SKIL 3851 CA - приклучок

3851 CA - приклучок SKIL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 3851 CA SKIL во PDF формат.

📄 148 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice SKIL 3851 CA - page 124
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за 3851 CA SKIL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 3851 CA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 3851 CA на марката SKIL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 3851 CA SKIL

  • Овој алат е наменет за ударно дупчење во бетон, цигла и камен, како и за дупчење во дрво, метал, керамика и пластика; алатите со електронска контрола на брзината и лева/десна ротација се исто така соодветни за навртување на штрафови и сечење на навои
  • Системот за ударно дупчење кој го има овој алат, овозможува прескокнување на традиционалното, макотрпно дупчење во бетон
  • Овој алат подржува употреба на сите стандардни SDS+ прибори
  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Контактирајте го продавачот ако недостасуваат делови или истите се оштетени
  • Внимателно прочитајте го упатството за работа пред употреба и зачувајте го за во иднина ③
  • Обрнете особено внимание на безбедносните упатства и предупредувања; непридржувањето до овие упатства може да доведе до сериозна повреда

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ①

ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ ②

A Селектор на насоката на ротација (напред/централно блокирање/назад)
В Прекинувач за включување/исклучување и контрола на брзината
С Прекинувач за избор на режимот на работата
D Глава за стегање
Е ЛЕД-светло
F Отвори за вентилација
G Копче за индикаторот за нивото на батеријата
Н Граничник за длабочина
J Дополнителна рачка

БЕЗБЕДНОСТ

ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, слики и спецификации што се обезбедуваат со овој алат. Непочитувањето на сите упатства подолу може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување.

Поимот „електричен алат“, кој се користи во предупредувањата, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) или на електричен алат со погон на батерии (без приключен кабел).

1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
a) Одржувајте го работното место чисто и добро осветлено. Неуреден или темен работен простор може да предизвика незгоди.
b) Немојте да работите со електрични алати во средини во кои има опасност од експлозија, како на пример во кои има запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да запалат прашина или испарувања.
с) Држете ги децата и другите лица подалеку додека ракувате со електричен алат. Може да изгубите контрола ако нешто ви го одзема вниманието.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Приклучоците за електричниот алат мораат да одговараат на штекерот. Никогаш на никаков начин не го менувајте приклучокот. Не користете никакви адаптери за приклучоци со (заземјени) електрични алати. Немодифицираните приклучоци и соодветните штекери ће ја намалат опасноста од струен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку вашето тело е заземјено.
с) Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влага. Продирањето на вода во електричниот уред ће ја зголеми опасноста од струен удар.
d) Немојте да го злоупотребувате кабелот за напојување. Никогаш не го користете кабелот за напојување за носење, влечење или исклучување на електричниот алат. Чувајте го кабелот за напојување подалеку од топлина, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетените или заплетканите кабли за напојување ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Нога го употребувате електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Користењето на кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколну не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете заштитен уред што работи на резидуална струја (RCD). Употребата на RCD ја намалува опасноста од струен удар.
3) ЛИЧНА ЗАШТИТА
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте разумно додена работите со електричниот алат. Никогаш не работете со електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алнохол или лекови. Момент на невнимание при работење со електрични алати може да доведе до сериозна лична повреда.
b) Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како што е маска за прашина, безбедносни обувки

кои не се лизгаат, заштитен шлем или штитници за уши, употребени во соодветни услови, ја намалуваат опасноста од лични повреди.

с) Спречете случајно вклучување. Осигурете се дека прекинувачот е на позицијата off (ислучено) пред приклучувањето на изворот на напојување и/или батеријата, подигнувањето или носењето на алатот. Носењето на електричниот алат со вашиот прст на прекинувачот или вклучување на електрични алати со прекинувачот поставен на позиција on (приклучено) доведува до несреći.
d) Пред вклучување на електричниот алат отстранете ги сите клучеви за подесување или алати за навртување. Алат или клуч што е оставен прикачен на ротациониот дел на уредот, може да доведе до лична повреда.
e) Не посегнувајте преку одредената граница. Цело време одржувајте правилен став и рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате електричниот алат во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете лелеава облека или накит. Чувајте ги косата и облеката подалеку од подвижните делови. Лелеавата облека, накитот или долгата коса може да се зафатат во подвижните делови.
g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување на апарати за вшмунување и собирање прашина, осигурете се дека тие се правилно приклучени и користени. Користењето на уреди за собирање прашина може да ги намали опасностите поврзани со прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честата употреба на алатите да ве направи невнимателни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателната активност може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
4) УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АЛАТИ И ГРИЖА ЗА НИВ
a) Не преоптоварувајте го електричниот алат. Користете ја правилната електрична алатна наменета за вашата работа. Со соодветниот електричен алат їе ја завршите работата подобро и побезбедно во однос на тоа за што е наменет.
b) Не користете го електричниот алат ако прекинувачот не може правилно да се вклучи и исклучи. Секој електричен алат кој не може да се контролира со помош на приключок е опасен и мора да се поправи.
с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии од електричниот алат, ако се одделува, пред да правите неканви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да ги складирате електричните алати. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува опасноста од случајно вклучување на електричниот алат.
d) Складирајте ги електричните алати во мирување надвор од дофатот на деца и не им допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со

