36 V Energy Flex 46.2 Li SP-W Comfort - кошачка за трева AL-KO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 36 V Energy Flex 46.2 Li SP-W Comfort AL-KO во PDF формат.
Прашања на корисниците за 36 V Energy Flex 46.2 Li SP-W Comfort AL-KO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 36 V Energy Flex 46.2 Li SP-W Comfort - AL-KO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 36 V Energy Flex 46.2 Li SP-W Comfort на марката AL-KO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 36 V Energy Flex 46.2 Li SP-W Comfort AL-KO
3.5.1 Безбедносна ознака 155
7.3 Мулчирање са клином за мулчирање (10, 11)*......163
9 Одржавање и нега....166
9.1 Редовни радови одржавања......166
9.5 Радови на поправци.... 167
9.6 УСБ интерфејс (18) ......167
3.1 Сврсисходна употреба
Безбедносна ручка/полуга
3.5.1 Безбедносна ознака
Символ Значење

3.6 Прегледи производа
3.6.1 Преглед производа (01) – AL-KO
Бр. Компонента
1* Smart Button*
10 Сигурносна ручица
■ Опасност од вибрација
УПОЗОРЕЊЕ! Опасност од повреда!
ОПРЕЗ! Опасност од посекотина.
ОПРЕЗ! Опасност од посекотина.
7.3 Мулчирање са клином за мулчирање (10, 11)\*
НАПОМЕНА Брзину корака прилагодите пчу, немојте да ходате пребрзо.
ОПРЕЗ! Опасност од посекотина.
Искључите уређај и извуците безбедносни утични кључ, пре него што уметнете или уклоните клин за маличирање.
Уколико се клин за малчирање не углави, клин за малчирање и механизмам за кошење могу да се оштете.
Пазите на то да се блокада углави.
⚠️ ОПРЕЗ! Опасност од посекотина.
⚠️ ОПРЕЗ! Опасност од посекотина.
НАПОМЕНА Да би се време рада продужило, може да се купи додатни акумулатор.
Препоруке за кошење
УПОЗОРЕЊЕ! Опасност од
ОПРЕЗ! Опасност од повреда.
9.5 Радови на поправци

УПОЗОРЕЊЕ! Опасност од повреде
■ Променете името на градинската косачка (по желание).
1 Специјални безбедносни напомени ..... 468
2 За ова упатство за употреба...... 468
2.1 Символи на насловната страна ..... 468
2.2 Објаснување на знаците и сигналните зборови.... 468
3 Опис на производот 469
3.1 Прописна примена .....469
3.2 Можно предвидлива погрешна употреба.... 469
3.3 Ризици од остатоци.... 469
3.4 Безбедносни и заштитни уреди..... 469
3.5 Символи на уредот .....469
3.6 Прегледи на производ..... 470
3.6.1 Преглед на производот (01) – AL-KO.... 470
3.6.2 Преглед на производот (02) – solo by AL-KO 471
3.7 Содржина на пратката 471
3.9.2 Поврзете ја косачката за трева со AL-KO Smart Cloud...... 472
3.9.3 Активирање на дејства во „Smart Home“ / „Smart Garden“ (IFTTT) 473
3.9.4 Активирање на косачката за трева*...... 473
3.9.5 Ресетирање на WiFi име и лозинка*...... 473
3.10 „maxRun & smart-drive“-кокпит (04)* 473
4 Безбедносни напомени 473
4.1 Безбедносни предупредувања за косачката за трева.... 473
4.1.1 Обука 473
4.1.3 Ракување.... 474
4.1.4 Одржување и складирање......475
4.2 Изложеност на вибрации .....475
4.4 Безбедносни предупредувања за акумулаторската батерија и уредот за полнење ....476
5 Монтирање....476
6 Пуштање во употреба ....476
6.1 Наполнете ја акумулаторската батерија .....476
6.2 Ставање и вадење на акумулаторските батерии (05) .....476
6.3 Вклучување и исклучување на струјното напојување на алатката за косење (06) ....477
6.4 Вклучување и исклучување на кокпитот*......477
7 Работа ....477
7.1 Подесување на висината на косење (07)......478
7.2 Косење со корпа за собирање трева (08, 09)......478
7.3 Мулчење со заглавка за мулчење (10, 11)*......478
7.4 Косење со странично исфрлање (12)*......479
7.5 Прилагодување на водечката осовина на телесната големина (13)*......479
7.6 Стартување и стопирање на алатката за косење (14) ....479
7.7 Вклучување и исклучување на погонот на тркалата (15)* ....480
7.8 Менување на брзината на погонот на тркала (16)*......480
7.9 Вклучување и исклучување на Eco-Mode (Еко режим) (16)*......480
8 Работни напомени....480
9 Одржување и нега ....481
9.1 Редовни активности на одржување.481
9.2 Чистење на уредот и алатката за косење.... 481
9.3 Контролирање и замена на ножот за сечење.... 481
9.4 Регулирање на сајлата за повлекување на погонот на тркала (17)....481
9.5 Поправки 482
9.6 USB порта (18)....482
10 Помош во случај на дефекти ..... 482
11 Транспорт 484
11.1 Транспортирање на уредот ..... 484
11.2 Транспортирање на акумулаторски батерии.... 484
12 Складирање.... 485
12.1 Складирање на косачката за трева
со акумулаторска батерија .... 485
12.2 Складирање на акумулаторската батерија и уредот за полнење...... 485
13 Отстранување 486
14 Кориснички центар/сервис 486
15 Гаранција 487
1 СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недостаток на искусство и знаење, само доколку се под надзор или биле упатени во користењето на апаратот на безбеден начин и доколку ги разбираат можните опасности. Децата не смеат да си играат со уредот. Деца без надзор не смеат да го чистат или да го одржуваат уредот.
Лица со многу големи и сериозни ограничувања може да имаат потреби надвор од овде опишаните инструкции.
■ Германската верзија е оригиналното упатство за употреба. Сите други јазични верзии се преводи на оригиналното упатство за употреба.
Чувајте го работното упатство да ви биде лесно на дофат за читање ако ви е потребна некоја информација за уредот.
■ Предадете го уредот на други лица само со упатството за употреба.
■ Прочитајте ги и обрнете внимание на напомените за безбедност и предупредување во упатството за употреба.
2.1 Символи на насловната страна
Символ Значење

Пред пуштањето во работа, задолжително внимателно прочитајте го упатството за употреба. Ова е предусловот за успешна работа и непречено ракување.

