GRANAROMA SM6480 - Автоматска машина за кафе SAECO - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit
Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil GRANAROMA SM6480 SAECO au format PDF.
Téléchargez la notice de votre Автоматска машина за кафе au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice GRANAROMA SM6480 - SAECO et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil GRANAROMA SM6480 de la marque SAECO.
MODE D'EMPLOI GRANAROMA SM6480 SAECO
Приспособување на поставките за машината ___________________________________________________
Филтер за вода AquaClean _________________________________________________________________________
Отстранување и вметнување на групата за варење ____________________________________________
Чистење и одржување _____________________________________________________________________________
Постапка на отстранување бигор _________________________________________________________________
А2 Капак на преградата за претходно мелено кафе
А11 Напојувачки кабел со приклучок
А3 Капак на резервоарот за зрна кафе
А13 Резервоар за зрна кафе
А4 Приклучок за кабел
А5 Послужавник за капење
А6 Рачка за отпуштање на послужавникот за капење
А16 Резервоар за вода
А7 Приспособлив одвод за распрскување кафе и млеко
А18 Преден панел на садот за мелено кафе
А8 Сад HygieSteam А9 Капак за HygieSteam со држач за цевката за млеко
А12 Копче за поставување на мелењето
А17 Сад за мелено кафе А19 Капак на послужавникот за капење А20 Индикатор „Drip tray full“ (Послужавникот за капење е полн)
Додатоци А21 Сад за млеко
A24 Филтер AquaClean
А25 Лажичка за мерење
А23 Цевка за подмачкување
А26 Лента за тестирање тврдост на водата
Контролна табла Постојат две верзии од оваа машина за еспресо. Нивните контролни табли се разликуваат, но сите копчиња и икони функционираат на истиот начин. Погледнете ја сликата B за преглед на сите копчиња и икони. Подолу ќе го најдете описот.
Македонски 501 Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да лизгате низ дисплејот и допрете ја иконата OK за да ги изберете или потврдите вашите избори. B1 Копче за вклучување/исклучување B6 Икони за навигација (нагоре, надолу, назад, ОК) B2 Икони за пијалаци со еден допир B3 Икона CoffeeMaestro
B4 Мени со повеќе пијалаци
B8 Поставки за машината
B5 Копче за старт/стоп
B9 Мени за чистење B10 Лични профили
Вовед Ви честитаме што купивте целосно автоматска машина за кафе Saeco! За целосно да ја искористите онлајн поддршката на Saeco, одете на www.saeco.com/MyCoffeeMachine и регистрирајте го вашиот производ. Забелешка: машинава е тестирана со кафе. Иако беше внимателно исчистена, може да има остатоци од кафе. Сепак, гарантираме дека машината е потполно нова.
Пред првата употреба ON
/DQJXDJH (VSDQRO ,WDOLDQR 1HGHUODQGV (QJOLVK 'HXWVFK )UDQ©DLV
502 Македонски $TXD&OHDQ
Намена Со CoffeeMaestro можете да го персонализирате вашето кафе преку избирање на претходно поставен профил на вкус (Delicato, Intenso, Forte) за вашиот пијалак, наместо сами да ги менувате поставките.
Функцијата HygieSteam автоматски го чисти системот за млеко, отстранувајќи ги микроорганизмите: користете го по подготовка на капучино или други пијалаци на база на млеко. HygieSteam
Нашата трајна мелница е изработена од 100% керамика за да биде исклучително силна и прецизна. Може да се прилагоди на вашиот вкус со нивоа со 12 чекори. Ceramic Grinder
Варење пијалаци Општи чекори 1
Наполнете го резервоарот за вода со вода од чешма и наполнете го резервоарот за зрна кафе со зрна. 2 Внесете го малиот приклучок во електричниот приклучок на задната страна од машината. Ставете го приклучокот за напојување во ѕидниот штекер. 3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја вклучите машината. - Машината почнува да се загрева и го изведува автоматскиот циклус на плакнење.
Македонски 503 - Кога сите светла на иконите за пијалаци светат постојано, машината е подготвена за употреба. 4 Ставете филџан под одводот за распрскување кафе. Лизгајте го одводот за распрскување кафе нагоре или надолу за да ја приспособите неговата висина на висината на филџанот или чашата што ја користите (Сл. 1).
Варење кафе со зрна 1
За да сварите кафе, допрете ја иконата за пијалак по избор (Сл. 2) или допрете ја иконата (Сл. 3) „More Drinks“ (Други пијалаци). - Може да го приспособите пијалакот по ваш вкус (Сл. 4). Користете ги стрелките (Сл. 5) за нагоре и надолу за да ја приспособите јачината на кафето. Допрете ја иконата ОК ако сакате да приспособите и други поставки (Сл. 6). 2 Притиснете го копчето за старт/стоп во секое време за да започнете со варење на избраниот пијалак. 3 За да сопре распрснувањето на кафето пред да заврши машината, притиснете го копчето за старт/стоп повторно. За да варите две кафиња истовремено, допрете ја иконата за пијалак два пати или изберете ја иконата 2x со лизгање на назначената лента.
Немојте да користите карамелизирани зрна кафе или зрна кафе со посебен вкус.