нив работат нестручни лица.

e) Одржувајте ги електричните алати и дополнителната опрема. Проверете дали има изместување или допирање на подвижните делови, дали некои делови се скршени или се во некоја друга состојба што влијае врз работата на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го алатот на поправка пред да го користите. Многу несреći се случауваат заради неодржуван електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри ивици помалку ће се заглавуваат и полесно се контролираат.
g) Електричниот алат, дополнителната опрема, работните алати итн., треба да ги користите според овие упатства, земајки ги во предвид работните услови и работата која треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи што се поинакви од неговата намена може да доведе до опасна ситуација.
h) Одржувајте ги рачките и површините за фајање суви, чисти и без масло и маст на нив. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
5) КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТ НА БАТЕРИИ И ГРИЖА ЗА НЕГО
a) Вршете полнење само со полночат што е пропишан од страна на производителот. За полночат кој е соодветен за еден вид на батерии, постои опасност од пожар, доколку се употребува со други батерии.
b) Користете ги електричните алати само со посебно назначени батерии. Користењето на било кои други батерии може да доведе до опасност од повреда и пожар.
с) Кога батериите не се користат, држете ги настрана од метални предмети како што се спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци, шрафови или други, мали метални предмети кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот спој на половите на батериите може да предизвика изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го местото со вода. Ако течноста дојде во контакт со очите, дополнително побарајте и лекарска помош. Течноста која истекува од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат којшто е оштетен или изменет. Оштетените или изменетите батерии можат да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не полнете го комплетот со батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен

во инструкциите. Неправилното полнење или полнењето на температура што е надвор од наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети со батерии. Поправката на комплетите со батерии треба да ја врши само производителот или некој областен сервис.

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗЖИЧЕН ЧЕКАН

  • Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот
  • Користете ја/ги страничната, -ите дршка, ано се испорачани заедно со машината. Губење на контрола може да предизвика лична повреда
  • Држете го алатот за изолираните површини за фајање кога извршувате работа при која што дополнителната опрема за сечење може да дојде во контакт со сокриените жица (ако дополнителната опрема за сечење дојде во контакт со жица под напон може да ги електрифицира металните делови на алатот и да предизвика електричен удар на операторот)
  • Секогаш започнете со дупчење при мала брзина и со делот за дупчење во контакт со работното парче. При повисоки брзини, делот може да се свитка ако се дозволи да ротира слободно без контакт со работното парче, што може да резултира со лична повреда.
  • Нанесете притисок само во директна линија со делот и не применувајте пренумерен притисок. Деловите можат да се свиткаат, предизвикувајки оштетување или губење на контрола, што може да резултира со лична повреда.

ОПШТИ

  • Не обработувајте никаков материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
  • Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
  • Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да предизвика алергиски реакции и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лугето во близина); носете масна за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
  • Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
  • Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите

ПРЕД УПОТРЕБА

  • Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во вашето работно парче; тргнете ги пред да почнете со работа
  • Зацврстете го работното парче (работно парче кое е зацврстено со стеги или во менгеме е побезбедно отколку да го држите со раце)
  • Користете соодветни детектори за наогање на скриени инсталации или повикајте соодветна компанија за помош (контактот со електричните линии може да доведе до струен удар; оштетувањата во гасоводна цевка може да резултира со експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација може да доведе до оштета на предмети или електричен удар)
  • Уверете се дека селекторот на насоката на ротација В ②се наога во средна позиција (заклучено) пред да почнете да ја подесувате или менувате дополнителната опрема или кога го носите и складирате алатот.
  • Внимавајте на создадените сили кај алатот, за време на блокадата (особено при дупчење метал); алатот секогаш да се држи за страничната дршка J и да се завземе сигурен став