Упатство за работа

Внимателно ракувајте со литиум- јонските акумулаторски батерии! Особено внимавајте на упатствата за транспорт, складирање и отстранување во работното упатство!
2.2 Објаснување на знаците и сигналните зборови
⚠️ ОПАСНОСТ! Покажува непосредно опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика смрт или тешка телесна повреда.
⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Покажува потенцијално опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика смрт или тешка телесна повреда.
⚠️ ВНИМАНИЕ! Покажува потенцијално опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика мала или умерена телесна повреда.
ВНИМАНИЕ! Покажува ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика штети по имотот.
НАПОМЕНА Специјални напомени за подобро разбирање и ракување.
3 ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
Ова упатство за работа опишува разни модели на рачно водени косачки за трева на акумулаторски батерии од марките AL-KO и solo by AL-KO со различни опреми. Опремите на поединечните модели се претставени во техничките податоци на упатството за монтажа.
Уредот смее да се користи само заедно со литиум-јонските батерии и полначи наведени во техничките податоци. За повеće информации за батериите и полначите, погледнете ги посебните упатства:
Упатство за работа 441630: Литиум-јонска батерија B150 Li (B05-3640G), B200 Li (B05-3650G)
■ Упатство за работа 441633: Полнач С130 Li (C05-4230)
ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување на уредите и батериите. Ако уредот се користи со несоодветни батерии, може да се оштетат уредот и батериите.
Користете го уредот само со пропишаните акумулаторски батерии.
3.1 Прописна примена
Овој уред е наменет само за косење на тревници и смее да се користи само на сува трева.
Овој уред е наменет исклучиво за приватна употреба. Секоја друга примена како и недозволено преправање или доградба єе се смета за злоупотреба и се исклучува правото на гаранција како и губењето на сообразноста (СЕ-ознака) и производителот не сноси никаква одговорност за штети на корисникот или на трети лица.
3.2 Можно предвидлива погрешна употреба
Уредот не е предвиден ниту за комерцијална употреба во јавни паркови и спортски објекти ниту за употреба во земјоделството и шумарството.
Да не го користите уредот при дожд или на мокра трева.
Безбедносните направи не смеат да се демонтираат или премостуваат.
3.3 Ризици од остатоци
Исто така и при прописна примена на апаратот останува секогаш еден одреден преостанат ризик кој не смее да се исклучи.
Од видот и конструкцијата на уредот може да настанат следните потенцијални опасности во зависност од примената:
Отфрлање на откос, земја и мали камења.
Вдишување на честици од откосот ако не се носи заштита за дишење.
Исеченици при посегнување во движечкиот нож за сечење.
3.4 Безбедносни и заштитни уреди
⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од повреда. Неисправни или исклучени
безбедносни и заштитни направи може да доведат до тешки повреди.
Поправете ги неисправните заштитни и безбедносни направи.
Никогаш да не ги ислучувате заштитните и безбедносните направи.
Сигурносен клуч
За избегнување на ненамерно вклучување уредот е опремен со сигурносен клуч. Исключете го моторот пред одржување и секогаш извлечете го сигурносниот клуч.
Безбедносна рачка / безбедносна прачка
Уредот е опремен со безбедносна рачка / безбедносна прачка. Во момент на опасност едноставно отпуштете ја безбедносната рачка / безбедносната прачка. Моторот и алатката за косење се запираат.
Копче за старт
За да може моторот да се вклучи со помош на безбедносната рачка / безбедносната прачка, претходно мора да се притисне копчето за старт.
Капак
Капакот штити на пр. од честички од откос и камења коишто може да се исфрлат надвор.
3.5 Символи на уредот
Треба да бидете особено внимателни при ракувањето!
Символ Значење

Пред пуштањето во работа прочитајте го упатството за употреба!

Опасност од повреда! Држете ги рацете и нозете подалеку од алатката за косење!

Не е применливо, се користи само кај бензински косачки за трева.
Извлечете го приклучокот за свекичката пред секое одржување или чистење!

Опасност од исфрлени предмети!

Погрижете се да нема никого во опасното подрачје!

Не е применливо, се користи само кај електрични косачки за трева.
Пред одржување и поправки исключете го уредот и одвојте ја приклучницата од струјното напојување!

Не е применливо, се користи само кај електрични косачки за трева.
Опасност од струен удар при оштетен струен кабел!

Не е применливо, се користи само кај електрични косачки за трева.
Држете го подалеку струјниот кабел од алатката за сечење и не го прегазувајте!

Извадете го уредот за деактивирање пред одржувањето!
Процедура за стартување на моторот (види Поглавје 7.6 "Стартување и стопирање на алатката за косење (14)", страна 479)

При некористење: Извлечете го сигурносниот клуч и извадете ја акумулаторската батерија од уредот.
3.6 Прегледи на производ
3.6.1 Преглед на производот (01) – AL-KO
Бр. Елемент
1* Смарт копче*
2 Капак на делот за батерии
3 Прекинувач со клуч со сигурносен
клуч
4 Дел за батерии 1 и 2
8* „maxRun & smart-drive“-кокпит*
9* Прачка за вклучување на преносникот за погонот на тркала*
10 Безбедносна прачка
11 Копче за старт
12 Индикатор за наполнетост
13 Корпа за собирање трева
14 Рачка на корпата за собирање трева
15 Централно менување на висината на косење
16* Капак за странично исфрлање*
Бр. Елемент
17* Предна рачка за носење*
18 Акумулаторска батерија (1х или 2х)
19 Полнач
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
3.6.2 Преглед на производот (02) – solo by AL-KO
Бр. Елемент
1* Смарт копче*
2 Капак на делот за батерии
3 Прекинувач со клуч со сигурносен клуч
Склопувачка водечка осовина со прилагодлива висина која се состоит од:
5 ■ Горна осовина
6 ■ Долна осовина**
7* ■ Вртливи зглобови за брзо регулирање*
8* „maxRun & smart-drive“-кокпит*
9* Прачка за вклучување на преносникот за погонот на тркала*
10 Безбедносна прачка
11 Копче за старт
12 Индикатор за наполнетост
13 Корпа за собирање трева
14 Рачка на корпата за собирање трева
15 Централно менување на висината на косење
16* Капак за странично исфрлање*
17* Предна рачка за носење*
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
** во зависност од моделот во верзија со челична цевка или алуминиум.
3.7 Содржина на пратката
Во содржината на пратката влегуваат овде наведените позиции. Проверете дали се содржани сите позиции:
Бр. Елемент
1 Косачка за трева
2 Корпа за собирање трева (не е монтирана/делумно монтирана)*
3 Водечка осовина (не е монтирана/делумно монтирана)*
4 Вметок за странично исфрлање*
5 Заглавка за мулчење*
6 Кесе со завртки
7 Акумулаторска батерија* (1х или 2х)*
8 Полнач*
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
Косачката за трева е опремена со WiFi радио модул. Тој овозможува удобно управување, регулирање и надзор преку апликација од мобилен уред (паметен телефон, таблет).
НАПОМЕНА За користење на апликацијата мобилниот уред треба да има интернет врска.
Апликацијата „AL-KO inTOUCH Smart Garden“ е достапна за Android уреди во Google Play Store и за iOS уреди во Apple App Store:

GET IT ON Google Play

По инсталација на апликацијата мора најправо да се пријавите или регистрирате. Потоа следете го упатството „чекор по чекор“.
Апликацијата нуди повеće функции како на пр. регистрирање на производот, совети за градината, советник за растенија или насочени известувања во случај на грешка.
Повеќе информации за апликацијата „AL-KO inTOUCH Smart Garden“ їе најдете на: https://alko-garden.com/smart-connect/

* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
Со Смарт копчето ја внесувате вашата косачка за трева во AL-KO Smart Cloud и бројните можности на паметното градинарство (Smart Gardening): https://alko-garden.de/smart-gardening-mit-alko/
НАПОМЕНА Информации за WiFi.
■ За да може да го користите AL-KO Smart Gardening, косачката за трева мора да се наога во дометот на вашата WiFi мрежа.
Имајте ги при рака името и лозинката за WiFi.
Смарт копчето ја сигнализира од далеку наполнетоста на акумулаторските батерии.
| Смарт копче Значење |
| Свети зелено. Акумулаторските батерии се полни. |
| Свети црвено. Акумулаторските батерии се празни. |
3.9.2 Поврзете ја косачката за трева со AL-KO Smart Cloud
НАПОМЕНА Информации за ИТ-
безбедност. Од AL-KO Smart Cloud косачката за трева автоматски ги добива најновите софтверски ажурирања за да се избегнат безбедносни празнини. Затоа е потребен интернет пристап преку WiFi.
■ Поврзете ја косачката за трева само преку безбедна WiFi мрежа со интернет.
- Подгответе го паметниот телефон:
Стартувајте ја апликацијата.
-
Стартувајте го волшебникот за поставување: Притиснете го Смарт копчето околу 3 секунди.
-
Во волшебникот за поставување:
■ Поврзете го паметниот телефон со WiFi мрежата на косачката за трева.
Изменете го името на косачката за трева (изборно).
■ Внесете го името и лозинката за WiFi. Косачката за трева се поврзува со AL-KO Smart Cloud.
Смарт копче при поставување
| Поврзување со апликацијата: | ||
| а. Пулсира сино. Волшебникот за поставување е стартуван, чека за поврзување. | ||
| б. Свети постојано сино. | Волшебникот за поставување е поврзан со апликација. | |
| Поврзување со AL-KO Smart Cloud преку WiFi мрежата на корисникот: | ||
| в. Свети сино, ротирачки во насока на стрелките од часовникот. | Обид за поврзување | |
| г. Трепка сино. Поврзано. | ||
| д. Менува меѓу зелено и сино. | Поврзано со AL-KO Smart Cloud. | |
| ć. Менува меѓу црвено и сино. | Не е поврзано.Името и лозинката за WiFi не се точно внесени. | |
| Свети сино(избледувачки). | Поврзано со AL-KOSmart Cloud.Задоволителен WiFiприем. |
| Свети сино,ротирачки. | Прекината врска соAL-KO Smart Cloud.Прекинат WiFi прием. |
3.9.3 Активирање на дејства во „Smart Home“ / „Smart Garden“ (IFTTT)
Со Смарт копчето може да активирате до 3 IFTTT-дејства (IFTTT: If This Then That). Ha https://ifttt.com/ мора претходно да ги утврдите овие дејства (на пр. управување на уреди во „Smart Home“ или „Smart Garden“, вклучување на наводнувањето, отворање на портата од гаражата). IFTTT-дејствата може да бидат бесплатни или да се плаćaat во зависност од моделот на претплата на понудувачот.
i НАПОМЕНА Детални информации за
IFTTT ke најдете на:
- Притиснете го Смарт копчето кратко едно под друго еднаш, двапати или трипати за да го активирате IFTTT-дејството 1, 2 или 3.
Смарт копче Значење
| Трепка наизменично зелено и сино. | IFTTT-дејството е активирано. |
| Трепка наизменично црвено и сино | IFTTT-дејството не можеше да се активира. |
Поради пристапот до интернет и до функциите „Smart Home“ и „Smart Garden“ потребно е безбедно складирање на уредот (види Поглавје 12.1 "Складирање на косачката за трева со акумулаторска батерија", страна 485).
3.9.4 Активирање на косачката за трева\*
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
По 10 минути некористење косачката за трева префрлува во режим за заштеда на енергија. Кокпитот се исклучува.
За активирање на косачката за трева: види Поглавје 6.4 "Вклучување и исклучување на кокпитот*", страна 477.
3.9.5 Ресетирање на WiFi име и лозинка\*
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
| Смарт копче Значење | |
| Свети сино. Потоа избледувачко во спротивна насока од стрелките на часовникот. | Ресетирање |
| Трепка сино. Ресетирањето е завршено. | |
3.10 „maxRun & smart-drive“-кокпит (04)\*
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
Копчиња
| Бр. Значење |
| 1 Копче за вклучување/исклучување за кокпит |
| 2 Копче „Eco-Mode“ |
| 3 Минус-копче: Намалување на брзината на погонот на тркала. |
| 4 Плус-копче: Зголемување на брзината на погонот на тркала. |
Индикатори
| Бр. Значење |
| 5 Индикатор за WiFi врска |
| 6 Индикатор за наполнетоста на акумулаторската батерија 1 |
| 7 Индикатор за наполнетоста на акумулаторската батерија 2 |
| 8 Приказ за грешка |
| 9 Поставена брзина на погонот на тркала (7 степени) |
4 БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
4.1 Безбедносни предупредувања за косачката за трева
4.1.1 Обука
Внимателно прочитајте го упатството за употреба. Запознајте се со рачните команди и правилното користење на уредот.
Никогаш не им дозволувајте на деца или на други лица коишто не го познаваат работното упатство да ја користат косачката за трева.
Децата би требало да бидат надгледувани да не си играат со уредот.
Деца не смеат да го чистат или да го одржуваат уредот.
Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
Овој уред може да го користат лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недостаток на искусство и знаење, само доколку се под надзор или биле упатени во користењето на апаратот на безбеден начин и доколку ги разбираат можните опасности.
Никогаш не косете кога во близина се наогаат луге, пред сё деца, или животни.
Помислете на тоа дека корисникот е одговорен за несреїните случаи со други лица или нивната сопственост.
Уредот да не се користи под дејство на алкохол, дроги или лекови.
При работа со уредот секогаш носете тврди чевли и долги панталони. Никогаш не го користете уредот со голи нозе или во лесни сандали. Избегнувајте носење на лабава облека или облека со висечки врвки или кайши.
■ Проверете го теренот на којшто ће се користи уредот и отстранете ги сите предмети коишто може да ги зафати и отфрли уредот.
■ Пред користењето на уредот проверете дали се истрошени или оштетени ножот за сечење, шрафовите за прицврстување и целата единица за сечење. Истрошените или оштетените ножеви за сечење и шрафовите за прицврстување смеат да се заменуваат само во сетови за да се спречи неурамнотеженост. Истрошените или оштетените информативни знаци мора да се заменат.
4.1.3 Ракување
Косете само при дневна светлина или добро вештачко осветлување.
Избегнувајте – ако е можно – употреба на уредот при мокра трева.
■ На косини секогаш внимавајте на добра стабилност.
Водете го уредот само со брзина на чекорење.
Косете попречно по косината, никогаш нагоре или надолу.
■ Бидете особено внимателни кога ја менувате насоката на движење на косината.
■ Не косете на прекумерно стрмни косини.
■ Бидете особено внимателни кога ја свртувате или потегнувате кон вас косачката за трева.
Запрете го (ги) ножот/-евите кога треба да се навали косачката за трева за транспорт преку други површини и кога косачката за трева се оддалечува или приближува кон површината за косење.
Никогаш не го користете уредот со оштетени заштитни направи или заштитни решетки или без вградени заштитни направи, на пр. одбојни лимови и/или направи за собирање на трева.
Оштетените заштитни направи и капаци треба да се заменат, недостасувачките заштитни направи и капаци треба правилно да се постават.
Стартувајте го моторот со претпазливост и согласно упатствата на производителот. Обрнете внимание на довольно растојание на нозете од ножот за сечење.
■ При стартувањето на моторот косачката за трева не смее да се навалува освен ако не мора да се подигне при процесот. Во тој случај навалете ја само колку што е потребно и подигнете само од спротивната страна на корисникот.
■ Не го стартувајте моторот ако стоите пред каналот за исфрлување на тревата.
Никогаш не ги ставајте рацете или нозете на или под вртливи делови. Секогаш стојте понастрана од отворот за исфрлање.
Никогаш не го подигајте или носете уредот со мотор во движење.
Исклучете го моторот и извлечете го сигурносниот клуч. Проверете дали сите подвижни делови имаат целосно запрено:
секогаш кога ја напуштате косачката за трева,
■ пред да ги ослободите блокадите или да ги отстраните запушувањата во каналот за исфрлување трева,
■ пред проверка, чистење или работи врз косачката за трева,
