилата случајно падне, долниот штитник може да се извитка. Подигнете го долниот штитник со повлекување на рачката, и уверете се дека слободно се движи, и не го допирајте сечилото ниту некој друг дел, на аглите и длабочината на засекот. u Проверете ја работата на пружината на долниот заштитен поклопец. Доколку заштитниот поклопец и пружината не функционираат правилно, мора да се сервисираат пред употреба. Долниот заштитен поклопец може побавно да работи поради оштетени делови, лепливи наслаги или наталожена нечистотија. u Долниот штитник може рачно да се повлече за одредени засеци, како што се „убодни засеци“ и „аголни засеци”. Подигнете го долниот штитник со повлекување на рачката, и кога сечилото ќе го пробие материјалот, долниот штитник мора да се отпушти.За сите останати засеци, долниот штитник автоматски ќе работи. u Секогаш внимавајте долниот штитник да го покрива сечилото пред да ја спуштите пилата на работна маса или на под.Незаштитено, разлабавено сечило ќе предизвика враќање на пилата наназад, и сечење на сѐ со што ќе дојде во допир. Внимавајте на времето што му е потребно на сечилото откако прекинувачот ќе се ослободи. Дополнителни безбедносни напомени u Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови. Bosch Power Tools 1 609 92A 9F6 | (28.05.2024)210 | Македонски u Не работете со пилата над глава. Тогаш немате доволна контрола врз електричниот алат. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. u Не го фиксирајте електричниот алат. Тој не е предвиден за работа на маса за сечење. u При „длабински рез“ и неаголни резови треба да се постави водилката на пилата за да го спречи страничното поместување. Страничното поместување може да доведе до заглавување на листот на пилата и до повратен удар. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат. u Не сечете железни метали. Струготините би можеле да го запалат вшмукувачот за прав. u Носете маска за заштита од прав. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за правење на должински и напречни резови на дрво со рамни и коси резови. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување (2) Работно светло (3) Клуч со внатрешна шестаголна глава (4) Дополнителна рачка (изолирана површина на
(5) Копче за блокирање на вретеното (6) Основна плоча (7) Пеперутка-завртка за паралелниот граничник (8) Пеперутка-завртка за претходно избирање на аголот на косо сечење (9) Скала за аголот на закосување (10) Ознака за сечење 45° (0°при GKS18V-57G) (11) Ознака за сечење 0° (45°при GKS18V-57G) (12) Паралелен граничник (13) Осцилаторен заштитен капак (14) Лост за подесување на осцилаторен заштитен
(15) Пеперутка-завртка за претходно избирање на аголот на закосување (GKS18V-57G) (16) Исфрлувач на струготини (17) Заштитен капак (18) Прекинувач за вклучување/исклучување (19)
(24) Стезна прирабница (25) Затезна завртка со подлошка (26) Копче за отклучување на батерија
1 609 92A 9F6 | (28.05.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 211 (27) Завртка за прицврстување на адаптерот за
(28) Адаптер за всисување
(29) Затезна рачка за претходно бирање на длабочината на сечење (30) Скала за подесување на длабочината на сечење (31)
(32) Копче за прикажување на наполнетоста на
(33) Приказ за наполнетоста на батеријата
(35) Црево за издувни гасови
Овие додатоци не се вклучени во стандардниот опсег на
Технички податоци Рачна кружна пила GKS 18V-57 G GKS 18V-57 Број на дел 3601FA21.. 3601FA22.. Номинален напон V= 18 18 Број на вртежи во празен од
Макс. длабочина на резот
– при агол на косо сечење 0° mm 57 57 – при агол на косо сечење 45° mm 42 39 Блокада за вретеното ● ● Користење со систем со пила за вдлабнување FSN ● – Димензии на основната плоча mm 252x194 188x138 Дијаметар на сечилото за пила mm 165 165 Макс. дебелина на сечилото на пилата mm 1,7 1,7 Мин. дебелина на сечилото на пилата mm 1,0 1,0 Макс. отклон на запците на пилата mm 2,6 2,6 Мин. отклон на запците на пилата mm 1,7 1,7 Отвор за прифатот mm 20 20 Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014
Мерено при 20−25°C со батеријаGBA 18V 5.0Ah. B) Капацитетот на сечење се намалува при користење на акумулаторски батерии од 12Ah. C) во зависност од употребената батерија D) ограничена јачина при температури <0°C Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN62841-2-5. Нивото на звук на електричниот алат оценето соА типично изнесува: ниво на звучен притисок 83dB(A); ниво на звучна јачина 91dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со EN62841-2-5: Сечење на дрво: a
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за Bosch Power Tools 1 609 92A 9F6 | (28.05.2024)212 | Македонски предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето. Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред. Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. Ставање на батеријата Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи. Вадење на батеријата За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила. Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Тип на батерија GBA 18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60–100% Трајно светло 2× зелено 30–60% Трајно светло 1× зелено 5–30% Трепкаво светло 1× зелено 0–5% Тип на батерија ProCORE18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80–100% Трајно светло 4× зелено 60–80% Трајно светло 3× зелено 40–60% Трајно светло 2× зелено 20–40% Трајно светло 1× зелено 5–20% Трепкаво светло 1 × зелено 0–5% Напомени за оптимално користење на
Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.
