H17G - Влажнувач GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот H17G GORENJE во PDF формат.
| Вид на производ | Ултразвуков овлажнител |
| Модел | H17G |
| Бренд | Gorenje |
| Соодветна големина на просторија | До 30 m² |
| Капацитет на резервоар за вода | 4 L |
| Излез на магла | 300 ml/h |
| Време на работа | До 12 часа |
| Ниво на бучава | < 30 dB |
| Димензии (Ш x Д x В) | 240 x 240 x 350 mm |
| Тежина | 2.5 kg |
| Напојување | 220-240 V, 50 Hz |
| Потрошувачка на енергија | 25 W |
| Вид на овлажнување | Ултразвуков |
| Филтер | Картриџ за деминерализација (опционално) |
| Функции | Автоматско исклучување, прилагодлив излез на магла, ноќен режим |
| Безбедност | Автоматско исклучување кога резервоарот е празен |
| Чистење | Препорачано неделно чистење; отстранување на камен месечно |
| Гаранција | 2 години |
Често поставувани прашања - H17G GORENJE
Прашања на корисниците за H17G GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Влажнувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник H17G - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. H17G на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК H17G GORENJE
МК Упатства за употреба 12
EN Упатство за употреба 15
RO Упатство за употреба 18
BG Инструкции за употреба 33
- Отвор за дробни распрснати капки
- Резервоар
- Капак/отвор за одлевање на водата
- Заштитно стакло за ниво на водата
- Комплет на распрснувачот (атомизаторот)
- Приклучен кабел
- Отвор за воздух
- Копче на прекинувачот
- Индикатор на работењето
Важно
Пред употреба на апаратот внимателно прочитајте го прирачникот за употреба.
Чувајте го прирачникот, доколку ви биде повторно потребен во иднина.
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/EU за електрична и електронска опрема (WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, што важи низ цела Европа.
Опасност
Никогаш не го потопувајте подножјето на апаратот за влажење во вода и не дозволувајте вода да продре во подножјето.
За да спречите електричен удар, никогаш не го отворајте подножјето.
Предупредување
Пред да го приклучите апаратот на електричната мрежа, проверете дали напонот наведен на натписната табличка се совпаѓа со напонот на електричната инсталација.
- Апаратот е предвиден за приклучување на напон од 220 до 240 волти.
- Ако приклучниот кабел е оштетен, погрижете се да го замени во сервис на Gorenje или овластен сервис, или нека го замени друго соодветно оспособено лице; во спротивен случај, таквата интервенција може да биде опасна.
- Внимавајте приклучниот кабел да не допира жешки површини.
- Апаратот не треба да го користат лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сензорни или ментални способности, или лица со недостаток на искуство или знаење, освен ако се под соодветен надзор и добиле упатства од лица одговорни за нивната безбедност.
- Децата не смеат да си играат со апаратот.
- Не допирајте го генераторот на пареа додека апаратот е приклучен на електричната мрежа.
- Овој апарат можат да го користат деца над 8 години, лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, како и лица без доволно искуство и знаење, ако се под надзор или се обучени за безбедна употреба на апаратот и ги разбираат опасностите што можат да се појават. Децата мора постојано да бидат под надзор за да се осигура дека не си играат со апаратот.
Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца под 8 години без надзор.
Внимание
- Ако апаратот испушта необичен мирис или бучава, исклучете го.
- Пред поместување, чистење или полнење на апаратот за влажнење, исклучете го од електричната мрежа.
- Никогаш не вклучувајте го апаратот за влажнење, ако во резервоарот нема вода.
- Не употребувајте метални или тврди предмети за чистење на парниот генератор.
- Не насочувајте ги ситните прскани капки кон мебел или електрични апарати.
- Погрижете се апаратот за влажнење и приклучниот кабел да не се на дофат на мали деца (најмалку еден метар оддалечени).
- Не употребувајте го апаратот за влажнење во влажни простории или во близина на вода.
- Не употребувајте го апаратот за влажнење во простории, во кои релативната влажност е повисока од 50%.
- Не изложувајте го апаратот за влажнење на екстремна топлина или мраз, или директно на сончева светлина.
- Не употребувајте го апаратот за влажнење надвор.
- Апаратот за влажнење е наменет исклучиво за употреба во домаќинство.
- Никогаш не поместувајте или празнете го апаратот за влажнење додека работи.
- По секоја употреба исклучете го апаратот за влажење од електричната мрежа.
- Никогаш не го покривајте апаратот за влажење со крпа или покривач. • Ниво на бучава: Lc < 35 dB(A)
Употреба на апаратот
- Уверете се дека апаратот за влажење е исклучен и исклучен од електричната мрежа.
- Отстранете го капакот на резервоарот.
- Фатете ја рачката на резервоарот за вода и подигнете го вертикално нагоре, за да го отстраните од подножјето.
- Свртете го резервоарот за вода наопаку. Свртете ја затката на резервоарот во спротивна насока од стрелката на часовникот за да ја отстраните, а потоа наполнете го резервоарот со приближно 1,7 литри чиста вода.