по удар во страно тело. Побарајте дали има оштетувања на косачката за трева и направете ги потребните поправки пред повторно да ја стартувате и да продолжите да работите со косачката за трева.
Доколку косачката за трева почне да вибрира невообичаено силно, потребна е моментална проверка:
Побарајте можни оштетувања.
Направете ги потребните поправки на оштетените делови.
Погрижете се сите навртки, завртки и болцни да бидат цврсто затегнати.
Никогаш не работете со уредот при лоши временски услови, особено при дожд или надоағачко невреме.
4.1.4 Одржување и складирање
Погрижете се сите навртки, завртки и болцни да бидат цврсто затегнати и уредот да биде во добра работна costојба.
Редовно проверувајте ја направата за собирање на трева за истрошеност или губење на функционалноста.
Заменете ги од безбедносни причини истрошените или оштетените делови.
Внимавајте на тоа дека кај уреди со повеće ножеви за сечење движењето на еден нож за сечење може да доведе до вртење на преостанатите ножеви за сечење.
■ При прилагодувањето на уредот внимавајте на тоа да не се заглават прстите помеѓу движечките ножеви за сечење и фиксираните делови на уредот.
Оставете го моторот да се олади пред да го складирате уредот.
■ При одржувањето на ножот за сечење внимавајте на тоа дека, дури и при
ислучен извор на напон, ножевите за сечење може да се движат.
■ Заменете ги од безбедносни причини истрошените или оштетените делови. Користете ислучиво оригинални резервни делови и опрема.
Опасност од вибрации
Фактичката вредност на емисија на вибрации при користењето на уредот може да отстапува од наведената вредност на производителот.
Почитувајте ги пред, односно за време на користењето следниве фактори на влијание:
■ Дали уредот прописно їе се применува?
- Дали материјалот їе се сече односно обработува на правилниот начин?
Дали уредот се наога во уредна
состојба за работа?
Дали алатката за сечење е уредно наострена односно дали е монтирана правилната алатка за сечење?
- Дали се монтирани рачките за држење и во даден случај изборните рачки за вибрации и дали истите се цврсто поврзани со уредот?
Користете го уредот само со потребниот број на вртежи за моменталната работа. Избегнувајте го максимальниот број на вртежи за да ја намалите бучавата и вибрациите.
Поради несоодветно користење и одржување може да се зголемат бучавата и вибрациите на уредот. Тоа води до оштетувања на здравјето. Во тој случај веднаш исключете го уредот и оставете го да го поправи овластена сервисна работилница.
■ Степенот на изложеност на вибрации зависи од изведуваната работа односно од употребата на уредот. Проценете го и утврдете соодветни работни паузи. Со тоа значително се намалува изложеноста на вибрации преку целото работно време.
Подолгата употреба на уредот го изложува операторот на вибрации и може да предизвика проблеми со циркулацијата на крвта („бел прст“). За да се намали овој ризик носете ракавици и држете ги рацете затоплени. Ако се препознае некој
симптом на „бел прст“ веднаш побарајте лекар. Во овие симптоми влегуваат: Бесчувствителност, губење на осетливоста, трпки, чешање, болка, попуштање на силата, промена на бојата или на состојбата на кожата. Нормално овие симптоми ги погодуваат прстите, рацете или пулсот. Кај ниски температури се зголемува опасноста.
За време на вашиот работен ден утврдете подолги паузи за да може да се опоравите од бучавата и вибрациите. Планирајте ја вашата работа така што користењето на уреди коишто создаваат јаки вибрации се распредели преку повеće денови.
Ако утврдите непријатно чувство или менување на бојата на кожата за време на користењето на уредот на вашите раце, веднаш прекинете ја работата. Утврдете доволен број на работни паузи. Без довольно работни паузи може да дојде до синдром на вибрирање на раката и дланката.
■ Минимизирајте го вашиот ризик да се изложувате на вибрации. Негувајте го уредот согласно инструкциите во упатството за употреба.
Ако уредот се користи често, контактирајте го вашиот дистрибутер за да купите антивибрациона опрема (на пр. рачки).
Избегнувајте да работите со уредот на температури под 10 °C. Утврдете работен план како може да се ограничи изложеноста на вибрации.
Една одредена изложеност на бучава преку овој уред е неизбежна. Распределете ги бучните работи во дозволени и за тоа одредени времиња. Држете се до времениьата за пауза и ограничете го времето за работа на најпотребното. За ваша лична заштита и заштита на лицата коишто се наогаат во близина треба да се носи соодветна заштита за слух.
4.4 Безбедносни предупредувања за акумулаторската батерија и уредот за полнење
Обрнете внимание на безбедносните предупредувања за акумулаторската батерија и за уредот за полнење во посебните упатства за употреба.
Види:
■ Упатство за работа 441630: Литиум-јонска батерија B150 Li (B05-3640G), B200 Li (B05-3650G)
■ Упатство за работа 441633: Полнач С130 Li (C05-4230)
5 МОНТИРАЊЕ
Монтирање: Погледнете го упатството за монтажа.
⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од нецелосно монтирање! Работењето на нецелосно монтиран уред може да доведе до тешки повреди.
Користете го уредот само ако е целосно монтиран!
Ставете ги акумулаторските батерии дури тогаш кога уредот е целосно монтиран!
6 ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА
6.1 Наполнете ја акумулаторската батерија
НАПОМЕНА За детални информации почитувајте ги посебните упатства за употреба за акумулаторската батерија и за полначот.
6.2 Ставање и вадење на акумулаторските батерии (05)
Користете ја косачката за трева по избор со една или две акумулаторски батерии. Со две акумулаторски батерии значително се зголемува работното време а со тоа и површината на косење.
Може да користите акумулаторски батерии со различна наполнетост. Најпрво се празни пополната од двете акумулаторски батерии сё додека не ја достигне истата наполнетост како втората акумулаторска батерија. Потоа двете акумулаторски батерии се празнат рамномерно.
ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување на акумулаторските батерии. Ако акумулаторските батерии се остават во уредот по користење, може да се оштетат.
Непосредно по употреба извадете ги акумулаторските батерии од уредот и складирајте ги заштитено од мраз.
Ставете ги акумулаторските батерии во уредот дури непосредно пред започнувањето со работа.
Ставање на акумулаторската батерија
- Отворете го (05/а) капакот на делот за батерии (05/1).
- Вметнете ја акумулаторската батерија од горе во отворот за батеријата (05/2) сё додека не се вклешти.
- Затворете го капакот на делот за батерии.
Вадење на акумулаторската батерија
- Притиснете го копчето за отклучување на акумулаторската батерија и држете го притиснато.
- Извадете ја акумулаторската батерија.
6.3 Вклучување и исклучување на струјното напојување на алатката за косење (06)
Со прекинувачот со клуч го вклучувате и исклучувате струјното напојување на моторот на алатката за косење. Прекинувачот со клуч се ракува со сигурносниот клуч.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
повреда. Ненамерното включување може да доведе до тешки повреди.
Секогаш пред работни паузи и одржувања: За ислучување на напојувањето со струја завртете го сигурносниот клуч во позиција за ислучување (Off) а потоа извлечете го.
Вклучување на напојувањето со струја
- Отворете го капакот на делот за батерии.
- Вметнете (06/a) го сигурносниот клуч (06/1) во прекинувачот со клуч.
- Завртете (06/b) го сигурносниот клуч во позиција за вклучување (On) (поз. I). Со тоа се напојува моторот на алатката за косење со работен напон но сепак сё уште не почнува да работи.
-
Затворете го капакот на делот за батерии.
-
Включете ја алатката за косење: види Поглавје 7.6 "Стартување и стопирање на алатката за косење (14)", страна 479.
Исклучување на напојувањето со струја
- Завртете го (06/c) сигурносниот клуч во позиција за исклучување (Off) (поз. 0) и извлечете го (06/d).
- Непосредно по употреба извадете ги акумулаторските батерии од уредот, наполнете ги и складирајте ги заштитено од мраз. Ставете ги акумулаторските батерии во уредот дури непосредно пред следното користење.
6.4 Вклучување и исклучување на кокпитот\*
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
Предуслов: Ставена е најмалку 1 акумулаторска батерија.

