NK36M5070CS - Кујнска аспиратор SAMSUNG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот NK36M5070CS SAMSUNG во PDF формат.

Page 54
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SAMSUNG

Модел : NK36M5070CS

Категорија : Кујнска аспиратор

Преземете ги упатствата за вашиот Кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник NK36M5070CS - SAMSUNG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. NK36M5070CS на марката SAMSUNG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК NK36M5070CS SAMSUNG

Активирање на сигнализацијата за јаглен филтер: Исклучете го аспираторот на OFF и држете ги копчињата Т2+Т3 притиснати 3". Откако ќе притиснете, ледот L1 ќе трепка 1". L1 и L2 ќе трепкаат додека не се слушне еден звучен сигнал, со кој се потврдува активирањето; аспираторот се враќа на OFF. Деактивирање на сигнализацијата за јаглен филтер: Исклучете го аспираторот на OFF и држете ги копчињата Т2+Т3 притиснати 3". Откако ќе притиснете, ледот L1 и L2 ќе трепкаат 1". Ледот L1 ќе трепка додека не се слушне еден звучен сигнал, со кој се потврдува деактивирањето; аспираторот се враќа на OFF.

Т1. Вклучување ON / Исклучување OFF на моторот за вшмукување: Кога аспираторот е вклучен на било која брзина, со притискање на копчето T1, тој се исклучува. Кога аспираторот е исклучен (OFF) со притискање на копчето T1, тој се вклучува на брзина 1. Т2. Намалување на брзината Со притискање на копчето "Т2" се намалува брзината, од интензивната брзина 4 до брзината 1. Т3. Зголемување на брзината Со притискање на копчето (аспиратор во состојба ON) се зголемува брзината на моторот од брзина 1 до интензивната (темпирана) брзина. Брзина 1 лед L1 Брзина 2 лед L2 Брзина 3 лед L3 Интензивна (темпирана) брзина светлечки лед L4 Забелешка: Интензивната (темпирана) брзина 4 останува во функција 5 минути, по што аспираторот автоматски ја поставува брзината 3 Т4. Темпирање на брзината Темпирањето на брзината се активира со притискање на копчето Т4, а по истекување на темпираното време, аспираторот се исклучува. Темпирањето може да се активира по следнава шема: Брзина 1 - 20 минути (лед L1) Брзина 2 - 15 минути (лед L2) Брзина 3 - 10 минути (лед L3) Интензивна брзина - 5 минути (светлечки лед L4) За време на темпираното вшмукување, со притискање на копчето T2, аспираторот излегува од темпираниот режим и ја намалува брзината. Со притискање на копчето Т3, аспираторот излегува од темпираниот режим и ја зголемува брзината. Со притискање на копчето Т4, аспираторот излегува од темпираниот режим, одржувајќи ја поставената брзина. T5. ON / OFF Светла Контрола и конфигурација на сигнализацијата за заситеност на филтрите: Предупредување за филтерот за маснотии По 40 часа работење, L1 трепка. Кога оваа сигнализација ќе се појави, треба да се изврши одржување на филтерот за масти. За да го ресетирате алармот, држете го копчето Т1 притиснато за 3". (аспиратор во вклучена состојба). Ледот L1 ќе престане да трепка и аспираторот се исклучува (OFF). Сигнализација за јаглениот филтер По 160 часа работење, L2 трепка. Кога оваа сигнализација ќе се појави, треба да се изврши одржување на јаглениот филтер. За да го ресетирате алармот, држете го копчето Т1 притиснато за 3". (аспиратор во вклучена состојба). Ледот L2 ќе престане да трепка и аспираторот се исклучува (OFF). Во случај на истовремена сигнализација за двата филтри, L1 и L2 трепкаат наизменично. Ресетирањето се постигнува со повторување 2 пати на погоре опишаната постапка. Првиот пат се ресетира алармот за заситеност на јаглениот филтер, а вториот го ресетира алармот за филтерот за маснотии. Во стандарден режим сигнализацијата за јаглениот филтер не е активна. Ако аспираторот се употребува во верзија за филтрирање, потребно е да се активира сигнализацијата за јаглениот филтер.

MK - Упатство за монтажа и ракување Симболи користени во овој прирачник ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасности или небезбедни дејства кои би можеле да доведат до повреда или смрт.

ВНИМАНИЕ Опасности или небезбедни дејства кои би можеле да доведат до електричен удар, повреда или оштетување на имот.

