H50DW - Влажнувач GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот H50DW GORENJE во PDF формат.
| Вид на производ | Ултразвучен овлажнувач |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | H50DW |
| Капацитет на резервоар за вода | 5 L |
| Стапка на овлажнување | Приближно 300 ml/h |
| Ниво на бучава | ≤ 35 dB(A) |
| Напојување | 220-240 V ~ 50 Hz |
| Потрошувачка на енергија | 25 W |
| Димензии (В x Ш x Д) | 400 x 250 x 250 mm |
| Тежина | 3.5 kg |
| Режими на работа | Стандарден, Интелигентен, Спиење |
| Тајмер | 1-12 часа |
| Опсег на поставување на влажност | 40-80% RH |
| Јонизатор | Да (функција на анјони) |
| Филтри | Филтер за омекнување на вода (на капакот на резервоарот) и филтер со активен јаглен (на дното) |
| Интервал за замена на филтри | На секои 6 месеци |
| Безбедносни карактеристики | Автоматско исклучување кога водата е ниска; автоматско запирање на магла |
| Чистење и отстранување на камен | Неделно чистење; отстранување на камен со раствор од оцет |
| Излез за магла | Ротирачки капак за насочена магла |
| Дополнителни карактеристики | Кутија за мирис за есенцијални масла (не во резервоарот за вода) |
Често поставувани прашања - H50DW GORENJE
Прашања на корисниците за H50DW GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Влажнувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник H50DW - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. H50DW на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК H50DW GORENJE
Упатства за употреба 20
Упатство за употреба 26
Упатство за употреба 31
Упатство за употреба 57
- Капак за испустот на пареа
- Отвор за распрескувачот
- Рачка
- Резервоар
- Прозорче за нивото на водата
- Филтер за омекнување на водата
- Капак/испуст за одлив на вода
- Јагленов филтер (на дното од куќиштето)
- Комора за мирис
- Четкичка за чистење на распрескувачот
- Испуст за воздух
- Комплет на распрескувачот (атомизерот)
- Кабел за струја
- Контролен панел со LCD екран

Пред употреба на апаратот внимателно прочитајте го прирачникот за употреба.
Прирачникот чувајте го, ако во иднина би ви бил повторно потребен.
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/EU за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment – WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.
Опасност
Никогаш да не го потопувате подножјето на апаратот за влажење во вода и не дозволувајте вода да продре во подножјето.
Да би спречиле електричен удар, никогаш да не го отворате подножјето.
Предупредување
- Пред да го приклучите апаратот кон електрична мрежа, проверете дали напонот, наведен на натписната табличка, се совпаѓа со напонот на електричната инсталација.
- Апаратот е примерен за приклучување на напон од 220 до 240 волти.
- Ако е приклучниот кабел оштетен, погрижете се за замена во сервис на Gorenje или нивни овластен сервис, или пак нека го замени друго примерно оспособено лице; во спротивен случај таква интервенција може да биде опасна.
- Внимавајте приклучниот кабел да не допира жешки површини.
- Направата да не ја употребуваат лица (вклучително и деца) со смалени физички, подвижни или ментални способности или лица со недостаток на искуство или знаење, освен под соодветен надзор и упатства на лица кои се задолжени за нивна безбедност.
- Децата не смеат да си играат со апаратот. Овој апарат можат да го користат деца кои наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, како и лица кои немаат доволно искуство и знаење, ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите што можат да се појават. Децата мора постојано да бидат под надзор за да се осигурате дека не си играат со апаратот. Чистењето и корисничкото одржување не треба да го
изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
- Не допирајте го генераторот на пареа кога апаратот е приклучен на електричната мрежа.
Внимание
- Ако апаратот испушта необичен мирис или бучава, исклучете го.
- Пред поместување, чистење или полнење на апаратот за влажнење, исклучете го од електричната мрежа.
- Никогаш не вклучувајте го апаратот за влажнење ако во резервоарот нема вода.
- Не употребувајте метални или тврди предмети за чистење на парниот генератор.
- Не насочувајте ги ситните капки кон мебел или електрични апарати.
- Погрижете се апаратот за влажнење и приклучниот кабел да не се на дофат на мали деца (најмалку еден метар оддалечени).
- Не употребувајте го апаратот за влажнење во влажни простории или во близина на вода.
- Не употребувајте го апаратот за влажнење во простории каде релативната влажност е повисока од 50%.
- Не изложувајте го апаратот за влажнење на екстремна топлина или мраз, ниту на директна сончева светлина.
- Не употребувајте го апаратот за влажнење на отворено.
- Апаратот за влажнење е наменет исклучиво за употреба во домаќинство.
- Никогаш не го поместувајте или празнете го апаратот за влажење додека работи.
- По секоја употреба, исклучете го апаратот за влажење од електричната мрежа.
- Никогаш не го покривајте апаратот за влажење со крпа или покривач. • Ниво на бучава: Lc < 35 dB(A)
Употреба на апаратот
- Осигурете се дека навлажнувачот не работи и дека е исклучен од струја.
- Извадете го капакот за испуст на пареа.
- Со помош на рачката на резервоарот за вода, кренете го резервоарот вертикално од лежиштето.