Варење пијалаци на база на млеко 1
Наполнете го резервоарот за вода со вода од чешма и наполнете го резервоарот за зрна кафе со зрна. 2 Одвртете го капакот од садот за млеко и наполнете го садот со млеко (Сл. 7). Потоа ставете ја металната цевка за млеко во садот. Секогаш користете млеко тукушто извадено од фрижидер за оптимални резултати. 3 Поврзете ја флексибилната цевка за млеко со елементот за капучино (Сл. 8). 4 Допрете ја иконата за пијалак на база на млеко по избор (Сл. 9) или допрете ја иконата „More Drinks“ (Други пијалаци) за да изберете друг пијалак (Сл. 3). - Сега може да го приспособите пијалакот по сопствен избор (Сл. 10). 5 Притиснете го копчето за старт/стоп . - За конкретни пијалаци, машината прво распрскува млеко, а потоа кафе. За бројни други пијалаци, ова е обратно. Машината прво распрскува кафе, а потоа млеко. - За да сопре распрснувањето на млекото пред машината да го распрска одреденото количество, притиснете го копчето за старт/стоп . 6 За да сопре распрснувањето на целосниот пијалак (млеко и кафе) пред да заврши машината, притиснете и задржете го копчето за старт/стоп . 7 Веднаш по распрскување на млекото, се изведува „Доза HygieSteam“. Машината испушта пареа низ внатрешниот систем за млеко за да го исплакне набрзина.
Варење кафе со претходно сомелено кафе 1
Навалете го капакот и ставете една лажичка за мерење од претходно сомеленото кафе во делот (Сл. 11) за претходно сомелено кафе. 2 Откако ќе изберете пијалак, користете ги стрелките за нагоре и надолу да изберете претходно сомелено кафе (Сл. 12). Потоа притиснете го копчето за старт/стоп .
504 Македонски Забелешка: ако изберете претходно сомелено кафе, не може да ја приспособувате јачината на кафето и/или да сварите повеќе од еден пијалак во исто време.
Распрскување врела вода 1 Внатрешниот елемент за капучино треба да е правилно прикачен за машината (Сл. 13). 2 Ставете филџан под одводот 3 Допрете ја иконата (Сл. 3) „More Drinks“ (Други пијалаци) и лизгајте надолу за да изберете „Врела вода“. 4 Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да го приспособите количеството врела вода или температурата по ваш избор (Сл. 14). 5 Притиснете го копчето за старт/стоп . 6 За да сопре распрснувањето на врелата вода пред да заврши машината, притиснете го копчето за старт/стоп повторно.
Персонализирање пијалаци Машината ви дозволува да ги приспособите поставките на пијалакот по сопствен избор и да го зачувате приспособениот пијалак во личниот профил. Различните профили имаат различни бои.
Варење пијалаци со функцијата CoffeeMaestro Машината ви нуди можност да избирате профили на вкус со функцијата CoffeeEqualizer наместо да ги приспособувате сите поставки одделно. Може да бирате меѓу Delicato, Intenso и Forte. За да изберете профил на вкус на CoffeeMaestro: 1 Допрете ја иконата за пијалак по избор (Сл. 2) или допрете ја иконата „More Drinks“ (Други пијалаци) за да изберете друг пијалак (Сл. 3). 2 Допирајте ја иконата CoffeeMaestro повторливо (Сл. 15). 3 Притиснете на ОК за да го потврдите изборот. Главната поставка на пијалакот сега е приспособена соодветно. 4 Притиснете на копчето за старт/стоп за да започнете со варење на пијалакот.
Функцијата CoffeeEqualizer Откако ќе изберете пијалак, функцијата CoffeeEqualizer се активира автоматски. Може да ги користете стрелките за нагоре и надолу за да ги приспособите следните поставки:
Јачина на аромата Количина на кафе Количина на млеко Количина на вода Температура на пијалакот
6 Количина на пена 7 Може да одлучите и да подготвите 1 или 2 филџани 8 Количина на кафе за чаша за патување (само одредени типови)
Забелешка: кои поставки може да ги измените ќе зависи од пијалакот што ќе го изберете.
Избирање профил Може да изберете профил и да зачувате рецепт со иконата за профили . 1 Допирајте ја иконата за профили повторливо за да изберете еден од обоените профили (Сл. 16). Сите профили имаат различна боја. 2 Изберете пијалак со допирање на една од иконите за пијалак со еден допир или со допирање на иконата „More Drinks“ (Други пијалаци). 3 Приспособете ги поставките за пијалакот на вашиот омилен вкус. 4 Притиснете на копчето за старт/стоп за да започнете варењето на избраниот пијалак - Новите поставки сега се зачувани во обоениот профил што сте го избрале. Секогаш може да ги вратите фабричките поставки на машината (видете 'Враќање на фабрички поставки').
Профил на гостин Машината е опремена со профил на гостин. Кога ќе се избере профилот на гостин, иконата за профил е исклучена. Кога ќе го изберете овој профил, може да ги персонализирате поставките по сопствен избор, но рецептите нема да се зачуваат.
Дополнителна доза (ExtraShot) Вашата машина ви нуди можност да додадете дополнителна доза „ристрето“ во вашето кафе и млечни пијалаци, на пример, ако сакате да имате појако кафе. 1 Ставете филџан под одводот. 2 Допрете на една од иконите за пијалаци со еден допир за да изберете пијалак (Сл. 2) или допрете на иконата „More Drinks“ (Други пијалаци) за да изберете друг пијалак (Сл. 3). 3 Користете ја стрелката за нагоре за да ја поставите јачината до најгорното ниво и изберете ја функцијата (Сл. 17) ExtraShot. 4 Допрете ја иконата ОК ако сакате да ги персонализирате другите поставки. Потоа притиснете на копчето за старт/стоп за да започнете со варење на пијалакот. 5 За да сопре распрснувањето на пијалакот пред да заврши машината, притиснете го копчето за старт/стоп повторно. Кога сте ја избрале функцијата ExtraShot, можете да варите само едно кафе истовремено.