ЗАБЕЛЕШКА Корисни совети и упатства Овие икони и предупредувачки симболи служат за да се избегнат повреди, како ваши, така и на другите. Ве молиме следете ги во потполност. По читањето на ова заглавие, ве молиме да го чувате на безбедно место за можни идни навраќања. Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник. Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата вклучени во овој прирачник. Аспираторот е наменет исклучиво за домашна употреба. Аспираторот може да се разликува по изгледот од сликите во ова упатство, но сепак упатствата за употреба, одржувањето и упатствата за инсталирање остануваат исти. • Важно е да го зачувате ова упатство за да би можеле да го консултирате во било кој момент. Во случај на продажба, расходување или на преместување, нека остане заедно со производот. • Прочитајте ги внимателно упатствата: Овде има важни информации за инсталирањето, за употребата и за безбедноста. • Не вршете електрични или механички измени на производот или на издувните канали. • Пред да почнете со монтирање на апаратот проверете да не се оштетени компонентите. Во спротивно, обратете се кај вашиот дистрибутер и не продолжувајте со монтирањето.

• Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. • За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици. • Овој апарат може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искуство или знаење, доколку се под надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите поврзани со него. • Треба да се внимава децата да не си играат со апаратот. • Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор. • Просторијата мора да биде доволно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива. • Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се постапува во согласност со упатствата за одржување.

• Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на аспираторот и замената и чистењето на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. • Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор. • За замена на сијалицата користете само од типот на сијалица наведен во делот одржување/замена на сијалицата во овој прирачник.

Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности. Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување. ВНИМАНИЕ: Кога плочата за готвење е во функција пристапните делови од аспираторот можат да се загреат. • Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување сè додека монтажата не биде целосно комплетна. • Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од локалните надлежни власти. • Издувниот воздух не смее да се предава во активен оџак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива. • Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар. • Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката! • Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено. • Користете ги само завртките за прицврстување обезбедени со производот за монтирање или ако не се обезбедени набавете го точниот тип на завртки. • Користете ја точната должина за завртките што се наведени во Упатството за монтирање. • Во случај на сомневање, консултирајте се со овластениот центар за техничка поддршка или персонал со слични квалификации.

• Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до опасности од електрична природа. • Да не се користи со програмер, тајмер, посебен далечински управувач или било која друга направа која се активира автоматски. Овој апарат е обележан согласно Европската директива 2012/19/EC за Искористена Електрична и Електронска Опрема (Waste Electrical and Electronic Equipment - WEEE). Со правилно отстранување на овој производ помагате да се спречат потенцијалните негативни последици за околината и здравјето на човекот, што инаку би се предизвикале од несоодветното третирање како отпадок на овој производ.

Симболот прецртана канта за ѓубре на производот или на документите кои одат со производот, покажува дека тој апарат не смее да се третира како комунален отпад. Напротив би требало да се однесе до соодветното место за собирање за рециклирање на електрична и електронска опрема. Отстранувањето мора да се изврши во согласност со локалните прописи за животната средина за отстранување на отпаден материјал. За повеќе детаљни информации за третманот, поправањето и рециклирањето на овој производ Ве молиме контактирајте со Вашите локални власти, Вашата комунална служба или со продавницата од каде го имате купено производот. Апаратот е дизајниран, тестиран и произведен според: • Безбедност: EN/IEC 60335-1; EN/IEC 60335-2-31, EN/IEC 62233. • Можности: EN/IEC 61591; ISO 5167-1; ISO 5167-3; ISO 5168; EN/IEC 60704-1; EN/IEC 60704-2-13; EN/IEC 60704-3; ISO 3741; EN 50564; IEC 62301. • EMC: EN 55014-1; CISPR 14-1; EN 55014-2; CISPR 14-2; EN/IEC 61000-3-2; EN/IEC 61000-3-3. Предлози за исправна употреба за да се намали влијанието врз животната средина Уклучете го поклопниот аспиратор на минимална брзина на почеток на готвењето и оставете го да работи уште неколку минути по завршувањето на готвењето. Зголемете ја брзината само во случај на голема количина на чад и пареа и користете ја форсираната брзина во ретки ситуации. Заменете го филтерот (рите)на активен јаглен кога е потребно да се задржи ефикасноста на намалување на мирис. Исчистете го филтерот за масти(-рите) кога е потребно да се задржи неговата ефикасност. Користете максимален дијаметар на изводниот систем прикажан во овој прирачник да се оптимизира ефикасноста и да се намали бучавата.

Аспираторот е осмислен за вшмукување на гасови и пареи од готвење и е наменет ислкучиво за домашна употреба. Аспираторот може да се користи во вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух или со филтер во вид со кружно струење на воздухот.

