HG5012 - Пиштол за топол воздух MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HG5012 MAKITA во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Пиштол за топол воздух во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HG5012 - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HG5012 на марката MAKITA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HG5012 MAKITA
Упатства за безбедност ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Непочитувањето на упатствата за безбедност може да доведе до пожар, експлозија, електричен удар или изгореници при работа со уредот за топол воздух. Прочитајте го упатството за употреба пред користење и постојано придржувајте се кон безбедносните прописи. Чувајте го упатството за употреба и дајте му го на неупатено лице пред користење. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Оштетеното куќиште или отворениот уред можат да доведат до електричен удар опасен по живот. Не го отворајте уредот и не вклучувајте оштетен уред. Не бушете го куќиштето, на пр. за да прикачите табличка на фирмата. Пред секаква работа врз уредот извадете го приклучокот од струја. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Оштетениот приклучен кабел може да доведе до електричен удар опасен по живот. Проверувајте го редовно приклучниот кабел. Не го вклучувајте уредот со оштетен кабел. Оштетениот кабел секогаш се заменува само од страна на стручно лице. Не го замотувајте кабелот околу уредот и заштитете го од масло, топлина и остри ивици. Не носете го уредот, влечејќи го за кабелот и не користете го за да го извлечете приклучокот од штекерот. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не работете на дожд или во влажна односно водена средина. Ова може да доведе до електричен удар опасен по живот. Чувајте го уредот на суво. Чувајте го уредот на суво додека не го употребувате. Земете ги предвид атмосферските услови. Не работете во влажни санитарни простории. Не допирајте заземјени водови или уреди од куќна изолација како на пр. цевки, грејни тела, шпорети или ладилници. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Приклучете ги електричните алати, кои се употребуваат на отворено, преку заштитен прекинувач за погрешно напојување со струја (FI-). ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од експлозија! Компресорот со топол воздух може експлозивно да запали запаливи течности и гасови. Не работете во средина, во која постои опасност од експлозија. Пред почеток со работа проверете ја околината. Не работете во близина на горива или резервоари за гас, и кога се празни. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар! Топлината може да стигне до запаливи материјали, кои не се кријат видливо позади изолации, во покриви, подови или отвори, и да ги запали. Пред започнување со работа проверете го полето на работа и во сомнителна ситуација избегнувајте го вклучувањето на уредот за топол воздух. Не држете го уредот подолго време насочен кон исто место. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар! Неконтролираниот уред за топол воздух може да запали предмети што се наоѓаат во негова близина. Секогаш ракувајте со уредот под надзор. Исклучениот уред оставете го да се излади само во вертикална положба. Оставете го уредот да се излади целосно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар! При обработка на пластика, лакови или слични материјали се создаваат гасови, кои се лесно запаливи и можат да експлодираат. Внимавајте на пламен што се содава и имајте соодветните средства за гаснење во приправна состојба. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од труење! При обработката на пластика, лакови или слични материјали се создават гасови, кои можат да бидат агресивни и отровни. Одбегнувајте вдишување на пареи, и кога тие изгледаат безопасно. Постојано водете грижа за добра вентилација на работното место или носете заштитна маска за дишење. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од повреда! Зракот од топол воздух може да повреди лица или животни. Допирањето на жешката цевка од топлиот елемент или на цевчето може да доведе до изгоретини на кожата. Уредот чувајте го настрана од деца и други лица. Не допирајте ги цевката од топлиот елемент и цевчето додека се жешки. Не користете го уредот како фен, бидејќи станува многу пожежок од фен за коса. Не употребувајте го уредот за затоплување на течности или за сушење на предмети и материјали, кои се уништуваат од влијание на топлиот воздух. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од повреда! Ненамерното стартување или неочекуваното вклучување на греењето по вклучување на ограничувачот на температурата може да доведе до повреди. Осигурете се дека прекинувачот е исклучен при приклучување на мрежата за струја. Исклучете го уредот, кога ограничувачот на температура ќе го побара тоа. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од повреда! Употребата на цевче со вод за воздушна струја, кое не е наменето за Вашиот уред, може да изгоретини до горење. Употребувајте само оригинален прибор, кој е наведен за Вашиот модел во ова упатство за употреба. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од повреда и пожар! Уредот за топол воздух е опасен за деца. Чувајте го уредот за топол воздух така што ќе биде недостапен за деца. ВНИМАНИЕ: Опасност од презатоплување! Погрешното ракување може да доведе до застој на топлината, а со тоа до оштетување на уредот. Не го користете уредот во лежечка положба или постојано насочен надолу. Отворот за всмукување на воздух и цевчето не смеат да бидат покриени. Користете само цевчиња што одговараат за Вашиот уред. Рециклирање наместо отстранување отпадю Уредот, приборот и пакувањето треба да бидат изложени на еколошки подносливо рециклирање.
Технички податоци A Напон Фреквенција Моќност Напојување со струја Степени на прекинувачот
Тежина Тежинабез Тежина со кабел кабел со кабел [мм] Димензии LxBxH [inch] Заштитна категорија
0 - l - ll рачно подесување
0-l електронско подесување и регулиран 80–650 80–650 80–650 180–1200 180–1200 180–1200 електронско подесување
9.1 x 3.2 x 9.5 (двојно изолирано)
Употреба согласно регулативите Овој уред за топол воздух е наменет за секаква примена на топол воздух наведена во ова упатство за употреба, почитувајќи ги безбедносните прописи и примената на оригинален прибор. Примени
Собирање еластични црева, врзива и приклучоци за лемење, пакувања како и електро компоненти.
