SKIL 3075 HA - приклучок

3075 HA - приклучок SKIL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 3075 HA SKIL во PDF формат.

📄 140 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice SKIL 3075 HA - page 120

Прашања на корисниците за 3075 HA SKIL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 3075 HA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 3075 HA на марката SKIL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 3075 HA SKIL

  • Овој алат е наменет за затегнување и олабавување на завртки, како и за дупчење во дрво, керамика и пластика и за ударно дупчење на цигла.
  • Овој алат не е наменет за професионална употреба.
  • Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување.③

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ①

Максимален вртежен момент при посилна примена како шрафцигер според ISO 5393: 60 Nm

ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ ②

A Прекинувач за включување/исклучување и контрола на брзината
В Прстен за контрола на вртежниот момент
С Позиција за ударно дупчење
D Позиција за дупчење
Е Позиција за навртување
F Прекинувач за менување функција
G Прекинувач за избор на брзината
Н Отвори за вентилација
J Прекинувач за менување на насоката на вртење
К Копче за РАБОТНА СВЕТИЛКА
L РАБОТНА СВЕТИЛКА
М Копче за индикаторот за нивото на батеријата
N Шнола за ременот
Р Интегриран држач за делови
Q Прицврстување на ременот

БЕЗБЕДНОСТ

ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, слики и спецификации што се обезбедуваат со овој алат.

Непочитувањето на сите упатства подолу може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување.

Поимот „електричен алат“, кој се користи во предупредувањата, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) или на електричен алат со погон на батерии (без приключен кабел).

1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
a) Одржувајте го работното место чисто и добро осветлено. Неuredен или темен работен простор може да предизвика незгоди.
b) Немојте да работите со електрични алати во средини во кои има опасност од експлозија, како на пример во кои има запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да запалат прашина или испарувања.
с) Држете ги децата и другите лица подалену додека ракувате со електричен алат. Може да изгубите контрола ако нешто ви го одзема вниманието.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Приклучоците за електричниот алат мораат да одговараат на штекерот. Никогаш на никаков начин не го менувајте приклучокот. Не користете никакви адаптери за приклучоци со (заземјени) електрични алати. Немодифицираните приклучоци и соодветните штекери їе ја намалат опасноста од струен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени

површини, како што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку вашето тело е заземјено.

с) Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влага. Продирањето на вода во електричниот уред је ја зголеми опасноста од струен удар.

d) Немојте да го злоупотребувате кабелот за напојување. Никогаш не го користете кабелот за напојување за носење, влечење или исклучување на електричниот алат. Чувајте го кабелот за напојување подалеку од топлина, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетените или заплетканите кабли за напојување ја зголемуваат опасноста од струен удар.

e) Кога го употребувате електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Користењето на кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.

f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете заштитен уред што работи на резидуална струја (RCD). Употребата на RCD ја намалува опасности од струен удар.

3) ЛИЧНА ЗАШТИТА

a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте разумно додека работите со електричниот алат. Никогаш не работете со електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Момент на невнимание при работење со електрични алати може да доведе до сериозна лична повреда.

b) Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како што е маска за прашина, безбедносни обувки кои не се лизгаат, заштитен шлем или штитници за уши, употребени во соодветни услови, ја намалуваат опасноста од лични повреди.

с) Спречете случајно вклучување. Осигурете се дека прекинувачот е на позицијата off (исключено) пред приклучувањето на изворот на напојување и/или батеријата, подигнувањето или носењето на алатот. Носењето на електричниот алат со вашиот прст на прекинувачот или вклучување на електрични алати со прекинувачот поставен на позиција on (приклучено) доведува до несреći.

d) Пред вклучување на електричниот алат отстранете ги сите клучеви за подесување или алати за навртување. Алат или клуч што е оставен прикачен на ротациониот дел на уредот, може да доведе до лична повреда.

e) Не посегнувајте преку одредената граница. Цело време одржувајте правилен став и рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате електричниот алат во неочекувани ситуации.

f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Чувајте ги косата и облеката подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се фатат во подвижните делови.

g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување на апарати за вшмукување и собирање прашина,

осигурете се дека тие се правилно приключени и користени. Користењето на уреди за собирање прашина може да ги намали опасностите поврзани со прашината.

h) Не дозволувајте искуството стекнато со честата употреба на алатите да ве направи невнимателни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателната активност може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

4) УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АЛАТИ И ГРИЖА ЗА НИВ

a) Не преоптоварувајте го електричниот алат. Користете ја правилната електрична алатка наменета за вашата работа. Со соодветниот електричен алат ће ја завршите работата подобро и побезбедно во однос на тоа за што е наменет.

b) Не користете го електричниот алат ако прекинувачот не може правилно да се вклучи и ислучи. Секој електричен алат кој не може да се контролира со помош на приклучок е опасен и мора да се поправи.