u Користете само листови на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN847-1 и се соодветно означени. Ставање/менување на сечилото за кружна
u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја 1 609 92A 9F6 | (28.05.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 213 батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. u При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда. u Користете само листови на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN847-1 и се соодветно означени. u Дозволениот број на вртежи на алатот што се вметнува мора да биде најмалку исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот алат. Приборот кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да летне од алатот. u Во никој случај не користете дискови за брусење како алат за вметнување. Бирање на сечилото за пила Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство. Демонтирање на сечилото за пила (види слика A) При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (5) и држете го притиснато. u Копчето за блокирање на вретеното (5) активирајте го само доколку вретеното на пилата е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (3) одвртете ја затезната завртка (25) во правец на вртење ➊. – Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (13) и држете го цврсто. – Извадете ја стезната прирабница (24) и сечилото за пилата (23) од вретеното на пилата (21). Монтирање на сечилото за пила (види слика A) При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на
– Исчистете го сечилото за пила (23) и сите стезни делови што се монтираат. – Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (13) и држете го цврсто. – Поставете го сечилото за пила (23) на приклучната прирабница (22). Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да одговара на стрелката за правец на вртење на осцилаторниот заштитен капак (13). – Поставете ја стезната прирабница (24) и затегнете ја затезната завртка (25) во правец на вртење ➋. Внимавајте на правилна положба на монтирање на приклучната прирабница (22) и стезната прирабница (24). – Притиснете го копчето за блокада на вретеното (5) и држете го притиснато. – Со клуч со внатрешна шестаголна глава (3) затегнете ја стезната завртка (25) во правец на вртење ➋. Затезниот момент треба да изнесува 6–9Nm, што одговара на рачно затегнување плус ¼ вртење. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Монтирање на адаптер за всисување (види слика B) Ставете го адаптерот за всисување (28) на исфрлувачот за струготини (16) додека не се вклопи. Обезбедете го адаптерот за всисување (28) дополнително со завртка (27). На адаптерот за всисување (28) може да се приклучи црево за всисување со дијаметар од 35 mm. u Адаптерот за всисување не смее да се монтира без приклучено надворешно всисување. Инаку каналот за всисување може да се запуши. u На адаптерот за всисување не смее да се приклучува ќеса за прав. Инаку системот за всисување може да се запуши. Заради обезбедување на оптимално всисување, адаптерот за всисување (28) мора редовно да се чисти. Надворешно всисување Поврзете го цревото за всисување (35) со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство. Електричниот алат може да се приклучи директно на приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при вклучување на електричниот алат. Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува. Bosch Power Tools 1 609 92A 9F6 | (28.05.2024)214 | Македонски При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. Начини на работа Подесување на длабочината на сечење (види слика C) u Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запците. Олабавете го затезната рачка (29). За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (6), а за поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча (6). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезната рачка (29). Затезната сила на затезната рачка (29) може дополнително да се подеси. Притоа одвртете ја затезната рачка (29) и повторно затегнете ја поместена за најмалку 30° во правец спротивен на стрелките на часовникот. Подесување на аголот на закосување (GKS18V-57G) Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (17). Олабавете ги пеперутка-завртките (8) и (15). Навалете ја пилата странично. Саканата димензија подесете ја на скалата (9). Повторно затегнете ги пеперутка-завртките (8) и (15). Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (30). Подесување на аголот на закосување (GKS18V-57) Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (17). Олабавете ги пеперутка-завртките(8). Навалувајте ја пилата странично. Саканата димензија подесете ја на скалата(9). Повторно затегнете ги пеперутка- завртките(8). Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (30). Ознаки за сечење (GKS18V-57):
