GCB 18 VLI Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCB 18 VLI Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCB 18 VLI Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCB 18 VLI Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCB 18 VLI Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи напомени за безбедност за електричните апарати Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел). Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот. Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено. Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар. Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
те абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав. Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ OBJ_BUCH-1398-005.book Page 125 Friday, October 7, 2016 2:07 PM126 | Македонски 1 609 92A 2MC | (7.10.16) Bosch Power Tools Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации. Користење и ракување на батерискиот апарат Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар. Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар. Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на ориги- нални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат. Безбедносни напомени за пили со подвижни
Држете го уредот на изолираните површини на дршката, доколку изведувате работи каде алатот за сечење може да дојде во контакт со скриени кабли. Контактот на алатите за сечење со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар. Зацврстете го делот што се обработува со стеги или на друг начин на една стабилна подлога. Доколку го држите делот што се обработува само со рака или спроти телото, тој е нестабилен и ова може да доведе до губење на контролата. Дланките држете ги подалеку од полето на работа со убодна пила. Не посегајте под делот што се обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите за пила со подвижна лента постои опасност од повреда. Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат директно кон делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува. По завршување на работниот процес исклучете го електричниот апарат и извлечете го листот за пила со подвижна лента дури откако ќе биде во состојба на мирување. На тој начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно да го оставите електричниот
Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила со подвижна лента. Свитканите или тапите листови за пила со подвижна лента може да се скршат или да предизвикаат повратен удар. Средството за подмачкување или маслото држете ги понастрана од листовите за пила со подвижна лента. Избришете го целосно вишокот масло пред сечењето. Инаку листот за пилата со подвижна лента може да се слизне. Не притискајте премногу на листот за пилата со подвижна лента за време на работниот процес. Преголемиот притисок може да доведе до лизгање или кршење на листот за пилата со подвижна лента. Постои опасност од повреда. По исклучувањето не го закочувајте листот за пила со подвижна лента со странично притискање. Листот за пила со подвижна лента може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар. Не го фаќајте листот од пилата со подвижна лента по работата, додека не се олади. Листот за пилата со подвижна лента за време на работата се вжештува. При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. OBJ_BUCH-1398-005.book Page 126 Friday, October 7, 2016 2:07 PMМакедонски | 127 Bosch Power Tools 1 609 92A 2MC | (7.10.16) Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од експлозија. Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Користете само оригинални Bosch батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот електричен уред. При користење на други батерии, на пр. имитации, истрошени батерии или непознати производители, постои опасност од повреди како и материјални штети доколку експлодира батеријата. Опис на производот и моќноста Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за сечење на пластика, метал и гума на цврста подлога. Тој е погоден за прави резови под закосени агли до 45°. Внимавајте на безбедносните напомени за пила. Светлото на овој електричен апарат е наменето да го осветли директно полето на работа на електричниот апарат и не е погодно за просторно осветлување во домаќинството. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница. 1 Батерија* 2 Лампа „PowerLight“ 3 Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување 4 Прекинувач за вклучување/исклучување 5 Водилка 6 Лист за пилата со подвижна лента * 7 Стрелка за правец на вртење на куќиштето 8 Лост за претходно затегање на листот за пилата со подвижна лента 9 Дополнителна дршка (изолирана површина на
10 Копче за отклучување на батеријата * 11 Поклопец за листот за пилата со подвижна лента 12 Шраф 13 Водилка за листот за пилата 14 Рачка (изолирана површина на дршката) 15 Копче за приказот за наполнетост на батеријата* 16 Приказ за наполнетоста на батеријата* 17 Валјак за листот за пилата 18 Отвор со навој *Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Информации за бучава/вибрации Мерни вредности за бучава во согласност со EN60745. Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A, типично изнесува 79 dB(A). Несигурност K=3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да пречекори и 80 dB(A). Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 60745: Сечење на метал: a
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптеретувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптеретувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир периодот во кој уредот е исклучен Пила со подвижна лента GCB 18 V-LI Број на дел/артикл 3 601 BA0 3.. Номинален напон волти= 18 Број на празни вртежи м/мин 162 Димензии на листот за пила мм 733 x 12,7 x 0,5 макс. длабочина на резот мм 63,5 Тежина согласно EPTA- Procedure 01:2014 кг 3,4 – 3,9*