Приспособување на поставките за машината Поставување тврдост на водата Ве советуваме да ја приспособите поставката за тврдост на водата според нивото на тврдост на водата во вашиот регион за да имате оптимални перформанси и подолг работен век на машината. Ова спречува да морате премногу често да го чистите бигорот на машината. Стандардната поставка за тврдост на водата е 4: тврда вода.
Користете ја лентата за тестирање тврдост на водата дадена во кутијата за да ја одредите тврдоста на водата во вашиот регион: 1
Ставете ја лентата за тестирање тврдост на водата во вода од чешма или држете ја под чешма 1 секунда (Сл. 18).
506 Македонски 2 Почекајте 1 минута. Бројот на квадрати на лентата за тестирање што ќе станат црвени ја означуваат тврдоста (Сл. 19) на водата.
Поставете ја машината на точната тврдост на водата: 1
Допрете на иконата „Поставки“ и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да изберете „Water hardness“ (Тврдост на водата). Потоа притиснете на иконата ОК за да потврдите. 2 Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да го изберете нивото на тврдост на водата. Бројот на црвени квадрати избран на дисплејот треба да биде ист со бројот на црвени квадрати на лентата (Сл. 20) за тестирање. 3 Кога ќе ја поставите точната тврдост на водата, допрете ја иконата ОК за да потврдите.
Приспособување на поставката за мелење Може да ја промените јачината на кафето со копчето за поставка на мелењето во садот за зрна. Колку е пониска поставката за мелење, толку е пофино меленото кафе и толку појако ќе биде свареното кафе. Има 12 различни поставки за мелење од кои може да изберете. Машината е поставена да го извлече најдобриот вкус од вашите зрна кафе. Затоа ве советуваме да не ја поставувате поставката за мелење додека не сте свариле 100 до 150 филџани (приближно 1 месец користење). Поставката за мелење може да ја поставувате само кога машината ги меле зрната кафе. Треба да сварите 2 или 3 пијалаци пред да може да ја вкусите разликата. Не вртете го копчето за поставување на мелењето повеќе од еден зарез едновремено за да се спречи оштетување на мелницата. 1 2 3 4
Ставете филџан под одводот за распрскување кафе. Отстранете го капакот од резервоарот (Сл. 21) за зрна кафе. Допрете ја иконата Еспресо, а потоа притиснете на копчето за старт/стоп . Кога мелницата ќе почне да меле, притиснете го копчето за поставка на мелењето и свртете го налево или надесно (Сл. 22).
Приспособување на другите поставки за машината Со допирање на иконата за Поставки , можете да ги приспособите следниве поставки за машината: - Тврдост на водата: можете да изберете помеѓу 5 нивоа, во согласност со тврдоста на водата во вашиот регион. - Време на чекање: можете да изберете 15, 30, 60 или 180 минути. - Осветленост на екранот: можете да изберете ниска, средна и висока. - Јазик: можете да го изберете јазикот на екранот по ваша желба. - Звук: можете да го активирате или деактивирате звукот на титкање на машината. - Предна осветленост: можете да изберете „секогаш вклучена“, „вклучена за време на варење“ или „секогаш исклучена“. - Единица мерка: можете да изберете помеѓу ml или oz.
Враќање на фабрички поставки Машината ви нуди можност да ги вратите фабричките поставки во секој момент. 1 Допрете ја иконата Поставки .
Македонски 507 2 Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да изберете „Фабрички поставки“. Потврдете со допирање на иконата OK. 3 Притиснете го копчето за старт/стоп за да потврдите дека сакате да ги вратите поставките. - Поставките сега се вратени. Следните фабрички поставки се враќаат на стандардно: тврдост на водата, време на мирување, осветленост на екранот, звук, предно осветлување, профили.
Филтер за вода AquaClean На вашата машина е овозможен AquaClean. Можете да го поставите филтерот за вода AquaClean во резервоарот за вода за да го зачувате вкусот на вашето кафе. Тоа исто така ја намалува потребата за чистење бигор поради намалување на наслагите на бигор во вашата машина. Можете да купите филтер за вода AquaClean од вашиот локален или онлајн малопродажник или од овластените сервисни центри.
Индикација за состојбата на филтерот AquaClean Кога е активен AquaClean, статусот на филтерот AquaClean секогаш е видлив на екранот како процент. - Ако состојбата на филтерот AquaClean е 10 % или помалку, екранот прикажува порака 2 секунди секој пат кога ќе ја вклучите машината. Оваа порака ве советува да купите нов филтер. - Ако состојбата на филтерот 0 %, машината бара да го замените филтерот AquaClean секој пат кога ќе ја вклучите.
Активирање на филтерот за вода AquaClean (5 мин.) Машината не открива автоматски дека е поставен филтер во резервоарот за вода. Затоа треба да го активирате секој нов филтер за вода AquaClean што го монтирате во менито „Clean“ (Чисти). Кога машината ќе сопре да ја прикажува пораката за активирање на филтерот, сѐ уште можете да активирате филтер за вода AquaClean, но ќе треба прво да ја исчистите машината од бигор. Вашата машина треба да нема никаков бигор пред да почнете да го користите филтерот за вода AquaClean. Пред да го активирате филтерот за вода AquaClean, тој мора да се подготви со негово натопување во вода, како што е опишано подолу. Ако не го направите ова, во машината може да навлезе воздух наместо вода, што создава многу бучава и машината нема да може да вари кафе. 1 Допрете на иконата „Clean“ (Чисти) и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да изберете „AquaClean“. 2 Допрете на иконата OK за да потврдите. 3 Допрете на иконата OK повторно кога ќе се појави екранот за активирање. Следете ги упатствата на екранот. 4 Тресете го филтерот околу 5 секунди (Сл. 23). 5 Потопете го филтерот наопаку во чаша со ладна вода и тресете го/притискајте го (Сл. 24).