с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии од електричниот алат, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да ги складирате електричните алати. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува опасноста од случајно вклучување на електричниот алат.

d) Складирајте ги електричните алати во мирување надвор од дофатот на деца и не им допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат нестручни лица.

e) Одржувајте ги електричните алати и дополнителната опрема. Проверете дали има изместување или заглавување на подвижните делови, дали некои делови се скршени или се во некоја друга состојба што влијае врз работата на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го алатот на поправка пред да го користите. Многу несреći се случауваат заради неодржуван електричен алат.

f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри ивици помалку ће се заглавуваат и полесно се контролираат.

g) Електричниот алат, дополнителната опрема, работните алати итн., треба да ги користите според овие упатства, земајки ги во предвид работните услови и работата која треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи што се поинакви од неговата намена може да доведе до опасна ситуација.

h) Одржувајте ги рачките и површините за фајање суви, чисти и без масло и маст на нив. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуват безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

5) КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТ НА БАТЕРИИ И ГРИЖА ЗА НЕГО

a) Вршете полнење само со полночат што е пропишан од страна на производителот. За полночат кој е соодветен за еден вид на батерии, постои опасност од пожар, доколку се употребува со други батерии.
b) Користете ги електричните алати само со посебно назначени батерии. Користењето на било кои други батерии може да доведе до опасност од повреда и пожар.
с) Нога батериите не се користат, држете ги настрана од метални предмети како што се спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци, навртки или други, мали метални предмети кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот спој на половите на батериите може да предизвика изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го местото со вода. Ако течноста дојде во контакт со очите, дополнително побарајте и лекарска помош. Течноста која истекува од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат којшто е оштетен или изменет. Оштетените или изменетите батерии можат да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не полнете го комплетот со батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во инструкциите. Неправилното полнење или полнењето на температура што е надвор од наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети со батерии. Поправката на комплетите со батерии треба да ја врши само производителот или некој овластен сервис.

1) БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА СИТЕ ОПЕРАЦИИ
a) Носете штитници за уши при ударно дупчење. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
b) Држете го електричниот апарат на изолираните површини за фаќање при изведување на операција каде додатокот за сечење или спојката може да контантираат со скриени жици. Додатоците за сечење и деловите за прицврстување што ће дојдат во контакт со жица под напон може да ги електрифицираат металните делови на алатот и

да предизвикаат електричен удар на операторот.

2) УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ КОГА УПОТРЕБУВАТЕ ДОЛГИ ДЕЛОВИ ЗА ДУПЧЕНЬЕ
a) Никогаш не ракувајте со поголема брзина од максимально дозволената за делот за дупчење. При повисоки брзини, делот може да се свитка ако се дозволи да ротира слободно без контакт со работното парче, што може да резултира со лична повреда.
b) Секогаш започнете со дупчење при мала брзина и со делот за дупчење во контакт со работното парче. При повисоки брзини, делот може да се свитка ако се дозволи да ротира слободно без контакт со работното парче, што може да резултира со лична повреда.
с) Нанесете притисок само во директна линија со делот и не применувајте прекумерен притисок. Деловите можат да се свиткаат, предизвикувајки оштетување или губење на контрола, што може да резултира со лична повреда.