- Превртете го резервоарот за вода наопаку. Завртете го капакот спротивно од стрелките на часовникот за да го извадите и наполнете го резервоарот со околу 5 литри чиста вода.

Совет: Користете изладена превриена вода или дестилирана вода. Осигурете се дека температурата на водата не е повисока од 40°C.
Во резервоарот ставајте исклучиво вода. Не ставајте никакви адитиви, како на пример средства за инхалирање или масла.

Предупредување: Не ставајте никакви адитиви во резервоарот, како, на пример, средства за инхалирање или есенцијални масла. Мирисите
ставајте ги во комората за мириси на дното на навлажнувачот. Отворете ја комората и внимателно ставете една или неколку капки.

- Вратете го капакот на резервоарот, завртете го во насока на стрелките на часовникот и цврсто затворете го. Внимавајте водата да не капе од резервоарот.

- Вратете го резервоарот за вода на лежиштето во оригиналната положба. Водата веднаш почнува да тече во садот за вода.

Предупредување: Внимателно и правилно вратете го резервоарот во лежиштето.

- Ставете го капакот за испустот на пареа на апаратот. Капакот може да го вртите за пареата да излегува во саканата насока.
- Вклучете го кабелот во штекерот. Не користете продолжен кабел.
Ќе чуете звучен сигнал, што значи дека апаратот може да се користи. Истовремено, на екранот ќе видите црвена икона со ознака „POWER“.
- За да го вклучите или исклучите апаратот, мора да притиснете на копчето ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ на контролниот панел на навлажнувачот. Кога апаратот е исклучен, може да изберете еден од трите начини на работа (SLEEP, INTELLIGENT, STANDARD). Подолу е дадено подетално објаснување.
Предупредување: Кога за првпат го пуштате навлажнувачот, оставете го на собна температура најмалку еден час.
Совет: Менувајте ја водата во резервоарот секој ден, за да спречите појава на бактерии во неа.
- Откако ќе го исклучите апаратот, извадете го кабелот од штекерот.
- Испразнете ги резервоарот и садот за вода. Ако немате намера да го користите навлажнувачот два или повеќе дена, пребришете го со крпа.
Контролен панел со LCD екран
Со притискање на копчето ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ, апаратот автоматски почнува да работи (при стандарден начин на работа, интензитетот на навлажнување е среден).
На екранот светнува сината икона STANDARD (стандарден начин на работа). Процентот во портокалова боја ја прикажува релативната влажност во просторијата. Интензитетот на распрскувањето пареа е прикажан со сини колони.
- Копче „TAJMEP/AHJOH“ (“TIMER/ANION”):
Со притискање на ова копче, може да го прилагодувате времето по кое апаратот автоматски ќе се исклучи.
Притискајте го копчето за да го дотерате времето:
![graph LR A["1h"] --> B["2h"] B --> C["3h"] C --> D["4h"] D --> E["5h"] E --> F["6h"] F --> G["7h"] G --> H["8h"] H --> I["cancel"] I --> J["12h"] J --> K["11h"] K --> L["10h"] L --> M["9h"]](/content/2026/05/847686/images/4c4739596afe4c6ef3695d07a8e1563732968e1e314802ebb7959c614a6b56ea.jpg)
Со секое притискање на копчето, времето се продолжува за 1 час. Доколку во рок од 5 секунди нема никаква активност, тајмерот се вклучува со вклучен индикатор на тајмерот. Тајмерот може да се намести на најмногу 12 часа.
Со притискање и држење на копчето 2-3 секунди, го вклучувате/исклучувате јонизаторот. Јонизацијата е процес на произведување негативни јони, кои се нарекуваат анјони. Кога се активира оваа функција, на екранот светнува сината икона со ознака „анјон“.