508 Македонски 6 Вметнете го филтерот вертикално врз конекцијата за филтер во резервоарот за вода. Притиснете го надолу до најниската можна точка (Сл. 25). 7 Наполнете го резервоарот за вода со свежа вода од чешма и вратете го назад во машината. 8 Ставете чинија под одводот. 9 Притиснете на копчето за старт/стоп за да започне процесот на активација. 10 Од одводот ќе се распрскува жешка вода 1 минута. 11 Филтерот сега е безбедно активиран.
Заменување на филтерот за вода AquaClean (5 мин.) Откако ќе поминат 95 литри вода низ филтерот, тој ќе престане да функционира. Индикаторот за статус на AquaClean ќе падне на 0 % за да ве потсети да го замените филтерот. Сѐ додека индикаторот за состојба на филтерот AquaClean се прикажува на дисплејот, може да го замените филтерот пред да треба прво да го отстраните бигорот од машината. Ако не го замените филтерот AquaClean навремено, индикаторот на AquaClean ќе се исклучи по некое време. Во тој случај, ќе може да го замените филтерот, но прво ќе треба да го отстраните бигорот од машината. Кога индикаторот за состојба на AquaClean ќе падне на 0 % или кога машината ве потсетува да го замените филтерот AquaClean: 1 извадете го стариот филтер за вода AquaClean. 2 монтирајте нов филтер и активирајте го, како што е опишано во поглавјето „Активирање на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)“. Заменувајте го филтерот за вода AquaClean најмалку на секои 3 месеци, дури и ако машината сѐ уште не укажува дека е потребна замена.
Отстранување и вметнување на групата за варење Одете на www.saeco.com/care за детални видео упатства за начинот на отстранување, вметнување и чистење на групата за варење.
Отстранување на групата за варење од машината 1 Исклучете ја машината. 2 Извадете го резервоарот за вода и отворете ја сервисната врата (Сл. 26). 3 Притиснете ја рачката (Сл. 27) PUSH и повлечете го држачот на групата за варење за да ја извадите од машината (Сл. 28). Кога ќе ја извадите групата за варење од машината, испразнете го послужавникот за капење и садот со мелено кафе.
Повторно вметнување на групата за варење Пред да ја вратите групата за варење назад во машината, осигурете се дека е во точната положба. 1
Проверете дали групата за варење е во точната положба. Стрелката на жолтиот цилиндар на страната од групата за варење мора да биде порамнета со црната стрелка и N (Сл. 29)
Македонски 509 - Ако не се порамнети, притиснете ја рачката додека не дојде во контакт со основата од групата (Сл. 30) за варење. 2 Вратете ја групата за варење назад во машината со лизгање долж водечките шини на страните (Сл. 31) додека не се заклучи во положба со кликнување (Сл. 32). Не притискајте го копчето PUSH. 3 Затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода.
Чистење и одржување Редовното чистење и одржување ја одржува вашата машина во одлична состојба и обезбедува кафе со добар вкус долго време и со стабилен проток на кафе. Погледнете ја табелата подолу за детален опис на времето и начинот на чистење на сите делови од машината што се вадат. Може да најдете подетални информации и видео упатства на www.saeco.com/care. Погледнете ја слика C за преглед на деловите што може да се чистат во машина за миење садови.
Делови што се вадат Група за варење
Систем за млеко/внатрешен елемент за капучино
Отстранете ја групата за варење од машината (видете 'Отстранување и вметнување на групата за варење'). Исплакнете ја под чешма (видете 'Чистење на групата за варење под млаз вода од чешма').
Исчистете ја групата за варење со таблета (видете 'Чистење на групата за варење со таблети за отстранување масло од кафе') за отстранување масло од кафе на Philips.
По секојдневната употреба
Изведете ја програмата „HygieSteam“ во менито за чистење. Изберете „HygieSteam“ во менито за чистење и следете ги упатствата на екранот. Избришете ја надворешноста на металната цевка за млеко со влажна крпа пред да ја ставите во држачот за цевката за млеко.
Извадете го и расклопете го внатрешниот елемент за капучино (видете „Чистење на внатрешниот елемент за капучино под чешма“). Исплакнете ги сите делови под чешма со малку течен детергент.
Изведете ја постапката „Deep Milk Clean“ со средството за чистење на колото за млеко на Philips. Изберете „Deep Milk Clean“ во менито за чистење и следете ги упатствата на екранот. Одете на www.saeco.com/care за детални видео упатства.
510 Македонски Делови што се вадат
Расклопете го садот (Сл. 33) за млеко и истиснете ја топката од цевката за млеко со помош на игла (Сл. 34). Исчистете ги сите делови од садот за млеко под чешма или во машина за миење садови
Сад за HygieSteam (држач за цевката за млеко)
Седмично или кога машината Извадете го садот за HygieSteam од ќе ве потсети машината (Сл. 35) и отстранете го капакот на HygieSteam (Сл. 36). Испразнете го садот за HygieSteam и исчистете ги садот и капакот под чешма или во машина за миење садови. Оставете ги садот и капакот да се исушат на воздух и вратете ги во машината.