- во зависност од употребената батерија OBJ_BUCH-1398-005.book Page 127 Friday, October 7, 2016 2:07 PM128 | Македонски 1 609 92A 2MC | (7.10.16) Bosch Power Tools или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот пред да влијанието од вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата. Изјава за сообразност Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните производи во „Технички податоци“ се сообразни со следните норми или нормативни документи: EN 60745, EN 50581 според одредбите на регулативите 2009/125/EC, (одредба 1194/2012), 2011/65/EU, 2014/30/EU, 2006/42/EC. Техничка документација (2006/42/EC) при: Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ECS, 70538 Stuttgart, GERMANY Robert Bosch Power Tools GmbH70538 Stuttgart, GERMANYStuttgart, 01.01.2017
Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Полнење на батеријата Користете ги само полначите што се наведени на страницата со опрема. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе. По автоматското исклучување на електричниот апарат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата, што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и 45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на траење на батеријата. Внимавајте на напомените за отстранување. Вадење на батеријата
јата 1 има два степени на заклучување кои спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отворање на батеријата 10. Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа се држи во позиција со помош на федер. За да ја извадите батеријата 1 притиснете на копчињата за отворање 10 и извлечете ја батеријата нанапред од електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила. Приказ за наполнетоста на батеријата (види слика A) Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на батеријата 16 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 1. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот апарат е во мирување. Притиснете го копчето 15, за да се прикаже наполнетоста на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена батерија 1. Доколку по притискањето на копчето 15 не свети LED, батеријата е дефектна и мора да се замени. Монтирање/менување на листот за пилата со подвижна лента При ставањето на листот на пилата со подвижна лента носете заштитни ракавици. Доколку го допрете листот на пилата со подвижна лента постои опасност од
Секогаш носете заштитни очила. Заштитните очила го намалуваат ризикот од повреди. Бирање на лист за пилата со подвижна лента Прегледот за препорачани листови за пила со подвижна лента ќе го најдете на крајот од ова упатство. Монтирање на листот за пилата со подвижна лента (види слики B –E) Олабавете ги двата шрафа 12 и извадете ги поклопците
11. Навалете го лостот 8 за 180° во правец на вртење
Ставете го листот за пилата со подвижна лента 6 во водилките за листот за пилата со подвижна лента 13. Задната страна од листот за пила мора да го допира лежиштето во долниот дел на водилките на листот за пила
Водете го листот за пилата со подвижна лента 6 околу двата валјаци 17. Henk Becker Executive Vice President Engineering Helmut Heinzelmann Head of Product Certification PT/ECS LED Капацитет Трајно светло 3 x зелено ≥2/3 Трајно светло 2 x зелено ≥1/3 Трајно светло 1 x зелено <1/3 Трепкаво светло 1 x зелено Резерва OBJ_BUCH-1398-005.book Page 128 Friday, October 7, 2016 2:07 PMМакедонски | 129 Bosch Power Tools 1 609 92A 2MC | (7.10.16) Навалете го лостот 8 за 180° во правец на вртење до крај. Проверете дали листот за пилата со подвижна лента 6 е точно позициониран околу двата валјака 17. Монти- рајте ги поклопците 11 и зацврстете ги двата шрафа 12. Проверете дали листот за пилата со подвижна лента 6 е правилно вметнат. Вклучете го и исклучете го кратко повеќе пати електричниот апарат. Листот за пилата со подвижна лента што не е правилно монтиран може да се олабави и да ве повреди. Дополнителна дршка (види слика F) Користете го вашиот електричен апарат само со дополнителна дршка 9. Зашрафете ја дополнителната дршка во соодветниот отвор со навој 18 на куќиштето. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Ставање во употреба Вметнување на батерија Користете само оригинални Bosch литиум-јонски батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар. Ставете ја наполнетата батерија 1 однапред во електричниот апарат. Притиснете ја батеријата целосно во електричниот апарат, додека не се заклучи. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување 3 и притиснете го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 4 и држете го притиснат. Лампата 2 свети доколку прекинувачот за вклучување/ исклучување 4 е напола или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови. За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 4. Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за вклучување/исклучува ње 4 нема да се блокира, туку за време на работата постојано мора да биде притиснат. За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите. Заштита од длабинско празнење Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе. Заштита од преоптоварување во зависност од температурата Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот апарат. При големо оптоварување или пречекорување на дозволената температура на батеријата 70 °C електрониката го исклучува електричниот апарат, додека не се врати во оптималните граници на температура. Совети при работењето При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Изберете соодветна позиција за сечење на делот што се обработува, така што, што е можно повеќе запци од листот за пилата со подвижна лента 6 да се во резот (види слика G). Вклучете го електричниот апарат, поставете го со водилката 5 на делот што се обработува и спуштете го листот за пилата со подвижна лента 6 полека во резот. Работете со постојан притисок и рамномерни движења. Кратко пред крајот на резот, намалете го притисокот и лесно подигнете го електричниот апарат, за да не падне на делот што се обработува. Одржување и сервис Одржување и чистење Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме обратете се во овластената сервисна служба за Bosch електрични апарати. OBJ_BUCH-1398-005.book Page 129 Friday, October 7, 2016 2:07 PM130 | Srpski 1 609 92A 2MC | (7.10.16) Bosch Power Tools Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема. За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспорти- раат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е не- оштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земји во рамки на ЕУ Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Notice-Facile