ОПШТИ

  • Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да предизвика алергиски реакции и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лугето во близина); носете масна за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
  • Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
  • Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите
  • Не обработувајте нинанов материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
  • Уверете се дека прекинувачот J② се наога во средна позиција (заклучено) пред да почнете да ја подесувате или менувате дополнителната опрема и кога го носите или складирате алатот

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

  • SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор
  • Користете само прибор чија дозволена брзина е во најмала рака еднаква на најголемата брзина при празен од на електричниот алат

ПРЕД УПОТРЕБА

  • Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во работното парче; тргнете ги пред да почнете со работа
  • Зацврстете го материјалот кој го обработувате (обработка која е зацврстена со стеги или во менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
  • Користете соодветни детектори за наогање на скриени инсталации или повикајте соодветна компанија за помош (контактот со електричните линии може да доведе до струен удар; оштетувањата во гасоводна цевка може да резултира со експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација може да доведе до оштета на предмети или електричен удар)

БАТЕРИИ

- Обезбедената батерија е делумно наполнета (за

да се обезбеди целосен капацитет на батеријата, целосно наполнете ја батеријата во полначот на батеријата, пред за првпат да го употребите вашиот електричен алат)

- Користете ги ислучиво следниве батерии и полначи со овој алат

-Батерија SKIL: BR1*31**** -Полнач SKIL: CR1*31****

  • Оштетената батерија не треба понатаму да се користи туку веднаш да се замени
  • Не расклопувајте ја батеријата
  • Никогаш не изложувајте ги на дожд алатот/батеријата
  • Дозволена температура на околината (алатка/ полнач/батерија):
  • при полнење 4...40°C
  • при работа -20...+50°C
  • при складирање -20...+50°C

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/ БАТЕРИЈАТА

③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Батериите може да експлодираат ако се изложат на орган, па затоа никако не палете ја батеријата
⑤ Секогаш чувајте ги алатот/полначот/батеријата на места со температура пониска од 50°C
⑥ Не фрлајте ги електричните алати и батериите заедно со домашниот отпад

УПОТРЕБА

- Комбиниран прекинувач за включување/исклучување и за контрола на брзината А ②

-брзината се контролира на степени од нула до максимум со применување помалку или повеќе сила врэ активаторот

  • Полнење на батеријата ! прочитајте ги безбедносните предупредувања и упатствата дадени со полначот
    • Вадење/ставање на батеријата ②
  • Индикатор за нивото на батеријата ⑦ -притиснете го копчето М за индикаторот за нивото на батеријата, за да се прикаже моменталното ниво на батеријата ⑦а ! ако по притискање на копчето М ⑦ъ индикаторот за најниско ниво на батеријата почне да трепка, тогаш батеријата е празна ! кога ће почат да трепкаат 2 нивоа на индикаторот за батеријата по притискање на копчето М ⑦с, тогаш батеријата не е во рамките на дозволениот опсег за работна температура
  • Прицврстување на клипот за ремен ⑧ -прицврстете го клипот за ремен N на дупчалката со испорачаната завртка.
  • Интегриран држач за делови Р ② -погодно складирање на хексадецимални делови.
  • Прицврстување на ременот Q ② -прицврстете го ременот за зглоб (кој не е включен) околу вашата рака при носење на алатот.
  • Промена на насоката на ротација ⑨ -ако не е правилно поставен во лева/десна позиција, прекинувачот А ② нема да може да стартува ! менувајте ја насоката на ротацијата само кога

алатот се наоға во целосно мирување

- Замена на делови ⑩ ! не употребувајте делови со оштетена дршка

- Контрола на вртежниот момент (VariTorque) ⑪ -излезниот обрт ће се зголемува ако прстенот на спојката В се врти од 1 до 17 -при завртување на некоја завртка најпрво започнете со положбата 1 (VariTorque) и потоа полека зголемувајте до достигнување на саканата длабочина

-позицијата D će ја заклучи спојката за да овозможи дупчење (без удари) или за извршување тешки работи
-позицијата С ке ја заклучи спојката за да овозможи само ударно дупчење
! проверete дали прекинувачот за избор на брзината G е во позиција 2 нога селекторот на функции F е во позиција за ударно дупчење
! не користете ја позицијата за ударно дупчење С за дупчење дрво, метал, керамика и пластика за да спречите оштетување на бургијата/ навртката

- Механичко бирање на брзини ⑫

-поставете го селекторот G на саканата брзина

! включете го прекинувачот за избор на брзината додека алатот работи бавно

1

-пониска брзина
-голем момент на вртење
-за завртување и дупчење на отвори со голем дијаметар
-за вибрациски навој

2

-повисока брзина
-низок момент на вртење
-за вибрациско дупчење
-за дупчење отвори со мал дијаметар

• РАБОТНА СВЕТИЛКА L ⑬

-РАБОТНАТА СВЕТИЛКА L će светне во стандарден режим на ниска осветленост кога алатот е включен ИЛИ ако копчето за РАБОТНАТА СВЕТИЛКА К е притиснато без включување на алатот.