Преграда за претходно мелено кафе
Проверувајте ја преградата за претходно мелено кафе седмично за да видите дали е затната.
Исклучете ја машината и извадете ја групата за варење. Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата во неа. Движете ја рачката нагоре-надолу додека заглавеното кафе не испадне (Сл. 37). Одете на www.saeco.com/care за детални видео упатства.
Испразнете го садот за мелено кафе кога ќе ве потсети машината. Чистете го седмично.
Извадете го садот за мелено кафе додека машината е вклучена. Исплакнете го под чешма со малку течен детергент или исчистете го во машина за миење садови. Предниот панел на садот за мелено кафе (Сл. А18) не се мие во машина за миење садови.
Послужавник за капење
Празнете го послужавникот за капење секојдневно или штом ќе се појави црвениот индикатор „Drip tray full“ (Послужавникот за капење е полн) низ послужавникот за капење (Сл. 38). Чистете го послужавникот за капење седмично.
Извадете го послужавникот (Сл. 39) за капење и исплакнете го под чешма со малку течен детергент. Исто така, можете да ги исчистите послужавникот за капење и неговиот капак во машина за миење садови. Предниот панел на садот за мелено кафе (Сл. А18) не се мие во машина за миење садови.
Подмачкување на групата за варење
Подмачкајте ја групата за варење со доставената маст (видете 'Подмачкување на групата за варење').
Исплакнете го резервоарот за вода под чешма
Преден дел на машината
Чистете со неабразивна крпа
Чистење на групата за варење Редовното чистење на групата за варење спречува затнување на внатрешните кола со остатоци од кафе. Постете ја www.saeco.com/care за видеа за поддршка за начинот на отстранување, вметнување и чистење на групата за варење.
Чистење на групата за варење под млаз вода од чешма 1 Извадете ја групата (видете 'Отстранување и вметнување на групата за варење') за варење. 2 Исплакнете ја групата за варење темелно со вода. Внимателно исчистете го горниот филтер (Сл. 40) на групата за варење. 3 Оставете ја групата за варење да се исуши на воздух и вратете ја назад. Немојте да ја сушите групата за варење со крпа за да не се насоберат влакна во неа.
Чистење на групата за варење со таблети за отстранување масло од кафе Користете само таблети за отстранување масло од кафе на Philips. 1 Допрете на иконата Чисти и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да изберете „Чистење на групата за варење“. 2 Допрете на иконата ОК за да потврдите, а потоа следете ги упатствата на екранот.
Подмачкување на групата за варење За да ги подобрите перформансите на машината, препорачуваме да ја подмачкувате групата за варење на секои 2 месеци за да се осигури дека подвижните делови ќе продолжат со непречено функционирање. 1 Нанесете тенок слој маст на клипот (сивиот дел) од групата (Сл. 41) за варење. 2 Нанесете тенок слој маст околу оската (сивиот дел) на дното од групата (Сл. 42) за варење. 3 Нанесете тенок слој маст на шините од двете страни (Сл. 43).
Програми за чистење на внатрешниот елемент за капучино Машината има три програми за чистење на внатрешниот елемент за капучино: - „Доза HygieSteam“: машината испушта пареа низ внатрешниот систем за капучино за да го исплакне набрзина. - „HygieSteam“: машината темелно го чисти внатрешниот систем за млеко со пареа. Осигурете се дека садот за HygieSteam е правилно склопен (Сл. 44) и прикачен на машината (Сл. 45). Ставете ја цевката за млеко во држачот (Сл. 46) на цевката за млеко и следете ги упатствата на екранот. - „Deep Milk Clean“: Изведете ја постапката „Deep Milk Clean“ со средството за чистење на колото за млеко на Philips за темелно чистење на внатрешниот систем за млеко.
Чистење на внатрешниот елемент за капучино под чешма 1 Отворете ја вратата на внатрешниот елемент за капучино (Сл. 47). 2 Извадете го внатрешниот елемент за капучино влечејќи го надолу (Сл. 48). 3 Расклопете го внатрешниот елемент за капучино со влечење на долниот дел од горниот дел (Сл. 49). 4 Расклопете ги сите делови (Сл. 50) и исчистете ги под чешма. 5 Повторно склопете го внатрешниот елемент за капучино. 6 За да го вратите назад внатрешниот елемент за капучино, ставете го во исправена положба и проверете дали се порамнети дупките со двете цевки на машината. Потоа поместете го внатрешниот елемент за капучино нагоре додека не се заклучи во место (Сл. 13).
512 Македонски 7 Затворете ја вратата. Посетете ја www.saeco.com/care за детални видео упатства.