Со ова копче, се дотерува саканата влажност (RH) во просторијата. Влажноста може да биде од 40 до 80%. Кога не е подесена влажноста, на екранот се појавува ознаката "oL" (што значи без подесување). Со секое притискање на копчето, влажноста се зголемува за 10%.
Доколку во рок од 5 секунди нема никаква активност, подесувањето на влажноста се исклучува.
Кога во просторијата ќе се постигне саканата влажност, апаратот автоматски го намалува интензитетот на распрскување. Кога релативната влажност во просторијата ќе се спушти под саканата, апаратот почнува да работи со интензитетот на навлажнување што е подесен претходно.
- Копче “—.....+”:
Со ова копче може да го дотерате интензитетот на навлажнување. Може да изберете еден од шесте нивоа на распрскување. Со притискање на „-“, го намалувате интензитетот на распрскување на пареата, а со притискање на „+“, го зголемувате. Наместо да притискате „+“ или „-“, може со прстот да повлечете по контролната црта, налево за намалување, а надесно за зголемување на интензитетот. Интензитетот на навлажнување може да се прилагодува кај сите три начини на работа.
Може да изберете еден од трите начини на работа. Тоа се стандардниот (STANDARD), паметниот (INTELLIGENT), или стенд-бај (SLEEP) начин на работа. Со притискање на ова копче, може да изберете било кој од трите начина.
Ова е фабрички дотераниот начин на работа. Сами ги дотерувате интензитетот на распрскување и релативната влажност во просторијата. Истото се однесува и на функциите на дотерување на времето и на јонизација.
Кај овој начин на работа, навлажнувачот достигнува однапред определена влажност. Таа изнесува 40-60% RH. Кога релативната влажност во просторијата е најмалку 60%, апаратот автоматски го намалува интензитетот на распрскување. Кога релативната влажност е пониска од 40%, апаратот автоматски го зголемува интензитетот на распрскување. Кај овој начин на работа, може да го дотерате интензитетот на распрскување, но не и нивото на влажност во просторијата. Како и кај стандардниот начин, и кај овој може да ги дотерате функциите тајмер и јонизација.
Кај овој начин на работа, навлажнувачот достигнува однапред определена влажност. Таа изнесува 40-60% RH. Кога релативната
Влажноста во просторијата е најмалку 60%, а апаратот автоматски го намалува интензитетот на распрскување. Кога релативната влажност е пониска од 40%, апаратот автоматски го зголемува интензитетот на распрскување.
Доколку не притиснете ниту едно копче најмалку 1 минута, сите икони се исклучуваат автоматски, со исклучок на иконата „power“. Во таков случај, може да притиснете кое и да е од копчињата за повторно да го вклучите екранот.
Фабрички подесеното работно време при „стенд-бај“ начин на работа е 8 часа. По тоа, апаратот автоматски се исклучува.
Кај овој начин на работа, може да го дотерате интензитетот на распрскување, но не и нивото на влажност во просторијата. Како и кај стандардниот начин, и кај овој може да ги дотерате функциите тајмер и јонизација.
Внимание:
- Пред да го дополните резервоарот за вода, секогаш исклучувајте го струјниот кабел од штекер.
- Автоматскиот прекинувач на пареа го штити генераторот на пареа од прегревање. И во двата случаи, навлажнувачот и натаму е вклучен и вентилаторот продолжува да работи.
