AL-KO 32.1 Li - кошачка за трева

32.1 Li - кошачка за трева AL-KO - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 32.1 Li AL-KO во PDF формат.

📄 340 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice AL-KO 32.1 Li - page 324
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за 32.1 Li AL-KO

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 32.1 Li - AL-KO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 32.1 Li на марката AL-KO.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 32.1 Li AL-KO

8.1 Редовни радови одржавања......119

2.1 Сврсисходна употреба

⚠️ УПОЗОРЕЊЕ! Опасност од повреде.

Безбедносна ручка/полуга

Опасност од одбачених предмета!

AL-KO 32.1 Li - Безбедносна ручка/полуга - 1

2 Безбедносна ручка*/полуга**

9 Безбедносни клъуч за прекидач са клъучем

10 Батерија***

■ Опасност од вибрација

ОПРЕЗ! Опасност од пожара при

⚠ УПОЗОРЕЊЕ! Опасност од повреде.

⚠️ ОПРЕЗ! Опасност од посекотина.

  1. Полугу (06/1) за отклъучавање гурните лагано према споља (06/a) и држите.

⚠️ ОПРЕЗ! Опасност од посекотина.

Чекајте док се сечиво не заустави.

⚠️ ОПРЕЗ! Опасност од посекотина.

УПОЗОРЕЊЕ! Опасност од

УПОЗОРЕЊЕ! Опасност од повреде

8.4 Ремонтни работи ......275

1 За ова упатство за употреба.... 324

1.1 Символи на насловната страна ..... 325
1.2 Објаснување на знаците и сигналните зборови.... 325

2 Опис на производот 325

2.1 Прописна примена 325
2.2 Можно предвидлива погрешна употреба.... 325
2.3 Ризици од остатоци.... 325
2.4 Безбедносни и заштитни уреди..... 325
2.5 Символи на уредот .....326
2.6 Преглед на производот (01) ...... 326

3 Безбедносни напомени 326

3.1 Безбедносни предупредувања за косачката за трева.... 326

3.1.1 Обука 326
3.1.2 Подготвителни мерки ...... 327
3.1.3 Ракување.... 327
3.1.4 Одржување и складирање ..... 328

3.2 Изложеност на вибрации.... 328
3.3 Изложеност на бучава .....329
3.4 Безбедносни предупредувања за акумулаторската батерија и уредот за полнење.... 329

4 Монтирање 329

5 Пуштање во употреба.... 329

5.1 Полнење на акумулаторски батерии (01) 329
5.2 Ставање и вадење на акумулаторските батерии (04)...... 331
5.3 Вклучување и исклучување на напојувањето со струја (05).... 331

6 Работа.... 331

6.1 Подесување на висината на косење 32.1 Li (06).... 331
6.2 Подесување на висината на косење 38.1 Li (07).... 332
6.3 Стартување или запирање на моторот (09 или 10).... 332

6.4 Косење со корпа за собирање трева (08)....332
7 Работни напомени....333
8 Одржување и нега ....333

8.1 Редовни активности на одржување.333
8.2 Чистење на уредот и алатката за косење ....333
8.3 Контролирање и замена на ножот за сечење ....334
8.4 Поправки....334

9 Помош во случај на дефекти....334
10 Транспорт....336
11 Складирање....336

11.1 Складирање на косачката за трева со акумулаторска батерија......337
11.2 Складирање на акумулаторската батерија и уредот за полнење......337

12 Отстранување....337

13 Кориснички центар/сервис....338
14 Гаранција....338

■ Германската верзија е оригиналното упатство за употреба. Сите други јазични верзии се преводи на оригиналното упатство за употреба.
Чувајте го работното упатство да ви биде лесно на дофат за читање ако ви е потребна некоја информација за уредот.
■ Предадете го уредот на други лица само со упатството за употреба.
■ Прочитајте ги и обрнете внимание на напомените за безбедност и предупредување во упатството за употреба.

Пред пуштањето во работа, задолжително внимателно прочитајте го упатството за употреба. Ова е предусловот за успешна работа и непречено ракување.

AL-KO 32.1 Li - УПОЗОРЕЊЕ! Опасност од повреде - 1

Упатство за работа

AL-KO 32.1 Li - УПОЗОРЕЊЕ! Опасност од повреде - 2

Внимателно ракувајте со литиум- јонските акумулаторски батерии! Особено внимавајте на упатствата за транспорт, складирање и отстранување во работното упатство!

1.2 Објаснување на знаците и сигналните зборови

⚠️ ОПАСНОСТ! Покажува непосредно опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика смрт или тешка телесна повреда.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Покажува потенцијално опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика смрт или тешка телесна повреда.

⚠️ ВНИМАНИЕ! Покажува потенцијално опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика мала или умерена телесна повреда.

ВНИМАНИЕ! Покажува ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика штети по имотот.

НАПОМЕНА Специјални напомени за подобро разбирање и ракување.

2 ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ

2.1 Прописна примена

Овој уред е предвиден за косење на приватни тревници и смее да се користи само на сув тревник.

Друга или понатамошна употреба, којашто излегува од овие рамки, се смета за

непрописна. Користете го уредот само ако е целосно монтиран.

Овој уред е наменет исклучиво за приватна употреба. Секоја друга примена како и недозволено преправање или доградба ќе се смета за злоупотреба и се исклучува правото на гаранција како и губењето на сообразноста (СЕ-ознака) и производителот не сноси никаква одговорност за штети на корисникот или на трети лица.

2.2 Можно предвидлива погрешна употреба

Уредот не е предвиден ниту за комерцијална употреба во јавни паркови и спортски објекти ниту за употреба во земјоделството и шумарството.