Постапка на отстранување бигор Користете само средство за отстранување бигор на Philips. Во ниту еден случај не треба да користите средство за отстранување бигор на база на аминосулфуреста киселина, хлороводородна киселина, сулфурна или оцетна киселина (оцет) бидејќи ова може да го оштети колото за вода во машината и нема да го раствори бигорот соодветно. Ако не користите средство за отстранување бигор на Philips, гаранцијата нема да важи. Гаранцијата нема да важи и ако не извршувате чистење бигор на апаратот. Можете да купите средство за отстранување бигор на Philips од вашиот локален или онлајн малопродажник или од овластените сервисни центри. 1 Кога машината ќе побара да го исчистите бигорот, допрете на иконата ОК за да започнете. За да почнете со чистење на бигорот без машината да го побара тоа, допрете на иконата Чисти и изберете „Descale“ (Чисти бигор). 2 Отстранете ги садот за капење, садот за мелено кафе и садот (Сл. 35) HygieSteam, испразнете ги и вратете ги на место. 3 Извадете го резервоарот за вода и испразнете го. Потоа извадете го филтерот AquaClean. 4 Истурете го целото шише на средството за отстранување бигор на Philips во резервоарот за вода, а потоа наполнете го со вода до нивото (Сл. 51) CALC CLEAN (ЧИСТЕЊЕ БИГОР). Потоа повторно ставете го во машината. 5 Ставете голем сад (1,5 l) под одводот за распрскување кафе. 6 Осигурете се дека садот за HygieSteam е правилно склопен (Сл. 44) и прикачен на машината (Сл. 45). Ставете ја цевката за млеко во држачот (Сл. 46) за цевката за млеко. 7 Следете ги упатствата на екранот за да започне постапката за чистење бигор. Постапката за чистење бигор трае приближно 30 минути и се состои од циклус на чистење бигор и циклус на плакнење. 8 Откако ќе заврши чистењето бигор, треба да ги исплакнете резервоарот и колото за вода. Следете ги упатствата на екранот. 9 Ставете нов филтер AquaClean во резервоарот за вода и активирајте го (видете 'Активирање на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)'). Совет: Користењето на филтерот AquaClean ја намалува потребата за отстранување бигор!
Што треба да направите ако постапката за чистење бигор се прекине Може да излезете од постапката за чистење бигор со притискање на копчето за вклучување/исклучување на контролната табла. Ако постапката за чистење бигор се прекине пред да заврши целосно, направете го следново: 1 Испразнете го и исплакнете го резервоарот за вода темелно. 2 Наполнете го резервоарот за вода со свежа вода до нивото ЧИСТЕЊЕ БИГОР и повторно вклучете ја машината. Машината ќе се загрее и ќе го изведе автоматскиот циклус на плакнење. 3 Пред варење пијалаци, изведете циклус на рачно плакнење. За да изведете рачен циклус на плакнење, прво ставете половина резервоар врела вода, а потоа сварете 2 филџани претходно мелено кафе без да додадете мелено кафе.
Македонски 513 Забелешка: ако постапката за чистење бигор не завршила, ќе биде потребно да се изврши друга постапка за чистење бигор што е можно поскоро.
Кодови за грешки Подолу ќе најдете список со кодови на грешки што прикажуваат проблеми коишто може да ги решите сами. Видео упатствата се достапни на www.saeco.com/care. Ако се појави друг код на грешка, контактирајте со центарот за грижа на корисници во вашата земја. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.
Проблем Инката за кафе е затната.
Можно решение Исклучете ја машината и откачете ја од кабел. Извадете ја групата за варење. Потоа отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата. Движете ја рачката нагоре-надолу додека заглавеното кафе не испадне (Сл. 37). Посетете ја www.saeco.com/care за детални видео упатства.
Групата за варење е валкана или не е добро подмачкана.
Исклучете ја машината. Исплакнете ја групата за варење со свежа вода, оставете ја да се исуши на воздух, а потоа подмачкајте ја (видете 'Подмачкување на групата за варење'). Погледнете во поглавјето „Чистење на групата за варење“ или посетете ја www.saeco.com/care за детални видео упатства. Потоа повторно вклучете ја машината.
Групата за варење не е позиционирана правилно.
Исклучете ја машината. Отстранете ја групата за варење и повторно вметнете ја. Проверете дали групата за варење е во точната положба пред да ја вметнете. Погледнете во поглавјето „Ракување на групата за варење“ или посетете ја www.saeco.com/care за детални видео упатства. Потоа повторно вклучете ја машината.
Има воздух во колото за вода.
Рестартирајте ја машината со исклучување и повторно вклучување. Ако ова успее, истурете 2 до 3 чаши врела вода. Исчистете го бигорот од машината ако не сте го направиле тоа подолго време.
Филтерот AquaClean не е подготвен соодветно пред монтирањето или е затнат.
Извадете го филтерот AquaClean и повторно обидете се да сварите кафе. Ако ова успее, проверете дали филтерот AquaClean е подготвен соодветно пред да го ставите повторно назад. Ставете го филтерот AquaClean во резервоарот за вода. Ако и ова не успее, филтерот може да е затнат и треба да се замени.
Машината треба да се Оставете ја машината некое време да се приспособи на приспособи на собна собна температура од транспортната/надворешната температура температура. Исклучете ја машината 30 минути, а потоа повторно вклучете ја. Ако ова не успее, контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.
Машината е прегреана.
Исклучете ја машината и повторно вклучете ја по 30 минути.
514 Македонски Код за грешка
Машината не е Осигурете се дека малиот приклучок од кабелот за правилно приклучена напојување е правилно поврзан во електричниот во ѕидниот приклучок. приклучок на задната страна од машината.
Нарачување додатоци За чистење на машината и бигорот, користете само производи за одржување на Philips. Овие производи може да се купат од вашиот локален или онлајн малопродажник или од овластените сервисни центри. За да го најдете целосниот список со резервни делови онлајн, внесете го бројот на моделот на вашата машина. Бројот на моделот може да го најдете од внатрешната страна на сервисната врата. Производи за одржување и број на типови: - Раствор за отстранување бигор CA6700 - Филтер AquaClean CA6903 - Маст за групата за варење HD5061 - Таблети за отстранување масло од кафе CA6704 - Средство за чистење на колото за млеко CA6705 - Комплет за одржување CA6707
Решавање проблеми Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги сретнете кај машината. Видеата за поддршка и целосниот список со често поставуваните прашања се достапни на www.saeco.com/care. Ако не можете да го решите проблемот, контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.