Преобликување производи од акрил, ПВЦ и полистирол, цевки, плочи и профили како и влажни предмети од дрво. Заварување термопластични материјали, подни подлоги од ПВЦ и линолеум, ткаенини, церади и фолии обложени со ПВЦ. Лемење на калај, специјален лем, СМД-компоненти, грла на кабли како и отварање на конектори за лемење. Отстранување на лак - Отстранување стари и дебели слоеви од масло и лак како и пластични гипсови. Сушење на мостри во боја, кит, лепаци, градежни фуги и малтерни делови. Врзиво за лепење - Лепење на голема површина со контактни лепила, активирање на лепаци што се чувствителни на притисок, забрзување на процеси за лепење, отварање на точки за лепење како и отварање или ставање лепила за работи. Одмрзнување на замрзнати скали, брави, капак од багажник, врати од автомобил или чешми како и одмрзнување на ладилници и замрзнувачи. Дезинфекција - со врел воздух од 600 °C шталите за животни можат брзо да се ослободат од бактерии. Може да се спречат напади од шумски црви (Внимание: Опасност од пожар! Површината со дрвја не смее многу да се загрева.).
Цевчето да се постави на цевката од елементот за топлење 3 Цевче што виси, може да запали предмет. Цевчињата мора да бидат цврсто и сигурно монтирани на уредот. Допир со врело цевче може да доведе тешки изгореници. Пред поставување, односно замена на цевчето, уредот треба целосно да се излади или да се користи соодветен алат. Врелото цевче може да запали подлога. Поставете го врелото цевче само на огноотпорна подлога. Погрешното или дефектно цевче може да доведе до повратен удар на топол воздух и да го оштети уредот. Да се користат оригинални цевчиња што одговараат само за Вашиот уред според табелата.
Стартување Да се внимава на напонот со струја: Напонот на изворот на струја мора да одоговара на податоците на табличката за типот на уредот. Продолжниот кабел мора да има пресек од мин. 2 x 1.5 мм 2.
A : Поставете го прекинувачот 1 на I или II.
Поставете го прекинувачот 1 на 0.
B : Поставете го прекинувачот 1 на I или II. Поставете го регулаторот за температура 2 по потреба.
За ладење, поставете го прекинувачот 1 на II и регулаторот за темпаратура 2 на MIN. Откако уредот ќе се излади, поставете го прекинувачот 1 на 0.
C : Поставете го прекинувачот 1 на I. Одберете ја саканата програма или програмирајте ја температурата и струењето на воздухот според Вашите желби (види „Подесувања“).
За ладење поставете го уредот на COOL DOWN (види „Подесувања“). Кога уредот ќе се излади, поставете го прекинувачот 1 на 0.
Вршење подесувања на дисплеј 2
Стартувајте го изборот со копчето SELECT (Мени). Упатство: Кога на дисплејот ќе светне покажувач, може да се направи промена со PLUS или MINUS. Повторното притискање на SELECT води кон следниот чекор. Избор на јазик, температура
PORTUGUES FAHRENHEIT RESET
Да се одбере програмата со функции
1-слободно подесување 2-слободно подесување Стеснување Обликување Меко лемење Сушење боја Отстранување боја
80 °C/5 80 °C/5 450 °C/5 500 °C/4 650 °C/3 650 °C/5 425 °C/5
8. 9. 10. 11. 12. 13. 14.
заварување PPEPDM заварување HD-PE заварување PP заварување PVC-U заварување ABS заварување PC заварување подни фолии
280 °C/5 300 °C/3 320 °C/3 340 °C/3 360 °C/3 370 °C/3 450 °C/3
Ознаката за одбраната програма за функции се прикажува со светкање. По 2 сек. започнува да се појавува подолг текст, кој по две прикажувања се враќа до ознаката. Во тоа време може одново да се притисне копчето SELECT за да се прилагоди температурата односно количината на воздухот.
Одбирање STANDBY или COOL DOWN S TA N B Y D COOL DOWN S TA N B Y D STAND-BY CT SEMLEE NU
– Одберете STANDBY, доколку ја прекинувате работата накратко. Се намалува потрошувачката на струја. – На крајот од работата секогаш одберете COOL DOWN. Исклучете го уредот откако ќе се излади и извлечете го приклучокот од штекот.
Изјава за сообразност МАКИТА Корпорејшн,3-11-8 Сумијоши-чо, Анјо, Аичи 446-8502, Јапонија потврдува дека, апаратите за дување топол воздух HG5012, HG551V, HG651C произведени од ЛАЈСТЕР Процес Технолоџис, Галилео-Штрасе-6056, Швајцарија-6056, Кегисвил, во состојбата во која се пуштени во промет од наша страна, ги исполнуваат условите на директивите на ЕУ 2004/108 и 2006/95 и дека се применети следните норми EN 55014-1, EN 55014-2, EN 61000-3-2, EN 61000-3-3, EN 50366, EN 62233, EN 60335-2-45 Го задржуваме правото на промени
Notice Facile