Осветленоста може да се префрли од ниска во целосна или од целосна во ниска со притискање на копчето за РАБОТНА СВЕТИЛКА К.

  • Ниска осветленост - се исклучува прибл. 10 секунди откако ће се ослободи прекинувачот за включување/исклучување
  • Висока осветленост - се исклучува прибл. 600 секунди откако ће се ослободи прекинувачот за включување/исклучување

! Копчето за РАБОТНА СВЕТИЛКА К е деактивирано додека алатот работи.

Осветленоста треба да се префрлува само нога алатот не работи.

! кога започнува да трепка РАБОТНАТА СВЕТИЛКА се активира заштитата на батеријата (види подолу)

- Заштита на батеријата

Алатот наеднаш се ислучува или не може да се вклучи, кога
- оптоварувањето е преголемо -> отстранете го оптоварувањето и почнете повторно

-температурата на батеријата не е во рамките на дозволениот опсег на работна температура од -20 до +50°C --> 2 нивоа на индикаторот за ниво на батеријата почнуваат да трепкаат кога ће го притиснете копчето М⑦с; почекајте батеријата да се врати во рамките на дозволениот опсег на работна температура

-батеријата е скоро празна (заштита од целосно празнење) --> на индикаторот за нивото на батеријата ће се прикаже ниско ниво на батеријата или ће трепка за ниско ниво на батеријата ⑦b кога ће притиснете на копчето M; наполнете ја батеријата

! не продолжувајте да притискате на прекинувачот за вклучување/исклучување откако алатот автоматски ће се исклучи; батеријата може да се оштети

- Држење и насочување на алатот ⑭

! додена работите, секогаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја

- отворите за вентилација Н ② држете ги отворени -не притискајте премногу со алатот; дозволете тој сам да работи

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

  • Користете соодветни делови ⑮
    ! употребувајте само остри делови
  • При дупчење во метал
    -најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да издупчите поголема дупка
    -бургијата подмачкувајте ја со масло од време на време
  • При навртување на штрафовите на краевите на дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да се избегне разлистување на дрвото
  • За оптимална употреба на апаратот потребен е постојан притисок на шрафот, особено во текот на одвртувањето
  • При завртување на завртката во тврдо дрво претходно треба да се издупчи дупка
    • Дупчење на дрво без разлистување ⑯
    • Дупчење на сидови без прашина ⑰
    • Дупчење на таван без прашина ⑱
    • Дупчење на плочки без лизгање ⑲
  • За повеќе информации видете на www.skil.com

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Алатот секогаш да се одржува чист (особено отворите за ладење Н ②)

! отстранете ја батеријата од алатот пред чистење

- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати

-испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот овластен SKIL сервис (адресите и сервисниот дијаграм за алатот се наведени на www.skil.com)

- Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со алатот не е опфатено со гаранцијата (видете на www.skil.com или прашајте го продавачот за условите на гаранцијата на SKIL)

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

- Не фрлајте електрични алати, батерии, дополнителна опрема и амбалажа заедно со домашниот отпад (само за земјите на ЕУ)

-поред Европската Директива 2012/19/E3 за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во објект за рециклирање кој е компатибилен со животната средина
-символот⑥ ke ve потсети на тоа, кога ke дојде време да го отстраните
! пред да се фрли батерија во отпад, заштитите ги нејзините полови со дебела лента за да се спречи краток спој

БУЧАВА / ВИБРАЦИИ

- Измерено во согласност со EN 62841, нивото на звучен притисок на овој алат е 88 dB(A) и нивото на звучна моćност е 99 dB(A) (несигурност K = 5 dB), и вибрацијата *(триакс векторна сума; несигурност K = 1.5 м/с²)

*при дупчење во метал <2.5 м/с

*при ударно дупчење во бетон 8.038 м²/с

- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 62841; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени

-користењето на алатот за разни примени, или со различна или неправилно чувана дополнителна опрема, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
-кога алатот е ислучен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото на изложеност

! заштитете се од ефентите на вибрациите преку одржување на алатот и неговата дополнителна опрема, одржување на топлината на вашите раце, и организирање на вашата работа

AL

Trapan kompakt me goditje pa karbonçina

3075

HYRJE

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SKIL

Модел : 3075 HA

Категорија : приклучок