НАПОМЕНА Сигурносниот клуч за
струјното напојување на кокпитот и на погонот на тркалата не мора да се врти во позиција за вклучување (On) (поз. I).
За вклучување на кокпитот ги имате следните можности:
■ Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (04/1) на кокпитот.
■ Притиснете го кратко Смарт копчето (03/1).
Кокпитот се вклучува автоматски при стартувањето на моторот на алатката за косење (види Поглавје 7.6 "Стартување и стопирање на алатката за косење (14)", страна 479).
7 РАБОТА

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
повреда! Неисправни или ислучени безбедносни и заштитни направи може да доведат до тешки повреди.
■ Пред вклучувањето проверете дали ги има сите безбедносни и заштитни направи и дали функционираат!
7.1 Подесување на висината на косење (07)
ВНИМАНИЕ! Опасност од исеченици.
Опасност од исеченици при посегнување во движечката алатка за косење.
■ Прилагодувајте ја висината за сечење само при ислучен мотор и запрена алатка за косење.
- Благо притиснете го на надвор (07/a) и задржете го лостот (07/1) за отклучување.
■ За пониска трева поместете го лостот во правец на предното тркало (07/b).
■ За повисока трева поместете го лостот во правец на задното тркало (07/b).
- Отпуштете го лостот сè додека не се вклешти во саканиот степен.
7.2 Косење со корпа за собирање трева (08, 09)
Уредот може да се користи со и без корпа за собирање трева.
Закачете ја корпата за собирање трева
- Проверете дали е ислучен уредот и дали мирува алатката за косење.
- Подигнете (08/a) го капакот (08/1).
- Закачете ја (08/b) корпата за собирање трева (08/2) во држачите.
- Отпуштете го капакот.
Проверка на нивото на наполнетост
Индикаторот за наполнетост (09/1) преку воздушната струја при косење се притиска на нагоре (09/a). Кога ће се наполни корпата за собирање трева (09/2), индикаторот за наполнетост прилегнува на корпата за собирање трева (09/b). Корпата за собирање трева мора да се испразни.
Откачете ја и испразнете ја корпата за собирање трева
ВНИМАНИЕ! Опасност од исеченици.
Опасност од исеченици при посегнување во движечката алатка за косење.
Откачете ја корпата за собирање трева само кога алатката за косење мирува.
- Проверете дали е ислучен уредот и дали мирува алатката за косење.
- Подигнете го капакот (08/1).
- Издигнете ја корпата за собирање трева (08/2) од држачите и извадете ја на назад.
-
Испразнете ја корпата за собирање трева.
-
Исчистете ги отворите за издувување (08/3) на индикаторот за наполнетост.
- Закачете ја корпата за собирање трева (види горе).
7.3 Мулчење со заглавка за мулчење (10, 11)\*
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
При мулчењето откосот не се собира туку останува на тревата. Прекривката го штити тлото од исушување и го снабдува со хранливи материи. НајдобRITE резултати се постигнуваат преку редовно повратно косење за околу 2 см. Само млада трева со меко лиснато ткиво се скапува брзо.
■ Висина на трева пред мулчење: макс. 8 см
■ Висина на трева по мулчење: мин. 4 см
НАПОМЕНА Прилагодете ја брзината на чекорот со мулчењето, не одете многу брзо.
Ставање на заглавка за мулчење
ВНИМАНИЕ! Опасност од исеченици.
Опасност од исеченици при посегнување во движечката алатка за косење.
Исклучете го уредот и извлечете го сигурносниот-насаден клуч пред да ја ставите односно отстраните заглавката за мулчење.
- Исклучување на уредот: Завртете го сигурносниот клуч во позиција за исклучување (Off) (поз. 0) и извлечете го.
- Откачете ја корпата за собирање трева.
- Подигнете го капакот (10/1) и ставете ја (10/a) заглавката за мулчење (10/2) во окното за исфрлање (10/3). Заклучувањето мора да се вклешти.
ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување на уредот. Ако не се вклешти заглавката за мулчење, може да се оштетат заглавката за мулчење и алатката за косење.
Внимавајте на тоа да се вклешти заклучувањето.
Отстранување на заглавка за мулчење
- Исклучување на уредот: Завртете го сигурносниот клуч во позиција за исклучување (Off) (поз. 0) и извлечете го.
- Подигнете го капакот.
-
Откочете го заклучувањето (11/1) на заглавката за мулчење (11/a).
-
Извадете ja (11/b) заглавката за мулчење (11/2).
7.4 Косење со странично исфрлање (12)\*
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.