Има остатоци од кафе вомашинава е тестирана со кафе. Иако беше внимателно исчистена, мојата нова машина. може да има остатоци од кафе. Сепак, машината е потполно нова. Послужавникот за капење се полни брзо/секогаш има вода во послужавникот за капење.
Тоа е нормално. Машината користи вода за да ги плакне внатрешното коло и групата за варење. Дел од водата поминува низ внатрешниот систем и директно во послужавникот за капење.
Иконата „испразнете го Сте го испразниле садот за садот за мелено кафе“ мелено кафе додека е постојано вклучена. машината била исклучена од ѕидниот штекер или сте го вратиле назад пребрзо.
Празнете го послужавникот за капење секојдневно или штом ќе се појави црвениот индикатор „послужавникот за капење е полн“ низ капакот на послужавникот за капење. Совет: ставете чаша под одводот за распрскување за да се собере водата за плакнење што ќе излезе од него. Извадете го садот за мелено кафе, почекајте најмалку 5 секунди, а потоа повторно вметнете го.
Македонски 515 Проблем
Машината бара да се испразни садот за мелено кафе иако садот не е полн.
Машината не го ресетирала бројачот последниот пат кога сте го испразниле садот за мелено кафе.
Секогаш почекајте најмалку 5 секунди кога го враќате садот за мелено кафе назад во машината. На овој начин, бројачот на полнења со кафе ќе се ресетира на нула и бројот на полнења со кафе се брои правилно.
Садот за мелено кафе е преполн, а иконата „испразнете го садот за мелено кафе“ не се прикажа на дисплејот.
Сте го извадиле послужавникот за капење без да го испразните садот за мелено кафе.
Кога ќе го извадите послужавникот за капење, испразнете го послужавникот за капење дури и ако содржи само неколку полнење со кафе. Вака бројачот на полнења со кафе со сигурност ќе се ресетира на нула и бројот на полнења со кафе се брои правилно.
Не можам да ја извадам групата за варење.
Групата за варење не е во точната положба.
Ресетирајте ја машината на следниов начин: затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода. Исклучете ја машината и повторно вклучете ја и почекајте да се вклучат светлата на иконите за пијалаци. Обидете се повторно да ја извадите групата за варење. Погледнете го поглавјето „Отстранување и вметнување на групата за варење“ за упатства чекор по чекор.
Не можам да ја вметнам групата за варење.
Групата за варење не е во точната положба.
Ресетирајте ја машината на следниов начин: затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода. Оставете ја групата за варење надвор од машината. Исклучете ја машината и откачете ја од кабел. Почекајте 30 секунди и приклучете ја машината во штекер, вклучете ја и почекајте да се вклучат светлата на иконите за пијалаци. Потоа ставете ја групата за варење е во точната положба и повторно вметнете ја во машината. Погледнете го поглавјето „Отстранување и вметнување на групата за варење“ за упатства чекор по чекор.
Групата за варење е валкана или треба да се подмачка.
Извадете ја групата за варење и исплакнете ја под чешма и оставете ја да се исуши. Потоа подмачкајте ги подвижните делови (видете 'Подмачкување на групата за варење').
516 Македонски Проблем
Кафето не е доволно жешко.
Не излегува кафе или излегува бавно.
Машината ја изведува постапката за самостојно приспособување. Оваа постапка стартува автоматски при првото користење на машината, кога ќе го смените типот на зрната кафе или по подолг период на некористење.
Сварете 5 филџани кафе првично за да ѝ овозможите на машината да ја заврши постапката на самостојно приспособување.
Мелницата е поставена на премногу крупна поставка.
Поставете ја мелницата на поситна (пониска) поставка. Сварете 2 или 3 пијалаци за да може да ја вкусите разликата.
Температурата е поставена прениско.
Поставете ја температурата на максималната поставка (Сл. 52).
Ладниот филџан ја намалува температурата на пијалакот.
Загрејте ги филџаните со плакнење со врела вода.
Додавањето млеко ја намалува температурата на пијалакот.
Без разлика дали ќе додадете врело или ладно млеко, додавањето млеко секогаш ја намалува температурата на кафето. Загрејте ги филџаните со плакнење со врела вода.
Филтерот за вода AquaClean не е подготвен соодветно за монтирање.
Извадете го филтерот AquaClean и ставете малку врела вода. Ако ова успее, филтерот AquaClean не бил соодветно монтиран. Повторно монтирајте го филтерот AquaClean и следете ги чекорите во поглавјето „Филтер за вода AquaClean“. По подолг период на некористење, треба да го подготвите филтерот за вода Филтер за вода AquaClean за повторна употреба и ставете 2 до 3 чаши врела вода.
Филтерот за вода AquaClean е Заменувајте го филтерот за вода затнат. AquaClean на секои 3 месеци. Филтер што е постар од 3 месеци може да се затне. Мелницата е поставена на премногу ситна поставка.
Поставете ја мелницата на покрупна (повисока) поставка. Имајте предвид дека ова ќе влијае врз вкусот на кафето.
Групата за варење е валкана.
Извадете ја групата за варење и исплакнете ја под чешма (видете 'Чистење на групата за варење под млаз вода од чешма').
Македонски 517 Проблем
Не се прави пена од млекото.
Одводот за распрскување кафе е валкан.
Исчистете го одводот за распрскување кафе и неговите отвори со чистач за цевки или игла.