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

  • SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор
  • Користете само прибор чија дозволена брзина е во најмала рака еднаква на најголемата брзина при празен од на електричниот алат

ПО УПОТРЕБА

- Кога ће ја завршите работата со алатот, исключете го моторот и проверете дали сите подвижни делови се застанати

БАТЕРИИ

  • Обезбедената батерија е делумно наполнета (за да се обезбеди целосен капацитет на батеријата, целосно наполнете ја батеријата во полначот на батеријата, пред за првпат да го употребите вашиот електричен алат).
  • Користете ги ислучиво следниве батерии и полначи со овој алат

-Батерија SKIL: BR1*31****

-Полнач SKIL: CR1*31****

  • Оштетената батерија не треба понатаму да се користи, туку веднаш да се замени
  • Не расклопувајте ја батеријата
  • Никогаш не изложувајте ги на дожд алатот/батеријата
  • Дозволена температура на околината (алатка/ полнач/батерија):

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/ БАТЕРИЈАТА

③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Батериите може да експлодираат ако се изложат на орган, па затоа никако не палете ја батеријата
⑤ Секогаш чувајте ги алатот/полначот/батеријата на места со температура пониска од 50°C
⑥ Не фрлајте ги електричните алати и батериите заедно со домашниот отпад

УПОТРЕБА

  • Полнење на батеријата ! прочитајте ги безбедносните предупредувања и упатствата дадени со полначот
    • Вадење/ставање на батеријата ②
  • Индикатор за нивото на батеријата ⑦ -притиснете го копчето G за индикаторот за нивото на батеријата, за да се прикаже моменталното ниво на батеријата⑦а

! ако по притискање на копчето G⑦b индикаторот за најниско ниво на батеријата почне да трепка, тогаш батеријата е празна

! кога ће почат да трепкаат 2 нивоа на индикаторот за батеријата по притискање на копчето G⑦с, тогаш батеријата не е во рамките на дозволениот опсег за работна температура

- Заштита на батеријата

Алатот наеднаш се ислучува или не може да се вклучи, кога

- оптоварувањето е преголемо -> отстранете го оптоварувањето и почнете повторно

-температурата на батеријата не е во рамките на дозволениот опсег на работна температура од -20 до +50°C--> 2 нивоа на индикаторот за ниво на батеријата почнуваат да трепкаат кога ќе го притиснете копчето G⑦с; почекајте батеријата да се врати во рамките на дозволениот опсег на работна температура

-батеријата е скоро празна (заштита од целосно празнење) --> на индикаторот за нивото на батеријата ће се прикаже ниско ниво на батеријата или ће трепка за ниско ниво на батеријата ⑦б кога ће притиснете на копчето G; наполнете ја батеријата

! не продолжувајте да притискате на прекинувачот за включување/исклучување отнано алатот автоматски ће се исклучи; батеријата може да се оштети

- Промена на насоката на ротација ⑧

-ако не е правилно поставен во лева/десна позиција, прекинувачот В ② нема да може да стартува

!менувајте ја насоката на ротацијата само кога алатот се наоға во целосно мирување

- Инсталирање и отстранување на деловите ⑨а и ⑨б исчистете го и намачкајте го SDS+ приборот со масло пред да го вметнете

-вметнете го приборот во SDS+ главата, вртете ја и туркајте го приборот додека не го затегнете; приборот сам се затегнува автоматски

-повлечете го приборот за да проверите дали е цврсто стегнат

-извадете го приборот, така што ће ја повлечете наназад главата за стегање D

! SDS+ приборот бара неограничена слобода на движењето, која предизвикува ексцентрична работа со алатот во празен од; за време на работата, таа сама се центрира; ова нема влијание врз прецизноста на дупчењето на отворот

! не употребувајте делови со оштетена дршка

- Прекинувач за включување/исклучување ⑩ и контрола на брзината ⑪

-брзината се контролира на степени од нула до

максимум со применување помалку или повеće сила врз прекинувачот В

- Подесување на режимот за работа ⑫

-подесете го прекинувачот С на саканиот режим додека не кликне во положбата

1 = нормално дупчење/навртување

2 = вибрациско дупчење

3 = длабење со ротирачко длето

4 = длабење со фиксирано длето

! подесувањето на режимот на работа се врши само нога алатот е ислучен и батеријата е извадена