ВНИМАНИЕ! Опасност од исеченици.
Опасност од исеченици при посегнување во движечката алатка за косење.
Ставете го вметокот за странично исфрлање, односно отстранете го само ако моторот и алатката за косење мируваат.
Ставање на вметокот за странично исфрлање
- Исклучување на уредот: Завртете го сигурносниот клуч во позиција за исклучување (Off) (поз. 0) и извлечете го.
- Извадете ја корпата за собирање трева и ставете ја заглавката за мулчење, види Поглавје 7.3 "Мулчење со заглавка за мулчење (10, 11)*", страна 478.
- Притиснете ја рачката за откопчување (12/1) на капакот за странично исфрлање.
- Отворете го (12/a) капакот за странично исфрлање (12/2) и задржете го.
- Вметнете го (12/b) вметокот за странично исфрлање (12/3).
- Полека затворете го капакот за странично исфрлање (12/2). Капакот за странично исфрлање го обезбедува вметокот за странично исфрлање од испајање.
Отстранување на вметокот за странично исфрлање
- Исклучување на уредот: Завртете го сигурносниот клуч во позиција за исклучување (Off) (поз. 0) и извлечете го.
- Отворете го и задржете го капакот за странично исфрлање.
- Извадете го вметокот за странично исфрлање и затворете го капакот за странично исфрлање.
- Отстранете ја заглавката за мулчење и ставете ја корпата за собирање трева.
7.5 Прилагодување на водечката осовина на телесната големина (13)\*
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
-
Отворете го (13/а) брзиот затегач (13/1) на вртливиот эглоб (13/2).
-
Вртете ja (13/b) водечката осовина (13/3) за вртливите зглобови се до саканата висина.
-
Затворете го брзиот затегач.
7.6 Стартување и стопирање на алатката за косење (14)
Стартувајте ја алатката за косење само на рамна површина а не во висока трева. На подлогата не треба да има туғи тела како на пр. камења. Не го подигајте или накривувајте уредот за да го стартувате.
Стартување на алатката за косење
- Ако се уште не е направено: Включете го струјното напојување (види Поглавје 6.3 "Вклучување и исклучување на струјното напојување на алатката за косење (06)", страна 477).
- Притиснете го и држете го притиснато копчето за стартување (14/1).
- Потегнете ја (14/a) безбедносната прачка (14/2) кон водечката осовина (14/3). Алатката за косење стартува.
- Отпуштете го копчето за стартување и притоа држете ја и понатаму безбедносната прачка.
НАПОМЕНА Безбедносната прачка не се заглавува. Стискајте ја за време на целото работно времетраење на водечката осовина.
Запирање на алатката за косење
- Отпуштете ја безбедносната прачка. Ова автоматски доведува до „излезна“ позиција.
- Почекајте да запре алатката за косење.
- Исклучете го струјното напојување (види Поглавје 6.3 "Вклучување и исклучување на струјното напојување на алатката за косење (06)", страна 477).
ВНИМАНИЕ! Опасност од исеченици.
Опасност од исеченици при посегнување во движечката алатка за косење.
Затоа почекајте додека да се смири алатката за косење.
■ Пред сите работи на одржување и негување: Исключете го уредот и почекајте сё додека не запре алатката за косење. Извлечете го сигурносниот клуч и отстранете ги акумулаторските батерии.
7.7 Вклучување и исклучување на погонот на тркалата (15)\*
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
Може да го включите погонот на тркала за да ја движите косачката за трева помеѓу две работни подрачуја или до местото за складирање. За тоа не е потребно вклучување на алатката за косење.
i НАПОМЕНА Сигурносниот клуч за
струјното напојување на кокпитот и на погонот на тркалата не мора да се врти во позиција за вклучување (On) (поз. I).
Вклучување на погонот на тркалата
- Ставете ја акумулаторската батерија.
- Притиснете ја прачката за вклучување на преносникот (15/1) кон водечката осовина (15/2) и задржете ја (15/a). Прачката за вклучување на преносникот не се заглавува.
Исклучување на погонот на тркалата
- Отпуштете ја прачката за вклучување на преносникот. Ова автоматски доведува до „излезна“ позиција.
7.8 Менување на брзината на погонот на тркала (16)\*
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
Преку кокпитот ја прилагодувате брзината на движење на косачката за трева степенасто – во 7 степени–. Погонот на тркала мора да биде претходно включен, види Поглавје 7.7 "Вклучување и исклучување на погонот на тркалата (15)∗", страна 480.
-
Включете го кокпитот (види Поглавје 6.4 "Вклучување и исклучување на кокпитот*", страна 477).
-
Намалете ја брзината: Притиснете го минус-копчето(16/1). Или:
-
Зголемете ја брзината: Притиснете го плус-копчето(16/2).
7.9 Вклучување и исклучување на Eco-Mode (Еко режим) (16)\*
* во зависност од моделот, погледнете го упатството за монтажа.
Во „Eco-Mode“ се намалува бројот на вртежи на моторот. Со тоа се зголемува работното време на акумулаторските батерии.
- Включете го кокпитот (види Поглавје 6.4 "Вклучување и исклучување на кокпитот*", страна 477).
- Включете го „Eco-Mode“: Притиснете го копчето „Eco-Mode“ (16/3). Копчето свети.
- Исклучете го „Eco-Mode“: Повторно притиснете го копчето „Eco-Mode“. Копчето се гаси.
8 РАБОТНИ НАПОМЕНИ
Обрнете внимание на безбедносните предупредувања!
НАПОМЕНА Почитувајте ги локалните регулативи кога може да се користи косачка за трева.
- Обратете внимание на предмети во тревата и отстранете ги од работното подраче.
Косете само при добра видливост.
Косете само со остар нож за сечење.
■ Управувајте го уредот само преку водечката осовина.
■ Движете го уредот само со брзина на чекорење.
Движете го уредот секогаш попречно по косината. Да не ја користите косачката за трева угоре или удолу по косината и на косини со повеće од 10° закосување.
Капацитет на косење односно времетраење на користење на акумулаторската батерија
Капацитетот на косење, односно површината што може да се искоси, зависи од карактеристиките на тревата. Факторите како на пример должината на тревата, густината на тревата, избраната висина на косење и влажната трева влијаат врз капацитетот на косење.
Оптимално работно време се постигнува со често косење и кратко одржувана трева.
Честото вклучување и исклучување на косачката за трева за време на процесот на косење исто така го намалува капацитетот на косење како и нецелосно наполнета батерија.
■ Вклучувањето на погонот на тркала го намалува капацитетот на косење односно
времетраењето на користење на акумулаторската батерија.
За оптимизација на капацитетот на косење се препорачува често косење на тревата, поставување на повисока висина на сечење и движење на уредот со брзина на чекорење.
i НАПОМЕНА За да се продолжи времето на користење може да се купи дополнителна акумулаторска батерија.
Совети за косење
Рамномерна висина на косење 3–5 см, да не се откосува повеќе од половината на висината на тревата.
■ Не ја преоптоварувајте косачката за трева! Ако значително опадне бројот на вртежи на моторот поради долга, тешка трева, зголемете ја висината на косење и косете повеće пати.
Ветерот и сонцето може да ја исушат тревата по косењето па затоа косете доцна попладне.
9 ОДРЖУВАЊЕ И НЕГА
⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од исеченици. Опасност од исеченици при факање на остри и самодвижечки делови од уредот како и во алатките за сечење.
■ Пред одржување, нега и чистење секогаш исключете го уредот. Отстранете ги акумулаторските батерии.
■ При работи на одржување, нега и чистење носете секогаш заштитни ракавици.
9.1 Редовни активности на одржување
Погрижете се сите навртки, завртки и болцни да бидат цврсто затегнати и уредот да биде во добра работна состојба.
Редовно проверувајте ја корпата за собирање на трева за функционалност и истрошеност.
9.2 Чистење на уредот и алатката за косење
ВНИМАНИЕ! Опасност од вода. Водата во уредот доведува до кратки споеви и уништување на електричните компоненти.
■ Не го прскајте уредот со вода.
■ За чистење користете исклучиво метличка или четка.
- Запрете го моторот.
2.Извадете ги акумулаторските батерии. - Откачете ја корпата за собирање трева.
- Превртете го уредот и исчистете ја алатката за косење.
9.3 Контролирање и замена на ножот за сечење
⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Тешки повреди од исфрлени делови од ножот. Истрошен, испукан нож за сечење може да се скрши а неговите делови може да се претворат во опасни куршуми.
Контролирајте го ножот за сечење редовно за оштетувања.
■ Не ја користете косачката за трева ако ножот за сечење е истрошен или оштетен.
Иступавени или оштетени ножеви за сечење да се наострат/заменат само во сервисен центар на AL-KO или овластена специјализирана компанија.
■ За да се избегнат вибрации, ножот за сечење и шрафот на ножот секогаш мора заедно да се заменуваат.
■ Наострените ножеви за сечење мора да се центрираат. Неурамнотежен нож за сечење води кон силни вибрации и го оштетува уредот.
9.4 Регулирање на сајлата за повлекување на погонот на тркала (17)
Сајлата за повлекување на погонот на тркала се издолжува со тек на време. Ако погонот на тркала не се вклучува повеće додека работи моторот, сајлата за повлекување многу се олабавила и мора да се затегне.
ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда.
Остри и самодвижечки делови од уредот (на пр. нож за сечење) како и ненадејно стартувана косачка за трева може да доведат до повреди.
Сајлата за повлекување се регулира само при исклучен мотор и запрена алатка за косење.
-
Исклучете го струјното напојување и извадете ги акумулаторските батерии (види Поглавје 6.3 "Вклучување и исклучување на струјното напојување на алатката за косење (06)", страна 477).
-
Вртете го делот за регулирање (17/1) на сајлата за повлекување (17/2) во насока на стрелката, односно спротивно од стрелките на часовникот, сё додека сајлата за повлекување не се затегне меѓу прачката за вклучување на преносникот (17/3) и точката за држење (17/4).
- За проверка на регулирањето на сајлата за повлекување: включете го уредот, стартувајте го моторот и обидете се да го включите погонот на тркала.
