BCV03 - Конвертор на батерија MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BCV03 MAKITA во PDF формат.
Прашања на корисниците за BCV03 MAKITA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Конвертор на батерија во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BCV03 - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BCV03 на марката MAKITA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BCV03 MAKITA
Македонски (Оригинални упатства)
Објаснување на општиот преглед
| 1 Копче | 5 Показно светло | 9 Шрафови |
| 2 Картриц за батерии | за преостанат | 10 Ознака |
| 3 Конвертер на батерии | капацитет на батеријата 2 | 11 Симбол за конвертер на батерии |
| 4 Показно светло за преостанат | 6 Копче | 12 Копче на дисплеј за капацитет на батерија |
| 7 Штитник на батерија | ||
| 8 Испакнат дел |
Апликации
Овој конвертер на батерии користи две батерии од 18 V и може да се користи со производи кои се напојуваат со батерии од 36 V.
Компатибилна батерија: BL1815N, BL1820, BL1820B, BL1830, BL1830B, BL1840, BL1840B, BL1850, BL1850B, BL1860B
Напомена: BL1815 не може да се користи со конвертер на батерии.

ВНИМАНИЕ:
- Внимателно прочитајте го упатството за употреба за главната единица на производот пред да започнете со употреба.
- Овој конвертер на батерии е наменет исклучиво за употреба со батерии од 18 V. Не употребувајте батерии од 14,4 V.
- Ставете две батерии од 18 V за употреба. Овој конвертер на батерии не може да се користи само со една батерија од 18 V.
- Не ставајте го конвертерот на батерии во полнач. Во овој случај полнењето не е возможно.
- Секогаш исклучувајте го алатот пред да го ставате или вадите картрицот за батерии.
- Цврсто држете го конвертерот на батерии и картриците за батерии кога ги менувате картриците. Доколку не ги држите цврсто конвертерот на батерии и картриците за батерии, може да дојде до нивно оштетување или до сериозна повреда.
- Кога ги заменувате картриците за батерии со конвертерот на батерии монтиран на алатот, цврсто држете ги картриците за батерии и алатот.
- Цврсто држете ги алатот и конвертерот на батерии кога го вадите конвертерот. Доколку не ги држите цврсто алатот и конвертерот на батерии, може да ги испуштите и да ги оштетите, или сериозно да се повредите.
Вадење / ставање на картрици за батерии од / на конвертер на батерии (Сл. 1)
- За да го извадите картрицот за батерии од конвертерот на батерии, лизгајте го од конвертерот на батерии додека го лизгате копчето на предниот дел од картрицот за батерии.
- За да го ставите картрицот за батерии, порамнете го јазичето на картрицот за батерии со жлебот во конвертерот на батерии и со лизгање поставете го на место. Секогаш ставајте го додека не се заглави на своето место со кликнување. Доколку го забележите црвеното показно светло на горната страна од копчето, тоа значи дека не е целосно заглавен на место. Кога целосно ќе го поставите на место, црвеното показно светло ќе се исклучи. Доколку не се случаи тоа, тој може случајно да испадне од конвертерот на батерии и да ве повреди вас или некого во ваша близина. Не користете сила кога го ставате картрицот за батерии. Доколку картрицот не може лесно да се лизга, тоа значи дека не е поставен правилно.
Вадење / ставање на конвертер на батерии од / на алатот (Сл. 2)
- За да го извадите конвертерот на батерии, лизгајте го од алатот додека го лизгате копчето на предниот дел од конвертерот на батерии.
- За да го ставите конвертерот на батерии, порамнете го јазичето на конвертерот на батерии со жлебот во алатот и со лизгање поставете го на место. Секогаш ставајте го додека не се заглави на своето место со кликнување. Доколку го забележите црвеното показно светло на горната страна од копчето, тоа значи дека не е целосно заглавен на место. Кога целосно ће го поставите на место, црвеното показно светло ће се исклучи. Доколку не се случаи тоа, тој може случајно да испадне од алатот и да ве повреди вас или некого во ваша близина. Не користете сила кога го ставате конвертерот на батерии. Доколку конвертерот на батерии не може лесно да се лизга, тоа значи дека не е поставен правилно.
ВНИМАНИЕ:
- Внимавајте да не си ги штипнете прстите кога ги ставате батериите и конвертерот на батерии.
Како да го користите овој конвертер со безжична косилка за трева од 36 V (Сл. 3)
Кога го користите со горенаведената безжична косилка за трева, поставете штитник за батерии (незадолжителен дополнителен прибор). За да го монтирате штитникот за батерии, поставете го над испакнатают дел на алатот, а потоа прицврстете го со шрафовите.
За да го извадите штитникот за батерии, одвртете ги шрафовите и со лизгање извадете го.