■ Да не го користите уредот при дожд или на мокра трева.
Безбедносните направи не смеат да се демонтираат или премостуваат.

2.3 Ризици од остатоци

Исто така и при прописна примена на апаратот останува секогаш еден одреден преостанат ризик кој не смее да се исклучи. Од видот и конструкцијата на уредот може да настанат следните потенцијални опасности во зависност од примената:

Отфрлање на откос, земја и мали камења.
Вдишување на честици од откосот ако не се носи заштита за дишење.
Исеченици при посегнување во движечкиот нож за сечење.

2.4 Безбедносни и заштитни уреди

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од

повреда. Неисправни или ислучени безбедносни и заштитни направи може да доведат до тешки повреди.

Поправете ги неисправните заштитни и безбедносни направи.
Никогаш да не ги ислучувате заштитните и безбедносните направи.

Сигурносен клуч

За избегнување на ненамерно вклучување уредот е опремен со сигурносен клуч. Исключете го моторот пред одржување и секогаш извлечете го сигурносниот клуч.

Безбедносна рачка / безбедносна прачка

Уредот е опремен со безбедносна рачка / безбедносна прачка. Во момент на опасност

едноставно отпуштете ја безбедносната рачка / безбедносната прачка. Моторот и алатката за косење се запираат.

Копче за старт

За да може моторот да се вклучи со помош на безбедносната рачка / безбедносната прачка, претходно мора да се притисне копчето за старт.

Капак

Капакот штити на пр. од честички од откос и камења коишто може да се исфрлат надвор.

2.5 Символи на уредот

Символ Значење

AL-KO 32.1 Li - Символ Значење - 1

Треба да бидете особено внимателни при ракувањето!

AL-KO 32.1 Li - Символ Значење - 2

Пред пуштањето во работа прочитајте го упатството за употреба!

AL-KO 32.1 Li - Символ Значење - 3

Опасност од исфрлени предмети!

AL-KO 32.1 Li - Символ Значење - 4

Погрижете се да нема никого во опасното подрачје!

AL-KO 32.1 Li - Символ Значење - 5

Држете ги рацете и нозете подалеку од алатката за косење!

AL-KO 32.1 Li - Символ Значење - 6

Пред работење на уредот секогаш извадете го сигурносниот клуч!

AL-KO 32.1 Li - Символ Значење - 7

Ножот за сечење продолжува да се врти и по ислучувањето на уредот. Ножот за сечење допрете го дури кога сите делови од уредот єе запрат!

AL-KO 32.1 Li - Символ Значење - 8

Не го користете уредот при дожд и не го чувајте на отворено!

2.6 Преглед на производот (01)

Бр. Елемент

1 Копче за старт

2 Безбедносна рачка* / безбедносна дршка**

3 Водечка осовина

4 Корпа за собирање трева

5 Алатка за косење

6 Преграда за акумулаторска батерија

7 Прекинувач со клуч

8 Менување на висината на косење*/**

9 Сигурносен клуч за прекинувачот со клуч

10 Акумулаторска батерија***

11 Уред за полнење на акумулаторската батерија***

* Camo 32.1 Li

** Camo 38.1 Li

*** Не спағаат во опсегот на испораката но сепак се составни делови на комплетниот прибор (32.1 Li: Артикл бр.113885; 38.1 Li: Артикл бр.113886)

3 БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ

⚠️ ОПАСНОСТ! Животна опасност и опасност од најтешки повреди!

Непознавањето на безбедносните предупредувања и упатствата за ракување може да доведе до најтешки повреди па дури и до смрт.

Почитувајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства за ракување на ова работно упатство како и на работните упатства на кои се посочува, пред да го користите уредот.

Зачувајте ги сите испорачани документи за идната употреба.

3.1 Безбедносни предупредувања за косачката за трева

3.1.1 Обука

Внимателно прочитајте го упатството за употреба. Запознајте се со рачните команди и правилното користење на уредот.

Никогаш не им дозволувајте на деца или на други лица коишто не го познаваат работното упатство да ја користат косачката за трева.

Децата би требало да бидат надгледувани да не си играат со уредот.
Деца не смеат да го чистат или да го одржуваат уредот.
Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
Овој уред може да го користат лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недостаток на искусство и знаење, само доколку се под надзор или биле упатени во користењето на апаратот на безбеден начин и доколку ги разбираат можните опасности.
Никогаш не косете кога во близина се наогаат луге, пред сё деца, или животни.
■ Помислете на тоа дека корисникот е одговорен за несреїните случаи со други лица или нивната сопственост.
Уредот да не се користи под дејство на алкохол, дроги или лекови.

При работа со уредот секогаш носете тврди чевли и долги панталони. Никогаш не го користете уредот со голи нозе или во лесни сандали. Избегнувајте носење на лабава облека или облека со висечки врвки или кайши.
■ Проверете го теренот на којшто їе се користи уредот и отстранете ги сите предмети коишто може да ги зафати и отфрли уредот.
■ Пред користењето на уредот проверете дали се истрошени или оштетени ножот за сечење, шрафовите за прицврстување и целата единица за сечење. Истрошените или оштетените ножеви за сечење и шрафовите за прицврстување смеат да се заменуваат само во сетови за да се спречи неурамнотеженост. Истрошените или оштетените информативни знаци мора да се заменат.

3.1.3 Ракување

■ Косете само при дневна светлина или добро вештачко осветлување.

