Comfort 34 E - кошачка за трева AL-KO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Comfort 34 E AL-KO во PDF формат.
| Вид на производ | Електрична косилка за трева |
| Марка | AL-KO |
| Модел | Comfort 34 E |
| Ширина на сечење | 34 cm |
| Висина на сечење | Централно подесување, повеќе степени |
| Каса за собирање | Со индикатор за ниво (опционално) |
| Функција за мулчирање | Можна со опционален комплет |
| Напојување | Мрежа, 230 V / 50 Hz |
| Тип на мотор | Електричен |
| Безбедносни уреди | Безбедносна рачка, заштитен капак |
| Препорачан продолжен кабел | Пресек од најмалку 1,5 mm², надворешна употреба |
| Монтажа | Потребен е целосен монтаж пред употреба |
| Предвидена употреба | Приватни тревници, сува трева |
| Складирање | Суво место, вон дофат на деца, исклучено од струја |
| Одржување на сечилото | Острење или замена од страна на сервис AL-KO |
| Момент на затегнување на завртката на сечилото | 15 Nm +5 |
| Чистење | Четка или крпа, не прскајте со вода |
| Поправки | Само од сервис AL-KO или овластен специјалист |
| Гаранција | Законска, покрива материјални и производствени дефекти |
| Резервни делови | Користете оригинални делови AL-KO |
| Отстранување | Рециклирање според материјалите (картон, апарат) |
Frequently Asked Questions - Comfort 34 E AL-KO
Прашања на корисниците за Comfort 34 E AL-KO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Comfort 34 E - AL-KO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Comfort 34 E на марката AL-KO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Comfort 34 E AL-KO
Сигурносна и заштитна опрема

Сигурносна и заштитна опрема никада не сме да се искључи или скине!
Сигурносна и заштитна опрема никака не сме да се искључи или скине!

Сигурносна и заштитна опрема никада не сме да се искључи или скине!
Електрична заштита

Централно подешавање а
Централно подешавање b
Ако алат за загртање не ускочи, може да се оштети заједно са ножем.
Скидане алата за загртање
Гаранција се губи у случају:
■ Прочитајте го целото упатство пред да ја пуштите косилката во работа. Тоа е предуслов за сигурно работење и за ракување без пречки.
■ Придржувајте се кон советите за безбедност и за предупредување, наведени во документацијата, како и на апаратот.
Оваа документација се траен составен дел на опишаниот производ и при евентуално отугување треба да му се предаде на новиот сопственик.
Објаснување на знаците

Внимание!
Следењето на овие совети за предупредување може да спречи телесна повреда или материјална штета.

Специјални совети за подобро разбирање и ракување.

Символот на фотоапарат укажува на слики.
Содржина
За упатството....214
Опис на производот....214
Безбедносни совети 216
Монтажа.... 217
Ракување....217
Совети за работа....218
Чување.... 219
Поправка.... 219
Одржување и нега 219
Помош при пречки 220
Гаранција....221
Отстранување 221
Опис на производот
Во оваа документација се опишани електрични косилки со кош за зафаќање на тревата. Некои модели дополнително имаат опција за расфрлување на искосената трева.
Идентификувајте го својот модел преку спиките на производите и на описот на разните опции.
Прописна примена
Овој апарат е предвиден за косење на приватни тревни површини и смее да се користи само на суви тревници.
Секаква друга примена се смета за непрописна.
Можна погрешна примена
Оваа косилка за трева не треба да се применува во јавни зеленила, паркови, спортски објекти, како и во земјоделството и во шумарството.
■ Постојните безбедносни уреди не смеат да се демонтираат или да се премостуваат, на пр.со заврзување на безбедносниот држач на рачката од косилката
■ Не користете го апаратот при дожд и/или на мокар тревник
■ Апаратот не смее да се користи во комерцијални цели
Безбедносни и заштитни уреди

