SAMSUNG NK36C5070DS - кујнска аспиратор

NK36C5070DS - кујнска аспиратор SAMSUNG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот NK36C5070DS SAMSUNG во PDF формат.

📄 100 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice SAMSUNG NK36C5070DS - page 54
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за NK36C5070DS SAMSUNG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник NK36C5070DS - SAMSUNG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. NK36C5070DS на марката SAMSUNG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК NK36C5070DS SAMSUNG

МК Упатство за монтажа и ракување

SR Uputstva za montažu i upotrebu

T1. Вклучување ON / Исклучување OFF на моторот за вшмукување:

Кога аспираторот е включен на било која брзина, со притискање на копчето T1, тој се исклучува.

Кога аспираторот е ислучен (OFF) со притискање на копчето T1, тој се вклучува на брзина 1.

T2. Намалување на брзината

Со притискање на копчето "T2" се намалува брзината, од интензивната брзина 4 до брзината 1.

Т3. Зголемување на брзината

Со притискање на копчето (аспиратор во состојба ON) се зголемува брзината на моторот од брзина 1 до интензивната (темпирана) брзина.

Брзина 1 лед L1

Брзина 2 лед L2

Брзина 3 лед L3

Забелешка: Интензивната (темпирана) брзина 4 останува во функција 5 минути, по што аспираторот автоматски ја поставува брзината 3

T4. Темпирање на брзината

Темпирањето на брзината се активира со притискање на копчето Т4, а по истекување на темпираното време, аспираторот се исклучува.

Темпирањето може да се активира по следнава шема:

За време на темпираното вшмукување, со притискање на копчето T2, аспираторот излегува од темпираниот режим и ја намалува брзината.

Со притискање на копчето Т3, аспираторот излегува од темпираниот режим и ја зголемува брзината.

Со притискање на копчето Т4, аспираторот излегува од темпираниот режим, одржувајки ја поставената брзина.

T5. ON / OFF Светла

Контрола и конфигурација на сигнализацијата за заситеност на филтрите: Предупредување за филтерот за маснотии

По 40 часа работење, L1 трепка.

Кога оваа сигнализација ће се појави, треба да се изврши одржување на филтерот за масти.

За да го ресетирате алармот, држете го копчето T1 притиснато за 3". (аспиратор во включена состојба).

Ледот L1 ке престане да трепка и аспираторот се ислучува (OFF).

Сигнализација за јаглениот филтер

По 160 часа работење, L2 трепка.

Кога оваа сигнализација ће се појави, треба да се изврши одржување на јаглениот филтер.

За да го ресетирате алармот, држете го копчето T1 притиснато за 3". (аспиратор во включена состојба).

Ледот L2 їе престане да трепка и аспираторот се исклучува (OFF).

Во случај на истовремена сигнализација за двата филтри, L1 и L2 трепкаат наизменично.

Ресетирањето се постигнува со повторување 2 пати на погоре опишаната постапка.

Првиот пат се ресетира алармот за заситеност на јаглениот филтер, а вториот го ресетира алармот за филтерот за маснотии.

Во стандарден режим сигнализацијата за јаглениот филтер не е активна.

Ако аспираторот се употребува во верзија за филтрирање, потребно е да се активира сигнализацијата за јаглениот филтер.

Активирање на сигнализацијата за јаглен филтер:

Исклучете го аспираторот на OFF и држете ги копчињата T2+T3 притиснати 3".

L1 и L2 ће трепкаат додека не се слушне еден звучен сигнал, со кој се потврдува активирањето; аспираторот се враćа на OFF.

Деактивирање на сигнализацијата за јаглен филтер:

Исклучете го аспираторот на OFF и држете ги копчињата T2+T3 притиснати 3".

Ледот L1 ће трепка додека не се слушне еден звучен сигнал, со кој се потврдува деактивирањето; аспираторот се враćа на OFF.

МК - Упатство за монтажа и ракување

Символи користени во овој прирачник

SAMSUNG NK36C5070DS - Символи користени во овој прирачник - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасности или небезбедни дејства кои би можеле да доведат до повреда или смрт.

SAMSUNG NK36C5070DS - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

ВНИМАНИЕ

Опасности или небезбедни дејства кои би можеле да доведат до електричен удар, повреда или оштетување на имот.

SAMSUNG NK36C5070DS - ВНИМАНИЕ - 1

ЗАБЕЛЕШКА

Корисни совети и упатства

Овие икони и предупредувачки символи служат за да се избегнат повреди, како ваши, така и на другите. Ве молиме следете ги во потполност. По читањето на ова заглавие, ве молиме да го чувате на безбедно место за можни идни навраќања.

Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник. Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата вклучени во овој прирачник. Аспираторот е наменет исклучиво за домашна употреба.

Аспираторот може да се разликува по изгледот од сликите во ова упатство, но сепак упатствата за употреба, одржувањето и упатствата за инсталирање остануваат исти.

  • Важно е да го зачувате ова упатство за да би можеле да го консултирате во било кој момент. Во случај на продажба, расходување или на преместување, нека остане заедно со производот.
  • Прочитајте ги внимателно упатствата: Овде има важни информации за инсталирањето, за употребата и за безбедноста.
  • Не вршете електрични или механички измени на производот или на издувните канали.
  • Пред да почнете со монтирање на апаратот проверете да не се оштетени компонентите. Во спротивно, обратете се кај вашиот дистрибутер и не продолжувајте со монтирањето.

SAMSUNG NK36C5070DS - ЗАБЕЛЕШКА - 1

Важни совети

- Пред билокаква операција за чистење или одржување, исключете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со ислучување на домашниот мрежен прекинувач.

- За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици.

- Овој апарат може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искусство или знаење, доколку се под надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите поврзани со него.

- Треба да се внимава децата да не си играат со апаратот.

- Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор.

- Просторијата мора да биде довольно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива.

- Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се постапува во согласност со упатствата за одржување.

  • Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на аспираторот и замената и чистењето на филтрите їе доведе до ризик од пожари.
  • Строго се забранува фламбирање на храната под самоот аспиратор.
  • За замена на сијалицата користете само од типот на сијалица наведен во делот одржување/замена на сијалицата во овој прирачник.

Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности.

Секое пряжење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување.

ВНИМАНИЕ: Кога плочата за готвење е во функција пристапните делови од аспираторот можат да се загреат.

  • Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување сё додека монтажата не биде целосно комплетна.
  • Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од локалните надлежни власти.
  • Издувниот воздух не смее да се предава во активен оцак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива.

⚠️ ВНИМАНИЕ! Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до опасности од електрична природа.

  • Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар.
  • Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката!
  • Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено.
  • Користете ги само завртките за прицврстување обезбедени со производот за монтирање или ако не се обезбедени набавете го точниот тип на завртки.
  • Користете ја точната должна за завртките што се наведени во Упатството за монтирање.
  • Во случај на сомневање, консултирајте се со овластениот центар за техничка поддршка или персонал со слични квалификации.

ВНИМАНИЕ! Да не се користи со програмер, тајмер, посебен далечински управувач или било која друга направа која се активира автоматски.

Овој апарат е обележан согласно Европската директива 2012/19/EC - UK SI 2013 No.3113 за Искористена Електрична и Електронска Опрема (Waste Electrical and Electronic Equipment - WEEE). Со правилно отстранување на овој производ помагате да се спречат потенцијалните негативни последици за околината и здравјето на човекот, што инаку би се предизвикале од несоодветното третирање како отпадок на овој производ.

SAMSUNG NK36C5070DS - Важни совети - 1

Симболот ■ прецртана канта за губре на производот или на документите кои одат со производот, покажува дека тој апарат не смее да се третира како комунален отпад. Напротив би требало да се однесе до соодветното место за собирање за рециклирање на електрична и електронска опрема. Отстранувањето мора да се изврши во согласност со локалните прописи за животната средина за отстранување на отпаден материјал. За повеќе детаљни информации за третманот, поправањето и рециклирањето на овој производ Ве молиме контактирајте со Вашите локални власти, Вашата комунална служба или со продавницата од каде го имате купено производот.

Апаратот е дизајниран, тестиран и произведен според:

- Безбедност: EN/IEC 60335-1; EN/IEC 60335-2-31, EN/IEC 62233.

- Можности: EN/IEC 61591; ISO 5167-1; ISO 5167-3; ISO 5168; EN/IEC 60704-1; EN/IEC 60704-2-13; EN/IEC 60704-3; ISO 3741; EN 50564; IEC 62301.

- EMC: EN 55014-1; CISPR 14-1; EN 55014-2; CISPR 14-2; EN/IEC 61000-3-2; EN/IEC 61000-3-3.

Предлози за исправна употреба за да се намали влијанието врз животната средина

Уклучете го поклопниот аспиратор на минимална брзина на почеток на готвењето и оставете го да работи уште неколку минути по завршувањето на готвењето. Зголемете ја брзината само во случај на голема количина на чад и пареа и користете ја форсiranата брзина во ретки ситуации. Заменете го филтерот (-рите)на активен јаглен кога е потребно да се задржи ефикасноста на намалување на мирис. Исчистете го филтерот за масти(-рите) кога е потребно да се задржи неговата ефикасност. Користете максимален дијаметар на изводниот систем прикажан во овој прирачник да се оптимизира ефикасноста и да се намали бучавата.