Избегнувајте – ако е можно – употреба на уредот при мокра трева.
■ На косини секогаш внимавајте на добра стабилност.
Водете го уредот само со брзина на чекорење.
Косете попречно по косината, никогаш нагоре или надолу.
■ Бидете особено внимателни кога ја менувате насоката на движење на косината.
■ Не косете на прекумерно стрмни косини.
■ Бидете особено внимателни кога ја свртувате или потегнувате кон вас косачката за трева.
Запрете го (ги) ножот/-евите кога треба да се навали косачката за трева за транспорт преку други површини и кога косачката за трева се оддалечува или приближува кон површината за косење.
Никогаш не го користете уредот со оштетени заштитни направи или заштитни решетки или без вградени заштитни направи, на пр. одбојни лимови и/или направи за собирање на трева.

Оштетените заштитни направи и капаци треба да се заменат, недостасувачките заштитни направи и капаци треба правилно да се постават.

Стартувајте го моторот со претпазливост и согласно упатствата на производителот. Обрнете внимание на довольно растојание на нозете од ножот за сечење.
■ При стартувањето на моторот косачката за трева не смее да се навалува освен ако не мора да се подигне при процесот. Во тој случај навалете ја само колку што е потребно и подигнете само од спротивната страна на корисникот.
■ Не го стартувајте моторот ако стоите пред каналот за исфрлување на тревата.
Никогаш не ги ставајте рацете или нозете на или под вртливи делови. Секогаш стојте понастрана од отворот за исфрлање.
Никогаш не го подигајте или носете уредот со мотор во движење.

Исклучете го моторот и извлечете го сигурносниот клуч. Проверете дали сите подвижни делови имаат целосно запрено:

секогаш кога ја напуштате косачката за трева,
■ пред да ги ослободите блокадите или да ги отстраните запушувањата во каналот за исфрлување трева,
■ пред проверка, чистење или работи врз косачката за трева,
по удар во страно тело. Побарајте дали има оштетувања на косачката за трева и направете ги потребните поправки пред повторно да ја стартувате и да продолжите да работите со косачката за трева.

Доколку косачката за трева почне да вибрира невообичаено силно, потребна е моментална проверка:

Побарајте можни оштетувања.
- Направете ги потребните поправки на оштетените делови.
Погрижете се сите навртки, завртки и болцни да бидат цврсто затегнати.

Никогаш не работете со уредот при лоши временски услови, особено при дожд или надоағачко невреме.

3.1.4 Одржување и складирање

Погрижете се сите навртки, завртки и болцни да бидат цврсто затегнати и уредот да биде во добра работна costојба.

Редовно проверувајте ја направата за собирање на трева за истрошеност или губење на функционалноста.

Заменете ги од безбедносни причини истрошените или оштетените делови.

Внимавајте на тоа дека кај уреди со повеće ножеви за сечење движењето на еден нож за сечење може да доведе до вртење на преостанатите ножеви за сечење.

■ При прилагодувањето на уредот внимавајте на тоа да не се заглават прстите помеѓу движечките ножеви за сечење и фиксираните делови на уредот.

- Оставете го моторот да се олади пред да го складирате уредот.

■ При одржувањето на ножот за сечење внимавајте на тоа дека, дури и при

ислучен извор на напон, ножевите за сечење може да се движат.

■ Заменете ги од безбедносни причини истрошените или оштетените делови. Користете ислучиво оригинални резервни делови и опрема.

■ Опасност од вибрации

Фактичката вредност на емисија на вибрации при користењето на уредот може да отстапува од наведената вредност на производителот.

Почитувајте ги пред, односно за време на користењето следниве фактори на влијание:

Дали уредот прописно єе се применува?
Дали материјалот їе се сече односно обработува на правилниот начин?
Дали уредот се наога во уредна состојба за работа?
Дали алатката за сечење е уредно наострена односно дали е монтирана правилната алатка за сечење?
Дали се монтирани рачките за држење и во даден случај изборните рачки за вибрации и дали истите се цврсто поврзани со уредот?

Користете го уредот само со потребниот број на вртежи за моменталната работа. Избегнувајте го максимальниот број на вртежи за да ја намалите бучавата и вибрациите.
Поради несоодветно користење и одржување може да се зголемат бучавата и вибрациите на уредот. Тоа води до оштетувања на здравјето. Во тој случај веднаш исключете го уредот и оставете го да го поправи овластена сервисна работилница.
■ Степенот на изложеност на вибрации зависи од изведуваната работа односно од употребата на уредот. Проценете го и утврдете соодветни работни паузи. Со тоа значително се намалува изложеноста на вибрации преку целото работно време.
■ Подолгата употреба на уредот го изложува операторот на вибрации и може да предизвика проблеми со циркулацијата на крвта („бел прст“). За да се намали овој ризик носете ракавици и држете ги рацете затоплени. Ако се препознае некој

симптом на „бел прст“ веднаш побарајте лекар. Во овие симптоми влегуваат: Бесчувствителност, губење на осетливоста, трпки, чешање, болка, попуштање на силата, промена на бојата или на состојбата на кожата. Нормално овие симптоми ги погодуваат прстите, рацете или пулсот. Кај ниски температури се зголемува опасноста.

За време на вашиот работен ден утврдете подолги паузи за да може да се опоравите од бучавата и вибрациите. Планирајте ја вашата работа така што користењето на уреди коишто создаваат јаки вибрации се распредели преку повеće денови.
Ако утврдите непријатно чувство или менување на бојата на кожата за време на користењето на уредот на вашите раце, веднаш прекинете ја работата. Утврдете доволен број на работни паузи. Без довольно работни паузи може да дојде до синдром на вибрирање на раката и дланката.
■ Минимизирајте го вашиот ризик да се изложувате на вибрации. Негувајте го уредот согласно инструкциите во упатството за употреба.
Ако уредот се користи често, контактирајте го вашиот дистрибутер за да купите антивибрациона опрема (на пр. рачки).
Избегнувајте да работите со уредот на температури под 10 °C. Утврдете работен план како може да се ограничи изложеноста на вибрации.