Внимание - Опасност од повреда!
Безбедносните и заштитните уреди не смеат да се ислучуваат!
Безбедносен држач / безбедносна рачка
Зависно од изведбата, апаратот е опремен со безбедносен држач или безбедносна рачка. Во момент на опасност само отпуштете ги држачот или рачката. Моторот и ножевите се запираат.
Ударна клапна
Ударната клапна штити од делови што излетуваат.
Преглед на производот

| 1 | Комбинација прекинувач-штекер* | 5 | Ударна клапна |
| 2 | Безбедносен држач* | 6 | Кош за зафаќање на тревата |
| 3 | Безбедносна рачка* | 7 | Централно регулирање на висината на косење* |
| 4 | Олабавување на кабелот | 8 | Упатство за работа |
* зависно од изведбата
Символи на апаратот
![]() | Внимание! Потребно е посебно внимание при ракување. | ![]() | Пред одржување или при оштетен кабел, секогаш извлекувајте го штекерот. |
![]() | Пред пуштање во работа прочитајте го упатството за користење! | ![]() | Не фаќајте во погонот за сечење. |
![]() | Внимание, опасност ! Држете ги раçете и стапалата подалеку од погонот за сечење! | ![]() | Држете се на растојание од опасните подрачја. |
![]() | Внимание! Остри ножеви! | ![]() | Држете се на растојание од приклучниот кабел. |
![]() | Држете го приклучниот кабел подалеку од ножевите! | ![]() | Држете го приклучниот кабел подалеку од ножевите. |
![]() | Погрижете се да нема никого во опасните подрачја! | ||
Безбедносни совети
Управувачот со машината, или корисникот, е одговорен за несреći со другите лица и со нивниот имот.

Внимание!
Користете ги апаратот и продолжниот кабел само во беспрекорна состојба!
Безбедносните и заштитните уреди не смеат да се ислучуваат!

Внимание - Опасност од повреда!
Безбедносните и заштитните уреди не смеат да се исклучуваат!
Електрична безбедност

Внимание - опасност од струја!
Опасност од допирање делови под напон! Ако дојде до оштетување или пресекување на продолжниот кабел, веднаш извлечете го штекерот!
Куćната мрежна инсталација мора да биде во согласност со податоците за напонот во техничките податоци. Не употребувајте поинаков напон
■ Употребувајте само продолжни кабли, кои се предвидени за користење на отворено - со минимален пресек од 1,5 mm²
Оштетени или напукнати продолжни кабли не смеат да се употребуваат
■ Пред секое пуштање во работа проверувајте ја costoјбата на продолжниот кабел
■ Секогаш користете го специјалниот додаток за олабавување на кабелот
■ Држете го кабелот подалеку од подрачјето на сечење и секогаш водете го подалеку од машината
Никогаш не возете ја косилката преку ■ продолжниот кабел
■ Чувајте го апаратот од влажност
Безбедносни совети за ракување
■ Децата и лицата, кои не се запознаени со ова упатство за користење, не смеат да го користат апаратот
■ Придржувајте се кон локалните прописи за минимална возраст на лицето што ќе ракува ■ Не ракувајте со апаратот под дејство на алкохол, дроги или лекови. Пред секоја употреба проверете го апаратот и заменете ги оштетените делови
Целосно и темелно проверете го теренот што треба да се коси, отстранете ги сите страни тела
■ Носете соодветна работна облека:
долги пантолани
цврсти обувки што не се лизгаат
■ Во текот на работата внимавајте да стоите цврсто
■ Погрижете се да нема никого во опасните подрачја
■ Држете ги телото, екстремитетите и облеката подалеку од погонот за сечење
Работете само при доволна дневна или вештачка светлина
Секогаш извлекувајте го штекерот и почекајте апаратот да застане:
кога ће дојде до пречки или невообичаено тресење на апаратот
■пред расчистување блокади
■ пред одзатнување
по контакт со страни тела

По контакт со страни тела проверете косилката да не е оштетена. Пред повторно користење на количката, погрижете се да ги изведете потребните поправки.
■ Бидете посебно внимателни кога ја завртувате косилката или кога да повлекувате кон себе
■ Не косете преку пречки (на пр. гранки, корења од дрвја)
Отстранувајте го откосот само кога моторот стои
Исклучете го моторот кога треба да преминете преку некоја друга површина, освен онаа што ја косите
Никогаш кревајте го и не носете го додека работи
■ Не оставајте го без надгледување апаратот што е подготвен за работа
Монтажа
Придржувајте се кон приложеното упатство за монтажа.