Употреба

Аспираторот е осмислен за вшмукување на гасови и пареи од готвење и е наменет ислкучиво за домашна употреба.

Аспираторот може да се користи во вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух или со филтер во вид со кружно струење на воздухот.

SAMSUNG NK36C5070DS - Употреба - 1

Верзија со извлекување

Пареата се исфрла на надвор преку една издувна цевка позиционирана на прилучната прирабница.

SAMSUNG NK36C5070DS - Верзија со извлекување - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Издувната цевка не е доставена и таа треба да се купи.

Дијаметарот на издувната цевка треба да биде еднаков со дијаметарот на прстенот за поврзување.

SAMSUNG NK36C5070DS - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Ако аспираторот е снабден со филтри со активен јаглен, истите треба да се отстранат.

Поврзете го аспираторот со цевките и отворите за издувување низ сид со дијаметар еднаков со излезот на воздухот (приключна прирабница).

Употребата на издувни цевки и отвори за издувување низ сид со помал дијаметар їе предизвика намалување на брзината на всмукување и драстично зголемување на бучавата.

Поради тоа се одбива билкокава одговорност које е последица на тоа.

! Користење на цевка подолга од неопходниот минимум.

! Користење на цевка со што е можно помал број на кривини (максимален агол на кривината: 90°).

! Избегнувајте драстични промени на пресекот на цевката.

SAMSUNG NK36C5070DS - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! - 1

Варијанта со филтрирање

Всмуканиот воздух се ослободува од мастите и се деодорира пред повторно да се упати назад во просторијата. За користење на аспираторот во оваа варијанта потребно е да вградите дополнителен систем за филтрирање на база на активни јаглени.

Монтажа

- Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50см за електричните апарати за готвење и 65см за гасните или комбинираните апарати за готвење.

Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.

SAMSUNG NK36C5070DS - Монтажа - 1

Приклучување на електрична енергија

Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со

приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би- поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа.

▲ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран. Аспираторот е снабден со специјален кабел за напојување; во случај на оштетување на кабелот, побарајте помош од стручна техничка служба.

Вградување

Пред да се почне со монтирањето:

  • Проверете дали купениот производ е со соодветни димензии за одбраниот простор за монтирање.
  • Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се доставени (види го и соодветниот параграф). Тој/тие се монтира/-ат само ако сака да се користи аспираторот во варијанта со филтрирање.
  • Проверете дали во внатрешности на аспираторот (поради транспортот) нема материјал од опремата (на пример їесиња со завртки и навртки, гаранции и др.), ако има извадете го и зачувајте го.

Аспираторот оди заедно со парчиња за прицврстување пригодни за поголемиот дел од сидови/тавани. И покрај тоа потребно е да побарате објаснување од квалификуван техничар за да ви потврди за прикладности на материјалите според видот на сидот/таванот. Сидот/таванот треба да биде довольно цврст за да ја издржи тежината на аспираторот.

Забелешка: Додатоците означени со символот "(")" се факултативен додатен прибор кои се включени само во неколку модели, а ако не се включени во моделот треба да се набават.

Одржување

Чистење

За чистењето ИСКЛУЧИВО користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти.НЕ ЧИСТЕТЕ СО ПОМОШ НА АЛАТ ИЛИ ДРУГИ ИНСТРУМЕНТИ.

Не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОП! За сите дејства на одржување користете ракавици.

Филтер за масти

Бр. 14-32

За собирање на масните состојки од пареата од готвењето.

Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал.

Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите характеристики за филтрирање воопшто не се менуваат.

За да го извадите филтерот за масти повлечете го забецот за откопчување.

Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање) Бр. 31

За собирање на непријатните мириси од пареата од готвењето

Заситувањето на филтерот на јаглен настапува по повеќе или помалку продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени патронот најмногу на секои четири месеци (или кога системот за прикажување на засителеноста на филтрите - ако оди заедно со моделот што го имате- ја покажува оваа потреба).

НЕ може да се пере или обновува.

Монтирање

Прикачете го филтерот со активен јаглен прво од назад на металното јазиче од аспираторот а потоа од напред со двете копчиња.

Демонтирање

Извадете го филтерот со активен јаглен со вртење за 90° на копчињата што го прицврстуваат на аспираторот.

Купување на јаглен филтер

Jaglениот филтер може да се купи на веб-страната на Сервис Службата или во Сервис Центарот на Samsung. Посочете ги информациите кои се прикажани на последната страница од овој прирачник.