Една одредена изложеност на бучава преку овој уред е неизбежна. Распределете ги бучните работи во дозволени и за тоа одредени времиња. Држете се до временињата за пауза и ограничете го времето за работа на најпотребното. За ваша лична заштита и заштита на лицата коишто се наогаат во близина треба да се носи соодветна заштита за слух.

3.4 Безбедносни предупредувања за акумулаторската батерија и уредот за полнење

Обрнете внимание на безбедносните предупредувања за акумулаторската батерија и за уредот за полнење во посебните упатства за употреба.

Види:

Монтирање: Погледнете го упатството за монтирање

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од нецелосно монтирање! Работењето на нецелосно монтиран уред може да доведе до тешки повреди.

Користете го уредот само ако е целосно монтиран!
Ставете ја акумулаторската батерија дури тогаш кога уредот е целосно монтиран!
■ Пред включувањето проверете дали се ставени сите заштитни и безбедносни направи и дали се функционални!

5 ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА

Акумулаторската батерија и полначот не се содржани во секоја варијанта на производот. Може да се користат следниве литиум-јонски акумулаторски батерии и уреди за полнење од AL-KO:

Акумулаторската батерија е делумно полна. Целосно наполнете ја акумулаторската батерија пред првата употреба.

Акумулаторската батерија може да се полни во било која наполнетост. Прекинувањето на полнењето не ја оштетува акумулаторската батерија.

AL-KO 32.1 Li - ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА - 1

НАПОМЕНА За повеće информации нете внимание на посебните упатства за треба за акумулаторската батерија и за дот за полнење.

AL-KO 32.1 Li - ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА - 2

ВНИМАНИЕ! Опасност од пожар при инење! Поради загревање на уредот за инење постои опасност од пожар ако се тави на лесно запалива површина и не се олно проветрува.

Користете го уредот за полнење секогаш на незапалива површина односно во незапалива околина.
■ Ако има: Оставете ги слободни отворите за вентилација.

  1. Вметнете ги акумулаторските батерии (01/1) во уредот за полнење (01/2) и ставете ја приклучницата (01/3) во штекерот. Почнува процесот на полнење а индикаторот за полнење на акумулаторската батерија трепка зелено.
  2. Процесот на полнење трае околу 60 минути (2,5 ампер-часови) и 95 минути (4,0 ампер-часови) при целосно полнење по акумулаторска батерија. Процесот на полнење завршува автоматски ако целосно се наполни акумулаторската батерија.
  3. Извлечете ја приклучницата (01/3) ако индикаторот за полнење на акумулаторската батерија (02/1) свети постојано зелено.
  4. Притиснете го копчето за отклучување на долната страна на батеријата и држете го притиснато.
  5. Извлечете ја батеријата (01/1) од уредот за полнење (01/2).

Индикатор за полнење на акумулаторската батерија на полначот (02)

Двата индикатори за полнење на акумулаторската батерија (02/1) на уредот за полнење ја сигнализираат наполнетоста на акумулаторските батерии и работната сostoјба на уредот за полнење. Симболите

(02/2) на уредот за полнење ги прикажуваат овие состојби:

СимволИндикатор за полнење на акумулаторската батерија исостојба
[6001] AL-KO 32.1 Li - Индикатор за полнење на акумулаторската батерија на полначот (02) - 1Трепкачко (брз) зелен индикатор за полнење на акумулаторската батерија: Акумулаторската батерија полни во режим на брзо полнење.
[6002] AL-KO 32.1 Li - Индикатор за полнење на акумулаторската батерија на полначот (02) - 2Трепкачко (бавен) зелен индикатор за полнење на акумулаторската батерија: Наполнетост на акумулаторската батерија при околу 80%. Акумулаторската батерија може да се извади за употреба.
[6003] AL-KO 32.1 Li - Индикатор за полнење на акумулаторската батерија на полначот (02) - 3Постојано зелен индикатор за полнење на акумулаторската батерија: Акумулаторската батерија е целосно наполнета.
Постојано зелен индикатор за полнење на акумулаторската батерија (без ставена акумулаторска батерија): Уредот за полнење е подготвен за работа.
[6004] [6004]Постојано црвен индикатор за полнење на акумулаторската батерија: Температурата на акумулаторските батерии е надвор од дозволеното температурно подрачеје за полнење. Режимот на брзо полнење почнува штом їе се достигне дозволеното температурно подрачеје за полнење.
[6005] [6005]Трепкачко црвен индикатор за полнење на акумулаторската батерија: пречка на процесот на полнење (види упатство за работа уреди за полнење 443131).

5.2 Ставање и вадење на акумулаторските батерии (04)

ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување на акумулаторската батерија. Ако

акумулаторската батерија по употребата се остави во уредот, тоа може да доведе до оштетување на акумулаторската батерија.

Непосредно по употреба извадете ја акумулаторската батерија од уредот и складирајте ја заштитено од мраз.
Ставете ја акумулаторската батерија во уредот дури непосредно пред започнувањето со работа.

Ставање на акумулаторските батерии

  1. Отклопете го капакот (04/1) на отворот за акумулаторската батерија (04/a).
  2. Вметнете ги акумулаторските батерии (04/2) од горе во отворот за батеријата сё додека не се вклештат (04/b).
  3. Затворете го капакот на отворот за акумулаторска батерија.

Вадење на акумулаторските батерии

  1. Притиснете го копчето за отклучување на акумулаторската батерија и држете го притиснато.
  2. Извадете ги акумулаторските батерии (04/2).