- Безбедносниот прекинувач автоматски ја прекинува работата на генераторот на пареа, за да спречи испуштање пареа при прениско ниво на водата. Или во случај да го извадите резервоарот на вода. И во двата случаи, почнува да светка црвената икона со ознака „недостига вода“. Доколку дополните вода во рок од 15 минути и правилно го вратите резервоарот на место, навлажнувачот продолжува да работи во избраниот начин на работа. Во случај состојбата со недостиг на вода да потрае и по 15 минути, апаратот автоматски преминува во статус стенд-бај.
Чистење
Не употребувајте додатни средства за чистење. Никогаш не го потопувајте подножјето, приклучниот кабел или втакнувачот во вода или друга течност.
За чистење на парниот генератор не употребувајте метални или тврди предмети.
- Исклучете го апаратот за влажење од електричната мрежа и дотерајте го копчето за вклучување/исклучување на положба за исклучување ("off").
- Исчистете го резервоарот за вода и капакот на резервоарот со жешка вода. Можете да употребите и базичен детергент за миење садови или машина за миење садови.
- За да ја исчистите внатрешноста на резервоарот за вода, наполнете го со вода, непропустливо привијте ја затката, а потоа повеќепати протресете го резервоарот.
Забелешка: Погрижете се по миењето во резервоарот или на капакот да нема остатоци од сапуница.
- Исчистете го подножјето со влажна крпа.
Совет: При редовно чистење можноста за затнување е мала.
Отстранување на бигор
Совети за отстранување бигор
И покрај тоа што навлажнувачот и јонизаторот имаат филтер за омекнување на водата, наша препорака е да користите изладена превриена вода, филтрирана или дестилирана вода. Проверете дали температурата на водата е пониска од 40°C. Чистете ги капакот на резервоарот, резервоарот за вода, генераторот на пареа и садот за вода еднаш неделно. Користете ја четкичката за чистење што оди со апаратот. Секојпат кога го користите навлажнувачот, дополнувајте го резервоарот за вода со свежа вода. Кога немате намера да го користите навлажнувачот подолго време, исчистете ги сите делови на навлажнувачот, испразнете ги резервоарот и садот за вода и пребришете ги сите делови со мека, сува крпа.
Отстранување бигор од навлажнувачот
- Исклучете го навлажнувачот од струја и завртете го копчето вклучи/исклучи на „исклучи“.
- Ставете 100 мл оцет (4% оцетна киселина) во садот за вода со 200 мл вода и оставете го да кисне најмалку 2 часа. Оставете ја водата и оцетот во садот за вода најмалку 4 часа (по можност, цела ноќ).
- Испразнете го садот за вода и пребришете го со мека крпа.
- Ставете бел оцет (4% оцетна киселина) и на генераторот на пареа и потоа пребришете го со влажна крпа.
- Сите други делови измијте ги со чиста вода.
Менување на филтрите
Во вашиот апарат има два филтри.
Првиот се нарекува филтер за омекнување на водата и е прикачен на капакот на резервоарот за вода. Овој филтер ја омекнува водата и го
сведува формирањето бигор во навлажнувачот на минимум.

Вториот филтер е наречен филтер за активен јаглен и е лоциран на дното на апаратот, на местото на коешто воздух навлегува во навлажнувачот. Овој филтер ги отстранува прашината и другите мали честички од воздухот.

За да постигнете најдобри резултати во поглед на навлажнувањето и јонизирањето, наша препорака е да ги менувате и двата филтри на секои шест месеци. На тој начин, го продолжувате и корисниот век на апаратот.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Не го фрлајте апаратот во нормален домашен отпад, туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, одделот за мали апарати за домаќинство.
Не е за комерцијална употреба!
Овлажнителот е наменет само за домашна употреба.
Само за лична употреба!
GORENJE ВИ ПОСАКУВА ПРИЈАТНИ ЧАСОВИ СО КОРИСТЕЊЕТО НА УРЕДОТ.