- Ако погонот на тркалата не се вклучува: Повторете ги претходните чекори.
Ако регулирањето на сајлата за повлекување не е успешно: Побарајте го сервисното место на производителот.
9.5 Поправки
⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
повреда при поправки. Нестручни поправки може да доведат до тешки повреди и оштетувања на уредот.
Поправките смеат да ги изведуваат само сервисни центри на производителот или овластени специјализирани компании!
Побарајте го сервисното место на производителот во следните случаи:
■ Моторот пове́ке не стартува.
■ Уредот има наидено на пречка.
Ножот за сечење и/или вратилото на моторот се искривени.
■ Уредот вибрира и се движи немирно.
Батериите се испразнети или оштетени.
9.6 USB порта (18)
USB портата (18/1) ја има кај сите косачки за трева опишани во ова упатство за работа ама може да се користи само кај паметните косачки за трева за софтверски ажурирања. Таа не е наменета за полнење на акумулаторски батерии.
ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување на уредот. Батериите на мобилните уреди (на пр. паметни телефони) ќе се уништат ако се стават во USB портата.
■ Не ставајте мобилни уреди со батерија во оваа порта.
⚠️ ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда.
Предметите со остри рабови и самодвижечките делови на уредот може да доведат до повреди.
■ При работи на одржување, нега и чистење носете секогаш заштитни ракавици!
НАПОМЕНА Во случај на дефекти, коишто не се наведени во табелата или Вие самите не можете да ги отстраните, обратете се до нашиот кориснички сервис.
| Дефект Причина Отстранување | ||
| Моторот не работи. | Напојувањето со струја на прекинувачот со клуч е исключено. | Включете го напојувањето со струја на прекинувачот со клуч. |
| Недостасува акумулаторска батерија или не лежи правилно. | Ставете ја правилно акумулаторската батерија. | |
| Акумулаторската батерија е празна. | Наполнете ја акумулаторската батерија. | |
| Ножот за сечење е блокиран. | ■ Ослободете го ножот од пречки.■ Стартувајте ја косачката за трева на пониска трева. | |
| Кабелот или прекинувачот се дефект. | Не го користете уредот! Побарајте го сервисното место на производителот. | |
| Капацитетот на моторот ослабнува. | Акумулаторската батерија е празна. | Наполнете ја акумулаторската батерија. |
| Дефект Причина Отстранување | ||
| Ножот за сечење е тупав. Наострете го ножот за сечење кај сервисното место на производителот. | ||
| Има премногу трева во исфрлањето. | Отстранете ја тревата.Исчистете го капакот. | |
| Моторот застанува за време на косење. | Ножот за сечење е тупав. Наострете го ножот за сечење кај сервисното место на производителот. | |
| Моторот е преоптоварен. Исклучете ја косачката за трева со акумулаторска батерија, ставете ја на рамна површина или пониска трева и стартувајте ја повторно. | ||
| Корпата за собирање на трева не полни довольно | Тревата е влажна. Оставете ја тревата да се исуши. | |
| Корпата за собирање трева е запушена. | Исчистете ја решетката на корпата за собирање на трева. | |
| Премногу трева во каналот за исфрлување или во куќиштето. | Исчистете ги каналот за исфрлување и куќиштетоКоригирајте ја висината на сечење | |
| Ножот за сечење е тупав. Наострете го ножот за сечење кај сервисното место на производителот. | ||
| Работното време на акумулаторската батерија значително се намалува. | Висината на сечење е многу ниска. | Наместете го сечењето повисоко |
| Тревата е многу висока или многу влажна. | Подобрете ги условите: оставете да се исуши, наместете го сечењето повисоко | |
| Брзината на косење е многу висока. | Успорете ја брзината на косењеИсчистете го каналот за исфрлување на тревата / куќиштето, ножот за сечење мора да се врти слободно. | |
| Косење со полна корпа за собирање трева | Испразнете ја корпата за собирање трева и исчистете го каналот за исфрлување на тревата. | |
| Истечен е животниот век на акумулаторската батерија. | Заменете ја акумулаторската батерија.Користете само оригинална опрема од производителот. | |
| Акумулаторската батерија не се полни. | Контактите на акумулаторската батерија се нечисти. | Исчистете ги контактите на акумулаторската батерија со неметален предмет и напрскајте ги со контактен спреј.Внимание:Не предизвикувајте краток спој на контактите на акумулаторската батерија со метален предмет! |
| Акумулаторската батерија или уредот за полнење се дефект. | Нарачајте резервни делови кај производителот. | |
| Акумулаторската батерија е премногу топла. | Оставете ја акумулаторската батерија да се излади. | |
| Кокпитот е включен ама моторот не работи. | Напојувањето со струја на прекинувачот со клуч е исклучено. | Включете го напојувањето со струја на прекинувачот со клуч. |
| Приказот за грешка на кокпитот свети. | Акумулаторската батерија не лежи правилно. | Ставете ја правилно акумулаторската батерија. |
| Пораки за грешка на Смарт копчето | Причини и отстранување: види Поглавје 3.9 "Смарт копче (03)*", страна 472. | |
11 ТРАНСПОРТ
11.1 Транспортирање на уредот
ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување на алатката за косење. При најниската висина на косење може да се оштети алатката за косење при возење преку степени, рабови или тротоари.
■ За транспортот ставете ја висината на косење на највисокиот степен.
- Запрете ја алатката за косење и почекајте додека не застане.
- Поставете ја највисоката висина на косење.
- Завртете го прекинувачот со клуч во позиција за исклучување (Off) (поз. 0).
Транспортирајте го уредот помеѓу две работни подрачја
■ Движете го уредот со најголема висина на косење до работното подрачје.
■ За полесно возење включете го погонот на тркалата*.
■ За носење на уредот користете ја водечката осовина и предната рачка за носење*.
* во зависност од моделот, погледнете ги техничките податоци.
Транспортирајте го уредот во возило
Отстранете ги акумулаторските батерии.
Склопете ја водечката осовина.
- Обезбедете го уредот во возилото од превртување и лизгање.
- Обезбедете го уредот против удари од околни предмети.
■ Не ставајте предмети врз уредот.
11.2 Транспортирање на акумулаторски батерии
Пред транспортот направете ги следните мерки:
- Исклучете го уредот.
- Извадете ги акумулаторските батерии од уредот.
- Спакувајте ги прописно акумулаторските батерии (види горе).
НАПОМЕНА Номиналната енергија на акумулаторската батерија изнесува повеće од 100 Wh! Поради тоа земете ги во предвид следниве упатства за транспортирање!
Вклучената литиум-јонска батерија подлежи на законските прописи за опасни материи но
сепак може да се транспортира под упростени услови:
Акумулаторската батерија може да ја транспортира приватниот сопственик на улица без други додатоци доколку истата е спакувана малопродажно и транспортот служи за приватни цели.
Комерцијалните корисници кои го извршуваат транспортот во врска со нивната главна дејност (на пр. испораки од и кон градилишта или презентации) може да го земат исто така во предвид ова упростување.
Во двата горе наведени случаи мора задолжително да се преземат мерки за да се спречи ослободување на содржината. Во други случаи задолжително треба да се запазат прописите за опасни материи! При непочитување, на испраќачот и во даден случај на транспортерот, им се закануваат строги казни.
Други напомени за транспорт и испорака
■ Литиум-јонските акумулаторски батерии се транспортираат односно испраќаат само во неоштетена состојба!
■ За транспорт на акумулаторската батерија користете ја исклучиво оригиналната картонска кутија или соодветна кутија за опасни материјали (не е потребно кај акумулаторски батерии со помалку од 100 Wh номинална енергија).
Залепете ги отворените контакти на акумулаторската батерија за да спречите краток спој.
Обезбедете ја акумулаторската батерија во пакувањето против лизгање за да спречите оштетувања на батеријата.
Обезбедете ја точната ознака и документација на пратката при транспорт односно испорака (на пр. пакетна служба или шпедиција).
Информирајте се претходно дали е можен транспорт со избраниот давател на услуги и пријавете ја пратката.
Ви препорачуваме повикување на стручно лице за опасни материи за подготовката на пратката. Исто така запазете ги евентуалните дополнителни национални прописи.
12 СКЛАДИРАЊЕ
По секоја употреба темелно исчистете го уредот и – ако има – поставете ги сите
заштитни капаци. Чувајте го уредот на суво место што може да се заклучува и надвор од дофат на деца.
12.1 Складирање на косачката за трева со акумулаторска батерија
⚠️ ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда. Ако за време на складирањето уредот биде достапен на деца или неовластени лица, може да дојде до повреди.
Чувајте го уредот недостапен за деца и неовластени лица.
Складирајте го уредот само ако се извадени акумулаторските батерии.
ВНИМАНИЕ! Опасност од пробивање и губење на лични податоци. Косачката за трева пристапува на интернет и може да управува уреди во „Smart Home“ и „Smart Garden“.
Складирајте го уредот само без акумулаторски батерии и добро обезбедено од пристап на неовластени лица.
- Исклучување на уредот: Извлечете го сигурносниот-насаден клуч.
- Ставете ја висината на косење на највисокиот степен.
- Извадете ги акумулаторските батерии.
- Оставете го моторот да се излади.
- Темелно исчистете го уредот.
- Сите метални делови намачкајте ги тенко со масло или силикон за заштита од корозија.
- Склопете ја водечката осовина.
- Чувајте го уредот на суво, чисто место кое е заштитено од мраз. Покријте го со церада што пропушта воздух за заштита од прав. Не користете пластична фолија за да избегнете акумулација на влага.
12.2 Складирање на акумулаторската батерија и уредот за полнење
НАПОМЕНА За детални информации почитувајте ги посебните упатства за употреба за акумулаторската батерија и за полначот.
13 ОТСТРАНУВАЊЕ
Информации за Законот за електрични и електронски уреди