5.3 Вклучување и исклучување на напојувањето со струја (05)

Со прекинувачот со клуч на отворот за акумулаторска батерија може да се вклучува и исклучува напојувањето со струја на целиот уред. Прекинувачот со клуч се ракува со сигурносниот клуч.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од

повреда. Ненамерното вклучување може да доведе до тешки повреди.

Секогаш пред работни паузи и одржувања: За ислучување на напојувањето со струја завртете го сигурносниот клуч во позиција за ислучување (Off) а потоа извлечете го.

Вклучување на напојувањето со струја

  1. Отклопете го капакот (04/1) на отворот за акумулаторската батерија (04/a).
  2. Вметнете (05/a) го сигурносниот клуч (05/1) во прекинувачот со клуч (05/2).
  3. Завртете го сигурносниот клуч во позиција за вклучување (On) (поз. I). Со тоа се

напојува уредот со работен напон но сепак се уште не почнува да работи.

  1. Заклопете го капакот на отворот за акумулаторска батерија (04/1).
  2. Включете го уредот: види Поглавје 6.3 "Стартување или запирање на моторот (09 или 10)", страна 332.

Исклучување на напојувањето со струја

  1. Завртете го сигурносниот клуч (05/1) во позиција за исклучување (Off) (поз. 0) и извлечете го (05/b).
  2. Непосредно по употреба извадете ги акумулаторските батерии од уредот, наполнете ги и складирајте ги заштитено од мраз. Ставете ги акумулаторските батерии во уредот дури непосредно пред следното користење.

6 РАБОТА

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од нецелосно монтирање! Работењето на

нецелосно монтиран уред може да доведе до тешки повреди.

Користете го уредот само ако е целосно монтиран!
Ставете ја акумулаторската батерија дури тогаш кога уредот е целосно монтиран!
■ Пред вклучувањето проверете дали се ставени сите заштитни и безбедносни направи и дали се функционални!

6.1 Подесување на висината на косење 32.1 Li (06)

ВНИМАНИЕ! Опасност од исеченици.

Опасност од исеченици при посегнување во движечката алатка за косење.

■ Прилагодувајте ја висината за сечење само при ислучен мотор и запрена алатка за косење.

  1. Благо притиснете го на надвор (06/a) и задржете го лостот (06/1) за отклучување.

■ За пониска трева поместете го лостот во правец на предното тркало (06/b), минимален степен 1: околу 2,5 cm
■ За повисока трева поместете го лостот во правец на задното тркало (06/с), максимален степен 5: околу 6,5 см

  1. Отпуштете го лостот сè додека не се вклешти во саканиот степен.

6.2 Подесување на висината на косење 38.1 Li (07)

⚠️ ВНИМАНИЕ! Опасност од исеченици.

Опасност од исеченици при посегнување во движечката алатка за косење.

■ Прилагодувајте ја висината за сечење само при ислучен мотор и запрена алатка за косење.

  1. За пониска трева поместете го лостот во правец на предното тркало (07/a), минимален степен 1: околу 2,5 cm

  2. За повисока трева поместете го лостот во правец на задното тркало (07/b), максимальен степен 6: околу 7,5 cm

6.3 Стартување или запирање на моторот (09 или 10)

ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување на уредот. Преку повеккратно кратко последователно вклучување и исклучување се оштетуваат моторот и сечилата.

■ Включете го моторот само кога алатката за косење мирува.

Стартување на моторот

  1. Притиснете го и држете го притиснато (09/а или 10/а) копчето за стартување (09/1 или 10/1).

  2. Потегнете ја (09/b или 10/b) безбедносната рачка (09/2) или безбедносната прачка (10/2) кон водечката осовина (09/3 или 10/3). Моторот и алатката за косење стартуваат.

  3. Отпуштете го копчето за стартување (09/1 или 10/1) а притоа држете ја безбедносната рачка (09/2) или безбедносната прачка (10/2).

i НАПОМЕНА Безбедносната прачка / безбедносната рачка не се заглавува.

Стискајте ја за време на целото работно времетраење на водечката осовина.

Запирање на моторот

  1. Отпуштете ја безбедносната рачка (09/2) или безбедносната прачка (10/2). Ова автоматски се придвижува во „нулта“ позиција.

Моторот веднаш запира. Алатката за косење продолжува да се движи додека не запре.

ВНИМАНИЕ! Опасност од исеченици.

При посегнување во движечката алатка за косење постои опасност од исеченици.

Затоа почекајте додека да се смири алатката за косење.

6.4 Косење со корпа за собирање трева (08)

Уредот може да се користи со и без корпа за собирање трева.

Закачување на корпа за собирање трева

  1. Запрете го моторот (види Поглавје 6.3 "Стартување или запирање на моторот (09 или 10)", страна 332).
  2. Подигнете (08/a) го капакот (08/1).
  3. Закачете (08/b) ја корпата за собирање трева (08/2) во држачите.
  4. Отпуштете го капакот.

Индикаторот за наполнетост (11/1) преку воздушната струја при косење се притиска на нагоре (11/a). Кога ќе се наполни корпата за собирање трева индикаторот за наполнетост прилегнува на корпата за собирање трева. Корпата за собирање трева мора да се испразни.

Откачете ја и испразнете ја корпата за собирање трева

⚠️ ВНИМАНИЕ! Опасност од исеченици.

Опасност од исеченици при посегнување во движечката алатка за косење.

Откачете ја корпата за собирање трева само кога алатката за косење мирува.

НАПОМЕНА При празнењето на корпата за собирање трева исчистете ги и отворите за издувување на индикаторот за наполнетост за да може истиот и понатаму да функционира беспрекорно.