Внимание!
Апаратот смее да се пушки во работа дури по комплетна монтажа!
Ракување

Символот на фотоапарат укажува на слики на страните 4 / 5.
Регулирање на висината на косење

Внимание - Опасност од повреда!
Регулирајте ја висината на косење само кога моторот е ислучен и кога ножот стои!
Регулирањето на висината на косење зависи од моделот.
Централно регулирање а
- Завртете ја рачката за околу 30° во десно (cia).
За покуси тревници притиснете ја рачката надолу
За подолги тревници повлечете ја рачката нагоре
- Завртете ја рачката во лево и притоа движете ја малку нагоре или надолу, додека не се вклопи во саканиот степен.
Централно регулирање b
- За да ја отключите, притиснете ја рачката во страна и држете ја (☐ 1b).
За покуси тревници турнете ја рачката кон предното тркало
За подолги тревници повлечете ја рачката
кон задното тркало
- Отпуштете ја рачката и малку турнете ја нанапред или наназад, додека не се вклопи во саканиот степен.
Регулирање на оската

Секогаш регулирајте ги двете оски на иста висина на косење.
- Држете го притиснато копчето на предното тркало и рачно симнете го тркалото од оската (1c).
- Извадете ја оската со останатото тркало и вметнете ја во саканата висина на косење (1d).
- Вратете го изваденото тркало на место. Тркалото мора да се вклопи.
- Повторете ј.а постапката со 2. оска
Завртка на тркалото

Секогаш регулирајте ги двете оски на иста висина на косење.
- Отшрафете ја завртката во лево и симнете го тркалото од оската (☐ 1e). По потреба држете од спротива, на другото тркало.
- Извадете ја оската со останатото тркало и вметнете ја во саканата висина на косење (1f).
- Вратете го изваденото тркало на место и внимателно зашрафете ја завртката. Не стегајте премногу.
- Повторете ја постапката со 2. оска.
Поставување на кошот за зафаќање на тревата

Внимание - Опасност од повреда!
Вадете го или поставувајте го кошот за зафаќање на тревата само кога моторот е исклучен и кога ножот стои.
- Кренете ја ударната клапна и закачете го кошот во држачите.
При косењето, воздушната струја го турка индикаторот за полнење на кошот нагоре (2a). Кога кошот за зафаќање на тревата їе се наполни, индикаторот лежи на кошот (2b). Тогаш, кошот мора да се испразни.
Празнење на кошот
- Кренете ја ударната клапна (3).
- Кошот за трева мора да се откачи и да се извади кон назад. Испразнете го кошот.3.
- Кренете ја ударната клапна и повторно закачете го кошот во држачите.
Приклучување на струја
- Вметнете го штекерот од кабелот од апаратот во комбинираниют дел со прекинувач-приклучок (5).
- Обезбедете го кабелот со елементот за олабавување (6). Јамката на кабелот мора да биде довольно долга за да може елементот за олабавување да се движи од една на друга страна.
Вклучување на моторот
Косилката за трева мора да се стартува на рамна површина, а не во високата трева. На подлогата не смее да има страни тела, како на пр. камење. Не кревајте ја косилката за трева за да ја стартувате.
- Држете го пртитиснато копчето за стратување, од комбинираниот дел со прекинувач-приклучок (7).
- Повлечете го безбедносниот држач / безбедносната рачка кон рачката од косилката и држете цврсто (7).
- Отпуштете го копчето за стартување.
Исклучување на моторот
- Отпуштете го безбедносниот држач / безбедносната рачка.
- Почекајте ножот да застане.
Совети за работа