Забелешка: Додатоците означени со симболот "(*)" се факултативен додатен прибор кои се вклучени само во неколку модели, а ако не се вклучени во моделот треба да се набават.

Вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух Пареата се исфрла на надвор преку една издувна цевка позиционирана на приклучната прирабница.

Издувната цевка не е доставена и таа треба да се купи. Дијаметарот на издувната цевка треба да биде еднаков со дијаметарот на прстенот за поврзување.

Ако аспираторот е снабден со филтри со активен јаглен, истите треба да се отстранат. Поврзете го аспираторот со цевките и отворите за издувување низ ѕид со дијаметар еднаков со излезот на воздухот (приклучна прирабница). Употребата на издувни цевки и отвори за издувување низ ѕид со помал дијаметар ќе предизвика намалување на брзината на всмукување и драстично зголемување на бучавата. Поради тоа се одбива билкокава одговорност које е последица на тоа. ! Користење на цевка подолга од неопходниот минимум. ! Користење на цевка со што е можно помал број на кривини (максимален агол на кривината: 90°). ! Избегнувајте драстични промени на пресекот на цевката.

Варијанта со филтрирање

Всмуканиот воздух се ослободува од мастите и се деодорира пред повторно да се упати назад во просторијата. За користење на аспираторот во оваа варијанта потребно е да вградите дополнителен систем за филтрирање на база на активни јаглени.

Монтажа Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50cm за електричните апарати за готвење и 65cm за гасните или комбинираните апарати за готвење. Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.

Приклучување на електрична енергија

Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа.

За чистењето ИСКЛУЧИВО користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти.НЕ ЧИСТЕТЕ СО ПОМОШ НА АЛАТ ИЛИ ДРУГИ ИНСТРУМЕНТИ. Не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ! За сите дејства на одржување користете ракавици.

Бр. 14-32 За собирање на масните состојки од пареата од готвењето. Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал. Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите карактеристики за филтрирање воопшто не се менуваат. За да го извадите филтерот за масти повлечете го забецот за откопчување.

Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање)

Бр. 31 За собирање на непријатните мириси од пареата од готвењето . Филтерот со активен јаглен може да се пере секои два месеци (или кога системот за покажување на заситеноста на филтрите – ако е предвидено со моделот што го имате- ја покажува оваа потреба) во топла вода и соодветни детергенти или во машина за миење на садови на 65°C (во случај на перење во машина за миење на садови извршете комплетен циклус на перење без садови во внатрешноста). Истиснете го вишокот вода без да го уништите филтерот, потоа извадете го перничето ставено во внатрешноста на куќиштето од пластика и ставете го во печката 10 минути на 100°C за целосно сушење. Заменете го перничето на секои 3 години и секогаш кога платното е оштетено. Отстранете ја рамка за филтерот со вртење рачките (g) 90° која го прицврстува оџакот на аспираторот. Вметнете ја рампа (i) од активен јаглен во рамката (h) и се вметнете ги назад во нејзиното лежиште (ѕ). Можно е да користите некој типичен филтер за јаглерод, кој ниту се пере ниту пак може да се обнови и треба да се менува на секои 3-4 месеци. Носачката рамка на филтерот за јаглерод е заварена, додека дополнителната рамка која доаѓа со аспираторот не е. Вметнете ја рамката во нејзиното лежиште и прицврстете ја со помош на вртење на 2 пластични рачки. Купување на јаглен филтер Јаглениот филтер може да се купи на веб-страната на Сервис Службата или во Сервис Центарот на Samsung. Посочете ги информациите кои се прикажани на последната страница од овој прирачник.

Замена на сијалиците Аспираторот е опремен со систем за осветлување базиран на технологијата на LED диода. LED светилките гарантираат оптимално осветлување, имаат околу 10 пати подолг век од традиционалните светилки и овозможуваат заштеда на електрична енергија и до 90%. За нивната замена обратете се на службата за техничка поддршка.

Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран. Аспираторот е снабден со специјален кабел за напојување; во случај на оштетување на кабелот, побарајте помош од стручна техничка служба.

Пред да се почне со монтирањето: • Проверете дали купениот производ е со соодветни димензии за одбраниот простор за монтирање. • Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се доставени (види го и соодветниот параграф). Тој/тие се монтира/-ат само ако сака да се користи аспираторот во варијанта со филтрирање. • Проверете дали во внатрешноста на аспираторот (поради транспортот) нема материјал од опремата (на пример ќесиња со завртки и навртки, гаранции и др.), ако има извадете го и зачувајте го. Аспираторот оди заедно со парчиња за прицврстување пригодни за поголемиот дел од ѕидови/тавани. И покрај тоа потребно е да побарате објаснување од квалификуван техничар за да ви потврди за прикладноста на материјалите според видот на ѕидот/таванот. Ѕидот/таванот треба да биде доволно цврст за да ја издржи тежината на аспираторот.