  1. Запрете го моторот (види Поглавје 6.3 "Стартување или запирање на моторот (09 или 10)", страна 332).
  2. Подигнете го капакот (08/1).
  3. Издигнете ја корпата за собирање трева (08/2) од држачите и извадете ја на назад.
  4. Испразнете ја корпата за собирање трева.
  5. Исчистете ги отворите за издувување на индикаторот за наполнетост (11/2).
  6. Закачете ја корпата за собирање трева (види горе).

7 РАБОТНИ НАПОМЕНИ

Обрнете внимание на безбедносните предупредувања!

i НАПОМЕНА Почитувајте ги локалните одредби кога може да се користи косачка за трева.

  • Обратете внимание на предмети во тревата и отстранете ги од работното подрачје.
    Косете само при добра видливост.
    ■ Косете само со остар нож за сечење.
    ■ Управувајте го уредот само преку водечката осовина.
    Движете го уредот само со брзина на чекорење.
    Движете го уредот секогаш попречно по косината. Да не ја користите косачката за трева угоре или удолу по косината и на косини со повеće од 10° закосување. Бидете особено внимателни при промена на насоката на работа.

Капацитет на косење односно времетраење на користење на акумулаторската батерија

Капацитетот на косење, односно површината што може да се искоси, зависи од карактеристиките на тревата. Факторите како на пример должината на тревата, густината на тревата, избраната висина на косење и влажната трева влијаат врз капацитетот на косење.
- Оптимално работно време се постигнува со често косење и кратко одржувана трева.
Честото вклучување и исклучување на косачката за трева за време на процесот на косење исто така го намалува капацитетот на косење како и нецелосно наполнета батерија.
Вклучувањето на погонот на тркала го намалува капацитетот на косење односно времетраењето на користење на акумулаторската батерија.
За оптимизација на капацитетот на косење се препорачува често косење на тревата, поставување на повисока висина на сечење и движење на уредот со брзина на чекорење.

НАПОМЕНА За да се продолжи времето на користење може да се купи дополнителна акумулаторска батерија.

Совети за косење

Рамномерна висина на косење 3–5 см, да не се откосува повеće од половината на висината на тревата.
Не ја преоптоварувајте косачката за трева! Ако значително опадне бројот на вртежи на моторот поради долга, тешка трева, зголемете ја висината на косење и косете повеće пати.
■ Ветерот и сонцето може да ја исушат тревата по косењето па затоа косете доцна попладне.

8 ОДРЖУВАЊЕ И НЕГА

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од исеченици. Опасност од исеченици при фаќање на остри и самодвижечки делови од уредот како и во алатките за сечење.

■ Пред одржување, нега и чистење секогаш исключете го уредот. Извадете ја акумулаторската батерија.
■ При работи на одржување, нега и чистење носете секогаш заштитни ракавици.

8.1 Редовни активности на одржување

Погрижете се сите навртки, завртки и болцни да бидат цврсто затегнати и уредот да биде во добра работна costoјба.
Редовно проверувајте ја корпата за собирање на трева за функционалност и истрошеност.

8.2 Чистење на уредот и алатката за косење

ВНИМАНИЕ! Опасност од вода. Водата во уредот доведува до кратки споеви и уништување на електричните компоненти.

■ Не го прскајте уредот со вода.
■ За чистење користете ислучиво метличка или четка.

  1. Запрете го моторот ().
  2. Извадете ја акумулаторската батерија.
  3. Откачете ја корпата за собирање трева.
  4. Превртете го уредот на страна и исчистете ја алатката за косење со метличка или четка.

8.3 Контролирање и замена на ножот за сечење

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Тешки повреди од исфрлени делови од ножот. Истрошен, испукан нож за сечење може да се скрши а неговите делови може да се претворат во опасни куршуми.

Контролирајте го ножот за сечење редовно за оштетувања.
■ Не ја користете косачката за трева ако ножот за сечење е истрошен или оштетен.
Иступавени или оштетени ножеви за сечење да се наострат/заменат само во сервисен центар на AL-KO или овластена специјализирана компанија.
■ За да се избегнат вибрации, ножот за сечење и шрафот на ножот секогаш мора заедно да се заменуваат.
■ Наострените ножеви за сечење мора да се центрираат. Неурамнотежен нож за сечење води кон силни вибрации и ја оштетува косачката.

8.4 Поправки

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од повреда при поправки. Нестручни поправки може да доведат до тешки повреди и оштетувања на уредот.

Поправките смеат да ги изведуваат само сервисни центри на производителот или овластени специјализирани компании!

Побарајте ги сервисните центри на AL-KO во следните случаи:

■ Моторот повеќе не стартува.
■ Уредот има наидено на пречка.
Ножот за сечење и/или вратилото на моторот се искривени.
■ Уредот вибрира и се движи немирно.
■ Акумулаторската батерија е испразнета или оштетена.

9 ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА ДЕФЕКТИ

⚠️ ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда.

Предметите со остри рабови и самодвижечките делови на уредот може да доведат до повреди.

■ При работи на одржување, нега и чистење носете секогаш заштитни ракавици!

НАПОМЕНА Во случај на дефекти, коишто не се наведени во табелата или Вие самите не можете да ги отстраните, обратете се до нашиот кориснички сервис.