Светилки за замена и/или контролна опрема

Аспираторот е опремен со систем за осветлување базиран на технологијата на LED диода.

LED светilkite гарантираат оптимально осветлување, имаат околу 10 пати подолг век од традиционалните светилки и овозможуваат заштеда на електрична енергија и до 90%.

За нивната замена обратете се на службата за техничка поддршка.

Функционирање
SAMSUNG NK36C5070DS - Светилки за замена и/или контролна опрема - 1

text_image T1 T2 T3 T4 T5 - 1 2 3 b + L1 L2 L3 L4

T1. Вклучување/исклучување на моторот за всмукување:

При включен аспиратор во која било брзина со притискање на копчето Т1 аспираторот се ислучува.

При ислучен аспиратор, со притискање на копчето T1 аспираторот се вклучува во прва брзина.

T2. Намалување на брзината

Со притискање на копчето "Т2" се постигнува намалување на брзината, од 4-та брзина (интензивна) во 1-ва брзина.

Со притискање на копчето "T2" за време на работење во 1-ва брзина, аспираторот се ислучува.

Т3. Зголемување на брзината

Со притискање на копчето Т3 аспираторот преминува од исклучена состојба во 1-ва брзина.

Со притискање на копчето (при включен аспиратор) се зголемува брзината на моторот од 1-ва брзина во интензивна брзина (временски утврдена).

1-ва брзина запалена сијаличка L1

2-ра брзина запалена сијаличка L2

Забелешка: 4-тата брзина (интензивна, временски утврдена) останува во функција 5 минути, а потоа аспираторот автоматски ја става 2-ра брзина

T4. Временско утврдување на брзината

Временското утврдување на брзините се прави со притискање на копчето Т4, а по изминување на времето аспираторот се исклучува.

Временското утврдување е поделено на следниов начин:

1-ва брзина - 20 минути (свети сијаличката L1)

2-ра брзина - 15 минути (свети сијаличката L2)

3-та брзина - 10 минути (свети сијаличката L3)

Интензивна брзина - 5 минути (свети сијаличката L4)

За време на временски утврденото функционирање, со притискање на копчето Т2 аспираторот излегува од темпираниот режим и ја намалува брзината.

Со притискање на копчето Т3 аспираторот излегува од темпираниот режим и ја зголемува брзината.

Со притискање на копчето Т4 аспираторот излегува од темпираниот режим одржувајки ја поставената брзина.

T5. Вклучување/исклучување на светлото

Копче за контрола и конфигурирање на сигнализирањето за заситеност на филтрите:

Сигнализирање за филтерот за масти

По 40 работни часа засветува сијаличката L1.

Кога ќе се појави тој сигнал извршете одржување на филтерот за масти.

За да го ресетирате сигнализирањето држете го притиснато копчето T5 5 секунди. (при включен аспиратор).

Сигнализирање за филтерот со јаглен

По 160 работни часа засветува сијаличката L2.

Кога ће се појави тој сигнал извршете одржување на филтерот со јаглен.

За да го ресетирате сигнализирањето држете го притиснато копчето T5 5 секунди. (при включен аспиратор).

Во случај на истовремено сигнализирање на двата филтри, сијаличките L1 и L2 ће светат наизменично.

Ресетирањето їе се направи со вршење на гореопишаната процедура двапати.

Првиот пат ће се ресетира сигнализирањето за филтерот со јаглен а вториот пат ће се ресетира сигнализирањето за филтерот за масти.

Во стандардната форма, сигнализирањето за филтерот со јаглен не е активно.

Во случај ако аспираторот се користи во варијанта со филтрирање потребно е да се оспособи сигнализирањето за филтерот со јаглен.

Активирање на сигнализирањето за филтерот со јаглен:

Исклучете го аспираторот и држете го притиснато копчето T5 5 секунди. Штом се притисне копчето засветуваат сијаличките за сигнализирање з филтрите кои што се активни во моментот.

Аспираторот ке испушти звучен сигнал „БИП“ а сијаличката L2 ке засвети 2 секунди.

Сијаличките L1 и L2 ке останат запалени околу 2 секунди пред да се ислучи аспираторот.

Деактивирање на сигнализирањето за филтерот со јаглен:

Исклучете го аспираторот и држете го притиснато копчето Т5 5 секунди.

Штом се притисне копчето засветуваат сијаличките за сигнализирање за филтрите кои што се активни во моментот.

Сијаличката L1 ће остане запалена околу 2 секунди пред да се исклучи аспираторот.

SR - Uputstva za montažu i upotrebu

2) Инжинерска көш., 3, 55221 ЕЛЬЧ-

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SAMSUNG

Модел : NK36C5070DS

Категорија : кујнска аспиратор