Преградата за претходно мелено кафе е затната
Исклучете ја машината и извадете ја групата за варење. Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата во неа. Движете ја рачката нагоре-надолу додека заглавеното кафе не испадне (Сл. 37).
Колото на машината е блокирано од бигор.
Исчистете го бигорот со средство за отстранување бигор (видете 'Постапка на отстранување бигор') на Philips. Секогаш чистете го бигорот кога машината ќе ве потсети.
Внатрешниот елемент за капучино е валкан или не е вметнат правилно.
Исчистете го внатрешниот елемент за капучино и внимавајте да го поставите и вметнете правилно (видете 'Чистење на внатрешниот елемент за капучино под чешма').
Типот на млеко што се користи не е соодветен за правење пена.
Различни типови млеко може да резултираат со различно количество пена и различен квалитет на пената.
Млекото што го користите не е доволно ладно.
Треба да користите ладно млеко тукушто извадено од фрижидер.
Флексибилната цевка за млеко не е правилно поврзана.
Отворете ја вратата од одводот (Сл. 47) за распрскување кафе и проверете дали флексибилната цевка за млеко е целосно поврзана со елементот за капучино. Имајте предвид дека елементот за капучино и цевките за млеко може да се врели. Оставете елементот за капучино и цевките да се оладат пред да ги допрете.
518 Македонски Проблем
Елементот за капучино и цевките за млеко не се чисти.
Извадете го и расклопете го внатрешниот елемент за капучино (видете 'Чистење на внатрешниот елемент за капучино под чешма'). Исплакнете ги сите делови под чешма. За темелно чистење, користете средство за чистење на колото за млеко на Philips и изведете ја постапката „Deep Milk Clean“ преку менито за чистење ( ). Имајте предвид дека ако деловите се чистени во машина за миење садови, може да се затнати од делови храна или остатоци од детергент. Се препорачува да проверите визуелно дали има некакви пречки. Ве советуваме да ја изведувате програмата „HygieSteam“ секој ден: 1) Притиснете „Clean“ (Чисти) на контролната табла. 2) Изберете „HygieSteam“. 3) Притиснете на копчето за старт за да започне процесот. Потоа потврдете ги сите чекори на дисплејот.
Изгледа дека машината протекува.
Цевките за млеко се затнати.
Секогаш складирајте го садот за млеко во фрижидер без цевките за млеко. Преостанатото млеко може да се наталожи во цевките за млеко и да го блокира протокот низ цевките. Исплакнете ги цевките за млеко пред складирање.
Машината користи вода за да ги плакне внатрешното коло и групата за варење. Оваа вода поминува низ внатрешниот систем и директно во послужавникот за капење. Тоа е нормално.
Празнете го послужавникот за капење секој ден или штом ќе се појави индикаторот „послужавникот за капење е полн“ низ капакот на послужавникот за капење. Совет: ставете чаша под одводот за распрскување за да се собере водата за плакнење и да се намали количеството вода во послужавникот за капење.
Послужавникот за капење е преполн и претекува што прави да изгледа дека машината протекува.
Празнете го послужавникот за капење секој ден или штом ќе се појави индикаторот „послужавникот за капење е полн“ низ капакот на послужавникот за капење.
Македонски 519 Проблем
Не можам да го активирам филтерот за вода AquaClean и машината бара чистење бигор.
Резервоарот за вода не е целосно вметнат, дел од водата истекува од него и воздух се вовлекува во машината.
Осигурете се дека резервоарот за вода е во точната положба: извадете го и повторно ставете го во машината што е можно подлабоко.
Групата за варење е валкана/затната.
Исплакнете ја групата за варење.
Машината не е поставена на хоризонтална површина.
Ставете ја машината на хоризонтална површина, така што послужавникот за капење нема да претекува, а индикаторот „послужавникот за капење е полн“ ќе работи правилно.
Филтерот не е монтиран или заменет на време откако на екранот се прикажал потсетникот AquaClean. Ова значи дека вашата машина веќе не е целосно без бигор.
Прво исчистете го бигорот на машината, а потоа монтирајте го филтерот за вода AquaClean.
Новиот филтер за вода Се обидувате да монтирате Само филтерот за вода AquaClean не одговара. филтер поинаков од филтерот одговара во машината. за вода AquaClean.
Машината произведува гласен звук.
Гумениот прстен на филтерот за вода AquaClean не е на место.
Повторно ставете го гумениот прстен на филтерот за вода AquaClean.
Нормално е машината да произведува звуци при користењето.
Ако машината започне да произведува друг тип на звук, исчистете ја групата за варење и подмачкајте ја (видете 'Подмачкување на групата за варење').
Филтерот за вода AquaClean не е подготвен соодветно и сега е вовлечен воздух во машината.
Извадете го филтерот за вода AquaClean од резервоарот за вода и соодветно подгответе го за користење пред да го вратите назад. Погледнете го поглавјето „Филтер за вода AquaClean“ за упатства чекор по чекор.
Резервоарот за вода не е Осигурете се дека резервоарот за вметнат целосно и вовлечен е вода е во точната положба: извадете воздух во машината. го и повторно ставете го, туркајќи го што е можно подлабоко.
Технички спецификации Производителот го задржува правото да ги подобри техничките спецификации на производот. Сите одредени количества се приближни.
Должина на кабелот за напојување
Капацитет на резервоарот за зрна кафе
Капацитет на садот за мелено кафе
Капацитет на садот за млеко
Приспособлива висина на одводот
Номинален напон – Номинална моќност – Довод на струја
Видете ја етикетата со податоци од внатрешната страна на сервисната врата (Сл. A15)
Notice Facile