Ознаката за сечење 0° (11) ја прикажува позицијата на сечилото од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 45° (10) ја прикажува позицијата на сечилото од пилата при сечење под агол од 45°. За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез. GKS 18V-57 G: При користење на систем со пила за вдлабнување FSN може при сечењето да остане електричниот алат во прифатот за шината водилка. (10) Користете само ознаки за сечењето (10) при правоаголно сечење и при сечење од 45° со шината
Ставање во употреба Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (1) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (18) и држете го притиснат. За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (18). Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (18) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на
Сопирачка за исфрлување од брзина Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го намалува вибрирањето на сечилото за пила по исклучување на електричниот алат. Заштита од длабинско празнење Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе. 1 609 92A 9F6 | (28.05.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 215 Совети при работењето u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. Ширината на сечењето варира во зависност од користениот сечило за пила. Заштитете ги сечилата за пила од удари. Насочете го електричниот алат рамномерно и со мал притисок во насоката на сечење за да добиете добар квалитет од сечењето. Прекумерното движење значително го намалува работниот век на алатите за вметнување и може да го оштети електричниот алат. Работете секогаш со константна стапка на напојување и погрижете се брзината на сечилото на пилата да остане константна. Избегнувајте зголемување на стапката на напојување (напр. при обработка на влажно дрво, дрва обработена со притисок или отпадно дрво) и поврзаното намалување на брзината со цел да се спречи прегревање на запците на сечилото на пилата. Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително зависат од состојбата и формата на запците на сечилото за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила за пила за делот што го обработувате. Сечење на дрво Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот, квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински или напречни резови. При должински резови на смреки, настануваат долги, спирални струготини. Правта што настанува при обработка на даб и бука е особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач
Сечење со паралелен граничник (видисликаD) Паралелниот граничник (12) овозможува прецизни резови по должината на делот што се обработува, како на пример сечење на ленти со исти димензии. Сечење со помошен граничник (види слика E) За обработка на големи парчиња или за сечење на прави рабови, на делот што се обработува може да зацврстите една даска или лајсна како помошен граничник и да ја водите кружната пила со основната плоча по должината на помошниот граничник. Сечење со шина водилка (види слика F) Со помош на шината водилка (34) може да правите праволиниски резови. Напомена: Користете ја шината водилка (34) само за правоаголни резови. При сечење со закосување може да се оштети шината водилка (34). Лепливиот слој го спречува лизгањето на шината водилка и ја негува површината на делот што се обработува. Облогата на шината водилка овозможува лесно лизгање на електричниот алат. Поставете ја кружната пила директно на шината водилка (34). Прицврстете ја шината водилка (34) со соодветни затегнувачки механизми, на пр. столарски стеги, на делот што се обработува, така што тесниот крак на шината водилка (34) ќе покажува кон сечилото за пила. Шината водилка (34) не смее да биде издадена на страната на делот што треба да се сече. Вклучете го електричниот алат водете го рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење. Со сврзниот дел (36) може да се спојат две шини водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите завртки што се наоѓаат на сврзниот дел. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш слободно да се движи и да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде чист. Отстранете ги прашината и струганиците со четка. Необложените сечила за пила може да се заштитат од корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки
Остатоците од смола и лепак на сечилото за пила го нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги сечилата за пила веднаш по употребата. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Bosch Power Tools 1 609 92A 9F6 | (28.05.2024)216 | Srpski Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Електричните алати кои повеќе не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/ батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Рачна кружна
Notice-Facile