Совет: Употребете ладна претходно зовриена вода или дестилирана вода. Уверете се дека температурата на водата што ја налевате во резервоарот не е повисока од 40 °C.
Во резервоарот за вода додавајте само вода. Никогаш во резервоарот за вода не додавајте адитиви, како што се етерични масла и средства за вдишување.
- Повторно наместете ја затката на резервоарот (1), свртете ја затката во насока на стрелката на часовникот (2) и цврсто затегнете ја.

- Резервоарот за вода повторно ставете го на подножјето, во првобитна положба. Водата веднаш ќе почне да тече во кадата.
- Повторно наместете го капакот на резервоарот.
- Приклучете го апаратот на електричната мрежа. Не употребувајте продолжни кабли.
- Свртете го копчето за вклучување/исклучување во насока на стрелката на часовникот. Апаратот за влажење е вклучен, штом слушнете клик. Ламбата што означува работење ќе засвети.
- Изберете сакан проток на ситни распрскани капки, така што ќе го вртите копчето за вклучување/исклучување во насока на стрелката на часовникот или во спротивна насока.

- По исклучување на апаратот, извадете го втакнувачот од приклучницата.
- Испразнете го резервоарот со вода и кадата во подножјето. Ако немате намера да го употребувате апаратот за влажење два дена или повеќе, избришете го со крпа.
Забелешка: Пред полнење на резервоарот со вода, секогаш исклучете го апаратот од електричната мрежа.
Автоматско запирање на ситните распрскани капки
Безбедносниот прекинувач автоматски ќе го исклучи генераторот на пареа и ќе го запре испуштањето на ситни распрскани капки, штом нивото на водата е прениско.
Безбедносниот прекинувач против превртување автоматски ќе го исклучи генераторот на пареа и ќе го запре испуштањето на ситни распрскани
капки, ако апаратот за влажење не е поставен хоризонтално (ако е наклонет).
Забелешка: Прекинувачот за автоматско исклучување го штити генераторот на пареа од прегревање. Во двата случаја, апаратот за влажење ќе остане вклучен и вентилаторот работи и понатаму.
Чистење
Не употребувајте дополнителни средства за чистење.
Никогаш не го потопувајте подножјето, приклучниот кабел или втакнувачот во вода или друга течност.
За чистење на генераторот на пареа, не употребувајте метални или тврди предмети.
- Исклучете го апаратот за влажење од електричната мрежа и поставете го копчето за вклучување/исклучување на положба за исклучување ("off").
- Исчистете го резервоарот за вода и капакот на резервоарот со топла вода. Можете да употребите и благ детергент за миење садови или машина за миење садови.
- За да ја исчистите внатрешноста на резервоарот за вода, наполнете го со вода, затворете го херметички со затката, а потоа неколкупати протресете го резервоарот.
Забелешка: Погрижете се да по миењето во резервоарот или на капакот нема остатоци од сапуница.
- Исчистете го подножјето со влажна крпа.
Совет: При редовно чистење можноста за затнување е мала.
Отстранување на каменот
Совети за избегнување таложење на камен
Употребувајте ладна, претходно превриена вода, филтрирана или дестилирана вода.
Погрижете се температурата на водата да биде пониска од 40°C. Секоја седмица исчистете го капакот на резервоарот, резервоарот за вода, генераторот на пара и кадата за вода. При секоја употреба на апаратот за влажење, наполнете го резервоарот со свежа вода.
Ако немате намера да го употребувате апаратот за влажење подолго време, исчистете ги сите делови на апаратот, испразнете го
резервоарот за вода и кадата за вода, и исушете ги сите делови со мека сува крпа.
Исклучете го апаратот за влажење
- Исклучете го апаратот за влажење од електричната мрежа и поставете го копчето за вклучување/исклучување на положба за исклучување ("off").
- Налејте во кадата за вода 100 ml вински оцет (4-процентна оцетна киселина) на 200 ml вода и оставете ја кадата да се накиснува најмалку четири часа. Водата со оцетот оставете ја во кадата најмалку четири часа (по можност преку ноќ).
- Испразнете ја кадата со вода и избришете ја исто така со мека крпа.
- Прелејте малку бел оцет (4-процентна оцетна киселина) преку генераторот на пара, потоа избришете со влажна крпа.
- Измијте ги сите други делови со чиста вода.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Не го фрлајте апаратот во нормален домашен отпад, туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство.
Не е за комерцијална употреба!
Само за лична употреба!
GORENJE ВИ ПОСАКУВА ПРИЈАТНИ ЧАСОВИ СО КОРИСТЕЊЕТО НА УРЕДОТ.