Дефект Причина Отстранување
Моторот не работи.Напојувањето со струја на прекинувачот со клуч е исключено.Включете го напојувањето со струја на прекинувачот со клуч.
Недостасува акумулаторска батерија или не лежи правилно.Ставете ја правилно акумулаторската батерија.
Акумулаторската батерија е празна.Наполнете ја акумулаторската батерија.
Ножот за сечење е блокиран.■ Ослободете го ножот од пречки.■ Стартувајте ја косачката за трева на пониска трева.
Кабелот или прекинувачот се дефект.Не го користете уредот! Се повикува сервисниот центар на AL-KO.
Капацитетот на моторот ослабнува.Акумулаторската батерија е празна.Наполнете ја акумулаторската батерија.
Ножот за сечење е тупав. Наострете го ножот кај сервисните центри на AL-KO.
Има премногу трева во исфрлањето.Отстранете ја тревата.Исчистете го капакот.
Моторот застанува за време на косење.Ножот за сечење е тупав. Наострете го ножот кај сервисните центри на AL-KO.
Моторот е преоптоварен. Исклучете ја косачката за трева со акумулаторска батерија, ставете ја на рамна површина или пониска трева и стартувајте ја повторно.
Корпата за собирање на трева не полни довольноТревата е влажна. Оставете ја тревата да се исуши.
Корпата за собирање на трева е запушена.Исчистете ги решетките на корпата за собирање на трева.
Премногу трева во каналот за исфрлување или во куќиштето.Исчистете ги каналот за исфрлување и куќиштетоКоригирајте ја висината на сечење
Ножот за сечење е тупав. Наострете го ножот кај сервисните центри на AL-KO.
Работното време на акумулаторската батерија значително се намалува.Висината на сечење е многу ниска.Наместете го сечењето повисоко
Тревата е многу висока или многу влажна.Подобрете ги условите: оставете да се исуши, наместете го сечењето повисоко
Брзината на косење е многу висока.Успорете ја брзината на косењеИсчистете го каналот за исфрлување на тревата / куќиштето, ножот за сечење мора да се врти слободно.
Косење со полна корпа за собирање треваИспразнете ја корпата за собирање трева и исчистете го каналот за исфрлување на тревата.
Истечен е животниот век на акумулаторската батерија.Заменете ја акумулаторската батерија.Користете само оригинална опрема од производителот.
Акумулаторската батерија не се полни.Контактите на акумулаторската батерија се нечисти.Исчистете ги контактите на акумулаторската батерија со неметален предмет и напрскајте ги со контактен спреј.Внимание:Не предизвикувајте краток спој на контактите на акумулаторската батерија со метален предмет!
Акумулаторската батерија или уредот за полнење се дефект.Нарачајте резервни делови од AL-KO.
Акумулаторската батерија е премногу топла.Оставете ја акумулаторската батерија да се излади.

10 ТРАНСПОРТ

НАПОМЕНА Номиналната енергија на акумулаторската батерија изнесува повеće од 100 Wh! Поради тоа земете ги во предвид следниве упатства за транспортирање!

Включената литиум-јонска батерија подлежи на законските прописи за опасни материи но сепак може да се транспортира под упростени услови:

Акумулаторската батерија може да ја транспортира приватниот сопственик на улица без други додатоци доколку истата е спакувана малопродажно и транспортот служи за приватни цели.
Комерцијалните корисници кои го извршуваат транспортот во врска со нивната главна дејност (на пр. испораки од и кон градилишта или презентации) може да го земат исто така во предвид ова упростување.

Во двата горе наведени случаи мора задолжително да се преземат мерки за да се спречи ослободување на содржината. Во други случаи задолжително треба да се запазат прописите за опасни материи! При непочитување, на испраќачот и во даден случај на транспортерот, им се закануваат строги казни.

Други напомени за транспорт и испорака

■ Литиум-јонските акумулаторски батерии се транспортираат односно испраќаат само во неоштетена состојба!
■ За транспорт на акумулаторската батерија користете ја ислучиво оригиналната картонска кутија или соодветна кутија за

опасни материјали (не е потребно кај акумулаторски батерии со помалку од 100 Wh номинална енергија).

Залепете ги отворените контакти на акумулаторската батерија за да спречите краток спој.
Обезбедете ја акумулаторската батерија во пакувањето против лизгање за да спречите оштетувања на батеријата.
- Обезбедете ја точната ознака и документација на пратката при транспорт односно испорака (на пр. пакетна служба или шпедиција).
Информирајте се претходно дали е можен транспорт со избраниот давател на услуги и пријавете ја пратката.

Ви препорачуваме повикување на стручно лице за опасни материи за подготовката на пратката. Исто така запазете ги евентуалните дополнителни национални прописи.

11 СКЛАДИРАЊЕ

По секоја употреба темелно исчистете го уредот и – ако има – поставете ги сите заштитни капаци. Чувајте го уредот на суво место што може да се заклучува и надвор од дофат на деца.

11.1 Складирање на косачката за трева со акумулаторска батерија

AL-KO 32.1 Li - Складирање на косачката за трева со акумулаторска батерија - 1

ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда. Ако

за време на складирањето уредот биде достапен на деца или неовластени лица, може да дојде до повреди.

Чувајте го уредот недостапен за деца и неовластени лица.
Складирајте го уредот само ако се извадени акумулаторските батерии.

  1. Исклучување на уредот: Извлечете го сигурносниот клуч.
  2. Извадете ја акумулаторската батерија.
  3. Оставете го моторот да се излади.
  4. Темелно исчистете го уредот.
  5. Сите метални делови намачкајте ги тенко со масло или силикон за заштита од корозија.
  6. Склопете ја водечката осовина.
  7. Чувајте го уредот на суво, чисто место кое е заштитено од мраз. Покријте го со церада што пропушта воздух за заштита од прав. Не користете пластична фолија за да избегнете акумулација на влага.

11.2 Складирање на акумулаторската батерија и уредот за полнење

AL-KO 32.1 Li - Складирање на акумулаторската батерија и уредот за полнење - 1

ОПАСНОСТ! Опасност од експлозии и

пожари! Може да загинат или тешко да се повредат лица ако акумулаторската батерија експлодира бидејки била складирана пред отворени пламени или извори на топлина.