Старите електрични и електронски уреди не припајаат во кукниот отпад туку треба да се достават до посебно собирно место односно место за отстранување!
■ Старите батерии или акумулатори коишто не се цврсто вградени во стариот уред мора да се извадат пред предавањето! Нивното отстранување се регулира преку Законот за батерии.
Сопствениците односно корисниците на електрични и електронски уреди се законски обврзани за нивно враćање по нивната употреба.
Крајниот корисник е лично одговорен за бришењето на неговите лични податоци на стариот уред за отстранување!
Симболот на прецртана канта за отпадоци значи дека електричните и електронските уреди не смеат да се фрлаат заедно со другиот куќен отпад.
Електричните и електронските уреди може да ги предадете бесплатно на следниве места:
■ Јавни законски места за отстранување односно собирни места (на пр. комунални собирни места)
■ Продажни места на електрични уреди (стационарни или онлајн), доколку трговците се обврзани за враćање или доброволно го нудат истото.
Овие изјави важат само за уреди кои се монтираат и продаваат во државите на Европската Унија и тие што подлежат на Европската Директива 2012/19/ЕУ. Во државите надвор од Европската Унија може да важат поинакви одредби за отстранување на стари електрични и електронски уреди.
Информации за Законот за батерии

Старите батерии и акумулаторите не припајаат во куќниот отпад туку треба да се достават до посебно собирно место односно место за отстранување!
За безбедно вадење на батериите или акумулаторите од електричниот уред и за информации за нивниот тип односно хемискиот систем почитувајте ги останатите податоци во рамки на
упатството за работа или упатството за монтирање.
Сопствениците односно корисниците на батерии и акумулатори се законски обврзани за нивно враćање по нивната употреба. Враćањето се ограничува на предавањето на количини од едно општо домаćинство.
Старите батерии може да содржат штетни материи или тешки метали кои се штетни за животната средина и здравјето.
Понатамошната обработка на старите батерии и користењето на ресурсите содржани во нив допринесува до заштита на овие две важни добра.
Симболот на прецртана канта за отпадоци значи дека батериите и акумулаторите не смеат да се фрлаат заедно со другиот куќен отпад.
Ако покрај тоа под кантата за отпадоци стојат знаците Hg, Cd или Pb, тоа стои за следново:
■ Нг: Батеријата содржи повеće од 0,0005 % жива
Cd: Батеријата содржи повеće од 0,002 % кадмиум
Pb: Батеријата содржи повеće од 0,004 % олово
Акумулаторите и батериите може да ги предадете бесплатно на следниве места:
■ Јавни законски места за отстранување односно собирни места (на пр. комунални собирни места)
■ продажни места на батерии и акумулатори
собирни места од заедничкиот собирен систем за уреди-стари батерии
собирно место на производителот (во случај ако не е член на заедничкиот собирен систем)
Овие изјави важат само за акумулатори и батерии кои се продаваат во државите на Европската Унија и тие што подлежат на Европската Директива 2006/66/ЕУ. Во државите надвор од Европската Унија може да важат поинакви одредби за отстранување на акумулатори и батерии.
Ако имате прашања во врска со гаранцијата, поправка или резервни делови обратете се на најблискиот сервисен центар на AL-KO.
Истиот ќе го најдете на интернет на следната адреса:
Можните материјални грешки или грешки во производството ги отстрануваме за време на законски определениот гарантен рок, во согласност со нашиот избор, по пат на поправка или испорака на резервен дел. Гарантниот рок се определува за секој поединечен случај, според законот на државата, во која бил купен производот.
Нашата обврска за гаранција важи само при:
■ почитување на упатството за употреба
■ Прописно ракување
■ Употреба на оригинални резервни делови
Гаранцијата се поништува при:
Обиди за самостояjni поправки
Обиди за самостояјни технички измени
■ Непрописна примена
Од гаранцијата се исклучени:
Оштетувања на бојата предизвикани од нормално абење
Изабени делови, кои на табелата за резервни делови се означени со рамка xxxxxx (x)
Гарантниот рок започнува со купување од страна на првиот краен корисник. Меродавен е датумот на сметката за плаќање. Обратете се со овој гарантен лист и со оригиналната сметка кај продавачот или во најблиската овластена служба за односи со корисниците. Со оваа гаранција, законските права на купувачот во однос на продавачот остануваат непроменети.