Придржувајте се кон локалните прописи за работење со косилки за трева.
Целосно и темелно проверете го теренот што треба да се коси - отстранете ги сите страни тела
■ Косете само кога во работното подраче нема никого
■ Косете само при добра видливост
■ Водете го апаратот само со брзина на чекорење
■ Косете само со остри ножеви
■ Не косете преку пречки
(на пр. гранки, корења од дрвја)
- Кај коси терени секогаш косете попречно на косината.
Не користете ја косилката за трева угоре или удолу, или на косини поголеми од 20°.
■ Бидете особено внимателни кога на косини ја менувате насоката на работа
Корисни совети за косењето
Започнете со косењето по можност поблиску до штек-дозната
Водете го продолжниот кабел секогаш по веке искосената површина
■ Висината на косењето треба да биде
рамномерно 3–5 см, не повеće од половината на
висината на тревата.
■ Не преоптоварувајте ја косилката за трева!
Доколку бројот на вртежите на моторот приметно
опадне поради долга, тешка трева, зголемете ја
висина на косење и косете повекепати
Косете во утринските или подоцнежните попладневни часови за да го заштитите свежо искосениот тревник од исушување
■ Во текот на фазите на силен раст, косете двапати неделю, а во сушни подрачја соодветно поретко
Расфрлување на тревата со специјален комплет (по избор)
При расфрлувањето на тревата, откосот не се собира, туку отанува на тревникот. Слојот од расфрлена трена ја штити земјата од исушување и г снабдува со хранливи материи. Најдобри резултати се постигнуваат со редовно повторно косење за по околу 2 см. Само младата трева со меко ткиво се распаја брзо.
■ Висина на тревата пред
расфрлувањето: максимум 8 cm
■ Висина на тревата по расфрлувањето: минимум 4 cm

Прилагодете ја брзината на косењето кон расфрлувањето, не одете пребро.
Вметнување на комплетот за расфрлување

Внимание - Опасност од повреда!
Вадете го или поставувајте го комплетот за расфрлување на тревата само кога моторот е исклучен и кога ножот стои!
-
Извадете го кошот за зафакање на тревата (3).
-
Кренете ја ударната клапна и вметнете го комплетот за расфрлување во каналот за исфрлување на тревата (☐ 4a).
Комплетот за расфрлување на тревата мора да се вклопи (4b).

Ако комплетот за расфрлување на тревата не се вклопи може да дојде до негово оштетување, како и до оштетување на ножот.
Отстраување на комплетот за расфрлување на тревата
- Кренете на ударната клапна и отключете ја бравата на комплетот за расфрлување на тревата (4c /1).
- Извлечете го комплетот за расфрлување на тревата (☐ 4c /2).
Чување
■ Чувајте го апаратот секогаш со извлечен штекер
■ За да зафака помалку место, склопете ја горната рачка
Чувајте го апаратот на суво место, каде што децата и неовластените лица немаат пристап
Поправка
■ Поправките смеат да ги изведуваат само сервисте на AL-KO и овластените специјализирани работилници
■ За да се спречи дисбаланс, алатот за сечење и клиновите за прицврстување смеат само одделно да се заменуваат
Одржување и нега

Внимание - Опасност од повреда!
Пред сите работи на одржување и нега секогаш исвлекувајте го штекерот! При работи на одржување и нега на ножот за сечење секогаш носете работни ракавици! Неизбалансираните ножеви водат до силни вибрации и до оштетување на косилката.
■ Редовно проверувајте ги функционирањето и истрошеноста на уредот за зафаќање на тревата
По косењето на тревникот темелно исчистете
го апаратот со метличка или со крпа.
Преостанатите нечистотии на долната страна
на апаратот можат да го доведат во прашање
функционирањето.
■ Не перете го апаратот со млаз вода! Водата што їе продре може да ги уништи комбинираниот елемент со прекинувач-штекер, како и електромоторот
Редовно проверувајте да нема оштетувањата на ножот. Острете / заменувајте ги тапите или оштетените ножеви само во сервис на AL-KO или во овластена специјализирана работилница. Наострените ножеви мора да бидат избалансирани
Вртливиот момент на навртување на завртката за ножот е 15 Nm +5

Внимание!
Ножот и моторното вратило не смеат да се порамнат!