-механизмот со чеканот се активира со благ притисок на алатот, додека сврделот се наога во допир со материјалот кој се обработува

-треба малку време додека механизмот со чеканот не достигне целосна моїност за удирање

-најдобри резултати за ударно дупчење се постигнуват само со лесен притисок на алатот; резултатот на дупчењето не се подобрува со посилно притискање на апаратот

- Длабење со фиксирано длето ⑬

! исключете го алатот и извадете ја батеријата

-изберете "ротирачки" режим на длетото -поставете го длетото во саканата положба -изберете "фиксиран" режим на длетото

• ЛЕД-светло ⑭

-ЛЕД-светилката Е автоматски се пали нога ће се активира прекинувачот В

! кога започнува да трепка ЛЕД-работната светилка, се активира заштитата на батеријата (види погоре)

• Држење и насочување на алатот ⑮

! додека работите, секогаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја

-алатот секогаш држете го за страничната дршка J (може да се приспособува, како на цертежот) ⑯

отворите за вентилација F② држете ги отворени

--не притискајте премногу со алатот; дозволете тој сам да работи

• Приспособување на длабочината на дупчењето ⑰

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

• Користете соодветни делови ⑱

! употребувајте само остри делови

- За дупчење со не-SDS бургии во дрво, метал и пластика, користете адаптер (не е включен стандартно) ⑲

! исчистете го и намачкајте го SDS+ приборот со масло пред да го вметнете

-повлечете ја главата за стегање D наназад и вметнете го адаптерот во SDS+ главата, вртете ја и притискајте го адаптерот додека не го стегнете; адаптерот сам се затегнува автоматски во положбата

-повлечете го адаптерот за да проверите дали е цврсто стегнат

-подесете го прекинувачот С за нормално дупчење (активирањето се врши само кога алатот е ислучен и приключокот е заклучен)

- При дупчење во метал

-најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да

издупчите поголема дупка

-бургијата подмачкувајте ја со масло од време на време

  • При навртување на штрафовите на краевите на дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да се избегне разлистување на дрвото
    • Дупчење на дрво без разлистување ⑳
    • Дупчење на сидови без прашина ⑳
    • Дупчење на таван без прашина 22
    • Дупчење на плочки без лизгање ②3
  • За повеќе информации видете на www.skil.com

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Алатот секогаш да се одржува чист (особено отворите за ладење F ②)

! отстранете ја батеријата од алатот пред чистење

  • Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
    -испратете го алатот нерасклопен заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот овластен SKIL сервис (адресите и сервисниот дијаграм за алатот се наведени на www.skil.com)
  • Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со алатот не е опфатено со гаранцијата (видете на www.skil.com или прашајте го продавачот за условите на гаранцијата на SKIL)

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

- Не фрлајте ги електричните алати, батериите, дополнителната опрема и амбалажа заедно со домашниот отпад (само за земјите на ЕУ)

-според Европската Директива 2012/19/ЕЗ за отфрлање на електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мораат да бидат посебно собрани и да бидат вратени во еколошки компатибилен објект за рециклирање

- символот ⑥ ке ве потсети на тоа, кога ке дојде време да го отстраните

! пред да се фрли батерија во отпад, заштитите ги нејзините полови со дебела лента за да се спречи краток спој

БУЧАВА / ВИБРАЦИИ

- Измерено во согласност со EN62841, нивото на звучен притисок на овој алат е 93,4 dB(A) и нивото на звучна моїност е 104,4 dB(A) (несигурност K = 3 dB), и вибрацијата*(триакс векторна сума; несигурност K = 1,5 м/с²)

* при ударно дупчење во бетон 16,2 м²/с
* при длабење 12,8 м²/с

- Нивото на емитирање на вибрации е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN62841; може да се искористи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации, кога се користи алатот за

споменатите примени

-користењето на алатот за разни примени, или со различна или неправилно чувана дополнителна опрема, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност

-кога алатот е исключен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото на изложеност

! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговата дополнителна опрема, одржување на топлината на вашите раце, и организирање на вашата работа

SKIL 3851 CA - БУЧАВА / ВИБРАЦИИ - 1

Matrapik pa 3851 karbonçina me bateri

HYRJE

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SKIL

Модел : 3851 CA

Категорија : приклучок