T1. Вклучување/исклучување на моторот за всмукување: При вклучен аспиратор во која било брзина со притискање на копчето T1 аспираторот се исклучува. При исклучен аспиратор, со притискање на копчето T1 аспираторот се вклучува во прва брзина. T2. Намалување на брзината Со притискање на копчето "T2" се постигнува намалување на брзината, од 4та брзина (интензивна) во 1-ва брзина. Со притискање на копчето "T2" за време на работење во 1-ва брзина, аспираторот се исклучува.

T3. Зголемување на брзината Со притискање на копчето T3 аспираторот преминува од исклучена состојба во 1-ва брзина. Со притискање на копчето (при вклучен аспиратор) се зголемува брзината на моторот од 1-ва брзина во интензивна брзина (временски утврдена). 1-ва брзина запалена сијаличка L1 2-ра брзина запалена сијаличка L2 3-та брзина запалена сијаличка L3 Интензивна брзина (временски утврдена) запалена сијаличка L4 Забелешка: 4-тата брзина (интензивна, временски утврдена) останува во функција 5 минути, а потоа аспираторот автоматски ја става 2-ра брзина T4. Временско утврдување на брзината Временското утврдување на брзините се прави со притискање на копчето T4, а по изминување на времето аспираторот се исклучува. Временското утврдување е поделено на следниов начин: 1-ва брзина - 20 минути (свети сијаличката L1) 2-ра брзина - 15 минути (свети сијаличката L2) 3-та брзина - 10 минути (свети сијаличката L3) Интензивна брзина - 5 минути (свети сијаличката L4) За време на временски утврденото функционирање, со притискање на копчето T2 аспираторот излегува од темпираниот режим и ја намалува брзината. Со притискање на копчето T3 аспираторот излегува од темпираниот режим и ја зголемува брзината. Со притискање на копчето T4 аспираторот излегува од темпираниот режим одржувајќи ја поставената брзина. T5. Вклучување/исклучување на светлото Копче за контрола и конфигурирање на сигнализирањето за заситеност на филтрите: Сигнализирање за филтерот за масти По 40 работни часа засветува сијаличката L1. Кога ќе се појави тој сигнал извршете одржување на филтерот за масти. За да го ресетирате сигнализирањето држете го притиснато копчето T5 5 секунди. (при вклучен аспиратор). Аспираторот ќе испушти звучен сигнал „БИП“ а сијаличката L1 ќе престане да свети. Сигнализирање за филтерот со јаглен По 160 работни часа засветува сијаличката L2. Кога ќе се појави тој сигнал извршете одржување на филтерот со јаглен. За да го ресетирате сигнализирањето држете го притиснато копчето T5 5 секунди. (при вклучен аспиратор). Аспираторот ќе испушти звучен сигнал „БИП“ а сијаличката L2 ќе престане да свети. Во случај на истовремено сигнализирање на двата филтри, сијаличките L1 и L2 ќе светат наизменично. Ресетирањето ќе се направи со вршење на гореопишаната процедура двапати. Првиот пат ќе се ресетира сигнализирањето за филтерот со јаглен а вториот пат ќе се ресетира сигнализирањето за филтерот за масти. Во стандардната форма, сигнализирањето за филтерот со јаглен не е активно. Во случај ако аспираторот се користи во варијанта со филтрирање потребно е да се оспособи сигнализирањето за филтерот со јаглен. Активирање на сигнализирањето за филтерот со јаглен: Исклучете го аспираторот и држете го притиснато копчето T5 5 секунди. Штом се притисне копчето засветуваат сијаличките за сигнализирање за филтрите кои што се активни во моментот. Аспираторот ќе испушти звучен сигнал „БИП“ а сијаличката L2 ќе засвети 2 секунди. Сијаличките L1 и L2 ќе останат запалени околу 2 секунди пред да се исклучи аспираторот. Деактивирање на сигнализирањето за филтерот со јаглен: Исклучете го аспираторот и држете го притиснато копчето T5 5 секунди. Штом се притисне копчето засветуваат сијаличките за сигнализирање за филтрите кои што се активни во моментот. Аспираторот ќе испушти звучен сигнал „БИП“ а сијаличката L2 ќе се изгаси. Сијаличката L1 ќе остане запалена околу 2 секунди пред да се исклучи аспираторот.