По одржување на изолациски делови (на пр. замена на ножевите), според директивата VDE 701 мора да се изведе проверка на изолацијата.
■ Стручна проверка е потребна:
■ по наидување на пречка
кога моторот наеднаш їе престане да работи
кога ножот е искривен
кога моторното вратило е искривено
Помош при пречки

Внимание - Опасност од повреда!
Пред сите работи на одржување и нега мора да го извлечете штекерот и да почекате ножот да застане!
| Пречка Можно причина Решение | ||
| Моторот не работи | Нема напојување со струја | Проверете ги осигурувачите во домашната инсталација / продолжниот кабел. |
| Кабелот од апаратот е оштетен | Побарајте AL-KO сервис / овластена специјализирана работилница. | |
| Ножот е блокиран | Исчистете ги каналот за исфрлување на тревата / куќиштето, ножот мора да се врти слободно.Коригирајте ја висината на косење кај ниската трева или кај веке искосената површина. | |
| Капацитетот на моторот ослабнува | Во каналот за исфрлување или во куќиштето има премногу трева | Исчистете ги каналот за исфрлување / куќиштето.Коригирајте ја висината на косење. |
| Ножот е тап | Побарајте AL-KO сервис или овластена специјализирана работилница и за да го наострат / заменат ножот. | |
| Кутијата за зафаќање на тревата не се полни довольно | Тревникот е мокар | Почекајте тревникот да се исуши. |
| Кутијата за зафаќање на тревата е затната | Исчистете ја решетката на кутијата за зафаќање на тревата. | |
| Во каналот за исфрлување или во куќиштето има премногу трева | Исчистете ги каналот за исфрлување / куќиштето.Коригирајте ја висината на косење. | |
| Ножот е тап | Побарајте AL-KO сервис или овластенаспецијализирана работилница и за да го наострат / заменат ножот. | |

При пречки кои не се наведени во оваа табела или коишто не можете самите да ги отстраните, Ве молиме да се обратите во нашата служба за односи со корисниците.
Гаранција
Евентуалните побарувања поради грешки во материјалот или во производството на апаратот, за по наш изборги отстрануваме во текот на законскиот гаранциски рок со поправка или испорака на дел. Гаранцискиот рок секогаш се утврдува според законот во земјата во која е купен апаратот.
Нашата гаранција важи само при:
■ прописно третирање на апаратот
■ придржување кон упатствата за ракување
■ употреба на оригинални резервни делови
Гаранцијата се поништува при:
■ обиди за поправка на апаратот
■ технички промени на апаратот
непрописно користење ■
(на пр. комерцијално или комунално)
Гаранцијата не опфаќа:
- оштетувања на бојака кои се последица на нормално абење
■ потрошни делови, кои на табелата за резервни делови се означени во рамките на XXX XXX (X)
■ мотори со внатрешно согорување - за нив важи посебна гаранција на соодветниот производител на моторот
Во случај на гаранција обратете се со овој гарантен лист и со сметката кај продавачот или во најблиската овластена служба за односи со корисниците. Обврската од гаранција не ги исклучува законските права за побарувања на купувачот во однос на продавачот во случај на штета.
Отстранување

Не отстранувајте ги истрошените апарати, батерии или акумулатори со домашниот смет!
Амбалажата, апаратот и прибирот се произведени од материјали што се рециклираат и треба да се отстрануваат во согласност со тоа.