Складирајте ја батеријата ладна и сува, но сепак не пред отворени пламени или извори на топлина.

AL-KO 32.1 Li - ОПАСНОСТ! Опасност од експлозии и - 1

НАПОМЕНА Акумулаторската батерија

при полнењето е заштитена врз основа на автоматското препознавање на наполнетоста од преполнување и така може да остане некое време, но сепак не постојано во уредот за полнење.

AL-KO 32.1 Li - НАПОМЕНА Акумулаторската батерија - 1

НАПОМЕНА Обрнете внимание на

посебните упатства за употреба за акумулаторската батерија и за уредот за полнење.

Складирајте ја акумулаторската батерија на суво место без мраз на температура на складирање помеѓу 0 °C и 25 °C и со наполнетост од околу 40 - 60 %.

Акумулаторската батерија не ја складирајте во близина на метални предмети или кисели материјали поради опасност од краток спој.

12 ОТСТРАНУВАЊЕ

Информации за Законот за електрични и електронски уреди

AL-KO 32.1 Li - Информации за Законот за електрични и електронски уреди - 1

Старите електрични и електронски уреди не припајаат во куќниот отпад туку треба да се достават до посебно собирно место односно место за отстранување!

Старите батерии или акумулатори коишто не се цврсто вградени во стариот уред мора да се извадат пред предавањето! Нивното отстранување се регулира преку Законот за батерии.
Сопствениците односно корисниците на електрични и електронски уреди се законски обврзани за нивно враćање по нивната употреба.
Крајниот корисник е лично одговорен за бришењето на неговите лични податоци на стариот уред за отстранување!

Симболот на прецртана канта за отпадоци значи дека електричните и електронските уреди не смеат да се фрлаат заедно со другиот куken отпад.

Електричните и електронските уреди може да ги предадете бесплатно на следниве места:

■ Јавни законски места за отстранување односно собирни места (на пр. комунални собирни места)
■ Продажни места на електрични уреди (стационарни или онлајн), доколку трговците се обврзани за враćање или доброволно го нудат истото.

Овие изјави важат само за уреди кои се монтираат и продаваат во државите на Европската Унија и тие што подлежат на Европската Директива 2012/19/ЕУ. Во државите надвор од Европската Унија може да важат поинакви одредби за отстранување на стари електрични и електронски уреди.

Информации за Законот за батерии

AL-KO 32.1 Li - Информации за Законот за батерии - 1

Старите батерии и акумулаторите не припајаат во куќниот отпад туку треба да се достават до посебно собирно место односно место за отстранување!

За безбедно вадење на батериите или акумулаторите од електричниот уред и за информации за нивниот тип односно хемискиот систем почитувајте ги останатите податоци во рамки на упатството за работа или упатството за монтирање.
Сопствениците односно корисниците на батерии и акумулатори се законски обврзани за нивно враćање по нивната употреба. Враćањето се ограничува на предавањето на количини од едно општо домакинство.

Старите батерии може да содржат штетни материи или тешки метали кои се штетни за животната средина и здравјето.

Понатамошната обработка на старите батерии и користењето на ресурсите содржани во нив допринесува до заштита на овие две важни добра.

Симболот на прецртана канта за отпадоци значи дека батериите и акумулаторите не смеат да се фрлаат заедно со другиот куćен отпад.

Ако покрај тоа под кантата за отпадоци стојат знаците Hg, Cd или Pb, тоа стои за следново:

■ Нг: Батеријата содржи повеće од 0,0005 % жива
Cd: Батеријата содржи повеće од 0,002 % кадмиум

■ Pb: Батеријата содржи повеće од 0,004 % олово

Акумулаторите и батериите може да ги предадете бесплатно на следниве места:

■ Јавни законски места за отстранување односно собирни места (на пр. комунални собирни места)
■ продажни места на батерии и акумулатори
собирни места од заедничкиот собирен систем за уреди-стари батерии
собирно место на производителот (во случај ако не е член на заедничкиот собирен систем)

Овие изјави важат само за акумулатори и батерии кои се продаваат во државите на Европската Унија и тие што подлежат на Европската Директива 2006/66/ЕУ. Во државите надвор од Европската Унија може да важат поинакви одредби за отстранување на акумулатори и батерии.

Ако имате прашања во врска со гаранцијата, поправка или резервни делови обратете се на најблискиот сервисен центар на AL-KO.

Истиот ќе го најдете на интернет на следната адреса:

Можните материјални грешки или грешки во производството ги отстрануваме за време на законски определениот гарантен рок, во согласност со нашиот избор, по пат на поправка или испорака на резервен дел. Гарантниот рок се определува за секој поединечен случај, според законот на државата, во која бил купен производот.

Нашата обврска за гаранција важи само при:

■ почитување на упатството за употреба
■ Прописно ракување
■ Употреба на оригинални резервни делови

Гаранцијата се поништува при:

■ Обиди за самостояjni поправки
Обиди за самостояјни технички измени
■ Непрописна примена

Од гаранцијата се исклучени:

Оштетувања на бојата предизвикани од нормално абење
Изабени делови, кои на табелата за резервни делови се означени со рамка xxxxxx (x)

Гарантниот рок започнува со купување од страна на првиот краен корисник. Меродавен е датумот на сметката за плаќање. Обратете се со овој гарантен лист и со оригиналната сметка кај продавачот или во најблиската овластена служба за односи со корисниците. Со оваа garанција, законските права на купувачот во однос на продавачот остануваат непроменети.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : AL-KO

Модел : 32.1 Li

Категорија : кошачка за трева