Како да го користите овој конвертер со моторна пила со синцир модел BUC250, UC250D (Сл. 4)
Напомена:
- Со овој конвертер може да се користат само моделот BUC25 UC250D само со ознака која содржи символ за конвертер на батерии прикажан на сликата.
Показно светло за преостанат капацитет на батерија (Сл. 5)
Притиснете го копчето на дисплејот за преостанат капацитет на батеријата за да се включат светлата и да го прикажат преостанатиот капацитет на батериите. Показните светла се однесуваат на секоја батерија засебно.
НАПОМЕНА:
- Кога само најдолното показно светло трепка или за Батерија 1 или за Батерија 2, тоа значи дека капацитетот на батеријата е при крај и производот нема да работи. Во вакви случаи, наполнете ја испразнетата батерија им ја со целосно наполнета батерија. Производот нема да работи кога ед батериите е испразнета.
- Прикажаното ниво на полнење може да е пониско од вистине време на употребата или веднаш по употребата на производот.
Како да го прочитате преостанатиот капацитет на батеријата
| Показни светла (Батерија 1 или Батерија 2) | Преостанато полнењеили содржина на показнисветла | ||
| : Вклучено | : Исклучено | : Трепкање | |
| 50% до 100% | |||
| 20% до 50% | |||
| 0% до 20% | |||
| Наполнете ја батеријата | |||
- Во зависност од условите на употреба и температурата во преостанатиот капацитет на батеријата може да не е точно прикажан.
Пример за преостанат капацитет на батерија (Батерија 1: 80%, Батерија 2: 10%)
| 0 и | Батерија 1 | Батерија 2 |
Ненормални прикажувања за време на употреба
BCV03 покажува различни Costoјби користејки го показното светло за преостанат капацитет на батеријата.
| Показни светла | Содржина на показни светла | |||
| аменете: Вклучено | Исклучено | |||
| жото | Ниво за Батерија 1 | Батерија 2 | ||
| BCV03 има дефект. | ||||
| Работи заштитната функција. | ||||
| Работи заштитната функција. | ||||
| Наполнете ја батеријата. | ||||
| колината, | BCV03 детектирал ненормално висок напон. | |||
- BCV03 има дефект
Кога трите показни светла за Батерија 1 и трите показни светла за Батерија 2 светат едно по друго, тоа значи дека ВСУ03 има дефект. Контактирајте со продавачот на Makita или најблискиот продажен центар на Makita за да го проверат производот и/или да го поправат.
- BCV03 заштитна функција
Кога производот се користи континуирано, моторот може автоматски да се ислучки. Ова е резултат на заштитната функција на BCV03, односно тоа не значи дека во апаратот има дефект. Доколку производот не работи дури и кога се вклучени прекинувачите, прекинете со употреба, исключете го производот и батериите од BCV03 и оставете го BCV03 да се излади.
- Заштитна функција на батеријата
Батериите имаат внатрешна заштитна функција која автоматски го исклучува напојувањето за да го продолжки работниот век на батеријата. Кога ће се појават следните состојби за време на употреба на производот, моторот автоматски се исклучува, но тоа е поради заштитната функција на батеријата, односно не е поради дефект на производот.
Koga температурата на батеријата ће се покачи над одредено ниво, моторот автоматски престанува да работи и останува така дури и кога ће се вклучи од прекинувачот. Во вакви случаи, престанете да ги користите батериите, односно извадете ги од BCV03 и оставете ги да се изладат или пак наполнете ги. Кога капацитетот на батеријата ће се намали, моторот на производот автоматски се исклучува. Доколку производот не работи дури и со включени прекинувачи, извадате ги батериите од BCV03 и наполнете ги.
- BCV03 детектира ненорамално висок напон
Koga BCV03 їе детектира ненормално висок напон во батериите, моторот автоматски се исклучува. Ова е резултат на заштитната функција на BCV03, односно тоа не значи дека во апаратот има дефект. Во вакви случаи, моторот останува исклучен дури и со включени прекинувачи.
Извадете ги батериите од ВСV03 и употребете други батерии со нормален напон.
НАПОМЕНА:
Кога производот автоматски ће се исклучи без каква било индикација на BCV03
Кога производот ће се преоптовари, излезот за напојување автоматски се исклучува за да го продолжи работниот век на батеријата. Ова е резултат на заштитната функција, односно тоа не значи дека во апаратот има дефект. Покрај тоа, во вакви случаи, BCV03 не покажува ништо, но тоа не значи дека апаратот е неисправен. Кога ће се случаи ова, отпуштете го прекинувачот и отстранете ја причината за преоптоварувањето. Тогаш производот може повторно да се користи со включен прекинувач.
| Батерија 1 Батерија 2 | ||